Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Март.2009 во 09:43 |
Свети Тарасиј, патријарх Цариградски
Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти престолот,
отиде во манастир и прими схима. Тогаш владееја Ирина и Константин. Во
783 година, според советот на Павле, за патријарх беше избран царскиот
советник и сенатор Тарасиј. Брзо ги помина сите црковни чинови и стана
патријарх. Човек со високо образование и голема ревност во
православната вера. Овој чин го прими неволно, но во име на победата на
Православието над ересите, особено над иконоборството. Под него беше
свикан Седмиот Вселенски Собор во Никеја во 787 година, каде што ереста
беше осудена, а се врати и се утврди почитувањето на Светите икони.
Тарасиј беше многу милостив кон сиромашните и кон бедните, им правеше
засолништа и им даваше храна. Но кон силните беше одлучен во одбрана на
верата и моралот. Кога царот Константин ја избрка својата законска жена
Марија и зеде некоја своја роднина па живееше со неа барајќи од
патријархот благослов да се венча, Свети Тарасиј не само што не му даде
благослов туку најпрво го посоветува, потоа го изобличи и најпосле го
одлачи од Причест. Пред срмтта го видоа како им одговара на демоните:
„Не сум виновен за тој грев! Не сум виновен ни за тој грев!...“ Така сѐ
дури не му изнемоште јазикот, па почна да се брани со рацете и да ги
изгонува демоните. Кога издивна лицето му заблеска како во сончева
светлина. Овој вистински јерарх се упокои во 806 година. Со Црквата
управуваше дваесет и две години и четири месеци.
Преподобен Пафнутиј Кефалас
Му беше современик на Св. Антониј Велики. За него се вели дека
осумдесет години носел едно исто расо. Свети Антониј многу го ценел и
на сите им велел дека овој преподобен Пафнутиј е вистински подвижник,
кој умее да лечи и да спасува души.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Март.2009 во 07:53 |
Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск
Му беа
другари на Св. Теодор Тирон. Кога славниот Теодор славно и умре, тие
останаа во затворот после него и уште долго не беа осудени, зашто се
обавуваше смената на царскиот намесник во градот Амесија. Кога стигна
новиот намесник, уште понечовечен од својот претходник, нареди и му ги
изведоа овие тројца. Сите беа млади, Клеоник и Евтропиј беа родени
браќа, а Василиск му беше роднина на Св. Теодор. Но според братската
љубов меѓу нив како да беа тројца браќа. Така му рекоа и на намесникот:
„Како што Света Троица е неделлива така и ние сме неделливи во верата и
неразлачни во љубовта“. Сите ласкања на намесникот и сите обиди да го
поткупи Евтропиј беа залудни. Тој прво го покани Евтропиј на вечера, но
Евтропиј го одби со зборовите на Псалмот: „Блажен е оној човек кој не
оди на совет безбожнички“ (Пс. 1, 1). Потоа намесникот му понуди и
огромно богатство - сто и педесет литри сребро - но Евтропиј и за ова
го одби потсетувајќи го дека Јуда за сребро си ја изгуби душата. После
сите обиди, малтретирања и мачења Евтропиј и Клеоник беа осудени на
смрт со распетие, а Василиск го убија со меч. Му благодареа на Бога
Којшто ги удостои да заминат во радоста на Неговото Царство, во кое му
тргнаа во пресрет на својот војвода Св. Теодор, прославен од Христа,
Господ и Победникот. Чесно пострадаа во 308 година.
Света Пијамука Мисирска
Заради Христа не сакаше да
се мажи, а се предаде на подвижнички живот во домот на својата мајка.
Земаше само малку храна, и тоа секој втор ден, а времето го минуваше во
молитва и созерцание. Се удостои со дар на проѕорливост. Мирно се
упокои предавајќи Му ја душата на својот Женик Христос, околу 377
година.
Светата непозната девојка
Од богата куќа во
Александрија. Имаше добар татко, кој претрпе многу и заврши лошо, а
мајка ѝ беше зла, добро поживеа и умре во мир, погребана во почести. Во
недоумение дали да живее според примерот на нејзиниот татко или по
примерот на мајка ѝ, оваа девица доживеа видение во кое ѝ беше откриен
уделот на секој од нејзините родители во оној свет. Својот татко го
виде во Царството Божјо, а мајка си во темнина и мака. Тоа ја определи
сиот свој живот да Му го посвети на Бога и слично на нејзиниот татко да
се држи за заповедите Господови, без оглед на противењата и неволјите
што треба да ги претрпи. И таа докрај ги запази Христовите заповеди и
со Божја помош се удостои со Небесното Царство, во кое повторно го
пронајде својот богољубив татко.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Март.2009 во 08:31 |
Светите Четириесет и двајца маченици од Амореја
Сите
беа војводи на византискиот цар Теофил. Кога царот Теофил ја изгуби
битката со Сарацените околу градот Амореја, Сарацените го зазедоа
градот, заробија многумина христијани, меѓу кои и овие војводи.
Останатите христијани или ги убија или ги продадоа во ропство, а
војводите ги фрлија во затвор, каде прележаа седум години. Повеќепати
доаѓаа муслиманските првенци и ги советуваа да ја примат мухамеданската
вера, но војводите не сакаа ни да чујат. Кога Сарацените им велеа дека
Мухамед е вистински пророк а не Христос, војводите ги запрашаа: „Ако
двајца се препираат за една нива, па едниот рече моја е, а другиот не,
туку моја е, а притоа едниот од нив има многубројни сведоци, другиот
пак нема ниту еден освен себеси, што би рекле вие, чија е онаа нива?“
Сарацените одговорија: „Навистина, на оној којшто има многубројни
сведоци“. „Право пресудивте“, им одговорија војводите. „Така е и со
Христос и Мухамед. Христос има многубројни сведоци - старите Пророци,
коишто и вие ги признавате, а тие сите од Мојсеј до Јован Предвесник
сведочат за Него, а Мухамед самиот за себе сведочи дека е пророк и нема
ниту еден сведок“. Сарацените се засрамија, но повторно се обидоа да ја
бранат својата вера на овој начин: „Дека нашата вера е подобра од
христијанската се гледа по тоа што Бог нам ни даде победа над вас и ни
ги даде најдобрите земји во светот и царство многу поголемо до
христијанското“. На тоа војводите одговорија: „Кога би било така тогаш
и египетското и вавилонското и елинското и римското идолопоклонство би
биле вистинити вери, зашто во различни времиња секој од овие народи ги
победуваше останатите и владееше над нив. Очигледно е дека вашата
победа и силата и богатството не ја докажуваат вистинитоста на вашата
вера. А ние знаеме дека Бог некогаш им дава победа на христијаните, а
некогаш допушта над нив маки и страдања за да ги исправи и приведе кон
покајание и очистување од гревовите“. После седум години, во 845
година, војводите завршија со смрт под меч. Нивните тела ги фрлија во
реката Еуфрат, но испливаа на другиот брег, каде што христијаните ги
зедоа и чесно ги погребаа.
Блажениот Јов
Роден е во Москва во 1635 година. Кон
Црквата го привлекоа црковното пеење и богослужбите. Му стана духовник
на царот Петар Велики, но заради некоја клевета се оддалечи во
Соловецкиот манастир, каде што тврдо се подвизуваше. Се упокои во
Господ во 1720 година во својата осумдесет и петта година. Пред смртта
возвикна: „Благословен е Бог на нашите Отци! А кога е така не се плашам
и со радост заминувам од овој свет.“
Светите маченици Конон таткото и Конон синот
Таткото
беше веќе старец, а синот момче на седумнаесет години. Во времето на
Дометијан за верата во Христа нив ги истругаа со бичкија и тогаш се
прославија среде земната и небесната Црква. Чесно пострадаа во 275
година
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Март.2009 во 20:24 |
Светиот маченик Кодрат Коринтски и другите со него
За време на гонењето на христијаните многумина верни се разбегаа по
планините и по пештерите. Така направи и мајката на овој Кодрат. Но
токму во тоа време беше бремена, па во шумата го роди Кодрат и наскоро
умре. По Божја Промисла и чуван од ангелот чувар, хранет и воден,
Кодрат порасна во осаменост во природата. Оној Кој му даваше манна од
небото на Израилот во пустината, му пушташе и на младенецот Кодрат
слатка роса од облаците на усните. Кога имаше дванаесет години тој
слезе в град и таму едни добри луѓе го засакаа и го дадоа да учи. Тој
ја изучи лекарската вештина и ги лечеше болните колку со природните
лекови толку, но и уште повеќе, со молитвата на која се привикна од
детството. Кога настана ново гонење под Декиј, Кодрат беше изведен на
суд и фрлен во затвор. Нему му се придружија и петмина негови другари и
го исповедаа името Христово. Тие беа Кипријан, Дионисиј, Анект, Павле и
Крискент. Незнабожците ги влечеа по улиците и, особено нивните деца, ги
биеја со стапови и со камења дури не ги одвлекоа до губилиштето.
Мачениците Му се помолија на Бога, па беа обезглавени. На тоа место
изби извор со вода, којшто и денес го носи името Кодратов и потсетува
на херојската смрт за Христа на овие шесточисленици. Пострадаа чесно за
вистината во 250 година во Коринт, во времето на царот Декиј и неговиот
намесник Јасон.
Светиот маченик Кодрат Никомидиски
Беше богаташ и благородник, а уверен и крстен христијанин. Во времето
на гонењето на Валеријан, кога мнозина христијани беа затворени, Кодрат
ги потплатуваше затворските власти и влегуваше по затворите, им носеше
потребни намирници на заробените и ги утврдуваше во верата. Кога беа
изведени пред судијата и прашани за името, татковината и статусот, тие
молчеа. Тогаш зад нив се појави Кодрат кој извика на сиот глас:
„Христијани сме по име, благодарни слуги на Господ Исус Христос, а град
и татковина ни е небото“. После оваа изјава го подложија на суд и по
долги маки го убија заедно со другите.
Преподобната мајка Анастасија
Патриција и дама на дворецот на царот Јустинијан. Кога остана вдовица и
виде дека царицата Теодора не ја поднесува, таа ненадејно се изгуби од
Цариград и се најде во Мисирската пустина. Прочуениот духовник авва
Данило ја потстрижа во ангелски образ и ја објави како монах Анастасиј
евнух. Ова беше според нејзината желба, за полесно како жена да се
спаси под машки лик, а и за да се сокрие од царевото трагање по неа.
Потоа се затвори во тесна келија и во неа помина дваесет и осум години.
Се упокои во 563 година. Пред нејзината смрт авва Данило ѝ го виде лицето светло како сонце.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Април.2009 во 23:45 |
Преподобен Кирил, епископ Катански во Сицилија
Родум од Антиохија и ученик на апостолот Петар. Добро управуваше со
Христовото стадо. Имаше и дар на чудотворство преку молитвата. Така
еднаш претвори горчлива вода во питка, бидејќи беше суша и наоколу
немаше друга за пиење. Мирно се упокои.
Преподобен Серапион
Другар на Св. Антониј Велики. Во Нитриската пустина беше настојател на
т.н. Антиохиски манастири, во кои имаше околу единаесет илјади монаси.
Паладиј и Созомен го нарекуваат Велик. Се упокои околу 366 година.
Пишуваше Свети Серапион: „Не мисли дека болеста е тешка, тежок е само
гревот. Болеста нѐ следи само до гробот, а гревот останува со грешникот и потоа“.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Април.2009 во 09:46 |
Светата маченичка Матрона
Како сиромашна девојка беше слугинка во куќата на еден Евреин во Солун. Жената на Евреинот постојано ѝ
се потсмеваше за нејзината вера во Христа и ја наговараше да се одрече
од Него, а да оди во синагогата. Но кротката Матрона ништо не ѝ
одговараше на својата госпоѓа, а тајно Му се молеше на Господ Христос.
Еднаш Еврејката дозна дека кришум од неа Матрона отишла в црква, па
сета во гнев ја запраша зошто не отишла во синагогата туку в црква.
Матрона ѝ одговори: „Затоа што во
христијанската црква живее Бог, а од еврејската синагога Он отстапи“.
Бесна заради овој мажествен одговор Еврејката ја натепа и ја затвори во
една темна одаја, а уште и ја врза. Но утредента ја најде одврзана со
Божјата сила како клечи на молитва и Го фали Бога. По ова уште на
двапати Еврејката ја затвараше и ја мореше со глад додека слугинката не
ја испушти душата. Тогаш нечестивата жена го зеде телото на Светата
девојка и од високо од нејзината куќа го фрли на земја. Христијаните го
зедоа телото и чесно го погребаа, а кога епископот Александар ги дозна
многубројните чуда на Светата маченичка, на нејзиниот гроб подигна
црква. Злобната Еврејка наскоро ја постигна праведна казна: од истото
место на куќата од коешто го фрли долу телото на Св. Матрона, таа се
лизна, падна на калдрмата и намртво се разби.
Преподобен Јован Проѕорлив
До неговата дваесет и петта година беше дрводелец, а потоа гонет од
неодоллива желба за постојана молитва се оддалечи во пустина и таму
поживеа до својата смрт, т.е. до деведесеттата година. Телесен но како
бестелесен. Проѕираше во срцето на секој човек што ќе му се приближеше
и можеше да му го погоди и името и неговата желба и мисла. На царот
Теодосиј му го прорекуваше исходот на битките; им прорекуваше на
војводите, монасите и на секого којшто имаше потреба да дознае што се
крие во темнината на идните денови за него. Еден кнез го молеше да ја
прими неговата жена, која особено сакаше да го види. Светителот не
сакаше да ѝ удоволи на празната љубопитност, туку во сон ѝ се јави на кнегињата таков каков што е. Кога жената му го опиша на мажот нејзиното видение, тој ѝ
потврди дека ликот на Светителот е навистина таков. Своите посетители
ги поучуваше за смирението како за основна добродетел, секогаш
наведувајќи примери од животот како многубројни возвишени карактери
гордоста ги урнала во прав, а ги навела на тешки гревови. Самиот издржа
големи напади од демоните. Еднаш му се јави сатаната со множество
демони во вид на сјајни ангели. Тие го гонеа да му се поклони на
сатаната, мамејќи дека тоа е Христос. А светителот мудро им одговори:
„На Царот мој Исус Христос јас Му се поклонувам секој ден; да беше ова
Тој немаше од мене особено да бара токму сега да Му се поклонам“. По
овие зборови целата зла сила исчезна како чад. Св. Јован Проѕорлив се
упокои мирно коленичејќи на молитва, во неговата деведесетта година.
Преподобен Пафнутиј
Ученик на Св. Антониј Велики. Со светоста на животот многумина ги
обрати на патот на покајанието. Една од нив е и Св. Таиса (под 8
октомври). Повеќе личеше на бестелесен ангел одошто на телесен човек.
Се упокои на крајот од 4 век.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Април.2009 во 11:24 |
Преподобен Јосиф Песнописец
Роден
е во Сицилија од благочестиви и добродетелни родители, Плотин и
Агатија. По смртта на родителите премина во Солун, каде што се
замонаши. Како монах на сите им беше пример во постот, во крајната
воздржливост, непрестајната молитва и псалмопеење, бдеењето и
трудољубивоста. Солунскиот епископ го ракоположи за јеромонах. Кога
прочуениот Григориј Декаполит го посети Солун, од дното на срцето го
засака Јосиф заради неговиот редок карактер, па го зеде со себе во
својот манастир во Цариград. Кога повторно изби пламенот на
иконоборната ерес под Лав Ерменин, овој Јосиф беше испратен во Рим да
ги повика папата и римската Црква во борба за вистинската вера. Но
патем го фатија гусари и го одведоа на Крит, каде што еретиците шест
години го држеа во затвор. Светиот Јосиф се радуваше зашто се удостои
да пострада за Христа и непрестајно за ова Му благодареше на Бога
сметајќи ги како златни украси железните окови на своето тело. Шестата
година на Божиќното утро злочестивиот цар Лав беше убиен во црквата за
време на утрената. Во истиот тој час на Јосиф му се јави Св. Николај и
му рече: „Стани и следи ме!“ Тој се почувствува како подигнат во
воздухот и одеднаш се најде во Цариград. На неговото доаѓање му се
израдуваа сите правоверни. Им испеа канони и стихири на многумина
светители. Имаше дар на проѕорливост, заради што патријархот Фотиј го
постави за духовник и исповедник на свештенството, а го препорача како:
„Човек Божји, ангел во тело, отец на отците“. Во длабока старост Му го
предаде својот дух на Бога, Кому тој верно Му послужи. Се упокои мирно
во Господ на Велики Четврток 883 година.
Светата маченичка Фервута и нејзината сестра вдовица и нивната робинка
Во времето на персискиот цар Савориј беше погубен Светиот епископ
Симеон. Неговата сестра Фервута по желба на царицата ја зедоа во
дворецот. Но таа беше необично убава и затоа навалија многубројни
кандидати за женидба, меѓу кои имаше и незнабожечки гатачи и жреци.
Фервута ги одби сите и со ова предизвика против себеси голем гнев.
Бидејќи во тоа време се разболе царицата, гатачите му објаснија на
царот дека е отруена од Фервута, а на болната царица како лек ѝ
го препорачаа ова: Фервута, нејзината сестра и нивната робинка како
христијанки да се престругаат со бичкии, трите половини на нивните тела
да се состават на една страна, а другите три половини на друга, а
царицата да се протне меѓу нив. Царот се согласи со овој крволочен
предлог на гатарите. Фервута, нејзината сестра и нивната робинка
пострадаа за Христа во 343 година, со ваква смрт влегувајќи во
бесмртното царство на Господ Христос.
Преподобен Зосим
Монах на Јорданската обител во времето на царот Теодосиј Помладиот. Ја
пронајде, ја причести и ја погреба Св. Марија Египетска. Се упокои во
Господ во стотата година од животот, во 6 век.
Преподобниот маченик Никита
Родум е од Албанија, но со словенско потекло. Како светогорски монах
отиде во Серез и таму се препираше за верата со мулите. Не можејќи да
го надвладеат со докази, Турците го подложија на маки, во кои Свети
Никита Му ја предаде душата на Бога во 1808 година.
Велики Петок
На
Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус
Христос и Неговото слегување во адот. Ова е стожерна точка во
Страдалната седмица, тогаш Богочовекот Кој невино пострада за
спасението на човечкиот род ја стекна благодатта на искупувањето од
прародителскиот грев, со што се обезвласти владеењето на смртта и на
пеколот (демоните) над природата на човекот. (Попросто кажано, оттогаш
луѓето живеејќи богоугодно, очистувајќи ги своите срца од страстите,
повторно можат да стануваат слободни личности и како такви наследници
на рајот.) За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине
без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на
таговно сеќавање на настаните од она време. На Велики Петок тајниот
Христов ученик Јосиф од Ариматеја го измоли од Пилат мртвото тело на
невино распнатиот Господ Исус, а јудејскиот кнез Никодим којшто и
самиот тајно Го следеше Христовото Божествено учење, со смеса од смирна
и алој Му го подготви телото за погребение. Погребот е извршен во петок
пред Пасха, во свеж гроб во близината на Голгота (сопственост на Јосиф
од Ариматеја). Присутствувале само неколку луѓе. Долгата традиција на
споменувањето на овој ден го исполнила со вонредни богослужбени дејства
(ги изобразуваат настаните што се случија на Велики Петок: ова
започнува со утрената, којашто како бдение се служи уште вечерта во
Четвртокот, во која се објавува евангелската историја за страдањата и
смртта на Господ Исус Христос во дванаесет евангелија). Со оглед дека
на Велики Петок Богочовекот Исус Христос Му се принесе Себеси како
благодарствена и искупителна жртва на Бога Отецот во име на севкупната
човечка природа (човечкиот род), во Црквата не се служи Светата
Евхаристија, освен можеби литургијата на претходно осветени дарови. Во
аскетската книжевност, Светите отци особено се задржуваат на карактерот
на молитвата на Господ во Гетсиманската градина произнесена на Велики
петок, и ја покажуваат како извор, вдахновение и пример на она вонредно
животворно ’сеќавање на смртта’ што е преисполнето со безостатната
предаденост на Синот кон волјата на Бога Отецот.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Мај.2009 во 18:29 |
Светиот пророк Еремија
Роден 600
години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Ерусалим. Почна да
пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосија. Им
пророкуваше за покајание на царот и на неговите големци, на лажните
пророци и на свештениците и во времето на овој цар Јосија одвај си ја
спаси главата од убиствените раце на огорчените големци. На царот
Јоаким му прорече дека неговиот погреб ќе биде како погреб на магаре,
т. е. мртов ќе биде исфрлен надвор од Ерусалим и телото долго ќе му се
влечка по земјата непогребано. Заради ова Еремија беше фрлен во затвор.
Бидејќи во затворот не можеше да пишува, го повика Варух, којшто
застана покрај неговото затворско прозорче, а Пророкот почна да му
диктира. Кога му го прочитаа ова пророштво на царот, тој гневен ја фрли
хартијата во оган. Промислата Божја го спаси Еремија од затворот, а врз
Јоаким се исполни зборот на Пророкот. На царот Јехониј пак, му прорече
дека со целото семејство ќе биде одведен во Вавилон и дека ќе умре
таму, коешто наскоро и се случи. Под царот Седекија Еремија си стави
јарем на вратот и така одеше по градот Ерусалим, пророкувајќи го со тоа
падот на Ерусалим и ропството под јаремот на Вавилонците. На еврејските
робови во Вавилон им пишуваше да не се надеваат да се вратат во
Ерусалим, зашто ќе останат во Вавилон седумдесет години - така и беше.
Во долината Тотеф, под Ерусалим, каде што Евреите им принесуваа на
идолите деца како жртви, Еремија зеде здрав лонец во рацете, го скрши
пред народот, пророкувајќи ја брзата пропаст на Јудејското царство.
Наскоро Вавилонците го зазедоа Ерусалим, го убија царот Седекија, го
разорија и го ограбија градот, а огромен број Евреи беа заклани во
долината Тотеф, на местото каде што Пророкот го искрши оној лонец.
Еремија со левитите го зеде кивотот од храмот и го однесе на ридот
Нават - каде што умре Мојсеј - и овде го скри во една пештера. Огнот од
храмот пак, го скри во еден длабок бунар. Некои Евреи го принудија да
оди со нив во Египет, каде поживеа четири години, а потоа беше од
своите сонародници убиен со камења. На Мисирците им прорече дека
идолите ќе им бидат разбиени и дека Дева со Младенецот ќе дојде во
Мисир. Постои предание дека самиот цар Александар Велики го посетил
гробот на Пророкот Еремија. На наредба од Александар телото на Еремија
е пренесено и со почести погребано во Александрија. (Мисирците речиси
го обожаваа Пророкот Еремија. Затоа и го погребаа како крал. Го сметаа
за чудотворец и после смртта. Правот од неговиот гроб го земаа како лек
против каснатици од змија. И ден денес мнозина христијани во молитва го
повикуваат Пророкот Еремија против змии).
Преподобниот маченик Акакиј Влечкар
Од селото Неохор близу Солун. Бидејќи многу беше биен од мајсторот во
Серез, тој се потурчи. Потоа живееше во Хилендар како покајник и монах.
Неговата сиромашна и христољубива мајка го посоветува: „Како што
доброволно се одрече од Господ сега така мораш доброволно да примиш и
мачеништво за слаткиот Исус.“ Ја послуша мајка му и со благослов од
светогорските отци отиде во Цариград, каде што Турците го заклаа во мај
1816 година. Неговата глава се чува во манастирот на Свети Пантелејмон.
Свети Пафнутиј Боровски
Син на татарски големец, кој подоцна прими христијанска вера. Во
својата дваесетта година Пафнутиј се замонаши и проживеа во манастирот сѐ
до неговата деведесет и четврта година, кога се упокои во Господ. Беше
девственик и подвижник, па затоа и голем чудотворец и проѕорливец.
Почина во 1478 година.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Мај.2009 во 09:24 |
Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул
Во времето на царот Адријан (117 г. – 138 г.) незнабожецот Катал ги
купи како робови овој Еспер, жена му Зоја и нивните синови Киријак и
Теодул. Бидејќи беа убедени христијани, никако не сакаа да вкусат од
идолските жртви, а она што им се даваше од нив за да го јадат им го
фрлаа на кучињата, додека самите гладуваа и трпеа. Кога дозна за ова
Катал се разгневи и почна тешко да ги измачува овие свои робови.
Најнапред ги мачеше децата, но децата останаа непоколебливи во верата,
па дури и бараа од мачителот потешки маки. Најпосле сите четворица ги
фрли во огнена печка, во која вознесоа благодарствена молитва и Му го
предадоа духот на Господ. Нивните тела останаа цели и неподгорени од
огнот.
Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски
На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата
произлезени од нив. А животот и подвигот на овој светител се опишани
под 18 јануари: Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет
кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го
придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На
овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност
за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за
утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на
Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран
за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над
четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол.
Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го
гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски
со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше
принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни
куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време
проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го
љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку
злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле
излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет,
утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го
почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше
најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ
не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.
Светите маченици Борис и Глеб
Синови на великиот кнез Владимир, којшто го покрсти рускиот народ. До
Крштението Владимир имаше многу жени и деца од нив. Борис и Глеб беа
браќа од една мајка. Пред смртта Владимир им ја раздели државата на
сите свои синови. Но најстариот син, Свјатополк, кнез Киевски, посака
да ги земе и деловите што им припаднаа на Борис и Глеб. Затоа испрати
луѓе, па на едно место го уби Борис, а на друго Глеб. Овие давјца браќа
беа необично побожни и во сѐ богоугодни и ја
сретнаа смртта со молитва и со срце воздигнато кон Бога. Нивните тела
останаа нетлени и благоухани и беа погребани во Вишгород, каде што до
денес од нив исходи благодатна сила, исцелителна за маките и болестите
кај луѓето.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Јуни.2009 во 12:46 |
Свети Михаил, епископ Синадски
Овој свет и мудар јерарх од детството се посвети себеси на служба на
Бога. Се подвизуваше заедно со Свети Теофилакт Никомидиски. Еднаш во
време на суша овие двајца светители со своите молитви низведоа изобилен
дожд на земјата. Заради неговиот подвижнички и девствен живот, уште од
неговата рана младост патријархот Тарасиј го посвети за епископ
Синадски. Учествуваше на VII Вселенски Собор. По желба на царот одеше
кај калифот Харун-ал-Рашид заради мировни преговори. Во времето на
злобниот Лав Ерменин беше симнат од архиерејскиот престол и испратен во
прогонство заради иконопочитување. Таму умре во беда и сиромаштија,
останувајќи му докрај верен на Православието. Во царството на Царот
Христос се пресели во 818 година.
Преподобниот маченик Михаил
По смртта на своите родители овој Михаил го раздаде сиот свој имот на
сиромасите, а самиот отиде на поклонение на светостите во Ерусалим.
Потоа стапи во обителта на Свети Сава Осветен и таму се замонаши.
Михаил беше млад и убав на лице, но од строгиот пост сув и блед. Во тоа
време со Ерусалим владееја Арапите. Еден ден духовниот отец го испрати
Михаил да отиде во градот за да го продаде ракоделието. На улица го
сретна евнух на арапската царица и го одведе кај царицата за да ѝ
го покаже неговото ракоделие. Кога виде убав монах, царицата се распали
со нечиста похот и му предложи на монахот телесен грев, како некогаш
жената Петефриева на целомудрениот Јосиф. Штом Михаил го одби скверниот
предлог и почна да бега, гневната царица нареди да го бијат со стапови,
а потоа го обвини кај царот дека божем хулел на верата Мухамедова.
Царот му предложи да ја прими таа вера, но тој одби. Тогаш му дадоа
некој јак отров за да го отрујат, но тој го испи отровот и не му беше
ништо. По ова царот нареди и го убија со меч насред Ерусалим. Монасите
го најдоа неговото тело и го пренесоа во обителта на Свети Сава, каде
што беше чесно погребан. Пострада за Христа и се прослави во 6 век.
Преподобна Ефросинија, кнегиња Полоцка
Ќерка на полоцкиот кнез Всеслав. Кога родителите сакаа да ја свршат, побегна во еден женски манастир и се замонаши. Трипати ѝ се јави ангел Господов и ѝ го покажуваше местото каде што ѝ
претстоеше да устрои нов манастир од девици. Кон монаштво ја привлече и
својата сестра Евдокија и многу други девојки од благородничкиот
сталеж. Нејзината роднина Звенислава, по раѓање кнегиња Борисовна, го
донесе сето свое богатство, фустаните и скапоцените камења и рече:
„Сите убавини на овој свет ги сметам за ништожни, овие украси
подготвувани за брак ѝ ги давам на Црквата
на Спасителот, а самата сакам да Му бидам свршеница за духовен брак и
да си ја потклонам главата под Неговиот благ и лесен јарем“. Ефросинија
ја замонаши и ѝ го даде името Евпраксија. На старост Ефросинија посака да умре во Ерусалим и Го молеше Бога за ова. Бог ѝ
ја услиши молитвата и навистина, кога го посети Ерусалим, таму и се
упокои. Погребана е во манастирот на Свети Теодосиј на 23 мај 1173
година.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Јули.2009 во 23:22 |
Светите маченици Козма и Дамјан
Лекари, бесребрници и чудотворци. Овие двајца Светители беа родени
браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански
дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од
секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив.
За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да
поверува во Господ Исус Христос. Наследија голем имот, но го раздадоа
милостиво на бедните и неволните. Во тоа време во Рим царуваше царот
Карин. Пред него гонителите на христијанството ги доведоа овие свети
браќа оковани во синџири. По долго испрашување царот им нареди да се
одречат од Христа, а да им принесат жртви на идолите. Но Козма и Дамјан
не само што не го послушаа царот туку уште и му посоветуваа и самиот да
отстапи од мртвите идоли и да Го признае единствениот вистински Бог.
„Нашиот Бог не е создаден, туку е Создател на сѐ,
а вашите богови се човечки измислици и дела од рацете на уметниците. И
да ги немаше уметниците да ви ги направат тие богови, вие не би имале
пред што да се поклонувате.“ После чудото извршено над самиот цар -
бидејќи чудесно го исцелија од една тешка мака - царот и самиот ја
изјави својата вера во Христа и ги пушти браќата во мир. А тие
продолжија да Го слават Господа и да исцелуваат болни, а и самите беа
од народот прославувани на сите страни. Им позавиде на славата еден
лекар, којшто некогаш им беше учител и под изговор заедно да појдат да
берат лековити билки ги однесе в планина, па ги уби со камења. Чесно
пострадаа за верата Христова во 284 година. Нивниот спомен остана траен
во Црквата на земјата, а душите им се преселија во Царството Божјо, за
да живеат вечно во слава и радост.
Преподобниот патрициј Петар
Овој светител беше цариградски благородник и војвода во времето на
царот Никифор. Во една од војните со Бугарите царот Никифор беше убиен,
а Петар со педесетмина грчки војводи и кнезови беше заробен и фрлен во
затвор. Од затворот чудесно го ослободи Свети Јован Богослов. Тогаш тој
ја презре целата светска слава, си ги остави жената и синот и се
оддалечи на гората Олимп, каде што како монах и ученик на Свети
Јоаникиј Велики се подвизуваше триесет и четири години. После смртта на
жена му и на син му, се насели во Цариград, каде што во пост и во
молитва помина уште осум години и се упокои во Господа во 865 година,
во седумдесет и седмата година од неговиот живот.
Светиот маченик Потит
Тринаесетгодишно момче родум од Сардинија. Претрпе многу маки за Христа
и од татко му и од гонителите на христијанството. Убиен е со меч во
времето на царот Антонин (138 г. – 161 г.). Претходно ја исцели и ја
крсти царевата ќерка Агнија.
|
|
|
|
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Јули.2009 во 09:18 |
Полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква во Цариград
Во времето на царот Лав Велики (458 г. – 471 г.), на царицата Верина и
патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски
благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости.
Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна
одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и
неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа
риза. Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград,
а тоа им го објавија на царот и на патријархот. Во царскиот град тоа
предизвика голема радост. Ризата беше свечено пренесена и положена во
црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата
Пулхерија на брегот на еден залив, наречен Влахернски, според името на
некој скитски војвода Влахерн, којшто на ова место беше убиен). Овој
празник е востановен во спомен на полагањето на ризата на Пресвета
Богородица во Влахернската црква.
Свети Јувеналиј, патријарх Цариградски
Современик на големите светилки на Црквата Христова: Ефтимиј, Теодосиј,
Герасим, Симеон Столпник и др. Учествуваше на два Вселенски Собори: на
Третиот во Ефес и на Четвртиот во Халкидон и со голема сила и ревност
се бореше против богохулните ереси: во Ефес против Несториј којшто Ја
нарекуваше Богородица Христородица и во Халкидон против Евтихиј и
Диоскор, коишто учеа дека Христос имаше само една природа, т.е.
Божествената, без човечката. После победата на Православието на овие
два Собори, Јувеналиј се врати на својот престол во Ерусалим. Но иако
ересите беа осудени, еретиците не беа истребени. Од сплетките и
насилството на некој Теодосиј, пријател на Диоскор, Јувеналиј беше
протеран од престолот и Теодосиј самочино се воздигна себеси на
неговото место. Овој еретик Теодосиј во прво време го помагаше и
царицата Евдокија, вдовицата на царот Теодосиј Помалдиот, којашто се
имаше населено во Ерусалим. Колеблива и брзоплета, Евдокија најпосле
отиде кај Свети Симеон Столпник да го праша каде е вистината. Божјиот
светител ги разобличи сите еретички учења и ја упати царицата да се
држи за православното учење како што е утврдено на Соборите. Царицата
го послуша, се покаја и самата се озлоби против лажниот патријарх
Теодосиј. Тогаш во Цариград владееја Маркијан и Пулхерија. Царот му
испрати писмо на војводата Атанасиј да го протера Теодосиј и на
престолот да го врати Јувеналиј, како што набрзо беше и направено.
Јувеналиј управуваше со ерусалимската Црква триесет и осум години како
поглавар и во длабока старост се престави кај Господ за да ја прими од
Него наградата за пребројните маки и неволји што ги претрпе за
вистината. Во времето на Свети Јувеналиј беше утврдено празнувањето на
Божик на 25 декември.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
mali simo
Сениор
Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Август.2009 во 15:19 |
Светиот маченик Иполит
Беше воен
началник и надзорник на затворот во Рим; роден и воспитан како
незнабожец. Кога беше фрлен во затвор архиѓаконот Свети Лаврентиј, на
Иполит му беше наредено од царот особено да бдее над овој затвореник.
Иполит виде со свои очи кога Лаврентиј му го врати видот на слепиот
Лукилиј и како исцели мнозина други болни, па поверува во Христа. Кога
Лаврентиј го крсти, Иполит имаше небесно видение и рече: „Ги видов
непорочните души во голема радост“ (т. е. на небесата). Тогаш тој го
зеде Лаврентиј во својот дом, та Светиот архиѓакон му ги крсти сите
деца што ги имаше; семејството заедно со старата дадилка Конкордија
броеше деветнаесетмина. Кога Лаврентиј беше убиен за Христа, Иполит
ноќе го зеде телото на маченикот, го завитка во плаштаница и чесно го
погреба. Но тоа некако му дојде до уши на царот Декиј и на третиот ден
по смртта на Лаврентиј го фатија Иполит и го изведоа пред царот, па
бидејќи не сакаше да се откаже од вистинитата вера, го биеја со камења
по устата. Потоа царот нареди да го соблечат гол и да го бијат. Кога
стоеше гол пред царот, Иполит му рече: „Не си ме соблекол, туку почна
да ме облекуваш.“ Тогаш го спружија по земја и го шибаа немилосрдно, а
Иполит само викаше: „Христијанин сум!“ Кога слушна царот дека и
домашните на Иполит се христијани, нареди да ги доведат сите. Старата
Конкордија рече: „Ние повеќе сакаме со нашиот господар чесно да умреме
во верата Христова одошто со вас нечестивите бесчесно да живееме.“ Таа
прва беше убиена, а по неа и останатите осумнаесетмина, сите пред очите
на Иполит. Најпосле самиот Иполит го врзаа за див коњ и го влечеа
натаму-наваму дури не ја предаде душата на Бога.
Свети Тихон Задонски
Го викаат и Вороњежски. Роден е во селото Короцка во Новгородската
губернија во 1724 година во прост селански дом. Во неговата триесет и
четврта година прими монашки чин и заради неговите подвизи и големата
духовна мудрост добиваше сѐ поголема и
поголема служба, дури најпосле не го хиротонисаа за епископ Вороњежски.
Епископствуваше неполни пет години, а потоа заради слабото здравје се
повлече во Задонскиот манастир. Се упокои мирно во 1783 година во
Задонск, каде што неговите чудотворни мошти почиваат и сега. Голем
подвижник на Црквата во Русија, редок пастир, молитвеник и творец на
прекрасни духовни дела. По својата мудрост, светост и подвиг може да се
споредува со големите отци на Православната Црква од древните времиња.
Заради многубројните посведочени чуда над неговите мошти, за светител е
прогласен најпрво од народот, а потоа и од официјалната Црква, во 1861
година.
Преподобната царица Ирина
Монашкото име ѝ
е Ксенија. Жена на царот Кало-Јован (1118 г. – 1143 г.). Освен по
нејзините монашки подвизи и многубројни добри дела, прочуена е и како
основоположничка на манастирот Пантократор во Цариград, еден од
најславните и најубавите цариградски манастири.
Преподобен Серид
Прочуен е како основач на прочуена обител близу Газа во Палестина. Во
оваа обител се подвизуваа славни мажи, како Варсонуфиј, Јован, авва
Доротеј, Доситеј и други. Свети Серид го заврши земниот живот во 6 век.
Тоагш се пресели во вечната радост на Господ.
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
|
fileo
Сениор
Регистриран: 08.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 165
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Август.2009 во 19:19 |
dali denesnite hristijani bi prifatile vakva kazna za svojata vera?
dali mislite deka ste spremni da go sledite Isus i po taa cena?
Изменето од fileo - 27.Август.2009 во 19:20
|
|