IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 61>
Автор
Порака
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 18:50
Originally posted by blackeye blackeye напиша:

Меси ги одби ’милијардерите


Messi e pameten, ne igra za pari nego za uspeh i znae kaj se igra momentalno najdobriot fudbal...

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 18:53
Па може да се рече дека е така бидејќи е се уште млад.
Што ли ќе направеше да имаше 30 години?
Чисто се сомневам дека ќе одбиеше ако имаше 30 годиниголема%20насмевка
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 13:31

Официјално: Милито и Мота во Интер!


Претседателот на Џенова, Енрико Прециоси потврди дека Интер ги купил двете негови ѕвезди Диего Милито и Тиаго Мота, во замена за Аквафреска плус пари.

Прециоси исто така откри дека Милито во следната сезона ќе биде заменет од напаѓачот на Аталанта, Серџо Флокари.

„Се сретнав со претседателот Масимо Морати на појадок и се договоривме“, изјави Прециоси.


„Ова е официјално. Беше тешка одлука и им се заблагодаруваме на играчите за се што ни дадоа“.

„Што добивме за возврат? И економски и технички, но ќе го кажам само името на Аквафреска“, рече претседателот на Џенова, кој најави и дека следната сезона во неговиот клуб ќе настапува сензацијата на Аталанта Серџо Флокари како директна замена за Милито.

Се очекува цената за Флокари да изнесува 11 милиони евра, додека за Милито непотврдените информации говорат дека потпишал 4-годишен договор вреден 3.5 милиони евра по сезона, а Мота 5-годишен договор со годишна заработка од 3 милиони евра.


Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 16:06

Си ја растура Џенова екипата и в година ќе цимат и ќе се спасуваат од испаѓање.

Но тие си знаат големи си се.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 22:31
Фердинанд: Подготвен сум за финалето

Дефанзивецот на фудбалскиот тим Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд, издвои дека ќе биде „фит“ за дуелот со Барселона во финалето од Лигата на шампионите на 27 мај.

„Не помислив никогаш дека нема да играм на тој меч, нема шанса да се случи такво нешто. Веќе тренирам редовно и играм со топка. Тоа е мојот најзначаен натпревар во кариерата. Воопшто не размислувам за повредата таа е во втор план. Очекувам тешка и неизвесна битка до самиот крај. Влогот е навистина голем и затоа максимално се концентрирам на финалето“, потенцираше Фердинанд.

Стандардниот одбранбен фудбалер на „Црвените ѓаволи“ се повреди на полуфиналната пресметка со Арсенал и веќе извесно време е на рехабилитација. Фергусон го планира за мечот со Хал наредниот викенд.


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2009 во 01:06
Зизу на мисија во Германија, треба да го убеди Рибери за преселба во Реал
Француските медиуми пренесуваат дека Зинедин Зидан отпатувал во Германија за да го убеди Франк Рибери за преселба во редовите на Реал Мадрид

Легендата на Францускиот фудбал се очекува да добие улога во хиерархијата на Сантијаго Бернабе доколку на претседателските избори победи Флорентино Перез.

Се очекува Зизу да има улога на советник и според медиумите од Франција, поранешниот играч на Кралевите веќе добил задача од Перез.

La Parisien објави дека во вторникот Зидан пристигнал во Минхен во мисија да го убеди својот сонародник Франк Рибери да се пресели во Реал Мадрид.

Крилото на Баерн Минхен има неизвесна иднина на Алианц Арената по слабата сезона на Баварците во која според најлошото сценаријо во последното коло можат да го изгубат и местото кое води во Лигата на Шампионите.

Неколку екипи пројавија интерес за Рибери и се верува дека најголем фаворит за потписот на Французинот е Барселона, клуб кон кој Рибери има посебна почит.

Зидан треба да го убеди Рибери да се пресели во редовите на лутиот ривал на Каталонците и да биде дел од новата генерација Галактикос.

Зизу неодамна во својата колумна јавно го советуваше Рибери да се пресели на Сантијаго Бернабе и напиша дека крилото е играчот кој може да врати Реал на шампионсите патеки.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2009 во 10:08
Перез ќе потроши 300 милиони за селекција

Најсериозниот кандидат за нов претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез за претстојните клупски избори на 14 јуни ветил дека ќе потроши 300 милиони евра за создавање селекција за идната сезона. Според весникот Ел Пас, шпанскиот бизнисмен планира создавање силен состав полн со фудбалски ѕвезди, способен да "гази" на домашно тло и Лигата на шампионите.

Веќе од поодамна се шпекулира дека најблизу до трансфер во Реал е бразилскиот волшебник во Милан, Кака, кој ќе го чини клубот околу 63 милиони евра. Другите фаворити на Перез се најдобриот фудбалер на светот за оваа година, Кристијано Роналдо, за кого ќе даде 80 милиони евра за двегодишен договор.

Во неговите планови се наоѓа и Давид Виља, а неговата цена е околу 40-50 мил. евра и кој е најсериозниот кандидат од домашното првенство. Следен на неговата листа желби е најдобриот фудбалер на Баерн Минхен, Франк Рибери за кого се планирани 50-70 мил. евра, како и играчот за врска на Рома, Даниеле де Роси, а сумата за него с$ уште не е соопштена.

Шпанецот истовремено планира да ја распродаде холандската колонија која беше донесена од страна на неговиот претходник Рамон Калдерон. Од нивното продавање се очекува клубот да инкасира околу 100 милиони евра, кои исто така ќе бидам соодветно искористени.

Очигледно е дека Перез воопшто нема да жали пари при купувањето нови фудбалери во креирањето на неговите "Галактикоси 2". Многу е веројатно дел од овие големи планови да успеат, но, сепак, Перез има заборавено една многу битна работа, која пред некое време ја кажа и Алекс Фергусон.

"Не се само парите важни во креирањето на составот".


За Чаби Алонсо - 23 милиони

Најновата желба на Флорентино Перез е Чаби Алонсо за кого подготвува 23 милиони евра да го откупи неговиот договор од Ливерпул. За него Перез се интересираше уште пред пет години, но тогаш клубот и агентот на играчот, Инаки Ибањез, не се договорија и Шпанецот се пресели во Ливерпул. Сега интересот кон него е обновен, меѓутоа последниот збор ќе треба да го каже Бенитез. Но познавајќи го неговиот карактер сигурно нема да се согласи да продаде една од најголемите ѕвезди во екипата, но бидејќи му се потребни "свежи" пари за засилувања би можело да падне "дил" со "Кралскиот клуб".



Мијатовиќ избркан на годишнината од Амстердам 1998

На 20 мај 1998 година на финалниот натпревар од Лигата на шампионите во Амстердам, со голот на Предраг Мијатовиќ, Реал Мадрид го победи Јувентус со 1:0 и му ја донесе на својот клуб седмата титула европски шампион. По 11 години управата на "Кралевите" токму на овој ден, случајно или не, одлучи да го "раскине" договорот со Предраг Мијатовиќ.

Црногорецот беше три години на местото спортски директор, а со неговото име се поврзани низа сомнителните засилувања, како "истрошените" Канаваро и Ван Нистелрој или недораснатите Емерсон и Дренте.

Мијатовиќ во Реал играше од 1996 до 1999 година и неговиот гол во амстердамското финале на шпанскиот гигант му ја донесе титулата европски првак по 32-годишна пауза.



И Мурињо влезе во комбинација

Шпанскиот великан ќе се обиде да го привлече и стратегот на италијанскиот шампион, Жозе Мурињо. По изјавите дека Арсен Венгер ќе остане во Арсенал интересот на Перез се фокусира кон Мурињо.

Португалецот експресно демантираше каква било поврзаност со "Кралскиот клуб" изјавувајќи дека нема намера да го напушти Интер. Истото го соопшти и претседателот на Интер, Масимо Морати.

"Мурињо во Реал? Не ми е јасно како може да се случи тоа!", кажа Морати.

Како друга варијанта се споменува и името на Михаел Лаудруп, кој имаше голем успех во шпанското првенство водејќи го Гетафе.



"Кралевите" би биле лидери низ цела Европа

Во втората половина од сезоната со феноменалните игри Реал Мадрид имаше шанси да се искачи на врвот во Шпанија, меѓутоа трите порази во серија ги откажаа нивните шампионски амбиции и ги оставија на втората позиција со 78 бодови на две кола до крајот. Со ова бодовно салдо "Кралевите" би биле шампиони во 43 од вкупните 51 првенства во Европа. Од преку 1000 клубови членови на првите лиги само осум имаат повеќе бодови од нив. Тоа се Апоел (82 бода), Глазгов Ренџерс (83), Барселона (86), велшкиот Рил (90), АЗ Алкмар (80), Манчестер Јунајтед (87), Гленторан (81) и Интер (81).

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2009 во 18:14

Волфсбург е новиот шампион во Германија!
Волзбург не дозволи изненадување во последното коло од Бундес лигата, го победи убедливо Вердер и стана новиот шампион на Германија.
Волзбург е новиот шампион на Германија! Денеска со високи 5-1 го совладаа Вердер Бремен и ја заверија титулата.

Домаќините победата ја најавија по само шест минути игра кога Мисимовиќ погоди за 1-0.

Графите веќе во 15та минута зголеми на 2-0, а Продл десет минути подоцна си постигна автогол за 3-0.

Во 31та минута Диего постигна гол за Вердер и го намали резултатот на 3-1.

Графите во 56та минута зголеми на 4-1, а конечните 5-1 ги постави Џеко.

Заслужена титула за Волзбург, оваа сезона покажаа исклучително офанзивен фудбал, ги имаа фантастичните Џеко и Графите кои имаат огромна заслуга за големата радост.

Баерн Минхен на Алијанс арената го совлада Штутгарт со 2-1 и обезбеди директен пласман во Лигата на Шампионите.

Баварците поведоа во 16та минута со автоголот на Буларуж по еден пробив на Рибери од левата страна.

Маркус ван Бомел во 59та минута постигна гол за зголемување на 2-0.

Четири минути подоцна Гомез намали на 2-1 за поинтересен финиш, сепак утешната награда му припадна на Баерн Минхен, Штутгарт ќе игра во квалификациите за Лигата на Шампионите.

Најголем губитник во ова коло можеби е Херта која беше декласирана од Карлсруе со 4-0 и не успеа да се избори за третата позиција и квалификации во Лигата на Шампионите.

Херта со победа ќе се пласираше на третото место, но беше прегазена од Карлсруе тимот кој веќе беше испаднат од Бундес лигата.

Фреис во 32та минута носи водство за Карлсруе од 1-0, на 2-0 зголемува Франц во 40та минута.

Кенеди постигнува два погоци, во 62та и 72та минута за победа на домаќините од 4-0.

Хамбургер славеше на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со 3-2 и обезбеди учество во новоформираната Лига Европа.

Јаролим во 22та минута носи водство на Хамбургер, на 2-0 зголеми Ивица Олиќ во 58та минута.

Меиер во 61та намали на 2-1, ка Каио две минути подоцна го израмни резултатот.

Со голот на Трочовски во последните моменти Хамбургер дојде до значајната победа.

Борусија Дортмунд одигра само 1-1 на гостувањето кај Менхенгладбах, и не успеа да се пласира во Европа.

Данте во 57та донесе водство за домаќините, седум минути подоцна Бласчуковски израмни на 1-1.

Шалке загуби на свој терен од Хофенхајм со 3-2.

Ба во 26та минута донесе водство за гостите, Крстаиќ во 30та израмни на 1-1, а Фарфан четири минути подоцна погоди за комплетен пресврт и водство на Шалке од 2-1.

Во 49та Едуардо израмни на 1-1, истиот фудбалер во 89та минута од пенал погоди за нов пресврт и победа на Хофенхајм од 3-2.

Задоцнет финиш на Енерџи Котбус, кој го победи Леверкузен со 3-0 но се сели во понизок ранг.

Јула во 50та минута го отвори резултатот, Ривиќ во 64тапогоди за 2-0, Јула пет минути подоцна со својот втор гол ги постави конечните 3-0.

Во последните моменти можеше да биде и 4-0, но Скела не реализираше пенал.

Арминија Билефилд и Хановер одиграа без победник 2-2.

Домаќините поведоа во 3та минута со автоголот на Егиман, во 57та Стајнер израмни на 1-1.

Пинто во 84та постигнува гол за комплетен пресврт и водство на Хановер, но Вичниарек во последните моменти не дозволи гостите да се радуваат на победа.

Келн и Бохум исто така одиграа без победник, но 1-1.

Климовиц во 18та донесе водство за Бохум, Јахиа во 24та си постигна автогол за конечни 1-1.



Изменето од fiks - 23.Мај.2009 во 18:16
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2009 во 14:49

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Челзи, Дрогба и Босингва

УЕФА покрена дисциплинска постапка против клубот Челзи и фудбалерите Дидие Дрогба и Босингва, во врска со однесувањето за време на полуфиналето на Лигата на шампионите со Барселона.

Клубот е обвинет за недолично однесување на своите фудбалери и фрлање на факели на теренот од страна на навивачите.

Дрогба и Босингва се обвинети за прекршување на принципите на ферплејот, навредувајќи го со коментари норвешкиот судија Овербо.

Клубот и фудбалерите треба да одговорат на обвинувањата до 29 мај, а дисциплинската комисија на УЕФА ќе го разгледа случајот на 17. јуни.


Nema labavo голема%20насмевка



Изменето од bounty_hunter - 24.Мај.2009 во 14:50
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 14:30
Полека полека се приближуваме до финалето на овогодинешната Лига на Шампиони.
Точката на вриење ќе се достигне вечер во 20:45 кога во Вечниот Рим на Олимпискиот Стадион Олимпико ќе излезат на мегдан моментално најдобрите две фудбалски екипи во светот.
 
Еве што донесува Вечер во врска со ова.
 
Ѓаволска пречка за каталонската машина


Двата во моментов најсилни тима на светот - бранителот на титулата Манчестер Ј. и Барселона на мегдан за најдрагоцениот клупски трофеј на Стариот континет


Дојде и тој ден кога фудбалска Европа ќе го дознае името на новиот владетел во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Терминот нов владетел може да се употреби само ако драгоцениот пехар заврши во витрините на каталонскиот гигант Барселона, во спротивно, истиот и во следните 365 дена ќе биде во сопственост на бранител на тронот, англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

Аргентинскиот магионичар, најголемата ѕвезда во дресот на Барса, Лионел Меси, пред натпреварот изјави дека е голем навивач на играта на најдобриот фудбалер на денешницата и предводник на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо.
- Силни се на секоја позиција. Имаат премногу добри фудбалери. За мене најдобар е Роналдо. Сакам да го гледам кога играм. Тешко дека може некој да го сопре Роналдо. Не смееме да се фокусираме само на него. Мора да внимаваме и на Бербатов, Руни и Тевез, изјави Меси.

Репрезентативецот на Англија, Вејн Руни, додаде дека од година во година, противниците се потешки и потешки, а со тоа и одбраната на титулата станува се потешка и потешка.
- Ова е најголемиот натпревар сезонава. Самодовербата ни е на највисоко можно ниво по освоената титула во Премиер лигата. Знаевме дека ќе стигнеме до крајот. Ќе биде многу тешко, зашто секоја година добиваме се потежок и потежок противник, а со тоа се потешка и потешка е задачата, изјави Руни.

Првиот голгетер на каталонскиот гигант, Самуел Ето не го загрижува фактот дека не постигнал погодок во последните неколку натпревара.
- Мора да дадеме гол ако сакаме да славиме во Рим. Како и секогаш, јас ќе го дадам максимумот, а задачата ќе биде комплетирана ако ја затресам противничката мрежа. Не ме загрижува моменталната форма. Можев минатиот месец да постигнам и 20 гола, а да не ја освоевме титулата, изјави репрезентативецот на Камерун.

Репрезентативецот на Бразил, Андерсон, потврди дека сите во клубот, менаџерот сер Алекс Фергусон, го доживуваат како голем татко.
- Тој е големиот татко, како на нас, така и на младинците. Секогаш е покрај нас, ни дава поддршка и секогаш не заштитува. Верува во нашите квалитети. Сака сите да бидеме среќни и сака сите да се чуствуваме како дел од големата фамилија. Манчестер е најголемиот клуб во целиот свет и ќе дадеме се од себе да ја одбраниме шампионската титула, изјави Андерсон.

Руни: Сонувам дека играм во бел дрес и го кревам пехарот
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни деновиве сонува слатни соништа. Тој си претставува дека е облечен во резервниот бел дрес на "црвените ѓаволи", го постигнува победничкиот гол во финалето на Лигата на шампиони, а потоа го крева најдрагоцениот клупски трофеј на Стариот континент. Сето тоа е дел од подготовките на Руни за денешниот дуел со Барселона, за која напаѓачот се насочува само со позивитизам. Вејн си забранил во главата да му се вратат негативни мисли и смета дека тоа е клучот кон успехот.
- Откако ја освоиме титулата во Премиер лигата, секој ден мислам на ова финале. Си претставувам како постигнувам гол и победуваме, а тоа ми помага да се подготвам. Можам да се видам себеси како го кревам пехарот, изјави Руни за Сан.


Барселона - Манчестер Јунајтед (20.45 ч.)
Рим.- стадион Олимпико (капациет 80.000). Главен судија: Масимо Бусака (Швајцарија)
Барселона: Валдез, Силвињо, Пике, Туре, Пујол, Ињеста, Кеита, Чави, Анри, Меси, Ето.
Манчестер Ј.:Ван дер Сар, О'Шеј, Фердинанд, Видиќ, Евра, Парк, Андерсон, Карик, Гигс, Роналдо, Руни.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 14:47

Сонувам да играм за Македонија на некое големо натпреварување

Целосно ви го пренесуваме ексклузивното интервју што го даде нашиот новопечен репрезентативец Филип Ивановски за Sportski.mk. Прочитајте за нашиот талентиран репрезентативен напаѓач!

Sportski.mk продолжува со преставувањето на нашите млади, надежни и потенцијални репрезентативци. Овојпат го имаме Филип Ивановски кој пред неколку дена го обезбеди својот прв повик за националниот тим.

Филип Ивановски е роден на 1 мај 1985 во Скопје. Првите фудбалски чекори ги направи во Вардар. Потоа премина во Работнички од каде замина 6 месеци во Алумина, за во сезоната 2003/04 да премине во Македонија Ѓорче Петров каде што настапуваше до сезоната 2006/07.

Оттука започнува неговата интернационална кариера. Премина во Дискоболија-Гроцлин тим кој се натпреварува во Полската прва лига. За нив одигра цела една сезона и потоа премина во Полонија од Варшава кој всушност е екипа фузирана од Дискоболија и Полонија.

Новопечениот македонски репрезентативец сезонава одигра 26 натпревари во Првата полска лига и постигна 12 гола со што е прв стрелец на тимот или четврти во Полска. Има и 5 настапи за младинската репрезентација и еден постигнат гол.

-Дали Владе Лазаревски беше една од причините што прифати да играш за Дискоболија(Гроцлин)??? Како си прифатен таму? Како се снаоѓаш со него, со оглед дека подолго време е во Полска? Колку си задоволен???

Ивановски: “Секако дека беше позитивна околност. Владе Лазаревски како и Панче Ќумбев (кој исто настапуваше за Гроцлин) многу ми помогнаа полесно да се адаптирам во новата средина. Јас сум задоволен од статусот во клубот. Стекнав доста нови пријатели со кој се дружам и го поминувам слободното време тука. Сепак најчесто сум со нашите интернационалци меѓу кои и Златко Таневски од Лех Познан.“

-Направи една споредба за читателите помеѓу фудбалот во Полска и овде во Македонија? Каква е атмосферата на стадионите. Полни, празни!?!

Ивановски: “Како прво професионалноста е на доста повисоко ниво одколку кај нас во Македонија каде сето тоа е сведено на минимум.“

“Потоа во Полска заитересираноста за фудбалот како за превенствените така и за националните натпревари е голема. Сите натпревари се емитуваат на телевизија и воопшто фудбалот зазема голем дел во медиумите.“

“Стадионите се релативно полни, на секој натпревар има по неколку илјади гледачи, додека пак на дерби натпреварите бројката надминува и 15 000.“

 

-Колку се вложува во фудбалот во Полска? Имаш ли информација колкав е буџетот на Полонија или на Висла на пример???

Ивановски: “Вложувањата кај нас за разлика од тука се смешни. Клубовите добиваат големи средства за правото на пренос на натпреварите, а буџетите им се движат помеѓу 2 кај просечните па се до 10 милиони евра кај најквалитетните екипи.“

-Во што е работата што на пример Полјаците имаат квалитетен репрезентативен фудбал, редовни учесници на ЕП и СП последниве години, но немаат некои успеси во европските купови. Исто како нас чекаат да влезат во ЛШ ???

Ивановски: “Во последно време немаат среќа во ждребот и се налетуваат на некој Европски гинант. Еве на пример годинава Висла испадна во третото коло од квалификациите од финалистот во ЛШ, Барселона. Но сепак од друга страна Лех Познан на мојот пријател Златко Таневски ја помина фазата по групи во Купот на УЕФА што е голем успех за полска екипа.“

-Ќе избори ли Полонија место во УЕФА Евролигата сезонава, па да можеме и Ивановски и Лазаревски да ги гледаме во Европа???

Ивановски: “Се надевам... Ни остана уште еден натпревар до крајот и доколку победиме сигурно ќе настапуваме во Европа.“

-Кои се твоите планови за наредната сезона??? Примарна цел ти е останување во Полонија или ќе пробаш да најдеш ангажман во некој подобар клуб???

Ивановски: “Нормално дека посакувам да напредувам во својот развој и кариера и да заиграм за подобар клуб и во подобра лига, така да доколку добијам поволна понуда секако ќе ја искористам.“

-Со оглед дека имаше добра сезона во Полонија, постои ли интересирање за Ивановски од страна??? Ако има, од кои првенства или екипи ???

Ивановски: “Моментално сум концентриран на последниот натпревар на мојот клуб и пласманот во УЕФА Евролигата. По завршувањето на сезоната ќе размислувам за можностите кои ке се појават.“

 

-Малку за репрезентација... Честитки за повикот. Колку долго го очекуваше, со оглед дека и јавноста притискаше за него, бидејќи навистина имаше добри изданија во Полската прва лига???

Ивановски: “Благодарам за честитките. За мене е огромна чест да ги бранам боите на нашата репрезентација. Доста стрпливо ја чекав својата шанса и се надевам дека ќе добијам можност од селекторот да ги оправдам неговите очекувања и очекувањата од јавноста.“

-Која беше твојата реакција кога ти соопштија дека си во списокот за дуелите со Исланд и Норвешка???

Ивановски: “Бев многу среќен поради тоа...

-Твоите очекувања од наредните два дуела???Каде ја гледаш Македонија по завршување на кв за Сп2010???

Ивановски: “Играме пред своја публика и секако очекувам максимален исход т.е. две победи. Ако успееме да го уствариме тоа тогаш одиме на Светското Првенство


-Што е најбитното за добра атмосфера во еден клуб или репрезентација конкретно???

Ивановски: “Професионализмот пред се. Играчите треба да бидат посветени кон поставената цел, да има меѓусебно почитување, и да веруваат во успех тоа е најбитно, инаку крајниот резултат нема да биде посакуваниот.“

 

-За крај стандардните прашања...Твој идол, некој со кој си се споредувал додека си ги правел првите контакти со топката???

Ивановски:
’Ел феномено - Роналдо’!

-За кој европски тим би играл онака чисто од ќеф, без многу да се замараш за плата???

Ивановски: ’Барселона

-Што за тебе би било врв во твојата кариера???

Ивановски: “Успешно да настапувам во некоја од најдобрите Европски лиги и да учествувам со Македонската репрезентација на некое големо натпреварување (Европско/Светско Првенство)“

-Под кои услови би се вратил да играш сега во мак-првенството???На пример утре ти викаат кажи ми што сакаш и даваме, само да играш за нас, конкретно твојот стар клуб МакедонијаЃ.П.???

Ивановски: “Треба да се сменат многу работи, не е работата само од финансиска гледна точка. Се надевам дека подолго ќе останам да играм во странските клубови и ќе слушате само убави работи за мене.“

-Исто и ние се надеваме и до некоја друга прилика. Поздрав!

 

Најдобар пример за неговата форма е натпреварот од последното коло каде што против второпласираниот Лех постигна два гола. Натпреварот заврши 3-3.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2009 во 14:23
Челзи нуди 50 мил. евра за услугите на Рибери

Англискиот гигант Челзи им се приклучи на екипите на Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед во трката по потписот на францускиот интернационалец Франк Рибери. Лондонскиот клуб е подготвен да му исплати 50 милиони евра на Баерн Минхен да ги добие неговите услуги. Оваа понуда може да го предомисли генералниот менаџер на германскиот вицешампион Ули Хенес, кој пред некој ден истакна дека нема намера да слушне за понуда под 40 милиони евра.

Како што шпекулираат англиските медиуми, двата клуба се договориле околу сумата, а "сините" треба да ги договорат личните услови на фудбалерот. Рибери посакува неделна плата од околу 144 илјади евра, но Челзи не се способни да му понудат повеќе од 104 илјади.

За Французинот има голем интерес од многу европски гиганти. Меѓу нив секако е Манчестер Јунајтед, кој го планира како замена за Кристијано Роналдо ако Португалецот случајно реши да си замине од Олд Трафорд, како и Реал Мадрид каде е во плановите на Флорентино Перез, кој се обидува да го создаде својот ѕвезден тим. Рибери има договор со Баерн до јуни 2011 година.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2009 во 16:36
АВСТРИСКИОТ ТИМ И ДЕФАНЗИВЕЦОТ ГО ПРОДОЛЖИЈА ДОГОВОРОТ
Седлоски до пензија во Матерсбург

Додека држат нозете ќе бидам тука...", коментира капитенот на нашиот национален тим





Австрискиот тим Матерсбург и нашиот репрезентативец капитен Гоце Седлоски ја продолжуваат соработката. Потпишаа нов договор според кој и во наредната сезона дефанзивецот ќе го носи "зелениот" дрес на клубот кој сезонава водеше грчевита битка за опстанокот во елитната лига. Седлоски кој е на залезот на кариерата со новиот договор најави дека токму во Матерсбург ќе ја заврши професионалната кариера а во овој клуб дојде пред две сезони.

"Клубот му понуди нов договор кој го прифатив. Првиот човек на клубот е задоволен од моите игри и ми најави дека можам да останам тука додека јас сакам. Сепак се договоривме на една сезона а потоа ќе видиме што понатаму. Се зависи од тоа дали ќе се чувствувам подготвен за следни предизвици или ќе следи одлука за мое пензионирање", коментира 35 годишниот Гоце Седлоски фудбалерот кој на почетокот на јуни ќе го предводи нашиот државен тим низ пресудните квалификациски средби за пласман на СП 2010 со Норвешка и Исланд.

"Нов селектор, нови надежи. Се надевам дека ќе го фатиме правилниот к*рс и дека на овие две средби ќе покажеме некоие ново лице. Сите посакуваме успех, сите се надеваме дека ќе ја искористиме и последната шанса да се направи нешто повеќе во овие квалификации. Доаѓам во понеделник затоа што во недела со Матерсбург го имам последниот лигашки меч во оваа сезона", појаснува Седлоски околи престојните квалификациски средби.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 10:15
Диего Форлан европска златна копачка!
ImageУругвајскиот напаѓач во дресот на Атлетико Мадрид по втор пат во кариерата стана Златна копачка на европските фудбалски првенства. Единствен кој му се закануваше беше Австријанецот од Ред Бул Салзбург, Марк Јанко, но австрискиот шампионат има далеку помал коефициент на вредност, па наградата замина кај напаѓачот на мадридскиот клуб.

Јанко сезоната ја заврши со 39постигнати гола, но 32-та на Форлан се поголемо достигнување, бидејки секој гол во најјаките пет европски првенства(Премиер лига, Серија А, Примера, Бундес лига, Француска лига) валоризира со индекс од два, за разлика од Австрија, каде индексот изнесува 1.5.

Истиот трофеј Уругваецот го заслужи и во сезоната 2004/2005 играјки во дресот на Виљареал. Тогаш постигна 25гола, а првото место го делеше со тогашниот напаѓат на Арсенал, а сегашен член на Барселона, Тиери Анри.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.