|
УЕФА Лига на Шампиони |
Внеси реплика | страница <1 1718192021 43> |
Автор | |||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Не се плашам од Меси
Менаџерот на Челзи, Гус Хидинк, првпат јавно прокоментира за своите очекувања пред првиот дуел со Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите. "Сините" гостуваат на Ноу Камп во вторник, а некако целото внимание на фудбалерите и англиската фудбалска јавност во последно време е насочена кон Лионел Меси. Една од причините за тоа е неиграњето на Ешли Кол, но Хидинк е уверен дека целиот тим како колектив ќе го запре Аргентинецот. "Јас сум голем љубител на играта на Меси, природата нему му дала многу талент и фудбалерите како него го прават овој спорт исклучително атрактивен. Се разбира дека сакаме да го запреме, но никогаш тоа нема да биде на недозволен начин. Знам дека ќе биде многу тешко, меѓутоа очекувам целиот тим, а не индивидуа да го запре Меси без разлика на кој дел од теренот ќе биде. Фудбалот е колективна игра и ние така треба да се однесуваме", рече Хидинк на два дена пред првиот полуфинален меч. Се очекува на местото на Кол во вторник да заигра младиот Мансиен, но можно е таму да добие шанса Ивановиќ, кој на некои натпревари играше десен бек, или искусниот Жулиано Белети, кој дел од својата кариера помина во Барселона и оттаму дојде на Стемфорд Бриџ. |
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Barcelona - Chelsea 0:0
90min Barcelona igrase samo, mnogu dobro igraa i super akcii pravea i imaa dobri shansi ama koga imas tolku sreka kako chelsea togas ke izvadis nereseno vo barcelona! Mnogu sum razocaran od chelsea niedna akcija ne napravija niedna shansa ne storija sam oedna imashe Drogba radi toa sto zgresija pozadi Barcelona. Trenerot ne e normalen kako moze Eto'o da go izvadi na kraj koj dobro igrase a Henry koj bese zamaen od udarot go ostavi uste malce na teren... |
|||||
|
|||||
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Jas pak mislam deka Chelsea izigraa mnogu takticki natprevar kade sto Barcelona ne mozese da gi pokaze svoite napagacki moznosti. Pred se zdodeven natprevar. Se nadevam naredniot ke bide nesto pointeresen.
|
|||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Треба да се земе во предвид дека Барселона не играше меч со Нумансија или Рекреативо.
Сепак Челзи е екипа од светска класа и така лесно како што мислеа дека ќе ги решат уште во првата утакмица по изјавите на цел стручен штаб не се случи.
Барса не одигра ништо посебно,просечен меч беше тоа вчера во кој Челзи ја оствари целта да не прими гол.
Сега топката се префрла во Лондон,каде Барса ќе треба ја го издржи се поголемиот притисок кој почнува наредниов викенд во Мадрид со големото дерби против Реал Мадрид.
Доколку изгуби,може да се случи голем психолошки пад во играта на Барселона и може да остане без ни една титула годинава.
Од исходот на мечот со Реал Мадрид според мене ќе зависи се понатамо во играта на Барса на натпреварот во Лондон против Челзи.
Доколку победи или извади нерешено титулата во Примера им е обезбедена и многу порастоварени ќе излезат на мегдан против Челзи во Лондон,а тогаш може се да се случи.
|
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Изменето од fiks - 29.Април.2009 во 01:29 |
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Англиска пресметка за пат во Рим
Актуелниот европски и светски клупски првак и најкомерцијален клуб во светот против тимот со најмногу талент во своите редови од сите на планетата. Така може да се окарактеризира вечерашната англиска полуфинална пресметка од Лигата на шампионите во која на Олд Трафорд се среќаваат Манчестер Јунајтед и Арсенал. Трето англиско полуфинале по ред во елитното европско натпреварување откако во последните две сезони во оваа фаза се среќаваа Ливерпул и Челзи. Манчестер Јунајтед влегува како огромен фаворит во овој меч не само поради името, поискусните фудбалери, менаџерот и неброените трофеи, туку и заради успесите во ова натпреварување во последната деценија. Арсенал има само едно финале во Лигата на шампионите, и тоа загубено од Барселона пред три години. Претходно, не успеал да стигне ни до полуфиналните пресметки, па јасно е дека искуството е далеку на страната на домаќинот на денешниот меч. Манчестер Јунајтед пред десетина ги загуби шансите да стане првиот клуб со максимален број титули во една сезона откако во полуфиналето од ФА Купот беше на пенали совладан од Евертон. Сепак, тој пораз "ѓаволите" го надополнија со две победи во Премиер-лигата од кои особено важна беше онаа против Тотенхем во саботата кога на Олд Трафорд имаа негатива од 0:2 за на крајот да победат со 5:2. Со тоа Јунајтед се задржа на чело на премиерлигашката табела со три бода повеќе и натпревар помалку од најблискиот конк*рент Ливерпул. "Знаеме за нивната добра форма во последно време, но мора да се знае дека тие не победија ниеден значаен тим од англиското првенство. Не сакам со тоа да ги потценам, но ние сме бранители на титулата во Лигата на шампионите и пред извесно време им кажав на фудбалерите дека единствено што ме интересира оваа сезона е да го освоиме овој трофеј затоа што тој вреди најмногу од сите три", рече менаџерот на Јунајтед, Алекс Фергусон. Во неговиот тим ќе го нема повредениот Гери Невил, но тука се другите фудбалери со кои ќе се обиде да стигне до победата. Арсенал бележи одлични резултати последниот месец, но мора да се има предвид дека "топчиите" немаат ниеден трофеј веќе четири години. Притисокот врз младите фудбалери вечерва ќе биде уште поголем бидејќи во случај на евентуален неуспех нема веќе да држи тезата на Венгер дека неговите таленти имаат победнички менталитет. Голем дел од нив велат дека размислуваат да си заминат од Емирати ако наскоро Арсенал не почне да освојува титули, а барем оваа сезона нема друга можност за такво нешто освен Лигата на шампионите. Минатата недела Арсенал одигра одличен натпревар против Ливерпул во Премиер-лигата што заврши 4:4, но сите четири погодоци тогаш ги постигна Андреј Аршавин, кој поради настапот за Зенит во првиот дел од сезоната сега нема право да игра за Арсенал. И покрај тоа, Арсенал сигурно не е без шанси на овој двомеч. Јунајтед во последно време се почесто покажува дека има проблеми и недостатоци и при еден сериозен притисок знае да потклекне. Ако фудбалерите на Фергусон ја заиграат својата игра и успеат да излезат на крај со иницијативата на Јунајтед, конечниот победник ќе биде непознат до крајот на реваншот во Лондон. Мора само да се знае дека вечерва "топчиите" ќе бидат ослабени и поради неиграњето на Робин ван Перси, кој е повреден, Силвестре има проблем со грбот и е неизвесен, додека Адебајор и Диаби заздравија и, најверојатно, ќе бидат во комбинација. "Одиме на Олд Трафорд како да не станува збор за полуфинале на Лигата на шампионите и наш најважен натпревар сезонава. Ќе се обидеме да се надигруваме со нив, да постигнеме еден или два гола, а во такви услови можеме на крајот да излеземе како победници", рече Венгер. Вечерашниот дуел на Јунајтед и Арсенал е втор оваа сезона меѓу овие две екипи по оној на Емирати во ноември кој го добија "топчиите" со 2:1. Воедно, ова е најава за можеби клучниот меч од Премиер-лигата што се игра во претпоследното коло на Олд Трафорд, а во кој Јунајтед може да ја освои шампионската титула. ОВА МОЖБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ *Манчестер Јунајтед се уште има шанса да стане првиот тим што ќе ја одбрани титулата во Лигата на шампионите од нејзиното формирање пред 17 години. *Арсенал игра мошне слабо на гостински терен во оваа сезона. На досегашните пет натпревари оствари само една победа, и тоа против Фенербахче со 5:2 во третото коло од фазата по групи. *Арсенал е само вторпат во полуфиналето од ЛШ. Првиот беше пред три години кога успешно го мина Виљареал. Манчестер Ј. е еден од најуспешните, ова му е шесто финале во Лигата на шампионите. *За разлика од Арсенал, Јунајтед само еднаш досега се сретнал со англиска екипа во Лигата на шампионите, и тоа во ланското финале кога го совлада Челзи. *Арсенал и Манчестер Јунајтед имаат вкупно 204 досегашни дуели во сите натпреварувања. Од нив, 82 доби Јунајтед, 77 Арсенал, а 45 завршија нерешено. *Алекс Фергусон и Арсен Венгер се тренери со најдолг стаж во моментов меѓу елитните клубови во светот. Фергусон е на клупата на Јунајтед од 1986 година, а Венгер од 1996 во Арсенал. Досега имаат 37 меѓусебни дуели во сите натпреварувања со 14 победи на Венгер, 13 на Фергусон и десет реми. *Арсенал има доста слаб ефект како гостин на Олд Трафорд. На 96 досегашни натпревари остварил само 17 победи со 24 нерешени резултати. *Манчестер Јунајтед се уште ја држи најдолгата низа без пораз во Лигата на шампионите. Нема пораз од мај 2007 година кога загуби од Милан, а од истиот клуб една година претходно беше последен пат совладан на домашен терен во ова натпреварување. |
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
glory glory man united
|
|||||
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Zalosno sto nemaa sreka da postignat uste nekoj gol.
No sepak fer izigran natprevar od dvata tima so samo 20 prekrsoci. Takticko nadmudruvanje kade sto Manchester United se pokaza daleku posilen protivnik. Sepak pretstoi uste eden natprevar i Arsenal e na poteg. |
|||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Шампионот обезбеди минимална предност
Актуелниот европски шампион, Манчестер Јунајтед пополека но сигурно гази кон ново финале во најеминентното натпреварување на стариот континент, Лигата на шампионите. "Црвените ѓаволи" обезбедија минимална предност во синоќешниот дуел со Арсенал од 1:0 и следната недела ќе патуваат во Лондон на одбрана на стекнатиот резултат. Екипата на Алекс Фергусон се покажа во извонредно светло, и во текот на сите 90. минути беа апсолутно доминантни, за разлика од Арсенал кој никако не успеваше да ја наметне својата препознатлива игра, кратките и брзи додавања. Домаќините имаа дури осум удари во рамките на голот, наспроти единствениот на Арсенал кој го упати Фабрегас уште во првото полувреме. Манчестер веќе во втората минута имаше извонредна шанса преку Руни кој биеше со глава но голманот на гостите, Алмуниа, со крајни напори го одбрани неговиот удар. Следеа нови фуриозни акции, преку Роналдо и Тевез, меѓутоа мрежата остана недопрена се до 17. минута. Андерсон изведе корнер, ја нафрли топката до Карик, кој со глава ја враќа во шеснаесетникот, каде случајно се најде О'Ши и непречен од никого од пет-шест метри го совлада Алмуниа. Тогаш Арсенал се подосвести и почна да притиска, меѓутоа сите нивни акции завршуваа на околу 20. метри од голот на домаќините кои имаа извонредна шанса да го зголемат водството. Ударот на Роналдо со глава, Алмуниа го брани. Во второто полувреме "црвените ѓаволи" продолжија со истиот стил на игра. Се нижеа добри акции, одлични додавања, шанси но сето тоа без поголем ефект. Се што направија "топџиите" на овој дуел се ударите на Адебајор и Фабрегас кои не беа сериозна закана за Ван дер Сар. Кон средината на полувремето Фергусон уште повеќе го засили нападот внесувајќи ги Гигс и Бербатов на местото на Андерсон и Тевез. Фудбалската војна продолжи со атаци на домаќините. Најсериозната шанса во вториот дел ја пропушти Кристијано Роналдо кој биеше од преку 20 метри, меѓутоа топката заврши во гредата и излезе во гол-аут. Неколку минути подоцна Гигс постигна гол кој судијата Бо Ларсен го поништи поради офсајд. Арсен Венгер бараше начин да ги разбуди своите фудбалери. Ги внесе Бендтнер и Едуардо кои само се вклопија во бледата игра на Арсенал. Според играта што Манчестер ја прикажа на синоќешниот натпревар може да се каже дека заслужува повторно да игра во финалето, но за тоа ќе мора да почека на реваншот бидејќи сигурно Арсенал сеуште го нема кажано последниот збор. |
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Арсенал пред тежок испит
Фудбалерите на Арсенал и Манчестер во вторник од 20:45 ќе го одиграат реванш натпреварот од Лигата на шампионите во Лондон каде актуелниот првак на Европа и Англија доаѓа со предност од 1:0 која ја стекнаа благодарение на Џон О'Шеј на „Олд Трафорд“. Бранителите на трофејот овој пат имаат тешка задача и непријатна традиција која говори дека „топџиите“ не загубиле 24 натпревари на домашен терен. Последен пат на домашен терен е поразен во 2004 година од Челзи кога загубија со 1:2. Домаќинот притоа на ова натпреварување не примиле гол 514 минути пред домашна публика. Сепак тимот кој го предводи Арсен Венгер мора да брка негатива од еден гол. Кога е во прашање ривалството помеѓу овие два клуба, до сега се сретнале дури 205 пати и екипата на Манчестер има подобар резултат со 83 победи, 45 нерешени средби и 77 порази. Во последните 13 сезони се сретнале 38 пати кога екипите биле предводени од Алекс Фергусон и Арсен Венгер, а тука исходот е нерешен со по 14 победи и 10 нерешени натпревари. |
|||||
|
|||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
"Топчиите" мораат да распукаат
Фудбалерите на Арсенал мораат да постигнат барем еден гол ако сакаат по три години да се вратат во финалето од Лигата на шампионите. По првиот меч против актуелниот европски првак Манчестер Јунајтед, "топчиите" имаат негатива од 1:0, па на реваншот на Емирати мора сите сили да ги насочат на нападот за да ја надополнат негативата. Реваншот против Јунајтед ќе го пропуштат Аршавин бидејќи нема право на настап во ова натпреварување за новиот тим и Едуардо кој повторно се повреди. Венгер одмори дури осуммина стандардни првотимци на дуелот против Портсмут во саботата, но и без нив "топчиите" славеа убедлива победа од 3:0 и се зацврстија на четвртото место на табелата. Росети им носи среќа на домашните екипи Главен судија на денешниот натпревар ќе биде искусниот Италијанец Роберто Росети кој беше на центарот и во ланскиот реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Челзи и Ливерпул. Од натпреварите што ги судел во ова натпреварување може да се заклучи дека тој им носи среќа на домаќините иако Манчестер Јунајтед може да се теши со триумфот на Ливерпул против Реал Мадрид од 1:0 во осминафиналето што е единствена победа на гостински тим. ПОСЛЕДНИ 6 СРЕДБИ НА КОИ СУДЕЛ РОСЕТИ Реал - Ливерпул 0:1 Виљареал - Манчестер Ј. 0:0 Арсенал - Фенербахче 0:0 Челзи - Ливерпул 3:2 Манчестер Ј. - Лион 1:0 Ливерпул - Порто 4:1 ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ *Арсенал нема примено гол вкупно 514 минути на домашен терен во Лигата на шампионите. *Јунајтед не примил гол на последните четири натпревари како гостин во нокаут-фаза во Лигата на шампионите. Последен кој му дал гол е Лион во сезоната 2007/08. *Арсенал бил елиминиран на последните четири настапи во нокаут-фаза од европските купови откако на првиот меч како гостин имал негатива од 1:0. *Од друга страна, Јунајтед изборил прогрес на сите пет дуели на кои по првиот меч на домашен терен имал каква било предност. *Јунајтед се уште нема победа на новиот стадион на Арсенал. Последен пат го совладал овој тим на Хајбери на 1 февруари 2005 година со 4:2. *Јунајтед никогаш порано не бил совладан од Арсенал во полуфинале. Тоа се однесува за англиските купови затоа што ова е нивен прв двомеч на европска сцена. |
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
MU ха ха ха
|
|||||
OUST
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6653 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
шампиони |
|||||
Внеси реплика | страница <1 1718192021 43> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |