IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонија-Историја и Иднина
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонија-Историја и Иднина

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 18>
Автор
Порака
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 237
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да     бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 12:42

МАКЕДОНИЈА НЕ ЧЕПКА ВО МИНАТОТО

Масовните гробници погребани во заборав

Околината на затворот „Идризово“ и Зајчев Рид во Скопско, локации во Кумановско и во Ресенско... се само дел од местата за кои постојат сигурни показатели дека таму се погребани неколку стотици егзекутирани без какво и да е судење или пресуда

Најмалку три масовни гробници со стреланите „народни непријатели“ во Македонија во првите години по Втората светска војна се' уште чекаат да бидат откриени за жртвите да добијат достојни почивалишта, укажуваат македонските историчари.Тие посочуваат дека постојат многу сознанија што може да помогнат да се најдат точните локации за да се извршат ископувања со кои би се расветлиле се' уште мистериозните исчезнувања на многу луѓе.

Околината на затворот „Идризово“, подрачјето на Зајчев Рид во Скопско, локации во Кумановско и во Ресенско... се само дел од местата за кои постојат сигурни показатели дека таму се погребани неколку стотици луѓе, најчесто егзекутирани без какво и да е судење или пресуда.Македонски историчар, вработен во Институтот за национална историја, кој сакаше да остане анонимен, вчера изјави дека со сигурност знае каде е една од локациите околу затворот „Идризово“.

- Таа е во самата близина на затворот. Информацијата ја добив од еден поранешен висок офицер на тогашната полициска управа ОЗНА, а наскоро ќе објавам и каде е точно тоа место. Кога разбрав каде е таа, се шокирав од помислата што човечкиот ум може да смисли за да си ги скрие трагите на ликвидацијата - вели историчарот.Тој посочува дека не знае точно колку луѓе таму се погребани, но дека истражувањето сигурно би помогнало за да се дознае дали таму се личности за чија судбина досега ништо не се знае.

КРВАВИ ТРАГИ ОД МИНАТОТО

Неодамна, прво во Словенија, а потоа и во Хрватска, на две локации беа пронајдени масовни гробници со остатоци од повеќе илјади лица застрелани во 1945 година од новиот комунистички режим во тогашната Југославија. Словенечките власти во пештерата Худа Јама, во близина на Љубљана, најдоа мумифицирани остатоци од најмалку триста луѓе, најверојатно убиени со отровен гас. Во близина на граничниот премин Ригонце на хрватско-словенечката граница се најдени остатоци од 4.500 тела на тогашни германски војници, усташи и словенечки бранители. Министерот за внатрешни работи на Хрватска Томислав Карамарко рече дека на територијата на поранешна Југославија има над илјада такви гробници, 600 во Словенија, 840 во Хрватска и 90 во Босна и Херцеговина.

Ѓорѓи Банев-Доцев, поранешен македонски политички затвореник и претседател на Здружението на политички затвореници судени за идеите на ВМРО, истакнува дека наш цивилизациски долг е тие луѓе да се погребат на достоинствен начин.

- Истражувањето на најмалку две локации околу затворот „Идризово“ сигурно ќе покаже дека таму има остатоци од ликвидираните. Треба да се бара на местото каде што се копала земјата за тогашната тулана и на левиот брег на Вардар, на околу 300-400 метри од затворот. Само на тој начин ќе се дојде до повеќе сознанија за луѓето што во темницата на ноќта исчезнуваа од ќелиите, за судбината на еден Ѓорѓи Карев, братот на Никола Карев, Глигор Чулев, Трајко Попов и други - вели Ѓорѓи Банев.

ПОД ПРЕВЕЗОТ НА ТАЈНОСТА

Историчарот Ѓорѓи Малковски, чии сознанија најмногу помогнаа да се најде велешката гробница на педесетина ликвидирани граѓани, вели дека кај нас работите со откривањето на ваквите локации е одамна запрена.

- Останаа уште многу работи што треба да се откријат но, за жал, не се одвојуваат пари за тоа. Сите досегашни истражувања сум ги правел со сопствени пари. Сега имам доволно сознанија за да се откријат две гробници на шеесетина ликвидирани граѓани од Куманово и од Ресен. Таква локација има и кај затворот „Идризово“ - истакнува Малковски.Тој посочува дека дел од луѓето се ликвидирани без каква и да е судска пресуда, а за некои смртните казни ги изрекувал воениот суд по брза постапка затоа што тие лица „соработувале со окупаторот“.

- Најчесто или немаше пресуди или пресудите беа монтирани. Егзекуциите во еден период добија толкави димензии што самиот Јосип Броз Тито мораше да интервенира за да запрат. Благодарение на таа интервенција, шеесетина прилепчани останаа живи откако беше планирано да бидат стрелани. Ликвидациите неретко се правеа и од лични мотиви или од нетрпеливост на поединци од новата власт кон луѓе што биле „од спротивната страна“ - објаснува Малковски. Неодамна и во Делчево беше побарано да се истражи локацијата нарекувана Стар монопол, на само еден километар од градот, поради сознанија дека и таму има масовна гробница на егзекутирани Македонци како жртви на комунистичкиот режим во 1946/47 година.Историчарите укажуваат дека информациите за таквите гробници имаат превез на најголеми тајни поради стравот на наредбодавците за нивната подоцнежна одговорност за извршените убиства.

Прво стрелање, па доказ

За тоа по каква постапка се вршеле егзекуциите покажува и еден документ, писмо на функционер на ОЗНА. Тој во писмото ги прекорува подредените полициски функционери затоа што дозволиле луѓето да се стрелаат без судска пресуда и без докази за вина. За да се најде некакво оправдување за егзекуцијата, тој во писмото им порачал „откако ќе ги ликвидираат да најдат докази за нивната вина“, вели Малковски.

ИНФО-Над 1.000 гробници

На територијата на поранешна Југославија има над илјада масовни гробници во кои биле закопани жртвите на комунистичкиот режим. Егзекуциите биле извршувани без судска одлука. Наводи за масовна гробница во близина на затворот „Идризово“.

Бранко Ѓорѓевски

Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 04:05

ИРСКИТЕ ПАТРИОТИ УШТЕ ВО 1916 ГОВОРЕЛЕ ЗА МАКЕДОНИЈА


Овие Македонци се Македонци уште пред времето на Тито!

Знам дека Македонците знаат дека се Македонци уште пред времето на Тито, пишува Џон Ши во книгата "Македонија и Грција: Борба за дефинирање на нова балканска нација", во која го истражува македонското прашање.

 
голема%20насмевка големо%20гушкање
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2009 во 12:12


„Тој е најпознатиот бугарски револуционерен лидер во Македонија, а неговото најпознато дело е киднапирањето на Мис Стон и барањето откуп за неа. Неговиот полковник Паница го уби Сарафов."
Сандански-средновековен феудалец

Изменето од lav4eto - 27.Мај.2009 во 15:52
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2009 во 17:39
Во Бук*решт во 1913 година кога Македонија беше поде­лена, Грција,Бугарија и Србија воспоставија окупаторска власт над Ма­кедонија. Европа ја поддржа агресијата, нечув­стви­тел­на за стра­да­ња­та на македон­ски­от на­род.

Во Пр­вата свет­ска војна маке­дон­ско­то пра­ша­ње од­но­во беше актуе­ли­зирано. По­­ли­­тич­ките и воени фактори на Фран­ци­ја и Велика Британија спро­­ве­доа соп­­ствени испитувања кои само ја потвр­дија вистината за Маке­до­ни­ја и ма­ке­дон­скиот народ документирана на нивни карти. Тоа се гледа дури и на картата од грчки експерт.

На британската етничка карта на Централна и Југоисточна Ев­ропа издадена од Штабот на воените сили во 1916 година во Лондон, Ма­­кедонците се претставени (приз­нати) како по­се­бен народ и на­ци­ја под соп­ственото на­ционално и ис­то­ри­ско име Ма­кедонци. Маке­дон­ска­та ет­нич­ка те­ри­­то­ријата на ге­о­граф­ска Македонија е одбележена со посебна линија и во легендата за на­ци­ите Ма­кед­он­ци­те се по­себ­но одбележени.

Image
На грчката карта од Про­ф. Георге Сотириадис од 1918, е прет­ста­вена етничка „грчка Македонија.” На картата Ма­ке­дон­ци­те се прет­ставени како посебен народ под сопственото на­род­носно име Ма­ке­донци со назнака (Словени) на целата нејзина територија. Одделно се одбележени, со посебни бои, под­рач­ја­та насе­ле­ни со му­сли­­манско и со грчко на­се­ление. Напоменуваме дека и топо­ни­­ми­те се ма­ке­дон­ски.

Image
На француската етничка карта на Централна Европа и на бал­кан­ски­те држави од 1918 година, ма­кедонскиот народ е претставен одделно, терито­ри­и­те на деловите од Ма­ке­до­нија во составот на балканските држави се одбележени со по­себна бо­ја. Во ле­гендата е запишано – Македонци.

Сепак, и тоа не повлијае за промена на односот спрема македонскиот на­­род. Лојалноста кон сојузничка Гр­ци­ја,Бугарија и Србија беше посилна од декла­ри­ра­ната заложба за пра­вич­нос­т и доследност во примената на правото на на­ро­­ди­те на самоопределување и на државност. Тоа право на македонскиот на­­род не му го признаа. Мировните конфе­рен­ција во Париз во 1919 ја по­твр­ди­ подел­ба­та на Македонија.

Во 1924 г. се појави и германска карта на народите и јази­ци­те на Балканскиот По­лу­­ос­тров. На картата Македонците на це­ла­та етнич­ка територија на Ма­ке­до­­нија се прет­ставени одделно, под соп­стве­ното на­ци­о­нал­но и историско име Маке­дон­ци, како и дру­гите балкански на­ро­ди: Бугари, Грци... Во ле­­ген­дата со посебна бо­­­ја е одбележена ма­­ке­дон­ската етничка тери­то­ри­ја и македон­ски­от јазик.

Image
Европа по Втората светска војна на Мировната конференција во Па­риз во 1946 го­дина уште еднаш ја санкционира поделбата на Македонија, а Гр­­ција и Бугарија ја продолжија геноцидната политика спрема македонскиот на­род во окупираните делови на Македонија.

Сепак и покрај сите поволности кои ги добија Грција и Бугарија, во поново време се силно фрустрирани, со­о­чени со проблемот на малцин­ства­та и не­ми­нов­носта од руше­ње­то на митот за хомогеност на грч­ката-бугарската на­ци­ја и грчкиот-бугарскиот карак­тер на ма­ке­дон­ското  минато. Фрустрирани се и поради из­вес­ното гу­бе­ње­то на стра­те­гис­ко­то зна­че­ње за ЕУ и НАТО (по поме­сту­­ва­њето на предната линија на исток, на Цр­но Море). Како реакција на таа фрустрација, ги мо­­билизираат сите сили за за­вршен етно­ге­но­цид над Маке­дон­­­ски­от на­род. Го наметнуваат про­блемот со име­то и јазикот пред прет­стој­ни­от состанок на НАТО во Бук*решт со за­кана со вето за да го спречи при­­емот на Ре­пуб­ли­ка Ма­­ке­до­ни­ја во без­без­д­нос­ни­от сис­тем но и сојузнички придонесуваат за остварување на конечната цел на Бугарија и Грција - не постоење на Македонија и Македонскиот народ-јазик.


Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2009 во 21:31
ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ И МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА СВЕСТ

Македонските Словени - вели тој - се населиле на територијата на сегашна Македонија уште во првите векови на христијанската ера, т. е. тогаш кога за Бугарите историјата уште малку знаела, а Срби уште немало на Балканскиот Полуостров. Чудно ли е што Македонците, живеејќи повеќе од 1500 години на едно место, во еднакви услови и наполно одвоен живот, си изградиле своја култура, свои обичаи, идеали, јазик?

Д Чуповски
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2009 во 06:33
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 06:39
Една убава идеја за презентација на своето минато и  чување за иднината
-------------------------------------------------------------------------------------------

Промоција на проектот „Македонските просветители и преродбеници“

Проектот „Македонските просветители и преродбеници“ утре напладне ќе биде промовиран во просториите на Општина Кисела Вода. Во рамките на проектот ќе биде претставен и постерот, кој го отсликува 10. век, периодот на свети Климент Охридски, првиот македонски духовник, учител и книжевник, и периодот од 19. и почетокот на 20. век - браќата Миладиновци, Григор Прличев и Крсте Мисирков, кои во училиштата го воведоа македонскиот народен јазик како јазик на образованието. Постерот ќе им се додели на сите основни училишта во Скопје како потврда за нашето постоење, историја, култура и национален идентитет.

За значењето на македонските просветители и преродбеници, во функција на воспитно-образовниот процес, на промоцијата ќе говори професор д-р Маја Јакимовска-Тошиќ од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“.Иницијатор на овој проект е Здружението на одделенски наставници на град Скопје, а е финансиран од Владата и од Министерството за образование и наука.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 15:23
Сликата%20“http://photos-c.ak.fbcdn.net/photos-ak-snc1/v851/8/111/1212393269/n1212393269_591698_1154.jpg”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 15:26
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Сликата%20“http://photos-c.ak.fbcdn.net/photos-ak-snc1/v851/8/111/1212393269/n1212393269_591698_1154.jpg”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки.


Сликата%20“http://photos-f.ak.fbcdn.net/photos-ak-snc1/v851/8/111/1212393269/n1212393269_591701_1825.jpg”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки.
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2009 во 11:31
Првата пушка ја испукаа 16 прилепски храбри момчиња

...Стражарот пред Участакот ја префрли пушката преку десното рамо и почна да се шета пред влезот. Душко замина неколку чекори. Кога имаше можност, погледна на часовникот, што само тој го имаше, и виде дека треба да се врати назад - се ближеше 22 часот! Стражарот го препозна и не ја впери пушката кон него. Кога му се приближи, Душко го извади револверот и испука во неговите гради.

                                       
"Сто македонски години -1903 -2003"




Изменето од macedon_alex - 04.Јуни.2009 во 19:50
Кон врв
vesnap Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 293
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vesnap Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 07:18
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

<font face="Arial, Helvetica, sans-serif" size="1">АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА: ВИНИЧКО КАЛЕ
             <font face="Arial, Helvetica, sans-serif" size="2">Тврдината која ги крие уникатните икони
             <font face="Arial, Helvetica, sans-serif" size="2">Локалитетот
е регистриран под името Градиште. Траги на животот има уште од раната
антика. Се наоѓа на рид со неправилен облик, изложен во правец
југоисток - северозапад. Опкружен е со стрмни страни, со исклучок на
југоисточната каде што длабо
             
          
       
       
           
            
              
                 
                   
                   <font face="Arial, Helvetica, sans-serif" size="2">
Стигнавме во Виница некаде напладне. Малото гратче е мирно, малку луѓе
на улиците. Многу е тивко, како што, впрочем, беше и во целава земја
последниве тажни денови. Денот е сончев, кристален. Како оваа рана есен
да ни го подари последниот вистински летен ден. Едно младо момче ни го
покажува патот до ридот каде што на околу 2,5 хектари се протега
доцноантичкиот локалитет Виничко кале. Искачуваме многу скали, безброј
убаво поплочени скали. И тамам кога душата ни дојде до носот, стигнавме
до лединката на која веќе се гледаат првите sидови на оваа некогашна
тврдина, а подоцна, како што се претпоставува, и епископски центар.
Локалитетот не нуди такви восхитувачки глетки какви што се, на пример,
оние во Стоби, Хераклеја, на Плаошник, иако природата околу е
прекрасна. Но, спред местоположбата и своето значење, Виничкото кале е
еден од најзначајните локалитети на доцната антиката. Пред се, поради
неверојатно богатство пронајдено тука - Виничките теракотни икони. Но
со ред.
Локалитетот е регистриран под името Градиште. Траги на живот има уште
од раната антика. Се наоѓа на рид со неправилен облик, изложен во
правец југоисток - северозапад. Опкружен е со стрмни страни, со
исклучок на југоисточната каде што длабок широк ров, направен од
стратегиски причини, го одвојува од соседната височинка. Површинските
остатоци велат дека освен на овој рид, населбата се протегала и по
неговите падини и на соседните ритчиња. Со неговата височина и положба,
некогаш животот во населбата се одвивал во долг континуитет, од
неолитското време, се до средниот век, но најмногубројни се остатоците
доцноантичкото време, од 4-5 век. Откриени се остатоци од sидови на
неколку објекти каде што се препознаваат и тремови, клупи за седење,
магацински простории, на кои на одделни места висината им достига и до
4 метри. Пронајдени се писница, префурниум, водоводни инсталации.
Некогашната тврдина сега доминира над градот Виница, кој како на дланка
се гледа одозгора, а има убав поглед и на коритото на Брегалница.
Објектите биле покрај одбранбениот бедем, а од него е откриен дел кој
имал полукружна кула. Бедемот бил граден од кршен камен и малтер. Токму
меѓу тие sидови и во шутот пронајдени се фрагментирани реплики од
теракотни икони, со непроценлива археолошка, уметничка и теолошка
вредност.
Како што тврдат археолозите, Виничкото кале било константно изложувано
на подеми и падови, а за тоа била пресудна неговата локација, една од
најфреквентните антички комуникации, на патот од Стоби за Пердика. На
овој пат имало неколку градски населби, па затоа се претпоставува дека
некој од градовите - Армонија или Каленидин се наоѓал токму на
Виничкото кале. За Календин, според пишаните извори, има претпоставки
дека бил епископско седиште. На локалитетот е откриена и
ранохристијанска базилика, станбени и стопански простории каде што и
биле најдени т.н. Винички икони.

ТЕРАКОТНИТЕ ВИНИЧКИ ИКОНИ

Прекрасните теракотни икони содржат претстави со ранохристијанска
тематика и латински написи со литургиска содржина. Ги открил археологот
Цоне Крстевски. Датираат од 5 и 6 век и претпоставка е дека биле еден
вид апликација на sидовите на гробниците од доцната антика во овој
градски комплекс. Прикажуваат мотиви од Стариот и од Новиот завет со
Архангел Михаил, Даниел и змејот и сл. Спаѓаат во категоријата на
најавтентични и оригинални откритија во Македонија и, според тематиката
која ја обработуваат, се исклучителни. Според изведбата, тие се
рустикални и имаат важни пораки од најраните христијански догми, со
аранжман кој досега не е виден на други слични релјефи. Нивната
автентичност и уникатност се гледа и во тоа што претставуваат
единствена целина од ранохристијанскиот период на почвата на
Македонија. Овие икони имаат и свој Музеј во градот Виница каде што,
покрај нив, изложени се и други артефакти пронајдени на локалитетот
Виничко кале.

АДРИЈАНОВ КРСТ

На Виничкото кале, при ископувањата вршени во периодот од 2000 до 2002
година на длабочина од 120 сантиметри, откриени се три фрагменти од
теракотна икона, зачувана во целина. Оваа икона се разликува од
претходно откриените на Виничкото кале по неколку работи. Плочата на
иконата, пред се, било оформена во калап, за да се добијат точно
бараните димензии и облик, а релјефот до иконографска тематика бил
направен со притисок со четири различни уметнички изработени матрици.
Со двете поголеми и исти по димензија бил добиен облик на буквата х (
односно икс), односно т.н. Адријанов крст, а потоа од едната и од
другата страна со две помали матрици добиени се од двете страни два
вида различни релјефи. На едниот релјеф се распознаваат риби, морски
ракови, групирани во парови, а главите им се свртени кон школката која
ги раздвојува. Во вториот поплиток релјеф се претставени паун, риба,
јагне, пес... Иконата се смета за многу добро зачувана, а од ликовен
аспект е мошне добро моделирана, со многу ситни детали и е мошне
прецизна и со јасно отсликани облици. На неа нема никаков печат или
потпис.

ГРОБОВИТЕ НА ВИНИЧКОТО КАЛЕ

Во истражувањата на Виничкото кале откриени се повеќе од сто гробови.
Интересно за нив е што биле оградувани со камења. Во некои од нив, по
положувањето на покојникот, биле вградувани и фрагментни од
архитектонска пластика. Како значајни откритија во последниов период се
и објектите под некрополата, кои се единствени по големината на двата
столба чија архитектура датира од 5 или 6 век. Најзначајното откритие е
и гробот на млада девојка кој датира од подоцнежен период, некаде од 12
век, а во кој биле најдени значајни и вредни предмети: стаклени
белезици, бронзени обетки. Интересно е што токму на оваа локација се
пронајдени и повеќе гробови на деца, а се претпоставува дека причината
за нивната смрт била некаква стравотна епидемија. Даниела Стојановиќ
фото: Гоце Чочков



Колку што сум упатена главен археолог на Виничко Кале до ова истражување е Коста Балабанов,кој ги има пронајдено теракотните икони и ве молам пишете ја првата вистина.Инаку за овој локалитет на повеке пати сум слушнала од невладино здружение од Коцани на медиумите кое според нивните сознанија се работи за кралската престолнина на македонските кралеви Пела или Бела,како што го претавуваат тие.Ова невладино здружение од тогаш е под постојани притисоци,јас ке се обидам да ископам дел од нивните откритија бидејки имам роднини во Коцани и ке ви ги доставам во форумов.Поздрав.
Кон врв
vesnap Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 293
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vesnap Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 07:46
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

<span ="WB_DNEVNIK_Naslov" id="ArticleTitle">Потрага по пајонскиот град Еударист</span>


<span ="WB_DNEVNIK_Podnaslov" id="ArticleSummary">Архитектонски
камени елементи од јавна градба, која во минатото била главна градска
порта, можеби храм, открија археолозите на локалитетот Градиште кај
Дреновската Клисура на патот Градско-Прилеп</span>. Раководител на
ископувањата е археологот Виктор Лилчиќ, професор на катедрата за
археологија на Фолозофскиот факултет во Скопје. Тој вели дека трагаат
по престолнината на пајонското кралство. Според него, најголемиот град
во тоа кралство, Еударист, бил токму на локацијата на која се поставени
првите археолошки откопи.- Можно е токму овде да била
престолнината од која раководеле пајонските кралеви. Станува збор за
моќен град со површина од околу 17 хектари. Тоа бил еден од најголемите
градови во кралството, град мамут - објаснува Лилчиќ.Зачетокот
на градот најверојатно треба да се бара во железното време, а
најголемиот процут го имал во класичниот период. Во времето на
пајонското кралство, Стоби било пајонско село во однос на Еударист.- Ова е археолошки локалитет од прва категорија за Македонија - дециден е Лилчиќ.Градот
постоел и во римското време, а подоцна со него владеел и Крале Марко.
На локалитетот биле пронајдени венециски сребреници, кои говорат дека
луѓето таму живееле и во османлискиот период.Во минатото, на
Градиште биле откриени многубројни археолошки предмети од злато и од
сребро, а била откопана и мермерна статуа на коњ во неговата природна
големина. Но, Петре Камчевски, директор на Музеј-галеријата во
Кавадарци вели дека тие одамна биле однесени од земјава.- Некои
од тие археолошки пронајдоци и денес се наоѓаат во Народниот музеј во
Белград или музеите во Бугарија. Првите археолошки ископувања на
локалитетот биле во 1932 година под раководство на археологот Никола
Вулиќ. Истражувачите пронашле црква со мозаик, златна статуетка и многу
други предмети што биле однесени во Белград - вели Камчевски.Парите се најголем проблем што локалитетот не бил доволно истражуван во изминатите години. -
Археолошките локалитети во Македонија беа препуштени на стихијата, за
разлика од другите земји во кои археолошкиот туризам носи милијарди
евра - нагласува професорот Лилчиќ.Ископувањата се реализираат
во рамките на годишната програма на кавадаречкиот Музеј-галерија од
Кавадарци, со дозвола од Управата за заштита на културното наследство.





Јас колку сум запознаена со истражување на народот паонски и државата Паонија,и паонската престолнина се работи за градот Астибо,кој по најновите сознанија не бил лоциран околу Штип,туку во источна Македонија.Едната локација е околу Бање Кочанско,другата Видовиште Кочанско (општина Зрновци)Ако институциите се попатриотски располежени особено археолозите можат и да докажат - напоменувам доколку Астибо навистина се навога во Бање Кочанско тогаш Видовиште е стариот град Запара.Потоа 40 км северозападно од Астибо е Транапара.Во источна Македонија се навога и градот Хармонија........Инаку Прилеп навистина е дел од старата Паонска држава додека престолнината не е лоцирана на овој дел.Во Прилепско или Пелагонискиот дел се работи за градот Пелиј,но и градовите Стара Хераклеа,Маснастир (кои се лоцирани во Мариово однсно Витолишта и Манастир).Па така ако Виничко Кале е престолнината Пела или Бела за кои се сомнева едно здружение од источна Македонија,тогаш едно од најголемите светилишта Паонски би требало да биде с.Мородвис или локалитетот Црквиште кој морам да напоменам од археологот - кустос Кирил Трајковски е целосно уништен.Доколку Виничко Кале и Мородвис ги истражувате сателитски ке го забележите е древниот пат од престолнината до светилиштето,подоцна Виа Игнација(за време на Рим),но можете да забалежите и дека на овој простор постојата повеке утврдување,тврдини.Или поточно околу Виница не само тоа едно Кале кое ние денес го знаеиме постојат уште три,додека околу Мородвис четири.Инаку за околу Виница кралската престолнина Пела или Бела треба да се бара лоциран и надвисната од Кочани точно на исток.(сето ова може секој да го утврди доклку вие форумџии саката една мистична средба јас ке ви воспоставам врска доколку некој е заентересиран со невладиното здружение,па да направиме една прошетка или поточно тоа да биде денот 21јуни бидејки само тој ден од годината сонцето изгрева точно од исток,па сите заедно на 20јуни да бидеме во Кочани и да го чекаме изгревањето на сонцето и верувам дека сонцето ке ни го престави вистинското Кале,а со тоа и кралската престолнина Пела или Бела,кои со факти дечките тврдат дека престолнината е преместувана од римските императори за да не будат секавањета на македонските кралеви)поздрав и ви стојам на располагање.
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 17:53
E pa prviot shto se' ispokradol...bil "Вулиќ" a sega e "Лилчиќ" na red za kradenje....zatoa e tolku nestrpliv izgleda? намигнување
 
btw. vesna_p...zdravo.  Chitam toa shto pishuvash i nemozham da se iznachudam od nekoi raboti.  Koga zboruvash za toj grad Pela-Bela....lokacijata i sl. - koi se tie lugje shto shto im vrshat pritisok na taa nevladina organizacija...i zoshto im go pravat pritisokot?  Da ne kazhuvaat kade e?  збунетост
 
A za pritisokot...zoshto ne gi prijavat TIE shto im go pravat pritisokot pa neka viknat nekoj medium i neka ja obelodenat celata rabota, ne? голема%20насмевка
 
p.s. A i so ova pokazhuvanjevo, neznam bash dali e mnogu pametno ni znaen i chuen da kanish nekogo, shto znaesh koj ke ti dojde...a mozhe da bide  i nekoj od tie "tragachite da si kopaat navecher" - poubavo ke e toa da go napravish so nekoj medium, pa neka slikaat tie a nie ostanatite ke gledame na TV. голема%20насмевка големо%20гушкање
 
 
Кон врв
vesnap Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 293
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vesnap Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2009 во 07:28
Originally posted by Popi Popi напиша:

E pa prviot shto se' ispokradol...bil "Вулиќ" a sega e "Лилчиќ" na red za kradenje....zatoa e tolku nestrpliv izgleda? намигнување

 

btw. vesna_p...zdravo.  Chitam toa shto pishuvash i nemozham da se iznachudam od nekoi raboti.  Koga zboruvash za toj grad Pela-Bela....lokacijata i sl. - koi se tie lugje shto shto im vrshat pritisok na taa nevladina organizacija...i zoshto im go pravat pritisokot?  Da ne kazhuvaat kade e?  збунетост

 

A za pritisokot...zoshto ne gi prijavat TIE shto im go pravat pritisokot pa neka viknat nekoj medium i neka ja obelodenat celata rabota, ne? голема%20насмевка

 

p.s. A i so ova pokazhuvanjevo, neznam bash dali e mnogu pametno ni znaen i chuen da kanish nekogo, shto znaesh koj ke ti dojde...a mozhe da bide  i nekoj od tie "tragachite da si kopaat navecher" - poubavo ke e toa da go napravish so nekoj medium, pa neka slikaat tie a nie ostanatite ke gledame na TV. голема%20насмевка големо%20гушкање

 

 



do koga makedonecot ke se plasi od samiot makedonec,mediumite.vesnicite.instituciite site se nastrana od nevladinoto zdruzenie.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.