IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 61>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2009 во 18:05
Ја пак мислам обратно намигнување
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2009 во 03:52
„Полудениот“ Пепе казнет со десет меча

Image

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе е казнет со забрана за играње од десет натпревари, одлучи Шпанската фудбалска федерација.

     Португалскиот репрезентативец од кралскиот клуб беше исклучен во вторникот на натпреварот против Хетафе по невидениот неспортски потез. Го турна Франциско Каскер, потоа два пати го шутираше додека тој лежеше на земја, а потоа го удри и Хуан Албино.

     И додека траеја свирежите на Сантијаго Бернабеу, Пепе кога го напушти теренот испрати и по некоја пцовка. Ден подоцна им се извини на сите, но Федерацијата беше безмилосна.

     До крајот на тековната сезона во Примера останаа уште шест кола кои Пепе ќе ги прескокне, вклучувајќи го и „Ел Класико“ со Барселона.

     Менаџерот на Реал Мадрид, Хуанде Рамос проба да ја поправи сликата која ја создаде за себе стоперот на Пепе во изминатите неколку дена. „Збесна и згреши, но сигурно никого не сакаше да го повреди, тој ни мравка не би згазил.“ - изјави Рамос, кој во наредниот период не ќе може да смета на повредните Холанѓани, Арјен Робен и Весли Снајдер.

     „Пепе е свесен за сериозностна на својата грешка. Уверен сум дека тоа нема да му се повтори. Едноставно изгуби контрола и во моментот на лудило креираше тежок инцидент. Но, ви кажувам, Пепе е добар човек. Тој ни на мравка не би згазил. Дури не замоли да го соочиме со новинарите за да се извини.“ - изјави Рамос за новинарите.

     Пепе на гостувањето кај Севиља во дуелот од 33-то коло ќе го заменат Метцелдер, Рамос или Хајнце ако дотогаш се опорави.


Изменето од fiks - 25.Април.2009 во 03:52
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 00:50
“ГАЗЕТА ДЕЛО СПОРТ” СО ФАНТАСТИЧНА НАЈАВА:
Пандев од јуни во Јувентус!!!

Горан Пандев ќе треба да донесе свежа крв во “стариот” тим на Јувентус. Ова го најавува познатиот италијански весник “Газета дело Спорт” кој вчера ја обелодени сторијата околу заминувањето на Пандев од Рим во Торино. Според “Газета” луѓето од Јувентус на чело со тренерот Раниери веќе подолго време на својот список на желби го имаат Пандев. За летните планови ново е тоа дека во моментов Јувентус има три желби, и тоа Пандев (Лацио), Канаваро (Реал М.) и Диего (Вердер).

 

Македонецот со Лацио има договор до 2010 година и истиот не е продолжен. Постојат големи шанси Пандев да ја засили “Старата дама” затоа што Лацио се наоѓа во финансиска криза и има потреба од 8.000.000 евра за да го откупи договорот на Зарате. Весникот во Италија споменува дека Јувентус би му платил на Лацио отштета од околу 15.000.000 евра за слободата на голгетерот.

 

Во текот на вчерашниот ден луѓе од Јувентус ја потврдија веста дека има интерес за Пандев, но дека сè уште нема преговори со Лацио. Клубот од Торино најавува дека летово ќе пазари звучни имиња кои треба да ја освежат екипата, а посебно офанзивната линија каде се “истрошените” Недвед и Дел Пјеро.

 

Шпекулациите околу заминувањето на Пандев во Јувентус не се ништо ново. Во текот на сезоната неколкупати меѓу клубовите кои имаат интерес за нашиот најдобар фудбалер беше и името на Јуве. Ако овие најави станат вистините во текот на летниот преоден рок Пандев ќе замине во тим со кој во идната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите.

 

Сепак, оваа понуда и оваа најава доаѓа во време кога нашиот најдобар фудбалер е на принудна пауза поради повреда на мускулот. Неговиот Лацио се најде во финалето од Купот на Италија каде на 13 мај во мечот за пехарот во Рим ќе се судри со Сампдорија. Можно е Пандев на тој меч и со титула да се збогува со дресот на Лацио.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 14:47
ФК Вардар - Работнички, во дербито од 27-то коло

Едните административно спречени да сонуваат за Европа, другите решени да го одржат четиригодишниот меѓународен тренд, но товарени од сопствената непостојаност во формата. Вардар и Работнички ќе бидат центар на 27-то коло од првата фудбалска лига.

И од двата табора веруваат во своите шанси за успех и се едногласни дека утре на „Градски“ ќе се одигра убаво фудбалско дерби.

„Како секогаш и на секој натпревар одиме на победа и пред се би сакал да прикажеме една добра игра, со која ќе можеме и ние да бидеме задоволни и оние кои што ќе не гледаат“, изјави менаџерот на ФК Работнички, Бобан Бабунски.

„Мислам дека и двете екипи влегуваат во една иста состојба, се надевам дека нема да има многу тактизирање и дека љубителите на фудбалот ќе видат едно убаво дерби“, додава Бабунски.

„Ќе одлучи квалитетот на екипата, но мислам дека сме поквалитетни од Вардар. Оваа сезона пруживме доста слаби резултати, но мислам дека пресвртот ќе биде со победата над Вардар и со тоа Работнички ќе се врати на победнички патеки“, вели Ѓорѓи Мојсов, фудбалерот на Работнички.

„Не не залажува нивната моментална форма и мислам дека квалитетна екипа, имаат 20-на играчи со ист квалитет, на сите позиции. Ќе биде еден убав дерби натпревар, со борбени, дисциплинирана игра. Моменталната инспирација и една од грешките на двете екипи ќе го решат противникот“, изјави Жикица Таневски, тренерот на ФК Вардар.

„Сега имаме одлична атмосфера, сите играчи едвај чекаат да се соединат на тренинг, пред се поради големото другарство, се надевам дека тоа ќе не краси и на неделниот натпревар. И одиме на поволен резултат“, додава Томче Пачовски, голманот на ФК Вардар.
Жикица Таневски, тренерот на ФК Вардар


Натпреварот започнува во 16:00 часот, термин во кој се играат и останатите средби, а во кои се среќаваат:

    * Силекс - Победа
    * Металург - Напредок
    * Македонија Ѓорче Петров - Пелистер
    * Милано - Турново

Слободна во ова коло е екипата на Ренова.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 11:11
Волфсбург остана на челната позиција

Фудбалерите на Волфсбург по серијата од десет победи доживеаја пораз на гостувањето кај претпоследниот Котбус со 2:0 во еден од двата последни натпревара од 29-тото коло на Бундес лигата. Но и покрај тоа што загубија останаа на првата позиција благодарение и на поразите на своите конк*ренти.

Во вториот натпревар Борусија Менхенгладбах и Арминија одиграа нерешено 1:1.

Табела: Волфсбург 57 бодови, Херта 55, Баерн, Хамбургер и Штутгарт по 54,...
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 16:52
Клинсман доби отказ од Баерн Минхен

Јирген Клинсман повеќе не е тренер на Баерн Минхен. Откако на клупата на гигантот не мина ниту цела сезона, чашата ја прели саботниот пораз против Шалке на “Алианц Арена”.

Иако сеуште не е потврдено, најверојатно тимот до крајот на сезоната е го води Хејнкес.

Баерн пет кола пред крај на сезоната во Бундеслигата е трет на табелата со три бода заостанување зад водечкиот Волфсбург. Во 1/4-финалето од Лигата на Шампионите пред неколку дена беа декалсирани од Барселона.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 17:09
auuuu kolku me izraduva ovaa vest!

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 17:10
голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 19:09
ФИФА почна со пет судии

Славните Фламенго и Ботафого одигра 2:2 во првото финале на првенството на бразилската држава Рио, но мечот е специфичен поради податокот дека го водеа пет судии.

Покрај од вообичаените асистенти, главниот имаше помош и уште од двајца кои стационирани крај гол линијата имаа задача да ги решаваат сите ситуации во шеснаесетникот.

Ова е дел од тестирањето на ФИФА во обид да се минимизираат судиските грешки.

Фудбалерите изјавија дека им се допаѓа идејата иако не ни ги забележале дополнителните судии кои немале многу работа.


Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 23:07
Олимпиакос АЕК 19:18 газење%20од%20смеење
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 02:11
Originally posted by да          бе да          бе напиша:

Олимпиакос АЕК 19:18 газење%20од%20смеење


Se iznashutiraa penali ovie haha

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 03:26
 
 
Кристијано Роналдо: Ма каков Реал Мадрид
3.05.2009.
ImageНајдобриот играч за 2008 година во светот, Кристијано Роналдо, ги реши сите дилеми околу неговиот престој во Манчестер Јунајтед за наредните сезони...      Кристијано Роналдо конечно проговори околу неговите планови слушајќи го постојаниот интерес на Реал Мадрид за ова лето.
     Португалецот изјави дека се гледа во иднина како играч на Манчестер Јунајтед и сака да стане легенда на тимот, како што е во случајот со Рајан Гигс, Пол Сколс и Гери Невил во моментов.
     "Не размислувам повеќе за Мадрид, Тој сон е веќе мртов. Единственото нешто што го сонувам сега е Манчестер Јунајтед и освојување на Лигата на Шампионите повторно во Рим. Сакам да останам во Манчестер зашто сакам да бидам легенда тука. Видете како го возвишуваат сега Рајан Гигс. Тој тука е веќе легенда, а јас сакам да бидам како него."- краток беше Ронадло.
     Најдобриот фудбалер во Јунајтед со оваа изјава ги израдува фановите на Манчестер Јунајтед кој беа загрижени околу неговата иднина.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 10:15
Канаваро ги мина лекарските прегледи

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Фабио Канаваро тврди дека одбил да премине во Манчестер Сити и Баерн на крајот на оваа сезона, по истекувањето на неговиот договор ова лето. Искусниот 35-годишен играч се надева на враќање во Јувентус, да ја заврши кариерата, а истото го потврди и управата на "Старата дама". Синоќа Канаваро заедно со неговиот агент Гаетано Феделе заминаа во Италија на закажани лекарски прегледи, кои траеја околу два часа.

"Следната година ќе почне светското првенство, а јас посакувам да бидам во репрезентацијата. Во Реал ми кажаа дека ќе треба да поминат изборите, за да одлучат дали ќе ми го продолжат договорот. Но јас размислувам за заминување во Јувентус. Ги минав лекарските прегледи со торинскиот клуб и се надевам дека на лето ќе се вратам овде. Точна е информацијата дека одбив две добри понуди. Тоа беа на Баерн Минхен и Манчестер Сити", истакна Канаваро.

Сега се чека одговорот од Јувентус и нивната управа, а дотогаш Канаваро е фудбалер на Реал и ќе игра во овој клуб на преостанатите четири средби од шпанската примера.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 08:43
Ако Рибери замине, тогаш Баерн потпишува со Диего

Баерн Минхен од следната сезона би можел да остане без својот најдобар фудбалер, Френк Рибери. Меѓутоа, ако Французинот си замине тогаш гигантот од Минхен ќе го донесе Бразилецот Диего, истакна директорот на "баварците", Ули Хенес.

Веќе подолго време се најавува дека Барселона и Реал Мадрид се главните фаворити за неговиот потпис и дека уште на лето ќе почнат офанзива за неговите услуги.

"Ако Рибери си замине, тогаш Диего ќе биде неговата замена", рече Хенес.

Французинот најави дека посакува да остане на Алианц арената, но ако баварскиот клуб не избори пласман во Лигата на шампионите тогаш многу лесно може да се случи да ја смени средината. Реал Мадрид веќе го има пикирано како трансфер аквизиција за новиот претседател Флорентино Перез, кој нема да жали пари за квалитетни имиња.

За Диего подолго време се шпекулира дека ќе премине во Јувентус и дека преговорите се во завршна фаза, но Баварците можат да им ги расипат сите планови. Бразилецот е исто така посакуван од многу клубови, но последниот збор го има Вердер, клуб со кој има договор до 2011 година.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.