Има ли (некакво) ГРЕВЧЕ кај другарот Стев
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18562
Датум на принтање: 01.Март.2025 во 23:48 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Има ли (некакво) ГРЕВЧЕ кај другарот Стев
Постирано од: novace
Наслов: Има ли (некакво) ГРЕВЧЕ кај другарот Стев
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 09:13
Читам и се чудам..поставено ..МНОГУ ЈАСНО прашање од: Димиќ вчера на прес-конференција побара од Јакимовски да каже дали бил основач на штедилницата „Можности“ со капитал од 5 милиони евра и како ги заработил тие пари. А ..ете (му) следува одговор:
Пет милиони евра, за мене се само мислена именка. Да се тврди дека функциите сум ги користел за лично богатење и оти сум префрлал пари на домашна сметка, навистина ги помина сите граници на недозволено однесување Повеќе овде: http://www.idividi.com.mk/vesti/Izbori2009/517557/index.html -
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Коментари:
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 13:14
Димиќ и Јакимовски со највалкани кампањиВо крајно напната и тензична атмосфера поминала едночасовната
средба на евроамбасадорот Ерван Фуере со двајцата кандидати за
градоначалник на Карпош, што се одржа утрово зад затворени врати во
хотелот Карпош. Според извори на http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=106661 - А1 , уште од самиот почеток
на состанокот, Димиќ и Јакимовски почнале меѓусебно да се навредуваат и
да си припишуваат разни обвинувања за криминал и корупција. Фуере,
според информациите, речиси и да не успеал да дојде до збор. Останал
непријатно изненаден од нивото на комуникација меѓу двајцата
политичари, претенденти за градоначалник на една од најпрестижните
општини во метрополата. ---------------------------------------------------------------------------------- Повеќето кандидати имаа валкани кампањи, без програми, исклучително базирани на плукање по конк*рентот, ама овие двајцата се сотреа од обвинувања и навреди.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 20:37
anastea напиша:
Димиќ и Јакимовски со највалкани кампањиВо крајно напната и тензична атмосфера поминала едночасовната
средба на евроамбасадорот Ерван Фуере со двајцата кандидати за
градоначалник на Карпош, што се одржа утрово зад затворени врати во
хотелот Карпош. Според извори на http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=106661 - А1 , уште од самиот почеток
на состанокот, Димиќ и Јакимовски почнале меѓусебно да се навредуваат и
да си припишуваат разни обвинувања за криминал и корупција. Фуере,
според информациите, речиси и да не успеал да дојде до збор. Останал
непријатно изненаден од нивото на комуникација меѓу двајцата
политичари, претенденти за градоначалник на една од најпрестижните
општини во метрополата. ---------------------------------------------------------------------------------- Повеќето кандидати имаа валкани кампањи, без програми, исклучително базирани на плукање по конк*рентот, ама овие двајцата се сотреа од обвинувања и навреди.
|
Од вистината не се бега. Таа вистина не оддалечува од светот.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 21:26
Стевче Јакимовски како градоначалник на Карпош се покажа во добро светло. признале не признале беше добар градоначалник. Негова грешка е што се полакоми за поголема функција па како министер некако не се покажа. Инсинуациите за мега кражба ми се предизборно девалвирање бидејки ако имаше ронка вистина тој ќе си имаше сребрени брезлети на рацете и ќе ја променеше до сега адресата на живеење.
-------------
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 05.Април.2009 во 22:11
Мора да има бар малку гревче. Неќе да е чист. Инаку ќе си останеше грасдоначалник до крај. Немаше да оди во министри..
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: Tanjuska
Датум на внесување: 06.Април.2009 во 11:51
Нешто труе во Карпош!!!
Само кога ќе се покаже што е тоа?
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 07.Април.2009 во 13:29
mamamd напиша:
Стевче Јакимовски како градоначалник на Карпош се покажа во добро светло. признале не признале беше добар градоначалник. Негова грешка е што се полакоми за поголема функција па како министер некако не се покажа. Инсинуациите за мега кражба ми се предизборно девалвирање бидејки ако имаше ронка вистина тој ќе си имаше сребрени брезлети на рацете и ќе ја променеше до сега адресата на живеење.
|
Не знам само...како ја гледате онаа громада од бескорисно „фрлено„ преку Партизанска железо..можело и нешто покорисно од него да испадне..а ги чинело..велат само 2 милиона Евра..фрлени (за никаква корисна намена) народни пари..
Наскоро..и УЈП ќе ги доиспита докрај сите трансакции на „штедилницата„ МОЖНОСТИ..каде нашиот успешен (досега) градоначелник е акционер..со ни помалку ни повеќе од 300 Милиони Денари..секако Македонски ..
Е...сега ккао е до нив дојдено..затоа е и оформена Управата..и други органи..кои непрекинато се обидуваат да одгатнат..КАКО некој кој... доаѓајќи угул сиромав од с.Подржикоњ..за кратко време (сепак е тоа релативен поим) стасал до тој и таков (чесно заработен) имот..каде не е вброен и плацот покрај куќата во селото (сега и населба) Злокуќани ..
И чудно е што покрај тој плац..до самата река Вардар..сега..односно за неговиот мандат е изграден и Пешачкиот Мост кон Карпош 4...со што е енормно (по)дигната цената на земјиштето таму..а и станарите од Карпош 4 велат дека со мостот е отворен и патот на бројните просјаци..кои надоаѓаат секидневно по тој ..пократок и полесен за нив пат..
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 08.Април.2009 во 19:57
Изгледа Стефче нема гревче. Или можеби има ептен голем грев.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: pcelka
Датум на внесување: 08.Април.2009 во 23:04
Имам една колешка на работа од Карпош, денес вика, никој не го сака Јакимовски, сите се чудиме како доби на избориве ... !!! 
------------- секој нов ден, носи нова надеж...
|
Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 08.Април.2009 во 23:08
pcelka напиша:
Имам една колешка на работа од Карпош, денес вика, никој не го сака Јакимовски, сите се чудиме како доби на избориве ... !!!  |
Хм...слична ситуација и во Велес . Никој не го сака Г.Петров и се чудиме како победи .
------------- [IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 09.Април.2009 во 10:46
Tanjuska напиша:
Нешто труе во Карпош!!!
Само кога ќе се покаже што е тоа?
|
Комуњари насекаде...(на)дојдените руралци во Скопје..
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: pcelka
Датум на внесување: 09.Април.2009 во 10:55
Таму се ,,интелектуалните,, староседелци...така барем прочитав некаде ...!!!  .... Меѓу кои е Стевче...!!! 
------------- секој нов ден, носи нова надеж...
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 09.Април.2009 во 13:36
Стевче е стар лисец и знае добро како да си ја сработи работата. Попусту му вршеја притисици и закани на него и на жителите на Општина Карпош. Стевче не се исплаши, а електоратот си остана доследен оти знае што бара.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 09.Април.2009 во 22:21
orlov напиша:
Стевче е стар лисец и знае добро како да си ја сработи работата. Попусту му вршеја притисици и закани на него и на жителите на Општина Карпош. Стевче не се исплаши, а електоратот си остана доследен оти знае што бара. |
Македонија и македонците ...веќе (и повеќе од доволно) страда од еден истотаков „стар лисец„..кој (своевремено истото) им вети „менување„ на ИМЕТО Македонско во FYROM-ско САМО за два-три месеца..а еве децении по ред лагата сеуште си опстојува..во надеж дека... некој друг ќе им ги „исправи„ грешките направени (и кон идните поколенија) на Македонскиот (сеуште наивен до немајкаде) Народ..
Е тоа ти се вика „мудра„ политика..односно наново продавање на „стара„ (и неупотреблива) басма..
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 09.Април.2009 во 23:09
Стефче јакимовски како градоначалник велат дека бил доста успешен. За мене секогаш ќе биде лош министер кој нас просветните работници не нарече ’’мечки заштитени со закон’’’ иако после тоа се вадеше дека зборовите му се извадени од контекс и дека изјавата не била баш таква.
-------------
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 12.Април.2009 во 22:53
novace напиша:
orlov напиша:
Стевче е стар лисец и знае добро како да си ја сработи работата. Попусту му вршеја притисици и закани на него и на жителите на Општина Карпош. Стевче не се исплаши, а електоратот си остана доследен оти знае што бара. |
Македонија и македонците ...веќе (и повеќе од доволно) страда од еден истотаков „стар лисец„..кој (своевремено истото) им вети „менување„ на ИМЕТО Македонско во FYROM-ско САМО за два-три месеца..а еве децении по ред лагата сеуште си опстојува..во надеж дека... некој друг ќе им ги „исправи„ грешките направени (и кон идните поколенија) на Македонскиот (сеуште наивен до немајкаде) Народ..
Е тоа ти се вика „мудра„ политика..односно наново продавање на „стара„ (и неупотреблива) басма..
|
A zoshto mu veruvavte? Samite ste vinovni, a ne toj. Toj star lisec samo si ja rabotel svojata rabota. I si ja srabotil. Shto vie srabotivte.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 22.Април.2009 во 11:59
Партиски препукувања или вистинска рационализација на превработеноста во локалната администрација?! http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1683&ArticleID=112196 - - Јакимовски ќе ги чисти нововработените
-------------
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 22.Април.2009 во 12:07
mamamd напиша:
Партиски препукувања или вистинска рационализација на превработеноста во локалната администрација?! http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1683&ArticleID=112196 - - Јакимовски ќе ги чисти нововработените
|
Најверојатно е...„партиска рационализација„...
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 25.Април.2009 во 09:24
Интересни податоци во Утрински весник.
За секретарката на Димиќ бруто-плата од 1.000 евра!

Секретарката била ангажирана преку Агенција за привремени вработувања од Прилеп
Деспина Трајковска
Со илјада евра месечно, ексградоначалникот на Карпош, Сашо Димиќ, го
вреднувал трудот на својата дваесет и петгодишна лична секретарка. Таа
за февруари, најкраткиот месец во годината, добила бруто-плата од дури
64.090 денари! Односно, зела „чисти“ 42.000 денари. Во описот на
нејзината работа стои дека ги извршувала работните задачи на технички
секретар, осум часа дневно, односно 40 часа неделно.
Ексградоначалникот, кој не успеа да го победи Јакимовски во изборната
трка, ја ангажирал секретарката преку Агенцијата за привремени
вработувања „Проспект“ од Прилеп. Колку е задоволен од нејзината
работа, Димиќ дури и јавно зборуваше во една телевизиска емисија.

Според градоначалникот Стевче Јакимовски, солидната сума која
ексградоначалникот и' ја исплаќал на секретарката не бил неговиот
единствен гаф поради кој Општината отишла во була. Наводно, огромни
хонорари и' биле исплаќани и на сестрата на секретарката за лекторирање
на општинскиот весник. Јакимовски, но и дел од општинската
администрација, се сомневаат дека и двете солидно платени девојки имале
соодветно образование за работата што ја извршувале. Наводно,
секретарката имала завршено средно фризерско. Инаку, во Општината
тврдат и дека поранешниот градоначалник им наредувал на финансиските
служби да измислат по која основа му се исплаќа на дел од тимот на
Димиќ.
„Запрепастен сум од тоа што го откривме и што очекувам
допрва да излезе на виделина. Човек да се посомнева во секакви
комбинации, па дури и во перење пари. Згора на се', правени се
малверзации и невидени гафови токму во предизборието, што и на мало
дете ќе му остави простор за секакви сомнежи. Дел од вработените тврдат
дека Димиќ им исплаќал и на луѓе кои воопшто немале никаков ангажман во
Општината. Тоа допрва го истражувам“, вели Јакимовски и додава дека се'
уште не може да разбере од каде потребата Димиќ за само шест месеци
преку Авторската агенција да исплати хонорари во вредност од 1,8 милион
денари, што е речиси 2,5 пати повеќе од сумите кои вообичаено Општината
ги исплаќа за период од половина година.
Ексградоначалникот
Димиќ вчера не беше достапен да ги искоментира обвинувањата на негова
сметка. Не одговараше на мобилниот телефон, кој се' уште не го вратил
во Општината, а е во нејзина сопственост. Контакт со него не успеавме
да оствариме ниту преку партиските линкови на ВМРО-ДПМНЕ. Наводно,
неделава бил заминат во Црна Гора. Бидејќи по изборите Димиќ како да
пропадна в земја и очигледно нема желба да комуницира со јавноста,
отворени ќе останат еден куп прашања и обвинувања на негова адреса од
страна на Јакимовски.
„Верувајте ми, му испратив телеграма на
домашна адреса, но и тоа беше залудно. Ако можеше да не се појави да
извршиме примопредавање, што останува за друго. Обврзан е да ги врати
службените телефони, лаптопот и други општински работи, но, ете, со
денови го нема. Каде е, речиси никој да не знае“, се пожали Јакимовски,
кој рече дека пред надлежните институции ќе бара одговорност од Димиќ
за секоја „дубара“.
-------------
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 25.Април.2009 во 13:45
mamamd напиша:
Интересни податоци во Утрински весник.
За секретарката на Димиќ бруто-плата од 1.000 евра!

Секретарката била ангажирана преку Агенција за привремени вработувања од Прилеп |
Пракса ли..навика ли???
Читни и овде...
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=BA79FED50D27EB43893FB7D513CD2C35 - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=BA79FED50D27EB43893FB7D513CD2C35
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=2D1602828A8A0643AAD370C7DFB20884 - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=2D1602828A8A0643AAD370C7DFB20884
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 25.Април.2009 во 14:10
Замисли а не прифаќа да му се намали плата, се навикнал на лагоден живот. На обичната раја ако им се намали плата, ако се избркаат договорците Бучковски призна дека се расфрлал со државни пари е ова навистина е маедонски феномен.
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 30.Мај.2009 во 18:03
’’Другарот ’’Стевче пак полека ја зазема позицијата најдобар градоначалник, после градскиот тако Коце Трајановски. Другите трчаат по нив, а некои сеуште не мрдаат од место. ОПШТИНАРИТЕ ОД КАРПОШ СЕ РАЗРАБОТИЈА
Се поправаат светилки, клупи, улици
Во
општина Карпош е извршена замена на сите прегорени светилки што ги
констатирале и пријавиле граѓаните кои живеат на оваа територија.
Деновиве фирмата „СВЕМ-инженеринг“ ќе изврши реконструкција на
постојните улични светилки кои се дотраени и на други улици во
општината. Со акцијата ќе бидат променети 171 улична светилка. Властите
од Карпош најавуваат дека деновиве ќе почнат со реконструкција на
постојните клупи и поставување на нови онаму каде што нема. Според
тендерската документација, со оваа акција ќе бидат поставени 100 нови
клупи. Предвидена е и промена и реконструкција на кантите за отпадоци и
монтирање нови 200 канти низ целата општина. Општинарите информираат
дека е завршено асфалтирањето на еден крак во должина од 300 метри на
главниот пат во Горно Нерези. Закрпени се и дупките на улицата
Загрепска, а комплетно е завршена и реконструкцијата на патот кон
манастирот „Пантелејмон“ во должина од седум километри, од Долно до
Горно Нерези вклучувајќи ги и двата паркинг-простори во манастирскиот
комплекс. Од Општината информираа дека интензивно се работи на
подготовка за асфалтирање на дупките на улиците Бук*решка, Париска,
Бледски договор, Прашка и Миле Поп Јорданов.
-------------
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 31.Мај.2009 во 00:45
Ова со асфалтирање на дупките ми наликува во старт на перење на пари. Дупките се потполнуваат со асфалт. А, ако се асфалтираат улиците тоа е веќе нешто повеќе. Проштевај ако погрешно те имам разбрано.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|