Испечати | Затвори го прозорот

Одбојка

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Останати спортови
Опис на форумот: Одбојка, тенис, планинарење, пливање, точаци, висење по форуми...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14182
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 08:30
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Одбојка
Постирано од: La Ninja
Наслов: Одбојка
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 19:36

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦОТ ЈОВИЦА СИМОВСКИ НАЈВЕРОЈАТНО И СЛЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ НАСТАПУВА ВО БЕЛГИСКАТА ЛИГА

"Засега останувам во Авербоде"

Нашиот интернационалец и еден од предводниците на репрезентацијата, Јовица Симовски, најверојатно и следната сезона ќе остане во својот досегашен клуб, белгискиот Авербоде. Симовски иако изминатава недела имаше понуда и сериозни преговори со третопласириот тим во белгискиот шампионат, Асе- Леник, не успеа да го оствари трансферот бидејќи сегашниот клуб за раскинување на договорот бараше висока отштета.

"Имав интересна понуда од третопласираната екипа во Белгија, Леник, да преминам во нивниот тим, а во текот на преговорите во целост беа прифатени моите барања. Но, Авербоде не сака да ме пушти да заминам од клубот и за раскинување на договорот бараат висока отштета. Во договорот кој го имам со нив стои дека доколу имам понуда од некоја екипа која настапува во Лигата на шампионите, нема да ми прават никакви проблеми и ќе ме пуштат да заминам, но бидејќи тоа не е случај со Леник, управата на Авербоде се труди да ме задржи. Засега останувам во клубот, но доколку во текот на летниот период се појават и други интересни понуди, тогаш можно е да ја сменам и средината", вели Јовица Симовски.

Популарниот "Гума" изминатава сезона беше најдобар поентер во белгиската лига и е еден од клучните играчи на Авербоде, па оттука сфатлива е и реакцијата на клубот кој се труди да го задржи својот најдобар играч. Симовски на 1 август почнува со подготовките со екипата, а во истиот период треба да стартува и подготвителниот циклус на машката репрезентација за баражот за ЕП. Интерналецот уште од сега најавува дека нема да може да биде дел од комплетните подготовки бидејќи Авербоде ќе му дозволи отсуство од само една недела.



Повредата санирана

Повредата на скочниот зглоб која Симовски ја доби во квалификациите за ЕП е санирана. Отокот е комплетно повлечен, а Јовица се надева дека нема да има никакви проблеми до стартот на новата сезона и бараж натпреварот кој ја очекува репрезентацијата.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....



Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 19:37

ПРВОТО КОЛО ОД СВЕТСКАТА ЛИГА 2008, ВО ЗНАКОТ НА ШАМПИОНОТ

Бразил го обележа "мечот на неделата"

Првиот натпреварувачки викенд на Светската лига 2008 помина во знакот на актуелниот шампион Бразил, САД, Русија, Бугарија и Франција, кои имаа одличен старт и со две победи во разигрувањето со противниците го затворија првото коло.

Бразилците во "натпреварот на неделата" успеаја на двете средби, пред својата публика да слават со 3:2 против Србија. "Кариоките" откако ја забележаа првата победа, во вториот меч им преостануваше да ја потврдат добрата игра, но Србите беа решени да го возвратат ударот.

Домаќинот имаше предност 10:7 во стартниот сет, но Србија изедначи на 14:14, по што следуваше долга борба и игра поен за поен с$ до завршницата, 21:21. Со фантастична игра на мрежата, особено во блокот, Србија во финишот дојде до минимално водство 23:21, кое го задржа до крај искористувајќи ја втората сет топка за 25:23. Бразилците доминираа во вториот сет и без поголеми проблеми со 25:19 изедначија на 1:1. Стабилната игра "кариоките" ја задржаа во продолжението, што им донесе водство од високи 16:9. Србија, која како да ја бараше својата играта во тие моменти, успеа да излезе од кризата, изедначувајќи на 23:23, а подоцна прави и комплетен пресврт освојувајќи го сетот со 26:24. Србите со силна иницијатива го почнаа четвртиот сет и имаа 4:0 на стартот, но Бразил многу брзо се стабилизира и ја презема работата во свои раце, и со 25:23, се избори за тајм-брејк. Домаќинот решеноста за победа ја покажа во петтиот сет, кога со одлична игра го неутрализираше отпорот на конк*рентот и со 15:11 го реши натпреварот во своја корист.

Во вториот дуел од "А" групата Франција запиша две победи против Венецуела. Во групата "Б", Куба и Италија имаат изедначен скор, една победа и еден пораз, додека Русија двапати ја совлада Кореја. Фаворитите во "Ц" групата, САД и Бугарија немаа проблеми во мечевите со противниците. Најинтересна група викендов беше "Д" каде се одиграа четири неизвесни натпревари, во кои конк*рентите ги поделија бодовите.

Второто коло од Светската лига 2008 се игра следниот викенд.

СВЕТСКА ЛИГА 2008

1. КОЛО

ГРУПА "А"

Бразил - Србија 3:2/3:2

Венецуела - Франција 2:3/0:3

ТАБЕЛА:

1. Франција 2 2 0 6:2 4

2. Бразил 2 2 0 6:4 4

3. Србија 2 0 2 4:6 2

4. Венецуела 2 0 2 2:6 2

ГРУПА "Б"

Куба - Италија 3:2/1:3

Кореја - Русија 2:3/1:3

ТАБЕЛА:

1. Русија 2 2 0 6:3 4

2. Италија 2 1 1 5:4 3

3. Куба 2 1 1 4:5 3

4. Кореја 2 0 2 3:6 2

ГРУПА "Ц"

Финска - САД 1:3/0:3

Бугарија - Шпанија 3:0/3:1

ТАБЕЛА:

1. САД 2 2 0 6:1 4

2. Бугарија 2 2 0 6:1 4

3. Финска 2 0 2 1:6 2

4. Шпанија 2 0 2 1:6 2

ГРУПА "Д"

Египет - Полска 3:2/1:3

Кина - Јапонија 2:3/3:2

ТАБЕЛА:

1. Полска 2 1 1 5:4 3

2. Кина 2 1 1 5:5 3

3. Јапонија 2 1 1 5:5 3

4. Египет 2 1 1 4:5 3



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 18.Јуни.2008 во 17:12

НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ СТРАТЕГ ЈА ПРЕКИНА СОРАБОТКАТА СО ЦРНОГОРСКИОТ ПРВОЛИГАШ

Миленковски ја напушти Будванска Ривиера

* "Поради "замрзнувањето" на функцијата на досегашниот спортски директор на клубот, Раденко Маровиќ, со кого и ја почнав мојата соработка, сметав дека најкоректно е со меѓусебен раскин на договорот да се повлечам од позицијата тренер на Будванска Ривиера", вели Миленковски.

Нашиот најтрофеен тренер и поранешен селектор на машката репрезентација, Јошко Миленковски ја прекина соработката со црногорскиот прволигаш Будванска Ривиера со кој минатата сезона се најде на третото место во европскиот ЦЕВ куп. Причини за напуштањето на Миленковски на оваа позиција има повеќе, но приоритетна е "замрзнувањето" на функцијата на досегашниот спортски директор на Будвани, Раденко Маровиќ со кого нашиот стратег и ја почна соработката во црногорскиот клуб. Разделбата е направена во меѓусебен пријателски договор, со можности во иднина квалитетната соработка да биде обновена.

"Поради 'замрзнувањето' на функцијата на досегашниот спортски директор на клубот, Раденко Маровиќ, со кого и ја почнав мојата соработка во клубот, сметав дека најкоректно е со меѓусебен раскин на договорот да се повлечам од позицијата тренер на Будванска Ривиера. Маровиќ комплетно ја поддржуваше мојата работа изминатава сезона, па оваа постапка може да се каже дека е од лојалност кон него и од големото заемно почитување. Секако оставен е простор во иднина да ја обновиме соработката. Пресудно беше и тоа што морам да се вратам на обврските кои ги имам како професор на Факултетот за физичка култура, како и кон екипата Работнички Фершпед", изјави Јошко Миленковски.

Нашиот најдобар стратег во моментов на прво место ги става работните обврски кои ги има кон факултетот, но воедно посветува големо внимание и на клубот Работнички Фершпед. Миленковски со успехот кој го постигна изминатава година го привлече вниманието на реномирани европски клубови, но засега тој само ги разгледува понудите.

"Во моментов сум посветен на обврски кон факултетот, а работам и во конструирањето на екипата на Работнички Фершпед за следната сезона. Градењето на кариерата како одбојкарски тренер во иднина многу зависи од договорот со ФФК. Имам неколку конкретни понуди од екипи кои настапуваат во Лигата на шампионите, што за мене претставува голем предизвик, но засега само ги разгледувам понудите. Доколку не успеам да се договорам со нив, како опција секогаш останува Работнички Фершпед, што воедно одлично се усогласува и со моите работни обврски како професор", додава Миленковски.

Јошко Миленковски во последните две сезони, прво како тренер на Работнички Фершпед стигна во фајнал-форот на Топ тимс купот, а лани како предводник на Будванска Ривиера го постигна најголемиот успех во историјата на црногорската одбојка, освојувајќи го третото место на завршницата во ЦЕВ купот.

В. Зарева

Вуковиќ на тренерското место

Селекторот на машката репрезентација на Црна Гора, Веселин Вуковиќ, ќе биде новиот тренер на Будванска Ривиера. Новото раководство на клубот има долгорочни цели и планови, меѓу кои будванската екипа догодина да биде составена само од црногорски одбојкари и да претставува расадник на сениорски репрезентативци.

Маровиќ: "Задоволство ми беше да работам со Јошко"

Досегашниот спортски директор на Будванска Ривиера, Раденко Маровиќ потврди дека станува збор за пријателска разделба, која се надева дека во иднина ќе има можност да се обнови.

"Заминувањето на Миленковски е поврзано со моето 'замрзнување' на функцијата спортски директор на клубот поради здравствени причини. Бидејќи Јошко и јас бевме еден тим кој квалитетно функционираше, тој реши да се повлече заедно со мене, што го ценам како особено пријателски гест, па токму поради тоа и нашата разделба беше таква, пријателска. Морам да напоменам дека Миленковски одлично ја одработи својата задача, му донесе на клубот еден голем, историски успех и ми беше задоволство да работам со еден таков човек и стратег како него", ни рече во телефонскиот разговор спортскиот директор на Будванска Ривиера, Раденко Маровиќ.

Максимално посветен на Работнички Ф.

Миленковски овој период максимално е посветен на формирањето на екипата на Работнички Фершпед и играчите со кои ќе настапува тимот следната сезона. Нашиот стратег се надева дека ќе успее да се зачува костурот на екипата од минатата година бидејќи тоа ќе биде добро не само за клубот туку и за машката репрезентација во која настапуваат поголем дел од одбојкарите на шампионот. Миленковски смета дека треба да се заборават личните несогласувања и да се работи за едно општо добро на одбојката, со што и најдобро ќе се искористи шансата до која се изборија репрезентативците, бараж натпреварот кој води на ЕП.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 17:13

ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ОДБОЈКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА 31. КОНГРЕС ВО ДУБАИ ДОНЕСЕ НОВА "ИСТОРИСКА" ОДЛУКА

14 играчи и две либера во секој тим

На 31. конгрес на Интернационалната одбојкарска федерација, кој изминативе денови (16-17) се одржа во Дубаи и на кој учествуваа над 200 национални федерации, Генералното собрание на ФИВБ донесе нова "историска" одлука со која направи важни промени во одбојкарските правила. Започнувајќи од 1 јануари 2009 година, во секој тим бројот на играчите ќе се зголеми од 12 на 14 одбојкари, од кои во составот ќе се најдат и две либера, а правилата дозволуваат само еден од нив да биде на теренот. Конфедерациите и националните федерации новото правило ќе можат да го имплементираат веднаш по завршувањето на Олимписките игри во Пекинг.

Покрај оваа одлука Конгресот исто така го разгледуваше и го одобри предлогот наметнат од Бордот на ФИВБ за користење на топка со помал притисок со цел да се зголеми должината на сервисот и МВА 200 да биде официјална топка за Олимпијадата оваа година.

Конгресот ја потврди одлуката на Бордот која се однесува на интернационалните трансфер сертификати (ИТЦ) со цел да ги заштити домашните играчи, како и идентитетот на националните лиги, со што ќе се запре и монополот на финансиски моќните клубови. Од сезоната 2010- 2011 клубовите ќе имаат право во својот тим да имаат колку сакаат странски играчи, но на теренот во истовреме може да се најдат само двајца. ФИВБ им дозволува на националните федерации сами да одлучат дали на своите клубови ќе им дозволат уште еден странски играч во полето.

Генералното собрание за следната сезона определи рок од седум месеци, од 15 октомври до 15 мај, за комплетирање на натпреварувањето во националните лиги.

ФИВБ со нов претседател

Актуелниот претседател на ФИВБ, Рубен Акоста, на 31. конгрес на Федерацијата го најави своето повлекување од позицијата, поради приватни причини, а на неговото место едногласно беше избран досегашниот прв потпретседател на ФИВБ, Жижинг Веи.

Акоста е втор претседател на Светската федерација и 24 години одлично ја вршеше својата функција промовирајќи ја одбојката во светски рамки и правејќи спектакуларен развој на овој спорт.

Јованов на конгресот во Дубаи

Претседателот на ОФМ, Марјан Јованов, заедно со селекторот на машката репрезентација, Александар Тасевски, присуствуваа на 31. конгрес на ФИВБ во Дубаи. Нашата делегација на овој собир покрај воспоставувањето на нови соработки и продлабочување на старите исто така успеа начелно да се договори со претставниците на словенечката федерација, за заемна соработка во текот на подготвителниот период на машките репрезентации за баражот за ЕП 2009.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 17:13

ШАМПИОНОТ ЈА ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА СО ДВАЈЦА СТАНДАРДНИ ПРВОТИМЦИ

Модев и Трајчевски остануваат во Работнички Фершпед

Интернационалецот Христо Модев и Влатко Трајчевски се двајцата одбојкари кои најверојатно и следната сезона ќе ја продолжат соработката со досегашниот клуб Работнички Фершпед. Двајцата стандардни првотимци на "шпедитерите" веќе преговараа со раководството на клубот и според информациите и од двете страни останува само договореното да биде пренесено на хартија.

"Имав состанок со раководството на Работнички Ф. и преговаравме за условите и за продолжување на договорот за уште една година. Сакам да останам во клубот уште една сезона, но засега постигнат е само устен договор, а за да се официјализира работата, мора се да се стави на хартија", изјави еден од носителите на играта на шампионот минатата сезона, Влатко Трајчевски.

Христо Модев веќе неколку сезони наназад настапува за Работнички Фершпед, а соработката ќе ја продолжи и оваа година.

"Доколку останат условите за кои преговарав со управата во изминативе денови, тогаш нема двоумење, останувам во Работнички Ф. и следната сезона. Единствено што преостанува е и официјално да се потпише договорот", вели интернационалецот Христо Модев.

Покрај разговорите со овие двајца играчи, раководството на Работнички Фершпед преговара и со другите одбојкари кои беа дел од минатогодишниот состав бидејќи тоа е приоритет за "шпедитерите", да се задржи костурот на ланскиот тим.

"Приоритетно за клубот е да се задржи основата на тимот од минатата година, па затоа во моментов се почнати преговорите со одбојкарите. Имавме конструктивни разговори со Модев и Трајчевски и с$ води кон тоа дека ќе останат во екипата, додека со другите с$ уште се разговара. Со едно до две квалитетни засилувања, а и во зависност од ждрепката во ЦЕВ купот, мора посериозно да се размислува за евро- амбициите на екипата догодина", н$ информираше поранешниот тренер на Работнички Ф., Јошко Миленковски.

Одбојкарите на Работнички Ф. до крајот на месецот ќе тренираат по што следува пауза од еден месец, за на 4 август да ги стартуваат подготовките за новата сезона.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 17:14

ПОРАДИ ПОКЛОПУВАЊЕ НА ТЕРМИНИ ЧЕШКАТА ФЕДЕРАЦИЈА БАРА ПРОМЕНА НА ТЕРМИНОТ НА БАРАЖОТ

Чешка бара нов датум

Чешката федерација достави барање до ОФМ со кое бара одложување на датумот кога треба да се одигра првиот натпревар од бараж фазата на ЕП 2009, меѓу нашата и чешката машка репрезентација. Причината за ова барање е поклопувањето на термините, односно викендот 6-7.09 кога треба да се одигра првиот меч, Чешка треба да биде домаќин и на завршницата на младинското Европско првенство во Брно. За нов датум е предложен 9 септември, а само пет дена подоцна, на 14, треба да се одигра вториот дуел. Пропозициите велат дека доколку се постигне договор меѓу федерациите тогаш ЦЕВ и покрај тоа што ги има веќе определено термините нема да прави проблеми. Чешка чека одговор од ОФМ, кој треба да биде доставен по враќањето на претседателот Јованов од Конгресот во Дубаи.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јуни.2008 во 18:15
МАКЕДОНИЈА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ОДГОВОРИ НА БАРАЊЕТО НА ЧЕШКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА ТЕРМИНОТ

ОФМ во потрага по компромис

Одбојкарската федерација на Македонија во текот на следната недела официјално ќе одговори на барањето на Чешката федерација, дали првиот бараж натпревар за ЕП 2009 кој двете машки репрезентации треба да го одиграат во Чешка викендот 5-6 септември ќе биде одигран три дена подоцна на 9 септември. Чесите барањето за промена на терминот го поставија поради поклопување со завршницата на Европското младинско првенство, каде Чешка се јавува како организатор, како и со немањето можност за ТВ пренос на бараж дуелот. Промената за Македонија е прифатлива само доколку домаќинот на првиот меч се согласи да не прими еден ден повеќе или, пак, натпреварот да се одигра на 10 септември. Поради лошата комуникација со чешките официјални лица, како и одбивањето на рецепроцитет со екстра денот, ОФМ ќе се потруди да донесе најдобро решение и по пат на компромис да го реши настанатиот проблем. Во спротивно ќе се придржуваме кон датумите пропишани од ЦЕВ и ќе бараме баражот да се одигра во дадениот термин.

"Промена на терминот е возможна, но зависи од соработката со Чешката федерација. Поради лошата авионска конекција, побаравме ден повеќе да бидеме гости на Чесите, а потоа и во реваншот тие да престојуваат екстра ден во Македонија, но таквиот предлог за реципроцитет не беше прифатен. На Конгресот во Дубаи и покрај настојувањето на нашиот претседател Јованов да се воспостави комуникација и договор, наидовме на ладен однос од страна на потпретседателот на Чешката федерација. Разгледувајќи ги можностите ни одговара мечот да се одигра на 10 септември, но тоа повторно зависи и од домаќинот. Доколку не успееме да дојдеме до компромис, реално е да бараме да се задржи првичниот термин поставен од ЦЕВ, бидејќи ние немаме никаков проблем со тоа, туку Чешка", н$ информираше селекторот на машката репрезентација, Александар Тасевски.

Канцеларијата на ОФМ во моментов ги разгледува сите опции и се надева дека во текот на деновиве ќе биде донесено најдоброто решение, со кое ќе одговорат на барањето на Чешка.

"Ќе направиме неколку работни состаноци на кои покрај мене ќе учествуваат и генералниот секретар, спортскиот директор и селекторот и во заедничка консултација ќе донесеме решение кое ќе сметаме дека е најдобро за нашата репрезентација, по што ќе одговориме и на барањето на Чесите", вели претседателот на Федерацијата, Марјан Јованов.

Бараж натпреварите според ЦЕВ треба да се одиграат првите два викенда од септември, но доколку дојде до промена на терминот дуелите меѓу Македонија и Чешка ќе се одиграат со разлика од само пет дена.



Тасевски ја подготвува програмата

Селекторот Тасевски во полна пареа работи на програмата за подготвителниот период и бараж фазата од квалификациите за ЕП.

"Работам на програмата за бараж фазата од квалификациите. Треба да се консултирам дали да се соберат репрезентативците порано или да се остане на првичниот датум, 5 август. Би сакал првата фаза и дел од втората да одработиме надвор од Скопје, за потоа во нашата "база" да преминеме на техничко- тактички план. Во зависност од можностите на ОФМ да ни обезбеди спаринг- противник добро би било да одиграме неколку контролни натпревари пред баражот", изјави Тасевски.

Словенија прв спаринг- партнер

Федерацијата уште од сега активно работи на обезбедување противници со кои сениорите ќе одиграат пријателски средби пред баражот со Чешка. Прв конк*рент е Словенија, која би сакала со нас да одигра контроли кои би биле од заемна корист и за двете селекции. Федерациите начелно ја договорија соработката, но останува истата да се потврди и реализира во текот на подготвителниот период.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Јуни.2008 во 23:30

РАБОТНИЧКИ ФЕРШПЕД НЕДЕЛАВА ЈА ЗАТВОРА ОВАА СЕЗОНА

"Шпедитерките" на одмор до август

Одбојкарките на Работнички Фершпед оваа недела ќе ја заокружат натпреварувачка сезона. "Шпедитерките" и покрај тоа што не успеаја да ја одбранат двојната круна годинава, со активна работа продолжија и изминатиов период, а сега следува едномесечен одмор. Тренерот на Работнички Фершпед, Светислав Пеица, ги ослободува своите играчи од обврските кон клубот с$ до почетокот на август, кога ќе стартуваат подготовките за новата натпреварувачка сезона.

"По завршувањето на репрезентативните обврски на дел од одбојкарките екипата повторно се комплетираше и работевме изминатиот период. Со лесни тренинзи оваа недела ќе ја затвориме сезоната и девојките ќе добијат еден месец одмор. Нивните обврски кон клубот ќе стартуваат на почетокот на август кога и ќе почнат и подготовките за новата сезона. Раководството на клубот треба да се состане во текот на следната недела и тогаш ќе го направиме планот за целите, амбициите и измените кои евентуално би ги имале во клубот следната година", изјави тренерот на "шпедитерките", Светислав Пеица.

Засега нема најави за промена во играчкиот состав на тимот, но тоа официјално ќе може да се потврди дури пред почетокот на првенството.

"Екипата го задржа истиот играчки состав и по завршувањето на сезоната, но за промените, евентуалните заминувања или доаѓање на нови играчи е уште рано да зборуваме. Секако Кијановиќ, која беше наше засилување во текот на вториот дел од лигата, си замина. Единствена најава за повлекување може да се очекува од капитенот Зафировска поради обновувањето на повредата на коленото, но и тоа не е потврдено", додава Пеица.

"Шпедитерките" ќе имаа доволно време да се одморат и да соберат енергија пред стартот на подготовките за новата сезона, кога ги очекува тешка задача, враќање на шампионската титула во свој посед.

В. Зарева

Зафировска се уште без одлука

Капитенот на Работнички Фершпед, Андријана Зафировска, с$ уште нема донесено одлука дали ќе прави операција на обновената повреда на коленото, што ќе предизвика и повлекување од екипата или ќе се потруди со други методи да ја санира повредата. Таа во моментов го води летниот камп за подмладокот на клубот во Маврово, а конечното решение ќе го донесе по враќањето во Скопје и по консултациите со раководството на тимот.

"Проблемите со коленото продолжуваат, а единствена сигурна опција за санирање на повредата во моментов е операција. Но, одлуката с$ уште не сум ја донела, морам прво да се консултирам со раководството на клубот и заедно да најдеме најдобро решение, потоа мора да направам уште неколку контроли и лекарски анализи. Сакам да продолжат да играм, а од екипата ќе се повлечам само доколку тоа е неизбежно. Повторувам конечната одлука ќе мора да ја донесам наскоро, а тогаш ќе знам во која насока ќе се движи мојата одбојкарска кариера", вели Андријана Зафировска.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 16:39

НОВИ МОМЕНТИ ВО ПЛАНОВИТЕ ЗА ПОДГОТОВКИТЕ НА МАШКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА БАРАЖОТ

Сениорите на Копаоник!?

*Машката репрезентација има покана од словенечката селекција заедно да го одработат подготвителниот период пред бараж натпреварите кои двете екипи ги играат на стартот на септември.

Стручниот штаб и раководството задолжени за машката сениорска репрезентација се во преговори со првите луѓе на словенечката селекција за одржување на заеднички подготовки на Копаоник од 20 до 30 август, во пресрет на одигрувањето на баражот за Европското првенство 2009 во Турција, каде Македонија игра со Чешка, додека Словенија се среќава со Португалија. Во предвидениот период на Копаоник подготовки за новата натпреварувачка сезона ќе има и рускиот шампион Искра Одинцово, што ќе претставува одлична можност да се одиграат и неколку меѓусебни пријателски натпревари, што ќе биде од заемна корист за сите три екипи.

"Имаме покана од репрезентацијата на Словенија заедно да одработиме десетдневни подготовки на Копаоник од 20 до 30 август, така што меѓусебно ќе си помогнеме во темпирањето на формата пред почетокот на двомеч баражот за ЕП во кој ние се среќаваме со Чешка, додека Словенија за свој противник ја има Португалија. Во истиот период на Копаоник рускиот прволигаш Искра Одинцово ќе се подготвува за новата сезона, што претставува уште еден позитивен момент. Ќе може да одиграме неколку контроли со двете екипи, што секако дека ќе биде од заемна корист. Одговорот за оваа примамлива понуда ќе го дадеме по состанокот на Извршниот одбор кој ќе треба да ја утврди финансиската поддршка за репрезантацијата во следниот период", не информираше спортскиот директор на репрезентациите, Петар Јовановски.

Засега останува првичниот план, репрезентативците да се соберат на 5 август, а понатамошниот тек на подготовките дополнително ќе биде познат.



Чесите во исчекување

Чешката федерација ќе мора да го почека одговорот на ОФМ за барањето за промена на терминот на првиот бараж натпревар.

"Се уште немаме одговорено на барањето на Чесите. Ги разгледуваме сите опции и нормално и ние поставуваме одредени услови бидејќи примарно е пред с$ да ги гледаме нашите интереси", вели Јовановски.

Чешка побара првиот дуел кој треба да се игра на 6 септември да биде поместен за 9, поради поклопување на термини на два настани.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:13

СТРУМИЧКИТЕ ПРВОЛИГАШИ СО ИДЕЈА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА СИЛИТЕ

Македонија Џио и Струмица во еден тим!?

* Директорите на двата клуба покренаа иницијатива за здружување на екипите што би било во интерес на подигање на квалитетот на машката одбојка.

Во периодот кога играчите на двата струмички прволигаши Македонија Џио и Струмица ги полнат батериите пред стартот на новата натпреварувачка сезона, раководствата на клубовите дојдоа до заедничка идеја за обединување на силите и формирање една екипа. Иницијативата произлегува од директорите на тимовите, Александар Ѓоргиев и Ѓорѓи Ѓорѓиев, кои веќе имаат направено една неофицијална средба на која ги изнесоа своите идеи за соединување на клубовите, како од финансиски така и од играчки аспект. Оваа замисла е во голем интерес пред с$ за македонската машка одбојка и подигање на нејзиниот квалитет на едно повисоко ниво. Првите луѓе на Македонија Џио и Струмица во текот на оваа и следната недела се очекува да се состанат повторно и да се утврди дали оваа идеја ќе биде применета и во пракса.

"Директорите на двата клуба имаа неофицијална средба во завршницата од младинскиот шампионат, каде се покрена иницијативата за обединување на првите екипи што како од играчки, така и од финансиски аспект би било по корисно за двата тима, а воедно би го подигнала и квалитетот на машката одбојка во домашното првенство. Сепак, допрва следуваат средбите и состаноците на кои раководствата на двата клуба ќе мора да ги прецизираат сите детали и доколку се најде заедничко решение оваа работа и да се официјализира. Конечниот одговор би требало да го имаме до средината на јули, за периодот кој ќе ни преостане до почетокот на август, кога би стартувале и подготовките за новата сезона, со што ќе имаме доволно време да ги организираме работите во новоформираната екипа", изјави тренерот на ОК Струмица, Ацо Ѓорѓиев.

Информацијата ја потврди и вториот тренер на Македонија Џио, Трајче Атанасов, но тој вели дека потребно е да се почека да завршат разговорите меѓу првите луѓе на клубовите, а подоцна да се обелодени конечното решение. Според Атанасов, оваа идеја би се развивала соодветно со следењето на светските трендови на Одбојкарската федерација и формирање на една поквалитетна Супер-лига, во која би се натпреварувале шест екипи кои ќе можат меѓусебно да си парираат.

Доколку оваа иницијатива не доживее реализација Македонија Џио и Струмица ќе продолжат со самостојната работа и борбата за повисока позиција во Првата машка лига.



Ждрепката за БКК на 8 јули

Нашиот единствен претставник во пилот проектот на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА), Балканскиот клупски куп, Македонија Џио на ждрепката на 8 јули, во Солун ќе ги знае противниците во својата група. Струмичкиот прволигаш исто така поднесе пријава и за организација на еден од двата турнири кои се играат по групи.

Едно од правилата за настап на ова натпреварување кое треба да стартува во септември вели дека екипите учесници не треба да имаат пријавено настап во некој од евроските купови, па поради тоа имињата на поголемиот дел од клубовите кои ќе играат на Балканскиот куп ќе се обелоденат на денот на самата ждрепка. Таков технички проблем имаат Бугарите каде две екипи се на листата на чекање за настап во ЦЕВ купот и во зависност од тоа кој тим ќе влезе во натпреварувањето, другиот ќе игра во БКК. Досега во машка конк*ренција покрај Македонија Џио, потврдени се пријавите на Модрича Оптима од БиХ, како и Рибница од Србија.

Во женска конк*ренција Македонија нема да има претставник на премиерното започнување на Балканскиот клупски куп.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:13

ОВАА ГОДИНА ПОВТОРНО "BEACHVOLLEYBALL OHRID 2008"

Одбојка на плажа - третпат

Од 17 до 27 јули, на плажата Бафало во Охрид ќе се одржи третото по ред издание на првенството во одбојка на песок, во организација на Промо дизајн и Евент менаџмент компанијата.

Како изминатите две години така и оваа турнирот е поделен во неколку категории, аматери, компании, јавни личности, а најголемото внимание и акцентот е ставен во завршната фаза од настапот каде се натпреваруваат професионалците.

Минатата година во машка конк*ренција шампиони беа Гоце Славков и интернационалецот Христо Модев, кои потврдија дека оваа година ќе се потрудат да ја одбранат титулата, додека кај дамите Сандра Ѓошева и Софка Камиловска се закитија со втората титула како најдобра екипа на првенството во одбојка на плажа.

Овој настан од година во година привлекува с$ поголемо внимание, па поради тоа организаторите се надеваат дека и летово ќе бидеме сведоци на уште еден квалитетен турнир.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Јуни.2008 во 20:17
"ЦРВЕНО- ЦРНИТЕ" ГИ ЗАВРШИЈА ОБВРСКИТЕ ЗА ОВАА СЕЗОНА

Пасивен период за Вардар О.

Тимот на Вардар Осигурување, кој изминатата натпреварувачка сезона се најде на петтото место на табелата во Првата машка лига, од почетокот на оваа недела ги прекина сите активности и замина на одмор. За одбојкарите на Вардар ова ќе биде пасивен период, с$ до крајот на јули кога како и изминативе две години, така и оваа дел од екипата ќе настапи на турнирот во одбојка на песок во Охрид, а во првата недела од август ќе стартуваат и подготовките за новата сезона. Раководството на "црвено- црните" паузата ќе ја искористи за креирање на политиката на клубот за следната сезона, како и за утврдување на финансиската и играчката конструкција.

"Одбојкарите од оваа недела се ослободени од обврските и имаат одмор до почетокот на август кога стандардно ги стартуваме подготовките за новата сезона. Единствена активност на дел од играчите ќе биде настапот на бич- волеј турнирот во Охрид. Додека играчкиот кадар одмора, на раководството му претстои период на состаноци на кои ќе мора да ја креираме политиката на клубот за следната година, како и утврдување на финансискиот аспект и конструкцијата на тимот кој ќе се натпреварува", изјави тренерот на Вардар Осигурување, Деан Стојанов.

Предводникот на "вардарците" најави дека дел од играчите ќе бидат ослободени од обврските кон клубот пред почетокот на следната сезона, а исто така и дека се очекува подмладување на тимот со нови одбојкари.

"Се планираат промени во екипата, па така некои одбојкари ќе бидат ослободени од настап за клубот, секако оние што се под договор остануваат во тимот, а би требало составот да го подмладиме со неколку квалитетни и перспективни млади играчи. Секако имињата и деталите за тоа ќе бидат познати во текот на преодните рокови на ОФМ", заврши Стојанов.

Се размислува и за подготовки

Тренерот на "вардарците" веќе размислува и за можната дестинација каде неговата екипа ќе го одработи првиот дел од подготвителниот период за следната сезона. Стојанов деновиве е во Крани каде со младинска екипа им се придружи на кампот на Форца Волеј, Борец и женскиот состав на Вардар Осигурување, а со тоа ги разгледува и условите кои ги нуди ова место за темпирање на формата.

"Сметам дека во Крани има солидни услови за одработување на базичните подготовки, но мора прво да се консултирам со управата на клубот и доколку добијам дозвола за тоа, првиот дел од подготвителниот период најверојатно Вардар ќе го помине во Крани", вели стратегот на "црвено- црните".

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 27.Јуни.2008 во 16:38

ПО ЕДНА ГОДИНА НАСТАП ВО СРПСКОТО ПРВЕНСТВО РЕПРЕЗЕНТАТИВНОТО ЛИБЕРО ПОВТОРНО ДОМА

Тања Алексовска им се враќа на "шпедитерките"

Столбот на одбраната во женската репрезентација на Македонија, либерото Тања Алексовска по една година настап кај српскиот прволигаш Зрењанин 023, следната сезона повторно ќе ги засили редовите на својот матичен клуб, Работнички Фершпед. Таа деновиве е во преговори со управата и тренерот на "шпедитерките", Светислав Пеица, и според заедничките изјави постои обострана желба и интерес соработката да се обнови. Алексовска имаше понуди од Зрењанин 023 за продолжување на договорот, како и од суперлигашот Клик за да премине во неговите редови, но сепак нашиот вицешампион претставува најдобра опција за неа во моментов.

"Следната сезона се враќам во Работнички Фершпед. Имав понуда да останам во Зрењанин, но има големи промени во играчкиот кадар на екипата, а и погледите и амбициите за новата сезона се сосема поинакви па затоа не го продолжив договорот. Суперлигашот Клик исто така сакаше да ме ангажира за следната сезона, но условите кои ги понудија не ми одговараа па затоа се враќам дома. Сакам да направам и пауза од градење на интернационална кариера и да се посветам и на студиите, кои секако дека ми се приоритет. Затоа сметам дека најдобро решение е да се вратам во мојот матичен клуб и да им помогнам да ја повратат шампионската титула", изјави Тања Алексовска.

Стратегот на Работнички Фершпед, Светислав Пеица, н$ информираше дека изминативе денови имал неколку средби со Алексовска, но конкретниот одговор ќе го има денеска.

"Точно е дека имавме неколку средби со Тања и според досега разговараното постои заеднички интерес за таа да се врати во екипата. Таа ќе биде дел од Работнички Фершпед следната сезона. Тоа дефинитивно ќе биде потврдено денеска, а верификувано во еден од преодните рокови", вели тренерот на Работнички Фершпед, Светислав Пеица.

Тања Алексовска минатата сезона за првпат го напушти матичниот клуб и имаше солиден настап во Првата српска лига, каде со екипата на Зрењанин 023 заврши на петтото место.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 07.Јули.2008 во 15:54

СЕЛЕКТОРОТ НА КАДЕТИТЕ ГО ОБЈАВИ ИМИЊАТА НА ОДБОЈКАРИТЕ НА КОИ ЌЕ СМЕТА НА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА БАЛКАНИЈАДАТА

Стојанов со 20 играчи на поширок список

* Селекторот на кадетската машка репрезентација, Деан Стојанов го состави поширокиот список на одбојкари, а работи и на програмата според која селекцијата ќе се подготвува за Балканијадата во Бугарија.

Предводникот на машката кадетска репрезентација, Деан Стојанов го формираше поширокиот список од 20 одбојкари на кои ќе смета во подготвителниот период за Балканијадата која од 26 до 30 јули ќе се одржи во Казанлак, Бугарија. Селекторот на седумдневните подготовки ќе располага со нови, млади и перспективни репрезентативци, а од минатогодишната постава на располагање има само четири одбојкари. Плановите се темпирањето на формата да се одржи во Скопје, најверојатно во СЦ Форца, а првиот собир кадетите треба да го имаат на средината на овој месец.

"Поширокиот список на играчи е доставен до Федерацијата. Во игра се нови, млади и перспективни одбојкари имаме промена на генерација, додека од старата постава останати се само четири репрезентативци кои најверојатно ќе го понесат товарот на селекцијата годинава. Подготовките според начелните договори ќе бидат одработени во Скопје, во СЦ Форца, а стартот би требало да биде на средината на месецот иако ќе инсистирам доколку има можност да започнеме и неколку дена порано. Списокот од 20 одбојкари сметам дека е доволен за да се одработи она што е зацртано во програмата за кратките седумдневни подготовки, од каде пред заминувањето ќе се направи уште еден пресек и ќе се добие конечниот состав на селекцијата кои ќе не претставува на Балканијадата", вели селекторот на кадетите, Деан Стојанов.

Кадетите минатата сезона имаа скромен учинок и завршија на претпоследното место на Балканијадата, додека оваа година во разигрувањето по групи во "А" групата играме со Србија, Црна Гора и Молдавија.

В. Зарева

ПОШИРОК СПИСОК - КАДЕТИ:

1. Игор Апел Вардар О.

2. Ѓорѓи Ѓорѓиев Струмица

3. Александар Ричлиев Македонија Џио

4. Милош Петровиќ Работнички Фершпед

5. Дарко Јовановски Работнички Фершпед

6. Марко Стошиќ Работнички Фершпед

7. Живко Дамјановски Работнички Фершпед

8. Игор Димковски Работнички Фершпед

9. Мартин Петковски Работнички Фершпед

10. Матеј Митев Борец

11. Дејан Димовски Борец

12. Саше Ивковиќ Борец

13. Мартин Милков Борец

14. Бобан Темелков Борец

15. Даниел Јанев Вардар О.

16. Иван Тодоровски Работнички Фершпед

17. Златко Николовски Проволеј

18. Мики Пешевски Македонија Џио

19. Љупчо Богоев Македонија Џио

20. Маријан Урдов Македонија Џио



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 10.Јули.2008 во 14:21

ОФМ ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА ТРЕБА ДА ГИ ПРЕЦИЗИРА ДАТУМИТЕ ЗА СТАРТ НА ПОДГОТОВКИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ СЕЛЕКЦИИ ЗА БАЛКАНИЈАДИТЕ

Кадетските репрезентации во исчекување

* Поради финансиските преоптоварувања на Федерацијата за сениорската машка репрезентација, челниците на ОФМ се во потрага по најекономичниот начин со кој ќе ги спроведат Балканијадите.

Раководството на Одбојкарската федерација на Македонија даде зелено светло за настап на сите четири младински репрезентации на балканските шампионати годинава, но и покрај тоа се соочува со проблем, односно е во потрага по најекономичен начин со кој ќе може да се овозможат овие натпреварувања, а притоа да не се преоптовари дополнително буџетот на Федерацијата. Оттаму произлезе и идејата во зависност од тоа од кој град ќе има најмногу репрезентативци таму да се одржат и седумдневните подготовки за Балканијадите. Селекторите на кадетската машка и женска репрезентација, Деан Стојанов и Петар Жабев, веќе ги доставија пошироките списоци на одбојкари и одбојкарки до канцеларијата на ОФМ со цел да ја олеснат работата, а според доставеното најмногу играчи има од Скопје, што би значело дека и темпирањето на формата на двете екипи би требало да се одржи во главниот град. Сепак, првите луѓе на ОФМ се уште го немаат одредено стартот на подготовките и на селекциите кој би требало да биде во текот на следната недела бидејќи кадетките веќе на 21 јули треба да заминат за Грција, додека кадетите пет дена подоцна настапуваат во Бугарија.

"Според составите на репрезентациите подготовките на двете кадетски селекции би требало да се одржат во Скопје. Федерацијата се труди да го пронајде најекономичниот начин преку кој ќе се спроведат подготовките и настапите на Балканијадите, па поради тоа с$ уште не е определен датумот кога ќе стартуваат селекциите со темпирањето на формата. Ова прашање ќе биде решено до почетокот на следната недела бидејќи сме свесни за кусиот временски период со кој располагаме и кој налага што побрзо да се донесат конкретни одговори", изјави директорот на репрезентациите, Петар Јовановски.

Селекторите во неизвесност го очекуваат почетокот на подготвителниот период и размислуваат за промени во составите на репрезентациите за да може најрационално да го искористат кусото време за воигрување на екипите.

"Со оглед на околностите во кои се наоѓаме, можно е да ги одработиме подготовките само со дванаесет играчи кои би влегле на конечниот список бидејќи така најдобро би се воиграла екипата и кусото време би било најрационално искористено. Нашите обврски да доставиме поширок список на играчи и програма за работа се завршени, сега се чека на челниците на ОФМ да кажат кога ќе стартуваме", вели селекторот на кадетската машка репрезентација, Деан Стојанов.

Кадетките од 22 до 26 јули во Портариа, Грција, ќе настапат на Балканијадата, додека кадетите од 26 до 30 јули играат во Казанлак, Бугарија.

В. Зарева

Познат распоредот за кадетките и младинците

Балканската одбојкарска асоцијација вчера го објави редоследот на одигрување на натпреварите по групи на Балканскиот шампионат за кадетки кој од 22 до 26 се игра во Портариа, Грција, како и за Балканијадата во машка младинска категорија, која се игра од 13 до 17 август во Корча, Албанија.

Кадетките ќе го отворат годинешното натпреварување, каде во рамките од групата "А" за прв противник ја имаат Турција, а потоа се среќаваат со Романија, додека последниот ден од разигрувањето по групи сме слободни.

Младинците играат во групата "Ц" каде на стартот за противник ја имаат селекцијата на Србија, потоа се среќаваат со Албанија, а последна екипа со која ќе ги измериме силите во групата е БиХ.

Трите првопласирани екипи во групите, како и најдобро второпласираниот состав ќе играат во полуфиналето, додека останатите селекции ќе се борат за подобар пласман.

Најлоша организација на младинските првенства

Тренерската организација при ОФМ на состанокот пред два дена ја оцени оваа сезона во младинските првенства како најлошо организирана. Причината за ваквиот заклучок произлегува од заминувањето од функцијата на комесарот за натпреварување, Мирко Трајков, по што беше направена пауза во шампионатите, па дури беше ставено и под знак прашалник комплетирањето на натпреварувањето. Потоа следуваше набиен распоред на турнирите во сите категории, за на крај да се добијат победниците во сите конк*ренции.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јули.2008 во 16:53

СЕЛЕКТОРОТ НА КАДЕТИТЕ ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА ИГРАЧИ НА ПОДГОТОВКИТЕ НА СЕЛЕКЦИЈАТА

Седум одбојкари отпаѓаат

Селекторот на машката кадетска репрезентација, Деан Стојанов, одлучи седум одбојкари кои се најдоа на поширокиот список на селекцијата предвреме да го завршат настапот. Поради технички проблеми со пасошите на дел од играчите, како и со начелното формирање на екипата која би н$ претставувала на Балканијадата во Бугарија, Стојанов реши да го намали бројот на 15 репрезентативци од кои ќе го направи и конечниот список.

"Поради технички проблеми кои ги имаат дел од играчите со пасошите, но и поради тоа што начелно имам формирано некаква слика за тоа која селекција ќе н$ претставува во Бугарија, седум од досегашните 23 одбојкари, тројца од Струмица, двајца од Скопје и по еден од Пробиштип и Велес, кои беа на поширокиот список предвреме ќе ги завршат обврските кон репрезентацијата. Тие денеска заминуваат, а останатите 15 играчи продолжуваат со работа до 24 јули кога ќе бидат познати и конечните 12 патници", н$ информираше селекторот на машката кадетска репрезентација, Деан Стојанов.

Изминативе денови репрезентацијата ја темпираше формата во Блаже Конески, а од денеска се селат во СЦ Форца каде ќе работат на воигрување на екипата.

"Во договор со СЦ Форца подготовките ги продолжуваме на тој терен. Следните неколку дена предвидено е посебен акцент да се стави на тимските зони и воигрувањето на екипата со цел да се формира костурот, како и конечниот список на репрезентацијата", додава Стојанов.

Со потесниот избор Стојанов ќе работи до 24 јули, за ден подоцна кадетите да заминат во Казанлак, Бугарија на Балканското кадетско првенство.


Противниците под знак прашалник

Според првичната ждрепка, Македонија требаше да разигрува во групата "А" заедно со Србија, Црна Гора и Молдавија, но по суспензијата на Албанија од ФИВБ дојде до промени во другите групи, со што постои можност пред почетокот на првенството, како што е случај и кај дамите да биде извршена нова ждрепка на која кадетите ќе добијат нови противници.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Јули.2008 во 14:36

НАЧИНОТ НА КОЈ Е ИЗВРШЕН ИЗБОРОТ НА ЖЕНСКАТА КАДАТСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА БП ВО ГРЦИЈА ПОСТАВУВА НИЗА ПРАШАЊА КОИ ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР

Селекцијата - резултат на притисоци!?

Меѓународните настапи на нашите национални селекции, независно за кој спорт станува збор, се чини не можат да минат без проблеми, некаде помали некаде поголеми. Последен таков случај е нашата женска кадетска репрезентација во одбојка која од вчера се наоѓа во Грција каде ќе настапи во рамките на БП во Портарија, близу Волос.

Проблемот е лоциран во начинот на кој се одредени патниците, во 5 мин до 12 часот. Ваквиот стил на работа, кој за некои е неправилен, внесе револт кај многумина, особено кај дел од родителите чии деца беа повикани на подготовките, ги одработија тренинзите, ги завршија сите формалности, па дури и пасошите им беа визирани.

Еден од неколкумината е и Александар Царчев, поранешен ракометар, родител на Андреа Царчева, членка на Вардар, која во последен момент ненадејно беше елиминирана од националната селекција.

"Мојата реакција не сакам да се свати како реакција на загрижен родител, далеку од тоа. До сега ниту еднаш во животот, иако сум спортска личнот, не сум го користел или злоупотребил мојот афторитет моето има и презиме за цели кои не се својствени за спортистите. Меѓу тоа ова што се направи со децата ги помина сите граници. Најмногу е виновен селекторот Жабев. Преку разни канали дознав дека мојата ќерка нема да патува во Грција иако до последен момент сметаа на неа. Ако тоа требало да биде така има начин како тоа треба да се стори, предвреме, како што тоа го прават сите селектори кои држат до себе, кои се селектори во вистинската смила на зборот. Не тебаше да ја планираат ниту за подготовките или пак јасно да стават до знаење дека е потребна само за подготвителната фаза. Откако ја дознав веста имав средба со Жабев кој ја прифати критиката, призна дека Андреа заслужува да го носи дресот со државен грб. Патем добив впечаток дека е немоќен да се справи со притисоците кои му се вршени последните денови. Токму тоа ме натера и да реагирам, да поставам прашање - До кога селекциите ќе се составуваат под притисок, до кога во националните репрезентации ќе партиципираат спортисти чии родители 'плаќаат' имаат врски, ги туркаат децата, или селекторите се уценуваат? Ќе има ли крај? Се додека така се работи Македонија, на спортски план, ќе назадува. Резултатите ќе дојдат само тогаш кога стручните штабови ќе бидат независни, кога нема да подлегнуваат на притисоците. Дали Жабев е свесен какви трауми претрпуваат овие деца кои се на возраст од 15 - 16 години, возраст која сама по себе е осетлива, деца кои неможат да сватат дека се изиграни, деца кои можеби за прв пат ја почувствуваа неправдата, деца кои на одреден начин се измамени. Жабев ќе биде истиот и кога ќе се врати од Грција, но Жабев нема да биде истиот во очите на децата. За нив секогаш ќе биде човекот кој нечесно ги елиминирал од репрезентацијата. Жабев како селектор денес е утре нема да биде, што значи тоа е менлива категорија, а спортистите се спортисти целиот живот. Токму ваквиот стил на работа многу деца ги натерало да се откажат од најубавото нешто во животот - од спортот. Едно можам да ветам. Ова вака нема да зарши. Ќе се борам со сите сили, со сите средства, во името на сите деца кои на ваков или друг начин ја почувствувале неправдата. Ќе се борам да го елиминирам најголемото зло во спортот - притисоците, корупцијата, уцените, пријателствата. Дресот со државне грб ќе го носат само тие кои во моментот го заслужуваат, најдобрите."

ПЕТАР ЖАБЕВ - СЕЛЕКТОР

Ова се најдобрите!


Одговор на обвинувањата даде лично селекторот Жабев, пред заминување за Грција, кој потврди дека имал средба со Царчев.

"Точно е дека конечниот состав на нашата селекција, која учествува на БП во Грција го дефинирав пред еден ден. Јас имам свои методи на одлучување, впрочем одговорноста како селектор е моја. Сметам дека тие кои се најдоа на списокот во моментов се најподготвените. Имавме само 7 тренинзи што е премалку за добивање на комплетна слика за играчите. Главни критериуми беа финалните натпревари од Купот на Македонија за пионерки и за кадетки. Сите натпревари ги следев кои ми помогнаа да создадам слика за секој играч поединечно. Тоа не значи дека Царчева нема да се најде во кој друг состав, за некое следно натпреварување. Точно е тоа дека имавме заедничка средба со Царчев, средба која беше доста мачна, средба за која не би сакал да говорам. Ако ме обвинуваат зошто порано не сум го дефинирал списокот, одговорот е многу едноставен. Доколку направев такво нешто залагањето на тренинзите кај дел од играчите ќе се сведеше на нула. Такво нешто од спортски аспект во фаза на подготовки не е препорачливо. Токму од тие прични сите беа во неизвесност, до последен момент, кога го соопштив конечнот список на патници", рече Жабев, како одговор на обвинувањата на Царчев.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: ariela
Датум на внесување: 23.Јули.2008 во 17:37

од такви како него спортот у нашава државичка изумре


-------------
forever in my heart,no matter what..


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Јули.2008 во 17:48
грешка..од државата спортот изумре

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: ariela
Датум на внесување: 23.Јули.2008 во 17:59
државата како држава не е ништо...луѓето во неа ја прават државата

-------------
forever in my heart,no matter what..


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Јули.2008 во 12:34
точнотака. лугето на власта ја крадат државата...голема%20насмевка
не мислев јас као држава туку оние луге од кои зависи државата...од нивните одлуки голема%20насмевка


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: konki
Датум на внесување: 27.Јули.2008 во 18:47
koj si be ti
kazi kako se vikas


Постирано од: konki
Датум на внесување: 27.Јули.2008 во 18:50
kazi od koj grad si i kaj treniras zosto bi trebalo da te znam


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Јули.2008 во 14:18

КАДЕТКИТЕ СО НОВ ПОРАЗ НА БП ВО ПОРТАРИА, ГРЦИЈА

Борба за 7 - 8 место

Македонската женска кадетска репрезентација која учествува на Балканијадата во Портариа во Грција, вчера, во разигрувањето за пласман од 5 - 8 место забележа нов пораз, четврти по ред, овој пат од селекцијата на Босна и Херцеговина, од 3:1 (25:14, 25;12, 23:27, 25:19) во натпревар кој траел 94 минути.

Единстевната добра работа кај нашиот тим е податокот дека сепак успеале да освојат еден сет, прв во досегашниот тек на првенството, и тоа со тешки маки, сет кој завршил 23:27 во наша полза.

Вториот натпревар кој исто така се играше за пласман од 5 - 8 место го доби екипата на Црна Гора совладувајќи ја Романија со 3:1 (20:25, 25:19. 25:21. 25:22).

Тоа значи дека денеска нашите кадетки, ќе го играат последниот натпревар на БП, за пласман на 7 - 8 место, и тоа против репрезентацијата на Романија од која еднаш веќе бевме поразени, вториот ден, и тоа во фазата по групи со 3:0. Дали ќе им се реваншираме или противникот ќе поведе со 2:0 во меѓусебниот скор останува да видиме.

Во 1/2 финалните средби, вчера играа Турција против Бугарија, односно Грција против Србија. Победниците ќе играат финале, а поразените ќе се борат за 3. односно 4 место.

Слика - Ниту советите на селекторот Жабев не помогнаа

РЕЗУЛТАТИ

5 - 8 МЕСТО

БиХ - Македонија 3:1

(25:14, 25:12, 23:27, 25:19)

Романија - Црна Гора 1:3

(25:20, 19:25, 21:25, 22:25)

1/2 ФИНАЛЕ

Турција - Бугарија 3:0

(25:10, 25:19, 25:10)

Грција - Србија синоќа

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕС

5-6 место: Црна Гора - БиХ

7-8 место: Романија - Македонија

ТАБЕЛА, ПРВА ФАЗА

ГРУПА "А"


1. Турција 3 3 0 9-2 6

2. Србија 3 2 1 8-3 5

3. Романија 3 1 2 3-6 4

4. Македонија 3 0 3 0-9 3

ГРУПА "Б"

1. Грција 3 3 0 9-2 6

2. Бугарија 3 2 1 7-4 5

3. БиХ 3 1 2 4-6 4

4. Црна Гора 3 0 3 1-9 3



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 30.Јули.2008 во 17:15

МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ОСТАНУВА БЕЗ ПРЕДВОДНИК

Тасевски ги напушти сениорите

* Тасевски следната сезона ќе биде тренер на шампионот на Емиратите, Ал Аин, ангажман поради кој мораше да ја напушти репрезентацијата.

* "Заминувањето на селекторот беше очекувано, а по неговата конечна потврда дека с$ е в ред со договорот со клубот ќе ја почнеме потрагата по негова замена", вели претседателот на ОФМ, Марјан Јованов.

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Тасевски, кој ја предводеше селекцијата на последните квалификации за Европското првенство 2009 во Турција, со кого сениорите го постигнаа најдобриот резултат во историјата на машката одбојка, пласман во баражот, ја напушта функцијата на предводник. Тасевски вчера замина за Обединетите Арапски Емирати каде што следната сезона ќе биде тренер на шампионот на оваа земја, Ал Аин. Поради новиот едногодишен ангажман, актуелниот стратег на сениорите се повлекува од позицијата на една недела пред стартот на подготовките на репрезентацијата за бараж двомечот со Чешка за пласман на ЕП.

"Постигнав договор со шампионскиот тим на Емиратите, Ал Аин, кој ќе го водам следната сезона. Останува да се допрецизираат некои детали и од денеска да почне мојата работа како тренер. Договорот е на една година со можност за продолжување во зависност од резултатите кои ќе се постигнат во првата сезона. Немам комплетни сознанија за екипата со која ќе располагам, но ќе имам доволно време да го формирам тимот пред стартот на првенството. Селекторското место го напуштам бидејќи не смеам да пропуштам ваква шанса за работа. Одбојкарите кои ја сочинуваат репрезентацијата поседуваат доволно квалитет за да го завршат она што заедно го почнавме", изјави екс- селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Тасевски.

Претседателот на ОФМ и луѓето од канцеларијата на Федерацијата воопшто не беа изненадени од информацијата дека Тасевски ја напушта репрезентацијата.

"Со Тасевски бевме заедно на Конгресот на ФИВБ во Дубаи каде што се појави понудата за работа како тренер на шампионот. Во текот на изминатиов месец траеја преговорите и Федерацијата беше во исчекување на конечниот резултат. Тасевски беше селектор- волонтер и не смееме да му попречиме во развојот на неговата кариера", вели претседателот на ОФМ, Марјан Јованов.

Потрагата по нов селектор кој ќе го замени Тасевски за комплетирање на овој квалификациски циклус ќе почне по потврдата на екс- стратегот дека комплетно е постигнат договор со новиот клуб, Ал Аин.

"Тасевски вчера замина за Емиратите и очекувам денеска да ми јави дали сите работи околу договорот се комплетирани и се во онаа форма како во текот на преговорите. Доколку е така, заминувањето ќе биде конечно и Федерацијата ќе стартува преговори со домашните стручњаци кои би ја предводеле селекцијата на бараж двомечот со Чешка. Тоа би било привремено решение, за комплетирање на циклусот, а с$ понатаму ќе зависи од резултатот кој ќе го постигнеме во последната фаза. Доколку Европското првенство стане реалност тогаш ќе размислуваме за долгорочна програма. Мислам дека нема да имаме проблеми во потрагата по соодветна замена за Тасевски и дека најдоцна до почетокот на следната недела ќе го имаме и новиот селектор", н$ информираше Јованов.

Александар Тасевски на почетокот на овој квалификациски циклус дојде на позицијата селектор на машката сениорска репрезентација и заедно со квалитетниот избор на репрезентативци го постигна најголемиот успех досега. Повлекувањето од предводничкото место пред стартот на подготовките за двомеч натпреварите со Чешка за пласман на Еп беше нешто што најмалку се очекуваше во одбојкарските кругови.


Селекцијата стартува според предвиденото

Репрезентативците кои се наоѓаат на поширокиот список на Тасевски ќе треба да се појават на првата прозивка на 6 август во Маврово, кога ќе почнат подготовките на сениорите за бараж фазата од квалификациите за Европското првенство 2009. Нема промена на планот во работата на селекцијата и ќе се стартува според предвиденото, а до именувањето на новиот селектор одбојкарите ќе ги води помошникот тренер, Трајче Атанасов.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 16:19
СЕЛЕКТОРОТ НА МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ЈАСНА СЛИКА ЗА БРОЈОТ НА ИГРАЧИТЕ ПРЕД СТАРТОТ НА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА БАРАЖ ДВОМЕЧОТ СО ЧЕШКА

Пеица ќе стартува без најискусните

* Засега единствено капитенот Зафиров, Симовски и Наковски имаат најавено дека ќе го пропуштат почетокот на подготовките, додека другите репрезентативци го потврдија присуството на првата прозивка.

Капитенот Виктор Зафиров, како и искусните интернационалци и предводници на машката сениорска репрезентација, Хари Наковски и Јовица Симовски се тројцата одбојкари кои нема да се појават на првиот собир на сениорите на 9 август во Маврово, поради обврски кон своите странски клубови. Освен овие репрезентативци сите останати кои се најдоа на списокот на екс- селекторот Александар Тасевски, а е најавено дека ќе бидат дел и од поширокиот состав на новиот предводник Светислав Пеица, го потврдија своето присуство на првата прозивка.

"Најверојатно, единствено Зафиров, Симовски и Наковски се тројцата репрезентативци од поширокиот список на селекцијата кои поради обврски кон своите клубови во странство нема да можат да дојдат уште на почетокот на подготовките, но се надевам дека во многу брзо време ќе & се приклучат на работата на репрезентацијата. Останатите играчи кои беа на поширокиот состав уште од стартот на квалификациите начелно го потврдија доаѓањето на стартниот состанок на 9 август во Маврово. Покрај овие одбојкари можно е да бидат повикани уште двајца- тројца искусни играчи кои би можеле да & помогнат на селекцијата", изјави селекторот на машката сениорска репрезентација, Светислав Пеица.

Прашањето околу бројот на репрезентативците се наметна како најголем проблем на новиот селектор, но тој смета дека, сепак, одлично формираната програма ќе има солидна реализација и дека сениорите ќе успеат квалитетно да ги одработат подготовките.

"На првиот собир сигурно нема да има помалку од десет одбојкари, што е, сепак, солидна бројка. Во зависност од договорот со клубовите набрзо ќе ни се придружат и најискусните, така што се надевам дека во една одлична атмосфера во Маврово ќе можеме да го извлечеме максимумот од квалитетните услови за подготовки и да го одработиме како базичниот, така и техничко- тактичкиот дел од темпирањето на формата. Потоа ќе следува контролната фаза на Копаоник со репрезентацијата на Словенија и рускиот тим Искра Одинцово", додава Пеица.

На новиот селектор сега единствено му преостанува да се одлучи кои други играчи ќе бидат дел од поширокиот список на селекцијата и истите да и ги



Против Чешка во "Борис Трајковски"

Машката сениорска репрезентација реваншот од бараж двомечот со Чешка кој треба да се одржи на 15 септември, ќе го одигра во салата "Борис Трајковски" во Скопје. Иако СЦ Кале беше "база" на сениорите каде што тие го постигнаа најголемиот историски успех и место каде што репрезентативците имаа желба да се одигра и овој натпревар, поради пребукираност на салата во тој период како и поради повисоките стандарди кои ги пропишува ЦЕВ во последната фаза од квалификациите за Европското првенство 2009 во Турција, Федерацијата беше принудена да ја промени локацијата. ОФМ уредно го испочитуваа рокот за пријавување на новата сала и испратија соопштение до Европската одбојкарска конфедерација. Мечот ќе се одигра во 20:15ч., термин во кој е вклучен и ТВ пренос.

"Салата 'Борис Трајковски' ќе биде местото каде Македонија ќе го одигра реваншот од бараж натпреварите со Чешка во рамките од квалификациите за ЕП. Дуелот е со термин од 20:15ч, а вклучен е и директен ТВ пренос. СЦ Кале беше првата опција на репрезентацијата, но поради пребукираност на салата во тој период со ракометни настани, како и поради повисоките стандарди кои ги бара ЦЕВ во третата фаза од квалификациите моравме да ја промениме локацијата. Очекуваме и официјална потврда од Европската конфедерација, но најчесто кога нема никаков проблем тие не реагираат со дописи, така што сметам дека овој термин може да биде потврден", н$ информираше генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.

Чешката федерација с$ уште нема доставено каде ќе се одигра првиот натпревар чии домаќини се тие.



-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 16:20
ДЕЛ ОД ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИТЕ СН УШТЕ НЕМААТ ПРОНАЈДЕНО НОВ КЛУБ


Потрагата по ангажман трае

Дел од домашните интернационалци и репрезентативци с$ уште се во потрага по нов клуб во кој би можеле да ја продолжат својата меѓународна кариера. Засега во исчекување се браќата Милеви, кои минатата сезона настапуваа во Опава, Чешка, но поради неисплатени приходи, како и поради несогласувања со управата на клубот решија да бараат друг ангажман. Средниот блокер Ѓоко Јосифов исто така ја напушти шпанска Тарагона и сега бара нова средина. Неколку домашни играчи најавија дека бараат трансфер во странски клуб, но засега нема официјални информации дека некој од нив ќе дебитира на меѓународна сцена.

Како и да е, овие одбојкари имаат уште еден месец за пронаоѓање на соодветен ангажман, а во меѓувреме ќе можат беспречено да им се посветат на обврските на машката сениорска репрезентација кои би можело само позитивно да влијаат на нивната кариера во моментов.

Досега поголемиот дел од одбојкарите ги продолжија обврските кон своите поранешни странски клубови. Хари Наковски и Никола Ѓорѓиев и следната сезона остануваат во редовите на српскиот вицешампион, Раднички Комбанк, Јовица Симовски ја продолжи соработката со Авербоде, Белгија. Капитенот на сениорите, Виктор Зафиров и оваа година останува во Калањ, БиХ, додека последен од списокот на репрезентативци со странски ангажман е Александар Милков, кој деновиве заминува за Романија каде потпиша едногодишен договор со Ремат Залау. На Милков можно е да му се придружи и искусниот Жарко Ристовски, кој во моментов е во преговори со романски прволигаш.




-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 16:18
СЕЛЕКТОРОТ НА МАШКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, СВЕТИСЛАВ ПЕИЦА, ГО ОБЈАВИ ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА СЕЛЕКЦИЈАТА

Без промени во составот

* Пеица и во последната фаза ќе се потпре на истите играчи со кои репрезентацијата ги започна овие квалификации.



Поширокиот состав на машката репрезентација со кој новиот селектор на сениорите, Светислав Пеица, треба да ги почне подготовките за последната бараж фаза од квалификациите за ЕП 2009 во Турција, нема да претрпи никакви измени. Пеица ќе се потпре на интернационалците Симовски, Ѓоргиев, Наковски, Јосифов, браќата Милеви, Зафиров и одбојкарите на домашниот шампион Работнички Фершпед, Митев, Деспотовски, Карановиќ, Трајчевски, Ѓорѓевски и Гинов, кои ја формираат и основата на селекцијата.

"Поширокиот список на играчи останува ист како и на почетокот на квалификациите. Тоа се одбојкари кои го понесоа најголемиот товар на овој циклус и нема дилеми околу тоа дали треба да се најдат на листата и во оваа последна фаза. Размислував за дополнување на списокот со еден или двајца играчи, но засега тоа прашање останува отворено", вели селекторот на машката репрезентација, Светислав Пеица.

Репрезентацијата подготовките ќе ги почне без најискусните тројца играчи Симовски, Наковски и Зафиров, кои поради обврски во странските клубови подоцна ќе им се придружат на своите соиграчи. Стартот, најверојатно, ќе го пропушти и Милков, кој викендов мора да замине за Романија каде треба да го потпише едногодишниот договор со прволигашот Ремат Залау.

"Подготовките ќе ги почнеме без тројцата стандардни репрезентативци, капитенот Зафиров, Симовски и Наковски, кои ќе ни се приклучат малку подоцна, како и Милков, кој в сабота заминува за Романија каде треба да го потпише договорот со новиот клуб, по што се враќа и ќе & се приклучи на селекцијата на подготовките во Маврово", додаде Пеица.

Сениорите подготовките за бараж двомечот со Чешка ќе ги започнат на 9 август во Маврово каде ќе биде одработено комплетното темпирање на формата.

ПОШИРОК СПИСОК - СЕНИОРИ:

1. Александар Митев техничар Работнички Ф.

2. Филип Деспотовски техничар Работнички Ф.

3. Јовица Симовски коректор Авербоде

4. Никола Ѓоргиев коректор Раднички

5. Александар Милков универзалец Ремат Залау

6. Хари Наковски универзалец Раднички

7. Владо Милев универзалец

8. Вук Карановиќ универзалец Работнички Ф.

9. Атанас Милев универзалец

10. Влатко Трајчевски универзалец Работнички Ф.

11. Ѓоко Јосифов среден блокер

12. Виктор Зафиров среден блокер Какањ

13. Зоран Ѓорѓевски среден блокер Работнички Ф.

14. Сашо Јоксимовски среден блокер Вардар О.

15. Благој Гинов либеро Работнички Ф.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 17:19

СТРУМИЧКИТЕ КЛУБОВИ СО ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ ГО ПОТВРДИЈА ОБЕДИНУВАЊЕТО

Џио Струмица нов прволигаш

* Информацијата за соединување на клубовите беше позната уште по завршувањето на минатата сезона, но се чекаше комплетно да се прецизираат деталите, за веста и официјално да биде потврдена.

* Трајче Атанасов е прв тренер, додека Атанас Ѓорѓиев ќе биде негов помошник во екипата, а Кире Ричлиев покрај улогата на координатор на стручниот штаб ќе го води и второлигашниот тим и младите категории.

Струмичките клубови ОК Струмица и Македонија Џио постигнаа договор за соработка во огранизациски, раководен, финансиски, играчки и стручен план и оваа сезона во натпреварувањата организирани од ОФМ, БВА и ЦЕВ ќе настапуваат под заедничко име Џио Струмица. Информацијата за соединување на клубовите беше позната уште по завршувањето на ланското првенство, но се чекаше комплетно да се прецизираат деталите, за веста и официјално да биде потврдена. Во домашното првенство клубот ќе настапува во двете машки лиги, прволигашкиот тим ќе го предводи Трајче Атанасов, додека негов помошник ќе биде Атанас Ѓорѓиев, а предводник на екипата во Втората лига, како и на сите младински состави ќе биде Кире Ричлиев, кој воедно ќе ја извршува и функцијата координатор на стручниот штаб. Деновиве раководството ќе ја заврши и потребната процедура во Агенцијата за млади и спорт, како и во Одбојкарската федерација на Македонија за регистрирање на новиот клуб.

"Одбојкарските клубови Македонија Џио и Струмица постигнаа повеќегодишен договор за соработка и во иднина ќе настапуваме како една екипа под името Џио Струмица. Овој договор беше официјализиран деновиве и сега останува уште да се заврши редовната процедура во Агенција за млади и спорт, како и Одбојкарската федерација на Македонија за регистрирање на новоформираниот клуб. Екипата ќе настапува во двете машки лиги во домашното првенство, како и во младинските категории со кои ќе се работи многу сериозно, а секако тука е и настапот на Балканскиот клупски куп во септември", н$ информираше Трајче Атанасов.

По долги години Струмица повторно ќе има само еден машки претставник кој оваа сезона излегува и на меѓународен план со настапот на Балканскиот клупски куп, пилот проектот на БВА за кој Џио Струмица ја доби и улогата на организатор во групата "А".

В. Зарева

Тимот ги почна подготовките

Новиот прволигаш оваа недела почна со активните подготовки за новата сезона, а во овој период екипата ќе ја води Ѓорѓиев поради зафатеност на Атанасов со машката сениорска репрезентација и на Ричлиев со младинската селекција.

"Подготовките екипата ги почна оваа недела, а од нив изостануваат само играчите кои се дел од младинската репрезентација. До крајот на оваа недела ќе работиме по еднаш во денот, поради високите температури, а од понеделник заминуваме за Берово каде ќе тренираме една недела и ќе ги комплетираме базичните подготовки. Од 18- 19 август планираме да влеземе во сала каде ќе преминеме на техничко- тактичкиот дел. Играчите добро се познаваат меѓусебе, но потребно е добро да се воиграат бидејќи долго време немаат настапувано заедно, а секако ќе има и ротации на играчките позиции", вели вториот тренер на Џио Струмица, Атанас Ѓорѓиев.

Во план е и турнирот "Борис Трајковски"

Покрај другите активности кои ќе ги има во овој период екипата на Џио Струмица нема да ја изостави и организацијата на меморијалниот турнир "Борис Трајковски". Според луѓето од клубот турнирот, најверојатно, ќе се одржи на почетокот на септември, што воедно ќе претставува и одлично загревање на екипата пред настапот на Балканскиот клупски куп што викендот на 19, 20 и 21 септември треба да се одржи во Струмица.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Август.2008 во 14:39

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ НА МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАВРОВО

Девет играчи на првиот собир

* Покрај најавените Наковски, Симовски, Зафиров, Милков и Деспотовски, од првата прозивка поради вироза отсуствуваше и Атанас Милев.

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Светислав Пеица, со девет одбојкари ги почна подготовките на селекцијата за бараж двомечот со Чешка од квалификациите за ЕП 2009 во Турција. Најавено беше отсуството на пет репрезентативци, искусните Симовски, Зафиров и Наковски, како и Милков и Деспотовски, кои се во Романија, но на првата прозивка во Маврово не се појави и Атанас Милев поради вироза. Првиот работен викенд на селекцијата се одвиваше според предвидениот план, краток работен состанок, по кој стартуваше темпирањето на формата.

"Стартниот собир помина според предвиденото. Иако требаше да почнеме со 10 одбојкари и Атанас Милев поради вироза го пропушти првиот работен викенд, но денеска треба да ни се приклучи.

Во саботата имавме краток состанок, а попладнето го одработивме и првиот тренинг. Направивме тестирања на моменталната физичка подготвеност на играчите и од вчера почнавме со тренинзи. Овој период ја имаме таканаречената прва фаза од темпирање на формата каде вниманието ќе биде насочено на базични подготовки", изјави селекторот на сениорите Светислав Пеица.

До крајот на оваа недела на селекцијата треба да & се приклучат Милков и Деспотовски, додека другите репрезентативци ќе пристигнуваат во зависност од обврските кон странските клубови.

Комплетните подготовки на сениорите ќе бидат во Маврово и ќе траат до 23 август, по што селекцијата ќе замине на Копаоник каде ќе игра контролни натпревари со репрезентацијата на Словенија и со рускиот прволигаш Искра Одинцово.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 16:01

"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ЈА ТЕМПИРАAT ФОРМАТА ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Ангажирана работа за Вардар

Прволигашот Вардар Осигурување веќе втора недела активно работи во подготвителниот период за новата натпреварувачка сезона, темпирајќи ја формата на кејот на реката Вардар. "Црвено - црните" работат на првата фаза, односно базичните подготовки, а од средината на следната недела влегуваат во сала каде комбинирано ќе се работи и специфика и техника.

"Базичниот дел од подготовките онаа прва фаза би требало да ја комплетираме до средината на следната недела по што влегуваме во сала каде комбинирано ќе тренираме специфика и техника. Досега немавме никакви проблеми и подготовките течат нормално. Задоволен сум ангажираната работа на одбојкарите и од тоа како го поднесуваат стартот на темпирањето на формата", вели тренерот на Вардар Осигурување, Деан Стојанов.

На подготовките Стојанов располага само со седум играчи, изостануваат Балџиев, Јаневиќ и младинскиот репрезентативец Галески, а се очекува до крајот на неделата да бидат познати и можните засилувања на скопскиот тим.

"Во моментов тренираат седум играчи, дел од нив се оправдано отсутни, како Галески кој има настап со младинската репрезентација во Турција. Во моментов преговараме со уште неколку играчи од домашната лига кои би можеле да бидат дел од Вардар во следната сезона и се надевам дека до крајот на неделата ќе имам некои информации. Секако се зависи и од тоа каква лига ќе имаме ова првенство", додава Стојанов.

Вардар Осигурување минатата сезона заврши на петтото место во шампионатот и покрај големата желба на тимот да влезе во Мини лигата.



Во план меѓународни натпревари

Тренерот на Вардар планира по комплетирањето на подготвителниот циклус неговата екипа да одигра неколку меѓународни контролни натпревари. Станува збор за екипи од соседството, но засега клубот е само во преговори со можните спаринг партнери.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 17:19
Македонија слободна на стартот

* "Паузата која ја имаме на првиот ден од натпреварувањето ќе ја искористиме за "снимање" на противниците, особено БиХ, која е наш прв противник", вели селекторот Ричлиев.

Машката младинска репрезентација предводена од селекторот Кире Ричлиев и неговиот помошник Блажо Тасев, од денеска па до 17 август ќе н$ претставуваат на Балканското првенство во Анкара, Турција. Македонија ќе разигрува во групата "Ц", заедно со Србија и БиХ, но на стартот нашата селекција е слободна. Ваквата ждрепка му одговара на стручниот штаб бидејќи тоа ќе претставува шанса за нашите репрезентативци да се одморат од долгиот пат, а воедно и да го проследат натпреварот меѓу конк*рентите во групата Србија и БиХ.

Нашата делегација вчера во попладневните часови пристигна во Анкара, а единствено активни беа официјалните претставници кои присуствуваа на Техничкиот состанок, додека младинците одмораа.

"Вчера во попладневните часови пристигнавме во Анкара, по што репрезентативците беа ослободени од тренинг бидејќи им беше потребен одмор по напорниот пат, а стручниот штаб присуствуваше на Техничкиот состанок. Македонија е слободна на стартот, а паузата ќе ја искористиме за враќање на силата на играчите и 'снимање' на противниците, особено БиХ, која е наш прв противник во разигрувањето по групи и преку која ја бараме нашата шанса до полуфиналето", изјави селекторот на машката младинска репрезентација, Кире Ричлиев.

За денеска предвидено е претпладне репрезентацијата да одржи еден тренинг, додека во попладневните часови ќе ги проследи трите натпревари кои се на распоредот во првиот натпреварувачки ден.

"На утринскиот тренинг ќе работиме техника и тактика, но со послаб интензитет, а попладне ќе ги проследиме трите натпревари кои се на програмата денеска. Така не само што ќе имаме шанса да ја формираме тактиката за утрешниот меч со Босна туку ќе може да видиме со каков квалитет располагаат и противниците со кои би можеле да се сретнеме во борбата за пласман", додава Ричлиев.

Покрај Македонија, Србија и БиХ кои се среќаваат во групата "Ц", во групата "А" играат Романија, Црна Гора и Молдавија, додека во "Б" групата се натпреваруваат организаторот Турција, Грција и Бугарија. Албанија иако требаше да учествува на Балканското првенство и да биде домаќин, поради двегодишна суспензија од ФИВБ се повлече од натпреварувањето.

Првиот ден од Балканијадата во натпреварувањето по групи ќе го отворат Романија и Црна Гора, нашите противници во групата, БиХ и Србија играат втори, додека на последниот меч од првиот натпреварувачки ден организаторот Турција ја пречекува Грција.

Македонија, Бугарија и Молдавија се слободни на стартот.

Натпреварите во салата "Таркан"

Комплетните на натпревари од Балканското првенство ќе се одиграат во спортската сала "Селим Сари Таркан". Турската одбојкарска федерација на овој терен ќе ја прослави и 50- годишнината од своето постоење, а ова натпреварување воедно ќе претставува и последна контрола на формата на турските младинци кои обезбедија пласман на завршницата на Европското младинско првенство кое во почетокот на септември ќе се одржи во Брно, Чешка.

БП МЛАДИНЦИ

РАСПОРЕД - 1. КОЛО:

ГРУПА "А":

16:00ч. Романија - Црна Гора

ГРУПА "Б":

20:00ч. Турција - Грција

ГРУПА "Ц":



-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 17:01
Што се случува со "шпедитерките"!?

* Позицијата на тренерот Пеица ќе остане неизвесна до крајот на неговите обврски со репрезентацијата, координаторот на стручниот штаб на Работнички Ф., Миленковски, нема идеја, а играчите чекаат некој да ги информира за почетокот на подготовките.Темпирањето на формата на вицешампионот кај дамите, Работнички Фершпед требаше да почне оваа недела, но поради низа случувања во редовите на клубот, подготовките се одложени за подоцна. Откако првиот тренер на "шпедитерките", Светислав Пеица, ја прифати позицијата на селектор на машката сениорска репрезентација, се прошири веста дека истиот ќе го загуби тренерското место во клупата на Работнички Фершпед, за потоа ситуацијата да се реши со статус-кво, односно одлагање на оваа одлука с$ додека Пеица не ги заврши обврските кои ги има со сениорите. И додека првиот тренер ја води машката селекција, стручниот штаб с$ уште нема најдено соодветно решение, односно кој ќе ја води екипата во текот на подготвителниот циклус.

"Пеица прифати да биде селектор на машката репрезентација без никаква најава, а подоцна немаше и никакви консултации со мене како шеф на стручниот штаб на екипите на Работнички Фершпед. Побаравме тој да биде сменет од позицијата прв тренер на женскиот тим, но на негово инсистирање тој ќе ја задржи функцијата. Во моментов немам идеја, ниту, пак, некое решение кое ќе биде во корист на одбојкарките кои го очекуваат стартот на подготовките. Тренерите на младинските категории на клубот имаат други обврски, но, сепак, ни претстојат состаноци и консултации, на кои ќе можеме да го утврдиме почетокот на подготовките, како и личноста која ќе ја води екипата во тој период. Со с$ она што се случува во моментов оваа сезона е загубена за мажите, а најверојатно и за женскиот состав, бидејќи со желба да & се помогне на репрезентацијата клубот се најде во подредена состојба", изјави координаторот на стручниот штаб и тренерот на машката екипа на Работнички Фершпед, Јошко Миленковски.

Како можна замена за Пеица во овој период се спомнуваат имињата на тренерите на младите категории, Андријана Зафировска и Глигор Христов. Но, Зафировска ќе има обврски со женската младинска репрезентација, која следната недела треба да почне со подготовките за Балканијадата во Тузла, БиХ, додека Христов има приватни обврски.

Засега стартот на подготвителниот период во Работнички Фершпед е неизвесен, а првите луѓе се надеваат дека решение ќе се најде до почетокот на следната недела.



Зафировска: "Останувам уште една сезона"

Капитенот на Работнички Фершпед, Андријана Зафировска, и покрај проблемите со повреденото колено ќе продолжи активно да тренира и следната сезона.

"Одлучив да играм уште една сезона и мислам дека ќе успеам да ја истуркам до крај и покрај проблемите со коленото", вели Зафировска.

Таа исто така се најде затечена од случувањата во клубот и вели дека никој конкретно не ја информирал за активностите кои ќе & претстојат на екипата, но се надева дека во брзо време ќе се најде решение и ќе стартуваат подготовките на тимот.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 16:05

МАШКАТА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО МИНИМАЛНИ 3:2 Е ПОРАЗЕНА НА ПРВИОТ МЕЧ НА БАЛКАНИЈАДАТА ВО ТУРЦИЈА

Македонија "киксна" во последниот сет

* Младинците имаа одличен настап на стартот од Балканскиот шампионат, но, за жал, ја пропуштија шансата да дојдат до првата победа во групата "Ц".

МАКЕДОНИЈА - БиХ 2:3
(25:23, 19:25, 22:25, 26:24, 16:18)

Анкара, сала: Селим Сари Таркан. Гледачи: 100. Судии: Бадге (ТУР) и Барев (БУГ). Делегат: С. Златарев (БУГ).

МАКЕДОНИЈА: Николов, Пешевски, Ристоманов, Богоев, Ѓоргиев, Љафтов, Димковски, Маџиров, Крстевски, Блажовски, Галески, Ричлиев.

БиХ: В. Бојиќ, Јечменица, Вукашевиќ, Јањушевиќ, Ѓуќиќ, Дрекун, Каќиќ, Влаховиќ, С. Бојиќ, Куќ, Меденица, Ѓурановиќ.

Младинската машка репрезентација на Македонија вчера на првиот натпревар од Балканското првенство беше минимално поразена со 3:2 од селекцијата на БиХ и не успеа да дојде до посакуваниот триумф преку кој се боревме за второто место во групата "Ц".

Избраниците на селекторот Кире Ричлиев одлично го почнаа натпреварот и со концентрирана игра во текот на целиот сет успеаја да ја задржат скромната предност од два поена до финишот и со 25:23 да поведат со 1:0 во сетови.

Во продолжението македонските репрезентативци имаа проблеми со приемот, како и со реализацијата на сервисот, што му дозволи на противникот да се разигра и прво со високи 25:19, да изедначи на 1:1, а подоцна да направи и резултатски пресврт и да дојде до предност од 2:1 во сетови.

Сепак, нашите младинци се враќаат во игра во четвртиот сет и соодветно им парираат на Босанците. Добра игра покажавме, особено во завршницата кога се издржа притисокот на босанските одбојкари и со 26:24 изедначивме на 2:2, со што Македонија се избори за тајм- брејк.

Петтиот сет ја задржавме играта на истото ниво, а имавме и предност од 8:6 на промена на страните. Но откако на 14:13 не успеавме да ја искористиме сет- меч топката, стигна казната од противникот. По долга борба нашата репрезентација со 18:16 го загуби последниот сет, за пораз од 3:2 во сетови.

Денеска Македонија го игра вториот натпревар од "Ц" групата, каде се среќаваме со фаворитот Србија.



КИРИЛ РИЧЛИЕВ (СЕЛЕКТОР НА МЛАДИНЦИТЕ):

Задоволен и покрај поразот

"За прв натпревар кој го играме на Балканијадата, задоволен сум од прикажаното и покрај поразот. Се надевавме на победа, но падот на концентрацијата кој го имавме во вториот и третиот сет н$ чинеа многу, а веќе петтиот сет е рулет и во него одлучуваа нијанси.

Денеска играме со Србија, која е фаворит на првенството и ќе се потрудам одбојкарите со самодоверба да излезат на теренот и да одиграат опуштено како денеска", изјави по натпреварот со БиХ, Кире Ричлиев.

БП МЛАДИНЦИ

РЕЗУЛТАТИ:

1. КОЛО:

ГРУПА "А":

Романија - Црна Гора 0:3

(28:30, 21:25, 20:25)

ГРУПА "Б":

Турција - Грција 1:3

(27:25, 20:25, 24:26, 13:25)

ГРУПА "Ц":

БиХ - Србија 0:3

(13:25, 20:25, 13:25)

2. КОЛО:

ГРУПА "А":

Молдавија - Романија 2:3

(26:28, 25:17, 25:19, 19:25, 5:15)

ТАБЕЛА:

1. Романија 2 1 1 3:5 3

2. Црна Гора 1 1 0 3:0 2

3. Молдавија 1 0 1 2:3 1

ГРУПА "Б":

Бугарија - Турција синоќа

ТАБЕЛА:

1. Грција 1 1 0 3:1 2

2. Турција 1 0 1 1:3 1

3. Бугарија 0 0 0 0:0 0

ГРУПА "Ц"

Македонија - БиХ 2:3

(25:23, 19:25, 22:25, 26:24, 16:18)

ТАБЕЛА:

1. БиХ 2 1 1 2:6 3

2. Србија 1 1 0 3:0 2

3. Македонија 1 0 1 2:3 1

РАСПОРЕД 3. КОЛО (ДЕНЕСКА):

ГРУПА "А":

16:00ч. Црна Гора - Молдавија

ГРУПА "Б":

18:00ч. Грција - Бугарија

ГРУПА "Ц":

20:00ч. Србија - Македонија



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 18.Август.2008 во 19:48
МЛАДИНЦИТЕ НА ПРЕТПОСЛЕДНОТО МЕСТО ГО ЗАВРШИЈА НАСТАПОТ НА БАЛКАНИЈАДАТА ВО ТУРЦИЈА

Пораз и од Молдавија

МАКЕДОНИЈА - МОЛДАВИЈА 0:3
(22:25, 23:25, 16:25)

Анкара, сала: Селим Сари Таркан. Гледачи: 150. Делегат: С. Златарев (БУГ).

МАКЕДОНИЈА:Николов, Пешевски, Ристоманов, Богоев, Ѓоргиев, Љафтов, Димковски, Маџиров, Крстевски, Блажовски, Галески, Ричлиев.

МОЛДАВИЈА:Којокари, Туков, Иурко, Имполшки, Буторкин, Стукалшки, Доника, Лешков, Гути, Романовичи.

Машката младинска репрезентација предводена од селекторот Кире Ричлиев на претпоследното место го заврши настапот на Балканското првенство кое од 13 до 17 август се одржа во Анкара, Турција. Нашата селекција во борбата за пласман од 9. до 5. место на стартот беше слободна, за подоцна да загуби од Молдавија со убедливи 3:0 во сетови.

По двата неуспешни обиди да дојде до победа во натпреварувањето по групи, Македонија имаше шанса за првпат да слави на шампионатот, што можеше да ни го донесе и 7. место, но младинците ја пропуштија и оваа можност.

Започнаа одлично, достојно парирајќи му на противникот, но мало невнимание беше доволно молдавските одбојкари да го преземат водството во заврШницата на сетот и да го освојат со 25:22, за водство од 1:0 во сетови.

Во продолжението ја задржавме изедначената игра и сетот изобилуваше со неизвесност и резултатски пресврти, но на крајот Молдавија делуваше поконцентрирано и повторно успеа да ни го одземе сетот со 25:23.

Македонија се трудеше да се одржи во игра во последниот сет, но беше невозможно бидејќи противникот го диктираше темпото. Младинците ја загубија самодовербата и со многу технички грешки му дозволија на молдавскиот состав да поентира и да дојде до убедливи 25:16, за максимална победа од 3:0 во сетови.

Со ова младинската репрезентација со три порази и без победа го заврши настапот на Балканското првенство, но поради добрата ждрепка успеа да се најде на претпоследното место, пред БиХ.

Во останатите натпревари кои се одиграа вчера, Бугарија со 3:0 ја совлада Романија во дуел за 5. место во генералниот пласман, додека во малото финале домаќинот Турција имаше многу проблеми со црногорската селекција, но сепак успеа да слави со 3:1. Србија и Грција играа за првото место, а од овој дуел како победници излегоа Србите, кои со 3:1 дојдоа до уште еден триумф на Балканијадите.

Минатата сезона нашата репрезентација се најде на четвртото место во завршницата, додека оваа година откако не успеа да слави во мечот со БиХ кој решаваше за второто место во "Ц" групата, кое водеше во полуфиналето ја пропушти и шансата да се најде во полуфиналето. Претпоследното место не е реално барем според она што младинците го покажаа на стартните два натпревари, но својата шанса за докажување ќе мора да ја бараат следната година.

КИРИЛ РИЧЛИЕВ (СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИЈА):

Реален одраз на формата

"Одлично одигравме во првите два сета кои можевме и да ги добиеме, но падот на концентрација во клучните моменти имаше големо влијание. Имавме проблеми со реализацијата на нападот и играта на мрежа, што особено се изрази во третиот сет, кога веќе и се предадовме. Овој меч може да го оценам како најслаб на настапот на Балканијадата, но сепак тоа е одраз на моменталната форма во која се наоѓа селекцијата. Проблем беше и повторната пауза бидејќи н$ опушти, но тоа не треба да биде оправдување за постигнатиот резултат", изјави по натпреварот селекторот на Македонија, Кире Ричлиев.

Младинките почнуваат неделава

По завршувањето на Балканскиот шампионат за младинци, оваа недела треба да стартуваат подготовките на младинките кои предводени од селекторот Зоран јанков и неговиот помошник Андријана Зафировска ќе н$ претставуваат на Балканијадата во Тузла, БиХ која треба да се одржи од 26 до 30 август.

На ова натпреварување Македонија разигрува во "А" групата заедно со БиХ и Молдавија.

Амбарков дел од Балканијадата

Нашиот интернационален судија Орданчо Амбарков беше претставник на Судиската организација на Македонија на Балканијадата во Турција. Тој ја делеше правдата на дуелите од групите "А" и "Б", а потоа и во борбата за пласман.

РЕЗУЛТАТИ:

НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН:

Молдавија - Бугарија 0:3

(19:25, 22:25, 27:29)

БиХ - Романија 0:3

(23:25, 21:25, 23:25)

ПОЛУФИНАЛЕ:

Турција - Србија 1:3

(20:25, 25:22, 16:25, 18:25)

Грција - Црна Гора 3:0

(25:20, 27:25, 25:19)


НАТПРЕВАР ЗА 7. МЕСТО:

Македонија - Молдавија 0:3

(22:25, 23:25, 16:25)

НАТПРЕВАР ЗА 5. МЕСТО:

Бугарија - Романија 3:0

(25:20, 25:20, 25:23)

НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО:

Турција - Црна Гора 3:1

(26:28, 25:22, 25:22, 25:18)

ФИНАЛЕ:


Србија - Грција 3:1

(25:18, 22:25, 25:21, 28:26)

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН:

1. Србија

2. Грција

3. Турција

4. Црна Гора

5. Бугарија

6. Романија

7. Молдавија

8. Македонија

9. БиХ

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Август.2008 во 15:53

ЖЕНСКАТА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ГИ ПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА БАЛКАНИЈАДАТА

Јанков: "Стартуваме со полна пареа"

* Поради кусиот временски период младинките веднаш ќе почнат со воигрување на екипата, а подготвеноста ќе ја контролираат меѓусебно, на тренинг.

Стручниот штаб составен од селекторот Зоран Јанков и неговиот помошник Андријана Зафировска од вчера ги почнаа подготовките на женската младинска репрезентација за настапот на Балканијадата во Тузла од 26 до 30 август. Младинките претпладнето имаа работен состанок, додека во попладневните часови го одработија и првиот тренинг.

"Првиот собир го имавме во 12 часот кога одржавме краток работен состанок на кој од оправдани причини не присуствуваа три репрезентативки. Тие ни се приклучија на првиот тренинг кој го одработивме попладнето", н$ информираше селекторот на женската репрезентација, Зоран Јанков.

Поради кусиот временски период репрезентацијата веднаш ќе премине на комбинирана работа на техника и тактика, како и воигрување на поставата.

"Дванаесетте девојки кои ја сочинуваат селекцијата од денеска ќе работат по двапати дневно, а акцентот главно ќе бида ставен на техничко- тактичкиот аспект од играта, како и на компонирањето на костурот на екипата. Бидејќи немаме спаринг партнер со кој ќе можеме да направиме проверка на квалитетот со кој располагаме, најверојатно ќе правиме меѓусебни контроли на тренинг и на тој начин ќе се трудиме да ги неутрализираме недостатоците кои ќе се појават во играта", додава Јанков.

Репрезентативките добро се познаваат меѓусебе бидејќи дел од нив и минатата и оваа година настапуваа како во кадетската така и во младинската репрезентација. Недостасуваат и некои од одбојкарките кои лани беа столб на двете селекции, но Јанков смета дека девојките кои се најдоа во конечниот список за оваа Балканијада се оние за кои тој смеат дека најдобро може да н$ претстават.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 15.Септември.2008 во 18:03
Достојно збогување од Европа


МАКЕДОНИЈА - ЧЕШКА 2:3

(25:17, 20:25, 25:23, 16:25, 16:18)

Скопје, сала: Борис Трајковски. Гледачи: 6.000 Судии: Локатели и Бартолини (ИТА). Делегат: Пекалис од (ЛЕТ).

МАКЕДОНИЈА: Ѓорѓевски, Наковски, Јосифов, Ѓоргиев, Деспотовски, Милков, Симовски, Митев, Карановиќ, Гинов, А. Милев, Зафиров.

ЧЕШКА: Попелка, М. Новотни, Ј. Новотни, Вачланик, Рак, Станек, Весели, Боула, Кристоф, Конечни, Тихачек.

Машката сениорска репрезентација на Македонија, вчеравечер на домашен терен беше поразена со минимални 3:2 во сетови од Чешка во реванш натпреварот од бараж фазата за пласман на Европското првенство 2009 во Турција. Со ова нашата најдобра селекција го заврши настапот во овој квалификациски циклус и не успеа да го продолжи европскиот сон обезбедувајќи пласман на шампионатот. Сепак сениорите треба да бидат максимално задоволни од својот учинок, бидејќи на вчерашниот дуел го покажаа својот вистински квалитет и докажаа дека досега стореното, меѓу кое и најголемиот успех во досегашната историја на македонската одбојка е заслужено. Воедно репрезентацијата го поправи и лошиот впечаток кој го остави на првиот натпревар од бараж фазата.

Избраниците на Светислав Пеица го отворија натпреварот со одлична игра, набрзина дојдоа до 3:0 и оваа минимална предност успеаја да ја задржат во текот на целиот сет. Македонската репрезентација го покажа своето вистинско лице. Фантастично функционираа приемот и одбраната, Јосифов блескаше на мрежата, сопирајќи ги нападите на противникот, додека искусните интернационалци, Симовски, Атанас Милев и капитенот Наковски погодуваат од сите позиции. Чешката селекција како да се збуни од новата игра на нашите одбојкари и правеше многу технички грешки со кои ни дозволи да дојдеме до лесни поени. Македонија имаше предност во текот на целиот сет, 10:7, 16:12, 20:16, кои со компактна игра успеаја да ги претворат во убедливи 25:17 за водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет Чесите го возвратија ударот и како што нашата селекција го започна првиот сет, така тие стартуваа во продолжението, 3:0. Водството гостите го одржуваа во текот на првите минути, но македонските репрезентативци успеаја да се вратат во игра изедначувајќи на 7:7. Поен за поен се играше се до завршницата на сетот. Нашите одбојкари покажаа дека можат да му парираат на еден силен противник како Чешка и дека имаат одговор за играта на својот конк*рент. Борбеноста во полето, мотивацијата не изостанаа во ниту еден момент и селекцијата и пружи една одлична одбојкарска претстава на публиката во преполната сала "Борис Трајковски" која неуморно ја поддржуваше екипата. И покрај рамноправната игра, во завршницата Македонија имаше многу грешки, пред се од нереализирани напади кои најчесто завршуваа во блок или во аут. Со ваквата игра им се дозволи на Чесите прво да поведат со 23:18, а потоа и да го земат сетот со 25:20, со што изедначија на 1:1 во сетови.

Продолжението беше само реприза на прикажаното во првите два сета. Со загубата на вториот сет Македонија дефинитивно ги загуби и шансите за пласман на Европското првенство, но тоа не претставуваше мотив помалку домашниот тим да го даде својот максимум. Иако на стартот се играше изедначено 6:6, репрезентативците направија солидно водство од 11:8 кое со квалитетна игра пред се во одбраната во поле и добрата организација на нападот ги задржаа до завршницата, кога проработе блокот на противникот со што Чесите изедначија на 17:17, односно 20:20. Сепак нашите одбојкари останаа концентрирани и ја задржаа контролата врз резултатот, добивајќи го сетот со 25:23. Сите елементи од играта на селекцијата кои не функционираа на првиот натпревар во Свитав вчера вечер делуваа беспрекорно. Нападнавме со силен сервис, имавме одлична одбрана, како во полето, така и на мрежа, а сето тоа беше надополнето со фантастичните завршници на нашите напаѓачи. Нашата репрезентација го освои третиот сет и поведе со 2:1.

Четвртиот сет, гостинскиот тим доминираше во поголемиот дел од сетот, пред се во играта на мрежа, каде "проработе" блокот кој претставува најсилно оружје на чешката репрезентација. Македонија се трудеше да го надмудри противникот, но тоа не ни одеше од рака во овој период од натпреварот. Чешка го доби сетот со високи 25:16, изедначувајќи на 2:2 во сетови со што се избори за тајм- брејк.

Последниот сет го започнавме со цврста игра, запирајќи ги нападите на противникот и поентирајќи од сите позиции. Средните блокери, коректорот Симовски, сите играчи делуваат како една целина и со динамична игра и поддршката од преполната сала, беспрекорно му парираа на противникот. Неизвесниот и напнат натпревар ја задржа ваквата карактеристика до самиот финиш кога иако Македонија имаше сет- меч топка 14:13, откако не успеавме да ја искористиме се играше поен за поен, но за жал се концентрацијата кај противникот се покажа како поголема и сениорите со 18:16 го загубија последниот сет, за конечни 3:2 за Чесите.

И покрај тоа што не успеавме да се пласираме на ЕП следната година овој квалификациски циклус на машката репрезентација ќе остане запаметен во историјата на македонската одбојка како еден од најквалитетните настапи на нашите репрезентативци.



-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Ноември.2008 во 16:47

РАБОТНИЧКИ ФЕРШПЕД ВЕЧЕРВА (20:30Ч.) МУ ГОСТУВА НА ОРТЕК НЕСЕЛАНДЕ ВО РЕВАНШ МЕЧОТ ОД 1/16 ФИНАЛЕТО НА ЦЕВ КУПОТ

"Нема простор за сензација"

ОРТЕК НЕСЕЛАНДЕ (ХОЛ) - РАБОТНИЧКИ Ф. (МКД)

Денеска, 20:30ч.

Ротердам, сала: Топспорт Центар.

Судии: Леифур Хардарсон од Исланд и Јан Хернет од Данска.

ОРТЕК НЕСЕЛАНДЕ:

1. КОМЕН Нилс

2. ЛОРСЕИД Ларс

3. ВАН ХАРСКАМП Јаник

4. СТОЛЦ Волтер

5. ВЛАМ Тије

6. КОМЕН Ралф

7. КОЈ Дик

9. ДЕ ГРУИТЕР Јохем

10. ВАН ЈАРСВЕЛД Јеле

11. КЛАПВИЈК Неис

14. РАДЕМАКЕР Ричард

РАБОТНИЧКИ ФЕРШПЕД:

1. КАРАНОВИЌ Вук

2. АНДОНОВ Иван

3. ЈОСИФОВ Ѓоко

4. ТРАЈЧЕВСКИ Влатко

5. ЃУРИЌ Богдан

6. БОЖИЌ Немања

8. СИМОВСКИ Дејан

10. МИТЕВ Александар

11. ГИНОВ Благој

12. ЃОРЃЕВСКИ Зоран

14. МОДЕВ Христо

 
Ортек Неселанде вечерва, во 20:30 часот, ќе го пречека нашиот шампион Работнички Фершпед во реванш дуелот од 1/16 финалето од ЦЕВ купот. По убедливиот пораз од пред седум дена "шпедитерите" на ова гостување заминуваат со реални погледи на ситуацијата во која се наоѓаат, но воедно ќе се потрудат да го извадат максимумот од себе и да му вратат барем малку на противникот за тешкиот пораз во првиот натпревар.

Екипата замина поподготвена на тактички план и се надеваат на подобар резултат од оној стартниот, но притоа одбојкарите немаат дополнителни оптоварувања дека истиот е задолжителен.

"Веќе по првиот натпревар ја видовме силата и квалитетот на нашиот противник. Затоа илузорно е да се зборува се некој сензационален резултат, за победа или пак "златен сет" кои би не однеле во следната рунда од ова натпреварување. Одиме да одиграме најдобро што знаеме и да успееме да дојдеме до подобар резултат од оној пред една недела.

Направивме многу поквалитетни анализи, статистика, дата волеј за комплетната екипа и доколку пред првиот натпревар имавме накои непознати за противникот сега сето тоа е решено. Разработивме тактика во кусиот период кој го имавме, а денеска ќе биде потребно истата да се примени и на теренот. Од тоа ќе зависи и исходот на натпреварот.

Сепак одбојкарките немаат никакво резултатско оптоварување. Потребно е да одиграа најдобро што знаат и да го применат однапред договореното", изјави пред заминувањето за Ротердам, тренерот на Работнички Фершпед, Јошко Миленкоски.

Раководството на клубот е резервирано во очекувањата за сезоната и потенцира дека целта е да се создаде екипа која во следните години ќе го повтори успехот кога Работнички Фершпед пред две сезони се најде во фајнал - форот на тогашниот Топ Тимс куп.

"Вистинските резултати од оваа екипа ќе се очекуваат за една или две години, а и оваа сезона, продолжуваме во Челинџ купот каде не очекуваат уште најмалку два меѓународни натпревари кои се особено важни за овој тим. Целта на овои настапи е да се подготви екипата од која во иднина ќе се очекува да го повтори големиот успех од пред две години. Потребно е на оваа генерација одбојкари да и овозможиме што е можно поголем број на интернационални натпревари преку кој ќе се формира играта и ќе се стекне квалитет и искуство", дополнува Миленкоски.

Убедливиот настап на Холанѓаните во првиот меч не остави многу простор за надеж на нашите одбојкари дека вечерва во Ротердам може да направат изненадување во дуелот со Ортек. Сепак избраниците на Миленкоски имаат многу што да покажат, и доколку им "тргне" вечерва постои можност да го намачат противникот во реваншот и со тоа достојно да се збогуваат од натпреварувањето во ЦЕВ купот и да продолжат во ГМ Капитал Челинџ купот, каде својот противник ќе го добијат до крајот на неделава.

В. Зарева

Ортек се загрева преку Омниворлд

Ортек Неселанде за натпреварот со Работнички Фершпед се загрева преку Омниворлд со кого се сретна во ова коло од холандското првенство. Нашиот евро противник славеше со 3:1, а проблеми имаше во првите два сета. Стартниот го освои на разлика, 29:27 по голема борба, додека во продолжението му дозволи на противникот да изедначи на 1:1 (25:22). По загубениот сет мечот доби сосема друг тек и помина во доминација на Ортек кој со убедливи 25:19, односно 25:16 дојде до победа од 3:1 со која ја задржа водечката позиција во лигата.

Ова коло "свират" Џинес и Михајлов

Интернационалните судии Драган Михајлов и Симон Џинес, ќе бидат дел од судиските двојки на два меѓународни натпревари од ова коло на евро- куповите.

Во ГМ Капитал Челинџ купот во женска конк*ренција, Михајлов ќе го придружува Шеху на мечот меѓу Измит Добриња и Вуковар, додека во ЦЕВ купот, исто така кај дамите, Џинес ќе биде втор судија покрај Андрејко Поповиќ на дуелот Динамо Бук*решт и Зејлер Кониз.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 26.Ноември.2008 во 09:28
ОДБОЈКА - НА 32. МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР "ЧАЈКА"
Легендите во прв план

В недела во Тетово ќе се одржи 32. издание на одбојкарскиот меморијал во чест на Бранко Иљовски-Чајка.
- Оваа година е планирано меморијалот да го обележат ветераните на макодбојката. Така на турнирот ќе учествуваат Вардар со својата шампионска генерација, предводена од Богоевски и Тасевски, Работнички, Струмица и Југохром. Сметам дека турнирот, кој ќе се одржи во еден ден, ќе привлече внимание во Тетово, бидејќи ќе се соберат сите одбојкарски легенди на Македонија и на тој начин успешно и квалитетно ќе ја продолжиме традицијата на меморијалот - ни рече Ивица Хаџииљовски-Чајка, син на Бранко, во чие име се одржува овој меморијал.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 27.Ноември.2008 во 23:22
ОДБОЈКА - ПОРАДИ МЛАДОСТА НА ОДБОЈКАРКИТЕ
Македонија Макс пред суспензија

Уште пред почетокот на првенството, од Македонија Макс се најавуваше дека сезонава ќе настапуваат со млади одбојкарки од 13 години. Но, откако се одиграа неколку натпревари од есенскиот дел, од комесарот на лигата Весна Зарева стигна зачудувачка вест дека поради младоста на одбојкарките на екипата ќе и бидат одземени досега освоените бодови, а можно е таа да биде и суспендирана.
- Зошто да бидеме критикувани и опоменувани? Дури комесарот на лигата се заканува што играме со шест пионерки, од кои четири во првата постава, а тие претставуваат голема перспектива на македонската одбојка. Според комесарот, одбојката треба да се игра од прва до четврта година средно образование. Ние креираме одбојкарски кадар. И наместо честитки и да бидеме пофалени, ни се закануваат. Само за споредба, ќе спомнам дека на Олимписките игри се натпреваруваат гимнастичарки до 14 години - вели тренерот Зоран Јанков.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: galenaa
Датум на внесување: 16.Јануари.2009 во 10:00
Sakam da go gledam ovoj sport zs narocito zenite vo odbojkata me fasciniraat mi licat na manekenki vo shorcevi


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 23:07
Форца Волеј поведе против „Шпедитерките“

Одбојкарките на Форца Волеј поведоа со 1:0 во финалната серија од македонското првенство против единствениот ривал Работнички Фершпед.

Доминацијата во меѓусебните дуели сезонава ја потврдија со победата од 3:1.

Првите два сета ги добија со 25:17, односно со 25:15, по што повеќе драма и неизвесност донесоа наредните.

„Шпедитерките“ се вратија во мечот, откако третиот им припадна на разлика со 26:24, но немаа сили да се изборат и за тај-брејк, иако беа блиску.

Форца го освои четвртиот сет со 27:25, за конечен триумф на отворањето на серијата што ќе го даде првакот.

Се игра до три победи, а вториот натпревар ќе биде одигран на 6 или на 7 мај, на теренот на Работнички.



-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 11.Мај.2009 во 17:28
Форца Волеј без пораз до тронот

Со оглед на тоа како се претставивме во текот на првенството, очекувавме да ја одбраниме титулата во три добиени сета. Форца Волеј моментално е поквалитетен тим, а за тоа говори и фактот дека титулата ја освоивме без пораз, изјави тренерот на Форца Волеј , Горан Славков

Одбојкарките на Форца Волеј очекувано ја одбранија титулата во домашното првенство. Тие во финалната серија славеа со 3:0 во победи над нивниот вечен ривал Работнички Ф. Најтрофејниот македонски женски одбојкарски клуб не успеа во третиот напревар на гости да ја продолжи неизвесноста за титулата и загуби со 3:1 (25:21, 23:25, 25:22, 25:22).
-Со оглед на тоа како се претставивме во текот на првенството, очекувавме да ја одбраниме титулата во три добиени. Меѓутоа се надевавме дека Работнички Ф ќе покаже многу повеќе во плејофот. Форца Волеј моментално е поквалитетен тим, а за тоа говори и фактот дека титулата ја освоивме без пораз, изјави тренерот на Форца Волеј , Горан Славков.

Со третиот пораз шпедитерките не успеаја да ја вратат титулата. Ова е втора сезона како Форца Волеј не му дозволи на Работнички Ф да ја покаже својата доминација што ја имаше во претходните години.
-Форца Волеј е поквалитетен тим за нијанса од нас во моментов. Ние почнавме со реконструкција на тимот кој треба да донесе добри резултати во иднина. Сега сме свртени кон освојување на Купот на Македонија и покрај тоа што имавме шанси да ја продолжиме неизвесноста за титулата. На третиот натпревар одигравме . Едноставно ги надигравме, но неколкуте судиски грешки доведоа до тоа Форца Волеј полесно да ја одбрани титулата, вели тренерот на шпедитерките Тихомир Пауновски.



-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 13.Јуни.2009 во 15:34
Одбојкарите подобри од Тунис на „Трофеј Македонија 2009“

Македонска машка одбојкарска репрезентација со победа стартуваше на „Трофејот Македонија 2009“ што од вчера се игра во салата во Градски парк во Скопје.

Во првото коло, синоќа Македонија го победи Тунис со 3:1, по сетови 25:18, 25:22, 23:25 и 25:23.

Во првиот натпревар на турнирот, Словенија ја победи Црна Гора со 3:2.

Второто коло се игра денеска. Македонија во 20:15 часот игра против Црна Гора, а пред овој дуел од 17:45 часот играат Словенија и Тунис



-------------



Постирано од: Anthony
Датум на внесување: 22.Јуни.2009 во 18:51
Prvpat pishuvam vo rubrikata sport. Mojot omilen spor e odbojka na plazza (zzeni) Toa e eden mnogu atraktiven sport. Ke se obidam preku nekolku fotografii da vi ja prestavam negovata atraktivnost.


Najnapred da ukazzam deka i gospodinot George Bush p]Pomladiot koj svoevremeno beshe spostvenik na profesionalen fudbalski tim e isto taka golem fan na ovoj atraktiven sprt - shto samo ukazzuva deka vistinskite vljubenici vo sportot se dobro upateni vo ubavinite na ovoj sport



na ovaa fotografija gospodinit Bush dava soveti za pravilen stav pri servata



Inaku dobriot servis e rechisi osvoen poen (90%) Zatoa devojkata koja igra na mrezza i dava skrishno znak so prstite na devojkata koja servira kade da ja upati topkata







Devokjkata na mrezza toa budno go prati



Sleduva uigrana kombinacija...



-------------
It’s nice to be important....it’s   important to be nice!


Постирано од: Anthony
Датум на внесување: 22.Јуни.2009 во 19:31
Sekoj osvoen poen e moment na neizmerna radost











Se nadevam deka uspeav da vi go doblizzam ovoj nesomneno atraktiven sport

-------------
It’s nice to be important....it’s   important to be nice!


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Јуни.2009 во 19:15
многу ми е криво што не фатив ваква одбојкарска спортска опрема сршено%20срце



само не знам колку се практични ......ама се прекрасни..........мечтаење  мечтаење


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Јуни.2009 во 19:27
  http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/3/38/Volleyball_game.jpg">Податотека:Volleyball%20game.jpg

Одбојката

е колективен http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82 - спорт кој се игра на таков начин што две екипи, одвоени со висока мрежа, ја префрлуваат топката преку мрежата до противничката екипа. По сервирањето од страна на едната екипа, играчите од другата екипа имаат право до трипати да ја удрат топката пред да ја префрлат топката преку мрежата. http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9F%D0%BE%D0%B5%D0%BD&action=edit&redlink=1 - Поен се добива кога топката ќе падне во полето на противничката екипа, ако противничката екипа не успее правилно да ја префрли топката назад во полето на нивниот противник или ако противничката екипа заработи фаул.

Се игра до добиени три сета при што во секој сет треба да се освојат 25 поени, освен во евентуалниот петти сет кога се игра до добиени 15 поени. При тоа, победничката екипа мора да има два поени разлика во однос на противничката екипа,при освојувањето на потребниот број поени за победа во тој сет. Во спротивен случај, сетот продолжува се додека некоја од екипите не направи разлика од два поени.

 Правила и прописи

Полето за игра е http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D0%B0%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA - правоаголник , со димензии 18 Х 9 м, окружен со слободна зона, која од сите страни е широка најмалку три (3) http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%B8 - метри . Слободниот простор за игра е просторот над теренот за игра кој е слободен без никакви пречки. Слободниот простор за игра мора да биде висок најмалку седум (7) метри мерено од површината на теренот.
Одбојката е спорт кој се игра помеѓу две екипи на терен поделен со мрежа.Постојат различни верзии, со што се нуди разновидност на играта. Целта на играта е топката да се префрли преку мрежата и да падне во противничкото поле, а воедно да се спречи таква акција од страна на противничката екипа.Екипата има право на три контакти за враќање на топката (со исклучок на блокот) Топката се уфрла во игра со сервис преку мрежа во противничкото поле од страна на серверот.Надигрувањето продолжува додека топката не падне во полето за замени, оди во аут или ако екипата не успее да ја врати на правилен начин. Во одбојката екипата победува во надигрувањето со освојување на поен. Ако екипата која е на прием на сервисот победи во надигрувањето, таа добива поен и да сервира, а играчите од таа екипа се поместуваат за едно место во правец на движење на стрелките на часовникот...................мечтаење  љубов

 



-------------


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 28.Јуни.2009 во 23:07
Спортски еротски фоткиголема%20насмевка
Wow


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: MarijaGjakovska
Датум на внесување: 11.Ноември.2009 во 17:10
da prasam nekoj da ne znae kade ima negde u sk club za odbojka?



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk