IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Веронауката падна на Уставен Суд
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Веронауката падна на Уставен Суд

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819>
Прашање: Дали се согласувате со оваа одлука на Уставниот Суд?
Одговор Гласови Статистика
45 [69,23%]
18 [27,69%]
2 [3,08%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 13:43
Originally posted by novace novace напиша:

Originally posted by orlov orlov напиша:


Не се шегувам.Без изненадување. Вистина е. Ама само малку треба да размозгаш и даја сватиш суштината, да навлезеш во битието.
И на твоето
niks, јас само би кажал и тоа само колку дате убедам........ нашето Министерство за жал преќутно се вика као и сама пишуваш  ,,Министерство за Образование и ВЕРА,,. Да токму така.

VASHTEN frau lane62?задоволство
 
Побитно е (што се однесува до мене лично)... ШТО РАБОТИ посоченото Министерство овде..одколку како тоа се вика...
намигнување


И, Ти си во право.
Посоченото Министерство НЕ работи ништо. Министерот има одврзани раце и само измислува проекти коу потоа Уставниот Суд му ги укинува, а тој кутриот во самоодбрана ,,Уставниот Суд,, работел против вољата на НАРОДОТ и одма го уклучува деому Стефан да шири ерест.
А, немаше потреба од сето ова ако надлежните во проект Програмата ставеше само: ,,ИЗУЧУВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА НА ВЕРОНАУКАТА,,  а, не да ги учиме децата во нашата мултиетничка држава ,,ШТО ПРОПОВЕДА,,  нивната вера, а со тоа се знае неибежна е верската омраза и тоа токму преку децата.
Господа, добро знаете ЏИХАТОТ на што го учи исламскиот народ, бар мислам дека знаете? И, што мислите според него? Што би се случувало во Македонија?
Немојте да го волекувате народот во непотребни и немили работи.
Уставниот Суд е во право.   
             
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 01:35
Originally posted by novace novace напиша:

Со Божјата Заповест...НЕ КРАДИ...чинам седмата беше...
...ете и самата гледаш ...кога не ни е навреме овозможено да ги научиме уште од мала возраст??
намигнување

Де бе новаце, што стори? Абе ќе добиеме комплекс на бикови, читајќи ги твоиве зборови.голема%20насмевка Што е прчината што ставаш волку големи букви? Мислиш дека нема да прочитаме? Или сакаш да нагласиш нешто важно - а како мали не сме имале можност навреме да го научиме?не%20знам
За овакви цитати од библијата, меѓу кои и божјите заповеди, прелистај по „Вероисовед“. Таму ќе најдеш интересни работи. Овде би ти нафрлил да обратиш внимание на шестата и деветата заповед и да ги споредиш тие две. Но не се залетувај веднаш, малку размисли зошто ова го велам и одговори некаде на вероисповед, за да не бидеме излезени од темава.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 06:45
Едно не ми е јасно, зошто анкети не се правеа на почетокот на учебната година. И овдека не ми е јасно нешто- Дали е ова анкета со родителите на децата или воопшто, бидејки реално во овој случај се засегнати родителите на петтоодделенците.

АНКЕТА НА ИНСТИТУТОТ ПАВЕЛ ШАТЕВ


Половина население смета дека треба да се изучува веронауката


Над педесет проценти од граѓаните не се согласуваат со Одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката, покажува последната анкета на Институтот Павел Шатев, спроведена минатата недела.

На прашањето дали се согласувате со Уставниот суд да се укине веронауката во образованието, 56,6 проценти од анкетираните дале негативен одговор, додека 33 отсто се согласуваат со уставните судии.


Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 11:06
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Едно не ми е јасно, зошто анкети не се правеа на почетокот на учебната година. И овдека не ми е јасно нешто- Дали е ова анкета со родителите на децата или воопшто, бидејки реално во овој случај се засегнати родителите на петтоодделенците.

АНКЕТА НА ИНСТИТУТОТ ПАВЕЛ ШАТЕВ


Половина население смета дека треба да се изучува веронауката


Над педесет проценти од граѓаните не се согласуваат со Одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката, покажува последната анкета на Институтот Павел Шатев, спроведена минатата недела.

На прашањето дали се согласувате со Уставниот суд да се укине веронауката во образованието, 56,6 проценти од анкетираните дале негативен одговор, додека 33 отсто се согласуваат со уставните судии.





No vo sushtina treba da se izuchuva ISTORIJA NA VERATA, a ne Veroispoved. Toa se dva razlicni pojma i vo konkretniot sluchaj Ustavniot Sud se ogradi od eventualni posledici, koi i te kako kje predizvikaat verska omraza...............Sestete se ili poto'cno seushte znaete shto propoveda DZJIHATOT. Toa ne vodi kon omraza i drugi ne daj bozje nesakani raboti.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
lane62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lane62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 11:36
najdobro e nisto...ne sme nie seuste zreli....
Daj više odmora jeziku nego rukama!
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 12:20
Originally posted by lane62 lane62 напиша:

najdobro e nisto...ne sme nie seuste zreli....




Sosema ispravno......Prvo da sozreeme a potoa mozje............
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Dogi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dogi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 15:36
У.Број: 202/2008-0-1
Дата на Донесување: 04/15/2009


Вовед


Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија ("Службен весник на Република Македонија" бр.70/1992) на седницата одржана на 15 април 2009 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА членот 26 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.103/ 2008).

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

3. Уставниот суд на Република Македонија по повод иницијативата поднесена од Либерално Демократската Партија на Република Македонија, со Решение У.бр.202/2008 од 11 февруари 2009 година, поведе постапка за оценување на уставноста на членот 26 од Законот означен во точката 1 од оваа одлука.

Постапката беше поведена затоа што пред Судот основано се постави прашањето за согласноста на оспорената одредба од Законот со Уставот.

4. Судот на седницата утврди дека со членот 26 од Законот за основното образование е предвидено дека во основно училиште може да се остварува и верско образование како изборен предмет.

5. Уставот на Република Македонија во делот кој се однесува на граѓанските и политички слободи и права, со членот 9 утврдил дека граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.

Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Со членот 16 став 1 од Уставот се гарантира слободата на уверувањето, а со членот 19 ставовите 1 и 2 од Уставот се гарантира слободата на вероисповеста и се гарантира слободното и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата.

Со Амандманот VII точка 1 е заменет ставот 3 на членот 19 од Уставот и е утврдено дека Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред закон.

Со точката 2 на овој Амандман е заменет ставот 4 од членот 19 од Уставот, и е утврдено дека Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.

Според членот 20 од Уставот, на граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.

Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.

Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.

Во делот на Уставот кој се однесува на економските, социјални и културни права, со членот 44 е утврдено дека секој има право на образование.

Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно.

Според членот 45 од Уставот, граѓаните имаат право, под услови утврдени со закон, да основаат приватни образовни установи во сите степени на образованието, освен во основното образование.

Според Судот, поаѓајќи од содржината на изнесените одредби од Уставот, произлегува дека:

- граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата;
- секому му се гарантира слободно изразување на верата;
- верските заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот;
- тие се слободни во основањето на верски училишта и други социјални и добротворни установи;
- правото да се припаѓа на одредена вера подразбира и право да не се припаѓа на ниедна религија и да не се исповедува нејзиното учење;
- не постои државна религија која би била повластена и не се признаваат никакви привилегии на било која вера по било кој основ;
- постои слобода на здружување на граѓаните заради остварување на нивните уверувања врз основа на програми и дејствувања кои не се насочени, покрај другото, и кон верска омраза и нетрпеливост.

Законот за основното образование во III дел кој се однесува на „Програми и организација на воспитно-образовната работа во основното училиште“, во членот 25 уредил дека министерот ја утврдува Концепцијата за основно воспитание и образование врз основа на која тој на предлог на Бирото ги донесува наставниот план и наставните програми за основно образование во кои се содржани задолжителните и изборните предмети, бројот на часовите, наставните цели, содржините, основните поими, активностите и методите во наставата, условите за реализирање и нормативот на наставниот кадар.

Со оспорениот член 26 од Законот е предвидено дека во основно училиште може да се остварува и верско образование како изборен предмет.

Прашањето за видот на задолжителните и изборните предмети е препуштено да се уреди со наставниот план и програми на основните училишта и не е посебно уредено со Законот. Оттука, и прашањето за изучување на верското образование, потоа, неговиот избор, организација, број на часови, наставен кадар, во кое одделение ќе се изучува, содржината, активностите и методите во спроведувањето на верската настава, се комплетно во доменот на уредување со наставниот план и наставните програми за основно образование, кои ги донесува односно утврдува министерот за образование на предлог на Бирото за развој на образованието. Воедно, согласно членот 7 став 6 од Законот и начинот и постапката за избор на наставниците кои ги остваруваат наставниот план и програма ги утврдува министерот.

Според Судот, во овој дел од анализата на прашањето за верското образование потребно е да се има предвид и дека со членот 22 од Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група („Службен весник на Република Македонија“ бр.113/2007), е уредено црквата, верската заедница и религиозната група да имаат право да основаат верски образовни установи од сите степени на образование, освен од основното образование, за школување на свештени лица и верски службеници и дека верските образовни установи се изедначени со другите образовни установи. Според членот 27 од овој закон, посебно е уредено дека во воспитно образовните установи може да се организира верско образование како изборен предмет согласно со закон, при што при подготвувањето на наставниот план и програма со кои се утврдува изборниот предмет од областа на верското образование може преку органот надлежен за работите во врска со односите меѓу државата и верските заедници да бидат консултирани црквата, верската заедница и религиозната група.

Од изнесеново произлегува дека во остварувањето на правото да се организира и остварува верско образование во основното училиште кое е државна воспитнообразовна установа може да се вршат консултации со верските заедници при подготвувањето на наставниот план и програма со кои се утврдува изборниот верски предмет.

Понатаму, од образложението на Предлог-Законот за основното образование не произлегуваат посебни податоци за начинот на кој се проектирала реализацијата на верската настава, а од одговорот на Владата на Република Македонија како предлагач на Законот, како основна е изнесена тезата дека Уставот не предвидува забрана за верското образование да може да се организира и во воспитнообразовните установи основани од државата.

Оспорената одредба од членот 26 од Законот за основното образование, дава правен основ министерот преку Концепцијата за основното воспитание и образование, наставниот план и наставните програми, да утврди остварување на верско образование во основните училишта и тоа да го операционализира во консултација со верските заедници, црква и религиозна група.

Означените одредби од член 19 и Амандман VII од Уставот ја промовираат слободата на вероисповеста, но истовремено го поставуваат принципот на одвоеност на државата и верските заедници, односно принципот на секуларност. Слободата на вероисповеста, според мислењето на Судот, нужно во себе ги содржи принципите дека секој има слобода, без влијание од никого, да го определи своето верско уверување, да прифати или да не прифати одредена вера или да прифати друга вера, или да не прифати никаква вера, да ја исповеда или да не ја исповеда својата вера, да учествува или да не учествува во верски обреди итн. Државата во тој контекст, од своја страна, согласно со принципот на одвоеност од верските заедници, мора да ја задржи својата неутралност и не смее да се меша во прашањата на верата, односно на верските заедници и религиозни групи, да го поттикнува определувањето за определена вера или за верата воопшто, ниту да го попречува изразувањето на верата, ниту пак да наметнува верски конформизам или да бара спроведување на верски активности како општествено пожелно поведение. Означениот уставен амандман, Судот утврди дека го решава на принципиелен начин и прашањето за верското образование (верска поука, веронаука) кое остава да биде предмет на одлука и делокруг на верските заедници и религиозни групи, во рамките на слободата на основање на верски училишта за таа цел.

Со оспорената одредба од член 26 од Законот, Судот оцени дека се создава можност во основното образование да се воведе предмет во кој се изучува определена вера, со кој се врши воведување во правилата според кои треба да се однесува припадникот на определена вероисповед, или како што се нарекува - вероучение, верска поука или, најчесто, веронаука. Судот, притоа, има предвид дека и начинот на спроведување на оспорената одредба, во секој поглед, се совпаѓа со оваа констатација. Ваквиот облик на верско образование што произлегува како можност од законот, го надминува академскиот и неутрален карактер на наставата, што инаку е карактеристика на јавното, државно образование и ја инволвира државата во организирањето на таква верска настава, наспроти изнесениот принцип на одвоеност на државата и црквата и во тој контекст, слободниот простор за верските заедници да основаат верски училишта. Оттука, Судот утврди дека оспорената одредба од Законот не е во согласност со член 19 и Амандман VII од Уставот.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

7. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Лилјана Ингилизова-Ристова, Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски, д-р Гзиме Старова и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.202/2008
15 април 2009 година
С к о п ј е
сд/лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски

Јас сум мајстор!

Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 16:51
Zatoa Grujo e besen. Kje go smeni Ustavot a vo nego kje go nema Ustavniot Sud. Malku kje izgleda glupo. Ama toj kje postoi samo za voljata na vlasta.


Изменето од anastea - 07.Мај.2009 во 00:55
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Aminta3 Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 15.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 93
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aminta3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 01:33
Целата халабука е заради една работа: да и се ставаат сопки на власта секаде и во секое време.

Погледнете го само Бучковски и таквите како него за да видите што е лицемерие, свршуваат на судскава одлука.

Уставниот суд е комуњарски, покомуњарски не може да биде (или може?). Судиите директ се нарачувани и поставувани од Бихаќка. Затоа ептен глупо изгледа да се вадат на форма. А не пак оној ирецот, Фуере, да ни соли памет што требало и како требало.

Искрено сега, според мене дел од законот -- тој за веронауката -- е противуставен. Но другиот дел, Историја на религиите и тоа како е уставен, а и тој сега е прогласен за противуставен.

Значи одлуката не е правно издржана, а поени од целава бука вади Бранко Црвенковски.





Изменето од anastea - 07.Мај.2009 во 03:02
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 01:44

Нека вади поени кој сака, битно децата нема да се замараат со одредени верски индоктринации во државното секуларно образование. А храмовите, џамиите, синагогите, бе берете гајле, секогаш ќе им бидат отворени и слободни, а за верска поука, исто така бесплатни.

Не го поздравувам Уставниот Суд, не ги поздравувам оние што збираат поени од целата ситуација, но ја поздравувам одлуката на Уставниот Суд за укинување на наметнатата веронаука во државното образование.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 01:54
Нека го стават како ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ и готово и волкот сит   и овците на број...
На пример нека дадат можност за избор на неколку предмети како на пример ЕТИКА , Веронаука, Историја на религиите и слично...од тие неколку предмети нека си бират децата еден и пријатно...

Изменето од kultuzin - 07.Мај.2009 во 01:55
Кон врв
Aminta3 Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 15.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 93
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aminta3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 02:22
Кутузин, не може тоа што ти го заговараш, прочитај ја одлуката на судот.

Затоа велам дека е противуставно решението на судот бидејќи се коси со уставот. Ее мене или на моите деца ми е порекнато правото на изборен предмет Историја на религиите.

Финтата е да се буниш, опозицијата има рачка да се фати и да политизира уште повеќе.



Изменето од Aminta3 - 07.Мај.2009 во 02:23
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 06:44
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Нека го стават како ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ и готово и волкот сит   и овците на број...
На пример нека дадат можност за избор на неколку предмети како на пример ЕТИКА , Веронаука, Историја на религиите и слично...од тие неколку предмети нека си бират децата еден и пријатно...

Тој е изборен предмет. Во образованието има многу проблеми меѓу кој е и проблемот на бројот на предмети кои децата ги учат. Освен содржините од Веронаука, сите останати кои се реализираат се дуплираат односно ги има во материјалот по останатите наставни предмети. Јас во образование во дискусии за Веронауката спомнав дека на старт се направени грешки бидејки се каснеше со анкетите со родителите. Со сигурност можам да кажам дека многу родители избраа други предмети но бидејки акцентот беше ставен на овие два предмета, истите беа убедени (а негде и самите деца пренасочени) на Веронаука. Најмалку по 30% од родителите имаа избрано Веронаука што за почеток не беше лошо бидејки по една паралелка од 30 деца со позитивни искуства во наредната учебна година ќе направеа да се зголемат бројот на заинтересирани.
Искрено грешката е направена во расчекор некаде меѓу училиштата и МОН бидејки ако немаше пренасока немаше да има и тужба до уставен суд.
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 06:57
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Нека го стават како ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ и готово и волкот сит   и овците на број...
На пример нека дадат можност за избор на неколку предмети како на пример ЕТИКА , Веронаука, Историја на религиите и слично...од тие неколку предмети нека си бират децата еден и пријатно...



Etika??? Pa covece dali znaes deka taa se uci sredno obrazovanie, i srednoskolcite tesko go svakjaat toj predmet, a kamo li osnovci...Sepak tie se samo deca...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,235 секунди.