|
Љубчо Георгиевски за Македонската историј |
Внеси реплика | страница <1 34567 15> |
Автор | |
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бре! Каква ли се надреалистичка и ирационална демагогија нема да прочита човек. Она што ти го формулираш вака
„Колку да се знае, филозофските концепти се тие кои ги обликуваат општествата во кои живееме, додека историјата е само интепретација на минатото. Минатото од различни луѓе, различно е интепретирано. За да се разберат разликите, пред се треба да се разберат мотивите на интерпретаторот“ со еден збор се нарекува манипулација т.е. народски кажано измама. Како тоа минатото од различни луѓе различно се интерпретира? Ајде да кажеме во смисол оној што за едните е крвник, за другите е херој тоа може да се разбере. Така на пример за Грците Павлос Мелас е херој, додека за нив комитите, кои тие ги нарекуваат комитаѕи, се злосторници. Ама да се искривуваат факти од сопствената историја и еден ден да се тврди вака било а другиот ден онака било не е ништо туку дебилен опортунизам. Во историјата многу добро се знае кој што рекол и кој за што се борел. А тоа што ти го нарекуваш „слободнна интерпретација“ е наследство на минатиот режим. Еден прост пример - Мара Бунева! Кој е нејзиниот грев? Или еве да прошириме малку. Според Катарџиев (види на линкот кој го постирав) во раните години на СФРЈугославија и Гоце Делчев бил прогласен за Бугарин, што значи нашата историја точно почнувала со коминтерната според тогашните власти. Дури читаме дека младинците биле прогонувани затоа што пишувале натписи ВМРО по ѕидовите. Е потоа, бидејќи се видело дека не може веќе така, се интервенирало и Гоце бил амнестиран. Но тука има еден парадокс - според Катарџиев и Гоце се декларирал како Бугарин и се борел за автономија, Тодор Александров исто така се декларирал како Бугарин, но тој се борел за независна Македонија. Зошто првиот е добар, а вториот лош? Да не е можеби затоа што Гоце се борел против Турците, додека магарешките атентати биле насочени кон српската жандармерија?! Ете тоа ти е „слободна интерпретација“ на историјата. Што се однесува до пан -славизмот, да беше одржлив немаше Чехословачка да се распадне и јас тоа го знам. Кога реков дека ми се поблиски Чесите и Полјаците отколку Грците го мислев тоа од човечка гледна точка, и секој што бил надвор од Македонија го знае тоа. Не се откажувам од својата словенска култура за сметка на култура која не ми е позната. Јазикот на кој првпат сум прозборел е македонскиот јазик од јужнословенската група на јазици, а ова што сега се случува личи на елинизација на мала врата. Да те прашам, дали си го гледал клипот на youtube на кој што Донски на некоја спиритуалистичка сеанса општи со духот на Александар Велики и тој преку тој некојси американски спиритуалист му рекол дека се интересира за модерната македонска лингвистика? Можеш ли да замислиш какви беа грчките коментари под тој клип? Мое мислење е дека сето ова штетно ќе се одрази на нашиот имиџ во светот, а и на самиот наш идентитет. Изменето од Владо - 27.Мај.2009 во 10:23 |
|
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Всушност точно нашиот јазик покажува дека Власите биле тука пред нас. На пример, зошто ние Грците ги викаме Грци? Зошто не ги нарекуваме Елини или Ромеи, бидејќи Александар ги нарекувал како што тие самите си се нарекувале т.е. Хеленес? А сигурно не ги нарекуваме така затоа што, како што пишува Пулески, шетале по горите многу, па од горци настанало Грци Туку ние ги нарекуваме точно по римската традиција, бидејќи првото елинско племе со кое контактирале Римјаните било племето Graeci т.е. Граикои и според тоа племе го нарекле целиот народ. Исто како што Французите Дојч народот го нарекуваат според Алеманите. Изменето од Владо - 27.Мај.2009 во 10:40 |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Катарџиев дури вика дека Гоце Делчев не бил познат по цела Македонија, па дека подоцна се раширила неговата слава што е една голема глупост, поголема здравје. Второ, Гоце има и писмо каде говори за македонски народ и за тоа како македонскиот народ гине од свои предавници изроди, побарај го, го има на интернет. А дека Гоце Делчев бил нарекуван Бугарин во ФНР Југославија е глупост, бидејќи доколку беше така немаше да ги донесат коските негови уште во 1946 година во Скопје. И самиот факт што и Патријаршисти и Егзархисти и сите биле погодени од смртта на Гоце доволно говори за неговото знаење, а истотака говори и за (не)знаењето на академикот. Од друга страна гревот на Александров е што подоцна се борел против комунистите, а сите што се бореле против комунизмот нормално дека во тоа време биле сметани за предавници и сл. Нека не те чуди тоа. Провери тоа што ти го кажав за Гоце, прочитај повеќе, па види дали академикот е во право или не. Ако успееш да најдеш за преносот на коските во Свети Спас и погребот на Гоце ќе видиш за што бил сметан Гоце уште во раната 1946. П.С. Магарешките атентати се случуваат на 1-ви Август 1912 година и се насочени против турската жандармерија во Кочани при што подоцна сето муслиманско население се крева на нозе и започнува со напади врз македонскиот народ. Прочитај повеќе за тоа. Не се споменува никаква српска жандармерија во тоа време. |
|
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имаш право, тропнав зелена со атентатите. Но сепак не е така како што ти велиш. На Тодор Алексндров најголемите непријатели му биле Србите и Грците, а не комунизмот. Ај еве за него си нашол компромис, а за Мара Бунева? Еве бидејќи тебе ти е позната историјата, во што е нејзиниот грев? Изменето од Владо - 27.Мај.2009 во 12:16 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе Владо пуст да останеш смешка ми направи - ајде вака кажи ми - дали сите Ромеи,Римјани управувале со целата империја или само праќале по еден човек кој бил гласник на Рим,очигледно малку си запознаен со Македонија и Македонците за време на Римскиот период.Но да оставиме оценување - просто ако си Христијанин си ја прочитал библијата која која зборува доволно за Македонија и Македонците пред и по Христа.Можам да се сложам со тебе за Влашко присуство во некои делови на Македонија но тоа би било во граничните делови на пр.Драч или над Сердика но Власи во централна Македонија или Солун дури по 3 век имаш кога веке од целата Римска империја богати Римјани бегаат во Византија. И уште нешто Влашкиот е субстракт на Латински(Ромејски) и според некои Илирски а според други Тракијски - никогаш Македонски,а Македонскиот пријателе се зборувал до Венеција или поточно секаде каде што Македонското племе Венети и Пелазги се населиле |
|
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што зборуваш бе човек, сакаш да кажеш дека со провинција се управува само со некаков си пратеник, без воено присуство?! Па да беше така лесно немаше денес да бидеме христијани море! А нели сме религиозни - еве ти па читај http://mk.wikipedia.org/wiki/Света_Лидија_Македонка Прочитав ли јас нешто како римски гарнизон, значајни граѓани од Италија или халуцинирам? |
|
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е а за тоа дека венетскиот се зборувал до Венеција, па ти да имаше барем погледнато во некои оригинали од Црноризец Храбар, ќе кажеше дека македонскиот се зборувал до Русија, а не само до Венеција!
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ти мислиш дека се тоа Римјани биле - ауууууууууу многу луѓе од еден градКолку години имаш ти чим ваков заклучок правиш
И не зборувам јас за среден век туку за античко време Изменето од Boogie - 27.Мај.2009 во 12:48 |
|
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе ти тоа мене ме дриблаш или самиот себе? Еве ти овде http://www.wsu.edu/~dee/ROME/CONQITAL.HTM, накратко, само да те заинтригира, како и останатите делови на Италија го добивале полноправното римско граѓанство. А ти нели си експерт за антиката, па сам расветли ја таа тајна. Еден град!!!! Изменето од Владо - 27.Мај.2009 во 13:06 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од еден град се почнало - зар не - и ако не разбираш нешто прашај ке ти појаснам - Римското царство се распаднало баш поради тој висок статус на Римјанин кој можеле да го имаат многу малку луѓе надвор од Рим
|
|
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сега ќе ескивираме ли? Од каде е Кикерон, а Трајан? Тоа се само примери од најпознатите. Зар ти мислиш дека Рим воопшто би станал таква империја доколку се потпирал само на самиот град Рим. На крајот, сите граѓани на Италија биле граѓани на Рим.
|
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу пишуваме малку се разбираме. Отворено те прашав кој е твојот став и како Македонија според тебе треба да го реши проблемот со Грција и Бугарија, а да не го наруши сопствениот имиџ? Погрешното толкувањето на историјата не е одлика на само еден политички систем/режим. Низ вековите разни политички ситеми најразлично ги искоментирале настаните и личностите, а пред се поведени од своите политички убедувања и целта која требало да ја постигнат. Несакам да набројувам примери, верувам дека многу ги има, а и самиот ќе можеш да ги лоцираш. Од твоите одговори може да се заклучи дека етнонимите Бугарин и Грк за тебе се апсолутни вистини, историски необорливи факти. Баш во тое е разликата меѓу моето и твоето размислување. За мене Бугарите се луѓе од азиско потекло кои се населиле на овие простори и зборувале на турски јазик. Соврмената бугарска историографија се обидува да направи разлика меѓу тогашните и таканаречените денешни Бугари, а истовремено да изнајде и некаков логичен спојмеѓу истите. Значи нешто што реално никогаш не било компетабилно, а требало да се докумнетира државниот и националниот континуитет на таа бугарска творба. Мит кој со текот на времето ќе се трансформира во “историска вистина“. Меѓутоа ако се држиме до словенството, во историјата не е забележано дека некогаш постоело словеско племе кое го носело бугарското име. Па како може денешниве Бугари да бидат словени? Никако! Може само политички, под патронат на Русија и пансловенизмот кој сепак најдлабоки корени има фатено баш во таа Русија. Политички бил и за времето Византија кога сите Словени биле нарекувани Бугари или Вулгари, најверојатно според административно политичката единица Вулгарија. Таа единица ја опфаќа поголемиот дел од Македонија, Србија, денешна Источна Бугарија, Албанија и Црна Гора, а главен град бил Скопје. За византијците сите луѓе кои живееле во таа тема биле нарекувани Бугари, што е далеку од вистината. Правите Бугари биле во темата Паристрион во денешна североисторчна Бугарија. Во секој случај името Бугарин имало и сеуште има негативан конотација. Словенобугарската етногенеза е измислица на бугарската историографија, во која изманипулираните бугарофиле во Бугарија и во Македонија силно веруваат во неа. Ајде да го погледнеме етничкиот состав на соврмена Бугарија. Мнозинството е со македонски корени, политички и економски мигранти и бегалци од Македонија (Егејска и Вардарска)кои го зборуваат својот архаичен, македонски дијалект, луѓе кои ја практикуваат културата на своите предци. Значи македонската, а не бугарската. Без разлика на политичкото уредување на таа руска творба, фашистичко или комунистичко, фокусот на тие однардоени луѓе од секогаш бил Македонија. Зошто Македонија, а не руските степи?! Таквите ново создадени Бугари секогаш се обидувале да стават знак на равенство меѓу Македонците и Бугарите, макар тоа значело и искривување на историските факти. Незнам, сите преродбеници биле Бугари, сите револуционери биле Бугари, ВМРО било бугарско..... Какви се тие Бугари кои се борат за самостојна Македонија, дали постои револуционерна организација која ке носи име на туѓа теритроиај/држава, а да се бори за интересите на друга држава? Таков парадокс има само во бугарската историографија. Не е случајно што паралелно постои врховистичка и централистичка ВМРО, двете составени од Македонци, ама со различен пристап кон решавањето на македонското прашање. Едните се Бугарофили, а другите си останале Македонци. Гоце Делчев е од тие кои останале на македонската линија. Луѓето како врховистите (бугарофилите), а подоцна и луѓето од типот на Ванчо Михајлов се тие кои ќе и дадат лошо име на ВМРО, не само во рамките на бившата југословенска историографија, туку и пошироко. За жал, многу луѓе и ден денеска неможат или несакаат да ги увидат гнасните игри на бугарската политика и историографија, па се трудат сестрано да капитализираат од хаосот кој го создале и сеуште го создаваат. Затоа кога пишуваш дека некој се нарекувал Бугарин, прво размисли од каде доаѓа тој податок, кој го презентира и кој му е мотивот. Пред да почнеш воопшто да го разгледуваш тоа треба пред се да најдеш што значи воопшто Бугарин, односно неговата етимологија? Дали е тоа азиски термин или синоним за Словен? Ако е синоним за Словен, јас би се прашал зошто тогаш денешниве Бугари не ги нарекуваат и Србите, и Црногорците и Албанците со тоа погрдно име?! Има многу материјали и личности кои ги рзнишуваат бугарските позиции и нивните историски флсификати. Димо Хаџи Димов, Благоев, Димитров, па ако сакаш и Александров. Само се чудам, ако си Македонец и стварно држиш до македонската кауза, зошто не се обидуваш да ги најдеш вистинските корените и причини за некои или нечиви изјави туку ги прифаќаш како вистини? Сепак има некоја причина за сето тоа, а не дискусијата да се води од моментот кога е таа изјава е дадена. Јас сепак имам многу поголема доверба во било кој историчар кој излегува од Република Македонија одколку во некој бугарски или грчки националшвоинистички историчар кој е производ на пропагандните машинерии на ново создадените национални држави на Балканот од 19 век. Да не заборавиме кое беше основното прашање! Отворено те прашав кој е твојот став и како Македонија според тебе треба да го реши проблемот со Грција и Бугарија, а да не го наруши сопствениот имиџ? |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не само Цицерон,Тројан туку и Диоклецијан и уште многу други но многу малку луѓе кои немале Римска крв - Евреи,Илири,Македонци,Персијци,Готи,Египќани и др.Да потсетам дека во дадени исклулчоци Римско државјанство земале само исклучиво богати трговци и политичари кои многу скапо им плаќале на сенаторите за да им дадат Римски прстен
Да потсетиме дека синот на самиот Цезар е убиен баш поради мешање на крв - многу е јасно како функционирало Римското царство незнам што воопшто се буниш |
|
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па јас веќе ти одговорив на тоа прашање, наврати се наназад. Еве пак ќе ти повторам, нашите адути никако не се во античка Македонија, од проста причина што таа Македонија ширела елинистичка култура. Немој само да ми кажеш дека ти и Аристотел го сметаш за Македонец, само затоа што е роден во Стагира?! Значи да продолжам, ако тие ширеле елинизам, а елинизмот е грчка култура, а во очите на просечниот странец Грците си се Грци, а ние сме Словени, а и Русите се Словени, е сега ние плус тоа испаѓаме и како Словени кои крадат...Знаеш ли како нас не анализираат надвор, како млада нација која си го бара својот идентитет, и затоа и ни прогледуваат и низ прсти, ама тоа нема да трае долго. И пораките за тоа стигаат секој ден. Е сега за тоа во врска со Бугарите, па тие го имаат истото објаснување за нивното име како и ние за нашето. Прабугарите се прабугари какви и да се( иако некои од нив велат дека Бугарите се иранско племе) кои потоа се слеало со Словените кои го понеле бугарското име. Е сега, нашите проблеми со нив не се толку едноставни па Александар да може со меч да го пресече тој гордиев јазол туку-така. Еден пример само:http://mk.wikipedia.org/wiki/Илинденско_востание Третата слика од десната страна- знамето на Охридското востание- чие знаме држи девојката? Изменето од Владо - 27.Мај.2009 во 15:06 |
|
Внеси реплика | страница <1 34567 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |