|
Изворни христијани, нивно основање и учење |
Внеси реплика | страница <1 45678 13> |
Автор | ||||||||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Да ја појаснам малку реченицата. Свети Игнатиј бил духовно чедо на Свети Јован Богослов, и тој со таа реченица всушност бара благослов од својот духовен отец. Или поинаку речено, тој не би одел да ја посети Богородица, доколку Свети Јован Богослов не му заповедал (заповелал, благоволил). Значи, уште во изворното христијанство постоело послушание на духовното чедо кон својот духовен отец. |
||||||||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Некако ни тргна со изворниот христијанин Свети Игнатиј Богоносец, па да продолжиме и со останатите негови дела.
Послание на Свети Игнатиј Богоносец до Смирјаните, глава 7 Да се држиме настрана од еретиците Тие (еретиците) се воздржуваат од Евхаристијата и од молитва, затоа што не исповедаат дека Евхаристијата е Телото на нашиот Спасител Исус Христос, Кој пострада заради нашите гревови, и Кој Отецот, поради Неговата добрина, повторно Го воскресна. Тие, значи, кои говорат против овој Дар Божји, принесуваат смрт во средината на нивните препирки. Но, подобро ќе беше за нив, да се однесуваат со почит (кон Даровите), та можеби и тие ќе воскреснат. Затоа е добро, вие да се држите настрана од такви луѓе, ниту пак да зборувате со нив тајно, ниту јавно, но да се поучувате од пророците, а пред се од Писмото, во кое ни е откриено страданието на Христос, а Воскресението целосно посведочено. Избегнувајте секакви поделби, кои се зародиш на секое зло. Изменето од makarios - 10.Април.2009 во 17:17 |
||||||||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Што учеле изворните христијани за Епископот, за клирот, и за послушанието?
Тоа може да го видиме од Посланието на Свети Игнатиј Богоносец до Смирјаните, глава 8 и 9. Ништо не правете без Епископот Внимавајте сите да го следите Епископот, како што Исус Христос го следи Отецот; свештениците следете ги како што ги следите апостолите, а ѓаконите почитувајте ги како востановени од Бога. Ниеден човек да не прави ништо поврзано со Црквата, без Епископот. Имајте веродостојна Евхаристија, началствувана од Епископот, или од некој поставен од Епископот. Каде и да се појави Епископот, таму да биде и мноштвото народ; исто како што, каде и да е Исус Христос - таму е Соборната Црква. Не е законски без Епископ да крштевате, ниту пак да празнувате на трпеза на љубовта, но што и да благоволи (Епископот), тоа е умилно и на Бога, та се што се прави да биде сигурно и исправно. Почитувајте го Епископот Уште повеќе, разумно е да се вратиме кон трезвено поведение, и додека имаме можност, да се покаеме пред Бога. Добро е да оддаваме почит на Бога и на Епископот. ОНОЈ КОЈ ГО ПОЧИТУВА ЕПИСКОПОТ, ПРИМИЛ ПОЧЕСТИ ОД БОГА, А ТОЈ ШТО ПРАВИ НЕШТО БЕЗ ЗНАЕЊЕ НА ЕПИСКОПОТ, ВСУШНОСТ МУ СЛУЖИ НА ДЕМОНОТ. Изобилувајте со многу благодатни нешта, затоа што сте достојни. Ме ободревте, нека и вас Исус Христос ве ободри. Ме сакавте кога бев отсутен, исто како и кога сум присутен. Бог да ве награди, поради Кого, додека трпите се`, ќе стигнете во Него. Изменето од makarios - 10.Април.2009 во 17:17 |
||||||||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Изворниот христијанин Свети Игнатиј Богоносец не бил во заблуда кога им пишувал на Смирјаните, затоа што за истите работи ги советува и Ефесјаните. Еве што им пишува Свети Игнатиј во своето послание до Ефесјаните (глава 5):
Прозба за единство Кога за она кратко време, добив благопријатност од присуството на вашиот Епископ - мислам на присуство не од човечка, туку од духовна природа - колку повеќе ве сметам за радосни, вас, кои сте соединети со него, како што е Црквата со Христос, и како што е Исус Христос со Отецот, така што сите нешта се согласни во единството! Ниеден човек нека не се залажува: ако некој не е покрај олтарот, тој е лишен од Лебот на Бога. Зашто, ако молитвата на еден или двајца е толку силна, колку ли повеќе е силна молитвата на Епископот и на целата Црква! Тој, значи, кој не е соборен во Црквата, се возгордеал, а со тоа си навлекол осуда. Напишано е, „Бог се противи на горделивите“. Да бидеме внимателни, да не се ставиме во противење на Епископот, за да може да бидеме Божји. |
||||||||||
monitor
Сениор Регистриран: 19.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 97 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
?????????? јас просто не можам да се иначудам на оваа тема
|
||||||||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Што ти е чудно братче? |
||||||||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Не се разочарувај. Не се ни прв ни последен. Се сомневам дека и самиот автор на темава може да разбере што пишува. |
||||||||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||||||||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Изворниот христијанин Свети Игнатиј Богоносец, во своето послание до Филаделфијците вели (глава 2 и 3):
Останете во единство со Епископот Каде и да сте, деца на светлината и вистината, бегајте од поделби и изопачени учења; но каде е пастирот, таму да го следат овците. Затоа што има многу волци, кои се јавуваат достојни за почит, кои со погубни страсти ги држат во заробеништво ги измамуваат оние кои итаат кон Бога; но во вашето единство, за таквите да нема место. Избегнувајте поделби Чувајте се од тие зли тревки, на кои Исус Христос не им е наклонет, затоа што не се посадени од Отецот. Не дека најдов на поделби меѓу вас, но повеќе од чистота. Затоа што колкумина да се со Бог и со Исус Христос, тие се и со Епископот. Колку и да треба, при обраќањето во покајание, се вратат во единство на Црквата, тие ќе бидат Божји, и ќе живеат според Исус Христос. Не паѓајте во заблуди, браќа мои. Ако некој кој Го следи Него, прави поделба во Црквата, таквиот нема ад го наследи Царството Небесно. Ако некој се раководи според чудно мислење, тој се противи на страданието Христово. |
||||||||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Никој не верувам дека спори дека тоа е така.
Тоа што е спорно е кој е Епископ и која е Црквата? За мнозина, неприфатливо е Епископи да бидат алчни луѓе и црква да изигрува онаа која отстапила од Светото учењето на Господ Исус Христос. За други, како што гледам, прифатливо е... |
||||||||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||||||||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Ако не е така, зошто тогаш немаш Епископ, и не се смируваш пред учењето на Црквата, и на изворните христијани, каков што е Свети Игнатиј Богоносец? Внимавај, Свети Игнатиј кога вели Епископ, не мисли на Христос, туку мисли на човек (види од погорните постови). Црквата е соборна заедница од конкретни личности, собрани заедно околу Христос. Црквата е Една, Света, Соборна и Апостолска. Се` што е надвор од тоа Една, Света, Соборна и Апостолска - може да звучи и престрого - но изворните христијани (Свети Игнатиј, Свети Јован, Свети Иринеј, Свети Поликарп - Отците од првиот век) не го сметаат за Црква. Можеби и уште пострашно - тие даваат совети да бегаме од таквите кои не се дел од таа Црква, а само да се молиме за нив, да им дојде памет, односно да се покаат и да се вратат кон својата Мајка Црква. За алчните Епископи... еве што вика Свети Игнатиј: ОНОЈ КОЈ ГО ПОЧИТУВА ЕПИСКОПОТ, ПРИМИЛ ПОЧЕСТИ ОД БОГА, А ТОЈ ШТО ПРАВИ НЕШТО БЕЗ ЗНАЕЊЕ НА ЕПИСКОПОТ, ВСУШНОСТ МУ СЛУЖИ НА ДЕМОНОТ Да бидеме внимателни, да не се ставиме во противење на Епископот, за да може да бидеме Божји. Ако ние не го почитуваме Епископот, макар бил и алчен (Слава Му на Бога за сите и за се`!!), ние всушност се противиме на Епископот, а со тоа се ставаме во служба на демонот. Та, и од најмалите да осудиме и да обвиниме, во нас нема љубов - па не може да се сметаме ни за Христови во вистинската смисла на зборот. (Светите Отци велат дека кога ние осудуваме некој за некаков грев, всушност, самите ние сеуште се немаме ослободено од тој грев, и истиот го исполнуваме, а гледањето на таквиот грев кај другите е всушност, гледање на нашиот непреобразен грев во другите.) Не паѓајте во заблуди, браќа мои. Ако некој кој Го следи Него, прави поделба во Црквата, таквиот нема ад го наследи Царството Небесно. Ако некој се раководи според чудно мислење, тој се противи на страданието Христово. Протестантите и баптистите (и останатите неправославни деноминации), токму тоа го прават: се раководат според свое (чудно) мислење, и прават смут, поделба и раздор меѓу верните. Прават поделба во Црквата, односно се отцепуваат од неа. А еве кој не се држи до изворното учење (според изворните христијани): Тие (еретиците) се воздржуваат од Евхаристијата и од молитва, затоа што не исповедаат дека Евхаристијата е Телото на нашиот Спасител Исус Христос, Кој пострада заради нашите гревови, и Кој Отецот, поради Неговата добрина, повторно Го воскресна. Ова не се мои зборови, туку на изворниот христијанин Свети Игнатиј Богоносец. Ваква изворност (каква што ја опишуваат апостолите и отците од првиот век) денеска единствено е задржана во Православната Црква, која е Една, Света, Соборна и Апостолска! Изменето од makarios - 15.Април.2009 во 03:57 |
||||||||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Повторно, твојот проблем е што немаш појма што е Црква. Ти си ја замислуваш Црквата како Кока-Кола или како Пивара. Таму сите наредби се слеваат од директорот се до чистачката без поговор.
Црквата е живо ткиво, која прожима многу меридијани, култури, деноминации и организации. Во неа постои Еден Дух, но не и една институционална хиерархија. Како што гледаме и во Новиот Завет, првите цркви беа основани од мирјаните кои се распраснаа низ светот по прогонството во Израел. Апостолите (Павле, Петар и другите) некако каскаа зад нив (најчесто) и никогаш не воспоставија институционална хиерархиска управа над целото христијанство. Значи тие ваши замисли за Православниот Епископ како неприкосновен паша, се средновековна измислица, со која можеле да се лажат неписмените. Епископ не е оној на кој авторитет му дал вашиот синод, а кој е неписмен за верата, световен во своите пороци и корстиљубив во својот повик. Оние кои заради љубовта кон парите, го продаваат Спасителот и го искривуваат Неговото Евангелие, ниту една титула или почест доделена од вашите синоди, не го пере. Христијанинот е должен на таквиот Епископ не да му се потчини, туку да му се противстави. Важен е авторитетот даден не од луѓе, туку оној на кој авторитет му дал Господ. Така и Апостолот Павле многупати нагласува, дека авторитетот не го примил од луѓе (од тогашниот, условнокажано Синод), туку од Светиот Дух. Црковната хиерархија е воспоставена од Светиот Дух, а не од CEO-то на вашата фирма. На вистинскиот учител, апостол, пастир, епископ, секој христијанин е должен да му покажува голема чест. Подобро е со понизност да учи за верата од таквиот. Изменето од Pravoslaven - 15.Април.2009 во 08:48 |
||||||||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||||||||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Мил мој, па токму тоа е поимањето на баптистите и протестантите за Црквата. Реално, вие немате црква, затоа што вие си сте црква на самите себе. Вие не се собирате на Евхаристија, не верувате дека Евхаристијата се Тело и Крв Христови, а според учењето на Свети Игнатиј Богоносец, (на кој патем пред неколку поста ти рече дека право збори), таквите кои не веруваат во Евхаристијата - се нарекуваат еретици! Еве: Да се држиме настрана од еретиците Тие (еретиците) се воздржуваат од Евхаристијата и од молитва, затоа што не исповедаат дека Евхаристијата е Телото на нашиот Спасител Исус Христос, Кој пострада заради нашите гревови, и Кој Отецот, поради Неговата добрина, повторно Го воскресна. Тие, значи, кои говорат против овој Дар Божји, принесуваат смрт во средината на нивните препирки. Но, подобро ќе беше за нив, да се однесуваат со почит (кон Даровите), та можеби и тие ќе воскреснат. Затоа е добро, вие да се држите настрана од такви луѓе, ниту пак да зборувате со нив тајно, ниту јавно, но да се поучувате од пророците, а пред се од Писмото, во кое ни е откриено страданието на Христос, а Воскресението целосно посведочено. Избегнувајте секакви поделби, кои се зародиш на секое зло. А еве ти што велиш:
Со ова повторно си во контрадикторност на самиот себе. Сега сакаш да кажеш, дека не есапиш никаква хиерархија, ниту авторитет (така е, во збиралиштето во кое самиот си си црква, ти си единствениот авторитет). Е сега, ако е така, пак ќе кажам, зошто кога Свети Игнатиј Богоносец баш вели дека треба да се покоруваме на Епископ, ти рече, не спорам со тоа, а сега со оваа реченица, спориш!
Со ова не би се служил. Уште апостолски времиња е утврдено дека Црквата е ЕДНА, СВЕТА, СОБОРНА И АПОСТОЛСКА. Во Црквата нема многу деноминации и организации, има само насобрано стадо Божјо!
Па не би рекол. Не биле мирјаните, туку епископите кои ги воздигнувале помесните цркви. И тоа не си го земај како многу цркви, туку тие и натаму биле ЕДНА Црква.
Не? Дела 5:19 Петар и другите апостоли му одговорија: „Треба да Му се покоруваме првенствено на Бог, а потоа и на луѓето што ни се претпоставени. 1 Тим. 3:10 Пред да бидат назначени за ѓакони, тие треба да се докажат како луѓе без пороци. Тит 1:5 Те оставив во Крит за да го довршиш она што остана недовршено: по сите градови да назначиш водачи во црквите. Како што ти наредив Проштевај, но во место каде што нема водачи, владее безредие, а во безредието нема љубов.
Ова е „измислица“ на Свети Игнатиј, кој живеел во првиот век!
Па не знам, Свети Игнатиј не вели така (а тој е изворен христијанин). Тој вели и кон таквиот да се однесуваме со почит, а да се молиме (сите заедно), за негово поправање. И каква врска има личниот грев на епископот, со суштественоста на еден Епископ? Ти кажи ми, кој е твојот овоземен епископ? На која епархија припаѓаш, и кој е возглавен епископ на таа епархија?
Е сега, ако е така, зошто апостолите натаму ја воспоставувале и утврдувале хиерархијата? Тогаш тоа би значело дека уште од првиот век, секој би можел да си биде епископ, оти секој би се повикувал на тоа дека е поставен од Светиот Дух. Но, сите се ПОТЧИНУВАЛЕ на апостолите, и во нив гледале Епископи, а исто така гледале како на Епископи и кон оние кои биле поставени од апостолите.
Кој е твојот учител, апостол, пастир, епископ, презвитер и ѓакон? И повторно да потенцирам, не мислам на Христос, мислам на човек поставен да биде тоа. И повторно, цело време провејуваш за анархија, а сега одеднаш, оп! Требало да му се покажува чест на Епископ??? Решете се веќе еднаш, треба или не треба? |
||||||||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Братче, со вакви аматерски теологии, можеш како што спомнав, да замајаваш некои неписмени бабички.
Нема никаква контадикторност меѓу тврдењето дека христијанинот треба да се покорува на духовните авторитети (што не е исто со и црковните авторитети, ако црквата ја гледаме толку слепо-тесноградо како што ти тврдиш како институција, како кока-кола а.д., или во овој случај МПЦ А.Д.), и со тврдењето дека не треба да им се покорува на еретичките институции и да го отфрла авторитет даден ним од ним сличните отпадници од верата. Впрочем, ти си самиот во толку голема теолошка небулоза, што ако се родеше во друго време ќе беше покорен и послушен до Пеколот на Епископите и попоите како што се на пример Арије, Ориген, Марцион, Несторије, Новатиан, да не ги редам цела историја на Епископи и попои... Ништо мене не ме убедува дека не треба на таа листа да се додадат и Стефан, Кирил, Пимен, Наум, Иларион, итн. Ништо не е различно, ако отстапиле од верата, од Христовото и Апостолско учење, китењето со крстои и титули не им вреди пет пари. |
||||||||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||||||||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Па, Светото Писмо не верувам дека е аматерска теологија. Јас од него ти посочив цитати. А впрочем, нели е тоа разбирливо самото по себе?
Јас морам да се сложам со Асја овој пат, дека некои работи се премногу толерирани. Не се согласувам со нејзиниот тон, и начин како го изразува тоа, но сепак е во право. Премногу се дозволува исмевање и напад на православната вера и Црква, а еве на пример, мики_п, кога баптистите ги нарекува еретици, добива опомени за бан. Ова не го кажувам како замерка за модераторите, затоа што тие најдобро си ја знаат работата, туку само воочувам некои недоследности. А можеби згодно е да отвориме тема за дискусија токму на ова прашање: Кои се рамките во кои може да дискутираме, т.е. треба ли во одбрана на верата, да се напаѓаат и исмеваат останатите верувања? Под напаѓање не подразбирам искривување на учењето, или на влегување во жестока дискусија, ами мислам на изјавите од стилот: „МПЦ А.Д.“
Па многупати сме кажале дека Епископот треба да се следи се додека не почне да шири ерес. Алчниот Епископ не шири ерес, а тој што има искривено учење шири ерес.
Еве, повторно во недостаток на теологија и аргументи, дискусијата се сведува на плукање и напаѓање на православната Црква. Ама ако, со овие камења ние и ја градиме Црквата. И за крај, повторно во немање аргументи, дискусијата се замајува, и не се одговара на поставените прашања, и правење тактики „збунити непријатеља“: „Свети Игнатиј е во право за Евхаристијата, ама ние не веруваме во тоа, Свети Игнатиј е во право за Епископот, ама ние немаме Епископ“ - вакви се вашите „збунити непријатеља“ тактики. |
||||||||||
Внеси реплика | страница <1 45678 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |