|
Македонија-Историја и Иднина |
Внеси реплика | страница <1 23456 18> |
Автор | |
да бе
Сениор Регистриран: 18.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 237 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАКЕДОНИЈА НЕ ЧЕПКА ВО МИНАТОТО Масовните гробници погребани во заборав Околината на затворот „Идризово“ и Зајчев Рид во Скопско, локации во Кумановско и во Ресенско... се само дел од местата за кои постојат сигурни показатели дека таму се погребани неколку стотици егзекутирани без какво и да е судење или пресуда Најмалку три масовни гробници со стреланите „народни непријатели“ во
Македонија во првите години по Втората светска војна се' уште чекаат да
бидат откриени за жртвите да добијат достојни почивалишта, укажуваат
македонските историчари.Тие посочуваат дека постојат многу сознанија
што може да помогнат да се најдат точните локации за да се извршат
ископувања со кои би се расветлиле се' уште мистериозните исчезнувања
на многу луѓе. За тоа по каква постапка се вршеле егзекуциите покажува и еден документ, писмо на функционер на ОЗНА. Тој во писмото ги прекорува подредените полициски функционери затоа што дозволиле луѓето да се стрелаат без судска пресуда и без докази за вина. За да се најде некакво оправдување за егзекуцијата, тој во писмото им порачал „откако ќе ги ликвидираат да најдат докази за нивната вина“, вели Малковски. ИНФО-Над 1.000 гробници На територијата на поранешна Југославија има над илјада масовни гробници во кои биле закопани жртвите на комунистичкиот режим. Егзекуциите биле извршувани без судска одлука. Наводи за масовна гробница во близина на затворот „Идризово“. Бранко Ѓорѓевски |
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИРСКИТЕ ПАТРИОТИ УШТЕ ВО 1916 ГОВОРЕЛЕ ЗА МАКЕДОНИЈА
Знам дека Македонците знаат дека се Македонци уште пред времето на Тито, пишува Џон Ши во книгата "Македонија и Грција: Борба за дефинирање на нова балканска нација", во која го истражува македонското прашање. |
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Тој е најпознатиот бугарски револуционерен лидер во Македонија, а неговото најпознато дело е киднапирањето на Мис Стон и барањето откуп за неа. Неговиот полковник Паница го уби Сарафов." Сандански-средновековен феудалец Изменето од lav4eto - 27.Мај.2009 во 15:52 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во Бук*решт во 1913 година кога Македонија беше поделена, Грција,Бугарија и Србија
воспоставија окупаторска власт над Македонија.
Европа ја поддржа агресијата, нечувствителна за страдањата на
македонскиот народ.
Во Првата светска војна македонското прашање одново беше актуелизирано. Политичките и воени фактори на Франција и Велика Британија спроведоа сопствени испитувања кои само ја потврдија вистината за Македонија и македонскиот народ документирана на нивни карти. Тоа се гледа дури и на картата од грчки експерт. На британската етничка карта на Централна и Југоисточна Европа издадена од Штабот на воените сили во 1916 година во Лондон, Македонците се претставени (признати) како посебен народ и нација под сопственото национално и историско име Македонци. Македонската етничка територијата на географска Македонија е одбележена со посебна линија и во легендата за нациите Македонците се посебно одбележени. На грчката карта од Проф. Георге Сотириадис од 1918, е претставена етничка „грчка Македонија.” На картата Македонците се претставени како посебен народ под сопственото народносно име Македонци со назнака (Словени) на целата нејзина територија. Одделно се одбележени, со посебни бои, подрачјата населени со муслиманско и со грчко население. Напоменуваме дека и топонимите се македонски. На француската етничка карта на Централна Европа и на балканските држави од 1918 година, македонскиот народ е претставен одделно, териториите на деловите од Македонија во составот на балканските држави се одбележени со посебна боја. Во легендата е запишано – Македонци. Сепак, и тоа не повлијае за промена на односот спрема македонскиот народ. Лојалноста кон сојузничка Грција,Бугарија и Србија беше посилна од декларираната заложба за правичност и доследност во примената на правото на народите на самоопределување и на државност. Тоа право на македонскиот народ не му го признаа. Мировните конференција во Париз во 1919 ја потврди поделбата на Македонија. Во 1924 г. се појави и германска карта на народите и јазиците на Балканскиот Полуостров. На картата Македонците на целата етничка територија на Македонија се претставени одделно, под сопственото национално и историско име Македонци, како и другите балкански народи: Бугари, Грци... Во легендата со посебна боја е одбележена македонската етничка територија и македонскиот јазик. Европа по Втората светска војна на Мировната конференција во Париз во 1946 година уште еднаш ја санкционира поделбата на Македонија, а Грција и Бугарија ја продолжија геноцидната политика спрема македонскиот народ во окупираните делови на Македонија. Сепак и покрај сите поволности кои ги добија Грција и Бугарија, во поново време се силно фрустрирани, соочени со проблемот на малцинствата и неминовноста од рушењето на митот за хомогеност на грчката-бугарската нација и грчкиот-бугарскиот карактер на македонското минато. Фрустрирани се и поради извесното губењето на стратегиското значење за ЕУ и НАТО (по поместувањето на предната линија на исток, на Црно Море). Како реакција на таа фрустрација, ги мобилизираат сите сили за завршен етногеноцид над Македонскиот народ. Го наметнуваат проблемот со името и јазикот пред претстојниот состанок на НАТО во Бук*решт со закана со вето за да го спречи приемот на Република Македонија во безбездносниот систем но и сојузнички придонесуваат за остварување на конечната цел на Бугарија и Грција - не постоење на Македонија и Македонскиот народ-јазик. |
|
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ И МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА СВЕСТ
Македонските Словени - вели тој - се населиле на територијата на сегашна Македонија уште во првите векови на христијанската ера, т. е. тогаш кога за Бугарите историјата уште малку знаела, а Срби уште немало на Балканскиот Полуостров. Чудно ли е што Македонците, живеејќи повеќе од 1500 години на едно место, во еднакви услови и наполно одвоен живот, си изградиле своја култура, свои обичаи, идеали, јазик? Д Чуповски |
|
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Затоа е доста тресење глупости зошто отидовме на Срем, а не на Солун?
Изменето од macedon_alex - 27.Мај.2009 во 22:11 |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Една убава идеја за презентација на своето минато и чување за иднината
------------------------------------------------------------------------------------------- Промоција на проектот „Македонските просветители и преродбеници“ Проектот „Македонските просветители и преродбеници“ утре напладне ќе биде промовиран во просториите на Општина Кисела Вода. Во рамките на проектот ќе биде претставен и постерот, кој го отсликува 10. век, периодот на свети Климент Охридски, првиот македонски духовник, учител и книжевник, и периодот од 19. и почетокот на 20. век - браќата Миладиновци, Григор Прличев и Крсте Мисирков, кои во училиштата го воведоа македонскиот народен јазик како јазик на образованието. Постерот ќе им се додели на сите основни училишта во Скопје како потврда за нашето постоење, историја, култура и национален идентитет.За значењето на македонските просветители и преродбеници, во функција на воспитно-образовниот процес, на промоцијата ќе говори професор д-р Маја Јакимовска-Тошиќ од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“.Иницијатор на овој проект е Здружението на одделенски наставници на град Скопје, а е финансиран од Владата и од Министерството за образование и наука. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Првата пушка ја испукаа 16 прилепски храбри момчиња
...Стражарот пред Участакот ја префрли пушката преку десното рамо и почна да се шета пред влезот. Душко замина неколку чекори. Кога имаше можност, погледна на часовникот, што само тој го имаше, и виде дека треба да се врати назад - се ближеше 22 часот! Стражарот го препозна и не ја впери пушката кон него. Кога му се приближи, Душко го извади револверот и испука во неговите гради. "Сто македонски години -1903 -2003" Изменето од macedon_alex - 04.Јуни.2009 во 19:50 |
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колку што сум упатена главен археолог на Виничко Кале до ова истражување е Коста Балабанов,кој ги има пронајдено теракотните икони и ве молам пишете ја првата вистина.Инаку за овој локалитет на повеке пати сум слушнала од невладино здружение од Коцани на медиумите кое според нивните сознанија се работи за кралската престолнина на македонските кралеви Пела или Бела,како што го претавуваат тие.Ова невладино здружение од тогаш е под постојани притисоци,јас ке се обидам да ископам дел од нивните откритија бидејки имам роднини во Коцани и ке ви ги доставам во форумов.Поздрав. |
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас колку сум запознаена со истражување на народот паонски и државата Паонија,и паонската престолнина се работи за градот Астибо,кој по најновите сознанија не бил лоциран околу Штип,туку во источна Македонија.Едната локација е околу Бање Кочанско,другата Видовиште Кочанско (општина Зрновци)Ако институциите се попатриотски располежени особено археолозите можат и да докажат - напоменувам доколку Астибо навистина се навога во Бање Кочанско тогаш Видовиште е стариот град Запара.Потоа 40 км северозападно од Астибо е Транапара.Во источна Македонија се навога и градот Хармонија........Инаку Прилеп навистина е дел од старата Паонска држава додека престолнината не е лоцирана на овој дел.Во Прилепско или Пелагонискиот дел се работи за градот Пелиј,но и градовите Стара Хераклеа,Маснастир (кои се лоцирани во Мариово однсно Витолишта и Манастир).Па така ако Виничко Кале е престолнината Пела или Бела за кои се сомнева едно здружение од источна Македонија,тогаш едно од најголемите светилишта Паонски би требало да биде с.Мородвис или локалитетот Црквиште кој морам да напоменам од археологот - кустос Кирил Трајковски е целосно уништен.Доколку Виничко Кале и Мородвис ги истражувате сателитски ке го забележите е древниот пат од престолнината до светилиштето,подоцна Виа Игнација(за време на Рим),но можете да забалежите и дека на овој простор постојата повеке утврдување,тврдини.Или поточно околу Виница не само тоа едно Кале кое ние денес го знаеиме постојат уште три,додека околу Мородвис четири.Инаку за околу Виница кралската престолнина Пела или Бела треба да се бара лоциран и надвисната од Кочани точно на исток.(сето ова може секој да го утврди доклку вие форумџии саката една мистична средба јас ке ви воспоставам врска доколку некој е заентересиран со невладиното здружение,па да направиме една прошетка или поточно тоа да биде денот 21јуни бидејки само тој ден од годината сонцето изгрева точно од исток,па сите заедно на 20јуни да бидеме во Кочани и да го чекаме изгревањето на сонцето и верувам дека сонцето ке ни го престави вистинското Кале,а со тоа и кралската престолнина Пела или Бела,кои со факти дечките тврдат дека престолнината е преместувана од римските императори за да не будат секавањета на македонските кралеви)поздрав и ви стојам на располагање. |
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
E pa prviot shto se' ispokradol...bil "Вулиќ" a sega e "Лилчиќ" na red za kradenje....zatoa e tolku nestrpliv izgleda?
btw. vesna_p...zdravo. Chitam toa shto pishuvash i nemozham da se iznachudam od nekoi raboti. Koga zboruvash za toj grad Pela-Bela....lokacijata i sl. - koi se tie lugje shto shto im vrshat pritisok na taa nevladina organizacija...i zoshto im go pravat pritisokot? Da ne kazhuvaat kade e?
A za pritisokot...zoshto ne gi prijavat TIE shto im go pravat pritisokot pa neka viknat nekoj medium i neka ja obelodenat celata rabota, ne?
p.s. A i so ova pokazhuvanjevo, neznam bash dali e mnogu pametno ni znaen i chuen da kanish nekogo, shto znaesh koj ke ti dojde...a mozhe da bide i nekoj od tie "tragachite da si kopaat navecher" - poubavo ke e toa da go napravish so nekoj medium, pa neka slikaat tie a nie ostanatite ke gledame na TV.
|
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
do koga makedonecot ke se plasi od samiot makedonec,mediumite.vesnicite.instituciite site se nastrana od nevladinoto zdruzenie. |
|
Внеси реплика | страница <1 23456 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |