IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Одбојка
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Одбојка

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 17:19

СТРУМИЧКИТЕ КЛУБОВИ СО ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ ГО ПОТВРДИЈА ОБЕДИНУВАЊЕТО

Џио Струмица нов прволигаш

* Информацијата за соединување на клубовите беше позната уште по завршувањето на минатата сезона, но се чекаше комплетно да се прецизираат деталите, за веста и официјално да биде потврдена.

* Трајче Атанасов е прв тренер, додека Атанас Ѓорѓиев ќе биде негов помошник во екипата, а Кире Ричлиев покрај улогата на координатор на стручниот штаб ќе го води и второлигашниот тим и младите категории.

Струмичките клубови ОК Струмица и Македонија Џио постигнаа договор за соработка во огранизациски, раководен, финансиски, играчки и стручен план и оваа сезона во натпреварувањата организирани од ОФМ, БВА и ЦЕВ ќе настапуваат под заедничко име Џио Струмица. Информацијата за соединување на клубовите беше позната уште по завршувањето на ланското првенство, но се чекаше комплетно да се прецизираат деталите, за веста и официјално да биде потврдена. Во домашното првенство клубот ќе настапува во двете машки лиги, прволигашкиот тим ќе го предводи Трајче Атанасов, додека негов помошник ќе биде Атанас Ѓорѓиев, а предводник на екипата во Втората лига, како и на сите младински состави ќе биде Кире Ричлиев, кој воедно ќе ја извршува и функцијата координатор на стручниот штаб. Деновиве раководството ќе ја заврши и потребната процедура во Агенцијата за млади и спорт, како и во Одбојкарската федерација на Македонија за регистрирање на новиот клуб.

"Одбојкарските клубови Македонија Џио и Струмица постигнаа повеќегодишен договор за соработка и во иднина ќе настапуваме како една екипа под името Џио Струмица. Овој договор беше официјализиран деновиве и сега останува уште да се заврши редовната процедура во Агенција за млади и спорт, како и Одбојкарската федерација на Македонија за регистрирање на новоформираниот клуб. Екипата ќе настапува во двете машки лиги во домашното првенство, како и во младинските категории со кои ќе се работи многу сериозно, а секако тука е и настапот на Балканскиот клупски куп во септември", н$ информираше Трајче Атанасов.

По долги години Струмица повторно ќе има само еден машки претставник кој оваа сезона излегува и на меѓународен план со настапот на Балканскиот клупски куп, пилот проектот на БВА за кој Џио Струмица ја доби и улогата на организатор во групата "А".

В. Зарева

Тимот ги почна подготовките

Новиот прволигаш оваа недела почна со активните подготовки за новата сезона, а во овој период екипата ќе ја води Ѓорѓиев поради зафатеност на Атанасов со машката сениорска репрезентација и на Ричлиев со младинската селекција.

"Подготовките екипата ги почна оваа недела, а од нив изостануваат само играчите кои се дел од младинската репрезентација. До крајот на оваа недела ќе работиме по еднаш во денот, поради високите температури, а од понеделник заминуваме за Берово каде ќе тренираме една недела и ќе ги комплетираме базичните подготовки. Од 18- 19 август планираме да влеземе во сала каде ќе преминеме на техничко- тактичкиот дел. Играчите добро се познаваат меѓусебе, но потребно е добро да се воиграат бидејќи долго време немаат настапувано заедно, а секако ќе има и ротации на играчките позиции", вели вториот тренер на Џио Струмица, Атанас Ѓорѓиев.

Во план е и турнирот "Борис Трајковски"

Покрај другите активности кои ќе ги има во овој период екипата на Џио Струмица нема да ја изостави и организацијата на меморијалниот турнир "Борис Трајковски". Според луѓето од клубот турнирот, најверојатно, ќе се одржи на почетокот на септември, што воедно ќе претставува и одлично загревање на екипата пред настапот на Балканскиот клупски куп што викендот на 19, 20 и 21 септември треба да се одржи во Струмица.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 14:39

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ НА МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАВРОВО

Девет играчи на првиот собир

* Покрај најавените Наковски, Симовски, Зафиров, Милков и Деспотовски, од првата прозивка поради вироза отсуствуваше и Атанас Милев.

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Светислав Пеица, со девет одбојкари ги почна подготовките на селекцијата за бараж двомечот со Чешка од квалификациите за ЕП 2009 во Турција. Најавено беше отсуството на пет репрезентативци, искусните Симовски, Зафиров и Наковски, како и Милков и Деспотовски, кои се во Романија, но на првата прозивка во Маврово не се појави и Атанас Милев поради вироза. Првиот работен викенд на селекцијата се одвиваше според предвидениот план, краток работен состанок, по кој стартуваше темпирањето на формата.

"Стартниот собир помина според предвиденото. Иако требаше да почнеме со 10 одбојкари и Атанас Милев поради вироза го пропушти првиот работен викенд, но денеска треба да ни се приклучи.

Во саботата имавме краток состанок, а попладнето го одработивме и првиот тренинг. Направивме тестирања на моменталната физичка подготвеност на играчите и од вчера почнавме со тренинзи. Овој период ја имаме таканаречената прва фаза од темпирање на формата каде вниманието ќе биде насочено на базични подготовки", изјави селекторот на сениорите Светислав Пеица.

До крајот на оваа недела на селекцијата треба да & се приклучат Милков и Деспотовски, додека другите репрезентативци ќе пристигнуваат во зависност од обврските кон странските клубови.

Комплетните подготовки на сениорите ќе бидат во Маврово и ќе траат до 23 август, по што селекцијата ќе замине на Копаоник каде ќе игра контролни натпревари со репрезентацијата на Словенија и со рускиот прволигаш Искра Одинцово.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2008 во 16:01

"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ЈА ТЕМПИРАAT ФОРМАТА ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Ангажирана работа за Вардар

Прволигашот Вардар Осигурување веќе втора недела активно работи во подготвителниот период за новата натпреварувачка сезона, темпирајќи ја формата на кејот на реката Вардар. "Црвено - црните" работат на првата фаза, односно базичните подготовки, а од средината на следната недела влегуваат во сала каде комбинирано ќе се работи и специфика и техника.

"Базичниот дел од подготовките онаа прва фаза би требало да ја комплетираме до средината на следната недела по што влегуваме во сала каде комбинирано ќе тренираме специфика и техника. Досега немавме никакви проблеми и подготовките течат нормално. Задоволен сум ангажираната работа на одбојкарите и од тоа како го поднесуваат стартот на темпирањето на формата", вели тренерот на Вардар Осигурување, Деан Стојанов.

На подготовките Стојанов располага само со седум играчи, изостануваат Балџиев, Јаневиќ и младинскиот репрезентативец Галески, а се очекува до крајот на неделата да бидат познати и можните засилувања на скопскиот тим.

"Во моментов тренираат седум играчи, дел од нив се оправдано отсутни, како Галески кој има настап со младинската репрезентација во Турција. Во моментов преговараме со уште неколку играчи од домашната лига кои би можеле да бидат дел од Вардар во следната сезона и се надевам дека до крајот на неделата ќе имам некои информации. Секако се зависи и од тоа каква лига ќе имаме ова првенство", додава Стојанов.

Вардар Осигурување минатата сезона заврши на петтото место во шампионатот и покрај големата желба на тимот да влезе во Мини лигата.



Во план меѓународни натпревари

Тренерот на Вардар планира по комплетирањето на подготвителниот циклус неговата екипа да одигра неколку меѓународни контролни натпревари. Станува збор за екипи од соседството, но засега клубот е само во преговори со можните спаринг партнери.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 17:19
Македонија слободна на стартот

* "Паузата која ја имаме на првиот ден од натпреварувањето ќе ја искористиме за "снимање" на противниците, особено БиХ, која е наш прв противник", вели селекторот Ричлиев.

Машката младинска репрезентација предводена од селекторот Кире Ричлиев и неговиот помошник Блажо Тасев, од денеска па до 17 август ќе н$ претставуваат на Балканското првенство во Анкара, Турција. Македонија ќе разигрува во групата "Ц", заедно со Србија и БиХ, но на стартот нашата селекција е слободна. Ваквата ждрепка му одговара на стручниот штаб бидејќи тоа ќе претставува шанса за нашите репрезентативци да се одморат од долгиот пат, а воедно и да го проследат натпреварот меѓу конк*рентите во групата Србија и БиХ.

Нашата делегација вчера во попладневните часови пристигна во Анкара, а единствено активни беа официјалните претставници кои присуствуваа на Техничкиот состанок, додека младинците одмораа.

"Вчера во попладневните часови пристигнавме во Анкара, по што репрезентативците беа ослободени од тренинг бидејќи им беше потребен одмор по напорниот пат, а стручниот штаб присуствуваше на Техничкиот состанок. Македонија е слободна на стартот, а паузата ќе ја искористиме за враќање на силата на играчите и 'снимање' на противниците, особено БиХ, која е наш прв противник во разигрувањето по групи и преку која ја бараме нашата шанса до полуфиналето", изјави селекторот на машката младинска репрезентација, Кире Ричлиев.

За денеска предвидено е претпладне репрезентацијата да одржи еден тренинг, додека во попладневните часови ќе ги проследи трите натпревари кои се на распоредот во првиот натпреварувачки ден.

"На утринскиот тренинг ќе работиме техника и тактика, но со послаб интензитет, а попладне ќе ги проследиме трите натпревари кои се на програмата денеска. Така не само што ќе имаме шанса да ја формираме тактиката за утрешниот меч со Босна туку ќе може да видиме со каков квалитет располагаат и противниците со кои би можеле да се сретнеме во борбата за пласман", додава Ричлиев.

Покрај Македонија, Србија и БиХ кои се среќаваат во групата "Ц", во групата "А" играат Романија, Црна Гора и Молдавија, додека во "Б" групата се натпреваруваат организаторот Турција, Грција и Бугарија. Албанија иако требаше да учествува на Балканското првенство и да биде домаќин, поради двегодишна суспензија од ФИВБ се повлече од натпреварувањето.

Првиот ден од Балканијадата во натпреварувањето по групи ќе го отворат Романија и Црна Гора, нашите противници во групата, БиХ и Србија играат втори, додека на последниот меч од првиот натпреварувачки ден организаторот Турција ја пречекува Грција.

Македонија, Бугарија и Молдавија се слободни на стартот.

Натпреварите во салата "Таркан"

Комплетните на натпревари од Балканското првенство ќе се одиграат во спортската сала "Селим Сари Таркан". Турската одбојкарска федерација на овој терен ќе ја прослави и 50- годишнината од своето постоење, а ова натпреварување воедно ќе претставува и последна контрола на формата на турските младинци кои обезбедија пласман на завршницата на Европското младинско првенство кое во почетокот на септември ќе се одржи во Брно, Чешка.

БП МЛАДИНЦИ

РАСПОРЕД - 1. КОЛО:

ГРУПА "А":

16:00ч. Романија - Црна Гора

ГРУПА "Б":

20:00ч. Турција - Грција

ГРУПА "Ц":


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 17:01
Што се случува со "шпедитерките"!?

* Позицијата на тренерот Пеица ќе остане неизвесна до крајот на неговите обврски со репрезентацијата, координаторот на стручниот штаб на Работнички Ф., Миленковски, нема идеја, а играчите чекаат некој да ги информира за почетокот на подготовките.Темпирањето на формата на вицешампионот кај дамите, Работнички Фершпед требаше да почне оваа недела, но поради низа случувања во редовите на клубот, подготовките се одложени за подоцна. Откако првиот тренер на "шпедитерките", Светислав Пеица, ја прифати позицијата на селектор на машката сениорска репрезентација, се прошири веста дека истиот ќе го загуби тренерското место во клупата на Работнички Фершпед, за потоа ситуацијата да се реши со статус-кво, односно одлагање на оваа одлука с$ додека Пеица не ги заврши обврските кои ги има со сениорите. И додека првиот тренер ја води машката селекција, стручниот штаб с$ уште нема најдено соодветно решение, односно кој ќе ја води екипата во текот на подготвителниот циклус.

"Пеица прифати да биде селектор на машката репрезентација без никаква најава, а подоцна немаше и никакви консултации со мене како шеф на стручниот штаб на екипите на Работнички Фершпед. Побаравме тој да биде сменет од позицијата прв тренер на женскиот тим, но на негово инсистирање тој ќе ја задржи функцијата. Во моментов немам идеја, ниту, пак, некое решение кое ќе биде во корист на одбојкарките кои го очекуваат стартот на подготовките. Тренерите на младинските категории на клубот имаат други обврски, но, сепак, ни претстојат состаноци и консултации, на кои ќе можеме да го утврдиме почетокот на подготовките, како и личноста која ќе ја води екипата во тој период. Со с$ она што се случува во моментов оваа сезона е загубена за мажите, а најверојатно и за женскиот состав, бидејќи со желба да & се помогне на репрезентацијата клубот се најде во подредена состојба", изјави координаторот на стручниот штаб и тренерот на машката екипа на Работнички Фершпед, Јошко Миленковски.

Како можна замена за Пеица во овој период се спомнуваат имињата на тренерите на младите категории, Андријана Зафировска и Глигор Христов. Но, Зафировска ќе има обврски со женската младинска репрезентација, која следната недела треба да почне со подготовките за Балканијадата во Тузла, БиХ, додека Христов има приватни обврски.

Засега стартот на подготвителниот период во Работнички Фершпед е неизвесен, а првите луѓе се надеваат дека решение ќе се најде до почетокот на следната недела.



Зафировска: "Останувам уште една сезона"

Капитенот на Работнички Фершпед, Андријана Зафировска, и покрај проблемите со повреденото колено ќе продолжи активно да тренира и следната сезона.

"Одлучив да играм уште една сезона и мислам дека ќе успеам да ја истуркам до крај и покрај проблемите со коленото", вели Зафировска.

Таа исто така се најде затечена од случувањата во клубот и вели дека никој конкретно не ја информирал за активностите кои ќе & претстојат на екипата, но се надева дека во брзо време ќе се најде решение и ќе стартуваат подготовките на тимот.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 16:05

МАШКАТА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО МИНИМАЛНИ 3:2 Е ПОРАЗЕНА НА ПРВИОТ МЕЧ НА БАЛКАНИЈАДАТА ВО ТУРЦИЈА

Македонија "киксна" во последниот сет

* Младинците имаа одличен настап на стартот од Балканскиот шампионат, но, за жал, ја пропуштија шансата да дојдат до првата победа во групата "Ц".

МАКЕДОНИЈА - БиХ 2:3
(25:23, 19:25, 22:25, 26:24, 16:18)

Анкара, сала: Селим Сари Таркан. Гледачи: 100. Судии: Бадге (ТУР) и Барев (БУГ). Делегат: С. Златарев (БУГ).

МАКЕДОНИЈА: Николов, Пешевски, Ристоманов, Богоев, Ѓоргиев, Љафтов, Димковски, Маџиров, Крстевски, Блажовски, Галески, Ричлиев.

БиХ: В. Бојиќ, Јечменица, Вукашевиќ, Јањушевиќ, Ѓуќиќ, Дрекун, Каќиќ, Влаховиќ, С. Бојиќ, Куќ, Меденица, Ѓурановиќ.

Младинската машка репрезентација на Македонија вчера на првиот натпревар од Балканското првенство беше минимално поразена со 3:2 од селекцијата на БиХ и не успеа да дојде до посакуваниот триумф преку кој се боревме за второто место во групата "Ц".

Избраниците на селекторот Кире Ричлиев одлично го почнаа натпреварот и со концентрирана игра во текот на целиот сет успеаја да ја задржат скромната предност од два поена до финишот и со 25:23 да поведат со 1:0 во сетови.

Во продолжението македонските репрезентативци имаа проблеми со приемот, како и со реализацијата на сервисот, што му дозволи на противникот да се разигра и прво со високи 25:19, да изедначи на 1:1, а подоцна да направи и резултатски пресврт и да дојде до предност од 2:1 во сетови.

Сепак, нашите младинци се враќаат во игра во четвртиот сет и соодветно им парираат на Босанците. Добра игра покажавме, особено во завршницата кога се издржа притисокот на босанските одбојкари и со 26:24 изедначивме на 2:2, со што Македонија се избори за тајм- брејк.

Петтиот сет ја задржавме играта на истото ниво, а имавме и предност од 8:6 на промена на страните. Но откако на 14:13 не успеавме да ја искористиме сет- меч топката, стигна казната од противникот. По долга борба нашата репрезентација со 18:16 го загуби последниот сет, за пораз од 3:2 во сетови.

Денеска Македонија го игра вториот натпревар од "Ц" групата, каде се среќаваме со фаворитот Србија.



КИРИЛ РИЧЛИЕВ (СЕЛЕКТОР НА МЛАДИНЦИТЕ):

Задоволен и покрај поразот

"За прв натпревар кој го играме на Балканијадата, задоволен сум од прикажаното и покрај поразот. Се надевавме на победа, но падот на концентрацијата кој го имавме во вториот и третиот сет н$ чинеа многу, а веќе петтиот сет е рулет и во него одлучуваа нијанси.

Денеска играме со Србија, која е фаворит на првенството и ќе се потрудам одбојкарите со самодоверба да излезат на теренот и да одиграат опуштено како денеска", изјави по натпреварот со БиХ, Кире Ричлиев.

БП МЛАДИНЦИ

РЕЗУЛТАТИ:

1. КОЛО:

ГРУПА "А":

Романија - Црна Гора 0:3

(28:30, 21:25, 20:25)

ГРУПА "Б":

Турција - Грција 1:3

(27:25, 20:25, 24:26, 13:25)

ГРУПА "Ц":

БиХ - Србија 0:3

(13:25, 20:25, 13:25)

2. КОЛО:

ГРУПА "А":

Молдавија - Романија 2:3

(26:28, 25:17, 25:19, 19:25, 5:15)

ТАБЕЛА:

1. Романија 2 1 1 3:5 3

2. Црна Гора 1 1 0 3:0 2

3. Молдавија 1 0 1 2:3 1

ГРУПА "Б":

Бугарија - Турција синоќа

ТАБЕЛА:

1. Грција 1 1 0 3:1 2

2. Турција 1 0 1 1:3 1

3. Бугарија 0 0 0 0:0 0

ГРУПА "Ц"

Македонија - БиХ 2:3

(25:23, 19:25, 22:25, 26:24, 16:18)

ТАБЕЛА:

1. БиХ 2 1 1 2:6 3

2. Србија 1 1 0 3:0 2

3. Македонија 1 0 1 2:3 1

РАСПОРЕД 3. КОЛО (ДЕНЕСКА):

ГРУПА "А":

16:00ч. Црна Гора - Молдавија

ГРУПА "Б":

18:00ч. Грција - Бугарија

ГРУПА "Ц":

20:00ч. Србија - Македонија

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2008 во 19:48
МЛАДИНЦИТЕ НА ПРЕТПОСЛЕДНОТО МЕСТО ГО ЗАВРШИЈА НАСТАПОТ НА БАЛКАНИЈАДАТА ВО ТУРЦИЈА

Пораз и од Молдавија

МАКЕДОНИЈА - МОЛДАВИЈА 0:3
(22:25, 23:25, 16:25)

Анкара, сала: Селим Сари Таркан. Гледачи: 150. Делегат: С. Златарев (БУГ).

МАКЕДОНИЈА:Николов, Пешевски, Ристоманов, Богоев, Ѓоргиев, Љафтов, Димковски, Маџиров, Крстевски, Блажовски, Галески, Ричлиев.

МОЛДАВИЈА:Којокари, Туков, Иурко, Имполшки, Буторкин, Стукалшки, Доника, Лешков, Гути, Романовичи.

Машката младинска репрезентација предводена од селекторот Кире Ричлиев на претпоследното место го заврши настапот на Балканското првенство кое од 13 до 17 август се одржа во Анкара, Турција. Нашата селекција во борбата за пласман од 9. до 5. место на стартот беше слободна, за подоцна да загуби од Молдавија со убедливи 3:0 во сетови.

По двата неуспешни обиди да дојде до победа во натпреварувањето по групи, Македонија имаше шанса за првпат да слави на шампионатот, што можеше да ни го донесе и 7. место, но младинците ја пропуштија и оваа можност.

Започнаа одлично, достојно парирајќи му на противникот, но мало невнимание беше доволно молдавските одбојкари да го преземат водството во заврШницата на сетот и да го освојат со 25:22, за водство од 1:0 во сетови.

Во продолжението ја задржавме изедначената игра и сетот изобилуваше со неизвесност и резултатски пресврти, но на крајот Молдавија делуваше поконцентрирано и повторно успеа да ни го одземе сетот со 25:23.

Македонија се трудеше да се одржи во игра во последниот сет, но беше невозможно бидејќи противникот го диктираше темпото. Младинците ја загубија самодовербата и со многу технички грешки му дозволија на молдавскиот состав да поентира и да дојде до убедливи 25:16, за максимална победа од 3:0 во сетови.

Со ова младинската репрезентација со три порази и без победа го заврши настапот на Балканското првенство, но поради добрата ждрепка успеа да се најде на претпоследното место, пред БиХ.

Во останатите натпревари кои се одиграа вчера, Бугарија со 3:0 ја совлада Романија во дуел за 5. место во генералниот пласман, додека во малото финале домаќинот Турција имаше многу проблеми со црногорската селекција, но сепак успеа да слави со 3:1. Србија и Грција играа за првото место, а од овој дуел како победници излегоа Србите, кои со 3:1 дојдоа до уште еден триумф на Балканијадите.

Минатата сезона нашата репрезентација се најде на четвртото место во завршницата, додека оваа година откако не успеа да слави во мечот со БиХ кој решаваше за второто место во "Ц" групата, кое водеше во полуфиналето ја пропушти и шансата да се најде во полуфиналето. Претпоследното место не е реално барем според она што младинците го покажаа на стартните два натпревари, но својата шанса за докажување ќе мора да ја бараат следната година.

КИРИЛ РИЧЛИЕВ (СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИЈА):

Реален одраз на формата

"Одлично одигравме во првите два сета кои можевме и да ги добиеме, но падот на концентрација во клучните моменти имаше големо влијание. Имавме проблеми со реализацијата на нападот и играта на мрежа, што особено се изрази во третиот сет, кога веќе и се предадовме. Овој меч може да го оценам како најслаб на настапот на Балканијадата, но сепак тоа е одраз на моменталната форма во која се наоѓа селекцијата. Проблем беше и повторната пауза бидејќи н$ опушти, но тоа не треба да биде оправдување за постигнатиот резултат", изјави по натпреварот селекторот на Македонија, Кире Ричлиев.

Младинките почнуваат неделава

По завршувањето на Балканскиот шампионат за младинци, оваа недела треба да стартуваат подготовките на младинките кои предводени од селекторот Зоран јанков и неговиот помошник Андријана Зафировска ќе н$ претставуваат на Балканијадата во Тузла, БиХ која треба да се одржи од 26 до 30 август.

На ова натпреварување Македонија разигрува во "А" групата заедно со БиХ и Молдавија.

Амбарков дел од Балканијадата

Нашиот интернационален судија Орданчо Амбарков беше претставник на Судиската организација на Македонија на Балканијадата во Турција. Тој ја делеше правдата на дуелите од групите "А" и "Б", а потоа и во борбата за пласман.

РЕЗУЛТАТИ:

НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН:

Молдавија - Бугарија 0:3

(19:25, 22:25, 27:29)

БиХ - Романија 0:3

(23:25, 21:25, 23:25)

ПОЛУФИНАЛЕ:

Турција - Србија 1:3

(20:25, 25:22, 16:25, 18:25)

Грција - Црна Гора 3:0

(25:20, 27:25, 25:19)


НАТПРЕВАР ЗА 7. МЕСТО:

Македонија - Молдавија 0:3

(22:25, 23:25, 16:25)

НАТПРЕВАР ЗА 5. МЕСТО:

Бугарија - Романија 3:0

(25:20, 25:20, 25:23)

НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО:

Турција - Црна Гора 3:1

(26:28, 25:22, 25:22, 25:18)

ФИНАЛЕ:


Србија - Грција 3:1

(25:18, 22:25, 25:21, 28:26)

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН:

1. Србија

2. Грција

3. Турција

4. Црна Гора

5. Бугарија

6. Романија

7. Молдавија

8. Македонија

9. БиХ

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2008 во 15:53

ЖЕНСКАТА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ГИ ПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА БАЛКАНИЈАДАТА

Јанков: "Стартуваме со полна пареа"

* Поради кусиот временски период младинките веднаш ќе почнат со воигрување на екипата, а подготвеноста ќе ја контролираат меѓусебно, на тренинг.

Стручниот штаб составен од селекторот Зоран Јанков и неговиот помошник Андријана Зафировска од вчера ги почнаа подготовките на женската младинска репрезентација за настапот на Балканијадата во Тузла од 26 до 30 август. Младинките претпладнето имаа работен состанок, додека во попладневните часови го одработија и првиот тренинг.

"Првиот собир го имавме во 12 часот кога одржавме краток работен состанок на кој од оправдани причини не присуствуваа три репрезентативки. Тие ни се приклучија на првиот тренинг кој го одработивме попладнето", н$ информираше селекторот на женската репрезентација, Зоран Јанков.

Поради кусиот временски период репрезентацијата веднаш ќе премине на комбинирана работа на техника и тактика, како и воигрување на поставата.

"Дванаесетте девојки кои ја сочинуваат селекцијата од денеска ќе работат по двапати дневно, а акцентот главно ќе бида ставен на техничко- тактичкиот аспект од играта, како и на компонирањето на костурот на екипата. Бидејќи немаме спаринг партнер со кој ќе можеме да направиме проверка на квалитетот со кој располагаме, најверојатно ќе правиме меѓусебни контроли на тренинг и на тој начин ќе се трудиме да ги неутрализираме недостатоците кои ќе се појават во играта", додава Јанков.

Репрезентативките добро се познаваат меѓусебе бидејќи дел од нив и минатата и оваа година настапуваа како во кадетската така и во младинската репрезентација. Недостасуваат и некои од одбојкарките кои лани беа столб на двете селекции, но Јанков смета дека девојките кои се најдоа во конечниот список за оваа Балканијада се оние за кои тој смеат дека најдобро може да н$ претстават.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2008 во 18:03
Достојно збогување од Европа


МАКЕДОНИЈА - ЧЕШКА 2:3

(25:17, 20:25, 25:23, 16:25, 16:18)

Скопје, сала: Борис Трајковски. Гледачи: 6.000 Судии: Локатели и Бартолини (ИТА). Делегат: Пекалис од (ЛЕТ).

МАКЕДОНИЈА: Ѓорѓевски, Наковски, Јосифов, Ѓоргиев, Деспотовски, Милков, Симовски, Митев, Карановиќ, Гинов, А. Милев, Зафиров.

ЧЕШКА: Попелка, М. Новотни, Ј. Новотни, Вачланик, Рак, Станек, Весели, Боула, Кристоф, Конечни, Тихачек.

Машката сениорска репрезентација на Македонија, вчеравечер на домашен терен беше поразена со минимални 3:2 во сетови од Чешка во реванш натпреварот од бараж фазата за пласман на Европското првенство 2009 во Турција. Со ова нашата најдобра селекција го заврши настапот во овој квалификациски циклус и не успеа да го продолжи европскиот сон обезбедувајќи пласман на шампионатот. Сепак сениорите треба да бидат максимално задоволни од својот учинок, бидејќи на вчерашниот дуел го покажаа својот вистински квалитет и докажаа дека досега стореното, меѓу кое и најголемиот успех во досегашната историја на македонската одбојка е заслужено. Воедно репрезентацијата го поправи и лошиот впечаток кој го остави на првиот натпревар од бараж фазата.

Избраниците на Светислав Пеица го отворија натпреварот со одлична игра, набрзина дојдоа до 3:0 и оваа минимална предност успеаја да ја задржат во текот на целиот сет. Македонската репрезентација го покажа своето вистинско лице. Фантастично функционираа приемот и одбраната, Јосифов блескаше на мрежата, сопирајќи ги нападите на противникот, додека искусните интернационалци, Симовски, Атанас Милев и капитенот Наковски погодуваат од сите позиции. Чешката селекција како да се збуни од новата игра на нашите одбојкари и правеше многу технички грешки со кои ни дозволи да дојдеме до лесни поени. Македонија имаше предност во текот на целиот сет, 10:7, 16:12, 20:16, кои со компактна игра успеаја да ги претворат во убедливи 25:17 за водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет Чесите го возвратија ударот и како што нашата селекција го започна првиот сет, така тие стартуваа во продолжението, 3:0. Водството гостите го одржуваа во текот на првите минути, но македонските репрезентативци успеаја да се вратат во игра изедначувајќи на 7:7. Поен за поен се играше се до завршницата на сетот. Нашите одбојкари покажаа дека можат да му парираат на еден силен противник како Чешка и дека имаат одговор за играта на својот конк*рент. Борбеноста во полето, мотивацијата не изостанаа во ниту еден момент и селекцијата и пружи една одлична одбојкарска претстава на публиката во преполната сала "Борис Трајковски" која неуморно ја поддржуваше екипата. И покрај рамноправната игра, во завршницата Македонија имаше многу грешки, пред се од нереализирани напади кои најчесто завршуваа во блок или во аут. Со ваквата игра им се дозволи на Чесите прво да поведат со 23:18, а потоа и да го земат сетот со 25:20, со што изедначија на 1:1 во сетови.

Продолжението беше само реприза на прикажаното во првите два сета. Со загубата на вториот сет Македонија дефинитивно ги загуби и шансите за пласман на Европското првенство, но тоа не претставуваше мотив помалку домашниот тим да го даде својот максимум. Иако на стартот се играше изедначено 6:6, репрезентативците направија солидно водство од 11:8 кое со квалитетна игра пред се во одбраната во поле и добрата организација на нападот ги задржаа до завршницата, кога проработе блокот на противникот со што Чесите изедначија на 17:17, односно 20:20. Сепак нашите одбојкари останаа концентрирани и ја задржаа контролата врз резултатот, добивајќи го сетот со 25:23. Сите елементи од играта на селекцијата кои не функционираа на првиот натпревар во Свитав вчера вечер делуваа беспрекорно. Нападнавме со силен сервис, имавме одлична одбрана, како во полето, така и на мрежа, а сето тоа беше надополнето со фантастичните завршници на нашите напаѓачи. Нашата репрезентација го освои третиот сет и поведе со 2:1.

Четвртиот сет, гостинскиот тим доминираше во поголемиот дел од сетот, пред се во играта на мрежа, каде "проработе" блокот кој претставува најсилно оружје на чешката репрезентација. Македонија се трудеше да го надмудри противникот, но тоа не ни одеше од рака во овој период од натпреварот. Чешка го доби сетот со високи 25:16, изедначувајќи на 2:2 во сетови со што се избори за тајм- брејк.

Последниот сет го започнавме со цврста игра, запирајќи ги нападите на противникот и поентирајќи од сите позиции. Средните блокери, коректорот Симовски, сите играчи делуваат како една целина и со динамична игра и поддршката од преполната сала, беспрекорно му парираа на противникот. Неизвесниот и напнат натпревар ја задржа ваквата карактеристика до самиот финиш кога иако Македонија имаше сет- меч топка 14:13, откако не успеавме да ја искористиме се играше поен за поен, но за жал се концентрацијата кај противникот се покажа како поголема и сениорите со 18:16 го загубија последниот сет, за конечни 3:2 за Чесите.

И покрај тоа што не успеавме да се пласираме на ЕП следната година овој квалификациски циклус на машката репрезентација ќе остане запаметен во историјата на македонската одбојка како еден од најквалитетните настапи на нашите репрезентативци.


Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 16:47

РАБОТНИЧКИ ФЕРШПЕД ВЕЧЕРВА (20:30Ч.) МУ ГОСТУВА НА ОРТЕК НЕСЕЛАНДЕ ВО РЕВАНШ МЕЧОТ ОД 1/16 ФИНАЛЕТО НА ЦЕВ КУПОТ

"Нема простор за сензација"

ОРТЕК НЕСЕЛАНДЕ (ХОЛ) - РАБОТНИЧКИ Ф. (МКД)

Денеска, 20:30ч.

Ротердам, сала: Топспорт Центар.

Судии: Леифур Хардарсон од Исланд и Јан Хернет од Данска.

ОРТЕК НЕСЕЛАНДЕ:

1. КОМЕН Нилс

2. ЛОРСЕИД Ларс

3. ВАН ХАРСКАМП Јаник

4. СТОЛЦ Волтер

5. ВЛАМ Тије

6. КОМЕН Ралф

7. КОЈ Дик

9. ДЕ ГРУИТЕР Јохем

10. ВАН ЈАРСВЕЛД Јеле

11. КЛАПВИЈК Неис

14. РАДЕМАКЕР Ричард

РАБОТНИЧКИ ФЕРШПЕД:

1. КАРАНОВИЌ Вук

2. АНДОНОВ Иван

3. ЈОСИФОВ Ѓоко

4. ТРАЈЧЕВСКИ Влатко

5. ЃУРИЌ Богдан

6. БОЖИЌ Немања

8. СИМОВСКИ Дејан

10. МИТЕВ Александар

11. ГИНОВ Благој

12. ЃОРЃЕВСКИ Зоран

14. МОДЕВ Христо

 
Ортек Неселанде вечерва, во 20:30 часот, ќе го пречека нашиот шампион Работнички Фершпед во реванш дуелот од 1/16 финалето од ЦЕВ купот. По убедливиот пораз од пред седум дена "шпедитерите" на ова гостување заминуваат со реални погледи на ситуацијата во која се наоѓаат, но воедно ќе се потрудат да го извадат максимумот од себе и да му вратат барем малку на противникот за тешкиот пораз во првиот натпревар.

Екипата замина поподготвена на тактички план и се надеваат на подобар резултат од оној стартниот, но притоа одбојкарите немаат дополнителни оптоварувања дека истиот е задолжителен.

"Веќе по првиот натпревар ја видовме силата и квалитетот на нашиот противник. Затоа илузорно е да се зборува се некој сензационален резултат, за победа или пак "златен сет" кои би не однеле во следната рунда од ова натпреварување. Одиме да одиграме најдобро што знаеме и да успееме да дојдеме до подобар резултат од оној пред една недела.

Направивме многу поквалитетни анализи, статистика, дата волеј за комплетната екипа и доколку пред првиот натпревар имавме накои непознати за противникот сега сето тоа е решено. Разработивме тактика во кусиот период кој го имавме, а денеска ќе биде потребно истата да се примени и на теренот. Од тоа ќе зависи и исходот на натпреварот.

Сепак одбојкарките немаат никакво резултатско оптоварување. Потребно е да одиграа најдобро што знаат и да го применат однапред договореното", изјави пред заминувањето за Ротердам, тренерот на Работнички Фершпед, Јошко Миленкоски.

Раководството на клубот е резервирано во очекувањата за сезоната и потенцира дека целта е да се создаде екипа која во следните години ќе го повтори успехот кога Работнички Фершпед пред две сезони се најде во фајнал - форот на тогашниот Топ Тимс куп.

"Вистинските резултати од оваа екипа ќе се очекуваат за една или две години, а и оваа сезона, продолжуваме во Челинџ купот каде не очекуваат уште најмалку два меѓународни натпревари кои се особено важни за овој тим. Целта на овои настапи е да се подготви екипата од која во иднина ќе се очекува да го повтори големиот успех од пред две години. Потребно е на оваа генерација одбојкари да и овозможиме што е можно поголем број на интернационални натпревари преку кој ќе се формира играта и ќе се стекне квалитет и искуство", дополнува Миленкоски.

Убедливиот настап на Холанѓаните во првиот меч не остави многу простор за надеж на нашите одбојкари дека вечерва во Ротердам може да направат изненадување во дуелот со Ортек. Сепак избраниците на Миленкоски имаат многу што да покажат, и доколку им "тргне" вечерва постои можност да го намачат противникот во реваншот и со тоа достојно да се збогуваат од натпреварувањето во ЦЕВ купот и да продолжат во ГМ Капитал Челинџ купот, каде својот противник ќе го добијат до крајот на неделава.

В. Зарева

Ортек се загрева преку Омниворлд

Ортек Неселанде за натпреварот со Работнички Фершпед се загрева преку Омниворлд со кого се сретна во ова коло од холандското првенство. Нашиот евро противник славеше со 3:1, а проблеми имаше во првите два сета. Стартниот го освои на разлика, 29:27 по голема борба, додека во продолжението му дозволи на противникот да изедначи на 1:1 (25:22). По загубениот сет мечот доби сосема друг тек и помина во доминација на Ортек кој со убедливи 25:19, односно 25:16 дојде до победа од 3:1 со која ја задржа водечката позиција во лигата.

Ова коло "свират" Џинес и Михајлов

Интернационалните судии Драган Михајлов и Симон Џинес, ќе бидат дел од судиските двојки на два меѓународни натпревари од ова коло на евро- куповите.

Во ГМ Капитал Челинџ купот во женска конк*ренција, Михајлов ќе го придружува Шеху на мечот меѓу Измит Добриња и Вуковар, додека во ЦЕВ купот, исто така кај дамите, Џинес ќе биде втор судија покрај Андрејко Поповиќ на дуелот Динамо Бук*решт и Зејлер Кониз.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2008 во 09:28
ОДБОЈКА - НА 32. МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР "ЧАЈКА"
Легендите во прв план

В недела во Тетово ќе се одржи 32. издание на одбојкарскиот меморијал во чест на Бранко Иљовски-Чајка.
- Оваа година е планирано меморијалот да го обележат ветераните на макодбојката. Така на турнирот ќе учествуваат Вардар со својата шампионска генерација, предводена од Богоевски и Тасевски, Работнички, Струмица и Југохром. Сметам дека турнирот, кој ќе се одржи во еден ден, ќе привлече внимание во Тетово, бидејќи ќе се соберат сите одбојкарски легенди на Македонија и на тој начин успешно и квалитетно ќе ја продолжиме традицијата на меморијалот - ни рече Ивица Хаџииљовски-Чајка, син на Бранко, во чие име се одржува овој меморијал.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 23:22
ОДБОЈКА - ПОРАДИ МЛАДОСТА НА ОДБОЈКАРКИТЕ
Македонија Макс пред суспензија

Уште пред почетокот на првенството, од Македонија Макс се најавуваше дека сезонава ќе настапуваат со млади одбојкарки од 13 години. Но, откако се одиграа неколку натпревари од есенскиот дел, од комесарот на лигата Весна Зарева стигна зачудувачка вест дека поради младоста на одбојкарките на екипата ќе и бидат одземени досега освоените бодови, а можно е таа да биде и суспендирана.
- Зошто да бидеме критикувани и опоменувани? Дури комесарот на лигата се заканува што играме со шест пионерки, од кои четири во првата постава, а тие претставуваат голема перспектива на македонската одбојка. Според комесарот, одбојката треба да се игра од прва до четврта година средно образование. Ние креираме одбојкарски кадар. И наместо честитки и да бидеме пофалени, ни се закануваат. Само за споредба, ќе спомнам дека на Олимписките игри се натпреваруваат гимнастичарки до 14 години - вели тренерот Зоран Јанков.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
galenaa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4107
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај galenaa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 10:00
Sakam da go gledam ovoj sport zs narocito zenite vo odbojkata me fasciniraat mi licat na manekenki vo shorcevi
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 23:07
Форца Волеј поведе против „Шпедитерките“

Одбојкарките на Форца Волеј поведоа со 1:0 во финалната серија од македонското првенство против единствениот ривал Работнички Фершпед.

Доминацијата во меѓусебните дуели сезонава ја потврдија со победата од 3:1.

Првите два сета ги добија со 25:17, односно со 25:15, по што повеќе драма и неизвесност донесоа наредните.

„Шпедитерките“ се вратија во мечот, откако третиот им припадна на разлика со 26:24, но немаа сили да се изборат и за тај-брејк, иако беа блиску.

Форца го освои четвртиот сет со 27:25, за конечен триумф на отворањето на серијата што ќе го даде првакот.

Се игра до три победи, а вториот натпревар ќе биде одигран на 6 или на 7 мај, на теренот на Работнички.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.