|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 8485868788 138> |
Автор | |
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ти зборуваш,
јас слушам, те гледам. Јас зборувам, ти ме слушаш, ме гледаш... Секој од нас зборува на својот јазик, а ниеден од нас не го разбира другиот што сака да каже. Секој на свој јазик неразбирлив за другиот. На крај само едно тивко „добра ноќ„ и секој на својата страна од пространиот кревет, завиткан во својот сон, обземен со своите сопствени мисли. И секој со надеж дека еден ден другиот ќе разбере нешто од сето она што сме го кажале. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Си украдовме миг
само за нас. Заборавивме на простор и време. Само јас и ти постоиме тука во просторов мал, кој и не ни смета. И само сме свесни за телата наши, допири страсни, и моментот на нашето спојување. И на крај... како збунети деца, стануваме свесни за се околу нас. Почнуваме да се смееме на нашата лудост. А сепак сме задоволни од се. Се смееме за нашата лудост и за мигот кој успеавме да го украдеме од другите. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СЕНКА
Кој е кој кога чекориш нога крај нога со мојата смешна сенка. Тешко можам да ве различам... Освен тогаш, кога ги собираш отпадоците што ги оставам зад себе после секој обед... Се препознаваш ли, всушност, пред да ја прочиташ ролјата на смешен циркузант што глуми сенка |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тивки се оние предели
онаму каде помина оние низ кои повторно минувам сега сам додека те очекувам низ мисли те пребарувам како игла во пласт од сено од глупости сочинето избрзани испаничени. Тмурно небо како ќебе ме прекрива дур под резбаното дрво стојам името твое со оштро си го појаснувам моето го знам наизуст може не од прва но од втора сигурно. |
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој да ти каже - дел 1 од не се знае колку
Бегаше, се сопнуваше и исправуваше, продолжуваше да трча напред и со
преплашено лице ги гледаше формите што се исцртуваа покрај неа. Го слушна
познатиот глас како ја бодри да продолжи, но наеднаш гласот се изобличи и
исчезна во мракот што ја опкружуваше. Солзи се слеваа по нејзиното лице, додека се обидуваше да се
спровира низ нешто што ужасно потсетуваше на испреплетени корени и гранки од
огромни, стогодишни дрвја. Кога погледна нагоре, кон својата последна надеж,
кон својата последна светлина, го виде лицето што толку добро го знаеше,
оцртано на месечевата светлина, како со трепнување на окото стана облак
разнесен од ветрот. Силна грмотевица одекна во позадината, и силината како да и го распара
срцето, како да ја осети болката на дрвото кое гореше и зад себе оставаше
огромен куп на сива, горчлива пепел. Изменето од BisernA - 04.Мај.2009 во 22:08 |
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Последно
Кога ги отвори очите и ја заплисна бела светлина, прво што помисли беше
,,што направив ?? ‘’ . дали
сум во рајот ?? Нее, не го замислував вака рајот. Лежеше неколку минути пред да
стане свесна дека некој седи задреман и потпрен на креветот. Беше тој. Не е
можно, прво што помисли. Второ беше дали да го разбуди, ако навистина беше тој.
Ја помрдна ногата и се стресе кога го почувствува влажниот чаршаф на коленото. Болка
почна да и пулсира во главата, но, не беше болка каква што се беше навикнала да
чувствува. Беше болка, што телото и ја даваше, за да и каже дека се измачила
себеси, дека психичката болка била доволно тешка да се издржи. А госпоѓата Професорка, сфати дека
не е во ред, секогаш да се биде насмеан, весел, горделив. Почесто ја гледам,
како го шета малото внуче во паркот, откако реши предвреме да се пензионира. Ужива
во животот. Ама, кој да ти каже, дека не треба секогаш се да биде во ред ?? Изменето од BisernA - 04.Мај.2009 во 23:25 |
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Замислено чекореше по ширината,додека опојните мириси ти ги скокоткаа сетилата....како рој пчелки-вредници,мислите ти беа разлетани на сите страни.Долг беше патот до изворот на вистината ,до кој беше тргнал за да ги наполниш резервите кои веке почнаа полека да се празнат и потребата да повторно магичната течност ја исполни празнината стануваше се поголема.Срамежливото сонце,кое ја бакнуваше месечината пожелувајки и добра нок,полека се преполуваше на црвенкастиот хоризонт и те милуваше по образите како да сакаше да те охрабри по патот.Подигајки го погледот кон небото,како да бараш нешто повеке отколку што можат да видат уште нерасонетите очи,ја здогледа неа.....пеперутката со свилените крилја кои се преливаа на сончевите зраци во сите магични бои на светот,која неприметно те следеше во секој твој чекор и која ти, занесен во убавините на пејсажите воопшто не ја примети.Доволно беше само да ја кренеш раката да таа се најде на твојата дланка.Зачудено ја гледаше ,со широко отворени очи ,неможејки да поверуваш како порано не ја примети....Како молња која го расарува небото,се слушнаа трубите....тоа кралицата на кралиците ги повикуваше своите поданици.Изненаден ,со трапава невнимателост ја фати пеперутката за нежните крилја и ја положи на тлото под разнобојните цветови.Го забрза чекорот знаејки дека немаш многу време пред тебе,бришејки ги прстите од свилената прашина,која беше доказ дека ја имаше невидливата пеперутка во раце.Твоите чекори станаа се позабрзани,и некаде ,таму ,на влажното тло,под разнобојните цветови едно душиче ширеше крилја...... Изменето од marija1000 - 05.Мај.2009 во 01:01 |
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ме давај мило
немој денес не е исто само денес поинаку нека биде прекриј ме сенка нека ме покрие светлина нека ме заборави мои очи стиснати се сега низ мрежа од трепавици гледам а може и не а може решетки да се нешто ме гризе нека ме изеде може нешто и ќе остане немој мило не сум денес нека помине иако ми се чини утре нема да има веќе помина. |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Штракаше со упаљачот трудејки се да запали цигара....веке кој знае која по ред. Наеднаш и дојдоа сите лоши вести. Како можеше додека штрака со упаљачот цел живот да се сруши? Сите планови, иднината, замисли....среката!? Сето тоа да го дознае се дур пробуваше да запали цигара. И повторно штрака...не помислувајки дека има друг упаљач...кога се освести и текна, да постои друг упаљач. Само кој знае каде е . Како што постои излез од оваа беда, само кој знае како да стигне до него. Мајка и свика од другата соба-дојди по упаљач. Тврдоглаво рече-Не. Ке запалам со овој. И упорно продолжи. Кога се отвори вратата таа веке расчистуваше со нешто што ке и го смени животот. Тогаш слушна едне глас-Имам лоша вест за тебе. И во тој момент ладнокрвно одговори-Знам што ке кажеш. Пропадна се. Нема да се оствари планот. Само слушна -така е. Се друго што и рекоа не слушаше веке. Го слушна и најбитното. Дека може и ова сега малце што го има, и тоа ке го снема. Прашањето е -Што тогаш? Да не беше како што е можеби немаше да е толку жалосно. Но е како што е. И не се знае крајот и излезот. Во рок од 5 минути се беше различно. Како времето не застана кога ги креваше тие тешки теписи и мислеше нема потешко од тоа. Но сепак имало. Како времето не застана и подобро да ја болат јајници од тешкото отколку душата од иднината која се повеке се зацрнува!? Што ли ке биде-само Горнион знае.... Само знае дека нема повеке да трпи никого ни ништо. Прашањето е само-зашто е олку сурово и болно? Зарем е заслужено!? И конечно ја запали таа проклета цигара...
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
To
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ги отварам портите
и ги бркам мислите мрачни,
мисли тешки ,лигави
што полека низ мене,такви,никакви
се влечат
и душата ја горат,ја печат.
Затварам очи,
и гледам,слушам
ѕвездите ми зборуваат,
зборови жешки како вжештен жиг,
што срцето го жигосуваат,го горат,
Усни подотворени,суви,жедни
но спремни тој отров вечен,
да го вкусат ,пијат...
И облаци бели,памучно бели,
се собрале
вечната тајна да ја скријат.
Изменето од marija1000 - 06.Мај.2009 во 22:36 |
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
Внеси реплика | страница <1 8485868788 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |