IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8182838485 138>
Автор
Порака
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2009 во 06:45
И дозволив на гордоста
да седне на тронот,
закитена со круна
на болка од вчера.
Заслепена од стравот
кој дојде тивко
во ноќта денес
и со силен тресок
го уништи царството сега.
Залудно е да се рече,
но сакам да ти кажам
ПРОСТИ МИ АКО МОЖЕШ.
">
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2009 во 01:23
Дали утрото само
чека ден,па да си го
„одработи„ своето,
или ужива во секое
свое ново раѓање.

             Дали денот само
             сонцето го чува
             до првиот мрак
             или и тој ужива
             во неговите зраци.

Дали ноќта само
чека мугри и после
заминува по својот пат
или и таа се капе
во сребрениот сјај
на месечината.

              Дали ти само
              во утрата се будиш
              со лажна мисла за мене
              или сонот те тера
              да ме бараш после
              слаткиот одсонуван сон.

Дали денот те исполнува
или само живееш
за ден да помине
и ноќта црна само
тивко со својот вел
да те покрие.

              Дали ноќите за мене
              само ги чуваш
              и само јас сум
              кралица твоја во нив
              или само го надополнувам
              слободното место
              кое нема кој
              да ти го пополни.
          

Изменето од butterflyM55 - 19.Април.2009 во 02:21
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 11:32
ЗАПРИ МЕ
На Пенелопа

Запри ме во летот
кога највисоко ќе бидам!

Пред да ме опијат
мирисите на вознесот
со стрелата на вистина
прострелај ми го умот
и дочекај ме подготвено
во меките треви на твојот глас
со дланки од свето проштение…

Запри ме во летот
кога највисоко ќе бидам!

Пред да ме заслепат
црните светлини на гордоста
обескрили ме со збор тивок,
потивок од раѓањето на утрото
во твоите очи
кога ме нема.

Птицо моја,
во кафезот на верноста
што ме чекаш,
како ли јас те обескрилив?

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2009 во 16:56
Обоени сме
со сите бои
на животот.
Фасада преубава
од утро до мрак.
Префабани со сјајот
на сите бои
од виножитото.
Прлиени сме
со јадот
од минатото.
Не краси болката
од неуспеаното.
Се капеме во палети
од желби на сегашноста.
Префарбуваме слики
на нашите посакувања.
Четката на надежта
прави прецизни слики
на преубави пејсажи
на иднината.
И се така
од утро до мрак.
А штом мракот
ја проголта планетата
настапуваме јас и ти.
Ги симнуваме од нас
сите фасадни бои.
Маските се на подот
срамот го закачуваме.
На клинот позади вратата.
Болката ја оставаме
позади затворената врата.
Сомнежите ги потопуваме
во чаша црвено вино.
И се што ни преостанува
е нашата среќа,
љубов,искреност
и две потполно голи тела,
кои се капат
во боите на љубовта.
Споени во палета
на страста.
Не постои ништо друго.
Нема никој друг,
освен нас и нашата страст.

Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2009 во 17:30
Ги собрав
на едно место
чувствата.
Твоите и моите.
Од моите
се преполни
просторов.
А твоите....
Едвај ги собра
во една чаша.
Се мислев...
што е паметно
да се прави.
Дали да ги
ослободам моите
и да ги пуштам
да живеат без тебе,
или пак....
да ги намножам твоите,
па да станат повеќе.
Мислејќи ожеднев.
Ја дигнав чашата
пред мене
и ја испив
до последна капка.
Горчила
ми ја преплавија
усната шуплина,
хранопроводот,стомакот...
Тогаш сватив.
Сум ја испила
чашата со твоите
чувства.
Сега ги нема.
Не постојат.
Исто како никогаш
да не ни биле.
Само горчливиот вкус
во устата моја
потсетува на нив.

Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 00:23
Какво ли е чувството
да ја спуштам главата
на твоите гради.
Да затворам очи
и да се препуштам
на нежноста
на твоите раце.
Да потонам во чувства,
да ги пуштам сите
да ме преплават
како плима.
Сигурно е прекрасно.
Какво ли е чувството
да заплетам прсти
во косата твоја.
Што ли ќе чувствуваш?
Ќе затвориш ли очи?
Ќе се препуштиш ли
само на рацете мои,
кои ќе патуваат
по секоја црта
од твоето лице.
Ќе затрепери ли
телото твое
од нежните допири
на прстите немирни,
кои ќе истражуваат
по твоето лице,
како слеп кој сака
со допири да види
и да ги запамти
убавините на тоа
што не е видливо
за него.
Ќе пуштиш ли
длабока воздишка
од градите твои,
кога усни ќе те допрат
на едното окце,
па на другото,
па на едниот образ,
па на другиот,
па полека
ќе се лизнат
на твојот врат,
за потоа да се вратат
назад кон усните твои.
Ја обожавам секоја линија
од твоето прекрасно лице.
Те пијам со допири.
Те допирам со усни.
Те голтам со очи....
И се ставам на едно место.
Таму каде е сега
твојот нов и топол дом.

[/IMG]

Изменето од butterflyM55 - 22.Април.2009 во 00:25
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 05:47
Крадеме моменти
скапоцени за нас.
Си подаруваме трошки
од погачата која се крши.
Собираме делчиња од љубовта,
која само на делови
можеме да ја оживуваме
во нас,за нас.
И секое делче е послатко
и преубаво од претходното.
И секое парче наредно
е подрагоцено од претходните.
Оти само така,повеќе е вредно.
Само така повеќе уживаме во неа,
составувајќи дел по дел
се до последното парче.
До последна а трошка.
До последниот здив.

Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2009 во 15:06
НЕПОКОР

Мисли во јазол...
Во пајажина од мрак
се џилита стих
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2009 во 15:07
НАСМЕВКА (хаику триптих)
На син ми

Пресликано сонце
врз крилца на светулка
во инсектариум...

Од шадрванот
На бескрајниот опој
Скокаат срни.

Како се мери
чекорот на среќата
без да го запреш?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2009 во 09:23
ПОМНИШ ЛИ

Помниш ли
што можевме да бидеме
ако јас не бев јас
а ти им го изменеше изгледот
на патоказите на моите мисли
дури те бараа поинаква
од таа што не можеше да бидеш:
миросана со разврат
во сенката на сподивената река
на страстите


Помниш ли
што можевме да бидеме
ако се сретневме после сто години
и сто премолчени вистини,
а јас да бев тој што расплетува плетенки
од тишнина што мириса на тврдоглавост
а ти - нестрплив подгонувач на времето
по тесниот пат на неизодот...

Помниш ли
што можевме да бидеме
- јас останав истиот тој што те помни...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 01:39
Ново утро наидува
сеуште си моја
дур со прсти низ тебе минувам
како низ жици од гитара
со поспани очи
радост во мене гледаш
сеуште постојам
сеуште имам многу
на што да се надевам
на себе горд да бидам
сеуште сум сакан
чувство возвишено
дека сум посебен
од сите за кои знаеш
поинаков
дека вредам немаше да знам
да те немаше
насмеано утро да дочекам
нема да можеше.
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 02:39
Maestroаплаузголемо%20гушкање
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 20:53
Не разбирам многу работи.
Незнам ни дали некогаш
ќе успеам да ги сватам.
Не разбирам зошто цвеќето
цути само во пролет.
Не разбирам зошто снегот
паѓа само во зима.
Не можам да сватам зошто
и во сончев ден врне...
Ма знам,ќе речеш
„Е како не разбираш,
кога се наоколу е
хемија,физика,биологија...„
Е како не!
Сум учела тоа,знам.
А кажи ми ти мене,
хемија е што срцево
за тебе чука ненормално?
Можеби од физиката
ми трепери цело тело,
додека погледите твои
шетаат по моите облини.
Е да де,и можеби биологија е
кога чувствувам болка
од љубомората заради тебе.
И на крај,пак ништо не разбирам
од сето ова.
Па сакаш да разбереш ти.
Е неможе!
Не е јасно,ама ете...
Се случува.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 20:56
РОНКИ


Распни ме простодушно во мислите
на крстот на твојата насмевка,
дури петлите на лагата не пропеале
а сонот сеуште мириса
со прекрасното лудило на вербата
во времето кога се беше едноставно
а ние, како прости чираци на нестрпливоста,
учевме како се комплицира едноставноста...


Слушаш ли како птиците на спокојот
свикнато ги колват последните ронки каење
од дланките на безгрижното утро...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8182838485 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.