IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 61>
Автор
Порака
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 13:28
Бордо и Бешикташ се новите шампиони во своите земји
31/05/2009 02:49

Фудбалерите на Бордо ја прекинаа седумгодишната доминација на Олимпик Лион и за прв пат после 1999 година ја освоија титулата шампион на Франција.

Жирондинците со голот на Гуфран во 48 минута си ја обезбедија нивната 6-та титула првак на Франција. Олимпик Марсеј со 4-0 го совладаа Рен на домашен терен, но само пораз на Бордо им носеше титула. Ќе мораат да се задоволат со 2-то место и директен пласман во ЛШ. Како трети заврпија Лион и тие ќе играат во квалификациите за ЛШ.

Од лигата испаѓаат Каен, Нант и Л'Авр.

 

Исто и во Турција се играше последното коло. Бешикташ е новиот шампион во најдобрата турска лига. Во последното коло тие го совладаа тимот на Денизлиспор со 2-1, додека нивните најголеми конк*ренти Сиваспор, изгубија на гости од Галатасарај со 2-1. Исто и Трабзонспор кој имаше шанси за второто место изгуби од Фенербахче на домашен терен.

Табела:

1. Бешикташ        34   21   8   5   71
2. Сиваспор       34   19   9   6   66
3. Трабзонспор  34   19   8   7   65
4. Фенербахче  34   18   7   9    61
5. Галатасарај   34   18   7   9    61

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 15:20
konecno nesto se raboti na "stariot" problem.....

УЕФА воведува пет судии во Евролигата

Претседателот на Светската фудбалска федерација Сеп Блатер објави дека ФИФА и УЕФА заеднички воведуваат систем со пет судии во новоформираното натпреварување на УЕФА Евролигата.

Експериментот во кој целта е да се намалат бројот на судиски грешки на фудбалските мечеви ќе започне во фазата по групи во новата Евролига.

Двајцата дополнителни судии ќе стојат зад секој гол за да следат што се случува во шестнаесетикот. Засега не е познато дали ќе имаат улога на помошници на главниот судија или ќе судат сами.

Иако експериментот го се спроведува под закрила на ФИФА, во потполност ќе го реализира и финансира и УЕФА. Претседателот на УЕФА Платини, се надева дека овој проект може да заживее и да се применува за ЕП 2012 во Полска и Украина.

ФИФА досега го испроба овај начин на судење на еден неѓународен турнир на млади репрезентации во Кипар, како и во Словенија и во Унгарија.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 17:52

Како што и се очекуваше, Карло Анчелоти е назначен за нов менаџер на Челзи

 
 
Довчерашниот тренер на Милан и официјално е новиот менаџер на “плавите“ од Лондон. Тој потпиша тригодишна верност со тимот од Стмфорд Бриџ.

После Раниери, Мурињо, Аврам Грант, Сколари и Гус Хидинк следен на листата менаџери откако е сопственик Абрамович, а кои ќе се обидат да му ја донесат континенталната титула на Челзи е токму Италијанецот.

Анчелоти додека беше тренер на Милан му донесе две титули Европски шампион.

На официјалната страна на Челзи стои:

Фудбалскиот клуб Челзи е пресреќен што објавува дека Карло Анчелоти се согласи да биде нашиот нов менаџер. Тој потпиша тригодишен договор и тој започнува да тече од 1 јули 2009 година.“

“Карло беше вистинскиот кандидат за оваа работа. Тој веќе подолг период  беше успешен тренер во домашните првенства и европските купови.“

“Тој исто така има има и многу успешна кариера во овие натпреварувања, што е искуство плус за менаџерската позиција.“

Се надеваме дека сите од Челзи топло ќе го поздрават неговото доаѓање и сите сме нестрпливи да работиме со него.“



Изменето од fiks - 01.Јуни.2009 во 17:53
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2009 во 12:58
Пелегрини нов тренер на Реал Мадрид

Чилеанскиот фудбалски стратег Мануел Пелегрини (55) и службено е потврден за тренер на Реал Мадрид. "Кралскиот клуб" информацијата ја објави на својата интернет страница.

Пелегрини, сега веќе поранешниот тренер на Виљареал, официјално ќе биде претставен на прес конференција во вторник.

"Реал Мадрид и Мануел Пелегрини постигнаа договор, па чилеанскиот стратег ќе седи на клупата на клубот во претстојната сезона." - стои меѓу останатото во соопштението на интернет страната на Реал.

Се шпекулира дека новиот претседател на Реал, Флорентино Перез за Пелегрини, кој на клупата на Виљареал седеше последните пет години, платил 4 милиони отштета, па Чилеанецот потпишал 4-годишен договор. Заедно со Пелегрини на "Сантијаго Бернабеу" пристигнува и неговиот помошник од Виљареал Рубен Коусилас.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 19:52
елзи нуди 25 милиони евра за Пирло
 

Играчот за врска на Милан Андреа Пирло е една од желбите на Премиерлигашот Челзи и “плавите" се подготвени да понудат 25 милиони евра за неговите услуги.

Според Sportmediaset.it Адријано Галијани имал средба со извршниот шеф на Челзи, Питер Кенион пред да замине во Мадрид на преговри за Кака.

Како што се наведува сега со ангажирањето на Анчелоти тоа би требало да му биде една од најголемите желби на Карлито. Да го донесе еден од неговите омилени фудбалери од Милан на Стенфорд Бриџ. Иако претходно екс тренерот на Милан изјави дека Чаби Алонсо и Рибери се неговите приоритети ако стане менаџер на Челзи.

Пирло моментално зема околу 6.5 милиони евра годишно на Сан Сиро што за 30 годишник е премногу и се очекува Росонерите да ја скратат малку неговата плата.

Уште еден фудбалер се поврзува со трансфер на Стенфорд бриџ. Станува збро за малдиот Пато за кој веќе е испратена понуда од 45 милиони евра и се чека на одговор од Милан.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 20:00
Малку закаснето со следнава вест,но не губи од нејзината важностсреќа
 
 
Вердер ќе игра во УЕФА Евролигата откако го освои купот
31/05/2009 02:19

Фудбалерите на Вердер Бремен по 6-ти пат во нивната историја го освоија германскиот куп. Во финалето на Олимпија стадионот во Брелин пред околу 73 000 наваивачи, тимот на Томас Шаф славеше со 1-0 против Левркузен.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна маладата надеш на Вердер, 20 годишниот Менсут Озел во 58-та минута откако одлично беше проигран од Диего. Озел продре по левата страна во шеснаестникот и пласираше во поблискиот дел од голот на Рене Адлер. Притоа топката го зафати и Мануел Фридрих со што и го смени правецот на топката.

Вердер претходно на овој трофеј се радуваше во 2004 година. Сега тие се втората најуспешна екипа во Германија позади Баерн од Минхен кои имаат 14 титули.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2009 во 01:59
Започнаа протестите на фановите за Кака
 

Тресетина навивачи на Милан протестираа денеска поради фактот што нивниот миленик Кака ова лето најверојатно ќе го напушти клубот.

Се повеќе се зборува дека подпресетаделот на Милан Адријано Галијани преговара со Реал и Челзи за трансфер на Бразилецот во нивните клубови. Се очекува во понеделник тој да потпише за Реал.

Фановите на Милан како што кажува La Repubblica се собрале пред седиштето на клубот каде што го скандирале името на Галијани, а потоа скандирале Кака да остане и наредната година.

Во позадина на сето ова биле карабињерите, но не интервенирале, бидејќи немало никакви инциденти.

На ова исто место и ова зимо протсетираа навивачите на Росонерите кога дознаа дека Кака се продава на Манчестер Сити. Тој момент многу го трогна Бразилецот, па затоа и остана на Сан Сиро.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2009 во 02:02
Милан во тесно, Челзи притиска за Пато
03/06/2009 23:41

Агентот на младиот напаѓач на Милан Александре Пато, Гилмар Велоз изјави дека Челзи понудиле 52 милиони евра за ангажман на Бразилецот.

На сето ова Берлускони кој е зафатен со трансферот со Кака само кратко одговори: “Пато во Челзи? Не, нема шанси!“

Сепак зборувајќи за Telelombardia агентот на “патката“ изјави дека се малку возбудени од интересот на “плавите“ од Лондон.

Милан треба да одлучи за статусот на Пато. Ние сме возбудени од интересот на Челзи за играчот, но Милан ќе го има последниот збор.“

“Во овие моменти јас неможам да им кажам со сигурност на фановите дека Пато останува на Сан Сиро. Само клубот и тој што е на негово чело може да донесува такви одлуки.“ - изјави Велоз.

Екипата на Милан е опколена од сите страни и се притиска од сите страни за Пато и Кака. На масата се огромни суми во игра за овие двајца.

После ваквите настани фановите испаднаа со пароли, “Поарно Арапи, отколку Кака да си замине од Милан.“ - алудирајќи на можната продажба на 40% од акциите на Милан на емирот од Дубаи, Ал Мактум кој сеуште стои на располагање за тоа и за нив би платил околу 400 милиони евра.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2009 во 13:53
Почина синот на Мијатовиќ

Синот на Предраг Мијатовиќ, 15-годишниот Андреа, почина вчера во Валенсија откако докторите со неколку операции не успеаја да го спасат неговиот живот. Причина за смртта бил хидроцефалус многу попознат како вода во мозокот.

Тинејџерот беше во болница во последните две недели, а докторите со сите сили се обидуваа да го спасат. Ситуацијата се влошила во последните денови, а хируршките интервенции на главата не биле доволни да се задржи жив Андреа.

Инаку, помладиот син на Мијатовиќ долго време имаше проблеми со болеста. Уште кога имаше четири години Предраг му го посвети голот од финалето на Лигата на шампионите против Јувентус со кој Реал стигна до својата седма титула надевајќи се дека еден ден тој комплетно ќе заздрави. Андреа му е син на Мијатовиќ од првиот брак со Елена Караман со која беше во брак една и пол година. Со неа има уште еден син - Лука
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 14:37
Рајкард нов тренер на Галатасарај

Откако оваа сезона одмараше, Франк Рајкард пронајде нова работа. Холандксиот тренер од следната сезона ќе ја води екипата на Галатасарај, наместо Булент Коркмаз, кој поднесе оставка по слабите резултати.

Рајкард потпиша двегодишен договор со истанбулскиот клуб, а официјалнат промоција би требала да уследи за викендот на стадионот "Али Сами Јен".
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2009 во 10:49
Барса ги дава Ето или Кркиќ за Форлан

Европски шампион, Барселона, му предложи на Атлетико Мадрид размена на фудбалери. Повеќе од сигурно е дека "Каталонците" нема да го добијат Златан Ибрахимовиќ бидејќи Интер ја одби нивната понуда, па управата се интересира за најдобриот стрелец во Европа, Диего Форлан.

Според шпанскиот весник Спорт, Барса не изрази желба да ја плати сумата од 36 милиони евра колку што стои во клаузулата за откупување на договорот на Форлан со "мадриѓаните", па затоа му доставија на Атлетико интересна понуда: Самуел Ето за Форлан или, пак, Бојан Кркиќ плус 20 милиони евра за уругвајскиот репрезентативец.

Според изданието, Атлетико не би имал проблем да ги задоволи финансиските барања на Камерунецот, а поради желбата да биде стандарден Кркиќ би би бил отстапен на две години со соодветниот паричен надомест.

"Каталонците" очигледно се решени да донесат напаѓач од светска класа, па дури го жртвуваат еден Ето, кој оваа сезона беше главен стрелец во екипата. Сепак, Барселона не е единствениот клуб кој го посакува потписот на голгетерот од Висенте Калдерон, кој оваа сезона запиша неверојатни 32 гола кои му ја донесоа "Златната копачка". Сериозен интерес кон него има и од Реал Мадрид, како и англискиот Манчестер Сити.

Покрај нападот Барселона планира да направи измени на левата бековска позиција. Покрај заминувањето на Силвињо и неконстантната форма на Ерик Абидал, управата го "мерка" фудбалерот на Хамбургер, Марсел Јансен. Германскиот репрезентативец има уште четири години од договорот со германскиот клуб, а Барса не планира да понуди повеќе од пет милиони евра за него.

"Каталонците" се во потрага и по резервен голман. На нивниот радар се наоѓаат голманот на Мајорка, Мигуел Анхел Моја и на Сосиедад, Асиер Риесго.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 01:51
Официјално: Кака е нов играч на Реал Мадрид
09/06/2009 00:26

Сега е и официјално. Како што претходно се најавуваше, околу полноќ Кака стана фудбалер на Реал Мадрид.

Сензационалната вест прва ја објави шпанска Марка, откако претседателот Флорентино Перез сам го изјавил ова за програмата Onda Cero во емисијата “Al primer toque“.

Според официјалната страна на Реал, “кралевите“ потпишаа 6-годишен договор со бразилскиот репрезентативец. Не се спомнати конкретни суми, ниту вредноста на трансферот и колку проценти ќе добие од него.

Се предвидува дека Кака ќе зема 9 120 000 евра годишно, а дали трансферот изнесува 65 милиони евра во целост или 76.5 милиони евра од кои 11.5 ќе му припаднат на плејмекерот на бразилската репрезентација, бидејќи Милан предвреме го прекинува договорот, ќе дознаеме наскоро.

Оваа вест ја потврдија и двата клуба. Поради ова се очекуваат и мали нереди во Милано.

Како што веќе и се објави, официјалното претставување на Кака ќе биде на 30 јуни после завршувањето на Купот на Конфедерации.

 
тагатагатагатагатагатага
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 07:08
Tolku od toa, zimi majka veren sum na klubot. Ista prikazna kako Thierry Henry.
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 12:42
Originally posted by bounty_hunter bounty_hunter напиша:

Tolku od toa, zimi majka veren sum na klubot. Ista prikazna kako Thierry Henry.
nemoj da zboruvas taka...procitaj ubavo na oficijalnite strani...Kaka licno ne sakal da odi...Berluskoni odlucil da go prodade zaradi finansiskata kriza...Kaka sakase duri i kapiten da bide i da se penzionira vo Milan, ali toa e toa...procepkaj ubavo ako te interesira ako ne nemoj da zboruvas "na vetar"
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.