IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 43>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 11:14
Не се плашам од Меси

Менаџерот на Челзи, Гус Хидинк, првпат јавно прокоментира за своите очекувања пред првиот дуел со Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите. "Сините" гостуваат на Ноу Камп во вторник, а некако целото внимание на фудбалерите и англиската фудбалска јавност во последно време е насочена кон Лионел Меси. Една од причините за тоа е неиграњето на Ешли Кол, но Хидинк е уверен дека целиот тим како колектив ќе го запре Аргентинецот.

"Јас сум голем љубител на играта на Меси, природата нему му дала многу талент и фудбалерите како него го прават овој спорт исклучително атрактивен. Се разбира дека сакаме да го запреме, но никогаш тоа нема да биде на недозволен начин. Знам дека ќе биде многу тешко, меѓутоа очекувам целиот тим, а не индивидуа да го запре Меси без разлика на кој дел од теренот ќе биде. Фудбалот е колективна игра и ние така треба да се однесуваме", рече Хидинк на два дена пред првиот полуфинален меч.

Се очекува на местото на Кол во вторник да заигра младиот Мансиен, но можно е таму да добие шанса Ивановиќ, кој на некои натпревари играше десен бек, или искусниот Жулиано Белети, кој дел од својата кариера помина во Барселона и оттаму дојде на Стемфорд Бриџ.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 22:42
Barcelona - Chelsea 0:0

90min Barcelona igrase samo, mnogu dobro igraa i super akcii pravea i imaa dobri shansi ama koga imas tolku sreka kako chelsea togas ke izvadis nereseno vo barcelona!

Mnogu sum razocaran od chelsea niedna akcija ne napravija niedna shansa ne storija sam oedna imashe Drogba radi toa sto zgresija pozadi Barcelona.

Trenerot ne e normalen kako moze Eto'o da go izvadi na kraj koj dobro igrase a Henry koj bese zamaen od udarot go ostavi uste malce na teren...

Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 00:27
Jas pak mislam deka Chelsea izigraa mnogu takticki natprevar kade sto Barcelona ne mozese da gi pokaze svoite napagacki moznosti. Pred se zdodeven natprevar. Se nadevam naredniot ke bide nesto pointeresen.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 00:59
Треба да се земе во предвид дека Барселона не играше меч со Нумансија  или Рекреативо.
Сепак Челзи е екипа од светска класа и така лесно како што мислеа дека ќе ги решат уште во првата утакмица по изјавите на цел стручен штаб не се случи.
Барса не одигра ништо посебно,просечен меч беше тоа вчера во кој Челзи ја оствари целта да не прими гол.
Сега топката се префрла во Лондон,каде Барса ќе треба ја го издржи се поголемиот притисок кој почнува наредниов викенд во Мадрид со големото дерби против Реал Мадрид.
Доколку изгуби,може да се случи голем психолошки пад во играта на Барселона и може да остане без ни една титула годинава.
Од исходот на мечот со Реал Мадрид според мене ќе зависи се понатамо во играта на Барса на натпреварот во Лондон против Челзи.
Доколку победи или извади нерешено титулата во Примера им е обезбедена и многу порастоварени ќе излезат на мегдан против Челзи во Лондон,а тогаш може се да се случи.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 01:28
Бункерот на Хидинк ја оствари целта на Челзи
 
Image"Финалето пред Финалето" го упропасти Челзиовиот бункер, но Хидинк е задоволен, а Гуардиола по непопуларните 0:0 остана да жали за чистиот пенал за кој Старк не го досуди...      Цела сезона ниту еден тим од гостувањета во Барселона не си отиде со празна мрежа, но Гус Хидинк веруваше дека може да одолее на тактиката на Гуардиола така наречена "строј за погодоци". Испрати на терен бункерска постава и успеа да ја зачува мрепжата и да избори непопуларни 0:0. Одлуката за финалситот ќе падне на Стемфорд Бриџ, но според покажаната игра вечерва, Челзи не мора да се надева дека е во предност.
     Статистиката можеби најдобро го опишува вечерашниот дуел. Барселона према голот на Чех шутираше 20 пати, а Челзи према Валдес упатил само 3 удари. Скоро целиот меч играчите на челзи го поминаа на својата половина, препуштија Барса да ја води својата и гра и со тек на време на нафрлаа топката према единствениот напаѓач Дидие Дрогба. Токму од една таква ситуација се направи фантастична можност пред крајот на првиот дел кога Маркез ефтино му ја продаде топката на Дрогбам но Валдес не даде да биде совладан. Дури од 2 наврати успеа да ја спаси мрежта чуварот на Барселона.
     Остатокот од мечот  го играа само домаќините. Дури 66% од времето, топката беше во посед на БАрселона, а веќе на полувреме имаа точно 200 пасови повеќе од Челзи, но до голот не можеа да стигнат. Гус Хидинк своите играчи добро ги научи на феструкција, а на рака им дојде и судијата Волфанг Старк, кој за наредните денови сигурно ќе биде тема на разговор. Веќе во првиоте 10 минути Старк требаше да додели 3 жолти картони на играчите на Челзи, но одлучи да ја дозволи груба игра која гостите добро ја искорстија и така предизвикуваа фрустрација кај плејмерките на Барса. На почеотокот на вториот дел лекарите мораа да им помагаат на Анри, Алвес, Чави, А Маркез поради повреда мораше да биде заменет од страна на Пујол. Но, најголем Старков пропсут се случи во 74-тата минута, кога Босингва го собори Анри пред својот гол, а германскиот судија пропушти да суди чист пенал.
     Првата добра шанса Барселона ја направи веќе во 2-та минута. Иванович го сруши Анри на левата страна од 16-тикот, Ето со глава ја прифати нафрлената топка и ја врати на петерецот каде Маркез не успеа да ја турне во празниот гол. Десет минути подоцна Меси и Алвес према Анри каде во последен момент мораше да интервенира Иванивич и по тоа мечот забележа мало примирје. Домаќините стално напаѓаа, но се до 34-тата минута кога не можеа да го пронајдат патот до голот. Тогаш Чех ја одбрана топката на Анри, по што мораше да ја одбие топката во корнер.
     До крајот на полувремето домаќините направија уште неколку полушанси, но повторно опасно се заканиа во 58-та минута. Пике испрати опсана топка во казнениот простор, но побрз од Алвес и Ето беше Чех. 2 минути подоцна Меси од волеј шутиршае над голот, но затоа голманот на Челзи одбрана добар шут на Алвес. Во 67-та минута, Алвес повторно шутираше од слободен удар, овој пат половина метар над гредата.
     Во 70-тата минута Ето во соло пробив, скоро го сруши Хдиниковиот бункер. Но повторно го спречи Чех. Камерунецот од центарот успеа да го помина на Алекс, па повторно со дриблинг во казнениот простор се ослободи од бразилецот, за неговиот удар да го одбрани Чех. Штета што Ето не се олучи за пас кон неговиот осамен соиграч Анри, кој ја чекаше топката на другата страна од казнениот простор. Уште 2 големи шашси имаше Барса во судиското продолжување, но ни Кркич ни Хлеб не успаа да ја сместат топката во мрежата.


Изменето од fiks - 29.Април.2009 во 01:29
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 10:33
Англиска пресметка за пат во Рим

Актуелниот европски и светски клупски првак и најкомерцијален клуб во светот против тимот со најмногу талент во своите редови од сите на планетата. Така може да се окарактеризира вечерашната англиска полуфинална пресметка од Лигата на шампионите во која на Олд Трафорд се среќаваат Манчестер Јунајтед и Арсенал. Трето англиско полуфинале по ред во елитното европско натпреварување откако во последните две сезони во оваа фаза се среќаваа Ливерпул и Челзи.

Манчестер Јунајтед влегува како огромен фаворит во овој меч не само поради името, поискусните фудбалери, менаџерот и неброените трофеи, туку и заради успесите во ова натпреварување во последната деценија. Арсенал има само едно финале во Лигата на шампионите, и тоа загубено од Барселона пред три години. Претходно, не успеал да стигне ни до полуфиналните пресметки, па јасно е дека искуството е далеку на страната на домаќинот на денешниот меч.

Манчестер Јунајтед пред десетина ги загуби шансите да стане првиот клуб со максимален број титули во една сезона откако во полуфиналето од ФА Купот беше на пенали совладан од Евертон. Сепак, тој пораз "ѓаволите" го надополнија со две победи во Премиер-лигата од кои особено важна беше онаа против Тотенхем во саботата кога на Олд Трафорд имаа негатива од 0:2 за на крајот да победат со 5:2. Со тоа Јунајтед се задржа на чело на премиерлигашката табела со три бода повеќе и натпревар помалку од најблискиот конк*рент Ливерпул.

"Знаеме за нивната добра форма во последно време, но мора да се знае дека тие не победија ниеден значаен тим од англиското првенство. Не сакам со тоа да ги потценам, но ние сме бранители на титулата во Лигата на шампионите и пред извесно време им кажав на фудбалерите дека единствено што ме интересира оваа сезона е да го освоиме овој трофеј затоа што тој вреди најмногу од сите три", рече менаџерот на Јунајтед, Алекс Фергусон. Во неговиот тим ќе го нема повредениот Гери Невил, но тука се другите фудбалери со кои ќе се обиде да стигне до победата.

Арсенал бележи одлични резултати последниот месец, но мора да се има предвид дека "топчиите" немаат ниеден трофеј веќе четири години. Притисокот врз младите фудбалери вечерва ќе биде уште поголем бидејќи во случај на евентуален неуспех нема веќе да држи тезата на Венгер дека неговите таленти имаат победнички менталитет. Голем дел од нив велат дека размислуваат да си заминат од Емирати ако наскоро Арсенал не почне да освојува титули, а барем оваа сезона нема друга можност за такво нешто освен Лигата на шампионите. Минатата недела Арсенал одигра одличен натпревар против Ливерпул во Премиер-лигата што заврши 4:4, но сите четири погодоци тогаш ги постигна Андреј Аршавин, кој поради настапот за Зенит во првиот дел од сезоната сега нема право да игра за Арсенал. И покрај тоа, Арсенал сигурно не е без шанси на овој двомеч. Јунајтед во последно време се почесто покажува дека има проблеми и недостатоци и при еден сериозен притисок знае да потклекне. Ако фудбалерите на Фергусон ја заиграат својата игра и успеат да излезат на крај со иницијативата на Јунајтед, конечниот победник ќе биде непознат до крајот на реваншот во Лондон. Мора само да се знае дека вечерва "топчиите" ќе бидат ослабени и поради неиграњето на Робин ван Перси, кој е повреден, Силвестре има проблем со грбот и е неизвесен, додека Адебајор и Диаби заздравија и, најверојатно, ќе бидат во комбинација.

"Одиме на Олд Трафорд како да не станува збор за полуфинале на Лигата на шампионите и наш најважен натпревар сезонава. Ќе се обидеме да се надигруваме со нив, да постигнеме еден или два гола, а во такви услови можеме на крајот да излеземе како победници", рече Венгер.

Вечерашниот дуел на Јунајтед и Арсенал е втор оваа сезона меѓу овие две екипи по оној на Емирати во ноември кој го добија "топчиите" со 2:1. Воедно, ова е најава за можеби клучниот меч од Премиер-лигата што се игра во претпоследното коло на Олд Трафорд, а во кој Јунајтед може да ја освои шампионската титула.

ОВА МОЖБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

*Манчестер Јунајтед се уште има шанса да стане првиот тим што ќе ја одбрани титулата во Лигата на шампионите од нејзиното формирање пред 17 години.

*Арсенал игра мошне слабо на гостински терен во оваа сезона. На досегашните пет натпревари оствари само една победа, и тоа против Фенербахче со 5:2 во третото коло од фазата по групи.

*Арсенал е само вторпат во полуфиналето од ЛШ. Првиот беше пред три години кога успешно го мина Виљареал. Манчестер Ј. е еден од најуспешните, ова му е шесто финале во Лигата на шампионите.

*За разлика од Арсенал, Јунајтед само еднаш досега се сретнал со англиска екипа во Лигата на шампионите, и тоа во ланското финале кога го совлада Челзи.

*Арсенал и Манчестер Јунајтед имаат вкупно 204 досегашни дуели во сите натпреварувања. Од нив, 82 доби Јунајтед, 77 Арсенал, а 45 завршија нерешено.

*Алекс Фергусон и Арсен Венгер се тренери со најдолг стаж во моментов меѓу елитните клубови во светот. Фергусон е на клупата на Јунајтед од 1986 година, а Венгер од 1996 во Арсенал. Досега имаат 37 меѓусебни дуели во сите натпреварувања со 14 победи на Венгер, 13 на Фергусон и десет реми.

*Арсенал има доста слаб ефект како гостин на Олд Трафорд. На 96 досегашни натпревари остварил само 17 победи со 24 нерешени резултати.

*Манчестер Јунајтед се уште ја држи најдолгата низа без пораз во Лигата на шампионите. Нема пораз од мај 2007 година кога загуби од Милан, а од истиот клуб една година претходно беше последен пат совладан на домашен терен во ова натпреварување.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 15:22
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 22:40
glory glory man unitedнамигнување
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 00:47
Zalosno sto nemaa sreka da postignat uste nekoj gol.

No sepak fer izigran natprevar od dvata tima so samo 20 prekrsoci. Takticko nadmudruvanje kade sto Manchester United se pokaza daleku posilen protivnik.

Sepak pretstoi uste eden natprevar i Arsenal e na poteg.


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 12:04
Шампионот обезбеди минимална предност

Актуелниот европски шампион, Манчестер Јунајтед пополека но сигурно гази кон ново финале во најеминентното натпреварување на стариот континент, Лигата на шампионите. "Црвените ѓаволи" обезбедија минимална предност во синоќешниот дуел со Арсенал од 1:0 и следната недела ќе патуваат во Лондон на одбрана на стекнатиот резултат.

Екипата на Алекс Фергусон се покажа во извонредно светло, и во текот на сите 90. минути беа апсолутно доминантни, за разлика од Арсенал кој никако не успеваше да ја наметне својата препознатлива игра, кратките и брзи додавања. Домаќините имаа дури осум удари во рамките на голот, наспроти единствениот на Арсенал кој го упати Фабрегас уште во првото полувреме.

Манчестер веќе во втората минута имаше извонредна шанса преку Руни кој биеше со глава но голманот на гостите, Алмуниа, со крајни напори го одбрани неговиот удар. Следеа нови фуриозни акции, преку Роналдо и Тевез, меѓутоа мрежата остана недопрена се до 17. минута. Андерсон изведе корнер, ја нафрли топката до Карик, кој со глава ја враќа во шеснаесетникот, каде случајно се најде О'Ши и непречен од никого од пет-шест метри го совлада Алмуниа.

Тогаш Арсенал се подосвести и почна да притиска, меѓутоа сите нивни акции завршуваа на околу 20. метри од голот на домаќините кои имаа извонредна шанса да го зголемат водството. Ударот на Роналдо со глава, Алмуниа го брани.

Во второто полувреме "црвените ѓаволи" продолжија со истиот стил на игра. Се нижеа добри акции, одлични додавања, шанси но сето тоа без поголем ефект. Се што направија "топџиите" на овој дуел се ударите на Адебајор и Фабрегас кои не беа сериозна закана за Ван дер Сар. Кон средината на полувремето Фергусон уште повеќе го засили нападот внесувајќи ги Гигс и Бербатов на местото на Андерсон и Тевез. Фудбалската војна продолжи со атаци на домаќините. Најсериозната шанса во вториот дел ја пропушти Кристијано Роналдо кој биеше од преку 20 метри, меѓутоа топката заврши во гредата и излезе во гол-аут. Неколку минути подоцна Гигс постигна гол кој судијата Бо Ларсен го поништи поради офсајд.

Арсен Венгер бараше начин да ги разбуди своите фудбалери. Ги внесе Бендтнер и Едуардо кои само се вклопија во бледата игра на Арсенал.

Според играта што Манчестер ја прикажа на синоќешниот натпревар може да се каже дека заслужува повторно да игра во финалето, но за тоа ќе мора да почека на реваншот бидејќи сигурно Арсенал сеуште го нема кажано последниот збор.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 17:20
Арсенал пред тежок испит

Фудбалерите на Арсенал и Манчестер во вторник од 20:45 ќе го одиграат реванш натпреварот од Лигата на шампионите во Лондон каде актуелниот првак на Европа и Англија доаѓа со предност од 1:0 која ја стекнаа благодарение на Џон О'Шеј на „Олд Трафорд“.

Бранителите на трофејот овој пат имаат тешка задача и непријатна традиција која говори дека „топџиите“ не загубиле 24 натпревари на домашен терен. Последен пат на домашен терен е поразен во 2004 година од Челзи кога загубија со 1:2. Домаќинот притоа на ова натпреварување не примиле гол 514 минути пред домашна публика.

Сепак тимот кој го предводи Арсен Венгер мора да брка негатива од еден гол. Кога е во прашање ривалството помеѓу овие два клуба, до сега се сретнале дури 205 пати и екипата на Манчестер има подобар резултат со 83 победи, 45 нерешени средби и 77 порази.

Во последните 13 сезони се сретнале 38 пати кога екипите биле предводени од Алекс Фергусон и Арсен Венгер, а тука исходот е нерешен со по 14 победи и 10 нерешени натпревари.


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 10:09
"Топчиите" мораат да распукаат

Фудбалерите на Арсенал мораат да постигнат барем еден гол ако сакаат по три години да се вратат во финалето од Лигата на шампионите. По првиот меч против актуелниот европски првак Манчестер Јунајтед, "топчиите" имаат негатива од 1:0, па на реваншот на Емирати мора сите сили да ги насочат на нападот за да ја надополнат негативата.

"Мислам дека можеме да го победиме Манчестер Јунајтед со 2:0. Од финалето не делат само 90 минути и ако поведеме рано, тогаш притисокот ќе се префрли кај нив затоа што ќе бидат свесни дека со уште еден примен гол испаѓаат. Полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите се најтешки и ние ќе се обидеме дополнително да им ја отежниме работата", изјави менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.

Лондонскиот тим веќе четири сезони нема освоено трофеј во ниедно натпреварување, но оваа година не примил гол на петте натпревари од Лигата на шампионите што го играше на домашен терен. Исто така, Арсенал не е поразен во елитното европско натпреварување од 2004 година кога на тогашниот стадион на овој тим Хајбери славеше Челзи, но од друга страна никогаш порано Арсенал не елиминирал англиски тим во европските натпреварувања. Позитивни вести за Венгер дојдоа од медицинскиот тим кој го информираше францускиот стручњак дека во екипата се враќа Робин ван Перси по четиринеделната пауза поради повреда.

Реваншот против Јунајтед ќе го пропуштат Аршавин бидејќи нема право на настап во ова натпреварување за новиот тим и Едуардо кој повторно се повреди. Венгер одмори дури осуммина стандардни првотимци на дуелот против Портсмут во саботата, но и без нив "топчиите" славеа убедлива победа од 3:0 и се зацврстија на четвртото место на табелата.

Манчестер Јунајтед и натаму останува кандидат да стане прв тим кој ја одбранил титулата во Лигата на шампионите во нејзиното 17-годишно постоење. Актуелниот првак има минимална предност од првиот меч против Арсенал на домашен терен, но ќе мора да го одбрани својот гол од еден од најофанзивните екипи во англиското првенство. Јунајтед постигна барем по еден гол на досегашните три гостувања на новиот стадион на Арсенал, Емирати, но на нив претрпе два порази од 2:1 и еднаш одигра нерешено 2:2. Сигурно дека еден од овие резултати и сега би му одговарал на Јунајтед и ако некој им го предложи, со двете раце би го прифатиле.

И менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, исто така на премиерлигашкиот натпревар против Мидлсброу одмори осуммина стандардни првотимци, но успеа да победи со 2:0 и да го задржи првото место на табелата. Шкотскиот стручњак кој за 23 години на чело на својот клуб освои 24 титули изјави дека на нив им бил потребен одмор за подготвени да го дочекаат реваншот против Арсенал.

"Играчите од средината на теренот одиграа одлично на првиот меч на Олд Трафорд и сакав да ги одморам. Мислам дека сега се е в ред со нив и ќе бидат подготвени за вторник ако одлучам да ги ставам во тимот", изјави Фергусон.

Сигурно е дека во екипата ќе се врати најдобриот стрелец во Премиер-лигата, а Фергусон ќе мора да одлучи кој од тројцата напаѓачи Бербатов, Руни и Тевез ќе остане на клупата. Позитивна работа е што Рио Фердинанд е подготвен по повредата на ребрата што ја заработи на првиот натпревар против Арсенал на домашен терен.

Петте најспектакуларни дуели на Арсенал и Јунајтед

Првпат се сретнаа пред 115 години и ремизираа 3:3. Вкупно досега се сретнаа 204 пати, но ова е нивен втор дуел во европските купови по оној минатонеделниот. Сепак, љубителите на фудбалот ги потсетуваме на нивните шест најспектакуларни соочувања од 1894 година досега.

21.09.2003 Манчестер Ј. - Арсенал 0:0 Премиер-лига, Олд Трафорд

Овој меч остана запамтен по турбулентната завршница во која капитенот на Арсенал, Патрик Виеира, беше исклучен, а четири фудбалери на "топчиите" суспендирани додека клубот доби рекордна казна поради неконтролирани испади на своите играчи.

Кулминација на возбудувањата беше утнатиот пенал од Ван Нистелрој во самиот финиш. Таа утка ја одржа низата на непобедливоста на Арсенал, кој траеше до следната сезона, точно до дуелот против Јунајтед на Олд Трафорд кој заврши 2:0 за "ѓаволите".

8 мај 2002 Манчестер Ј. - Арсенал 0:1 Премиер-лига, Олд Трафорд

Арсенал влезе во натпреварот знаејќи дека победа му ја осигурува шампионска титула, односно нејзино враќање од витрините на Јунајтед, како и одмазда за понижувачкиот пораз од 6:1 во претходната сезона. Силвен Вилтор го постигна единствениот гол во 57. минута откако Бартез одби удар од Љунгберг. Така Арсенал стигна до двојната круна бидејќи четири дена претходно го победи Челзи во финалето на ФА Купот на стадионот Милениум во Кардиф.

25.02.2001 Манчестер Ј. - Арсенал 6:1 Премиер-лига, Олд Трафорд

Двајт Јорк постигна хет-трик за само 22 минути и им приреди еден од најголемите кошмари на дефанзивците на Арсенал: Степановс, Лужни, Гриманди и Ешли Колс. Другите голови ги постигнаа Рој Кин, Солскјер и Шерингам и така ја заокружија најлошата претстава на Арсенал на Олд Трафорд под водство на Венгер. Јунајтед на овој начин ја обезбеди титулата.

14.04.1999 Арсенал - Манчестер Ј. 1:2 ФА Куп-полуфинале, Вила Парк

Овој натпревар остана запаметен по еден од најубавите голови во историјата на англискиот фудбал, особено ФА Купот. На водечкиот погодок на Бекам одговори Бергкамп, но потоа на сцена стапи Рајан Гигс со својот легендарен гол во продолжението со што на Јунајтед му обезбеди финале.

Ја презеде топката од својата половина и откако ја помина цела противничка одбрана, покрај Симан ја заби топката во мрежата.

12.05.1979 Арсенал - Манчестер Ј. 3:2 ФА Куп-финале, Вембли

Со головите на Брајан Талбот и Френк Стејплтон во првото полувреме Арсенал дојде до голема предност, но "топчиите" загубија се во период од само четири минути кога Гордон Мек Квин и Семи Мек Илрој го испратија натпреварот во продолженија.

Јунајтед таму беше блиску до победа и целосен пресврт, но Ален Сандерленд го постигна победничкиот гол во 119. минута.

Росети им носи среќа на домашните екипи

Главен судија на денешниот натпревар ќе биде искусниот Италијанец Роберто Росети кој беше на центарот и во ланскиот реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Челзи и Ливерпул. Од натпреварите што ги судел во ова натпреварување може да се заклучи дека тој им носи среќа на домаќините иако Манчестер Јунајтед може да се теши со триумфот на Ливерпул против Реал Мадрид од 1:0 во осминафиналето што е единствена победа на гостински тим.

ПОСЛЕДНИ 6 СРЕДБИ НА КОИ СУДЕЛ РОСЕТИ

Реал - Ливерпул 0:1

Виљареал - Манчестер Ј. 0:0

Арсенал - Фенербахче 0:0

Челзи - Ливерпул 3:2

Манчестер Ј. - Лион 1:0

Ливерпул - Порто 4:1

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

*Арсенал нема примено гол вкупно 514 минути на домашен терен во Лигата на шампионите.

*Јунајтед не примил гол на последните четири натпревари како гостин во нокаут-фаза во Лигата на шампионите. Последен кој му дал гол е Лион во сезоната 2007/08.

*Арсенал бил елиминиран на последните четири настапи во нокаут-фаза од европските купови откако на првиот меч како гостин имал негатива од 1:0.

*Од друга страна, Јунајтед изборил прогрес на сите пет дуели на кои по првиот меч на домашен терен имал каква било предност.

*Јунајтед се уште нема победа на новиот стадион на Арсенал. Последен пат го совладал овој тим на Хајбери на 1 февруари 2005 година со 4:2.

*Јунајтед никогаш порано не бил совладан од Арсенал во полуфинале. Тоа се однесува за англиските купови затоа што ова е нивен прв двомеч на европска сцена.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 23:23
MU ха ха ха
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 23:55

шампионизабавазабавазабава
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.