|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика | страница <1 7891011 146> |
Автор | |||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еве повеќе за тоа, прочитај, види дури и познати слависти што кажувале, па спореди го тоа со денешната збука, обрни посебно внимание на делот каде се споменува Мисирков.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=082BF40BCF1D654BA0FCBFE50994EF7F Изменето од macedon_alex - 31.Мај.2009 во 12:47 |
|||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еве го решението на првата јазична комисија. Последната буква е гласот ъ(ер голем), јасно се гледа.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=082BF40BCF1D654BA0FCBFE50994EF7F Изменето од Владо - 30.Мај.2009 во 16:32 |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Добро, тоа ни најмалку не е проблем, ама што ќе кажеш на тоа дека најголеми слависти се согласиле со практичноста и убавината на нашиот јазик, односно на јазикот на Мисирков. Тука лежи сржта на работата, која некои се обидуваат да ја претворат во проеблем, а не е така. Доколку си ги анализирал идејите на Мисирков за македонскиот јазик и денешниот македонски јазик и си ги споредил, сите дилеми ќе ти станат јасни. Изменето од macedon_alex - 30.Мај.2009 во 16:36 |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А што е поентата со таа буква не ми е јасно - дали има таа буква некаква врска со реформите во азбуката - таа буква како и да е Македонска е
|
|||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Македон, ти мене можеби погрешно ме разбираш! Јас си го сакам и својот јазик, и својот народ. Ама мразам искривување на факти. А јасно е како бел ден дека се работело на наше србизирање. Еве еден пример, само заради зборот „срж“ кој си го употребил, еден професор на факултет ми ја врати семинарската. Ми рече - „срж“ е србизам, напиши „срцевина“. А инаку за нашиот јазик секако дека си има континуитет и точно си одговара и на нашиот менталитет и се’, ама без српските карактеристики. Наскоро ќе постирам нешто од Цепенков во оригинал, само колку за споредба. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Молам Буги да даде коментар, зошто секогаш тврди дека азбуката била македонска. |
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За каква србизација ти зборуваш?! Тоа што некои луѓе користат, србизми, турцизми и интернационализми, не ги прави ниту Срби, ниту Турци, а уште помалку интернационалисти. Зошто ти си го користел зборот срж, наместо срцевина? Да не си се посрбил? Луѓето на мал простор, како што е балканскиот, сакале или не имаат влијание едни на други, а тоа се одсликува и на ниво на јазикот. Пример ради, пред извесно време работев со едне Грк и запна дека баклава, пилав, мезе, спанаќ, кадаиф.... биле грчки зборови. На мојата забелешка дека тие зборови се користат на секаде низ Балканот и се наследство од Турците, тој ми одговори дека Турците ги имале земено тие зборови од нив. До каде со тие глупости. Пријателе, азбуката треба да биде во функција на јазикот, односно да излегува во пресрет на потребите за соврменто комуницирање. Да ги обедини бројните македонски дијалекти. Дали ние треба да користиме хиероглифи или можеби повторно да ја воведеме глаголицата?! Па таа беше првата македонска азбука. Кога едни Англичани можат да одат во насока на симплифицирање на спелингот или пак кога Татрите и Турците го отфрлиле арапското писмо и ја прифатиле Кирилицата односно Латиницата, зошто пак Македонија да неможе да исфрли некои непотребни букви. Јас лично се гордеам со луѓето кои ја стандрадизираа македонската азбука, таква кава што ја имаме денес. Ако ти се гордееш со својот мајчин јазик, македонскиот, и својот македонски народ, малку поголема широчина и демонстрација на љубов нема никому да му смета. Се разбира тука ги исклучувам Бугарите и Грците. Постигнатите успеси на Македонците во оваа сфера, најмногу им смета баш на најголемите негатори на народот кој го сакаш. Изменето од Platenik - 30.Мај.2009 во 17:59 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Секако дека значи. Нашиот јазик е аналитичен- без падежи. Српскиот е синтетички. Изменето од Владо - 30.Мај.2009 во 19:14 |
|||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
И уште нешто Македон, она што е во источна бугаризам или грцизам во јужна таму е со векови, тоа е во состав на дијалектот, додека србизмите во сите македонски говори, а најмногу се расипа скопскиот дијалект, навлегоа за многу кратко време тука.
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За грцизмот си прав, сепак во рамки на Византиската империја сме биле сите, а подоцна и грчката пропаганда била тука. Меѓутоа сепак и таму не бил толку застапен грцизмот, пдоцна навлегува. За бугарското влијание, го имало и тоа, меѓутоа и тоа се зголемува, особено со доселувањето на Бугари во истичниот регион во времето на бугарската окупација. И денес во тој дел ќе најдеш места каде бугарското влијание е мало, а во некои места е големо. И српското влијание во Скопје го имало и порано,иако било многу мало, меѓутоа за многу кратко време тука се зголемило исто со помош на пропагандата. Владо, јазик не може да остане изолиран, освен на некои места кои географски се изолирани. Изменето од macedon_alex - 31.Мај.2009 во 00:49 |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мислам дека третирањето на темава заслужува малку посериозен пристап и не треба да се расипува со меѓусебние препукувања од типот кој не ја слушал учителката или мегаломанство за воздигнување на едниот а омаловажување на другите јазици.
Точно е дека постојат разлики меѓу јазиците на групата словенски јазици (засега официјално научно сеуште се користи овој термин и се додека не дојде до промена треба така и да се третира), како и во азбуката со кои тие јазици писмено се искажуваат. Голем дел од словенската група јазици се пишуваат на латиница и тоа на стандардизираната (за ниеден од нив- зборуваме за католичките земји не било проблем да се воведат во нивната латиница буквите кои се користат стандардно, можеби заради основна причина што кај нив никогаш никого не негирал нити присвојувал). Српско-хрватскиот или хрватско-српскиот кој се користеше во СФРЈ се разликуваше значи по писмото, но и по обемен фонд зборови. Секогаш барем ние повозрасните знаевме кога читаме книги од српски автори или од хрватски бидејки тие преќуткувајки и во братската ни земја си држеа секој до своето и не отстапуваа, спроведуваа хрватски т.е. српски без да се конфронтираат јавно. Проблемот настанува во земјите кои ја користат кирилицата и тоа тука на Балканот. Русите многу не се замараа. Разликите меѓу македонскиот, српскиот и бугарскиот постојат и во говорниот и во писмениот дел, прифатиле луѓето или не (јас како зборувач на друг мајчин јазик точно можам да ги уочам разликите и спецификите). Секој од овие јазици има свои акценти, свои членувања/ не членувања, свои гласови, фонд на еднакви но и многу различни зборови. Влијанија имало и ке има. Точно дека има србизми и точно е дека тоа е во северните делови на Македонија а посебно во Скопје и ни помалку ни повеке и во сленгот / жаргонот на младите, ама и во говорот на многу квази новинари и ни помалку ни повеке на во ударни вести на некои телевизии. Со отворањето на многу приватни тв куќи и не контролата на говорот на официјалниот литературен јазик (во име на демократијата) се дозволи силување на македонскиот литературен јазик. Само еднаш да се слушнат снимки од говорот на МТВ од спикерите од калибарот на Иван Антонов, Бранка Станковска, Симон Беличанец, Лилјана Крстева и многу други доајени на презентерството секому ке му биде јасно за што зборувам. Влијанија од бугарскиот јазик исто така има во пограничните делови со Бугарија, но факт е дека и во другиот дел (јужниот дел на Србија и западниот дел на Бугарија) има влијание од македонскиот јазик па затоа и во тие земји има разлика мегу говорите во централните и набројаните делови. Околу грцизмите не би се согласила дека ги има, освен во некои стручни изрази кои водат потекло од тсраогрчкиот јазик. Повеке влијание во сите јазици има од латинскиот и нормално турцизми, како и од интернационалните изрази па од тука произлегува дека јазиците се слични. Јасно е како ден дека многу зборови кои имаат интернационално значење се прифатени, одомакинети и користени во литературниот и секојдневниот говор. Жалосно е што и во 21 век се продолжува со негирање, девалвирање место да се оди напред во соработка и зближување. Никогаш не се докажа што е постаро јајцето или кокошката, така нема ни да се докаже (а и не треба) кој јазик е постар, кој од кого земал или кој на кого дал. Од тоа фајде нема, се прават само раздори. И додека луѓето се здружуваат за патување во вселената ние тука уште се враќаме во 13 век, па дури и поназад кон Адама и Ева. Време е да се прекине и да се остави секој да си го живее своето. |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Можеби моето излагање беше во мала шегобијна форма па ке се извинам доколку не било озбилно сватено - еве сега потполно озбилно ке повторам тоа што беше напишано но овојпат со факти.
Владе има потполно право да се исмејува со Македонскиот јазик и писмо и тоа не е негова кривица туку наша Македонска - прво и основно Македонските дијалекти се ословуваат од наша страна со непотребни оцрнувања како Србизми или Бугаризми - тоа потоплно не е вистина - како и претходно што напишав Македонскиот јазик и писмо е мајка на сите славјански јазици и како корен на тие јазици неможе нивни субстракти да има во Македонскиот туку баш спротивно Српскиот и Бугарскиот имаат Македонизми во сопствените јазици дури имаат и цели Македонски дијалекти. Темава е сериозна но пристапот прво е потценувачки па потоа несериозен. Еве пример на Македонските дијалекти - каде поточно се зборува чист Македонски второ се спомна Југоисточниот дијалект пример... Ќе одам од куќата во продавница да земам леб. - Стандардно Македонски Ќе оам уд куќта уф прудавницта да купум мулиф. - Гевгелија Ќе одам уд куќта ву прудавницта да купум муливо. - Богданци Ќе одум уд куќата ву прудавницата да купум мулиф. - Валандово Че оам уд куќта уф прудавницта да купум мулиф. - Миравци Ќе одум уд к’штата ву продавницта да купум мулиф. - Дојрански Погледнете колку различно зборуваат аколку се блиску Многу просто и едноставно - само кој сака да застане и да си признае самиот на себе си |
|||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Буги, генерално гледано ова ти е убав пост. Грешиш само во една работа, јас се гордеам со сите македонски дијалекти, не само со мојот сопствен, и не го исмевам македонскиот јазик, туку скопскиот модерен СЛЕНГ, којшто е полн со србизми, има полно примери за тоа. А вистинскиот скопски дијалект е исто така убав дијалект. Поздрав. Изменето од Владо - 31.Мај.2009 во 14:04 |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Напишав и погоре - можеби ти директно не се исмејуваш со твоето школување и моментот на прифаќање на Македонските дијалекти како најголемо Македонско богатство но ете со самото твое ставање на зборови како србизми или бугаризми во Македонски дијалекти ти го исмејуваш Македонскиот јазик - ти го кажав и фактот зошто - Македонскиот јазик е корен на сите словенски јазици мислам дека и гледаше пред некое време на сеСлавјанскиот форум кога тоа го потврдиа видни Слависти од цел свет - таков корен неможе да има субстракти од јазици кои произлегле од него - тоа воопшто не е логички туку само е патење на некои луѓе од комплекс од пониска вредност
|
|||
Внеси реплика | страница <1 7891011 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |