IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Тип на исхрана кога имате болен желудник
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тип на исхрана кога имате болен желудник

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
fifika Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 10.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fifika Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2008 во 19:46
a ja nikogas ne sum bila na pregled a imam nekoi problemi vo zeludnikot mnogu me maci koga ke se najadam kako da se duva i primer ako ispijam mleko ako izedam eden sendvic od sendvicara od sto mi e naduvan zeludnikot kako da ima vozduh vo nego i po nekoe vreme kako da se izdisi i posle srceto pocnuva da mi cuka silno ne sum bila na lekar od strav od toa crevo sto muvat moze li da mi kaze nekoj dali imal takvi problemi i kako da go resam toa
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2009 во 11:34
Проблеми со желудник имам од средно,и на моменти ми доаѓало да земам нож и да си го распарам скомакот.
Посебно ме боли и пече кога доаѓа премин на годишни времиња од лето во есен и зима во пролет,значи штом дојде Октомври и Март болката почнува.Трае околу месец дена и тогаш се трудам првенствено да не пијам кафе оти сум забележал дека многу го надразнува желудникот и пијам апчиња Ранитал или Ранитидин постојано по две во денот без разлика дали имам болки.
На болница ми велеле дека е најмногу од стрес и нервоза и вероватно е така.
Понекогаш се случува да не ме боли со години но пак ќе се јави болка после некое време.
Не се прејадувајте и без големи количини на алкохол,посебно вино црвено,на тоа најмногу ми реагира мене.
Исто така на кромид,лук и марула понекогаш.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2009 во 13:06
Има видови на храна кои знаат посебно да го отежнат варењето затоа секој треба да си провери, ама најважно е како што пишаа сите други да се избегнува онаа храна што нам лично ни предизвикува проблеми.
Несомнено до пред 3 години си имав закачено некој гастрит но откако престанав да пушам и пијам турско кафе сериозно ми се смири желудникот и не добивам веќе нагони на повраќање и киселини.
Треба да се избегнува и премногу масна, зачинета храна исто така.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2009 во 13:36
 таквите болки обично докторите ги викаат гастритисголема%20насмевка
Лично, кога бев студент заради нередовната исхрана, заради многу кафиња пред испит на ’’голо’’ редовно имав болки.
Со вработувањето, посебно со раѓањето на децата кога морав заради доењето да редуцирам кафиња, цигари, луто полека се редуцираа болките а со време како и да ги однема.
Веројатно правилниот начин на исхрана, задолжително прикаснување залак пред  пиење кафе  наутро си го направи своето.
Сега веќе го нема она на ’’нервна база’’.
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 02:51
Многу се важни редовните оброци..........

1. не прескокнувајте оброци........
2. јадете 5 пати на ден....и јадете полека за да соџвакате храната убаво
3. Пржена храна помалку, варена и печена повеќе
4. Кажете му чао на кафето
5. Алкохол никако
6. После јадење не пијте вода или било каква течност (сок, чај, кафе)
7. Супата е благодет, пире од компири, варен морков, грашок, боранија, проја, двопек, јогурт, варено месо.....ете примери.......
МИР со сите
Кон врв
Eli Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1968
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Eli Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2009 во 10:19
Никако да не се скокаат обрците и да се изгладнува организмот!а и да не се внесуваат продукти кои ви сметаат..мене на пр.краставица страшно ми пречи така да се трудам да ја внесувам колку што можам понекогаш,зашо била корисна со минерали итн..ама мн.ретко..
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 10:10
Луѓето со болен желудник и црева треба да внимааат на исхраната

Заболувањата на желудникот и цревата се јавуваат кај многу луѓе. Брзото темпо на живеење, животот исполнет со психичка напнатост предизвикува стрес на организмот со реакција на зголемено лачење на желудочна киселина - основна причина за појава на заболувањата на желудникот и дванаесетпалачното црево.

Многу лекари мислат дека прекумерното лачење желудочна киселина најчесто е резултат на голема возбуда и напнатост во организмот. Доколку во желудникот нема доволно храна или ако се произведува желудочна киселина во големи количества, таа почнува да ја напаѓа желудочната слузокожа, да ја разорува, при што се јавуваат болни чирови. Од ваквите заболувања најмногу страдаат амбициозните и енергичните луѓе, луѓе што секогаш сакаат да направат и постигнат повеќе отколку што можат.

Во лекувањето на овие заболувања, од секогаш како основа служела диетотерапијата, односно се применува соодветен начин на исхрана. Освен некои општи правила за хигиената на исхраната кои сигурно имаат одредени влијанија врз развојот на болестите, потребен е и одреден специфичен пристап.

Храната што се користи во текот на денот потребно е рамномерно да се распореди на повеќе од пет оброци. Значи, треба да се јаде често, во одредено време, но во мали количества. Ако чирот е во активна состојба, треба да се јаде на секои 2-3 часа дури и преку ноќта. Обилните оброци напладне или навечер треба да се одбегнуваат зашто тие значително го оптоваруваат желудникот. На организмот му е потребна избалансирана исхрана, редовно излачување на мочта и празнење на цревата. Човекот треба да воспостави телесна и душевна отпуштеност. Потребно му е повеќе одмор. Особено критични временски периоди во текот на годината се пролетта и есента.

Потребните протеини најдобро ќе се обезбедат со консумирање благо и кисело млеко, сурутка, посно сирење, изварка, павлака, меко варени јајца, младо говедско или телешко варено месо, варена риба или печена на скара. Во исхраната не се препорачуваат стари ферментирани сирења, јајца пржени на око или пржени со сланина, како ни тврдо варени јајца, масно свинско месо, сушено или чадено месо, колбаси или месо од жилав дивеч.

Потре*ите од масти и белковини најдобро ќе се обезбедат со употреба на маслиново, сончогледово или соино масло. Може да се користи и путер. Не се препорачува сало, сланина, лој или консумирање мајонези.

Најдобро е лебот да биде бајат или да се користи двопек. Да се избегнува леб направен од грубо брашно. Не се препорачува користење на многу шеќер или кондиторски производи (бонбони, чоколада, слатки, торти).

Од зеленчукот треба да се одбегнуваат зелката, кељот, печурките, доматното пире, ренот, 'родквите, а од овошјето не се препорачува јагодестото овошје.

Силните зачини предизвикуваат посебни проблеми, и затоа не се дозволени: црн пипер, сенф, лук, рен, лути пиперки, а од напивките не се препорачува црно кафе, алкохолни пијалаци и газирана минерална вода

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 16:53
caj od crven kantarion najdobar lek za zeludnikголемо%20гушкање
Кон врв
viks13 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viks13 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2010 во 09:50
Диета при проблем на желудникот
Општи принципи: Исхрана богата со белковини, умерено јаглехидрати, храна сиромашна со масти.

Дозволена храна:

•Млеко: обезмастено млеко, јогурт, кисело млеко, младо сирење, урда.
•Месо: сите видови немасно месо и риба.
•Јајце: до три пати неделно, умерена конзумација на жолчка.
•Житарици: леб, ориз, компир.
•Овошје и зеленчук: сите видови.
•Напивки: овошни сокови (кои не се многу кисели), чаеви.
•Слатки: компот, овошни желеа, не многу масни кремови и слатки.
Недозволена храна:

•полномасно млеко,
•топени сирења,
•кајмак,
•мајонез,
•масни меса и риба,
•многу слатки овошја (урма, смоква, суво овошје),
•масни овошја (лешници, бадеми, ореви),
•зеленчук со груби жили и тврда лушпа (праз, кељ, зелка),
•газирани пијалоци,
•алкохол и цигари.
Препораки: После јадењето да не се легнува, малку да се прошета. Вечерата никогаш да не е пред спиење, да се спие на малку подигната перница. Да се избегнуваат обилни оброци, груба храна и храна која ја дразни слузницата (премногу зачинета и кисела храна).

Кулинарска припрема: Варена, печена храна. Да се избегнува пржена и похована храна.

Број на оброци: 4-5 помали оброка.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.