IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Има ли (некакво) ГРЕВЧЕ кај другарот Стев
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Има ли (некакво) ГРЕВЧЕ кај другарот Стев

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Прашање: Што Вие мислите..на основу исказите ?
Одговор Гласови Статистика
4 [30,77%]
9 [69,23%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 23:09
Стефче  јакимовски како градоначалник велат дека бил доста успешен. За мене секогаш ќе биде лош министер кој нас просветните работници не нарече ’’мечки заштитени со закон’’’ иако после тоа се вадеше дека зборовите му се извадени од контекс и дека изјавата не била баш таква.
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2009 во 22:53
Originally posted by novace novace напиша:

Originally posted by orlov orlov напиша:

голема%20насмевка Стевче е стар лисец и знае добро како да си ја сработи  работата. Попусту му вршеја притисици и закани на него и на жителите на Општина Карпош. Стевче не се исплаши, а електоратот си остана доследен оти знае што бара.намигнување
 
Македонија и македонците ...веќе (и повеќе од доволно) страда од еден истотаков „стар лисец..кој (своевремено истото) им вети „менување„ на ИМЕТО Македонско во FYROM-ско САМО за два-три месеца..а еве децении по ред лагата сеуште си опстојува..во надеж дека... некој друг ќе им ги „исправи„ грешките направени (и кон идните поколенија) на Македонскиот (сеуште наивен до немајкаде) Народ..
Е тоа ти се вика „мудра„ политика..односно наново продавање на „стара„ (и неупотреблива) басма..
намигнување



A zoshto mu veruvavte?
Samite ste vinovni, a ne toj. Toj star lisec samo si ja rabotel svojata rabota. I si ja srabotil. Shto vie srabotivte.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 11:59
Партиски препукувања или вистинска рационализација на превработеноста во локалната администрација?!
Јакимовски ќе ги чисти нововработените
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 12:07
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Партиски препукувања или вистинска рационализација на превработеноста во локалната администрација?!
Јакимовски ќе ги чисти нововработените
Најверојатно е...„партиска рационализација„...
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2009 во 09:24
Интересни податоци во Утрински весник.

За секретарката на Димиќ бруто-плата од 1.000 евра!

Секретарката била ангажирана преку Агенција за привремени вработувања од Прилеп

Деспина Трајковска

Со илјада евра месечно, ексградоначалникот на Карпош, Сашо Димиќ, го вреднувал трудот на својата дваесет и петгодишна лична секретарка. Таа за февруари, најкраткиот месец во годината, добила бруто-плата од дури 64.090 денари! Односно, зела „чисти“ 42.000 денари. Во описот на нејзината работа стои дека ги извршувала работните задачи на технички секретар, осум часа дневно, односно 40 часа неделно. Ексградоначалникот, кој не успеа да го победи Јакимовски во изборната трка, ја ангажирал секретарката преку Агенцијата за привремени вработувања „Проспект“ од Прилеп. Колку е задоволен од нејзината работа, Димиќ дури и јавно зборуваше во една телевизиска емисија.

Според градоначалникот Стевче Јакимовски, солидната сума која ексградоначалникот и' ја исплаќал на секретарката не бил неговиот единствен гаф поради кој Општината отишла во була. Наводно, огромни хонорари и' биле исплаќани и на сестрата на секретарката за лекторирање на општинскиот весник. Јакимовски, но и дел од општинската администрација, се сомневаат дека и двете солидно платени девојки имале соодветно образование за работата што ја извршувале. Наводно, секретарката имала завршено средно фризерско. Инаку, во Општината тврдат и дека поранешниот градоначалник им наредувал на финансиските служби да измислат по која основа му се исплаќа на дел од тимот на Димиќ.

„Запрепастен сум од тоа што го откривме и што очекувам допрва да излезе на виделина. Човек да се посомнева во секакви комбинации, па дури и во перење пари. Згора на се', правени се малверзации и невидени гафови токму во предизборието, што и на мало дете ќе му остави простор за секакви сомнежи. Дел од вработените тврдат дека Димиќ им исплаќал и на луѓе кои воопшто немале никаков ангажман во Општината. Тоа допрва го истражувам“, вели Јакимовски и додава дека се' уште не може да разбере од каде потребата Димиќ за само шест месеци преку Авторската агенција да исплати хонорари во вредност од 1,8 милион денари, што е речиси 2,5 пати повеќе од сумите кои вообичаено Општината ги исплаќа за период од половина година.

Ексградоначалникот Димиќ вчера не беше достапен да ги искоментира обвинувањата на негова сметка. Не одговараше на мобилниот телефон, кој се' уште не го вратил во Општината, а е во нејзина сопственост. Контакт со него не успеавме да оствариме ниту преку партиските линкови на ВМРО-ДПМНЕ. Наводно, неделава бил заминат во Црна Гора.
Бидејќи по изборите Димиќ како да пропадна в земја и очигледно нема желба да комуницира со јавноста, отворени ќе останат еден куп прашања и обвинувања на негова адреса од страна на Јакимовски.

„Верувајте ми, му испратив телеграма на домашна адреса, но и тоа беше залудно. Ако можеше да не се појави да извршиме примопредавање, што останува за друго. Обврзан е да ги врати службените телефони, лаптопот и други општински работи, но, ете, со денови го нема. Каде е, речиси никој да не знае“, се пожали Јакимовски, кој рече дека пред надлежните институции ќе бара одговорност од Димиќ за секоја „дубара“.


Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2009 во 13:45
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Интересни податоци во Утрински весник.

За секретарката на Димиќ бруто-плата од 1.000 евра!

Секретарката била ангажирана преку Агенција за привремени вработувања од Прилеп

 
Пракса ли..навика ли???
Читни и овде...
 
 
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2009 во 14:10
Замислиголема%20насмевкаа не прифаќа да му се намали плата, се навикнал на лагоден живот. На обичната раја ако им се намали плата, ако се избркаат договорцитеизненадување
Бучковски призна дека се расфрлал со државни пари
е ова навистина е маедонски феномен.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2009 во 18:03
’’Другарот ’’Стевче пак полека ја зазема позицијата најдобар градоначалник, после градскиот тако Коце Трајановски. Другите трчаат по нив, а некои сеуште не мрдаат од место.
ОПШТИНАРИТЕ ОД КАРПОШ СЕ РАЗРАБОТИЈА
Се поправаат светилки, клупи, улици

Во општина Карпош е извршена замена на сите прегорени светилки што ги констатирале и пријавиле граѓаните кои живеат на оваа територија. Деновиве фирмата „СВЕМ-инженеринг“ ќе изврши реконструкција на постојните улични светилки кои се дотраени и на други улици во општината. Со акцијата ќе бидат променети 171 улична светилка. Властите од Карпош најавуваат дека деновиве ќе почнат со реконструкција на постојните клупи и поставување на нови онаму каде што нема. Според тендерската документација, со оваа акција ќе бидат поставени 100 нови клупи. Предвидена е и промена и реконструкција на кантите за отпадоци и монтирање нови 200 канти низ целата општина. Општинарите информираат дека е завршено асфалтирањето на еден крак во должина од 300 метри на главниот пат во Горно Нерези. Закрпени се и дупките на улицата Загрепска, а комплетно е завршена и реконструкцијата на патот кон манастирот „Пантелејмон“ во должина од седум километри, од Долно до Горно Нерези вклучувајќи ги и двата паркинг-простори во манастирскиот комплекс. Од Општината информираа дека интензивно се работи на подготовка за асфалтирање на дупките на улиците Бук*решка, Париска, Бледски договор, Прашка и Миле Поп Јорданов.


Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2009 во 00:45
Ова со асфалтирање на дупките ми наликува во старт на перење на пари. Дупките се потполнуваат со асфалт. А, ако се асфалтираат улиците тоа е веќе нешто повеќе.
Проштевај ако погрешно те имам разбрано.намигнување



Изменето од anastea - 31.Мај.2009 во 02:32
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,484 секунди.