|
Историски погледи на црковните прашања |
Внеси реплика | страница 123 37> |
Автор | ||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 11.Мај.2009 во 20:19 |
|||
Охридската Архиепископија ( АРХИЕПИСКОПИЈА НА ПРВА ЈУСТИНИЈАНА И ЦЕЛА БУГАРИЈА ) не била бугарска Црква, ниту пак службен јазик бил бугарскиот, ниту се повикувале на традициите на бугарската Црква. Еднаш ти кажав, докажи ни дека била бугарска со тоа што ќе се послужиш со каноните, со традициите, со повикување на Охридската Црква на традициите на бугарската и слично. |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ама за Црквата пак не докажа дека била Бугарска, не ти одговара нешто темата а?
|
||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
За црквата е јасно дека во тоа време не била бугарска. Спор нема. Бугарска била во времето на Самуил. |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Каде во времето на Самуил некој се повикал на Бугарските традиции, на Бугарската Црква и слично, те молам посочи ми. |
||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ке ти посочам кога се вратам дома. Сега ке те замолам ти да ми посочиш на кои традиции се повикувала Охридската патриаршиjа од времето на Самуил. И да посочиш извор, не како обично да предлагаш свои расудуваньа. |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Од времето на Самуил јас немам други информации освен каноните, ама затоа имам едно писмо од Димитриј Хоматијан. Повели презентирај ги информациите од времето на Самуил. Изменето од macedon_alex - 12.Мај.2009 во 16:15 |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Лав4е , ова во Британика убаво што го пишува, ама јас сеуште чекам докази дека Охридската Црква е Бугарска. Кога мислам на докази мислам канонски и историски. Ако го проанализира текстот ќе видеше дека не се прави разлика меѓу Охридската Архиепископија и Доростолската Црква. |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Моите докази се истите. 1. Каноните- според каноните Охридската Црква не може да е бугарска, дури да земеме и дека Патријархот Дамјан по уништувањето на Доростолската Црква дошол во Охрид, повторно таа Црква не може да е бугарска, затоа што и да успеал да избега ( што е знак прашање ), па и не само тој туку и други членови на Светиот Архиерејски Синод, сепархиите не "избегале" со него, независно дали е тоа Архиепископија, па нека е и Патријаршија, туку си останале таму каде што се. Значи според каноните таа не е бугарска Црква. 2. Историјата- Охридската Црква секогаш се повикувала на Јустинијана Прима, Црква формирана од Јустинијан Први и на традициите наследени од неа, никогаш не се повикала на Доростолската Црква и традициите наследени од неа. Имам и едно писмо од Димитриј Хоматијан , каде што стои дека Јустинијан освоил бугарски земји и Црквата е Бугарска, меѓутоа и Хоматијан се повикува на Јустинијан, правејќи конфузија меѓу Јустинијана Прима и темата Бугарија, па затоа и ја нарекува Црквата бугарска, а знаеме дека во тој период немало Бугари на Балканот, значи јасно е дека Хоматијан зборува за Бугари од грчка гледна точка ( Вулгари ), меѓутоа не можам да го поставам, сега со новово поставување слики не знам како да поставам слики од компјутер. |
||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
1. Охридската архиепископија станала грчка црква. 2. Ајде спомни дали секогаш се повикувала на Јустинијана Прима или .... Тоа барем ти го кажа пред време. 3. Што се знае за црквата на Јустинијан, освен тоа што била создадена? 4. Во грамотите на Василиј Втори се си е кажано. |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Значи според тебе од Бугарска се трансформирала во грчка?! Тогаш кажи ми ти мене зошто и во времето на Српската држава и Бугарското Царство и Византиската империја подоцна си останала независна Црква? Ако била Бугарска ќе си бидела со Буагрската, немала да биде цело време автономна Црква во однос на Цариград. Тоа што го зборуваш нема докази, или ако има понуди ги.
Во писмото на Хоматијан по повод крунисувањето на епирскиот владетел во кое се повикува на тоа дека Јустинијан е основач на Охридската Црква и дека нема потреба тој никому да даба објаснение за постапките што ги прави. Го имам писмото во компјутер, ама не можам да го постирам тука . Ти го имам тебе дадено, си го видел.
Ако најдеш нешто од Новелите на Јустинијан ќе дознаеш каква е таа, кои епархии ги опфаќа и слично.
За жал, никој не се повикува на Василиј Втори, туку сите се повикуваат на Јустинијан. А и каноните го демантираат Василиј Втори. |
||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мене ме интересира колку време постоела таа Јустинијанова црква. Каноните не можат да го демантират Василиј. На запад имало папоцезаризам, кај нас е цезаропапизам, т.е. императорот е повисоко од патриархот. А и по кои канони е уништена Охридската архиепископија? |
||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Јустинијана постои цел живот на Јустинијан и три колена императори по него,точно и се знае кога е укината и зошто
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Неколку децении постоела таа Црква ( нејзиното постоење започнува во 535 година со Новела издадена од јустинијан ), си имала своја црковна управа, значи била самостојна Црква, според тогашниот ранг на Црквите била трета, односно по Римската и Цариградската. Сепак цело време не била автокефална, бидејќи од политички причини таа паѓа под власта на Папата во 545 година, повторно со Новела на Јустинијан ), а дел од епархиите стануваат дел од Солунската Архиепископија, која се наоѓала под власта на Солунскиот Архиепископ, кој пак е викарен Епископ на Папата одреден период, односно до осмиот век, кога и Солунската Архиепископија паѓа под јурисдикцијата на Цариградската Црква. Во 602 година е разрушен градот, па со тоа и Архиепископијата.
За Цезаропапизмот во Византија во право си, меѓутоа во византиското право многу јасно е одредена положбата на Императорот и Патријархот. Императорот треба да се грижи за световното, а Патријархот за духовното. Значи Црквата си е надлежна за духовните работи, бклучително каноните. Сепак не ми одговори, зошто Охридската Црква не се повикува на Хрисовулите на Василиј, или пак на традициите во Доростол, туку на Јустинијановата Црква? Одлуката на Василиј е мошне интересна. Со два удара убива две муви. Ја придобива Охридската Црква, ја прави да е дел од Византија, а и уништува секаква надеж за обнова на Бугарската Црква во Доростол, со тоа што произведува непостоечки континуитет меѓу двете Цркви. А како што и претходно објаснив канонска врска меѓу овие две е невозможна.
Султанот ја укинал по молба од Патријархот, кој претходно со уцени и притисок и ги откинал на Охридската Црква костурската, струмичката и други епархии, па последниот Архиепископ морал да си поднесе оставка, а Султанот да ја унике Црквата со ферман. Во однос на каноните, не би знаел точно да ти одговорам на ова, пред се поради тоа што според некои султанот бил правовалиден владетел па можел да ја укине, а според други тој е иноверен и нема право да укинува Цркви. Треба да побарам подетален одговор. Ќе ти одговорам. Ќе се консултирам со една личност по ова прашање. Изменето од macedon_alex - 14.Мај.2009 во 19:41 |
||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Благодарам на желбата да одговориш, само мислам дека Јустинјиановата не може да биде трета.
Изменето од macedon_alex - 14.Мај.2009 во 20:26 |
||||
Внеси реплика | страница 123 37> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |