|
ОТКАЖАА КОМПЈУТЕРИТЕ НА ВЛAДИНИОТ АВИОН |
Внеси реплика | страница <1 45678> |
Автор | ||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Море луѓе, какви дефекти, какви црни сценарија за заговори? Што ве гледам смешни! Па зарем не сфаќате дека македонското воздухопловство на перфиден начин сака да им докаже на европјаниве (но и на американците) дека и ние располагаме со стелт технологија! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
"Ова не е првпат владиниот авион да биде принудно приземјен. Во јуни 2007 година тој откажа половина час по полетувањето од скопскиот аеродром Александар Велики кон Брисел, а во авионот беше премиерот Груевски. По ова Лирџет 60 беше вратен на скопскиот аеродром, а премиерот замина во Брисел со комерцијален лет. Неполн месец претходно и тогашниот министер за одбрана, Лазар Еленовски, имаше проблеми со летот. На пат од Брисел кон Скопје, авионот со кој леташе Еленовски мораше принудно да слета во Минхен, затоа што откажа генераторот. Груевски имаше проблем со авионот и во времето кога беше министер за финансии. По полетувањето на авионот Лирџет 25 од Виенскиот аеродром каде полнел гориво за летот до Лондон, пилотите биле известени дека на пистата се забележани остатоци од гумите. По ова авионот на Груевски два часа кружел над виенскиот аеродром да го потроши горивото пред да се приземји.
Сепак, најлош инцидент имаше поранешниот претседател Борис Трајковски, кој настрада во авионската несреќа со владиниот Кингер во близина на Мостар."
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Колега бе Така викаат пилотите, јас не можам да измислам такво нешто, од проста причина што за мене техника, технологија и електроника се шпански села |
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
?!,...go popravija li?,...nema da bide losho ,..i tie da se kachat,...koga ke se testira,...popravkata,..
|
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Авиончето се издавало и под кирија, односно на приватни лица
Кој нормален го правел тоа? За колку пари? И зошто? |
||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Znachi poveke zijan otkolku k'ar.
|
||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како и зошто се случи вчерашната драма над Брисел!?
Коментари (1) 15.05.2009 13:48 Кога авионот бил на 1.800 метри надморска височина во кабината на пилотите се слушнале зборовите „Не ве гледаме“ Вистинска драма се случувала вчера на небото над Брисел. Александар Дрогрешки, со 30 годишно летачко искуство, и Александар Алаѓозовски, кој 25 години управува со летала, и двајцата воздухопловни капетани и инструктори, се новите македонски херои кои со своите умешност, искуство и присебност, не дозволија во Брисел да се случи она најлошото, од типот на несреќата на на ваков ист тип на авион, која се случи во Соединетите Американски Држави, при која животот го загубија сите патници и членовите на екипажот. Целата драма траела 20-ина минути. Авионот во кој се возеле претседателот на Владата на Р. Македонија, Никола Груевски, шефот на неговиот кабинет Мартин Протоѓер, двајца членови на владиното обезбедување, двајцата пилоти, и еден авиоинженер, полетал од бриселскиот аеродром во 12 часот и 30 минути. Според се уште непотврдени информации, кога авионот достигнал височина од 6000 стапки(feets) или околу 1.800 метри надморска височина, или по само 5 минути од кога полетал, во кабината на пилотите се слушнале зборовите „Не ве гледаме“. Контролорите на летање од Брисел ги известиле македонските пилоти дека владиниот авион не е видлив за бриселскиот радар. Во исто време од пилотите било побарано да го вклучат авионскиот транспондер, или да проверат дали тој е во функција. Транспондер-от во суштина е еден вид на радар(уред) преку кој контролата на летање од земја има увид во движењето, висината и позицијата на авионот во воздух, и кој истовремено овозможува авионската посада на авионот во воздух да има преглед и увид во движењето, позицијата и летањето на останатите авиони кои вршат сообраќај на небото. Пилотите биле вчудоневидени од она што им го кажала контролата на летање и сфатиле дека со авионот нешто не е во ред. Тогаш започнала целата драма, во која дознаваме дека од сите присутни патници во авионот, покрај крајно непријатното чувство, била искажана присебност и не бил демонстриран никаков знак на панично однесување. Се размислувало и за продолжувањето на летот кон Париз По добивањето на сознанието, пилотите, по процедура, почнале со проверка на сите инструменти во авионската кабина. По соодветната check-листа почнале да ги проверуваат сите параметри за функциите на авионот. При проверката на првиот параметар, пилотите забележале дека инструментите фиктивно даваат податоци дека авионот е на земја, а не во лет, по што констатирале дека најверојатно се работи за дефект на електронско-компјутерскиот систем и веднаш ја известиле бриселската контрола. Дознаваме дека се размислувало и за продолжувањето на летот кон Париз (каде што премиерот Груевски требаше да има средба со францускиот претседател Саркози), но пилотите на македонскиот авион предупредиле дека во кабината притисокот не е во нормала, што би можело да создаде проблем при евентуално продолжување на летот, затоа што заради проблемите со притисокот се јавувала опасност од неможност за подигнување на авионот на поголема височина и неможност, во евентуална ситуација, за прелетување на ниските облаци. По сознанието дека транспондер-от не функционира, париските воздухопловни власти побарале авионот да слета на местото од каде што и полетал - во Брисел. По ова пилотите побарале, спуштањето на авионот на бриселскиот аеродром да биде направено по процедура на радарско наведување, при што усмено биле водени од страна на, исто така присебните, белгиски контролори. Тие усмено ја известувале посадата на македонскиот авион на која висина моментално се наоѓа владиниот ЛИРЏЕТ, како и за која висина треба да се спушти во првиот момент, како да се спушти на втора позиција, и се така додека пистата на аеродромот не била видлива за пилотите со голо око, по што авионот бил приземјен на пистата. На тој начин драмата завршила со среќен крај. По ова владиниот авион бил лоциран во хангар во делот од бриселскиот аеродром наречен Hendler (дел од аеродромот наменет за бизнис авион со име Абелак), и веднаш било пристапено кон инспекциски надзор за утврдување на видот и причините за дефектот. Премиерот Груевски и останатите патници, дознаваме, се чувствувале добро и веднаш, со воз, се упатиле кон Франција. Францускиот претседател Никола Саркози излегол во пресрет на македонскиот премиер и се согласил средбата да биде презакажана за денеска во 16 часот. Дознаваме исто така дека на пилотите, им била од голема помош, обуката која владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) им ја овозможила во Соединетите Американски Држави, при која Дрогрешки и Алаѓозовски од страна на американски инструктори биле обучени за реагирање во ваков вид на ситуации, односно кризни ситуации при кои пилотите се приморани да го приземјат својот авион без никаква логистика од компјутерските системи кои се наоѓаат во кабината. Неофицијално се работи за дефект на squod switch системот МИА неофицијално дознава, дека се работи за дефект на squod switch системот, систем кој активира и ја регулира работата на 18 инструменти во авионот (меѓу кои е и транспондер-от) кои даваат податоци како што се висина на летање, к*рс на летање на авионот, брзина на летање, светла, време на летање (flaing time), работата на моторите и други податоци од значење за летот и леталото. Дознаваме дека, соодветно на европските процедури за летање и реагирање во кризни ситуации, до македонската Агенција за цивилно воздухопловство (АЦВ), од страна операторот од Брисел, е доставен технички лог со впишан дефект, работен налог и сертификати. Во согласност со меѓународните стандарди, операторот ја известува Агенцијата на земјата во кое е регистрирано леталото (во овој случај АЦВ на Република Македонија), а официјален сервисер од EASA известува за случени инциденти иницијално веднаш, а во рок од 72 часа со целосен извештај и комплетна документација. Според истите стандарди, во зависност од сериозноста на инцидентот се формира комисија која испитува и дава препораки. Неофицијално дознаваме дека најверојатно комисијата ќе биде формирана, за да се утврдат причините за откажувањето на авионските системи. МИА, од извори во СОЗР, дознава дека редовната процедура на Службата е на секои 300 часа летање, авионите да се праќаат на редовна контрола и сервис во Нирнберг, Сојузна Република Германија, нешто што редовно е правено. На секои 150 часа летање, во Скопје со помош на специјализиран апарат се врши преглед на авионот, но само преглед, бидејќи согласно договорот кој СОЗР го има потпишано со Нирнбершкиот сервис, најстрого е забрането да се врши каква било активност, што значи посуштински контакт со електрониката и компјутеристиката во авионот, процедура до која СОЗР буквално се придржувала. СОЗР редовно ги испраќа своите пилоти на обуки во Далас (САД), а од блиско минато македонските пилоти почнале обуки и во Амстердам каде, согласно со утврдена динамика, по 2 члена на авионската посадата, периодично се подложени на обука за стекнување на знаења од областа на правилата за летање на Европската Унија. Владиниот ЛИРЏЕТ ги има сите потребни сертификати за лет и прелет во земјите од Европската Унија и ги исполнува сите стандарди за летови, кои се задолжителни за воздушната пловидба. Останува да ги почекаме официјалните резултати од инспекцискиот надзор, од кои се очекува да се утврди фактичката состојба. Владиниот авион од 1 до 9 мај беше на редовен сервис. Владата го набави во 2005, за сума од околу 10 милиони евра, од канадската компанија Bombardier. Инаку, премиерот Груевски и неговата делегација од Париз во Скопје ќе се врати доцна вечерва, со комерцијален лет. Извор А1... Го пастувам целиот текст за да им одадам почит на пилотите... Кои го спуштија авионот безбедно... Вакво нешто да се случеше со некој Американски авион Пилотите ќе беа прогласени за херои и за нив ќе се снимаше фил... Жал ми е што иронија на поединци не однесе на сосема спротивна страна...дури и дотаму да некој жалеа што не се случила несреќа... Туку нејсе малодушност ми е позната, затоа лично на овој настан ќе му обрнам внимание од моја гледна точка ... А тоа е Храброста, Знаењето , Умешноста и Прибраноста на пилотите... Секоја чест дечки... |
||
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
E stvarno nemozam da poveruvam i jas cuv na vesti. Abe ovie od sdsm neznam veke kako da gi narecam...
Sto mislite koj e kriv za atentatot na pretsedatelot Boris Trajkovski a? Kolku dobar pretsedatel bese toj...mi bese zal za nego A sreka golema e sto premierot Nikola Gruevski se spasil golema sreka i za nego i za Makedonija! A sdsmOvcite nemaat popametna rabota od pravenje atentati a? ccc sramota! |
||
OUST
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6653 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Може СДСМ се криви и за светската економска криза Аман бре послушни партиски војници, не мора да значи дека за се што им се случува на ДПМНЕ криви се СДСМ и обратно!!! Веќе ми е преку глава и од тие и од тие |
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
,..bog da chuva!( i da brani !),...kakvi se gluposti nema da "chuesh" ovde,...
|
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pa sdsm se za se krivi potocno za site neubavi raboti vo drzavata dodeka oni bea na vlast! I ima i nesto vo koe se najdobri a toa e---KRIMINALOT! E tuka na sdsm im simnuvam kapa
|
||
OUST
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6653 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Добро Важна познати ни се твоите ставови, не мора постојано да не потсетуваш чиј потрчко си |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ВАЖНА, ќе те пратиме тебе во комисијата да им кажеш на луѓето да не се мачат џабе да бараат причини за дефектот, штом знаеш, а што викаш?
Дајте воздржете се од вакви непромислени “заклучоци“ и кафеански муабети. Ќе се испита случајот, ќе се најде веројатно што и зошто се случило, а до тогаш не е убаво да се шпекулира и да се фрла вина од памет. |
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
na ova vmro-ovcive,..nishto ne mozesh da im dokazesh ili pokazesh,....isto kako i na bogovozljubenite,..samo krekaat ....gospod pa..sds...,...gospod!,..nema drugo,..pa, sega ,..videte vo chiirace ste ja stavile drzavata,..
|
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Внеси реплика | страница <1 45678> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |