|
Поуки од Светите Отци |
Внеси реплика | страница <1 2425262728 32> |
Автор | ||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сакаш да кажеш дека книгите на ткн. "предание" не влегле во Новозаветниот канон заради нивната неавтентичност?
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Долго и широко, резултатот, повторно харикири.
Ахмар, оние кои ги нарекуваш „отци“ самите сфатиле дека Библијата е над „отците“. Ти ако сакаш да ги слушаш „отците“, прво за тоа послушај ги. Доволно ти е тоа, за да почнеш на правиот православен пат. |
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Евангелосе ај прочитај го ова уште еднаш па ќе сфатиш:
Црквата востановила кои документи навистина се апостолски, а кои не се. Додека ти НЕправославен очигледно те мрзело да читаш штом кенкаш дека многу било долго(мада се трудев да бидам најкраток што можам). Но ок, како сакаш,со сила убавина не бива. |
||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не реков дека не го бива затоа што е долго. Има врвни дела што се долги, ама читателот на крајот посакува уште да траат. Проблемот е со оние другите, кога во секоја следна реченица на писателот се чувствува агонијата од недостаток на логика и јаснотија, па секоја следна мисла е позаптлеткана во нелогичности и филозофии, за небаре читателот некаде да се изгуби, па да помисли дека во долгоречитоста имало и мудрост. |
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Свети Игнатиј Брајнчанинов, за прелеста
Прелеста е повреда на човечката природа со лага. Прелеста е состојба својствена за сите луѓе, без исклучок, предизвикана од падот на нашите прародители. Сите ние сме во прелест. Знаењето за тоа е најдобра заштита од прелеста. Најголема прелест е човек да се смета себеси за слободен од прелест. Сите ние сме измамени, сите ние сме заведени, сите се наоѓаме во лажна состојба и имаме потреба да се ослободиме преку Вистината. Вистината е нашиот Господ Исус Христос. (Јован 8, 32 и 14, 6).Да ја усвоиме таа Вистина со вера во неа, да крикнеме со молитва кон таа Вистина и таа ќе нè извлече од пропаста на самоизмамата и соблазната демонска. |
||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бравос. На место! |
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
Orthodul
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 157 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пасхално слово на свети Јован Златоуст
Кој е побожен и богољубив, нека се насладува со оваа чудесна и светла слава. Кој е благоразумен слуга, радувајќи се, нека влезе во радоста на својот Господ. Кој се намачил постејќи, сега нека ја прими својата плата. Кој работел од првиот час, денес нека го прими праведниот долг. Кој дошол по третиот час, нека празнува со благодарност. Кој стигнал по шестиот час, ни најмалку нека не се сомнева, зашто со ништо нема да биде оштетен. Кој го пропуштил и деветиот час, нека пристапи не колебајќи се. Кој стигнал дури во единаесеттиот час, нека не се плаши поради доцнењето: зашто овој прекрасен Господар го прима последниот како и првиот, го одмара оној кој дошол во единаесеттиот час исто како и оној кој работел од првиот час. И последниот го милува и првиот го вселува; и на оној му дава и на овој му дарува; и делата ги прима и намерата ја целива; и трудот го цени и приносот го фали. Затоа, влезете сите верни во радоста на својот Господ; и првите и другите плата примете; богати и сиромаси, еден со друг ликувајте; кои се воздржувавте, кои сте биле мрзливи, почитувајте го денот; вие кои постевте и кои не постевте, веселете се денес! Трпезата е преполна, сите насладувајте се богато! Телето е угоено, никој нека не излезе гладен, сите насладете се со гозбата на верата, уживајте во богатството на добрината! Никој нека не ја оплакува сиромаштијата, зашто се јави општо царство. Никој нека не тагува заради гревовите, зашто прошка заблеска од гробот. Никој нека не се бои од смртта, зашто смртта на Спасителот нè ослободи, ја изгасна Оној Кого таа Го држеше, го заплени адот Оној Кој слезе во него, се огорчи адот вкусувајќи го Телото Негово. И, предвидувајќи го тоа, Исаија воскликна: АДОТ СЕ ОГОРЧИ, кога долу Те сретна, АДОТ СЕ ОГОРЧИ, зашто опустоши, АДОТ СЕ ОГОРЧИ, зашто беше исмеан, АДОТ СЕ ОГОРЧИ, зашто беше умртвен, АДОТ СЕ ОГОРЧИ, зашто беше срушен, АДОТ СЕ ОГОРЧИ, зашто беше окован; го прими телото Христово, а Го најде Бог, прими земја, а сретна небо, го прими она што го гледаше, а падна во она што не го гледаше. Каде ти е, смрт, бодилото? Каде ти е, аде, победата? ВОСКРЕСНА ХРИСТОС и ти се струполи. ВОСКРЕСНА ХРИСТОС и паднаа демоните. ВОСКРЕСНА ХРИСТОС и се радуваат ангелите. ВОСКРЕСНА ХРИСТОС и ниту еден мртов во гробот. Зашто, Христос, воскреснувајќи од мртвите, стана првина меѓу умрените. Нему слава и чест низ сите векови. Амин |
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Свети Сава
Според тоа браќа и деца ве молам полагајќи ја сета надеж во Бога пред се да се држиме за неговата права вера. Зашто како што рече апостолот: Никој не може да постави друг темел, освен оној кој го постави Светиот Дух преку светите апостоли и Богоносните отци, а тоа е правата вера која е на седумте вселенски собори потврдена и проповедана. Затоа на овој темел на светата вера треба да ѕидаме со злато и сребро и други благородни камења т.е добрите дела. Зашто не ни користи исправноста на животот без правата и просветлена вера во Бога, ниту пак правото исповедање (вера) без добрите дела можат да не изведат пред Господа туку треба да ги имаме двете, за човекот Божији да биде соврешен, а не заради недостатокот на (едниот, Адам) биде хром нашиот живот. Како што рече апостолот, дека само онаа верата спасува која делува преку љубовта. |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Старец Софрониј
Во покајната молитва за своите гревови ние се учиме да ја доживуваме трагедијата на целото човештво низ самите себе. Ако сето мое суштество така боледува заради моите секаквородни падови на секој чекор – ако позади сите мои падови се крие првобитниот пад на нашиот Прататко, кој го оттргна целото човештво од Бога и Отецот наш, тогаш нормално е во моите лични страдања да ги препознавам и постоечките страдања на сите луѓе. Но, може и спротивно: во мојата радост – да ја видам радоста на целиот свет. Така христијанинот се учи да сострадува со сите страдалници, и да се радува со сите кои се радуваат. |
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Св. Силуан Светогорец
Кога Господ возљуби некоја душа, Он и дава да не мисли само на себе, туку да се грижи за сите луѓе и со солзи да се моли за нив. |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Св. Григориј Палама
Одајата на душата е телото; нејзините врати се петте телесни сетила. Душата влегува во својата одаја кога умот не е расеан ваму-таму, талкајќи меѓу световни работи и грижи, туку стои внатре во нашето срце. Нашите сетила се затвораат и остануваат затворени кога не им дозволуваме страсно да се приврзани за надворешните сетилни работи. На овој начин, нашиот ум останува слободен од секоја световна приврзаност, и преку тајната умна молитва се соединува со Бог нашиот Отец. |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Св. Марко Подвижник Ѓаволот нам ни ги прикажува малите гревови како незначајни, затоа што инаку тој не би можел да не’ наведува во поголеми прегрешенија. |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Св. Силуан Светогорец
Сакам да се научам на смирение и Христова љубов, никого да не навредам и разжалостам, туку за секого да се молам како за самиот себе. |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Св. Василиј Велики
Без Божествената љубов, ние од ништо немаме корист, дури и ако ги поседуваме сите останати дарови на Светиот Дух. |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Внеси реплика | страница <1 2425262728 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |