|
Свети Кирил и Методиј |
Внеси реплика | страница 123 24> |
Автор | |
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 22.Мај.2007 во 19:24 |
ANTIBUGARSKOT KARAKTER NA KIRILO-METODIEVATA MISIJA
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
браќата Кирил и Методиј, својот живот го потрошија за да ја шират и за да им ја објаснат христијанската вера на сите народи на кои што стигнаа: во хазарија, моравија, цариград и македонија... И промашување и поткопување на нивната цел, би било да им се прилепуваат некакви си националистички предзнаци на нивната благородна мисија...
Нивната цел пред се била богословска, и заради ширење на богословието, тие ги создале алатките кои им биле неопходни за тоа, како што е азбуката... Погрешно би било тој чин да се толкува било како про-бугарски, или како анти-бугарски, туку единствено како ПРО-христијански... |
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
прочитај кој биле првин а објасни ми од кај се бугари кога се од солун башка ако си ја знаеш сопствената историја ке знаеш дека бугарите не се ни словени
Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни 24/05/2007 Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север. Изменето од чаир - 24.Мај.2007 во 21:38 |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
spartak_mk06
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 14 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Константин Филозоф
Сте
се запрашале ли некогаш што правеле и како живееле личностите кои
оставиле епохални траги во нашата цивилизација. Каде се движеле, со
кого се среќавале, едноставно каква била нивната животна рутина или пак
минувале од авантура во авантура пред да создадат некое од своите ремек
дела. Како другите луѓе, нивните современици гледале на нив.
Замислете ја ситуацијава. Европа средина на Средниот век. Најголемата и најсилна имеперија во тоа време, Византија. На чело на државата Император кој штотуку влегол во водите на полнолетството. Наспроти него 24 годишник, кој наспроти својата младост веќе ужива углед и авторитет на еден од најсилните и најспособните научници, оратори и млад човек кој веќе го заслужил крај своето име епитетот Филозоф во Визнатија. Императорот Михаил Трети и Константин Филозоф. Овој пат нема да зборувам за тоа како, зошто, кога и каде Констатнин ја создал првата словенска азбука. Овој пат неколку интересни моменти пред тоа. Младиот византиски имепратор во 851 го повикал не многу повозрасниот од себе Константин на дворот, со посебна задача за него. Имено во тие години Арабјаните односно тогаш познати под името Сарацени воделе еден вид идеолошка препирка околу верските учења на Исламот и Христијанството. Овие идеолошко – верски натегања биле всушност параван зад кој се криеле државните интереси на двете големи држави. На повиците од Сарацените, Византија да испрати достоен маж кој ќе се спротивстваи на нивните учени луѓе и кој ќе ја објасни догмата и дилемата околу постоењето на Светото тројство, визнатискиот император Михаил Трети се решил на еден неочекуван потег. Тој мисијата му ја доделил на младиот солунец Константин. Мисијата не била ни малку лесна. Острите напади од страна на сараценските учени биле континуирани и од сите страни. Кога стигнал Констатин таму прво што видел биле христијанските куќи на чии врати Сарацените – муслимани имале испишано демонски пораки. Арабјаните го запрашале младиот Филозоф: - Разбираш ли Филозофе што значи ова?“ На ова Константин се замислил и со намуртен израз на лицето им одговорил: - Гледам демонски пораки и разбирам дека внатре живеат христијани. Оние кои не можат да живеат со нас (христијаните з.м), демоните бегаат надвор, а онаму каде нема такви знаци на вратите, демоните живеат внатре во куќите со луѓето.“ Арабијаните во тој период биле на извонредно високо културно рамниште. Имале развиена наука, уметност литература. Багдад бил најголемиот грат многу поголем од сите европски градови во тоа време. Постојат убедувања дека бил единствениот град со над милион жители. Насекаде низ арабијската држава имало библиотеки, се преведувале книги, се создавале нови, математиката, медицината, хемијата биле во невидена експанзија. Едноставно речено Сарацените го живееле својот златен век. Учени луѓе имало за секоја област и за секое прашање. Најучените од нив со големо задоволство му се спротивставувале на младиот Константин, обидувајќи се да ги побијат неговите знаења и неговите ставови. Теми на кои се расправало биле од верата, догмата и Бибилијата па се до политиката, филозофијата и секојденвниот живот. И било кое прашање да се поставело, за било која тема да се дебатирало, Константин секогаш го имал завршниот збор. Неговите знаења и неговите аргументи ги надвладувале и најголемите учени меѓу Сарацените. На крај еден дел од филозофите го прашале младиот Константин, како е возможно по секое прашање да ги надмудри со знаење и мислите. Едноставно останале затекнати од неговата култура, образование, елоквентност и стабилност во дискусиите. На ова Филозофот одговори кажувајќи им една приказна на учените. - “Еден човек, зел еден голем мев и го наполнил со морска вода. Го нарамил на себе и одејќи по улица им викал на сограѓаните и минувачите “Погледенете ме. Гледате ли каква вода имам јас со себе. Никој нема ваква вода, каква што носам јас.“ Луѓето го гледале изнанеадено се додека не му пришол еден приморец, кој му рекол. “Луд ли си човеку што се фалиш со водата во мевот, кога ние имаме цело море крај себе.“ - Ете и вие и јас постапуваме исто така – продолжил Константин. Вие од нас ги превзедовте искуствата, знаењата и науката. Неколку години по оваа мисија Константин заминал на другиот крај на “светот“. Тргнал во мисија кај Хазарите, народ кој денес е исчезнат, а кој во тоа време изградил голема држава на просторот меѓу Црното Море и Каспиското езеро. Мисијата на Константин овој пат била да го рашири христијанството меѓу Хазарите. Хазарите во тој период живееле во општество во кое на религиозен план биле поделени. Власта и слоевите околу власта го примиле Јудеизмот како своја религија. Ваквата одлука предизивикала населување на голем број Евреи на територијата на Хазарија. Од друга страна силните влијанија на Византија и Сарацените, овозможиле продор и на христијанството и исламот меѓу обичниот народ кој во еден дел останал да ги почитува старите култови и божества. Врските меѓу Византија и Хазарите постоеле од порано и биле силни. Имепраторот Константин Петти Копроним своевремено се оженил за сестрата на хазарскиот кан и со неа го имале Лав IV кој потоа станал имепратор. Константин заминал во мисија испратен со зборовите на императорот Михаил: - Филозофе, појди при тие луѓе и разјасни им го Светото тројство. Објасни го зошто никој друг не може да го објасни со достоинство како ти.“ На пат кон Хазарите Константин еден период минал во Херсонес, најсеверниот византиски град на полуостровот Крим. Таму го изучувал еврејскиот јазик, како би можел да оствари поблизок контакт со Хазарите кои го знаеле овој јазик поради раширеноста на јудаизмот меѓу нив. Но неговата активност во градот не била само тоа. Неговиот дух и неговата верба не му давала да мирува. Следејќи ги старите списи и преданија тргнал во една интересна авантура. Константин знаел дека во тој предел се наоѓа гробот на папата Климент. Климент бил еден од првите ученици на Апостол Петар и еден од наследниците на папскиот престол во Рим. Тој загинал некаде во 101 година, на бреговите на Црно Море. Константин му раскажувал на Анастасиј Библиотекар во Рим за ова патешествије. Со тек на времето неговиот гроб бил заборавен и напуштен. Многу од жителите за ова знаеле само од преданија, а многу дојденци или неверници не ни знаеле или не зборувале за тоа. Години по престојот во Херсонес, откритието на гробот на папата Климент и неговите мошти му донеле на Константин голем авторитет и почитување во Рим. По моравската мисија и обвинувањата за ерес, Константи пред својата смрт заминал со брат му Методиј во Рим, пред Папата да ја одбрани Глаголицата, На оваа мисија во Рим, Константин ги донел и моштите на Папата Климент што го дигнало неговиот углед и влијание пред Папата на највисоко ниво. Назад во Хазарија, Константин воглавно спорел со Евреите околу догмата и верата. Силата на аргументите и неисцрпното знаење кое го поседувал Константин Филозоф го воодушевиле хазарскиот кан кој во еден момент пред сите извикал: - Од Бога си испратен за наша наобразба. Од сите книги си научил и се ни разјасни по ред, сите нас не насити и не заслади со медените зборови од светите книги.“ Егзалтираноста на канот не застанала овде. Тој на крај го замолил Константин: - Ако сакаш уште повеќе да ги израдуваш нашите души, објасни ни се она за кое те прашуваме.“ На заминување Константин бил испратен со зборовите на канот кои биле упатени до императорот во Цариград: - Господару, ни испрати таков маж, кој ни го објасни словото, верата и Бибилијата. Сега разбравме која е вистинската вера и самоволно посакуваме да бидеме покрстени“. На крај канот, му дал огромни подароци на Константин и му рекол: - Посакај се она што имаш на ум, јас ќе ти го подарам. На ова Филозофот заблагодарил и му рекол на владетелот дека нема да ги земе подароците со него, туку му побарал нешто друго: - Дај ми онолку Грци (Византијци з.м) колку имаш овде заробено, тоа ќе биде најголемиот подарок од тебе за мене“. Хазарите ги ослободиле сите 200 Византијци кои биле заробени во претходните борби по што Константин се вратил во Цариград. Она што следело во годинете потоа, во Македонија и Моравија е само продолжение и врв на мудроста и луцидноста на Константин и неговиот брат Методиј. |
|
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРИЕМ ВО ВАТИКАН ВО РАМКИ НА МАНИФЕСТАЦИЈА „МАКЕДОНИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ Папата се моли за македонскиот народ Оваа средба е во знак на добрата соработка на Светата Столица со Македонија на цивилен и на религиозен план, која може уште да се развива, рече папата Бенедикт Шеснаесетти Вашата земја е место на среќавање на многу култури и религии.
Срдечно ви посакувам да останете верни на наследството што го имате.
Барам помош од Бога за духовен мир на вашата земја, Ве уверувам во
мојата лична почит и пријателство и се молам за целиот македонски
народ. Ова го порача поглаварот на Римокатоличката црква, папата
Бенедикт Шеснаесетти, завчера на приемот на македонската делегација во
Ватикан, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на св.
Кирил“, јави МИА.
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поштенска марка по повод 150 години од откривањето на гробот на св. Кирил По иницијатива на претседателот Бранко Црвенковски, „Македонска пошта“, издаде нова поштенска марка по повод 150-годишнината од откривањето на гробот на св. Кирил во базиликата „Св. Климент” во Рим.Промотор на идејата за издавање вакви јубилејни поштенски марки во повеќе земји е ректорот на базиликата „Св. Климент“, отецот Џон Канингам. Иницијативата на претседателот Црвенковски е прифатена и од Ирскиот премиер, Берти Ахен и тамошната Влада веќе донесе одлука за издавање на комеморативна марка на ирската пошта. |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија ги чествува свети Кирил и МетодијМакедонија денеска го празнува Денот на сесловенските браќа свети Кирил и Методиј, мисионери на христијанство и творци на словенската азбука. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109009 НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ПРАЗНИКОТ !!! |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Животот и делото на Свети Кирил и Методиј Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи. Во почетокот на IX век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Западна Бугарија. Во тоа време Византиската Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е нејасна. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето. Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата младост се занимавал со списите на свети Григориј Назијанзин и на Дионисиј Аеропагитски. Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во императорското Магнаурско училиште, каде, освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика. Покрај овие науки, Константин учел и јазици - латински, еврејски и сириски. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил поставен за професор по философија во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф. Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрво биле испратени во мисија кај Сарацените (Арапите) во Багдад, која како и Хазарската и Моравската мисија претставувале дел од политичката програма на Византија, чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент Охридски како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север. Што се однесува до Методиј, постојат мошне оскудни извори, според кои тој се здобил со световно образование и се посветил на државната и воена служба. Бил надарен со христијански добродетелен живот и државнички и воени способности. Подолго време управувал со брегалничката област и придонесол христијанството длабоко да се всади во македонската душа во тој дел на Македонија. За овој успех бил особено заслужен и неговиот брат Константин. Мисионерската дејност на светите браќа меѓу Македонците, посебно возобновувањето и применувањето на македонската азбука е забележано во житието на Свети Наум. Ова му претходело на преведувањето на светите книги на јазикот на Македонците од солунско и на мисионерското дело меѓу западните Словени во Моравија. Извесно време пред својата мисионерска дејност, светите браќа се повлекле во манастирот Полихрон на планината Олимп, каде всушност конечно се подготвиле за своето епохално мисионерско дело. Манастирското осамување го прекинале двапати кога биле испраќани од византиската власт од цариградскиот патријарх во мисии меѓу Сарацените и Хазарите. Овие мисии ги извршиле со голем успех. Во Краткото житие на Константин-Кирил, напишано од неговиот ученик Климент Охридски, се кажува дека Кирил открил пред Хазарскиот каган дека не потекнувал од византиски род, ами дедо му бил од хранените људе на туѓ „цар„, но побегнал во Византија. Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на словенски јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници: обвинувани за ерес. Биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почасти од папата Адријан II. Тој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата Санта Марија Маџоре и богослужби да се вршат на словенски јазик во три римски цркви. Кирил во Рим тешко се разболел и починал на 14 февруари 869 година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанувало. Истоштен од напори и измачувања, Свети Методиј почина во Нитра, 885 година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив распродадени како робови. Делото на светите браќа по смртта на Свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици - Свети Климент и Свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави божјата вистина на новите народи, почнувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња. Светите браќа Кирил и Методиј успеале да станат апостоли на Словените. Тие сакале да му служат на доброто на сите словенски народи и на единството на Универзалната црква. За овие и вакви свои заслуги, во своето апостолско послание egrigae virtulis папата Јован Павле II на 31 декември, 1980 година ги прогласил за ко-покровители на Европа, чиј покровител е Свети Бенедикт, прогласен од папата Павле IV на 26 октомври, 1964 година. Изменето од macedon_alex - 24.Мај.2009 во 17:01 |
|
Redgun
Група Регистриран: 01.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 80 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Serbia and Macedonia orthodox brothers
f**k GREECE |
|
Redgun
Група Регистриран: 01.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 80 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Serbia and Macedonia orthodox brothers
f**k GREECE |
|
Шопо
Сениор Регистриран: 13.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1/6 от териториjата на светот днеска пише на кирилица Изменето од Шопо - 29.Мај.2009 во 20:28 |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://utrinski.com.mk/?ItemID=F91BB418D1ED8C40984F27F2B450CBEA Што треба тоа сега да значи? И „Утрински весник“ веќе ја знае црковната историја? Изменето од cercetator - 28.Јуни.2009 во 13:09 |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пак ќе прашам. Каде Свети Кирил и Методиј се декларирале како Бугари? |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kako i sekoj taka i ovoj falsifikat nema da pomine .... sto se zamaras so falsifikti
|
|
Внеси реплика | страница 123 24> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |