IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 61>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 17:08
Еден ден ќе бидам селектор...

Намерно или ненамерно. Чедомир Јаневски не е кандидат за селектор на Македонија на изборот в петок, во "Александар Палас". Никој не се ни обидел да контактира со нашиот стратег кој сега е на клупата на Црвена Звезда и кој во јуни е без обврски. Ова е доволен доказ дека ФФМ нема стратегија, нема план и не знае да ги почитува вредностите на она што е најдобро, на она што е наше и на она што има успеси надвор од нашите граници. Премногу понижувачки од страна на фудбалскиот врв кон нашите тренерски имиња кои работат надвор од нашите граници и кои повеќе се вреднувани од странците отколку од луѓето во сопствената земја. Се знае играта на ФФМ и обидот на Хаџи Ристески да си "протне" свој тренер. И првиот човек на ФФМ е свесен дека неговите евтини приказни не можат да поминат кај тренерско име од типот на Јаневски и од стратег кој е голем професионален и човек кој нема кредити кон никого во оваа наша Македонија.

"Не сакам да се манипулира со моето име. Ова е веќе видена приказна и веќе го минав ваквиот период уште пред 3-4 години кога бев во Бриж. И тогаш имаше најави, но во преден план беа некои други тренерски имиња. Свесен сум дека во мојата земја навивачите ме барат и знам дека еден ден јас ќе бидам селектор на Македонија", коментира Јаневски за "Македонски спорт" кој преку нашите страници открива многу детали околу неговото име, шпекулациите и преговорите за селекторската позиција во Македонија.

"Селекторската функција е предизвик за секој тренер. Никогаш нема да го одбијам повикот од мојата земја затоа што јас сум Македонец и поранешен репрезентативец кој добро знае што е национален тим, државен грб и национална гордост. Мене не ме интересираат политики, делегати, гласови.... Јас сум фудбалски тренер и мојата работа е на теренот, на натпреварите. Јас сум тој кој треба да одам по резултати, титули... Така сум научен и така работам. Тоа е мојот стил на работа во тренерскиот занает и таквата работа ме доведе во клубови од самиот европски врв како Црвена Звезда, Бриж, Олимпијакос. Ќе продолжам така и мислам дека ќе успеам. Околу селекторската функција на Македонија можам само да кажам дека ќе дојде и тој ден. Тоа е мојата порака до моите навивачи. Еден ден ќе бидам селектор и тоа е мојата желба", изјавува Јаневски околу неговиот став поврзан со селекторската позиција.

Колку нашиот поранешен репрезентативец ги следи настаните во Македонија, во националниот тим...

"Постојано сум со професионални ангажмани и во слободното време редовно следам што се случува со фудбалот во Македонија со Вардар и со националниот тим. Знам дека сега по заминувањето на Катанец е разнишана атмосферата, знам дека има резултатска криза и знам начин како сето тоа да се надмине. Во последниве денови добив многу повици, но и пораки од Македонија дека сум во игра за позицијата која остана слободна по заминувањето на Катанец. Сето тоа остана само на тие пораки и јавувања, но без официјален контакт со луѓе од Фудбалската федерација на Македонија. Тоа што ми кажувате дека изборот на нов селектор е во петок а мене никој не ми се јавил е доволен сигнал дека не сум во комбинација", е ставот на Јаневски околу контактите со Македонија по најавите дека и тој е во игра за клупата на "црвено-жолтите".

А Јаневски е човекот кој редовно е меѓу кандидатите кога немаме селектор. Редовно и ние медиумите се надеваме дека човекот ќе добие шанса и дека првиот човек со тренерска про-лиценца од Македонија ќе ја добие селекторската позиција. Многу се надеваме, но некои не знаат да ги гледаат работите објективно. Немаат осет и немаат стратегија околу тоа каков профил на селектор и е потребен на нашата репрезентација. Најдобрата комбинација е Јаневски. Тренер со наша крв, а со европски погледи и современ начин на работа. Подобро нема, а и човекот заслужува шанса. Има многу подобро досие отколку Јонуз или Станојковиќ. Споредбата е небо и земја...

"Многу ми значи тоа што медиумите ме бараат, но и навивачите. Тоа е мотивот поради кој и во иднина ќе работам за да докажам дека моите тренерски квалитети се доволни за селекторската функција. Мојот договор со Црвена Звезда истекува во јуни. Пред мене ќе следи нов предизвик. Постојат многу комбинации и алтернативи, но мојот приоритет до крајот на сезоната е пехарот во Купот на Србија и второто место на табелата. Тоа го ветив кога дојдов на 'Маракана' и тоа е достижно за овој тим на Црвена Звезда. А може еден ден, а се надевам многу брзо, ќе ја добијам и довербата за да ја водам репрезентацијата на мојата земја", порачува Чедомир Јаневски, фудбалерот од златната вардарова генерација, капитен на нашиот најпознат клуб, но и капитен на неколку средби на националниот тим во онаа прва генерација. Сега тренер кој со своите 47 години работеше во екипи со европски круни како Црвена Звезда и Бриж. Тоа е доказ дека има квалитет, но тоа не е доволно за оние кои одлучуваат околу селекторската позиција. Прават се за да го анулираат она што е вредно само да постават в.д селектор кој ќе биде по нивни вкус и селектор кој ќе биде под нивна команда. Токму поради ваквите фудбалски неправди и поради незнаењето во ФФМ не треба да очекуваме и да се потресуваме поради резултатите на националниот тим. А народот на многу анкети низ земјава му ја дава довербата на Јаневски и посакува тој да биде новиот селектор. Во него многумина гледаат како спасител...но тоа нема да се случи сега и најверојатно не додека Хаџи-Ристески е на чело на ФФМ.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 18:11
Гаскоњ се врати на теренот по три ипол години
ImageПоранешната британска фудбалска ѕвезда Пол Гаскоњ се врати вчера на теренот за да игра на добротворен натпревар, неколку месеци по лечењето од алкохолизам и депресија.

     "Никогаш нема да можам да го оставам тоа зад себе. Пабови има на секое ќоше, како и дрога. Пиење има насекаде. Но јас веќе нема да пијам. Ќе бидам реконвалесцент до крајот на животот“ - изјавил Гаскоњ.

     Тој пред неколку недели јавно проговорил за лечењето од алкохолизам, токсикоманија, булимија и депресија.

     Иако има 42 години и се повлече од фудбалот во 2004. година, Гаскоњ играше во Дарлингтон на добротворен натпревар како дел од поддршката на локалната екипа, која е една од најстарите во Англија. Во текот на натпреварот тој постигна и еден гол.

     "Немам играно три и пол години. Фудбалскиот клуб Дарлингтон е од североистокот на земјата и мене многу ми значи“ - вели Гаскоњ, кој по потекло е од тој дел на Англија.



Изменето од fiks - 06.Мај.2009 во 18:11
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 13:49
Бекам бара "дупка" во законот

Англискиот репрезентативец и член на Милан Дејвид Бекам на сите можни начини се обидува да пронајде каква било можност за да го одложи своето враќање во дресот на ЛА.Галакси кој е негов во моментов матичен клуб.

Бекам, како што е веќе добро познато, во јануари пристигна на Сан Сиро како позајмен играч од американскиот клуб пред се поради неговата желба да остане во топ форма, имајќи ја предвид паузата во американскиот шампионат во тој момент. Сега како се наближува тајмингот кога тој треба да се врати во САД, Бекам со сите сили се обидува тоа да го одбегне, односно да остане во Милан.

Па така според пишувањето на тиражниот "Газета Дело Спорт" најпопуларниот фудбалер на планетава веќе ги контактирал своите адвокати и им порачал сериозно да ја разгледаат секоја можност тој да остане во Милано. Секако прва опција би била раскинување на договорот со ЛА.Галакси, но како што наведува истиот извор тоа воопшто нема да биде лесно да се издејствува. Бекам со своето однесување го навлече гневот на илјадниците фанови на тимот од Лос Анџелес кои безрезервно го поддржуваа при неговото пристигнување таму. Сега ситуацијата е дијаметрално спротивна и се поставува прашањето дали и доколку Бекам се врати во Америка ќе биде добредојден во таборот на Галакси.

Основен мотив за оваа ново настаната ситуација веројатно е желбата на Бекам повторно да заигра фудбал на највисоко ниво, нешто што американската лига и тимот на Галакси не е во можност да му го пружи.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 15:57
Инцидент по натпреварот „Шкендија“ и „Работнички“ во Тетово

По завршувањето на вчерашниот полуфинален фудбалски куп-натпревар помеѓу „Шкендија“ од Тетово и „Работнички“ од Скопје, членови на навивачката група „Балисти’’ го нарушиле јавниот ред и мир и оштетиле три објекти и едно возило, информираше СВР Тетово.

- Навивачите движејќи се по улицата „Иво Лола Рибар’’ во Тетово скршиле пет прозорци од објектот во кој е сместено седиштето на Месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и неколку прозорци на две приватни куќи, лоцирани на оваа улица. Претходно, навивачката група со фрлање на камења оштетила и едно возило во близина на стадионот, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тој посочи дека по извршениот увид и изготвената фотодокументација полицијата превзема мерки и активности за идентификување и пронаоѓање на сторителите.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 15:57
Оверебо „прошверцуван“" од Лондон

Норвешкиот фудбалски судија Том Хенинг Оверебо е прошверцуван од Лондон и Велика Британија за Осло во Норвешка, со помош на британската полиција, откако биле примени пораки со „смртна закана“, по синоќешниот меч меѓу „Челзи“ и „Барселона“ во полуфиналето на Лигата на шампионите, јави дописникот на МИА од Лондон.

Претставник на полицијата потврди дека постоела загриженост за личната безбедност на Норвежанецот и прво го промениле хотелот во Лондон во кој тој престојувал, а потоа организирале и тајно префрлање за Осло, каде овој судија живее.

Полицијата во Норвешка соопшти дека „темелно ќе ги испита“ заканите со смрт што фудбалскиот судија ги примил преку интернет.

„Прошверцувањето“ на судијата Оверебо, со полициска заштита, било извршено утринава, но некои поранешни англиски фудбалски судии во изјави за британските медиуми тврдат дека сето тоа било непотребно и дека промената на хотелот била сосема доволна мерка.

Навивачите на „Челзи“, како и британските медиуми му забележуваат на норвешкиот судија за голем број грешки што тој ги направил во текот на синоќешниот меч, тврдејќи дека тие директно влијаеле на резултатот и истакнувајќи ги во преден план „неколкуте очигледни пенали“ што тој не ги досудил во полза на домаќините.

Сите медиуми меѓутоа предупредуваат дека УЕФА би можела да го санкционира однесувањето на фудбалерите на „Челзи“, за време и по натпреварот, посочувајќи ги пред се Михаел Балак и Дидие Дрогба. Судијата го напушти теренот на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон, во придружба на редарите на мечот.

„Челзи“ не успеа да влезе вторпат едно по друго во финалето на Лигата на шампионите, откако прими гол во последните секунди од продолжението на натпреварот со шпанскиот првак „Барселона“.

Тренерот на лондонскиот клуб, Гус Хидинк ги отфрли тврдењата дека постои „заговор“ на УЕФА за да не се случи уште едно англиско финале во Лигата, нарекувајќи ги „претерани“, но го оправдува револтот на своте играчи поради начинот на кој беше делена фудбалската правда.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2009 во 15:06
Фудбалската репрезентација не доби селектор

Скопје, 8 мај (МИА) - Управниот Одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница одржана во Скопје не донесе одлука за назначување селектор на репрезентацијата, туку го овласти претседателот Хари Хаџи-Ристески да разговара со сите кандидати за селекторското место на националниот тим кои доставиле пријава до Федерацијата или ќе достават биографија најдоцна до четврток 14 Мај 2009 година. Конечната одлука за наследникот на Катанец ќе биде донесена на следната седница на УО која ќе биде одржана на 16 Мај.

УО ги прифати условите за раскин на договорот со досегашниот селектор, Сречко Катанец според кои тој е раскинат спогодбено, со што обврските кон досегашниот селектор завршуваат заклучно со 1 април годинава.

На денешната седница беше формиран Организациски одбор за прослава на големиот јубилеј 100 години фудбал во Македонија. Одборот го сочинуваат претседателот Хари Хаџи-Ристески и членовите на УО - Лазар Нанев, Драги Серафимов, Беким Баута и Илија Јовков.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2009 во 01:20
Кралевите понижени и на Местаља!
Севиља му нанесе уште еден тежок пораз на Реал Мадрид, Севиља ја совлада Мајорка, Атлетик Билбао подобар од Бетис.
По срамот на Сантијаго Бернабе кога Барселона го совлада Реал Мадрид со огромни 6-2, Кралевите доживеаа уште еден дебакл.

Валенсија славеше убедливо на Местаља со 3-0, Реал Мадрид може да биде среќен што овој натпревар го заврши само со три гола во својата мрежа.

Хуан Мата во 29та минута го отвори натпреварот, а само три минути подоцна Силва зголеми и на 2-0.

Во 68та минута Бараха со прекрасен волеј ги постави конечните 3-0.

Валенсија имаше уште неколку изгледни шанси, Реал Мадрид делуваше немоќно во текот на целиот натпревар.

Севиља со пресврт дојде до победа од 3-1 во дуелот против Мајорка.

Гостите поведоа во 16та минута со голот на Адуриз, во 33та Кануте израмни од пенал.

Во вториот дел најпрво Фабиано во 60та минута постигнува гол за водство на Севиља од 2-1.

Навас на петнаесет минути до крајот постигнува погодок за победа на домаќините од 3-1.

Атлетик Билбао минимално со голот на Мартинез во 29та минута го победи Бетис со 1-0.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2009 во 17:21
Баерн се изедначи со Волфсбург, Вердер поуспешен од Хамбург

Во 31-то коло од Бундес лигата, екипата на Баерн од Минхен триумфираше на гостински терен кај тимот на Кодбус со 1:3.

Со тоа „Баварците“ се израмнија со водечкиот Волфсбург, кој беше поразен од Штутгарт со 4:1.

Во последните натпревари кои се одиграа во неделата екипата на Вердер Бремен успеаја по вторпат да победи над Хамбург, овојпат во домашното првенство пред своја публика со 2:0.

Во меѓувреме Вердер е сериозно заинтересиран за босанската фудбалска ѕвезда од екипата на Волфсбург, Звездан Мисимовиќ.

Ако Вердер го загуби Диего, кој е пред потпис со екипата на Јувентус, тимот на Томас Шаф мора да бара нов организатор на играта. Мисимовиќ можеби е и најдоброто решение за следната сезона.

Според германскиот весник „Билд“, Мисимовиќ веќе стапил во контакт со менаџерскиот тим на Вердер, но истовремено, разговара и со неколку други екипи кои се интересираат за него.

Интерес, и тоа многу сериозен, за него пројавува и Баерн (М), кој се надева дека ќе го убеди Мисимовиќ да заигра во иконата на германскиот фудбал.

„Баварците“ се уште не доставиле понуда за Босанецот, но тоа се очекува да го направат на стартот на летниот преоден рок.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2009 во 17:22
Иниеста скина мускул, го пропушта финалето од ЛШ

Еден од најдобрите фудбалер на шпанскиот тим Барселона, Андрес Иниеста, може да го пропушти финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Ј., откако на синоќешниот меч против Виљареал (3:3) заработи сериозна повреда.

Според шпанските весници Иниеста денеска треба да оди на дополнителни медицински прегледи пред да биде констатирана конечната пауза која треба да ја направи.

Шпанскиот репрезентативец скинал мускул за време на вчерашната средба со Виљареал, па сега со сигурност отпаѓа од комбинација и за дуелот до финалето на Купот на Шпанија против Атлетик (Б).

Ако не може да се појави на најважниот меч за каталонците сезонава, тоа ќе биде голем пех за тимот.

Манчестер Ј. во Рим ќе атакува на одбрана на титулата, а Барселона се надева дека ќе може да го врати приматот оваа сезона.




Андрес Иниеста

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 17:36
Иниеста не се откажува од финалето

Играчот за врска во шпанскиот фудбалски тим Барселона Андрес Иниеста, верува дека ќе игра на финалето со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите и покрај повредата.

„Тоа е само лесна повреда иако во прв миг помисливме дека е многу пострашно.Ќе бидам дефинитивно во Рим кон крајот на мај и ќе играм против големиот ривал од Англија. Мојот ентузијазам ќе ми помогне да ја санирам повредата и психички да се подготвам за завршниот натпревар во елитата“, рече Иниеста.

Фудбалерот на Барселона го скина бутниот мускул на последниот дуел во првенството со Виљареал што заврши 3:3 а беше стрелец на решавачкиот погодок со Челзи во 1/2 финалето во ЛШ.


Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 19:14
Побеснетиот Роналдо

Кристијано Роландо побеснел кога Алекс Фергусон го замени со Пол Сколс во 59 минута од градското дерби на Манчестер.

Официјално најдобриот фудбалер на светот го постигна првиот гол на мечот против Сити (2:0), во свој стил од слободен удар, но скандалозно реагираше при замената.

Неверувајќи стоеше пред аут линијата, а потоа, сфати дека мора навистина да го напушти теренот на "Олд Трафорд".

Португалецот го напушти стадионот 15 минути пред крајот на натпреварот. Седнал во автомобилот и си заминал.

"Кристијано е во одлична форма, но мора да ја сочуваме неговата свежина за претстојните натпревари" - објаснил Фергусон зошто го заменил најдобриот играч.

Шкотланѓанецот делуваше смирено, но судејќи според претходните слични ситуации со кои се соочуваше, Роналдо нема да мине неказнето.

Дејвид Бекам, Рој Кин, Руд Ван Нистелрој... Долг е списокот на "големите" имиња кои го напуштиле Манчестер по несогласувањата и расправиите со Фергусон.




http://www.youtube.com/watch?v=CPvzHesOdBM




Изменето од blueprayer - 12.Мај.2009 во 19:16
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 23:07
Роналдо -> Реал Мадрид 80 000 000 евра
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2009 во 19:18
http://www.20min.ch/sport/fussball/story/26779287

Vakov gol nemam videno nikogas

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 12:02
Диего потпиша за Јувентус

Бразилскиот репрезентативец Диего, кој воедно е најдобар фудбалер на Вердер, стави потпис на договорот со екипата на Јувентус, соопштува неговиот агент Џиакомо Петралито.

"Сите три страни ставија потпис на договорот. А зошто, не е официјално објавено од Јувентус. Затоа што во својот правилник не изнесуваат никакви информации до 31 мај", рече Петралито.

Во последно време се почесто се пишуваше и зборуваше околу овој трансфер, па логично е конечно целата работа да биде завршена. Според информациите од Италија, Јувентус ќе му исплати 24,5 милиони евра на Вердер за откупување на договорот кој е со важност до 2011, а петгодишниот договор на Диего со торинскиот клуб ќе изнесува четири милиони евра по сезона.

Бразилскиот ас беше најзаслужен што оваа сезона клубот од Вердер ќе игра во финалето од Купот на УЕФА. А поради фактот дека заработи незгодна повреда на саботниот дуел со Хамбургер и според првичните информации ќе отсуствува до крајот на сезоната, Диего веќе го одигра последниот натпревар во зелениот дрес.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.