|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 5051525354 138> |
Автор | |
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пишувам зборови
од душава откинати. Секој од нив е зрак од топлината во мене. Се надевав долго, ќе прочиташ,ќе разбереш. Можеби и ме читаш, но незнам колку разбираш. Само едно знам. Секој нов збор напишан од ракава моја, тебе те носи далеку некаде во хоризонтот, невидлив за моите очи, недопирлив за моите раце. Да знаев само.... Ех само да знаев дека ќе тргнеш наназад. Никогаш немаше да ти покажам колкава е мојата љубов за тебе. Никогаш немаше да видиш колку умирам во ноките за еден топол бакнеж од тие слатки усни. Ехххх....само да знаев... ќе те сакав тивко.... нечујно... |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ммммм..... да ја испиеш во една голтка
преубаво
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оној ден моја кога ќе станеш
на оној начин каков знам да бидам онаков целосно твој низ прозор завеси навлечи се од тебе соблечи со се будилник фрли ги. Кревет до купатило ќе преместам нешто тешко на врата ќе поставам ѕвоно ќе искорнам фрижидер ќе наполнам телефони ќе искрш... не, само батерии ќе извадам. Да излегуваме долго нема се што ќе се случи внатре ќе остане нема вадење нема изговор така да си знаеш дека не сум те опоменал нема да кажеш. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми се нана
си зевам се тегнам мор ќе спијам нишо друго не праам нек ме моли не даам перница ќе си гушнам врз неа ќе се лигавам ма гола нека игра нема да ја изневерам карактер сум ја нек ме чешка под појас не даам нек вика шо сака не верувам ќе спијам сигурно знам. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Писма долги
во мисли пишувам ги читаш ме сакаш да заменам сакам она кратко и брзо што ни се случува за она споро што се искажува се трупа се надополнува а толку малку истекува ќе има време се надеваме. Денови ко к*ршуми поминуваат не погаѓаат не промашуваат сеќавања искривуваат ние мислиме исти сме но не сме. |
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ги отварам портите
и ги бркам мислите мрачни,
мисли тешки ,лигави
што полека низ мене,такви,никакви
се влечат
и душата ја горат,ја печат.
Затварам очи,
и гледам,слушам
ѕвездите ми зборуваат,
зборови жешки како вжештен жиг,
што срцето го жигосуваат,го горат,
Усни подотворени,суви,жедни
но спремни тој отров вечен,
да го вкусат ,пијат...
И облаци бели,памучно бели,
се собрале
вечната тајна да ја скријат.
Изменето од marija1000 - 06.Мај.2009 во 22:36 |
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
To
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Штракаше со упаљачот трудејки се да запали цигара....веке кој знае која по ред. Наеднаш и дојдоа сите лоши вести. Како можеше додека штрака со упаљачот цел живот да се сруши? Сите планови, иднината, замисли....среката!? Сето тоа да го дознае се дур пробуваше да запали цигара. И повторно штрака...не помислувајки дека има друг упаљач...кога се освести и текна, да постои друг упаљач. Само кој знае каде е . Како што постои излез од оваа беда, само кој знае како да стигне до него. Мајка и свика од другата соба-дојди по упаљач. Тврдоглаво рече-Не. Ке запалам со овој. И упорно продолжи. Кога се отвори вратата таа веке расчистуваше со нешто што ке и го смени животот. Тогаш слушна едне глас-Имам лоша вест за тебе. И во тој момент ладнокрвно одговори-Знам што ке кажеш. Пропадна се. Нема да се оствари планот. Само слушна -така е. Се друго што и рекоа не слушаше веке. Го слушна и најбитното. Дека може и ова сега малце што го има, и тоа ке го снема. Прашањето е -Што тогаш? Да не беше како што е можеби немаше да е толку жалосно. Но е како што е. И не се знае крајот и излезот. Во рок од 5 минути се беше различно. Како времето не застана кога ги креваше тие тешки теписи и мислеше нема потешко од тоа. Но сепак имало. Како времето не застана и подобро да ја болат јајници од тешкото отколку душата од иднината која се повеке се зацрнува!? Што ли ке биде-само Горнион знае.... Само знае дека нема повеке да трпи никого ни ништо. Прашањето е само-зашто е олку сурово и болно? Зарем е заслужено!? И конечно ја запали таа проклета цигара...
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ме давај мило
немој денес не е исто само денес поинаку нека биде прекриј ме сенка нека ме покрие светлина нека ме заборави мои очи стиснати се сега низ мрежа од трепавици гледам а може и не а може решетки да се нешто ме гризе нека ме изеде може нешто и ќе остане немој мило не сум денес нека помине иако ми се чини утре нема да има веќе помина. |
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Замислено чекореше по ширината,додека опојните мириси ти ги скокоткаа сетилата....како рој пчелки-вредници,мислите ти беа разлетани на сите страни.Долг беше патот до изворот на вистината ,до кој беше тргнал за да ги наполниш резервите кои веке почнаа полека да се празнат и потребата да повторно магичната течност ја исполни празнината стануваше се поголема.Срамежливото сонце,кое ја бакнуваше месечината пожелувајки и добра нок,полека се преполуваше на црвенкастиот хоризонт и те милуваше по образите како да сакаше да те охрабри по патот.Подигајки го погледот кон небото,како да бараш нешто повеке отколку што можат да видат уште нерасонетите очи,ја здогледа неа.....пеперутката со свилените крилја кои се преливаа на сончевите зраци во сите магични бои на светот,која неприметно те следеше во секој твој чекор и која ти, занесен во убавините на пејсажите воопшто не ја примети.Доволно беше само да ја кренеш раката да таа се најде на твојата дланка.Зачудено ја гледаше ,со широко отворени очи ,неможејки да поверуваш како порано не ја примети....Како молња која го расарува небото,се слушнаа трубите....тоа кралицата на кралиците ги повикуваше своите поданици.Изненаден ,со трапава невнимателост ја фати пеперутката за нежните крилја и ја положи на тлото под разнобојните цветови.Го забрза чекорот знаејки дека немаш многу време пред тебе,бришејки ги прстите од свилената прашина,која беше доказ дека ја имаше невидливата пеперутка во раце.Твоите чекори станаа се позабрзани,и некаде ,таму ,на влажното тло,под разнобојните цветови едно душиче ширеше крилја...... Изменето од marija1000 - 05.Мај.2009 во 01:01 |
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Последно
Кога ги отвори очите и ја заплисна бела светлина, прво што помисли беше
,,што направив ?? ‘’ . дали
сум во рајот ?? Нее, не го замислував вака рајот. Лежеше неколку минути пред да
стане свесна дека некој седи задреман и потпрен на креветот. Беше тој. Не е
можно, прво што помисли. Второ беше дали да го разбуди, ако навистина беше тој.
Ја помрдна ногата и се стресе кога го почувствува влажниот чаршаф на коленото. Болка
почна да и пулсира во главата, но, не беше болка каква што се беше навикнала да
чувствува. Беше болка, што телото и ја даваше, за да и каже дека се измачила
себеси, дека психичката болка била доволно тешка да се издржи. А госпоѓата Професорка, сфати дека
не е во ред, секогаш да се биде насмеан, весел, горделив. Почесто ја гледам,
како го шета малото внуче во паркот, откако реши предвреме да се пензионира. Ужива
во животот. Ама, кој да ти каже, дека не треба секогаш се да биде во ред ?? Изменето од BisernA - 04.Мај.2009 во 23:25 |
|
Внеси реплика | страница <1 5051525354 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |