|
Предрасудите за религиозноста |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | |||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Нема никаква предрасуда. Гледам дека некои тука многу слабо читаат. ЌЕ ви препорачам Читанка од Просветно Дело ја има за 20 денари.
Јас не реков дека безбожниците се неморални. Реков дека немаат мотивација за несебично однесување. Ниту еден безбожен/атеистички идеолошки модел не бара себеодрекување - а и како би можел да бара, бидејќи ќе оди контра своите основни постулати - имено дека нема ништо друго освен овој живот и видливите нешта во него. |
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Колку благородно! А верникот претпоставувам би одлучил во нејзино име, па можда дури тој и би се породил наместо неа ? Уште еднаш покажуваш ниско ниво на толернација и високо ниво на предрасуди за верата. |
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако цитираш, цитирај го целосниот пасус за да има смисла пишаното. А, овака како што ти ја вадиш само таа реченица од контекстот, ќе помислам дека тоа го правиш тенденциозно, со некаква предрасуда. Колку да не дојде до забуна, еве го целосниот пасус:
Значи, доколку сум некој социјален работник, ќе дадам медицински совет за опасноста од можните компликации. Во никој случај нема да и’ спомнувам библија (или други свети книги). Секако, тоа нема да биде случај со некој социјален работник кој е далдисан по верата. Тој (намерно или не) сигурно кон нејзе ќе настапува со верска предрасуда и има да ја „отече“ со читање стихови од библијата, за тоа како бог не сака да се убиваат децата ... |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Со секој пост покажуваш само колку плитко размислуваш. Тонеш само подлабоко во верски предрасуди, а може да се каже и отворено верска омраза. Затоа мојот цитат беше сосема соодветен. Ти демек благородно би и дал прилика сама да одлучи, а верникот пак ќе ја терал насила да роди. Каква глупост! Класичен пример на имање предрасуди. Да му се придружиш на Ахмединеџад слободно со вакво размислување. |
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Што, и тој е атеист и има такви атеистички предрасуди? Од пусти напади не најде за сходно да одговориш на хипотетичното прашање, дали социјален работник кој е верник (во вистинска смисла на зборот), нема да ја искористи сопствената вера за да ја разубеди жената да не абортира? |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ахмединеџад може да ти прави друштво по фундаментализмот и нетолеранцијата. Самиот извор на радикализмот воопшто не е битен.
Хипотетичкото прашање е навистина хипотетичко - односно поаѓаш со веќе поставена премиса дека ако се сподели искуството на вера, дека тоа е некое зло. Јас да ти кажам, кога би се соочил со некоја тешка одлука во животот, би сакал да ги имам в предвид СИТЕ МОЖНИ ГЛЕДИШТА, за да донесам разумна одлука. Во таа смисла, искуството на верникот може само да помогне да се согледа уште една перспектива за која атеистот е слеп. Така социјалниот работник кој е верник, всушност доаѓа со побогато знаење и искуство, што секаке не може да одмогне туку само да помогне при донесувањето на одлуката. Но се разбира, има и такви луѓе што повеќе сакаат да носат одлуки на слепо. Некако добивам чувство дека си во таа група. |
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Аууууу.....ме нема неколку дена и се развила интересна дебата.......
Баш ми е мило.... Вака сега.... Примеров со професорот го наведов за да посочам на една состојба која постои во нашево општество, а тоа е постоењето на ПРЕДРАСУДИ кон РЕЛИГИОЗНИТЕ ЛУЃЕ.. Ке покажам со пример на што мислам... Запознавам дечко кој е супер човек. Шегаџија невиден, има неодолива смисла за хумор, се обелекува во склад со последните трендови, но сепак скромно. Добар е и помага колку што може, никогаш не се жали за ништо, како се да му е полно и рамно, како се гладко да му оди во животот...И после 10 дена интензивно дружење ми кажува дека завршил теологија... Е сега...заклучувам дека и самата сум имала предрасуди кон религиозните луѓе: дека се облекуваат во црно, дека носат брада и долга коса, дека се многу сериозни, дека не се шегуваат, дека постојано зборуваат за Бог и религијата и друг муабет не прават...итн, итн..... Колку повеќе религиозни луѓе запознавам, толку повеќе овие предубедувања ми застануваат на климави нозе....Заклучувам дека сум била во заблуда... Изменето од polzavce - 21.Април.2009 во 16:05 |
|||
МИР со сите
|
|||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Инаку станува збор на науката СОЦИОЛОГИЈА и апсолутно се согласувам дека има и ќе има ситуации кога религиските и социолошките погледи ќе се разидуваат.....
Професорот ме упати на тоа дека религијата апсолутно треба да ја избришам од мојот домен на интересирања и јас затоа бурно реагирав. Да беше неговиот став дека религијата би можела да пречи во објективноста и толку, би можела да го прифатам како добронамерен совет, но вака даден звучеше или остави ја религијата настрана или не се занимавај со социологија воопшто.... Полжавче има доволен IQ за да оцени до каде може да и дозволи на религијата да и се меша во научните истражувања, а до каде може да и дозволи на социологијата да и се меша во религиските погледи.....By the way... социологијата е атеистичка наука ДО ДАСКА.. ... Квалитетна синтеза на овие два пристапи....и нема да има никаков проблем.. |
|||
МИР со сите
|
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Полжавче... се согласувам со тебе.
Религиозните погледи понекогаш ќе ти бидат во конфликт со проектите кои ќе ги работиш. Но исто толку често во конфликт ќе бидат и личните погледи кои се изградени заради домашно воспитание, социјални предрасуди, морални предрасуди итн итн итн... Затоа, како што велиш самата - мора да бидеш во состојба да ги контролираш тие влијанија врз својата работа, но во никој случај не значи дека треба да се откажеш од нив. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Da, toa e tochno kako sto e tochno i obratnoto, deka ima predrasudi i kon ateisti, neshto so sto se srekjavame postojano na nashiov forum.
Sigurno! Ako se ima senzibilitet mozhe mnogu ednostavno da se vidi deka ednoto so drugoto mozhat samo da se nadopolnuvaat. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Jas poznavam pravoslaven teolog po diploma koj vece so decenii raboti kako biznismen i voopsto ne se zanimava so teologijata. Predrasudi postojat i vo sprotivna nasoka. Na pr. koga mislime deka univerzitetski profesor mora da bide mudar i pameten bidejki ima akademski tituli, no pod okolnosti toa sto go kazuva moze da bide glupost ili destruktivno. Sè zavisi do negoviot karakter i nameri. Изменето од Majkl - 21.Април.2009 во 17:59 |
|||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да дадам неколку и мои размислувања во врска со темава која ја потегна Полжавче.
Една работа која и на мене лично едно време ми беше тешко да ја прифатам, е дека да се биде христијанин(во мојов случај)е дека треба да се биде христијанин 24/7 и 365 дена во годината без исклучок.Мислам дека многу шизофрено би делувало да сум христијанин од тоа како ми се одговара ситуацијата. На пример кога би бил благајник би си бил по "старо" а у недела на црква ќе си бидам христијан. И со таквото лицемерие т.с "неделен христијанин" да си бидам до крајот на животот.Послем неверниците ќе кажат, и тоа со право,дека не гледаат никави духовни плодови од тоа наше неделно христијанство,па зашто би ни се придружиле и они во тоа наше шизофрено однесување?! Зашто ако веќе се лажеме самите себе,барем да не мислиме дека ги лажеме и другите. Е сега тоа да се биде верник СЕКОГАШ И СЕКАДЕ И СО СИТЕ знае да донесе многу непријатности,конфликти не по наша желба,стравови од како ќе не перцепираат другите, но сепак вистината мора да биде пред се! И секогаш треба да имаме во предвид дека Бог е секогаш со нас,освен кога ние доброволно му речеме дека не е добродојден во нашиот живот. Зидарски имаше јака поента дека освен и религиозноста како пречка во односите со другите луѓе може да биде и на меѓу другото и нашето семејно (не)воспитување,оклоностите во кои сме раснеле и примерите кои сме ги имале од луѓете околу нас. Сега ми текнува како еднаш прочитав од покојниот архиепископот Михаил една мисла дека нас не ни треба теократска држава ниту некаква си христијанска партија туку верници политичари,верници адвокати,бизнисмени,вработени во најразновидни дејности СЕКАДЕ И КАЈ СИТЕ(освен нели некои 2-3 професии што не се долични за христијани). А кажи полжавче нели е доста интересно кога на некој човек ќе му кажеш дека воопшто не си го замислувала каков што е нели само зашто е верник.(како само слатко се насмеав за стереотипот за тоа како изгледаат верниците, кој навистина постои меѓу народов) Изменето од ahmar1 - 22.Април.2009 во 12:33 |
|||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да, да, баш е интересно Ахмар...
Верникот веднаш реагира со смеење и одговара вака: Не си прв/а што ми рекла дека не изгледам како религиозен човек.... Ова покажува дека имаме идеја, став, кој може да оди и до прдрасуда за тоа како изгледаат религиозните луѓе, како се однесуваат, како размислуваат, како живеат..... |
|||
МИР со сите
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ahmar1, napravi mnogu dobar osvrt na toa sto znachi da se bide vernik 24/7. Vsushnost, za mene toa e edinstvenata definicija za vernik. Ako nekoj se definira kako pripadnik na nekoja vera, togahs treba da zhivee so dogmite, zakonite i pravilata na taa vera sekoj moment na svojot zhivot. Dokolku toa ne go pravi togash toj ne e vernik. Mozhebi simpatizer na nekoja vera, praktikant na nekoi verski normi ... ili neshto treto. Odenjeto v nedela vo crkva, palenjeto svekji, krstenjeto i pozdravuvanjeto so ostanati lugje koi se naogjaat tamu ne go pravi chovekot vernik. Ubavo ti go nareche toa "nedelen hristijanin". Duri i toa e mnogi, bidejki za takviot chovek povekje bi odgovaeal terminot "crkoven hristijanin" bidejki toj e hristijanin dodeka stoi vo crkvata, a koga kje izleze vo nea, so sekoj chekor na oddalechuvanje od hramot, stanuva se pomalu i pomalu hristijanin i se vrakja vo negoviot sekojdneven nachin na zhiveenje koj ponekogash nema mnogu slichnosti so onoa sto go narechuvame hristijanski zhivot. Sega, koga go definiravme ova, doagjame do prashanja pottiknati od tvojot komentar:
1. Dali e vozmozhno vo deneshniov svet, so deneshniot nachin na zhiveenje, chovek da bide vo komuna so obichni lugje, vo sekojdnevna komunikacija so niv, so normite i vrednostite koi se prifateni kako nachin na zhiveenje i opshtenje megju lugjeto, da se opstoi, zhivee i deluva kako vistinski vernik? I ne bi rekol deka se raboti za strav kako kje go percepiraat drugite, bidejki za vistinski vernik ne postoi takov strav, tuku dali takvoto odnesuvanje bi bilo kompatibilno so prifatenite odnesuvanja vo opshtestvoto? Dali takvoto odnesuvanje kje korespondira so nachinot na odnesuvanje na drugite lugje, normite postaveni na rabotnite mesta, opisot na rabotnite mesta, tolerancijata vo megjuchovechkite relacii i t.n? Kako neminovno nadovrzuvanje na ova e tvojata zabeleshka koja sledi potoa:
Ova na nekoj nachin doagja kako eden impliciten odgovor na postavenoto prashanje: sigurno deka ako SITE lugje stanat vernici nema da ima konflikti megju niv i opshtestvoto i vo toj sluchaj nema da ima potreba od formalno teokratska drzhava. Koga SITE lugje bi bile vernici tie bezdrugo bi se odnesuvale spored verskite zakoni i taka praktichno bi sozdale teokratsko opshtestvo. Vakvoto razmisluvanje, povrzano so onoa prethodnoto, neminovno naveduva do prashanjeto: 2. Ako za blagosostojbata vo zaednicata vernikot treba da zhive 24/7 kako vernik, ako vo drzhavata treba SITE da bidat vernici, togash KAKVI VERNICI treba da bidat? Koga vernici razmisluvaat na nachinot koj go razgleduvame sega, sekogash mislat na SVOJATA VERA. Za niv samo taa e vistinskata, site drugi se lazhni, pa spored toa smetaat deka ako site stanata VERNICI NA NIVNATA VERA, togash svetov kje stane Raj na zemjata. Mislejki na ovoj nachin, vernicite ne se svesni deka postavuvaat nepremostiva linija razdelnichka megju niv i drugite, megju onoa sto tie go smetaat za "visitina" i "pravdina", i noa sto po avtomatizam stanuva "laga" i "greshnost". Ne se svesni deka vo toj moment tie stanuvaat krajno netolerantni i antagonistichki sprotivstaveni kon site onie koi spored nivnata definicija se "nevernici". Razmisluvanjeto koe ti go iznesuvash ne e eksluzivnost za hristijanite. Toa megju lugjeto e staro kolku i prvopojavenata religija . Taka zboruvale i paganite, taka zboruvaat i hindusite, taka postojano velat muslimanite. Spored seto kazhano, dokolku sme dosledni na nash*te ubeduvanja, treba da najdeme odgovor na prashanjeto koe se isprechuva pred nas kako nepremostiv zid: - Ako kako uslov za blagosostojba na vernicite i opshtestvoto e prifakjanjeto na verata od strana na site lugje, togash KOJA VERA kje bide taa? Dali neshto takvo e mozhno ili nie tuka zboruvame samo za nekakva religijska utopija? Изменето од Messenger - 22.Април.2009 во 16:57 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |