IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 61>
Автор
Порака
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 11:07
 
 
 
Грција под истрага на ФИФА...!!!
 
Меѓународната фудбалска федерација покрена истрага против Грчкиот фудбалски сојуз поради инцидентот за време на натпреварот Грција-Израел во рамки на квалификациите за СП 2010 во Јужна Африка.

На квалификацискиот меч што Грците го добија со 2:1, домашните навивачи го попречуваа израелскиот голман со ласерски зраци.

Израелците по натпреварот упатија официјален приговор до ФИФА, по што е отворена истрага за мечот што се играше на стадионот Панкритио во Хераклион.

Грција по шест одиграни натпревари води во втората група со 13 бодови, колку што има и Швајцарија, на трето место е Летонија со 10, па следат Израел со 9, Луксембург со 4 и Молдавија со 1 бод.
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 10:40
Дали конечно после долги години на врвот на Француското првенство,неприкосновениот Лион ќе ја изгуби годинешната титула.
 
 
Олимпик Марсеј нов лидер во Француското фудбалско првенство

По киксот на домашен терен на шампионот Лион (2:2 со Монако) во синоќешниот последен натпревар од 31 коло во француското првенство нов лидер на табелата е Олимпик Марсеј, кој со 4:1 го совлада Гренобл.

Во третиот неделен натпревар Лил и ПСЖ одиграа без голови - 0:0.

Олимпик Марсеј е прв со 61 бод, пред Лион со 60, Бордо 59,...

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2009 во 08:06
Лацио во паника, Пандев заминува...

Само неколку дена по римското дерби и по голот во мрежата на Рома следи нова офанзива низ медиумите во Италија кои се преплавени со шпекулациите за иднината на Горан Пандев. Македонецот си оди од Лацио, а клубот е во паника. Пандев се уште не го продолжил договорот со римјаните а сезоната завршува. Лацио нема финансиска моќ да ја добие битката со гигантите кои се борат за потписот на Пандев. Струмичанецот е на слатки маки, а доаѓа времето кога треба да се стави крај на сите дилеми. Нервозен е Клаудио Лотито, првиот човек на Лацио, кој конечно призна дека за Пандев има понуди од големи клубови како Баерн Минхен и Ливерпул.

"До 30 април треба да ги решите сите дилеми со Пандев и Зарате. Имавме многу состаноци и преговори. Мислам дека со двајцата ќе ја завршиме работата. Тие се иднината на клубот. Пандев има понуди од клубови кои во моментов имаат посилна финансиска моќ (Баерн М. и Ливерпул), но тој сака да остане во Рим. Ние на неговите менаџери веќе му понудивме нов петгодишен договор со тоа што првата сезона ќе игра за плата од 1.500.000 евра, а потоа цифрата ќе се зголемува", панично кометира Лотито за весникот "Ил Темпо".

Е ова е нешто ново!!! Ова се вика паника затоа што барем досега Лотито многу се ценкаше кога станува збор за Пандев, чиј услов беше да има годишна плата од 2.000.000 евра место досегашните 600.000 евра по сезона. Лотито долго споменуваше цифри од 800.000 евра па и 1,2 милиони а еве го сега и со понуда од 1,5 милиони евра. Стравува дека Пандев си оди, а стравува и дека Лацио нема добро да наплати за слободата на Македонецот. Во јуни менаџерите на нашиот најдобар фудбалер можат да го активираат правилото 17 на ФИФА според кое Пандев ќе може да си го откупи договорот за сума од околу 3.000.000 евра, што е лошо за Лацио кој многупати одбиваше за Пандев и цифри од 12.000.000 до 18.000.000 евра.

Она што го дознавме е дека покрај Баерн и Атлетико стигнала и нова понуда за Пандев од Ливерпул. Се обновуваат преговорите со англискиот клуб кој ќе се обиде да им ги расипе сметките на Германците и Шпанците.

Саботното дерби во Рим го следел и Свен Горан Ериксон. Тој летово би можел во Баерн Минхен или Челзи. Во неговиот нотес веќе подолго време стои името на Пандев кој би можел да замине во клубот каде за нов шеф ќе биде назначен токму поранешниот селектор на Англија.

А Пандев и неговите менаџери ја добиваат битката околу тактизирањето и околу преговорите со Лацио. Летото се ближи, а со тоа се ближи и денот на разделбата меѓу Пандев и Лацио. Сепак, времето ќе покаже. Последните најави кажуваат дека фудбалерот и неговиот менаџерски тим се фокусирани кон трансфер во нова средина. За разлика од претходните преодни рокови, сега имаме појасна слика. Сега Пандев може да си замине без да го праша Лацио!!! А секој ден има нови клубови кои се на листата кои имаат желба во своите редови да го видат Пандев. Покрај трите поинуди се споменуваат уште Интер, Фиорентина, Зенит, Валенсија... Сите тие се со подобар рејтинг од Лацио и нудат повеќе од 2.000.000 евра годишна плата за нашиот фудбалер.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 14:33
Миленко Неделковски е информатор и сведок за случајот Победа

УЕФА по спроведената истрага по покренатото обвинение против двократниот македонски шампион Победа , од минатиот месец , изрече казна со која го суспендира прилепскиот клуб од европски настапи во наредните 8 години и доживотна забрана за било каква активност во фудбалот на претседателот Александар Забрчанец и поранешниот капитен Николче Здравевски. Казната е изречена по обвинението за местење на натпреварите со ФК Пјуник во рамките на квалификациите за Лигата на Шампионите во јули 2004г.

Во својство на набљудувач 7-часовниот состанок на кој присуствуваа сведоците на обвинението и претседателот на ФК Победа го следеше и генералниот секретар на ФФМ, Никола Костов кој доцна синоќа се врати од Нион:

"Состанокот беше класично испитување од страна на комисијата на УЕФА на која застапникот на ФК Победа и претседателот Забрчанец ги презентираа своите изјави и ставови во однос на обвинението за местење на средбите со ФК Пјуник. На сослушувањето беа презентирани и фактите на комисијата врз кои се темели ова обвинување, како исказ на стручно лице за следење на коефициентите на обложувалниците а во улога на клучен сведок и информатор се појави спортскиот новинар Миленко Неделковски. Потоа беше донесена одлуката која веќе и е позната на јавноста на која ФК Победа во рок од три дена има право на жалба. Ние како федерација ќе го следиме случајот до крај и по донесената одлука на второстепената инстанца во согласност со нашиот статут и правилниците ќе ги спроведеме препораките и одлуките на УЕФА." - изјави генералниот секретар на ФФМ, Костов за веб сајтот на националната фудбалска куќа.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2009 во 10:24
Победа мора во понизок ранг!!!

Мега скандалот во Европа поврзан со откритието на УЕФА дека натпреварите на Победа и Пјуник во 2004 година биле наместени и изречените санкции против сторителите на тешкото дело е топ тема на сите меридијани. Прилепчани 8 години без настапи на евро-сцената, а Александар Забрчанец и Николче Здравевски заработија доживотни суспензии. Внатрешната контрола на УЕФА докажа дека натпреварите биле наместени, а Победа немаше аргументи да излезе на крај на обвинението. Како единствен медиум од Македонија ја имавме таа можност и бевме на местото на "злосторот" и местото каде се водеше судскиот процес против Победа. Македонскиот тим ја доби максималната казна, а истото важи и за Забрчанец и Здравевски.

Голем срам за фудбалот во Македонија, но и за државата. Дали случајот ќе застане тука!?

Победа има право на жалба и не е за верување дека истата би донела намалување на казните со оглед на тоа дека УЕФА има цврсти докази дека средбата е наместена. Три клучни сведоци, експертиза на луѓе од обложувалниците, изјави на службени лица и видеозаписи.

Сепак,чуднисе реакциите на ФФМ. Никој од нив не очекуваше ваков шок затоа што сите ги слушаа лажните приказни на претседателот Хаџи-Рстески. Прилеп е вмешан во мега скандалот со наместени натпревари,а ФФМ но и државните власти во земјава мора да ја продолжат истрагата.

А што велат фудбалските закони во ФФМ!?

Според член 71 од дисциплинскиот правилник треба да се очекува одлука на ФФМ според која Победа од Прилеп ќе биде казнета со префрлување во понизок ранг. Тоа го пишува во правилникот на ФФМ каде местенката на Победа фатена од УЕФА мора и треба да се окарактеризира како: "Негативна појава од поголеми размери и значења". Факт е дека поголем срам од овој немало во мак-фудбалот,а истото важи и за големината на скандалот. Цел свет ни се смее и не покажува како местачи на натпревари и тоа не домашни туку меѓународни.

Но дали ФФМ ќе се обиде да тргне во спроведување на законот кон своето милениче? Клубот на Харалампие Хаџи-Ристески (екс претседател на Победа), треба да биде префрлен во понизок ранг, да биде казнет со 5.000 евра, а УЕФА веќе доживотно ги отстрани оние кои биле вмешани во местенката. Така е напишано и тоа е закон!!!

Она што чуди е одредениот став на некои функционери во ФФМ кои по донесувањето на одлуката на УЕФА низ медиумите се пофалија дека тие нема да покренуваат никаква дополнителна постапка против Победа. Па зарем е тоа возможно? Ќе ги почитувале само одлуките на УЕФА. Зарем не сфатија за сериозноста на случајот и дека во секоја нормална држава по луѓето, клубовите или фудбалските работници кои учествуваат во местенки следат дополнителни казнени мерки. Требаше некој друг да и каже на ФФМ дека тука во земјава се мести на големо, за интерес, за обложувалници... Ако е тоа така зошто постои дисциплински правилник, па и зошто постои ФФМ ако некој друг и ги брка работите и ги решава скандалите.

Овој силен "земјотрес" кој го урна до темел мак-фудбалот мора да има поголеми казнени мерки. Без разлика на тоа што станува збор за Победа. ФФМ мора да го спроведе законот. Тој е ист за сите и не треба да се фаворизираат клубовите. Доста со таа политика, со таа фудбалска власт... Само поради тоа што Харалампие и Победа мислеа дека ова е обид некој да ја освои власта во ФФМ се случи ова што се случи. Луѓето немаа абер дека скандалот е сериозен и дека некој надвор врши истрага и дека истиот тој не паѓа на "евра", на приказни... Внатрешната контрола не бира клубови, имиња... Не ја ни интересира дали Петко или Харалампие е прв човек на ФФМ. Ја фатија местенката и ги изрекоа казните. Што правиме сега!? Што ако "утре" има нов удар, нов "земјотрес"... До кога Хаџи-Ристески ќе жртвува се околу себе и ниту во еден момент нема да признае дека не го бива. Самиот се фати во замката затоа што никој не го поврза со овој скандал а самиот низ медиумите почна да се "вади". Прилепчани за пари и нанесоа тежок срам на Македонија. Браво и до кога!?
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
mladen77 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mladen77 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2009 во 23:28
Pozdrav svima,slucajno sam nasao ovaj blog http://www.profit_bet.bloger.hr/ ,pre par dana i ispratio ih par utakmica,prvo su stavljali pre pocetka tekme i kao ni vi nisam vjerovao da ce ista pogoditi,ali sam se jako iznenadio,od sada m sa njima,postao sam njihov klijent,pa ako neko zeli neka pokusa,da ih prati,lijep pozdrav svima i izvinjavam se na smetnji.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 08:11
Пандев еден месец во "аут"

Фатален "судар" на Горан Пандев во саботата со голманот на Џенова. Се играше 38. минута од натпреварот кога нашиот најдобар фудбалер во обид да ја затресе мрежата на домаќините налета на голманот Рубињо, кој го "разнесе" фудбалерот на Лацио. По само неколку секунди игра Пандев побара замена и не можеше да го продолжи натпреварот.

"Вчерашните снимки покажаа дека мора да мирувам дваесетина дена", коментира Пандев од Рим неколку часа по веста од лекарите дека повредата не е наивна и дека паузата е неизбежна.

Ова е шок за тренерот Делио Роси, кој без својот најдобар стрелец во оваа сезона му оди на реваншот од 1/2 финалето во Купот на Италија против Јувентус. Пандев се очекува да се врати на терените кон средината на мај и ќе ги пропушти неколкуте важни натпревари на Лацио во финишот од сезоната.

"Заморот си го стори своето. Имав исцрпувачка сезона и многу натпревари. На почетокот на годинава имав проблеми со палецот, а еве сега и со мускулот. Лекарите ми соопштија дека од ударот имам искинато некои мускулни влакна. Сега пред мене е период од 3-4 недели на рехабилитација и терапии. Нови резултати ќе има за 10 дена кога ќе имам и подетални информации кога точно би можел да бидам фит", појаснува Пандев, кој никогаш досега во кариерата немал подолга пауза од еден месец.

Ваквите вести од Рим се лоши за Лацио, но и добри за нашиот национален тим. Во најлош случај Пандев би се вратил за еден месеци и со тоа ќе биде фит за настапот на дуелите со Норвешка и Исланд на почетокот на јуни во Скопје.

"До јуни би бил сигурно фит. Сега веќе и нема потреба од операција на палецот кој помина со терапии. Лекарите предвидуваат дека ќе можам да играм кон средината на мај", потенцира Пандев, кој како гледач ќе ги следи настапите на својот куп во наредните неколку првенствени и куп средби.

Пандев со вкупно 16 голови во оваа сезона е најдобар стрелец оваа сезона во Лацио. Постигна 9 погодоци во Серија А и 7 во Купот на Италија.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 10:52
Натпреварите од 26-то коло во Првата фудбалска лига се играат попладнево

Денеска со почеток во 16:00 часот, се играат натпреварите од 26-то коло во Првата македонска фудбалска лига.

Се среќаваат: Работнички – Силекс, Хоризонт Турново – Вардар, Пелистер – Ренова, Напредок – Македонија Ѓ.П. и Победа – Металург. Слободна во ова коло е екипата на Милано.

Табела: Македонија Ѓ.П. 51 бод, Ренова 44, Милано 43, Работнички 35 (-1 натпревар), Вардар 35 (-1), Хоризонт Турново 27 (-1), Силекс 23, Металург 23, Победа 20, Напредок 19 и Пелистер 19.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 13:26
Denesen "Makedonski Sport"

"Разочаран сум"

Оваа е историската изјава на Харалампие по објавувањето на казните во врска со Победа а ги изрече УЕФА.
Мора да му се честита на Хари за вака опширната изјава и отфрлањето на ваквата казна од УЕФА. Како да се работи за некој клуб од Казахстан, а не за клубот од каде дојде на чело на ФФМ.
Јасно е дека претседателот на ФФМ повторно ќе глуми дека е "невин како јагне" ама сега нема на кого да се жали затоа што и Платини уште истиот ден ја поздрави одлуката на Дисциплинската комисија. Можеби Харалампие сака да ги поштеди луѓето од многу објаснување, а богами има многу причини за кои треба да објасни зошто е разочаран. За да не ги дави луѓето со глупави објаснувања дека е невин еве ќе му поставиме три прашања на кои ако даде одговор многу фудбалски фанови ќе го сфатат неговото разочарување, а УЕФА сигурно ќе му даде полна поддршка "да се справи со криминалот". За почеток:
1. Дали со претседателот на Победа е во роднинска врска?
2. Кој беше директор на Победа кога е натпреварот местен?
3. Дали финансиски ја поддржуваше  Победа кога е одигран мечот со Пјуник? и
4. Дали претходните три прашања имаат врска со него или "није одавде"?
Три мали прашања со многу едноставни одговори кои директно завршуваат на домашната  адреса на Хари, а ги знае целата македонска јавност.
Навистина е разочарувачки  да се појавиш во јавност и да тврдиш дека новинарите од Македонија кои биле во Нион се главни виновници за скандалот на Победа, а да ги заборавиш  трите заштитени сведоци на УЕФА кои сведочеле за натпреварот.
Не оди таа работа, фудбалските работници бараат одговори иако веќе ги знаат..
Нема потреба од глумење " жртвено јагне", нема потреба од велигденски ручеци на Тиквешко езеро, нема потреба Спирковски да толкува Дисциплински правилник, Зејди е тука, само треба да се спроведуваат пишаните документи кои јасно кажуваат: минус бодови и префрлање во понизок ранг на натпревари.
Глумењето  лудило негативно ќе се одрази на македонскиот фудбал затоа што на овие три прашања и УЕФА ги знае одговорите. Друштвото од тиквешкиот ручек го нема решението на проблемот, секое понатамошно заташкување на небулозите кои ги правите води кон едно, Принудна управа од УЕФА. Сигурно Ви личи чудно и смешно но очигледно е дека не ја разбравте сериозноста на работите и не сакате да ја прифатите реалноста, а тоа е дека УЕФА Ви гази на опашката.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2009 во 10:03
Панчев во тимот на светските ѕвезди

Македонскиот фудбалер на векот, Дарко Панчев доби ново големо признание со поканата да настапи во селекцијата на светот како дел од турнејата која од 22 јуни до 5 јули ќе се одржи во Канада.

Панчев добива покана како единствен претставник од Балканот во тимот на Французинот Зинедин Зидан кој ќе биде предводен од едно од најголемите светски тренерски имиња, Италијанецот Ариго Саки.

Според размислувањата на организаторите на оваа турнеа чија цел е активна промоција на фудбалската игра, планирани се вкупно четири натпревари на светските ѕвезди со селекции од северноамериканскиот континент.

Според најавите, во тимот на светските ѕвезди заедно со македонската фудбалска легенда Дарко Панчев треба да настапат и Павел Недвед, Кристијан Виери, Франко Барези, Габриел Батистута, Паоло Малдини, Бразилецот Роналдо...

Оваа турнеа е подржана и од претседателот на УЕФА, Мишел Платини како дел од кампањата за замена на насилството по фудбалските терени, крај на манипулацијата со фудбалската игра и враќање на нејзините минати вредности.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2009 во 10:19
Сампдорија издржа против Интер и ќе игра со Лацио
23.04.2009.

Image

Во финалето од италијанскиот Куп ќе играат фудбалерите на нашиот репрезентативец Горан Пандев, Лацио и Сампдорија, а во полуфиналето останаа два италијански гиганта: Јувентус и Интер. 

     Интер имаше тежок испит на Сан Сиро бидејќи мораше да лови заостаток од 3:0 од првиот натпревар против Сампдорија, но успеа на крај да победи со минимални 1:0. Беше на добар пат до целта кога во 27-та минута со прекрасен погодок во водство го донесе најдобриот стрелец Златан Ибрахимовиќ.

     Од врвот на шеснаесетникот, од десната страна, Ибрахимовиќ ја зафати топката со десната нога и ја испрати во мрежата, но покасно се констатира дека тоа беше воедно и единствениот погодок на натпреварот.

     Веќе во наредната акција Швеѓанецот беше во нова прилика, а многупати до крајот на мечот гостинскиот состав беше доведен во искушенија, но исто толку пати се извлекуваше од сите проблеми и успеа да ги сочува големите 3:0 од првиот натпревар. 

Италијански Куп, полуфинале:

Интер - Сампдорија 1:0 (Ибрахимовиќ 27)

прв натпревар 0:3

одиграно во среда:

Јувентус - Лацио 1:2 (Дел Пиеро 64 - Зарате 38, Коларов 52)

прв натпревар: 1:2

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2009 во 11:49
Барселона продолжува да гази

Фудбалерите на Барселона продолжија со одличните игри, бидејќи со 4:0 ја совладаа третопласираната Севиља.

Со оваа победа Барселона ја врати предноста од шест бодови во однос на второпласираниот Реал Мадрид. Вчера, во мадридското дерби, Реал се извади со гол во последната минута, додека Барселона елегантно, впрочем како поголемиот број натпревари сезонава, ја одработеа својата задача.

Во која насока оди натпревар против Севиља покажа Иниеста со погодок веќе во 3. минута. Во 17. минута веќе беше 2:0 и тогаш беше очигледно дека „Каталонците“ ке ја остварат вкупно 14 победа во 17 одиграни натпревари на домашен терен. Притоа Барселона го постигна и 58. погодок оваа сезона на „Камп Ноу“, што во просек изнесува повеќе од три гола по натпревар.

Исто така, стрелецот на вториот гол, Самуел Ето, го постигна својот 27. гол во првенството со што и понатаму е најдобар стрелец во Примера. Сега има два повеќе од Давид Виља, а благодарејќи на неговите голгетерски способности, Валенсија издвојува победа во Севиља над Бетис, и освои вредни три бода кој би значеле враќање на Валенсија наредната година во Лигата на шампионите.

Тимот од „Местаља“ ја задржа четвртата позиција, и по ова коло, а сега петтото место им припадна на Малага, кој во трилер меч успеа да направи целосен пресврт во Осасуна остварувајќи победа од 3:2, и сега е на добар пат за догодина да избори учество во европските купови.

Резултати:

    * Депортиво - Алмерија 2:0 (Верду 49', Ласад 68')
    * Осасуна - Малага 2:3 (Пласил 18', Некунам 33' - Апоњо 4'(п), Лоло 72', Салва 77')
    * Бетис - Валенсија 1:2 (Оливеира 87' - Виља 65', 79')
    * Барселона - Севиља 4:0 (Иниеста 3', Ето 17', Чави 49', Анри 54')

Четврток, 23 април:

    * 20:00 Спортинг - Еспањол
    * 20:00 Виљареал - Рекреативо
    * 22:00 Мајорка - Ваљадолид
    * 22:00 Расинг - Атлетико Мадрид

Играно во вторник:

    * Реал Мадрид - Хетафе 3:2
    * Нумансија - Атлетик Билбао 1:2




Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2009 во 17:39
Лацио го откупува Зарате

Римски Лацио ќе го откупи договорот со Мауро Зарате, еден од најдобрите напаѓачи во Италија и еден од најзаслужните фудбалери што Лацио оваа сезона ќе игра во големото финале од Купот на Италија. Тоа го потврди и претседателот Клаудио Лотито, кој најави дека наскоро ќе замине во Катар да го потпише договорот со Ал Саад за задржување на Аргентинецот.

"Оваа недела планирам да заминам на преговори за потпишување перманентен договор со Зарате. Се надевам дека преговорите ќе завршат успешно и конечно Зарате ќе може да се сконцентрира на игрите за нашиот клуб. Знаев дека тој ќе биде од исклучителна важност за нас, а со своите добри игри дури ги надмина моите очекувања", изјави Лотито.

Информациите говорат дека Ал Саад бара околу 25 милиони евра за да се откаже од услугите на својот напаѓач. Зарате оваа сезона запиша 12 погодоци вклучувајќи ги трите гола на последните три натпревари за својот тим.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2009 во 18:02
Чисто се сомневам дека Лацио има и е спремен да даде толку многу пари за Зарате.
Доколку без финансиски јаки ќе се обидеа до сега да го задржат Пандев во своите редови.
Мислам дека и доколку би го откупиле договорот од Ал Саад би го продале оваа или наредната сезона,моменталоно Лацио не е тим со големи амбиции во Калчото.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,389 секунди.