IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8485868788 138>
Автор
Порака
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 08:06
Ти зборуваш,
јас слушам,
те гледам.
Јас зборувам,
ти ме слушаш,
ме гледаш...
Секој од нас зборува
на својот јазик,
а ниеден од нас
не го разбира другиот
што сака да каже.
Секој на свој јазик
неразбирлив за другиот.
На крај само
едно тивко „добра ноќ„
и секој на својата страна
од пространиот кревет,
завиткан во својот сон,
обземен со своите
сопствени мисли.
И секој со надеж дека
еден ден другиот
ќе разбере нешто
од сето она
што сме го кажале.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 08:25
Си украдовме миг
само за нас.
Заборавивме
на простор и време.
Само јас и ти
постоиме тука
во просторов мал,
кој и не ни смета.
И само сме свесни
за телата наши,
допири страсни,
и моментот
на нашето спојување.
И на крај...
како збунети деца,
стануваме свесни
за се околу нас.
Почнуваме да се смееме
на нашата лудост.
А сепак сме
задоволни од се.
Се смееме
за нашата лудост
и за мигот
кој успеавме
да го украдеме
од другите.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 08:54
СЕНКА


Кој е кој
кога чекориш
нога крај нога
со мојата смешна сенка.


Тешко можам да ве различам...


Освен тогаш,
кога ги собираш отпадоците
што ги оставам зад себе
после секој обед...


Се препознаваш ли, всушност,
пред да ја прочиташ ролјата
на смешен циркузант
што глуми сенка
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 09:49
Тивки се оние предели
онаму каде помина
оние низ кои повторно минувам
сега сам
додека те очекувам
низ мисли те пребарувам
како игла
во пласт од сено
од глупости сочинето
избрзани
испаничени.
Тмурно небо
како ќебе ме прекрива
дур под резбаното дрво стојам
името твое
со оштро си го појаснувам
моето го знам
наизуст
може не од прва
но од втора сигурно.
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 22:07
Кој да ти каже - дел 1 од не се знае колку среќа

Бегаше, се сопнуваше и исправуваше, продолжуваше да трча напред и со преплашено лице ги гледаше формите што се исцртуваа покрај неа. Го слушна познатиот глас како ја бодри да продолжи, но наеднаш гласот се изобличи и исчезна во мракот што ја опкружуваше. Солзи се слеваа  по нејзиното лице, додека се обидуваше да се спровира низ нешто што ужасно потсетуваше на испреплетени корени и гранки од огромни, стогодишни дрвја. Кога погледна нагоре, кон својата последна надеж, кон својата последна светлина, го виде лицето што толку добро го знаеше, оцртано на месечевата светлина, како со трепнување на окото стана облак разнесен од ветрот. Силна грмотевица одекна во позадината, и силината како да и го распара срцето, како да ја осети болката на дрвото кое гореше и зад себе оставаше огромен куп на сива, горчлива пепел.

И тогаш кога помисли дека светот се урива околу неа, се слушна тапото ѕвонење на алармот. Не повторно, помисли и седна на креветот. Навистина, се трудеше да не мисли, да не зборува и да престане да го сонува токму НЕГО, но како се да беше залудно. Срцето и чукаше како штотуку да претрчало дваесет километарски маратон, а кога се погледна во огледалото се уплаши од личноста што намуртено ја гледаше од другата страна. За да ги отргне мислите, ја зема првата тетратка што и се најде во околината, и се обиде да се задлабочи во нејзината содржина. Физика. Баш супер. Како сонот да не беше доволен, па мораше да ги набуба сите тие формули кои, испишани со брз и неуреден ракопис, и шараа пред очите. Безволно ја гледаше тетратката, а напишаното немаше баш никаква смисла и не ни беше свесна колку време поминало од нејзиното разбудување. 9 и 15. Мора барем некоја другарка денеска да подранила, барем некоја душа да биде излажана од силното сонце да ги отвори очите, и повторно безволно се вклучи на нејзиниот месенџер.

Откако упати бегол поглед  и не се задоволи од виденото, се упати кон телефонот. 5-1-1-4-5-6-8. Вртеше како да се јавува да ја каже најтажната, најгрдата вест, а всушност бараше некој да ја ислуша и да и ја олесни тежината што ја притискаше врз градите.  Од другата страна на жицата се слушна веселиот глас на Другарката. Таа беше чудо од девојче, станата уште со првиот зрак на утринското сонце, која веројатно стигнала да извежба половина час на орбитрекот и да појаде од нејзините  диетални мусли. И почна. Раскажуваше за сонот, за тоа кога последен пат го видела, макар и на одразот на стаклената врата од училиштето,  и го слушна веќе иритираниот глас на Другарката која многу јасно кажа дека не планира веќе да слуша за НЕГО. Истакна дека е време да продолжи напред и да почне навистина да се чувствува така како што се прикажуваше пред сите. Весела, непобедлива, горда, амбициозна. А длабоко во себе, и двете другарки знаеја, таа беше уништена и потклекната, од болката што и тежеше.  Сеедно. Откако се изнамуабетија,  ја спушти слушалката и застана пред орманот. Се прашуваше, кој ден е денес, ( се обидуваше да се сети на глупиот распоред што никогаш не можеше да му го запамети ) и што да облече. Дали во сребреното болеро, или во индиго сината маичка на врзување ??  И повторно сеедно.

 

Чесно се издра пред куќата на Сосетката – Другарка, а оваа пак, како да имаше оглувено. И по долги минути, се појави, весела и безгрижна и тргнаа да го поминат долгиот ден од втората смена на училиште. Малце се стресе кога помисли дека матната фигура во далечината е тој, ама се смири кога увиде дека тоа е резултат на нејзиниот страв од средба со него. Не ни погледна поубаво да види кој навистина е матната фигура, туку си го дигна носот, си ги намести разбеснетите шишки и се втурна во темниот хол на училишната зграда. И сега дури навистина се насмевна, ете ја повторно омилената госпоѓа Професорка, со нејзината заразна смеа која се ширеше насекаде. Каков оптимизам, си помисли со зачуден глас. Искрено и завидуваше на жената, секогаш среќна и спремна да развесели некого. Ако на тоа го додаме фактот и дека и беше професорка по омилениот предмет, а таа нејзе омилен ученик, можеше да се види од каде таа завидливост. Се насмевна и отиде право низ ходникот.


Продолжува........




Изменето од BisernA - 04.Мај.2009 во 22:08
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 22:27
2 дел

Помина речиси еден месец од страшниот сон, а работите не одеа кон подобро. Април се ближеше кон крајот, а крајот на април означуваше една голема, истовремено убава и неубава вистина. Сепак, маската на веселост како да го достигна својот максимум. Со другарките од класот се смееше, со Другарката се смееше, со сите се смееше. Но, најдобро таа си знаеше колку всушност и фалеше ТОЈ, и покрај сите кавги и остри како стрелички зборови, кои се чини, уште и го параа срцето и и ја воздигнуваа гордоста. Зборовите кои никогаш немаше да ги заборави, а се чинеше дека и тој не ги заборава, ја тераа да се насмевнува, да покажува отпор кон секаква слабост прикажана во вид на болка и тага. Единствена работа, што растеше пропорционално со тагата, е гордоста. Беше горда на самата себе што не потклекна неколку пати на неговите пораки, и одолеа на неговите повици и молби да се видат. Не сакаше повторно да си ја подгрева надежта, и повторно, како и секогаш, да се сруши како кула од карти. Секое рушење и оставаше длабока рана, некаде длабоко, и се чинеше дека се изгуби меѓу сите тие рани кои не престанаа никогаш да крвават. Беше храбра и ретко дозволуваше солза да и избега од очите, а верувајте, да можеше ќе го наполнеше најголемиот кратер на светот со тежината која што ја чувствуваше.

И така еден ден, денот кога пред една година прв пат се случи нешто меѓу срцата на тие двајца млади луѓе, по исцрпниот разговор со Другарката, реши дека не е во ред самата да се измачува и да се надева дека воопшто некогаш ќе го гушне пак. Се одлучи, успех во училиштето, цврстина како госпоѓата Професорка, и се надеваше на кариера каква што многумина можат само да сонуваат.

 

Но, токму кога се подготвуваше да ја помине вечерта во тмурно издание, повторно почна маратонското чукање на срцето. Одмавна со главата, сомнежливо гледајќи во екранот на мобилниот. Ама ајде, си помисли, не е интересно да се прави таков хаос со нејзиниот веќе измачен ум. Екранот убаво си покажуваше, нова порака од 123 456 789, бројот кој мислеше дека го има веќе заборавено. Да бидеме реални, тоа се само девет бројки, кои погледнувајќи ги еднаш, знаеше на кого припаѓаат.

Зема здив и почна. Солзи течеа и течеа, и плачеше и се тресеше од болка, и идеше да врисне, да ја испушти целата болка од срцето, надевајќи се барем на мало олеснување. Не можеше да престане, не можеше да ги запре солзите кои и ја измиваа маската на радост. Крајот на пораката беше украсен со една виртуелна ружичка, и не знаејќи што да врати, или не знаејќи што сака да врати, кратко напиша НЕ ЗАБОРАВИВ. Е веќе на втората порака дојде при себе. Очите и се раширија во неверување на пораката, која овој пат, на крајот ја красеа зборовите за повторна средба, макар и мала и незначајна. Срцето веќе и го знаеше одговорот, ама разумот ја притискаше одлуката. Сепак, каде срцето владее, разумот не може ништо. Насмевка и се рашири низ лицето, додека потпевнувајќи се подготвуваше. Малку од ова, малку од она. Конечно ќе ги види тој кого го сонуваше, конечно, конечно... Затрепери кога се сврте и го погледна зад себе, вистински присутен, и бестрашно трепна, знаејќи дека сега нема да исчезне во вителот на ноќта.



Продолжува..........


Изменето од BisernA - 04.Мај.2009 во 22:28
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 23:24
3 дел

Се трудеше да ја избегне неговата прегратка, да се слизне покрај неговото лице бегајќи од бакнежот, и навистина не можеше да му ја објасни причината зошто. Можеби не можеше ни самата да си објасни. Не е дека не го сакаше, или дека воопшто не и недостигаше. Ах, само да знаеше тој, колку е среќен што има некоја личност како таа, што секогаш, барем малце ќе го сака и што колку и да се труди, никогаш нема да може да го заборави него. Знаеше таа многу убаво дека имаа многу проблеми, дека беа ,,млади будали,, и некогаш си кажуваа зборови упатени како кон смртен непријател, ама немаше срце да се налути. А ако му каже се што чувствува ?? Не, нема да верува дека некоја толку многу го сака, и покрај големата болка што и ја нанесува. Нема да сака да верува во кажаното, и повторно ќе ја обвини дека не го сака доволно, штом се осмелила така бесчувствено да му го каже тоа.

А плачеше, внатре во себе, срцето на девојката, кога му кажуваше дека не треба да се гледааат, кога се трудеше да најде доволно разумна причина да го натера да ја остави. А и тој, ништо подобар од неа, во неверување ги ширеше очите и се чудеше на зборовите на неговата некогашна малечка. Не можеше да ја препознае, секакви мисли и сомнежи му поминуваа низ главата, ја обвинуваше повторно и повторно и повторно, без да знае колку тоа ја болеше.  Плачеше таа, и за него, и за себе, и за нив двајцата. Се истргна од неговата рака, и влегувајќи во првото такси, со солзи во очите го гледаше како осамено, болно, стои и ја гледа како заминува.

 

***

И поминаа денови пред да го врати повторно на својата месенџер листа, повторно да го запише неговото име во именикот, пред да го врати пак во животот. Повторно се трудеше да изгледа среќно, безгрижно. Се обидуваше да биде како госпоѓата Професорка. Силна. Немаше сила ама, кој требаше тоа да му го каже нему за тој да дојде и ја утеши ?? Со шок во очите го гледаше како, разлутен, и докажуваше дека нешто му значи, дека нема и не сака да ја замени. Остана на своето, на својот разум. Ја погодуваа сите зборови кажани за неа, го гледаше како се лути и не разбира, и како во сонот, се почувствува како светот да се урива околу неа. Само, сега, го немаше глупавото титкање на алармот, сега во главата и одѕвонуваа неговите зборови.

Седеше и плачеше, и почна да чувствува тапа болка во главата. Се напи едно апче. Ма, зошто да се живее ?? Посегна по уште едно. Ќе ја разочарам мајка ми, помисли. Гајле ти е за другите, нема друг начин, повторно и се упати гласот. Зема уште едно. И уште едно...



Продолжува....


Изменето од BisernA - 04.Мај.2009 во 23:25
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 23:25
Последно среќа

Кога ги отвори очите и ја заплисна бела светлина, прво што помисли беше ,,што направив ?? ‘’ . дали сум во рајот ?? Нее, не го замислував вака рајот. Лежеше неколку минути пред да стане свесна дека некој седи задреман и потпрен на креветот. Беше тој. Не е можно, прво што помисли. Второ беше дали да го разбуди, ако навистина беше тој. Ја помрдна ногата и се стресе кога го почувствува влажниот чаршаф на коленото. Болка почна да и пулсира во главата, но, не беше болка каква што се беше навикнала да чувствува. Беше болка, што телото и ја даваше, за да и каже дека се измачила себеси, дека психичката болка била доволно тешка да се издржи.

Но, подзина, вџашено, во буквален шок, не можеше да им верува на своите очи, кога во креветот до себе ја виде добрата, сакана, госпоѓа Професорка. Имаше огромна рана на вратот, а во раната видливо врежани жар црвени линии, кои страшно асоцираа на линии од јаже. Не можеше да се изначуди дека жената што имаше се во животот, лежеше во креветот до неа. Жената која беше нејзин идол, лежеше полужива, до нејзиниот кревет !! Мачнина и помина низ вратот и и се спушти низ стомакот, како некој да ја протресе. Посегна по главата која веројатно била тука со денови и ја допра, нежно, како да сакаше да и се извини што сега е тука. Тој, ја сети и веднаш срипа, гушкајќи ја, опсипувајќи ја со најнежни зборови и море од бакнежи, радувајќи се на неговата љубена, додека прекорно ја гледаше за глупоста која ја направила. ,, Никогаш, да не ни си помислила да одиш некаде без мене... никогаш... ,,. Седеа така, којзнае колку долго време, се додека таа липајќи не заспа во неговата прегратка.

 

***

Сега, по неколку години, се им изгледа толку смешно, толку непромислено. Нејзиниот глупав обид за труење, неговата будалаштина во сомневањето за нејзината љубов. Сега нема веќе сонови, во кои таа трча сама низ темнина, а неговиот лик исчезнува во далечината. Повторно се заедно, среќни и заљубени, како и првиот пат кога воопшто се сретнаа. Најдоа заеднички пат, пат на среќата, кој планираа да го одат заедно многу, многу години.

 А госпоѓата Професорка, сфати дека не е во ред, секогаш да се биде насмеан, весел, горделив. Почесто ја гледам, како го шета малото внуче во паркот, откако реши предвреме да се пензионира. Ужива во животот. Ама, кој да ти каже, дека не треба секогаш се да биде во ред ?? 




........................... розарозароза




Изменето од BisernA - 04.Мај.2009 во 23:25
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 00:59

Замислено чекореше по ширината,додека опојните мириси ти ги скокоткаа сетилата....како рој пчелки-вредници,мислите ти беа разлетани на сите страни.Долг беше патот до изворот на вистината ,до кој беше тргнал за да ги наполниш резервите кои веке почнаа полека да се празнат и потребата да повторно магичната течност ја исполни празнината стануваше се поголема.Срамежливото сонце,кое ја бакнуваше месечината пожелувајки и добра нок,полека се преполуваше на црвенкастиот хоризонт и те милуваше по образите како да сакаше да те охрабри по патот.Подигајки го погледот кон небото,како да бараш нешто повеке отколку што можат да видат  уште нерасонетите очи,ја здогледа неа.....пеперутката со свилените крилја кои се преливаа на сончевите зраци во сите магични бои на светот,која неприметно те следеше во секој твој чекор и која ти, занесен во убавините на пејсажите воопшто не ја примети.Доволно беше само да ја кренеш раката да таа се најде на твојата дланка.Зачудено ја гледаше ,со широко отворени очи ,неможејки да поверуваш како порано не ја примети....Како молња која го расарува небото,се слушнаа трубите....тоа кралицата на кралиците ги повикуваше своите поданици.Изненаден ,со трапава  невнимателост ја фати пеперутката за нежните крилја и ја положи на тлото под разнобојните цветови.Го забрза чекорот знаејки дека немаш многу време пред тебе,бришејки ги прстите од свилената прашина,која беше доказ дека ја имаше невидливата пеперутка во раце.Твоите чекори станаа се позабрзани,и некаде ,таму ,на влажното тло,под разнобојните цветови едно душиче ширеше крилја......



Изменето од marija1000 - 05.Мај.2009 во 01:01
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 20:57
Не ме давај мило
немој денес
не е исто
само денес
поинаку нека биде
прекриј ме
сенка нека ме покрие
светлина нека ме заборави
мои очи стиснати се сега
низ мрежа од трепавици гледам
а може и не
а може решетки да се
нешто ме гризе
нека ме изеде
може нешто и ќе остане
немој мило
не сум денес
нека помине
иако ми се чини
утре нема да има
веќе помина.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 21:02
Штракаше со упаљачот трудејки се да запали цигара....веке кој знае која по ред. Наеднаш и дојдоа сите лоши вести. Како можеше додека штрака со упаљачот цел живот да се сруши? Сите планови, иднината, замисли....среката!? Сето тоа да го дознае се дур пробуваше да запали цигара. И повторно штрака...не помислувајки дека има друг упаљач...кога се освести и текна, да постои друг упаљач. Само кој знае каде е . Како што постои излез од оваа беда, само кој знае како да стигне до него. Мајка и свика од другата соба-дојди по упаљач. Тврдоглаво рече-Не. Ке запалам со овој. И упорно продолжи. Кога се отвори вратата таа веке расчистуваше со нешто што ке и го смени животот. Тогаш слушна едне глас-Имам лоша вест за тебе. И во тој момент ладнокрвно одговори-Знам што ке кажеш. Пропадна се. Нема да се оствари планот. Само слушна -така е. Се друго што и рекоа не слушаше веке. Го слушна и најбитното. Дека може и ова сега малце што го има, и тоа ке го снема. Прашањето е -Што тогаш? Да не беше како што е можеби немаше да е толку жалосно. Но е како што е. И не се знае крајот и излезот. Во рок од 5 минути се беше различно. Како времето не застана кога ги креваше тие тешки теписи и мислеше нема потешко од тоа. Но сепак имало. Како времето не застана и подобро да ја болат јајници од тешкото отколку душата од иднината која се повеке се зацрнува!? Што ли ке биде-само Горнион знае.... Само знае дека нема повеке да трпи никого ни ништо. Прашањето е само-зашто е олку сурово и болно? Зарем е заслужено!? И конечно ја запали таа проклета цигара...
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 22:04
To  големо%20гушкање   аплауз     големо%20гушкање
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 22:06
големо%20гушкање големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 22:36
 Ги отварам портите
и ги бркам мислите мрачни,
мисли тешки ,лигави
што полека низ мене,такви,никакви
се влечат
и душата ја горат,ја печат.
Затварам очи,
и гледам,слушам
ѕвездите ми зборуваат,
зборови жешки како вжештен жиг,
што срцето го жигосуваат,го горат,
Усни подотворени,суви,жедни
но спремни тој отров вечен,
да го вкусат ,пијат...
И облаци бели,памучно бели,
се собрале
вечната тајна да ја скријат.
 


Изменето од marija1000 - 06.Мај.2009 во 22:36
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8485868788 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.