IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Судентски протести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Судентски протести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Судентски протести
    Испратена: 23.Мај.2009 во 11:13

Се почести се обиди за подигање на студенстскиот глас, бледи, етикетирани како партиски, политички обоени, но сепак протести. Протестираа за укинување на студентското радио, за место положбата на црквата на плоштадот, против укинување на Веронаука во основното и средното образование и з апрв пат против наплаѓање партиципација и нејаснотии околу наплаќање и нејасна распределба на студентскиот денар.  Читајки го написот во Вест искрено ме радува една ваква иницијатива од нашите студенти. Секогаш ги критикуваме за пасивност а сега кога се организираа место да биде масовно и место да се подржат во нивните обиди се погласни с еобидите да им се даде партиска конотација.
За да успеај во својата намера МОРА да се оградат од сите партиски влијанија и партиска злоупотреба на студентите. Редно е да покажеме дека имаме студентска младина која заслужува да се нарече тоа.

СТУДЕНТИТЕ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ПАРТИЦИПАЦИЈАТА

Плаќаме Интернет, а го има само на два компјутера

Ректорот Велимир Стојковски најави дека од следната студентска го­ди­на ќе се раз­гра­ни­чи колку ќе се плаќа за партиципација, а колку за останатите услуги кои ќе се плаќаат по избор на студентите

Гру­па студенти вчера, со транспаренти и пароли "Слободно образование", "Пар­ти­ци­па­ци­ја не" , протестираа пред Скопскиот универзитет, не­за­до­вол­ни од студентскиот стандард. Тие сметаат дека плаќаат пре­ви­со­ка партиципација, за возврат добиваат неквалитетното образование, а зго­ра на сe, се жалат дека не функционира и Студентскиот сојуз, за кој велат де­ка е политизиран и ги спречувал студентите вчера да излезат на протест.
"Не треба политиката да биде замешана во Студентскиот парламент. Ние пла­ќа­ме нешто што не добиваме. Плаќаме за книжевен фонд, за Ин­тер­нет, за спорт, а немаме книги, Интернет има само на два компјутера, не до­би­ва­ме ништо ни за парите кои ги плаќаме за спорт", рекоа студентите. Од Ректорската управа не биле известени за протестот. Ректорот Ве­ли­мир Стојковски рече дека воопшто не знае за што протестираат сту­ден­ти­те.
"Ако сакаат нешто да изменат, многу подобро ќе било да дојдат овде на раз­го­вор, сигурно немаше да ги одбиеме. Ние, сепак, ќе ги разгледаме нив­ни­те барања и доколку можеме, ќе одговориме на нив", рече ректорот Стој­ков­ски.
Тој најави дека следната студентска година ќе се воведе унифициран це­нов­ник кој ќе важи на сите државни факултети. Со него ќе се раз­гра­ни­чи колку ќе се плаќа за партиципација, која ќе биде за­дол­жи­тел­на, и колку ќе се плаќа за останатите услуги кои нема да бидат за­дол­жи­тел­ни туку по избор на студентите. (М.С)

Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2009 во 23:08
...i spisanija sto ne gi dobivame,tetratki za pisuvanje za na kolokvium,koristenje na laboratorija(4 casa),osteti vo laboratorii (a nema osteti)....

Redno e da se vidi za sto se davaat parite sekoj semestar i koja e korista od sumite sto gi plakame

Изменето од sanja-a - 23.Мај.2009 во 23:08
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2009 во 21:41
Студентите се спремаат за протести....Ќе ве информирам дополнително...
МИР со сите
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 01:16
Во вторник на 20-ти октомври ќе бидат протестите на студентите во 13 часот пред Владата на РМ.....

се протестира за многу работи....

ваучерите,
стипендиите за постдипломците,
подобри услови во студентските домови,
укинување на партиципацијата за државната квота,
промени во законот за студентско организирање,
......

уште многу, многу работи...
МИР со сите
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 01:39
А во чија организација се протестите? Оти знаеме дека и студентската младина кај нас е поделена по партиска основа. Наместо да биде движечка сила во општеството и, тие летаат по паметот на другите! тага
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 13:08
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

А во чија организација се протестите? Оти знаеме дека и студентската младина кај нас е поделена по партиска основа. Наместо да биде движечка сила во општеството и, тие летаат по паметот на другите!
тага

Сигурно некоја партија ги има подбуцнато-нашите студенти не се бунат за ништо-добро им е.Освен кога ќе им земат 200 евра-тогаш инстинктивно реагираат
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2009 во 15:50
Definitivnioi kaj nas studentski protesti za podobruvanje na studentskiot standard. Sme imale nie protesti, te za ova, te za ona ama nekako mlako, bezlicno. Sega izleguvaat so konkretni baranja koi se bajagi gorlivi i realni. Studentite reagiraat i za neednakvite ceni koi fakultetite so svojata avtonomija premnogu naplakjaat za sekoja sitnica po svoi cenovnici. Na nekoi faklteti na primer se naplaka nekade do 10 evra (500-600 denari) duri i potvrdata za polozeni ispiti koja na studentite im e potrebna za konk*riranje za stipendii/krediti.Ako e vistina naplakjanjevo nejasno e na koja osnova e formirana cenata? Nelogicno e toa da se naplaka koga vo osnovnite i srednite ucilishta sekoja izdadena potvrda e besplatna.
Студентски протест „Доста беше молк!“


Изменето од mamamd - 19.Октомври.2009 во 15:51
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2009 во 20:50
не, не и не....

Јас сум една од организаторите на протестов......Никаква партија, никакво политичко влијание не е вклучено.....

Сепак ова не значи дека нема да се обиде некој да го злоупотреби протестот за сопствени политички или некакви други цели.....

Ние пред време се оградивме од било каква политичка вмешаност, оти превземаме превентивни мерки против злоупотреба на ова случување во политичка смисла, но сме немоќни сосема да ги избегнеме ваквите ризици.....

Жалосно е што при вакви движења кои се обид да се смени нешто (ама вистински да се смени), веднаш се помислува на политичка вклученост, задни политички намери, политичко профитирање итн....

Но не сме ние за обвинување што така мислиме...искуството така не научило....за жал.....
МИР со сите
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 19:38
 Не се разликуваат многу од ’’регуларните партиски избори’’ овие наши студентски изборитага

ВИДЕО: Инцидент на студентските избори


Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 01:10
Медиумиве се опасно средство за манипулација....СРАМОТА за македонските медиуми...

Сликата што ја прикажаа со дечкото што доси знаме на СДСМ сосема погрешно го отсликува протестот....
Дечкото на сликата беше редар на протестот. Редарот е еден од студентите и беше задолжен (заедно со другите редари) да обезбедуваат ред и мир за време на протестот.

Од нигде никаде се појави некој тип, извади знаме на СДСМ, редарот го фати дечкото со знамето, му го зема и на мегафонот кажа што точно се случило паралелно оградувајќи се од тој настан на лице место. Сликата што сте ја виделе на вести е сликата на редарот кој го собира одземаното знаме......Сето тоа камерите го снимаа, сликаа Тв екипите итн.....Но медиумите сета работа ја напумпаа, извртеа, преувеличија сакајќи ексклузивитет....

Никој не разговара за тоа што бараа студентите...Сите разговараат кој ги поттикнал на протест!!!

СРАМОТА

Изменето од mamamd - 23.Октомври.2009 во 08:37
МИР со сите
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 15:31
Полжавче, кога веќе и самата кажа дека си една од организаторите и кога овде кажуваш дека нема никакви партиски притисоци и дека си огорчена од медиумите за нивниот селективен приказ, ти честитам. Воедно би ти дал еден совет. Не се разочарувај од првиот ефект на овој собир. Собери ги твоите колеги и разговарајте, размислувајте за втор протест, за трет ... Не прекинувајте, не подлегнувајте под влијание на медиуми, политиканти, трачари ... Ако останете само на ова, кај обичниот човек навистина ќе се стекне впечаток на вистинитост на информациите од медиумите. Но, ако за кратко време организирате друг протест (гледајте да биде помасовен) мислам дека ќе има ефект, а и народот ќе сфати. Посебно ако на тие протести има студенти од повеќе партии, за да не се оквалификува како партиски. Малку повеќе удрете на „маркетинг“ меѓу студентите. Да се запознаат зошто се „буните“! Не дека тие не знаат, но ете кај нас секој треба да биде „подбуцнат“ за да излезе од инертната состојба. Исто така, имајте своја „информативна агенција“ кој ќе снима се, за да имате вие ваш снимен материјал, ваша архива, за да не се најде некој кој со сопствената приказна ќе сака да ве дискредитира. Размислете малку за ова што ви го реков.големо%20гушкање

Р.Ѕ. Само, немојте да заборавите на учењето!голема%20насмевкаголемо%20гушкање
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 08:32
Негде многу порано имамкажано дека и Тито се има повлечено пред студентските протести и се потрудил да ги придобие на своја страна (не да ги подели, не да ги ситни).
Барањата кои се концепирани се рални и за нив и не треба да се протестира, тие треба да ги имаат студентите.
Лично не се сеќавам кој беше наш студентски лидер кога јас студирав (Златниче памтиш ли ти кој беше кај васзбунетост). И замислете без лидер, без протести имавме се, а посебно студентски домови солидно опремени (тоа што ние имавме пребукираност на цимери не беше вина на тогашните раководстванамигнување).

Лично сметам- следејки ги ги работите во образованието воопшто дека во Македонијаод осамостојувањето до сега се сменија многу студентски лидери, а проблемите на студентите останаа исти. Се чудат зошто има студентски протести токму во време кога течат студентските избори?!Ги гледав некна на 21 октомври кандидатите (како и сите нивни претходници) ветуваа дека студентите нема повеќе да спијат на провев во студентските соби, ветуваа дека ќе имаат топла вода за да се искапат, ветуваа дека ќе имале поквалитетна храна во студентските мензизбунетост...  И не оди човек да не с епраша- Кога??? Студентите досега имаа едно десетина  лидери (поддржувачи, членови, симпатизери на двете најголеми политички партии) ама изгледа ним само  личниот профит од политичката определба им беше приоритет, а студентскиот стандардне гледам да е променет на арно. Убедуваат дека беа успешни студентските избори а од 27 000 гласале САМО 3000 , значи една седмина збунетост Ги прашуваат зошто не гласале, епа зошто да гласаат кога искуствата се многу лоши, кому му е грижа за студентите, кога поранешни лидери денеска се раководители на сектори во министерствата, државни советници, директори на библиотеки, пратеници и министри.. До кога лидерите, односно партиските штрафови ќе ја уверуваат јавноста дека ниту една партија не стои зад нив? Се додека не се сетат дека тие заедно с епосилни, дека се авангарда од кој секој треба да се плаши, автономијата и независноста на оваа организација ќе биде во сенка.

И ко што рече Златник, ако сакат студентите да бидат сериозно сфатени, прво треба да се консолидираат, да се заедно во своите барања.

Некако ми е несфатливо студентски лидер од Скопје кој после предавања си оди домче во топла соба со парно да може да с еизбори за доброто на студентот од студентскиот домизненадување

Додека не легне на оние издупени, извалкани душеци, додека не му навлезе мирисот на мувлата од влагата на студентските бараки во Стив Наумов не може да знае што се студентски проблеми?

А медиумите, па и тие ни се поделени. Заборавија кога беа студенти, со кој жар зборуваа за подобрување на условите за студирање.



Изменето од mamamd - 23.Октомври.2009 во 08:54
Кон врв
AcaRank. Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Октомври.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 91
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AcaRank. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 16:11
Сигурно си имаатмака штом се одлучиле на таков чекор.
Toa shto ne se postigna vo 1966 da go npravime sega....
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 19:35
мака...и тоа голема мака...

Ве подлажнуваат со ваучери две години. Се фалат насекаде колку студентите се помогнати, поткрепени..колку водат сметка за студентската популација...и оп доаѓаш ти на ред за ваучер, па ти викаат....ааааа..НЕ...рецесија е....нема за тебе ваучер....

Истовремено на сестра ти и викаат НЕМА за тебе стипендија ако си постдипломец со просек 9.5.....рецесија е....

Поднесуваш документи за во студентски дом и те одбиваат оти не си ги задоволувал критериумите (годината ти е чиста на време, сите испити положени, просек одличен, место на живеење оддалечено доста од градот во кој студираш итн......ама џабе......вистинскиот критериум не го задоволуваш....немаш партиска книшка)

Не ти даваат стипендија, не те примаат во студентски дом и што ќе правиш???? како да платиш стан под кирија во Скопје?????....Ништо..бркаш врски, протекции, луѓе што го познаваат Самуил (претседателот на СПУКМ) лично......тие луѓе ти завршуваат работа (со судни маки) и им се чувствуваш должен цел живот...

Таман мислиш си ги решил проблемите, се вселуваш во студентскиот дом, а таму нема топла вода...јадењето има вкус на буба шваба, креветот има душек до пола, бравата на вратата од собата е обиена и нема клуч (секој може да влезе и немаш никаква приватност), читалната има искршени масички, неудобни столчиња.....ти се качува притисокот ама ќутиш....оти ако ѕуцнеш...отиде јабана.....ќе те избркаат од студентскиот дом (каков таков), ќе ти го земат леглото.....што ќе правиш после?????? Како ќе ги слушаш родителите стечајци да ти „дрндаат„ по цели денови дека од твојата „храброст“ и неспособност да молчиш, трпиш и да ја голтнеш гордоста си ја упропастил иднината и треба да се отпишеш од факултет оти не можат да ти плаќаат стан и храна????????

Вака од прилика изгледа студентскиот живот на еден просечен студент од провинција кој дошол да студира во главниот град или некој од поголемите градови во Македонија.....

Кога ваков ќе ви биде животот ќе ве прашам дали ќе чекате некој да ве организира, да ве поттикне на протест, да ве подбуцне, да ви соли памет....или самите ќе се организирате, ќе се сплотите во маките, ќе се здружите и заедно ќе речете ...ДОСТА НИ Е.....сакаме да не третираат како студенти....
МИР со сите
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.