IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 43>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 09:59
Европскиот првак ќе ја брани титулата

Манчестер Јунајтед и оваа сезона ќе учествува во последниот натпревар од Лигата на шампионите и ќе има можност да стане првиот тим кој ја одбранил титулата во ова натпреварување. Сосема заслужено откако вчера оствари убедлива победа на гостувањето кај Арсенал на Емирати, но не може да се каже и дека му одржа фудбалска лекција на својот противник од Премиер-лигата. Ова беше прв пораз на Арсенал на домашен терен во Лигата на шампионите по пауза од четири години, односно по 1 февруари 2005 година.

Всушност, Јунајтед имаше многу среќа и искористи две кардинални грешки на одбраната на Арсенал за по само 11 минути да дојде до водство од 2:0. Сето она што европскиот првак го испушти како можност во првото полувреме, односно напаѓачите не искористија во дуелите со шпанскиот голман Алмунија вчера им се врати можеби со камата. Прво младиот Киран Гибс во осмата минута се лизна и му ја остави топката на Парк за овој да го отвори резултатот, а три минути подоцна Роналдо од слободен удар го совлада Алмунија со шут кој требаше да го одбрани и многу послаб голман од Шпанецот. Уште тогаш беше јасно дека Арсенал нема шанси да направи пресврт и дека Јунајтед во четвртиот меч на Емирати ќе го оствари првиот триумф против "топчиите". Сето останато беше рутина од актуелниот европски првак кој е премногу искусен за да испушти водство од 2:0 во натпревар кој носи финале од Лигата на шампионите. До крајот на првото полувреме речиси и да немаше опасност пред голот на Ван дер Сар додека Јунајтед преку Руни, Гигс и Роналдо ја чуваше топката на противничката половина.

И второто полувреме не донесе ништо спектакуларно иако навивачите на Арсенал очекуваа барем повторување на дуелот меѓу Ливерпул и Челзи од истото натпреварување, но во четврт-финалната фаза. Јунајтед сите сили ги насочи на својата половина и се обидуваше само со контранапади да го загрози противничкиот гол и евентуално да ја зголеми предноста. Од еден таков контранапад во 61. минута "падна" и третиот погодок за гостинскиот тим. Руни повлече една акција по левата страна, кога дојде пред шеснаесетникот сврте кон Роналдо, а Португалецот со својот втор гол ја запечати победата на својот тим. Се ќе беше идеално за Јунајтед ако во 75. минута главниот судија Роберто Росети не беше престрог кон шкотскиот репрезентативец Дарен Флечер. Крилниот играч на Јунајтед се најде до Фабрегас кој влегуваше кон голот, стартуваше, но ја промаши топката и во тој старт го легна противничкиот фудбалер на земја. Сигурно имаше тука пенал, но можеби не и црвен картон кој ќе го одвои Флечер од големото финале што се игра на 27 мај на Олимпискиот стадион во Рим. Ван Перси беше прецизен од белата точка, но тоа беше се што направи Арсенал иако до крајот ја имаше иницијативата и создаде неколку шанси за гол. Фергусон направи одличен потег со тоа што по еден часа игра и на 3:0 за својот тим од игра ги извади Руни и Евра, единствените двајца фудбалери кои беа во опасност да го пропуштат финалето поради жолти картони.

На овој начин Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во своето трето финале од Лигата на шампионите и вкупно четврто заедно со поранешниот Куп на европски шампиони. Ако се верува на традицијата, и сега ќе излезе како победник бидејќи никогаш во претходните три финалиња не загубил, а два пати (лани и во 1999 година беше многу блиску до такво нешто). Можно е да има повторување на финалето од минатата година, но за тоа сега треба да се погрижи Челзи кој вечерва ја пречекува Барселона на Стемфорд Бриџ.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 10:00
Одбраната на Барса - најголема шанса за Челзи

Се уште се свежи сеќавањата на љубителите на фудбалот од последниот натпревар на Барселона во домашното првенство кога го "прегази" Реал Мадрид со 6:1 и му даде вистинска фудбалска лекција. Но, само четири дена подоцна каталонскиот тим мора да се сврти кон реванш-полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите каде го очекува Челзи и каде многумина очекуваат репетиција на она што се случуваше во саботата на Сантијаго Бернабе. Без притоа да земат предвид дека на Барселона вечерва ќе и биде многу-многу потешко отколку во Мадрид.

За тоа има неколку причини. Прво, Барселона патува во Лондон значително ослабена во оној дел каде што и е најслаба оваа сезона - во одбраната. Капитенот Карлес Пујол поради жолти картони нема право на настап вечерва, Маркез се повреди на првиот натпревар против Челзи, па последната одбранбена линија сега ќе ја сочинуваат младите и релативно неискусни кога станува збор за вакви натпревари Пике и Касерес. Првиот одлично одигра во саботата против Реал и потврди дека му претстои блескава иднина, но никогаш до минатиот вторник не играл во полуфинале од Лигата на шампионите иако лани беше во составот на Манчестер Јунајтед, но не заигра, кој ја елиминира Барселона во истата фаза. Пике и Касерес ќе мораат да го запрат Дрогба, кој има одлична историја во дуелите со Барселона бидејќи до минатата недела постигнуваше голови речиси на секој меч, но и одигра извонредно во минатото коло од Премиер-лигата против Фулам постигнувајќи еден гол и асистирајќи при уште два за Челзи. Во стартната постава на каталонскиот тим ќе биде и Ерик Абидал - убедливо најслабиот поединец од натпреварот против Реал Мадрид, кој ќе мора сега да го запре Жозе Босингва.

Втората работа поради која на Барса ќе i биде потешко е тоа што Челзи повторно не мора да се отвори бидејќи од првиот натпревар има 0:0 и повторно може да ја очекува својата шанса од контранапади. Таква затворена варијанта на противникот не i одговара на Барселона што се виде не само на првиот меч на Ноу Камп, туку и во минатите сезони имајќи предвид дека најголемиот дел од овие фудбалери на Гвардиола се староседелци.

И третата работа е што Челзи има многу поквалитетен тренер од Реал Мадрид во името на Гус Хидинк. Тој нема титула во Лигата на шампионите, но има во Купот на европските шампиони пред повеќе од две децении со ПСВ, а со истиот тим пред неколку сезони неочекувано стигна и до полуфиналето од Лигата на шампионите. Холанѓанецот покажа дека ја прочитал играта на Барселона, па и покрај критиките за исклучително дефанзивен настап, сигурно повторно ќе најде лек за најдобриот напад во Европа оваа сезона.

"Резултатот од првиот натпревар ни е одличен, а ние се претставивме во неверојатно издание. Мора да се знае дека Примера и Премиер-лигата се многу различни натпреварувања. Кај нас многу повеќе се оди на физичката сила и тоа е најголемиот плус за Челзи. Ние сме првиот тим кој на Барселона не i дозволи да постигне гол на Ноу Камп. Сега играме на домашен терен, ги имаме навивачите на наша страна и сигурен сум дека тие ќе не однесат кон Рим", вели Лампард. Во неговата екипа се враќа Ешли Кол по суспензијата и Челзи ќе биде комплетен на вечерашниот натпревар.

Навивачите на Барселона можат да здивнат затоа што францускиот репрезентативец Тиери Анри, најверојатно, ќе биде во стартниот состав. Напаѓачот беше еден од најдобрите на дуелот со Реал постигнувајќи два гола, но постоеше опасност да го пропушти овој меч поради повреда која го мачеше уште минатата недела. Сепак, докторите дале "зелено светло" и останува само Гвардиола да го потврди како член на стартниот тим. Заедно со него во нападот ќе бидат Меси и Ето и заедно ќе ја формираат "тројката" која сезонава постигна 94 гола во сите натпреварувања оваа сезона.

"Наша основна определба секогаш е нападот и само нападот. Тоа Барселона го прави најдобро, Челзи игра друг фудбал кој им носи успех, но ние нема да играме по нивните правила. Се надевам дека сега и судијата ќе биде на ниво и дека ќе успееме да дојдеме до фудбалска правда", рече еден од најдобрите фудбалери на Барселона оваа сезона Андрес Иниеста.

Ова е десетти меѓусебен натпревар на Челзи и Барселона во Лигата на шампионите и тоа во последните девет години. Досега скорот е апсолутно израмнет: по три победи за двете екипи и три нерешени резултати. Кој ќе ја оствари четвртата победа ќе обезбеди пласман во големото финале од годинешното издание на Лигата на шампионите што се игра на 27 мај во Рим.

ТИКЕР

*Италијанскиот тенор Андреа Бочели ќе настапи пред отворањето на финалниот натпревар од Лигата на шампионите што на 27 мај ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Рим. Тој е познат како навивач на Интер, но неговиот омилен клуб доживеа елиминација уште во осминафиналето од актуелниот европски првак Манчестер Јунајтед.

"Бев сигурен дека Интер ќе игра во финалето и како домаќин ќе ја има предноста. Не успеавме да го направиме тоа, но барем на Олимпико ќе имам еден огнен навивач на Интер", изјави оперскиот пејач кој на 12 години го загубил својот вид.

*Поранешниот тренер на Барселона, Луис ван Гал, кој сезонава ја освои титулата во холандското првенство со АЗ Алкмар, изрази надеж дека неговиот поранешен клуб заедно со Манчестер Јунајтед ќе игра во големото финале од Лигата на шампионите. Тој призна дека и натаму е голем фан на Барса, но додаде дека ќе i биде тешко да го помине челичниот бедем на Челзи.

"Барселона одигра неверојатен натпревар против Реал. Тоа беше одличен приказ на егзибициите во фудбалот благодарение на силата на колективот и квалитетот на индивидуалците. Горд сум на Валдес, Чави, Пујол и Иниеста затоа што дел од нив влегуваа во првиот тим додека јас бев таму. Челзи знае како се игра против Барселона и нема да им треба многу за да постигнат гол. Добри се во контранапади, но се надевам дека Барселона со Манчестер Јунајтед ќе игра во финалето", заклучи Ван Гал.

*Сите во Барселона, почнувајќи од тренерот Гвардиола до последниот фудбалер во нападот се категорични дека и на реваншот ќе напаѓаат без оглед на резултатот од првиот меч.

"Во Лондон одиме да нападнеме и да победиме", полн е со оптимизам тренерот Гвардиола, кој уште во првата сезона на клупата на каталонскиот тим има можност да дојде до финалето.

"На Челзи му е страв да не нападне за да не му се случи истото како на Реал. Сепак, се надевам дека барем малку ќе се отворат и ќе одат да постигнат гол. Ако ние го отвориме резултатот, тогаш 90% сме ја завршиле работата затоа што Челзи ќе мора да постигне два гола и комплетно ќе се отвори, а ние ќе го имаме целиот терен на располагање", рече Меси.

*Главниот судија на вечерашниот натпревар, Том Хенинг Евребо, никогаш досега не му судел на Челзи, додека вторпат во оваа сезона ќе води натпревар во кој учествува Барселона. Првиот беше реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Лион кој Барселона го доби со 5:1 и обезбеди пласман во следната фаза.

Интересно е тоа што четири од последните шест натпревари во Лигата на шампионите кои ги водел Евребо завршиле со победа на домашниот тим, а другите два биле нерешени. Од нив само еден би и одговарал на Барселона, и тоа последниот, во четврт-финалето од ова издание на Лигата на шампионите меѓу Виљареал и Арсенал на Ел Мадригал, кој заврши 1:1.

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

*Над две третини или 66,8% од екипите кои на првите натпревари од нокаут-фазата во Лигата на шампионите како гости одиграле без голови, потоа обезбедиле пласман во следната фаза.

*Челзи нема пораз веќе 17 натпревари на домашен терен во Лигата на шампионите. Но, последен тим кој славел на Стемфорд Бриџ е Барселона на 22 февруари 2006 година со 2:1.

*Барселона вечерва може да го доживее 100. пораз во европските натпреварувања. Досега има 238 победи, 101 нерешени резултати и 99 порази.

*На Барселона i се потребни два гола за да го израмнат рекордот на Реал Мадрид од 850 погодоци во сите европски купови. Во исто време, Барса и натаму е најефикасен тим во Лигата на шампионите оваа сезона со 29 гола.

*Чави, заедно со Франк Рибери, е најдобар асистент во Лигата на шампионите оваа сезона со шест додавања за гол.

*Барселона се наоѓа во рекордна серија од 104 натпревари во Лигата на шампионите без добиен црвен картон. Последниот фудбалер на каталонскиот тим што бил исклучен е сегашниот тренер Пеп Гвардиола против Брондби на 9 декември 1998 година.

*Барселона не го победила Челзи во последните четири меѓусебни дуели и тоа е најдолга серија на непобедливост против еден тим од Лигата на шампионите заедно со Манчестер Јунајтед.

*Во последните четири сезони Барселона беше елиминирана од англиски екипи: Челзи (2004/05), Ливерпул (2006/07) и Манчестер Јунајтед (2007/08). Сепак, последната титула ја освои против англиски тим - Арсенал, а ако обезбеди пласман во финалето во Рим повторно ќе игра против екипа од Премиер-лигата.

До ново полуфинале со двајца нови играчи

Барселона оваа сезона реди успеси во сите натпреварувања во кои учествува, но многумина се чудат на тоа затоа што во однос на минатата катастрофална сезона сменети се само двајца фудбалери. На пример, во истиот период минатата година Барселона доживеа дебакл од Реал Мадрид со 4:1 на Сантијаго Бернабе и беше елиминирана од Манчестер Јунајтед, а неполн 365 дена на истиот стадион го "прегази" Реал со 6:2 и се уште е со шанси да обезбеди пласман во финалето од Лигата на шампионите, плус да дојде до трофејот од Купот на Шпанија.

Минатото лето Рајкард, кој на Барса и донесе две титули во Примера и една во ЛШ, го напушти Ноу Камп, а заедно со него продадени беа Деко и Роналдињо. Купени беа Жерард Пике и Дани Алвес, кои единствени беа нови фудбалери во тимот на мечот со Реал во однос на ланската сезона. Кеита, Хлеб и Касерес останаа на клупата иако и тие беа ангажирани во пресрет на новата сезона.

Сепак, за да биде комплетен успехот и оваа споредба да е "на место" Барселона ќе мора вечерва да го елиминира Челзи и да обезбеди учество во финалето од Лигата на шампионите, што би било трето за каталонскиот тим по 1994 и 2006.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 18:13
Иниеста: Одиме на напад, Челзи е тој што треба да се плаши

Не постои тим на светот против кој ќе се браниме, па така нема ни против Челзи на „Стемфорд Бриџ“, изјави играчот за врска на Барселона, Иниеста, на прашањето како преку Лондон ќе стигнат до Рим.

Веројатно екипата на Барселона никогаш немала повеќе самодоверба отколку што има сега.

„Сака ли Челзи да нападне? Нема шанса. Убеден сум дека не можат да ни наштетат, премногу не респектираат. А ако играме како против Реал, и Челзи ќе пројде слично.“ Со овие зборови на Меси, повеќе или помалку, се сложуваат сите играчи во Барселона. Брзината на Анри и Ето би била фатална доколку играчите на Челзи решат да напаѓаат 90 минути.

„Да знам дека формацијата 10-0-0 ќе ни донесе влез во финалето, без проблем би ја применил. Напад каков што има Барселона, продава карти, ама одбраната ги носи победите“, изјави тренерот на Челзи. Кога го прашаа за прогноза, тој малку неочекувано одговори:

„Би типувал на 0:0. По одиграни 90 минути, па и 120 минути! Колку и да бидат неправедни пеналите, нив ги посакувам.“


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 18:25
Многу се силат во Барса пред мечов.
Само не е Челзи на ниво на кое можат да си играат играчки со нив.
Шесте гола што му ги дадоа на Реал им дадоа многу к*раж,да не ги седнат на задник уште во прво полувреме па после ни една матна да не ги пере.
Не сум љубител на ниедна од двете екипи,но во моментов за мене благ фаворит е Челзи и мислам дека ќе победат со 1-0.
Нај слаб дел од Барса е одбраната,плус Пујол и Маркес не играат,Анри се жалел на повреда и доколку се информациите точни немало да игра две недели,се на све како да се врти мечо во корист кон Челзи.
После 6 години и 5 полуфиналиња и едно изгубено финале мора малку среќа да ги послужи,да не се случи тоа денес?
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 00:32

  

 
Иниеста ја однесе Барселона во финалето
Андрес Иниеста го "поништи" во сусиското надополнување чудесниот гол на Есиен од првото полувреме, обезбедувајки големо финале на Барселона во Рим. Треба да се каже дека Барселона пројде на среќа, и со голема помош од норвешкиот судија...
     Брилијантниот Гус Хидинг уште еднаш покажа дека моментно е најдобриот светски фудбалски стручњак, и со поставената тактика во целост ја неутрализира Барселона, кој во текот на регуларните 90минути воопшто не упати удар кон голот на Петар Чех, а норвешкиот судија повекепати во текот на натпреварот ги оштети сините од Стенфорд Бриџ, недосудувајки два "чисти" пенала. Како компензација судијата му додели црвен картон на Абидал, иако од повторените снимки се гледа дека таму не постоеше никаков прекршок.
     Но, да се вратиме на самиот почеток на натпреварот, каде веке од 9-тата минута поведоа домаќините. Уфрли Малуда од крилна позиција, топката стигна до Лампард кој шутираше во поставениот блок од Туре, топката се одби по што "легна" на волејот на Есиен кој постигна вистински "евро-гол". Тоа беше гол кој сигурно оваа сезона ке конк*рира за најдобар во Лигата на Шампионите.
     Во продолжението на првото полувреме домашните продолжија со теренската доминација, а сето тоа го зачинија со неколку добри контри, кој сепак останаа нереализирани, и така пропуштајки огромна шанса за решавање на патникот во Рим.
     Треба да се спомне дека Барселона ја држеше топката во своја сопственост во текот на целиот натпревар, но не ствараше шанси главно поради перфекцијата во одбраната на Челзи која цели 90минути беспрекорно реагираше.
     Второто полувреме не донесе ништо ново, топката кружеше окулу шеснаесетникот на Челзи, но без резултат, а шансите беа на спротивната страна преку опасните контри на Челзи, кој на неколку наврати имаше шанси да го реши победникот. Ањелка се ослободи од двајца противнички одбранбени играчи на некој 25метри, потоа проигрувајки го Дрогба кој беше сам на спротивната страна од казнениот простор. Дрогба веднаш не шутираше, туку со лажњак го исфрли Пике па со лева шутираше во спротивниот агол, меѓутоа со одличната интервенција на Валдес, Барселона сеуште остана во игра за финалето.
 И потоа кога веке надвапати не досуди пенал за Челзи, норвешкиот судија уште еднаш слабо реагираше, кој во тој момент се чини сакаше да се "искупи" за нанесената штета. Ањелка во 66минута побегна на одбраната на Барселона, а Абидал проба да го стигне притоа малку го подгурна. Иако тоа не изгледаше нималку уверливо, судијата веднаш ја запре играта и на Абидал му го покажа патот кон соблекувалните. Потоа во 82минута, судијата повторно не виде чиста игра со рака на Пике во сопствениот шеснаесетник, и тука едноставно мораше да покаже на белата точка.
     Казната стигна во втората минута во судиското надополнување, кога сите домашни играчи беа во казнениот простор. Меси ја додаде топката на Иниеста кој беше на работ од шеснаесетникот. Од прва шутираше шпанскиот везњак и сјајно го погоди спротивниот агол на Петар Чех.
 
Микаел Есиен 9' - 1:0 
 
Андрес Иниеста 90+2' - 1:1 


Изменето од fiks - 07.Мај.2009 во 00:34
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 00:39
Еве линк до снимка од голот на Иниеста.
 
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Akacija Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Akacija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 01:15
Lugje, vakva krazba nemam videno dosega. Samo ako reci nekoj deka najgolemite aramii ziveat kaj nas
Mislam deka nema ova taka da ostani. Sepak se raboti za clen na Angliskata fudbalska federacija, za vodecki klub od kako so velat lulkata na fudbalot. Mislam deka ke se preigra natprevarot. A, baska i Abramovic e vo prasanje.
Pogolema antipropaganda za fudbalot nemam videno.

By the way, ne navivam za Celzi, tuku za negoviot golem gradski rival Arsenal koj treba uste mnogu furni leb da jadi i da porasni, so nema da se sluci duri e Venger tamu. Venger e najdobar trener, ama za mladinski kategorii, a ne za takov biznis kako so e fudbalot denes.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 01:22
Да се преигра мечот?????
 
Немој те молам не пишувај такви работи.
Мечот заврши и крај!
Ни се случило ни ќе се случи такво нешто,дека имаше многу сомнителни одлуки од суијата имаше,ама да се преигра мечот е нешто неверојатно.
 
Тоа е завршена работа.
Финале во Рим Манчестер Јун. - Барселона
И големо%20гушкањенормално Бебињата се повторно шампиони
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 02:29
Edinstveno milo mi e samo sto nema da se povtori lanskoto finale....a i mnogu ke bese Man.Utd. pak da go pobedi Chelsea vo finale газење%20од%20смеење

A vaka mislam najrealno, dvata najdobri tima ovaa sezona da igraat finale. Pa neka pobedi podobriot
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 17:31
http://youtube.com/watch?v=VRLzOv3lxT8


visca barcaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa

Изменето од fiks - 07.Мај.2009 во 20:46
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2009 во 01:34
 уефа ја отфрла теоријата за заговор
 

Image

Генералниот секретар на УЕФА, Дејвид Тејлор беше дециден во својата изјава отфрлајќи ја теоријата за заговор против Челзи и евентуалното англиско финале во Лигата на Шампионите.

     „Доколку постои некаков заговор, тоа секако е оној медиумскиот против УЕФА, што ме прави навистина нервозен. Морам да признаам, многу сум изнервиран, бидејќи сето тоа што се пласира по медиумите е чиста глупост.“ - изјави првиот оперативец на организацијата на чие чело се наоѓа некогаш понајдобриот играч на светот, французинот Мишел Платини.

     Тејлор посебно го посочи возвратниот полуфинален дуел меѓу Челзи и Барселона на Стемфорд Бриџ кој се одигра во средата, каде можеше да се увери во низата грешки на норвешкиот судија Овребо, чија арбитража скоро го уништо лондонскиот клуб. 

     Мислењето на Тејлор го подржа и Грахам Пол во англиските медиуми, поранешниот англиски судија со најголеми достигнувања во УЕФА.

     „13 години судев под организација на УЕФА. Од тогаш 11 години бев во секојдневен контакт со најдобрите 30 судии. Морам да кажам дека ама баш никогаш не доживеав ниту најмала сугестија во смисла дека „некој подобро е да победи поради лични интереси“. Никогаш не беше барано од мене да судам во нечија корист. Ве уверувам во тоа.“ - изјави Пол во интервју за Би-Би-Си. 

     „Ништо во животот неможам да гарантирам, бидејќи секојдневно се случуваат работи кои не ни можете да ги сонувате. Сепак, со 99-процентна сигурност можам да гарантирам дека ништо не беше барано од норвешкиот судија. Тоа во УЕФА не се случува.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2009 во 01:08
Гвардиола се надева дека ќе учи од ’господарод’
Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола е почестен што за противник следната недела ќе го има Сер Алекс Фергусон – натпревар кој го опиша како најважен во неговиот живот
Гвардиола како играч на Барселона има играно во две финалиња од Лигата на Шампионите, славеше на првото на Вембли против Сампдорија во 1992 и загуби во второто од Милан во Атина две години подоцна.

Поранешниот капитен на Барселона уживе извонредна прва сезона како тренер веќе освојувајќи го шампионатот на Шпанија и Купот на Шпанија.

Барселона сега е само на 90 минути од историски успех и тројната круна, нешто што до сега никоја генерација на клубот не успеала да го стори.

И Гвардиола се нашали дека ќе се пензионира доколку успеат во тоа.

“Доколку победиме, ќе заминам дома и ќе ја завршам кариерата, ќе имам голем, голем успех.” – Пеп прокоментира со насмевка на лицето.

“Фергусоно? Имам голема почит кон него, и сум горд што сум тука и ќе играм против неговиот тим.” – продолжи Пеп.

“Неговата кариера е прекрасна – освојуваше трофеи, мораше повторно да гради нов тим, а потоа поведуваше повторно и повторно.”

“Ќе се обидам да учам од него – ова е горд момент за мене што ќе играм против него и огромен тим како што е Манчестер Јунајтед.”

За финалето во Рим, Андрес Ињеста и Тиери Анри сеуште се неизвесни и Пеп не е сигурен дали ќе може да смета на дуото.

“Немам многу опции. Фактички јас немам многу опции за дуелот со Осасуна од првенството.”

“Не знам дали Анри и Ињеста ќе се опорават на време – ќе видиме во понеделник или вторник.”

“Тие имаат верба и желба да бидат таму но се зависи од нивните мускули.”

Без разлика со кој тим ќе настапи Гвардиола останува убеден дека можат да победа.

“Доколку тие не се подготвени некој друг ќе добие шанса. Не можеме ништо да направиме за тоа – Дани Алвес, Ерик Абидал и Рафа Маркез веќе се отсутни и нас ни фалат играчи.”

“Би сакал да ги имам сите на располагање, но тие не се, па ќе се обидеме да победиме на натпреварот со тие што ги имаме на располагање.”

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 16:04
Роналдо нема да се наигра

Сите патишта водат во Рим! Учесниците во финалето од Лигата на Шампионите, Манчестер Јунајтед и Барселона ги прават последните подготовки пред дуелот на сезоната на „Олимпико“. Каталонците во вечниот град пристигнуваат во вторник, Англичаните ден порано, во секој случај, в среда следи дуелот на титаните.

Барселона во саботата навечер и официјално беше крунисана во првенството на Шпанија. Капитенот Карлес Пујол го прими големиот пехар, 19 титула во историјата на Барселона, но нема време за прослава. Пеп Гвардиола на играчите строго им го организира времето за опуштање, веднаш потоа сите се насочија кон мечот со "црвените ѓаволи".

Лео Меси секако ќе биде еден од главните адути на шпанската екипа, а негов голем мотив за победа ќе биде тоа што во мај 2006 година поради повреда го пропушти финалниот меч со Арсенал.

"Тоа што не играв во Париз и понатаму психички ме прогонува. Бев само гледач, затоа сега сакам да се радувам во Рим. Играме против голем тим, нивната игра е многу возбудлива. Најдобри се кога играат со максимално темпо, но добри се кога играат и стрпливо" - Аргентинецот упатил пофални зборови на сметка на противникот.

Талисманот на Барселона смета дека и покрај силата на Јунајтед, неговиот тим може да дојде до третиот пехар на УЕФА.

"Ако во Рим ја играме нашата игра, волшебно, брзо и дисциплинирано, не може да не славиме! Ова е поинаква Барселона од онаа која играше против Манчестер минатата сезона во полуфиналето. Чувствувам дека среќата ќе биде со нас ако играме според сопствениот систем. Ако отстапиме од тоа - не ни се пишува добро" - вели водечкиот стрелец во Лигата на Шампионите.

Сите очи ќе бидат насочени кон него и Кристијано Роналдо. Португалецот би можел да биде најголемата закана за одбраната на Барселона.

"Роналдо е секогаш закана, но не е единствениот опасен играч на Манчестер. Тие не се тим кој се потпира на еден играч. Сепак, треба да го спречиме Роналдо да ја има топката во нозе, бидејќи е многу вешт и брз. Има одличен дриблинг, шут и е незгоден од прекини. Исто така, мислам дека и Тевез е сличен на него, и тоа не го велам затоа што ми е другар од репрезентацијата" - потенцирал Меси.

Од таборот на Манчестер, синоќа можеа да се слушнат многу поинакви ноти кога е во прашање Кристијано Роналдо. Додека медиумите на Островот постојано зборуваат дека ќе се пресели во Реал, Португалецот рекол дека тоа не е точно.

"Ова е мојот дом. Дури и кога ќе кажам дека срцето ми припаѓа тука, луѓето постојано пишуваат дека заминувам. Манчестер е клуб за кој сакам да играм. Овој тим може да влезе во историјата, шефот верува во нас и сакаме нови трофеи" - порачал Роналдо.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 21:32
Ocekuvam otvorena igra od dvete strani....podobriot neka pobedi голема%20насмевка


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.