IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Веронауката падна на Уставен Суд
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Веронауката падна на Уставен Суд

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 19>
Прашање: Дали се согласувате со оваа одлука на Уставниот Суд?
Одговор Гласови Статистика
45 [69,23%]
18 [27,69%]
2 [3,08%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 17:38
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

Лидерите на петте верски заедници во земјава - Македонската православна црква, Исламската верска заедница, Католичката и Евангелистичко-методистичката црква и Еврејската заедница - ...

Ако покојниот претседател Борис Трајковски не беше припадник на оваа црква, дали некој во МК ќе знаеше дека таа постои?
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

... во текот на идната недела ќе одржат состанок на Меѓуетничкиот совет,...

Меѓуетнички или меѓуверски?збунетост
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

... Во одбрана на веронауката , застана Светскиот македонски конгрес, кој го повика Уставниот суд да ја преиспита одлуката за укинување на веронауката...

Ако се паметни и информиСани, тие од СМК треба да знаат дека одлука на Уставен суд не се преиспитува. Порано (пред промените на Уставот), тоа беше регулирано со член 112, а сега можеби е променет членот, но сепак стои таа одредба. Ова „преиспитување“ на одлука на Уставен суд бараше и Љубомир Фрчковски, како поранешен министер за внатрешни работи (1994 г.), кога по моја иницијатива Уставниот суд донесе одлука со која се укина чл. 25 од „Правилникот за регистерски таблички...“ па цела МК мораше да ги смени регистерските таблички на автомобилите. Нај просто прашање, кој ќе ја преиспита одлуката на Уставен суд, кога оваа институција е највисока правна инстанца? Самиот Уставен суд ќе се преиспитува? ма%20ајде
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

... И тие ја охрабруваат Владата повторно да го воведе алтернативното изучување на историјата на религиите и на веронауката во воспитно-образовните установи...!!! ...

И што со тоа? Пак (по трет пат) да се укине? Или овојпат претходно ќе ги сменат судиите? Или ќе го сменат Уставот? Да, можат сето тоа да го направат, но со тоа ќе се направи упад во уставноста на државата.
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

... Треба да се заштити правото на слободен избор и тоа да не биде загрозено од која било власт... !!!

А каде е тука моето право на слободен избор да не учам глупости веронаука?збунетост

Тој кој сака веронаука, нека си учи во верските објекти. Имаат просторни можности, имаат кадри, имаат литература имаат заинтересирани луѓе кои сакаат да учат и ... што чекаат?  Зошто упорно се пикаат во световните училишта, каде не им е местото?изненадување


Изменето од Zlatnik - 26.Април.2009 во 17:41
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 19:52
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Потребата за веронаука е огромна и јас сум ЗА верско образование на нашиов народ чија вера беше бутната од едно романче како "Кодот на Да Винчи". Она за што сум против е таа веронаука да е дел од државното образование во нашата секуларна земја.

Светитие книги, во случајов евангелијата, се создадени т.е. напишани во периодот од 30-60 години после Господовата вечера на апостолите. Тие биле напишани дирекно од двајца присутни на самата вечар (апостолите Матеј и Јован), од еден индиректен запишуваш (Марко му бил записничар или го преведувал апостол Петар кој бил присутен на вечерата) и од Лука кој не бил присутен и чии сведоштва се негова истрага од очевидците.
Зарем е можно да се спореди кредибилитетот на првите три сведоштва со некоја слика на Леонардо насликана 15 векови подоцна, далеку од настаните, далеку од случувањата?

Daleku bilo, nikakvo negiranje.
Јас не читам многу книги со верско/црковна содржина, во манастир и црква не одам (кога попови пеат) туку одам да барам мир и спокојство кога црквите се релативно празни., палам свеќа и чекам да догори до крај бидејки ако само свртам грб оној во син работнички мантил (клисар ли е како ли му е титулата)  веднаш ги гаси запалените свеки што мене ужасно ме лути. Очиглдедно дека верското знаење кое го добив од баба ми е малку по конзервативно од она што ќе ми го предадеше образован теолог  бидејки тој искрено ќе ме научеше дека  црквата мора да штеди и на восок и на песок кој се полни со стопен восок па на вработените во црквата им отвора многу работа.
Баба ми покојна кога ја прашував каде одат парите кои ние ги ставаме на иконата пред Св. Петка ми велеше дека со нив ќе се направат нови цркви, ќе се средува црквата и дека н етреба да сум циција и дека не треба да жалам кога ги ставам парите на иконата. Искрено иако ми беше жал за парите (некоја монетичка од незнам колку динарчиња) не и се спротивставував на баба ми бидејки кога ќе погледнев во крстот на нејзиното чело знаев дека таа е верник. Сега кога ставам пари на иконата погледот несакајки ми оди на луксузната кола на попот и си ги враќам парите во новчаник. По малку се плашам од баба ми да не ме гледа од некаде горе ама и таа мора да свати дека во времето кога таа мене ми предаваше веронаука работите беа поинакви. Затоа јас лично мислам дека поубаво е да предаваат вероучители бидејки тие сепак имаат по либерални ставови од мојата покојна баба и тоа во училиште.
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 21:36
 
 
  Златен... еве уште една вест за една ненајавена акција за враќање
на веронауката во образованието, од која и самите организатори се
изненадени од масовноста....
За само неколку часа над 1.000 Штипјани  го дадоа својот потпис на пунктот во центарот на градот.
И унијата на жени на Социјалистичката партија на Македонија со петиција се вклучува во акцијата за враќање на веронауката во образованието...
На големо разочарување на ,,малкумина,,  многу луѓе се заинтересирани, а посебно младите за изучување на веронауката,
што е за  пофалба без ...пардон....!!!  голема%20насмевка

Нема ништо лошо во запознавањето на младите со основните принципи на верата, зошто не постои ниту народ без вера, ниту пак вера без народ...!!!   среќа
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 21:39
interesno .... samo i sekogas koalicionite partneri na twentyfourseven davaat potpisi голема%20насмевка .......... vo zastita na negovite " genijalni " idei i zamisli .........i toa ne bilo kako ...... masovno bre голема%20насмевка
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 21:47
mammad, јас пак сакам да предаваат образовани и објективни вероучители кои чесно ќе ги подучат децата дека палењето свеќа (за живи, мртви, здравје, бериќет) е пагански обичај и нема никакви допорни точки со христијанството, а не некои што ќе ги замајуваат дека "нема молитвен чин без свеќа" и дека таа свеќа мора исклучиво да е купена од МПЦ ДООЕЛ, инаку во спротивно ќе си добијат анатема т.е. епитимија од МПЦ затоа што им го рушат доходовниот бизнис. (види линк).
 
Е сега, гледам дека ти си можеби емотивно врзана кон свеќите, кон нивното смирувачко дејство додека догоруваат и можеби ова погоре нема да ти се допадне, но ете, тука се разиденуваме. Затоа сметам дека факултативната веронаука е најдоброто решение за дацата, а не наметнатата. На тој начин децата ќе бида ослободени од индоктринација и ќе можат самите (со помош на нивните родители) да си одберат на која пропаганда ќе бидат изложени, затоа што тоа е демократија, тоа е секуларност, тоа е верска слобода.
 
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

На големо разочарување на ,,малкумина,,  многу луѓе се заинтересирани, а посебно младите за изучување на веронауката,
што е за  пофалба без ...пардон....!!!  голема%20насмевка
 
Се е тоа политика мило, политика. Нека се воведе, иншаллах, веронауката како факултативен/изборен предмет, па дури тогаш ќе видиме колку младите се за изучување на ткн. веронаука.


Изменето од EvAngelos - 26.Април.2009 во 21:50
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 21:48
a koja e funkcijata na crkvite збунетост 
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 21:57

 

  Драги Евангелос, ќе ми преведеш ли што значи зборот

  ,,иншаллах,, се разбира ако сакаш.... однапред благодарам... голема%20насмевка

секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 22:03
" ako dade gospod " ......   insallah .... sakas da kazes , deka idejata na " genijalecot " e od nekoja vizija stignata od boga a adresirana do nego pa sto i da se sluci crkvata kje se izgradi poradi voljata na boga ? ..... znaes , ima edna interesna pogovorka .......... SILA BOGA NE MOLI намигнување ..... a uste pointeresno e mislenjeto na isus vo vrska so hramovite голема%20насмевка .... tuku , kakva e namenata na crkvite збунетост

Изменето од miroslav_g8 - 26.Април.2009 во 22:05
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 01:32
Море бре - религиозни ПОЛИТИЧАТИ И ПАСТОРИ!!!

ПА ОВО НЕМА НИ У БЕОГРАДУ!!!

п.с.
позз ЕВ - ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!!

САКАЛЕ ИЛИ НЕ - ВЕРОНАУКА КЕ ИМА!!!


Изменето од Tetratka - 27.Април.2009 во 01:33
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 09:38
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

Златен... еве уште една вест за една ненајавена акција за враќањ
на веронауката во образованието, од која и самите организатори се
изненадени од масовноста....
За само неколку часа над 1.000 Штипјани  го дадоа својот потпис на пунктот во центарот на градот.
И унијата на жени на Социјалистичката партија на Македонија со петиција се вклучува во акцијата за враќање на веронауката во образованието...
На големо разочарување на ,,малкумина,,  многу луѓе се заинтересирани, а посебно младите за изучување на веронауката,
што е за  пофалба без ...пардон....!!!  голема%20насмевка
смеење Ај сега ...!
Во претходниот пост ми наведе активности на Светскиот македонски конгрес, на разните верски заедници ... кои реагираале на Одлуката на Уставниот суд. На тоа јас дадов коментар, но наместо да го потврдиш или отфрлиш мојот одговор, ти сега ми кажуваш за некои нови организатори (а не наведуваш кои), потоа ја спомнуваш и унијата на жени на Социјалистичката партија. Што треба сега да направам? И за организаторот(!) и за Унијата да дадам коментар?!збунетостизненадување Демек, е добро штом и тие бараат, тоа е во ред. Која е таа Социјалистичка партија? Каква е таа унија? Па плус и на жени!ма%20ајде плазењеголема%20насмевка Онаа на Ѕинго? И тој „окорели“ комунист кој до вчера (зависно од потребите) напаѓаше се што е верско, сега, затоа што и понатаму сака да остане во власта, ќе се крсти?
И велиш за „само“ неколку часа се потпишале 1000 души, а?!изненадување
Ех, тоа ти е. Штом е организирано (читај: „по директива“), така е - сите наеднаш. А, да останале барем уште еден ден или два, уште колку ќе се потпишеле?намигнувањеплазење
Ма не 1000 души, нека се и 100.000, па нека се и милион, тоа не значи дека ако се побројни па затоа се во право. Да, ако се суди според аргументите на сила, моќ испаѓа по нивно, но ако судиме според аргументите на здравиот разум ... не ќе да е така!
Originally posted by pcelka pcelka напиша:


Нема ништо лошо во запознавањето на младите со основните принципи на верата,...

Има, има!
Само, или навистина не ги согледувате (иако за тоа и јас,  покрај другите, се отепав од пишување на форумов) или не сакате да ги прифатите фактите, реалноста, па од инает (или гордост ...) не сакате да признаете дека не сте во право.
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

... зошто не постои ниту народ без вера, ниту пак вера без народ...!!!   среќа

Многу убаво кажано. не%20вреден аплауз
Верувам дека во жарот на искажување на сопствената мудрст преку овие зборови, и самата не си свесна за значењето на истите!
Малку да појаснам. Ако нема народ тогаш ќе нема вера, така? Значи, верата (со сите нејзини атрибути: бог, ангели, ѓавол, демони, рај, пекол ...) сама по себе не постои. Таа е производ на човекот (народот)!мафтање

Р.Ѕ. Знам, можеби на ова некој ќе даде одговор: „ ако нема народ и вера, не значи дека нема бог ...“ но, тоа ќе биде за во други теми.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 10:22
Веронаука и имало и ќе има АМА во верските објекти во УЧИЛИШТАТА не
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 14:51
За овие членови (и посетители) на форумов кои сакаат да се учи веронаука во световните училишта и, кои се чудат зошто тоа не е дозволено од страна на Уставниoт суд, ќе им препорачам да гo видат следниов видео клип. Незнам, можеби има 5-6 месеци како прв пат го ставив во некоја тема во „вероиспвед“, но не се сеќавам каде и кога беше. Во секој случај, еве го истиот видео клип, за да тие (но, секако и другите) видат што всушност претставува религијата. http://video.google.com/videoplay?docid=-594683847743189197
Пред да почнете со гледањето на клипот, сакам да напоменам дека ќе се соочите со 3 проблеми:

1. Трае малку подолго *
2. Треба да знаете англиски **
3. Тешко ќе им биде на вернците ова да го прфатат ***

* - Целиот клип е составен од вовед и 3 дела.
       - воведот во кој се даваат докази за човечката и божјата љубов трае 13’ и 27’’ (13:27). Во првите минути (до 04:00) се слуша само гласот на спикерот и нема слика (за да не помислите дека е некаква грешка).
       - првиот дел е за споредбеното астрономско и историско гледање на христијанството. Тоа трае околу 27 минути (до 40:21) Значи, само за 40-тина минути ќе дознаете многу интересни работи.
       - вториот и третиот дел не се за темава, но не е лошо, доколку сакате, да се погледнат.

** - ако добро знаете англиски, би било супер. Тогаш ќе разберете се за што се зборува, а што е од пресудна важност за историските и астрономските факти. Но, и доколку послабо го знаете, иако потешко, сепак ќе разберете за што се работи. Дури и тие што воопшто не разбираат, само од сликите и податоците во текстовите би можеле (доколку имаат некакво познавање од наведените области) да разберат за што станува збор.
  
*** - за жал, тука и јас сум беспомошен! Немам решение за евентуалните трауматски промени!намигнувањеплазењеголема%20насмевка
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 15:56
Откако ќе го изгледате клипчето кое погоре го постираше Zlatnik, ви предлагам да го прочитате следниов артикл каде што се разобличени лагите, измамите и погрешните заклучоци во тоа клипче.
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
chuchuliga Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај chuchuliga Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 09:18

Веронауката беше укината во училиштата во Берлин во 2006 година, по „убиството поради чест“ на една млада муслиманка

 

Градот на атеизмот, како што го нарекуваат Берлин, во неделата негативно одговори на референдумот за враќање на веронаука во училиштата и ги задржа како обврзувачки часовите по етика. Со тоа, градот Берлин и уште две други сојузни германски држави остануваат исклучок каде на учениците не им е дозволена можноста за бирање меѓу етика или веронаука, за разлика од остатокот на Германија.

Референдумот во Берлин не успеа по две основи. Првата е што одѕивот беше низок, само 29 проценти од регистрираните гласачи, а втората е дека и од тие 51,5 проценти беа против повторното воведување на веронауката како опција во училиштата. Според германските закони, потребно е, освен мнозинство гласови, најмалку 25 проценти од регистрираните гласачи да кажат „да“ за некој предлог да се усвои, што во случајот на веронауката изнесува само 14 проценти.

Веронаука беше укината во училиштата во Берлин во 2006 година, по „убиството поради чест“ на една млада муслиманка од страна на нејзините браќа незадоволни од нејзиниот западен стил на живеење. Тоа ги поттикна властите на повеќемилионскиот град да донесат одлука етиката како предмет кој учи на заеднички вредности да стане задолжителен предмет, укинувајќи ја веронауката која според нив ги дели учениците по верска основа.

Градот кој се гордее со својата мултиетичност и мултиконфесионалност, во кој 40 проценти од децата потекнуваат од имигрантски семејства, беше потресен од убиството поради што левичарските градски власти решија дека децата треба поцврсто да се учат на разликите меѓу она што е добро и лошо.

Оттогаш во Берлин, но и во цела Германија, се водеше жестока расправа за „за“ или „против“ веронауката, која резултираше со собирање 265.000 потписи од страна на приврзаниците на веронауката кои се нарекуваат „Про-рели“ за референдумот кој се одржа во неделата под мотото „Слобода на избор меѓу етика и религија“.

Нивните аргументи „за“ се базираа на тоа дека луѓето со силни верски убедувања ја почитуваат верата без оглед на нејзината форма, прифаќајќи ги сите луѓе „такви какви што се“. Еден од нивните аргументи беше и можноста религијата да се воведе во училиштата каде што наставници на германски јазик, набљудувани од државата, ќе предаваат за исламот. Меѓу поддржувачите на „Про-рели“ беше и конзервативната германска канцеларка Ангела Меркел, но и нејзиниот социјалдемократски министер за надворешни работи, Франк Валтер Штанмаер.

Противниците, пак, сметаа дека класовите по етика се места каде што „различните традиции можат да научат да живеат заедно“ и оти делењето по религиозна основа може да го поткопа социјалниот мир. Аргумент повеќе на нивна страна беше и податокот дека по воведувањето на часовите по етика како обврзувачки драстично се намалил бројот на деца кои дополнително оделе на часови по религија.

Но, во основа, и кај едните и кај другите се работи за прашањето на муслиманите, кои бројат дури и половина од учениците во одредени делови од градот, и нивното вклопување во берлинското општество. Во Берлин живее најголемата муслиманска, претежно турска, заедница во Германија со 220.000 луѓе.

(од денешен Утрински)


Изменето од chuchuliga - 28.Април.2009 во 09:20
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 19>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.