IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - КОШАРКА - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КОШАРКА - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 21>
Автор
Порака
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 09:58
bi trebelo...epten jaki...
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 11:00
Литвос Ритас освојувач на кошаркарскиот Еврокуп

Кошаркарите на литванскиот Литвос Ритас го освоија Еврокупот откако во финалето во Торино со 80:74 го совладаа рускиот тим Химки.

До победата Литванците стигнаа откако во последната четвртина направија серија од 13:0 и ја добија четвртината со 27:12 што беше решавачко за освојувањето на пехарот.

Со триумфот во ова натпреварување екипата на Литвос Ритас обезбеди учество следната сезона во најквалитетното европско натпреварување Евролигата.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 23:07
МЗТ Скопје противник на Фени Индустри во полуфиналето

МЗТ Скопје ќе му биде противник на првакот Фени Индустри во полуфиналето на плеј-офот од домашниот кошаркарски шампионат, по вечерашниот триумф од 89:88 над куп-освојувачот Амак СП, во четвртфиналната мајсторка во Охрид.

89-88 за МЗТ е резултатот од драматичниот решавачки меч во серијата. Скопскиот тим направи подвиг во „Билјанини извори“, откако охриѓани имаа одличен влез во мечот и рекордни плус 21 во првата четвртина што ја добија со 16 разлика.

Но, оттогаш гостинската екипа почна да ја топи негативата, па на полувреме губеше со 10, а по 30 минути само со пет коша. Тогаш максимално се почувствува отсуството на Американецот Фрај, кој неодамна го напушти клубот, повредата на Дамјан Стојановски додатно ја отежна задачата, а МЗТ влезе во извонредна кош-серија, преземајќи го водството на 2,5 минути пред крајот.

Финишот донесе резултатска нишалка, но скопјани ги сочуваа нервите и присебноста, а Соколов со двете слободни фрлања пред крајот ја запечати тесната победа.

Амак пропушти напад за триумф. Радуловиќ со 21 и Траиловиќ со 17 поени беа најпрецизни во МЗТ, кој во полуфиналната серија со Фени до три победи ќе стартува со негатива од 1:0, поради послабиот меѓусебен биланс во лигашкиот дел.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Работнички и Пелистер. Дуелите почнуваат на 6. и на 7. мај.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 21:06
ЦСКА Москва и Панатинаикос во финале од Еуро-баскетот

Втората финална пресметка меѓу двајцата великани, актуелниот првак ЦСКА Москва и Панатинаикос ќе го даде победникот на 53-то издание на елитната кошаркарска лига или 22-то на популарниот Фајнл Фор.

Во богатата меѓусебна историја, грчкиот тим има три победи повеќе, 10:7, но две титули помалку од шесте на Русите. За ЦСКА ова ќе биде десетто финале, четврто по ред.

Во последното од седумте, Панатинаикос ги совлада московјани на домашен терен во атина во 2007-та година со 93:91.

Дуелот ќе го одбележат и двајцата врвни тренери, Жељко Обрадовиќ е рекордер со шест трофеи, Еторе Месина има четири.

Србинот е поуспешен од Италијанецот со ефект од 11 триумфи и осум порази. Преносот од Берлин е во 20 часот на А2.

Во овие моменти се игра завршницата од дуелот за третото место на поразените во полуфиналните натпревари, Барселона и Олимпијакос.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 21:27
Lele finalevo e nenormalno interesno 3/4 do sega imaat odigrano 56-46 vodi Panatinaikos. so +23 vodea grcive no uspea CSKA da se vrati vo igra i namalia na +10. Uste 1/4 ima za igranje.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 22:02
Panatinaikos - CSKA Moskva   73-71 kolku sreka imaat ovie grcive!23 razlika vodea i na kraj pak ke izgubea...

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 10:12
Среќа и радост за "зелените детелинки"
ПАНАТИНАИКОС - ЦСКА 73:71

Екипата на Панатинаикос е новиот европски шампион. Во натпревар кој ретко се гледа, во полната "02 Арена" во Барлин, со две потполно различни полувремиња, по 40. минути, Панатинаикос беше за два поени подобар од ЦСКА (73:71), ја симна од тронот, и по две години повторно "зелените детелинки" од Атина се на кошаркарскиот кров на Европа.

Финале кое лесно можеше да се случи да премине во здодевно. пред се по заслуга на ПАО, и затоа што во 24. минута, Панатинаикос изгради водство и од цели 23. поени. водеа "зелените" од Атина со неверојатни (56:33).

А потоа едно големо, едно феноменално враќање на големата ЦСКА. Не сакаа момците на Еторе Месина така лесно да го предадат трофејот. Заличеа на себеси, посебно во дефанзивниот дел. Грците како Грци, како прерано да "го фатија" евролигашкиот пехар.

И за малку ќе беа казнети, и тоа сурово. Ако во последните нецели шест секунди Шишкаускас не ја погоди тројката вредна титула. Топката си погра, но не влезе во обрачот, па остана славењето за Панатинаикос, петто во нивната историја, богата како и нивните сопственици.

Сепак, ја заслужија, затоа што ако ништо друго, феноменално прво полувреме одигра екипата на Панатинаикос, особено во втората четвртина во која ги демолираше московјаните.

Цврстата игра во одбраната, им овозможи на "зелените детелинки" да имаа и контрола во нападот. Иако, за разлика од полуфиналето, не ги користеа многу Пековиќ и Батист, им одеше во шутот, особено за три поени.

Погодија играчите на ПАО дури осум тројки (Дијамантидис, Јасикевичиус и Спанулис по две) со што го урнаа и рускиот морал за играње.

Сем Џ. Р. Холден, немаше играч во ЦСКА кој може да "повлече", да го врати тимот назад во игра. На пример, еден Шишкаускас беше задржан на скромни два поени (1/5 од поле).

Најдобрите минути на "црвеноармејците" беа почетните пет во кои поведоа со (10:4), а потоа и (12:7). Но првата серија од 10-0 значеше и "појава" на "зелената екипа" на паркетот. Откако ја превзема контролата на резултатот (17:12), во 8. минута, Грците немаа намера да ја предадат на противникот кого постепено "го газеа", во секој поглед.

До првиот одмор имаа ист плус, 5 (21:16). а по извонредниот втор период уште плус од 15 или "цели" 20 поени разлика (48:28). Делуваа како вистинска машина за кошеви во тој дел избраниците на Жељко Обрадовиќ. Но, само до 24. минута, кога одличниот Фоцис ги донесе на во тој момент недостижни 23. поени.

Но, до крајот на третиот дел, ЦСКА симна 10 од нив (46:56), а кога се "разбуди" и Шишкаускас, стигнаа новите проблеми за ПАО.

Токму Литванецот во драматичниот финиш спушти на -1 (69:70), потоа и (71:72). Во играта на нерви, неговиот сонародник Јасикевичиус, беше половичен од линијата за слободни фрлања за (73:71). Но, "Шишка" застана на баксузните 13. поени, Панатинаикос излезе како победник, а Василис Спанулис, помалку и неочекувано за МВП на финалето, исто така со малерозни, но за него добитни 13. поени.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 08:47
Шампионот со искуство до славење

Веројатно најдобрата серија од првото коло во историјата на НБА лигата заврши како што впрочем и повеќето љубители на кошарката ширум светот претпоставуваа. Актуелниот шампион и бранител на титулата, Бостон Селтикс, ја искористи предноста на домашен терен и пред своите симпатизери успеа да не се посрамоти и да обезбеди пласман во следната рунда.

Селтикси славеа со 109:99, а веќе вечерва се ја играат првата средба во рамките на второто коло против Орландо.

Младите играчи на Чикаго, состав кој има неверојатен потенцијал и квалитет во себе, мора да биде задржан во целост без исклучок и во следните неколку сезони. Екипа во која главните играчи заедно немаат толку искуство колку Реј Ален на другата страна, успеа до последниот свиреж на судијата во оваа серија да го држи во неизвесност Бостон околу неговото опстојување во годинешниот плеј-оф. Доколку тимот на Чикаго остане во овој состав многу веројатно веќе следната сезона ќе се пишува за нешто многу поголемо од ова. За првпат откако големиот Мајкл Џордан го напушти градот на ветровите, Булси имаат тим кој е способен за големи нешта и за големи достигнувања.

Така изгледаа и на овој седми натпревар од серијата против Бостон, барем во првата четвртина и на почетокот од втората. Тогаш, конечно, за првпат во годинашниот плеј-оф во целост ја оправда улогата на фаворит и одигра шампионски, со неверојатната сероја од 22:2 тимот на Бостон, и за само шест минути ја презема целата игра на натпреварот. Како и многупати во минатогодишниот плеј-оф до овој чекор нанапред домаќините ги катапултираше играчот кој отсекогаш беше карактеризиран како играч кој не знае да игра одбрана, но е роден тројкаш, и кој е способен да реши цела серија натпревари. Хаус во овој период постигна две последователни тројки, и во еден молневиот налет Селтиски направија предност од 52:39, по што се замина на одмор. Таа втора четвртина подоцна се покажа одлучувачка бидејќи Бостон подоцна не ја зголеми предноста.

Сепак, и покрај сите проблеми Чикаго успеа на три минути до крајот да ја смали предноста на домаќините на само три поени. Но уште еднаш, играчите на Бостон го искажаа својот квалитет и несомненото големо искуство во вакви одлучувачки плеј-оф средби. Во последните две минути домаќините погодија 11 слободни фрлања, за големо олеснување на армијата домашни навивачи облечени во зелено.

"Оваа серија за нас беше извонредно тешка. Екипата на Чикаго беше извонредно мотивирана како што впрочем би била и секоја која игра против актуелниот шампион. Тоа нас само не прави посилни во остварувањето на целта, а тоа секако е одбраната на титулата" - истакна тренерот на Бостон, Док Риверс, по натрпеварот.

Од друга страна кормиларот на Булси, Вини дел Негро, имаше доста проблеми со водење на екипата во својата прва сезона, се додека не се случи трејдот со кој беа доведени Џон Салмонс и Бред Милер.

"Имаме доста млади играчи на кои ова им беше прво вакво плеј-оф искуство. Гледајќи на долги патеки ова ќе биде исклучително значајно за во иднина за да не ги правиме истите грешки" - истакна Дел Негро.

Реј Ален уште еднаш во оваа неповторлива серија беше предводник на својот тим со 23 поени и седум скокови, додека Кендрик Перкинс додаде свои 15 коша. Сепак, веројатно клучни поени во целиот меч беа оние на 15-те на Еди Хаус кои беа постигнати од совршени 5-5 шут од поле. Бен Гордон беше најефикасен кај гостинската екипа со 33 поени, во можеби последниот натпревар кој го игра во дресот на Булси. Добро е познато дека минатото лето одби да потпише долгогодишен богат договор со тимот на Чикаго, а веќе во јули е слободен играч. Ова секако е одлична вест за поголемиот број екипи во лигата кои не би имале ништо против како слободен агент да го ангажираат еден од најдобрите стрелци во лигата. Дебитантот на годината Дерик Роуз се прости од сезонава со 18 поени, додека Кирк Хајнрих додаде свои 16 коша.

Кога ќе се сумираат многуте впечатоци и импресии од оваа ретко видена кошаркарска приказна со среќен крај за Бостон, може да се извлечат неколку заклучоци. Сите оние што се упатени во збиднувањата во кошаркарскиот свет се едногласни во констатацијата дека актуелниот шампион многу лесно можеше да се збогува со плеј-офот уште во првото коло. Само објективно поголемото искуство во ваквите ситуации на момците на Док Риверс ги спасија од елиминација во дуелот со Чикаго. Отсутвото на Кевин Гарнет во голема мера се почувствува во одбраната, а само супериорноста на Реј Ален не дозволи нешто слично и во нападот.

Сето ова треба во моментов да биде заборавено бидејќи Бостон уште вечерва ги продолжува борбите во годинешното разигрување против тимот на Орландо.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 18:12
Македонија го потврди учеството на „Ефес Светски Куп“

Кошаркарската федерација на Македонија денеска потврдно одговори на поканата за учество на македонската репрезентација на меѓународниот турнир „Ефес Светски Куп“ кој од 26 до 30 август годинава ќе се одржи во Турција.

Анкара ќе биде домаќин на турнирот на шест силни селекции.

Македонија ќе игра во групата Б заедно со Летонија и Велика Британија.

Групата А ја сочинуваат Турција, Германија и Хрватска.

Двете првопласирани репрезентации од групите ќе играат во финалето.


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2009 во 00:43
Денвер се пласира во финалето на западната конференција

Со победата од 124:110 против Далас во петтиот натпревар од полуфиналето на западната конференција кошаркарите на Денвер се пласираа во финалето каде последен пат играа во 1985 година.

До вкупните 4:1 во победи стигнаа предводени од Чонси Билапс кој постигна 28 поени, а за него ова ќе биде седмо конференциско финале откако претходно со Детроит имаше шест. На тимот на Далас не им помогна ниту одличната партија на Дирк Новицки 32 поена, 10 скокови и 7 асистенции.

Противник во финалето ќе им биде победникот од дуелот ЛА Лејкерс - Хјустон кои моментално се 3:2 во победи за „езерџиите“.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 11:02
Лејкерс ја освои 15-тата титула во НБА лигата

Кошаркарите на ЛА Лејкерс рано утрово ја постигнаа четвртата победа во финалето на НБА лигата и со 99:86 како гости славеа кај Орландо што значеше 15-та титула за „езерџиите“.

Тимот на Орландо не успеа да стигне до уште една победа на домашен терен и се чини дека двата пораза во продолжение од претходните дуели оставија последици за конечниот триумф од 4:1 во добиени натпревари за ЛА Лејкерс.

Клучната разлика гостите за победата ја остварија во вториот период кога четвртината ја добија со 30:18. Најефикасен повторно беше Коби Брајант со 30 поени. Воедно тој ја освои и наградата МВП (најкорисен играч) на финалето со просек од 32,4 поени. Стандардно сигурен беше и шпанскиот репрезентативец По Гасол со 14 поени и 15 скокови. Кај домаќините „дабл - дабл“ учинок имаа Рашид Луис 18 поени и 10 скокови и Двајт Хауард со 11 поени и 10 скокови.

За тренерот на ЛА Лејкерс Фил Џексон ова е десетта титула во најсилната лига на светот, (6 со Чикаго и 4 со ЛА Лејкерс) со што е најуспешен тренер откако го мина легендарниот Ред Оребах.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2009 во 10:19
Фил Џексон - најтрофејниот тренер во NBA

Легендарниот тренер на Бостон Селтикс Ред Оербах, освои девет шампиноски титули. Сите до една ги прослави со пура која стана негов заштитен знак и која стана синоним за успех. Оербах обожавеше пури, и да беше жив сигурно ништо немаше да го спречи да запали и во арената. 

Тоа добро го знае и Фил Џексон кој со десеттата освоена титула викендов стана и официјално најтрофејсниот и најјуспешниот тренер во историјата на НБА лигата. "Ќе запалм една во негово име. Тоа беше голем човек" - изјави Џексон. Сепак и самиот Оербах не би можел да биде посреќен со фактот дека е симнат од тронот од една жива легенда на Американската и воопшто светската кошарка. Џексон ја освои десеттата титула во кариерата од кои шест со Чикаго Булс и неприкосновениот и единствен Мајкл Џордан, а четири со Коби и Лејкерси. Мора тука да се спомене и неизбежниот Шекил О'Нил кој беше дел од три титули освоени со Лос Анџелес. Томку овој факт го натера Коби да вложи дополнителни напори и да ја освои толку посакуваната тиула без Шек само за да докаже дека е способен тоа сам да го стори. Колку и да докажува Коби дека може без Шек толку мора да признае дека не може без Фил Џексон.

Човекот чии методи на работа влучуваат и медитација и читање книги ( во случајот на Тони Кукоч стрипови), не секогаш размислувал на кошарка и бавењето со спорт.

"Имав сопствен бизнис кои ми беше примарната дејснот во животот. Воопшто не размилував на кошарка или бавење со неа. Не одеше се како што треба, каматите на кредитите кои ги имав земено се накачуваа од 15 на 18% па морав да барам друга солуција, и во тој момемн сосема случајно излезе тренерската понуда во Албени ( нисколигашка ЦБА лига екипа). Тоа траеше околу пет месеци, и сфатив дека може добро да се живее од тоа. Ја освоивме титулата но сепак во тоа време се заработуваше не повеќе од 25.000 долари годишно не беа којзнае колку примамливи. Тогаш еден од вработените во клубот ми рече дека доколку сум среќен во тоа што го правам никогаш не треба да ја напуштам браншата. Тоа со време ќе ти се исплати. На моја голема среќа се долучив да го послушам и останав во кошарката не ни замислувајќи дека ќе станам најјуспешниот тренер во историјата на овој спорт.

 Самиот Џексон по активната кошаркарска кариера која траеше од 1967 до 1980 година и неговите две титули како играч на тимот Њу Јорк Никс не даваа никаков знак дека во него се крие најголемиот кошаркарски стратег на сите времиња. Неговиот легендарен триаголник формација во нападот остана енигма за целата лига и адут кој му ја донесе целата слава и успех. Иако судбината си поиграла со Фил Џексон и тој морал на потешкиот начин да сфати дека е едноставно роден да се бави со кошарка, тоа воопшто не го спречува да биде една од најмаркантните личности воопшто во историјата на спортот.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2009 во 12:22
НБА флеш вести 17.06
 

Крилото на Л.А.Лејкерс Тревор Ариза кој на 1 јули станува слободен агент изјави дека сака да остане во Лос Анѓелес.

Ариза заработуваше 3.1 милион долари годишно, но после одличните изданија сезонава, ако Лејкерс сакаат да го задржат ќе треба да му ја зголемат платата барем за плус 50-60 % на ова.

Би сакал да останам. Дефинитивно почуствува многу љубов тука. Парите се важни, нели затоа и играме, но јас создадов одични врски со моите тренери и соиграчи. Имаме навистина одличен тим и ќе останеме такви уште некое време.“

Во иста ситуација се наоѓа и Ламар Одом кој пак заработува 14.1 милион долари годишно. Исто неизвесно е дали Фил Џексон ќе биде на чело на “езерџиите“ и наредната година. Зенот нема мотиви после 10-та титула со која изби сам на врвот на најуспешни тренери во историјата на НБА. 

--------------------------------------------------------------------------------------

 

ABC Телевизијата соопшти дека гледаноста на НБА финалето оваа сезона опаднала за скоро 10%. 5-те натпревари кои биле пренесувани добиле рејтин 8.4 што е отприлика за 10% помалку од 9.3 рејтингот кој го имаше ланското финале меѓу Л.А.Лејкерс и Бостон.

Но кога ќе се спореди со гледаноста на финалето во кое играа Сан Антонио и Кливленд кое имаше 6.2 рејјтинг, ова финале беше навистина добро гледано.

--------------------------------------------------------------------------------------

 

Слично како и шампионите Лејкерс, исто и Орландо се соочува да изгуби еден играч од триото. Станува збор за Турчинот Туркоглу кој има опција да си ја откупи последната година од договорот и да го напушти Орландо.

Во наредната сезона би требало да земе 7.3 милион долари од својот 36 милионски договор(за 6 сезони), што во споредба со 118 милионските договори(за 6 сезони) на Луис и Хауард е ништо, а Турчинот одигра после Супермен најважна улога на теренот за Магичните.

Од управата сега се во мала паника, бидејќи знаат што ќе загубат со ова, па сакаат да го искористат правото на луксуз во овој случај и тоа би било за прв пат во нивната историја.

Исто се зборува дека можно е Алстон да ги напушти на почетокот на наредната сезона како дел од некоја размена и со тоа да се ослободи малку селари кап простор.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2009 во 11:03
Мајсторите застанаа на "101"

НАШАТА НАЈДОБРА СЕЛЕКЦИЈА НА СМЕТКА НА СЛОВАЧКА ГИ ЗАПИША ПРВИТЕ ДВЕ ПОБЕДИ ВО ПОДГОТВИТЕЛНИОТ ПЕРИОД ЗА ПРЕТСТОЈНОТО ЕП


МАКЕДОНИЈА - СЛОВАЧКА 101:70

(21-12, 22-14, 27-20, 31-24)

Сала: "Билјанини Извори" во Охрид. Гледачи: Судии: 1000. Крстевски - Терзиевски - З.Митровски - сите од Скопје. Делегат: Макревски.

Играч п 3п 2п 1п ск ас Играч п 3п 2п 1п ск ас

Стефанов 7 1/3 2/8 0/0 3 4 Мајорош 13 1/5 4/6 2/4 4 1

Мираковски 0 0/2 0/0 0/0 0 3 Гавел 18 0/6 3/6 12/14 7 10

Вашингтон 14 4/4 1/3 0/0 3 4 Балдовски 0 0/1 0/0 0/0 1 0

Димитровски 6 2/4 0/1 0/0 1 2 Лосонски - - - - - - -

Соколов 7 1/4 1/3 2/2 3 3 Цервенка - - - - - - -

Блажевски 3 1/2 0/1 0/0 2 1 Новак 6 1/6 0/1 3/3 2 0

Д.Стојановски 4 0/1 2/2 0/0 2 1 Сикора 19 4/11 3/4 1/2 6 2

Николовски 8 0/0 2/2 4/4 0 0 Шалај - - - - - - -

Антиќ 17 1/4 2/6 10/11 11 2 Миклосик 0 0/0 0/3 0/2 7 1

Трајковски 7 1/2 2/2 0/0 1 1 Рерко 10 2/6 2/2 0/1 1 1

Мејси 13 1/1 3/5 4/4 8 2 Нубер 0 0/1 0/1 0/0 0 0

Самарџиски 15 0/0 7/11 1/3 12 0 Батка 4 0/0 2/2 0/0 3 0

Вкупно: 101 12/17 22/44 21/24 45 23 Вкупно: 70 8/36 14/25 18/26 31 15

Нашата најдобра селекција дојде и до втората победа на дуелот со Словачка, овој пат од 101:70.

Иако на крајот дојдовме до убедлив триумф, сепак, Јовица Арсиќ и неговите момци ќе треба уште многу да работат за да дојдат до врната форма која ја бара евробаскетот во Полска.

Можеби причина за различните одиграни периоди е постојаната ротација на играчите, односно рамномерното распределување на минутажата, што, пак, не дозволува да бидеме постојани.

Од друга страна, пак, вчера можеа да се видат насмевки на лицата кај сите. Играчите ги користеа сите моменти за атракција, а оние кои дојдоа да ги бодрат знаеја како да ги наградат, но и да ги мотивираат.

Како и да е, победничкиот ритам веќе е наметнат, а сега останува во наредниот период да се корегира сето она што во моментов не чини и не може да помине на континенталниот собир.

Првата четвртина ја почнавме во ист стил, стегнато, но се чини за разлика од првиот меч сега ни беше потребно малку време за да фатиме ритам.

Овој пат предводник на избраниците на Јовица Арсиќ беше Перо Антиќ, неговите 13 поени во овој дел од играта беа доволни за нашите момци по првата четвртина да имаат позитива од девет поени (21-12).

Практично подобро функциониравме под обрачите, освен Антиќ, тука беше и Мејси.

Расположените високи играчи на "црвено-жолтите" им донесоа високо водство, а на противникот главоболки, кој немаше решение за нашата игра.

Во шестата минута негативата од минус еден поени (11-12) со серија од 23-0 успеавме да ја претвориме во водство од плус 23 поени (35-12), додека на Словачка не & дозволивме да постигне девет минути ниту еден поен.

Во овој период почнаа да функциионираат и надворешните линии, а на изненадување на сите предводникот беше Дариус Вашингтон, кој реалираше осум поени.

Но се чини Арсиќ с$ уште ќе го мачи константноста во нашата игра. Иако судејќи според играта се очекуваше да ги "газиме" Словаците, сепак, забележавме пад, кој, за среќа, не траеше долго.

На нашето највисоко водство од 40-16 гостите ни направија серија од 10-0 и н$ спуштија на 40-26. За среќа, брзо следеше одморот, а пред него Кирил Николовски со своите први поени се избори на паузата да заминеме со 43-26. Во воведните минути по паузата не можеше да се види премногу квалитетна кошарка. На двете страни се играше неумешно, без некоја посебна реализација.

Словачка се обиде да ја намали негативата, но тоа и успеа на момент, дојде до минус 13 (45-32) и тука застана, а нашите момци предводени Џеремаја Мејси се врати на плус 20 (52-32) во 26. минута.

Желбата за висока победа пресуди, мотивот беше голем, па токму затоа ние продолживме да доминираме на теренот. Во 35. минута имавме плус 30 (82-52).

Тука и беше крајот за противникот, а почетокот за повеќе атрактивна игра.

Најефикасен во нашите редови беше токму Перо Антиќ, кој за 23:13 минути постигна 17 поени и фати 11 скока, кои беа доволни за дабл-дабл.

Предраг Самарџиски постигна два поени помалку, 15, но еден скок повеќе со кои исто така запиша дабл-дабл.

На двајцата кошаркари им се приклучија и двата натурализирани Американци, Мејси и Вашинготн, кои искомбинираа заедно 27 поени. На другата страна Даниел Новак со 19 поени беше прв стрелец.

Нашата најдобра сениорска селекција денеска продолжува со подготовките за ЕП во Охрид каде ќе остане најверојатно до сабота.

М. Ковачева

М. Постоловски

СЛИКА: ПЕРО АНТИЌ

Беше вистински лидер и нерешлива енигма - Перо Антиќ



РАМКА

Гечевски за кратко го напушти Охрид

Во таборот на нашиот тим недостасуваше Тодор Гечевски. Искусниот центар по првиот меч поради приватни проблеми морал да го напушти Охрид и замина во Кавадарци.

Но како што н$ известија од таборот на нашиот тим, тој уште денеска би требало да продолжи со подготовките.



РАМКА

Вашингтон дебитираше

Сосема очекувано вториот натурализиран Македонец дебитираше на вториот меч со Словачка. Дариус Вашингтон влезе во осмата минута, а ако се земе предвид дека само три дена е со нашите момци може слободно да се каже дека пружи одлична партија, но и добро се вклопи во тимот.

Американецот со македонски пасош во игра мина 18:22 минути за кои постигна 14 поени, имаше 100% реализација од линијата за три поени (4/4 за три, 1/3 за два поени), подели четири асистенции, фати три скока и украде исто толку.

СЛИКА: ДАРИУС ВАШИНГТОН

Одлично се вклопи - Дариус Вашингтон

РАМКА

Не бевме на ниво, но се брои победата

По поразите од Словенија и Русија, Македонија славеше против Словачка со резултат од 75-66.

Капитенот Врбица Стефанов го скрши мразот погодувајќи тројка под фаул, па по реализацијата на слободното фрлање поведовме со 4-0.

Немавме течна игра во првиот период, репрезентативците премногу солираа и мака мачевме да формираме сигурен напад. Словаците ги користеа нашите грешки и успеаја да стигнат до минимално водство, што значеше тајм аут за Јовица Арсиќ. На место нашите, по минутата одмор се разиграа гостите, кои со серија 7-0 го имаа највисокото водство 17-11. Капитенот ја презема палката, погодува повторно за три, асиситира до Тодор Гечевси и по првите десет минути на семфорот стоеше 19-19.

Не се подобри реализацијата ниту на стартот на вториот период, но затоа, пак, под конец одигра одбраната, која отвори доста простор за Мејси. Преминуваме во водство 21-19, следува серија на силното крило за предност 30-24.

Војдан Стојаноски погоди, а серијата ја заокружи Антиќ и за првпат Македонија е над плус десет 35-24. Гавел ја прекина нашата серија и го врати својот тин на полувремето на минус шест (36-30).

На стартот на третиот период Петровски ја почна својата игра. "Украинецот" нанижа пет поени во серија, а по поените на Тасовски на додавањето на Стефанов дојдовме до највисоки плус 14, (46-32) .

Но падна ритамот на игра по серијата замени, Словаците се консолидираа и со мини серии до финишот на периодот стигнуваат до подносливи 53-49 по три периоди игра.

Изедначено се играше во последниот квартал, игра "два на два" на Стефанов за Мејси, кој погодуваше без проблем. Нашиот капитен не остави ништо на случајност. Војдан Стојаноски со удари од надвор ја решеташе мрежата на гостите, по забивањето на Антиќ по асистенцијата на Трајковски беше скршен отпорот на гостите, а сето тоа охридска публика знаше да го награди и почна да ја прославува победата.

МАКЕДОНИЈА - СЛОВАЧКА 75:66

(19-19, 17-11, 17-19, 22-17)

Сала: "Билјанини Извори" во Охрид. Гледачи: 2000. Судии: Денковски - Цветановски - Павлов - сите од Скопје.

МАКЕДОНИЈА: Стефанов 22, Мираковски, Петровски 7, Димитровски, В.Стојановски 8, Блажевски, Тасовски 3, Гечевски 7, Антиќ 15, Трајковски, Мејси 11, Самарџиев 2;

СЛОВАЧКА: Мајорош 2, Гавел 22, Балдовски, Лосоноски, Червенка 8, Новак, Сикора 12, Шалај 4, Миклошик 4, Рерко, Нубер 2, Батка 12;

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 21>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,184 секунди.