IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Предрасудите за религиозноста
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Предрасудите за религиозноста

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 17:19
Messenger, mnogu dobro pochna so komentarov i analizata. Pomisliv deka kje otidesh chekor podaleku vo hipotetichkite pretpostavki....no vred, eve jas kje se nadovrzam:
Ok e prashanjeto za toa koja e taa - najispravnata vera, hristijaninot smeta deka toa e hristijanstvoto, muslimanot smeta deka toa e islamot i t.n.
Da pretpostavime deka i ova prashanje kje se razreshi, eve da recheme deka pravoslvieto e najispravniot pat, ili pak islamot, ili pak judaizmot ( ne e toa problemot) tuku zamisli go svetot koga site bi bile vernici na edna ista vera, i toa vernici po site normi, da nema ateisti...na shto kje lichi svetov ? Fizikata ne uchi mnogu ubavo : Ako nema "trienje" nema nishto ( mislam deka sum jasen so ova fizichkiov "zakon").... Ova, po mene e sushtinskoto prashnaje ?

Изменето од Marko sk - 22.Април.2009 во 17:23
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 18:21
Бев воодушевен од начинот на кој Полжавчето и Ахмар во своите пораки пријдоа на овој проблем.не%20вреден Додека ги читав, си мислев: „леееле, кој сега ќе пишува за пофалбите и за сето она што по тие пораки сакав да коментирам“! Но, тука во помош (ми) дојде Месинџер и ме спаси од пишувањеплазење. Тој веќе го напишал тоа што јас сакав да го речам. аплауз големо%20гушкање
Ова навистина беше убаво.

За разлика од овие прекрасни зборови, следниве ме доведуваат до разочарување :
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Ахмединеџад може да ти прави друштво по фундаментализмот и нетолеранцијата...
... искуството на верникот може само да помогне да се согледа уште една перспектива за која атеистот е слеп...
...
има и такви луѓе што повеќе сакаат да носат одлуки на слепо. Некако добивам чувство дека си во таа група....

Ова разочарување не е поради личните напади (навреди) кон мене, туку од фактот што тие излегуваат од устата на еден „православен“ верник!тага Овакви зборови да бидат кажани од мене, грешен безбожник и атеистглупчо - и да не се чуди човек! Но, од верник?!збунетост

Доколку јас би ја имал таа предрасуда и начин на однесување својствена на погоре цитираниот верник, можеби на неговиов цитат би го дал следниов коментар: :
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

... кога би се соочил со некоја тешка одлука во животот, би сакал да ги имам в предвид СИТЕ МОЖНИ ГЛЕДИШТА (овде секако подразбираш и верски), за да донесам разумна одлука.

Хм, ...размислување верско - разумно?
Но, добро е што ги немам ваквите квалификации како некои верници. За среќа, има читатели кои ги пратат нашите пишувања и врз основа на нив лесно можат да заклучат кој може да прави друштво на Ахмединнеџад по однос на (не)толеранцијата!



Изменето од Zlatnik - 22.Април.2009 во 18:22
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 18:34
Не се разочарувај големо%20гушкање За секоја депресија има лек.

Жал ми е што не ги разбираш аргументите. Нема ништо нелогично во тоа дека атеистот е слеп за верата. Зар ти мислиш поинаку?

Класичниот аргумент „вие треба да се подобри од нас“, го толкувам како и секогаш, како еден вешт сарказам за избегнување на морална одговорност во вашето однесување. Ниту еден човек, верник/неверник не е ослободен од одговорноста кон морално однесување, ма колку и да сакате со атеизмот да се скриете од одговорност.

И за крај мораше уште еднаш да ја истакнеш својата нетолерантност и навреди кон религиозните луѓе. Спротивно на твоето убедување, верата не е неразумско нешто. Впрочем верата е врв на разумното, на мудрото, на доблесното - секако не очекувам атеист да ги разбере овие вистини, да не речам повторно заради својата слепост во оваа област.

Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 18:51
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

... Впрочем верата е врв на разумното, на мудрото, на доблесното ...

Да, се согласувам дека е врв на нешто. Е сега, дали е баш на сето тоа што го наброја или на нешто друго ... останува секој сам да просуди!

Би те замолил, за да не забегаме од темава и за да не биде сфатено како наше лично препукување, да завршиме со меѓусебните (ај да ги речам) обвинувања! Може?
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 18:55
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

... Впрочем верата е врв на разумното, на мудрото, на доблесното ...

Да, се согласувам дека е врв на нешто. Е сега, дали е баш на сето тоа што го наброја или на нешто друго ... останува секој сам да просуди!

Би те замолил, за да не забегаме од темава и за да не биде сфатено како наше лично препукување, да завршиме со меѓусебните (ај да ги речам) обвинувања! Може?


Не знам зошто си ја сфатил оваа дискусија како личносна. Ние овде дебатираме за ставови (атеизам - вера), кои ние како личности само ги претставуваме.

Се разбира, ако ни е потребен мир - од верникот секогаш треба да дојде - како што вели Св. Писмо „колку што е до вас, трудете се со сите да живеете во мир“. Значи, апсолутно прифаќам, да престанеме со (како што ти си ги разбрал иако според мене не се тоа) личните препукувања.

Пријатна вечер!
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2009 во 11:45
Доста теми потегнуваш со твоите размислувања Месинџер,но еве по ред(поточно одоздола нагоре)
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

- Ako kako uslov za blagosostojba na vernicite i opshtestvoto e prifakjanjeto na verata od strana na site lugje, togash KOJA VERA kje bide taa? Dali neshto takvo e mozhno ili nie tuka zboruvame samo za nekakva religijska utopija?


А зошто мислиш дека благосостојбата на верниците и на општестово е цел сама по себе на верниците?!
Сепак не треба да заборавиме дека овој свет каков што е сега е во грев,т.с не е како што требало да биде,поради нашиот избор.Така да желбата за земен мир и самодоволна благосостојба на телото повеќе му прилега на комунизмот како идеологија отколку на Христијанството.
Еднаш некаде прочитав,разликата меѓу христијанството и сите овоземни идеолошко-политички учења е дека првото вели дека рајот е на небесата додека второто сака да не убеди дека може рајот да го направи тука на земјава.


Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Koga vernici razmisluvaat na nachinot koj go razgleduvame sega, sekogash mislat na SVOJATA VERA. Za niv samo taa e vistinskata, site drugi se lazhni, pa spored toa smetaat deka ako site stanata VERNICI NA NIVNATA VERA, togash svetov kje stane Raj na zemjata. Mislejki na ovoj nachin, vernicite ne se svesni deka postavuvaat nepremostiva linija razdelnichka megju niv i drugite, megju onoa sto tie go smetaat za "visitina" i "pravdina", i noa sto po avtomatizam stanuva "laga" i "greshnost". Ne se svesni deka vo toj moment tie stanuvaat krajno netolerantni i antagonistichki sprotivstaveni kon site onie koi spored nivnata definicija se "nevernici".


Да,би било неискрено од мене сега да се правдам дека абе сите вери се добри,зашто како припадник на Христовата Црква верувам во Апсолутна вистина и тоа дека вистината и спасението е само во Христовата Црква чија глава е Богочовекот Христос.Така да ништо не гледам лошо во оваа моја изјава.Но како што погоре реков НЕ НИ Е ПОЕНТАТА ДА НАПРАВИМЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА(скраја да е!! ),како ни тоа сите до еден да ги направиме верници од нашата вера.Бидејќи и самиот Бог знае дека не сите ќе Го прифатат, па затоа на тајната вечера Христос вели за телото и крвта која се прекршува за МНОЗИНА,(не вели за сите).
Или пак кога Христос вели мнозина се повикани но малкумина се избрани,тоа треба да се сфати дека сите се повикани да станат Христови ученици но дека малкумина(во однос на мнозинството) ќе го прифатат и примат Христос со целото свое битие и душа.А и тие што декларативно ќе го направат тоа не значи секогаш дека и суштински го имаат Христос во себе си.
Да треба да мисионариме со дела меѓу ближните но преобраќањата не ги правиме ние туку Бог!ние треба само да ја проповедаме радосната вест и сите луѓе да ја чујат.А тоа дали тие што слушаат ќе прифатат или не е нивно право и личен избор.
Додека не би гледал јас така на тоа дека сега верниците по дефол се нетолерантни.Тоа ја би го споредил со тоа кој какво кафе сака, некој со млеко некој без млеко,е сега имали логика да се пројави антагонизмот од моја страна спрема оној кој не сака млеко во кафето? мислам не.
А колку повеќе за луѓето кои се створени по образ Божји.
Он ги створил и многу подобро знае зашто и кога го направил тоа и со која цел( за секој од нас лично),така да кој сум јас да се ставам пред Творецот и Седржителот и да се дрзнувам да ги напаѓам творенијата Негови?!
Он ги љуби бескрајно и се грижи за нив и покрај нивното офрлање на Него,затоа и страдаше Христос за нас.И покрај што го плукаа и го исмеваа,и на крст дури го распнаа како најдолен криминалец, Он се застапуваше за нив!
Тоа и ни го остави на нас,сегашните негови следбеници да го правиме до крајот на светот "Имајте мир помеѓу себе и по љубовта ќе ве познаат дека сте мои ученици".

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


1. Dali e vozmozhno vo deneshniov svet, so deneshniot nachin na zhiveenje, chovek da bide vo komuna so obichni lugje,..... Dali takvoto odnesuvanje kje korespondira so nachinot na odnesuvanje na drugite lugje, normite postaveni na rabotnite mesta, opisot na rabotnite mesta, tolerancijata vo megjuchovechkite relacii i t.n?


Возможно е без разлика дали светот околу нас не подржува во нашата вера или го прави спротивното.Сега се враќаме на тоа 24/7 како најголем репер за тоа како треба да се живее.СЕКАДЕ,СЕКОГАШ и со СИТЕ!Евагелското однесување бара да се однесуваме кон другите секогаш исто   т.с љубовно,без разлика дали ни се враќа или не ни се враќа во иста мерка т.с се однесуваме КАКО ТРЕБА А НЕ РЕЦИПРОТИТЕТНО.
Конфликтите(дали креативни дали деструктивни) се неизбежни во светот повреден од гревот и сега треба да се прилагодиме на тоа.За секојдневните работи и нештата кои не го засегаат нашето спасение може да се договориме(на пример на која страна треба да се пружаат алиштат или во која боја да се офарбаат клупите пред зграда) но за вистината нема место за компромис.
Сепак историјата покажала дека христијаните може да "виреаат" во сите услови и околности: прогонувани,фалени,кудени,јавни и скриени,во царски палати и во гулазите



Изменето од ahmar1 - 23.Април.2009 во 15:09
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2009 во 15:41
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


Но како што погоре реков НЕ НИ Е ПОЕНТАТА ДА НАПРАВИМЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА(скраја да е!! ),
Зошто тогаш христијаните во Оче Наш која ни ја даруваше Исус Христос, молат со зборовите: „Нека дојде царствтото Твое, нека се врши волјата Твоја, како на Небесата така и на земјата...„ ???
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Конфликтите(дали креативни дали деструктивни) се неизбежни во светот повреден од гревот и сега треба да се прилагодиме на тоа.
Но до кога сакаме светот да остане во гревот? Светот го правиме ние, луѓето. Во Оче Наш молиме „да се врши волјата Твоја„!!! Дали е волјата на Отецот Небесен гревот? Сакам да речам дека не мораме да чмаеме во гревот, туку можеме да почнеме кај себе си за да еден ден навистина може да настане цартството на Мирот.

Изменето од Majkl - 23.Април.2009 во 15:43
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2009 во 16:28
Далеку отидовте од темата.
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.