|
Веронауката падна на Уставен Суд |
Внеси реплика | страница <1 23456 19> |
Автор | ||||||||
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Изменето од chuchuliga - 17.Април.2009 во 12:32 |
||||||||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Мислам дека изби голема фрка околу Веронаукава беспотребно. Не е проблем да се изучува како предмет туку како, кога и каде да се имплементира во Образованието.
Повторно се створи џагара-багара кога доаѓа ред да се прифати/одбие некој новитет. Незнаат едноставно да седнат на маса и да ги разгледаат сите аспекти на еден предлог-план, да се земат во обзир многу работи. Секоја спротиставена страна користи висок и осудувачки тон спрема другата, значи дијалог малтене и да не постои. Не е ни важно. Досега функционираше образованието и без веронаука а мое мислење во врска со неа е-од повеќе информации и знаење глава не боли, само кога луѓето имаат толку остри ставови во врска со религијата подобро е и да не им се сервира. |
||||||||
Beauty fades, dumb is forever
|
||||||||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Како (тоа) мислите МОН да не биде замешан(о)??
А кој ќе ги дава платите и се што им следува на вероучителите!!!
Родителите..или пак државата..односно ние....буџетските обврзници???.
А ...кој ќе им ги (и како) надополни реалните трошоци..кои се неминовни при ваква поставеност?.
пс
Сега ми падна на ум една гачка..околу 5ре..Итриот..разбира се...
Ти одел тој по светон..и барал како и колку има помалку итри од нас..маќедонците..
Ииии стасал некаде..и видел народ насобран ..и едно магарееее..разбира се.
И гледал гледал..и се чудел...како „овие„ сакале да го качат магарчишќено на ѓерамиди...чунки требало тревата таму охохоооо нарасната да ја испасело??
И си заминал назад у маќедонијава..и то.
|
||||||||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||||||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Е ова е интересно прашање. На Велигден Господ ги изненади луѓето со своето Воскресение. Тие мислеа дека со сила ќе го спречат. Така некои мислеа дека со сила ќе наметнат веронаука, дека со насилие ќе го заплашат народот. НО Господ и овој пат имаше други планови. Сега, тие повторно се изненадени, но не би требало да бидат, ако ја познаваа Божјата природа. |
||||||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||||||||
abnormalen
Сениор ... Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 168 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
И ..мораше,потребно ли беше, два дена пред Велигден, да падне Веронаукава, пред уставниот суд... ???
навистина избрзаа со донесуванјето на одлуката за укинување! требаше да го направат тоа БАШ на велигден! |
||||||||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
.....Уставниов суд....исто како ...Јуда....!!!
|
||||||||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
||||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
|
||||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||||||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Нормално дека уставниот Суд ќе постапи така како постапи. Не е црквата под државна капа.
А и градењето на цркви со средства од буџетот на државата нема да успее. |
||||||||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ај, што се однесува за мене како атеист, и не е чудно што сум против веронауката во образовниот систем во МК. Но, дали сте забележале дека не само Ев:
туку и многу други од тие кои (барем според мене) се вистински верници, без оглед на деноминацијата, не се за тоа. Оваа идеја повеќе ја поддржуваат некои кои верата ја прифаќаат како современ политички тренд, а не како вистинско духовно просветлување. Тие, сигурен сум, воопшто и не ни знаат што е тоа вера. Верувам дека огромен дел од овие новопечени верници, поборници за веронауката, не ја ни допреле библијата, а каму ли да прочитаат (барем) дел од неа.
Не Ев, не сакам да се разбере ова како некаква злоупотреба од моја страна. Зарем така не пишува во цитатите од библијата кои ги наведов?
Секој кој ќе ја отвори библијата на наведените стихови, ќе може да се увери во вистинитоста на ова што го цитирам. А, како некој ќе го разбере, протолкува тоа - е, тоа е веќе сосема друга работа. Ете, гледаш, јас од ова друштво од само десетина членови на форумов, имам поинакво толкување на тие Исусови зборови од тебе, и нив ги сфаќам точно онака како што се пишани. Поаѓајќи од ова, која е веројатноста од милионите луѓе во светот сите да ја сфатат онака како што ти ја разбираш таа порака на Исус? Која е веројатноста некој друг да ја протолкува поинаку, онака како што јас ја толкувам? А, впрочем, навистина, како ти ја објаснуваш, како ти ја толкуваш таа (погоре цитирана) исусова изјава? Овде, во овој контекст, може да се вметне и изјавата на Забеганион:
И друга една работа што велиш во:
Никој не спомна дека по тие стихови веднаш се подразбира убиство на другите „кои не се со нив“, како што велиш ти во твојот цитат. Зошто веднаш ја земаш нај драстичната можна ситуација, зошто одиш во крајната инстанца? Да биде малку поубедливо? Но, за жал, не е исклучена и таа можност. Морам да признаам дека кај некои ептен забегани верски фанатици, можни се и тие опции. Затоа велам дека религијата е опасна работа.
Не, неможам! Зошто? Па, во времето на Исус немало муслимани! Шегата настрана! (Некој ќе помисли дека веќе завлегуваме во теолошка дискусија, но сметам дека оваа тема има политички импликации и, затоа би било добро да се прочитаат и овакви, наизглед само теолошки размислувања) Точно е дека таква директна заповед да се убие некого нема. Барем јас не се сеќавам дека такво нешто имало. Но, индиректно - да, има! Освен тие два погоре наведени стиха, може да се прочита и следново: - Галатјаните 6:10 „Затоа, додека имаме време, да им правиме добро на сите, ...“(овде го прекинувам цитатот, за да ја споредам убавата сличност со она што го велиш ти...
(... но, сега читајте го внимателно продолжувањето на цитатот од Гал. 6:10) „ ... а најмногу на оние кои припаѓаат на нашето семејство по вера“ Што подразбираме под ова? Нели е ова мајоризирање на „едни“ за сметка на „други“? И тоа од страна на Исус! Истата оваа противречност може да се согледа и во: - Римјаните 2:11 „бидејќи бог не гледа кој е кој“ (ова е добро, значи за него сите се исти), но што вели пред овој стих, односно во - Рим. 2:10 „а слава, чест и мир на секој оној кој прави добро, најпрвин на евреин, а потоа на грк“ - Рим. 1:16 „ зошто јас не се срамам од евангелието, бидејќи тоа е божја сила за спасение на секој кој верува, првин за евреинот, а и за гркот“ Но, има и една друга работа: - Откровение 2:6 „ Сепак ова го имаш: ги мразиш николаитските дела кои и јас ги мразам“ Пазете Исус мрази! Само заради тоа што не се со него! Само заради тоа што не го прифаќаат неговото учење! Има и други овакви случаи каде се фаворизираат неговата вера односно неговиот народ (евреите). Но, да не забегаме премногу во разработката на библијата. Очигледна е религиската догма. Таа од една страна се декларира како високоморална филозофија, учење, а од друга страна се гледа каква е идеолошката основа. Дали после сето ова сеуште важи твојов цитат за христијанското учење на љубов меѓу противниците на Исус, кое го даваш во овој цитат ...
... или и понатаму мислиш дека молкум одам преку некои работи или дека наметнувам погрешно учење врз библијата и христијанското учење? И уште нешто за моралот и разните девијантни појави во нашево општество, на кои толку многу се повикуваат свештениците и „верниците“. Тие што се помлади незнаат, но тие кои се постари од четириесетина години, многу убаво се сеќаваат дека во тоа време кога религијата немаше влијание во световната власт како денес, моралот беше на многу, многу по висок степен отколку сега. Девијантни појави, како силувања, убиства, пљачки, дрога ... беа толку малку, што слободно можам да речам, дека ниту за десет (ако не и повеќе) години нивниот број не може да се спореди со денешните за само неколку месеци. И тоа во држава со 22 милиони, за разлика од денешните 2 милиони народ. Ајде да гледаме малку реално! Да ја видиме одржливоста на вашите аргументи за веронауката. Вие се повикувате на моралот и на застапеноста на веронауката во многу земји од светот. |
||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Zlatnik, не сфаќам што не ти беше јасно во моите цитати кои ти ги наведов, ниту пак сфаќам што не ти е јасно или пак каков морален проблем гледаш во цитатите кои ти ги наведуваш. Глупаво ми е тука да ги разобличувам твоите недоречености и цитати кои ги вадиш од контекст (а да не збориме пак за твоите паушални заклучоци ). Ќе се воздржам од таквата дискусија на овој подфорум (зошто ќе ме кара модераторката ), но повели на Вероисповед доколку сакаш да поразговараме за некоја твоја библиска дилема.
Жал ми е што ќе те разочарам...
|
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
|
||||||||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Евангелосе, се е јасно во твоите и моите цитати од библијата. Друга работа е дали тие ги прифаќаме. Јас, во тие цитати кои ти ги наведе, не гледам ништо лошо. Напротив, добро е тоа што таму го пишува. Каму да има само такви цитати. Но, и самиот знаеш дека постојат и такви цитати кои јас ги наведов. Искрено да ти речам, ме чуди дека не го сфаќаш нивното значење! Попрво би рекол дека не сакаш да признаеш дека со тие цитати се потенцира разликата меѓу разните групи на луѓе, на тие кои се исти по вера и оние „другите“. Се воздигнуваат, се мајоризираат, се фаворизираат (незнам како веќе да го наречам тоа) тие кои се од иста вера, за сметка на тие кои не се. Ете, во тоа ја гледам опасноста од веронауката. Уште од најрана возраст децата (ќе) се воспитуваат, ќе се поддвојуваат на „наши“ и „туѓи“ и, следствено на ова, „тие што не се со нас, тие се против нас“. Или тие лекции не се предвидени во програмата и нема да им ги предаваат? Р.Ѕ.
Нема што да бидам разочаран за тоа што се изјаснуваш дека и ти си против веронауката. Во претходниот пост дури и позитивно се изјаснив за овие твои ставови. Независно кој од каква побуда го застапува тој став, добро е што сме на иста страна. И токму поради тоа јас сум среќен дека и верник се залага за истото што и јас. Значи тоа ме развеселува, а не да ме разочарува. |
||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Јас не сум против Веронауката во државното образованието...!!! Против сум за одлуката што ја донесе Уставниот Суд... !!! |
||||||||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
||||||||
Внеси реплика | страница <1 23456 19> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |