![]() |
|
Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1819202122 61> |
Автор | |||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Анчелоти веќе бира засилување за Челзи
![]() “Роман Абрамович му ветил на Анчелоти засилување вредно 35 милиони евра доколку го преземе клубот од Лондон. Русинот ветил дека ќе посегне по неговиот џеб, а тоа го нема направено веќе две години“, извести британски таблоид. Прв избор на Анчелоти било крилото на Астон Вила, Ешли Јанг а за него би требал да плати околу 20милиони евра. Со Јанг, Анчелоти би имал убиствена тројка во нападот. Крилото на Астон Вила на левата страна, Џо Кол на десната и Анелка или Дрогба во Шпицот. Гус Хидинк се сложува со таквиот тип на играч, иако тој го предложил Жирков од ЦСКА. Челзи во летниот преоден период планира да ги продаде Саломон Калу и Флорент Малуда со што би обезбедиле пари за засилувања со кои ќе дојдат до европската титула. Анчелоти го сака и Диего Милито од Џенова. |
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
![]() |
|||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Ван Бастен логичен наследник на Анчелоти
![]() Медиумите во Англија го пишуваат трансферот на Анчелоти во Челзи како завршена работа, од причина за тоа Милан ја започна потрагата за негов наследник. Така Газета пишува дека по заминувањето на Анчелоти би требало да се посветат и побараат млад тренер, а како пример го наведоа Барселона “Гвардиола“. Ван Бастен е тренерски познат како “пекол“ на клупата на Холандската репрезентација и Ајакс, а наводно е наследник на клубот на Адриано Галијани за кого викаат дека има доволно педигре за водењето на Милан. Летниот преоден рок се ближи и како на играчкиот план така и на тренерски, а нема да биде помалку возбудливо. |
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
![]() |
|||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Многу чудна желба на раководството на Челзи,покрај толку квалитетни напаѓачи,сакаат да го ангажираат Ибрахимовиќ? Ибрахимовиќ го одби Челзи
![]() Италијанскиот спортски дневник тврди дека Ибрахимовиќ се подготвува да се пресели во Барселона, но условите кои ги наведува за остварување на ова се неверојатни. Неофицијално, би требало да дојде до размена на напаѓачите при што на местото на Швеѓанецот на Џузепе Меаца би се преселил Самуел Ето, а Барселона притоа би платила дополнителни 70 милиони евра (!?). Камерунецот и лани беше на трансфер-листата на Барселона, но оваа сезона е најдобар стрелец во тимот и се уште најдобар во првенството, па тешко дека раководството на клубот сега ќе одлучи да го продаде. Според некои италијански медиуми, Ибрахимовиќ веќе преговарал со претставници на Барселона и дури прифатил да потпише за помала плата од онаа што сега ја добива во Интер (девет милиони евра по сезона). |
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
![]() |
|||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Бори се за својата слобода!
![]() "Ова е бизарна ситуација бидејќи фудбалерот е врзан со правна особа, а не за фудбалски клуб. Во правна смисла, Тевез има важечки договор со компанијата. Но доколку реши да излезе пред Европската комисија и побара ослободување од обврската, европските закони ќе му помогнат во тоа. Тевез има потпишано работен договор, а европските закони јасно говорат дека работодавачот не може да го задржи работникот ако тој сака да си замине. Поради тоа, Тевез има право да го раскине својот договор", изјави Харис. Таков расплет радикално ќе му ја смали трансфер цената, која ќе биде далеку поприфатлива за неговиот сегашен клуб Манчестер Јунајтед. Колку за потсетување, за откуп на договорот агенцијата МСИ бара сума од 25 до 32 милиони фунти оштета. На тој начин Јунајтед и тренерот Алекс Фергусон секако ќе пробаат да го задржат Тевез. Аргентинецот засега не чуствува морално право да ја раскине соработката со компанијата која е заслужна за неговиот фудбалски развој. Неговиот менаџер изјави дека продолжувањето на кариерата на Тевез зависи од самиот фудбалер. "Не се во прашање парите, туку се работи за желбата на Тевез и неговата фамилија. Тоа го покажува фактот дека одбивме неколку извонредно добри понуди", рече иранскиот менаџер. Дека 25-годишниот Аргентинец не сака да си замине од Англија и од Манчестер Јунајтед, покажуваат и најновите информации кои говорат дека тој одбил феноменална понуда од 40 милиони фунти од Реал Мадрид. |
|||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|||||
![]() |
|||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
БиХ и Полска пред исфрлање од квалификациите
ФИФА ги предупреди Босна и Херцеговина и Полска дека може да бидат исфрлени од квалификациите за Светското првенство во 2010 година ако навивачите на овие две репрезентации направат нови хулигански испади. Федерациите на овие две земји се парично казнети, БиХ со 33, а Полска со 16 илјади евра поради инцидентите кои се случија на квалификациските натпревари на 28 март. Фудбалската федерација на БиХ е казнета поради тоа што навивачите против Белгија во Генк на теренот фрлија околу 50 факели, што резултираше со осумминутен прекин на натпреварот. Истиот ден полските љубители на фудбалот со факели ги гаѓаа полицајците на натпреварот против Северна Ирска во Белфаст. Парична казна доби и Фудбалската федерација на Грција затоа што нејзините навивачи на дуелот против Израел на 1 април со ласери ги попречувале фудбалерите на гостинскиот тим, а имале истакнато и транспаренти со политичка содржина. |
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
![]() |
|||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Фиго објави повлекување од фудбалот
Откако стана јасно дека Интер ја одбрани титулата шампион на Италија, Луис Фиго, објави дека ќе ја заврши играчката кариера. 36-годишниот Португалец изјави дека ова е најдобриот момент да престане да игра и тоа по 20 години минати во Спортинг, Барселона, Реал и Интер. „Освоив уште една титула, иако не играв. Мислам дека постигнав доста во фудбалот и време е за повлекување. Можеби би можел да играм уште една сезона некаде надвор од Европа, но се сомневам дека такво нешто ќе се случи“, изјави Фиго. Португалецот ќе остане запаметен како фудбалер кој во2 001 година ја понесе наградата за најдобар играч на светото во традиционалниот избор на ФИФА. ![]() Луис Фиго |
|||||
|
|||||
![]() |
|||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Барселона ја бара титулата од 1937 годинаФудбалскиот клуб Барселона објави дека официјално ќе побара од Федерацијата (РФЕФ) да му биде призната титулата освоена во 1937 година. Клубот од Ноу Камп таа сезона се натпреварувал во лигата на тогашна републиканска Шпанија. Истата година, за време на граѓанската војна во Шпанија, осум екипи играле во лигата на Слободна Шпанија. Барселона го завршила натпреварувањето на првото место со бод повеќе од градскиот ривал Еспањол, но титулата никогаш не и била призната и не и не ја пишува никаде. Поради граѓанската војна, од 1936 до 1939 година фудбалското првенство како воопшто да не се играло. "Барселона може и мора да ја бара титулата што ја освои таа сезона. Детално го проучуваме целиот случај, но наскоро треба да повлечеме конкретни потези", порача претседателот на клубот Хоан Лапорта. Покрај Барселона, во лигата на Слободна Шпанија во 1937 година играле уште Еспањол, Гирона, Валенсија, Леванте, Гимнастик, Гранољерс и Кастељон. Прв пат, тоа прашање стана актуелно во септември 2007 година кога Комисијата за спорт и образованите на парламентот му предложил на РФЕФ да ги усвои резултатите од 1937 година како официјални. Ако Федерацијата го прифати овој предлог, Барселона ќе има вкупно 19 титули во шпанското првенство. |
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
![]() |
|||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Един Џеко, напаѓачот на Волфзбург и еден од „виновниците“ за првото место на „Волците“ во Бундеслигата, го даде своето прво интервју за италијанскиот спортски дневник „Кориело дело Спорт“. „Знам дека Челзи ме сака во своите редови и дека луѓето од лондонскиот клуб веќе разговараа со мојот агент и тимот на Волфзбург. Но, уште е прерано да се говори за летниот преоден рок.“ - изјави 23-годишниот напаѓач за римскиот дневник откривајќи: „Сепак, мојот сон е да заиграм во Серија А, и тоа во Милан или Јувентус.“ Џеко, кој головите ги постигнува со ретко видена леснота, сезонава „експлодира“ од голови на 25 пати запишувајќи се во листата на стрелците. Уште четири додаде во Купот на УЕФА, и уште шест во Германскиот Куп. Во текот на сезонава исто така во 12 наврати беше асистент на гол, од кои во десет наврати во Бундеслигата, докажувајќи дека не е класичен напаѓач - егоист. Досега интерес за него покажаа уште и Тотенхем, Баерн Минхен и Арсенал. Цената на Џеко моментално варира меѓу вртоглави 20 милиони евра. |
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
![]() |
|||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
|
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
![]() |
|||||
Biolica ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 808 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Najgolema vest e deka gubreto Anchelotti koj mi go zagorchi zivotot posledenive godini konecno si bega od Milan
![]() ![]() |
|||||
![]() |
|||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Мијатовиќ го напушта Реал
Спортскиот директор на Реал Мадрид Предраг Мијатовиќ постигнал договор да го раскине договорот една година пред истекот на рокот, објави денеска шпанскиот прволигаш. Мијатовиќ имаше договор до крајот на идната сезона, но се очекуваше дека поранешниот играч на Реал и репрезентативец на Југославија ќе си оди по заминувањето на поранешниот претседател Рамон Калдерон поради афера со местење на гласањето. Покрај тоа, спортскиот директор беше и мета на критики затоа што наводно не успеал да донесе „звучни“ засилувања. Мијатовиќ во посебно соопштение на сајтот на клубот навел дека е „вистинско време за заминување“, бидејќи изборите за претседател се закажани за 14. јуни. Тој навел дека двете домашни титули и шпанскиот Суперкуп се позитивен учинок во текот на неговиот тригодишен мандат. ![]() Предраг Мијатовиќ |
|||||
|
|||||
![]() |
|||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
ЗАМИНУВАМ!!!
![]() "Заминувам од Лацио. По 5 години минати тука, во Рим, дојде време да се сменат клупските бои. Потребен е нов предизвик и тоа е нормална работа во кариерата на секој фудбалер. Јас го сакам Лацио но мислам дека ми треба некој поголем предизвик", се зборовите на Пандев, кој заедно со неговите менаџери и управата на клубот од Рим одлучија: "Имав отворен разговор со претседателот Лотито. Тоа беше пред два дена кога му кажав дека мојата одлука е да го напушатм клубот. И самиот е свесен дека тоа е најдоброто решение во овој момент. Не сакам да си одам по секоја цена и затоа му понудив на клубот да преговара со сите понуди кои се на мојата адреса и Лацио да заработи од моето заминување. Сакам да му се оддолжам на клубот преку кој стигнав до ова што сум сега. Според правилата на ФИФА, можам летово да го откупам договорот и да заминам од Лацио за мали пари, но јас сакам коректна разделба и затоа мојот сегашен клуб ќе треба да добие добра цифра од моето заминување". Лацио денеска го игра последниот меч на домашен терен во Серија А ова сезона. Тоа ќе биде и последното танго за нашиот најдобар фудбалер на "Олимпико". Последната понуда која стигна на адресата на Пандев е онаа од Тотенхем. Многу фактори укажуваат дека токму клубот од Лондон ќе биде новата дестинација за Пандев. Англичаните понудија сума од 16.000.000 фунти и тоа е бројка која во моментов е најголема од сите екипи кои пројавија интерес за потписот за најдобриот фудбалер на Македонија. "Понудата од Тотенхем е конкретна, но не е единствена. Има неколку клубови и сите тие се за респект. Ќе треба во текот на наредниве неколку дена добро да се размисли и да се одбере најдобрата понуда. Сакам да одам во Англија, во силен тим и во екипа каде ќе имам голема минутажа. Парите не се секогаш во преден план. Тоа мислам дека го докажав во последните 5 сезони играјќи во дресот на Лацио. Пак ќе речам дека треба добро да се размисли, но добро е тоа што имам добар избор", појаснува Пандев. Зошто Тотенхем!? Затоа што менаџерот Хери Реднап прв отворено кажа дека Пандев е неговата главна трансферна цел за ова лето. Овој клуб понуди најмногу пари и од таа бројка сите добро ќе заработат. Почнувајќи од фудбалерот па се до неговиот сегашен клуб Лацио. Тотенхем веќе почна да прави место за Пандев со најавите дека од клубот летово заминуваат напаѓачите Павличенко и Бент. Сепак, ова не е крајната одлука. Следат денови на преговарања, одлагања... Малку европски екипи можат да конк*рираат и да влезат во трка кога по еден играч ќе тргне клуб од Англија. Тотенхем може да има проблем само од Челзи, Арсенал и Ливерпул, кои исто така имаат интерес за фудбалерот на Лацио. |
|||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|||||
![]() |
|||||
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Меси ги одби ’милијардерите’
|
|||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||||
![]() |
|||||
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Адебајор во Милано, но каде? |
|
|
|||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1819202122 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |