|
Исусова молитва - исцелител |
Внеси реплика | страница <1 26272829> |
Автор | |
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Ефрем Филотејски
Ако видам дека мојот ум додека се молам не е во состојба да внимава на ракоделието, бидејќи е расеан на многу работи што не се поврзани за должностите во рамките на послушанието, тогаш нужно ќе почнам усно да го призивам името на Исус и со шепот да изговарам: “Господи Исусе Христе, помилуј ме!„ Кога устата се моли, а рацете работат, трудот бива двојно награден: со благодатта на послушанието и со благодатта на молитвата. Послушанието нè наградува за нашата работа, а молитвата нè осветува. Секое дело проследено со молитва има посебна благодат. |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Јосиф Исихаст
Дете мое, кога човек Го созерцува Бога од љубов му течат солзи и не може да ги запре. А денес ретко ќе чуете слово за умно-срдечната молитва. Луѓето се заробени од толку многу грижи и материјално размислување имајќи совршен презир кон трезвеноста, така што многумина, не само што не сакаат да дознаат, да научат, или да истражат, туку, дури и да чујат дека некој кажува за сторените подвизи веднаш го навредуваат и го отфрлаат, сметајќи го за чудак и луд бидејќи неговиот живот не е сличен со нивниот така што им служи за потсмев. Се случува нешто слично како во епохата на идолопоклонството. Ако ги навредиш идолите те каменуваат и те убиваат. Сега, пак, секоја страст има позиција на идол. Та, ако ја искараш или ја осудиш страста којашто некого веќе го совладала, веднаш велат: ”каменувајте го, зашто ги навреди нашите богови.” |
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зашто ако вие им ги простите долговите на вашите блиски, така и Таткото Небесен ќе ви прости вам...
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Серафим Саровски за оваа молитва вели:
Одејќи или доаѓајќи, седејќи или стоејќи, на работа, или во црква, твоите усни секогаш треба да повторуваат:„Господи, Исусе Христе, Сине Божји, смилувај се на мене, грешниот.“ Со оваа молитва во срцето ќе најдеш внатрешен мир и чистота на душата и телото. Кога ќе ја почнеш оваа молитва, собери ги сите внатрешни сили на духот и поврзи ги со моќта на срцето и истрај внимателно додека Господ не го загрее твоето срце со Својата благодат и не се соедини со тебе во еден единствен дух. Тогаш внатрешната молитва ќе постане извор на жива вода, која непрестајно тече и непрестајно те храни и оживува. Амин! |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Татко наш Кој си на Небесата, да се свети Името Твое! (Исус во евангелие по Матеј 6:9, Светото Писмо)
Од овој воведен цитат на Исусовата молитва можеме јасно да видеме која е „адресата“ кон која Исус не поучува да ги упатуваме нашите молитви. Исус не вели: „света Богородица“, ниту „света Петке“, ниту „свети Архангеле“, туку вели: „Татко наш Кој си на Небесата“. Ова треба да биде поука и за нас, да ги упатуваме нашите молитви до нашиот Небесен Татко, а не да бркаме врски преку разно разни светци небаре Господ е како световниве премиери па мора човек да брка врски за да дојде до нив преку градоначалници, партии, пратеници, првобранители итн.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Евангелос 100 пати те имам прашано: СЕГА МОМЕНТАЛНО - ИМА
ЖИВИ КАЈ БОГА? БОГ ИМА ПРИЈАТЕЛИ? ИЛИ ТОЈ ТАКА ДРЕМЕ? И после пишувајго тоа што го нашиша Изменето од Tetratka - 13.Ноември.2009 во 01:16 |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не бе па и ти, Господ дреме и не’ гледа од горе како на кристална топка. За ЕвАнгелос сите што се упокоени, се дед, мртви... хммм, чија вера беше мртва и суетна??? |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште една од твоите неброени клевети. Јас никогаш не сум рекол такво нешто. Но ја сфаќам иронијата во твоите зборови, така што нема да ти бапнам пријава за клевета
Упокоените верници се живи, но ние немаме никакви индикации дека тие можат да ги слушнат нашите молитви упатени до нив. Впрочем ако тоа беше можно, тогаш зошто никој од библиските личности не ја искористил оваа златна можност? Зошто сите молитви (а ги има стотици) во Библијата се упатени само до Бог? Зошто во Билбијата нема молитви до светци?
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Демек живи, ама глуви? |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мараната, штотуку ти кажав нешто, ме слушна? Очигледно не.
Глува си или мртва штом не ме слушна?
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДАЛИ СЕГА ИМА
ЖИВИ КАЈ БОГА? БОГ ИМА ПРИЈАТЕЛИ? ИЛИ ТОЈ ТАКА ДРЕМЕ? ШТО Е БОГ - ЛИЧНОСТ ИЛИ ТРАНСЦЕДЕНТНА ПОЈАВА!!! КОМУНИЦИРА ТОЈ СО НЕКОЈ НА НЕБО - ИМА ЛИ КАН НЕГО ОД ДЕСНАТА СТРАНА ЛУЃЕ ИЛИ НЕ? |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Душичке, прво, ти не ми кажа нешто усно, за јас тебе да те слушнам. А за читање, не грижи се, читам |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жими нилскиот коњ ти кажав, а еве сега пак ти кажувам нешто усно и тоа јасно и гласно. Зошто не ме слушаш? Глува си или мртва? |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ни глува, ни мртва, туку не сум го осветила својот живот и не сум го достигнала совршенството Изменето од Maran Ata - 13.Ноември.2009 во 12:11 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Внеси реплика | страница <1 26272829> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |