![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 8081828384 138> |
Автор | |
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Други раце те милуваат
а моиве копнеат за само еден допир твој. Сакам да те допрам да ја почувствуваш мојата топлина. Други очи гледаш, а моите светкаат на самата помисла за тебе. Еден поглед фрли само во моите очи и тој ќе ти каже се и ќе ги истопи сантите мраз кои околу себе ги чуваш. Ти си ледена долина, јас сум твојот вулкан. Дојди да те стоплам. Ти си студен дожд, јас сум жежок ветер. Да се споиме, ќе те претворам во жежок летен дождец. Ти си ѕверот мој, јас убавицата твоја. Дојди да те скротам. Срце да ти разнежнам. Ти си морска тишина, јас див бран насред море. Дојди допри ме! Смири ме со допир. Скроти ме со бакнеж. Стопли ме со љубов. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ме прашуваш постојано.
Се едно исто прашање. Зошто јас? И секогаш ти давам одговор кој тебе не те крепи. Не дека немам одговор. Имам. Не дека не знам зошто. Знам. Но твојот продорен поглед ме растреперува. Твојата прекрасна насмевка ме разоружува. Твоето заводливо тело ме возбудува. Твоето постојано одбивање ме привлекува. Твојата таинственост ме буди интерес. Твоето внимание кон мене ме исполнува. Твојата заинтересираност ми импонира. Со тебе сум принцеза од бајките детски. Додека разговараме не постои ништо друго освен ти и јас. Кога ме гледаш ти читам желба и жед. Кога ми се обраќаш ми мамиш насмевки. Кога си тука пред мене се чувствувам своја,цела. Ти си делчето мало кое мене ми недостига. Ти го надополнуваш сето она што друг не може. Ме прашуваш... Зошто јас? Не ме прашувај. Само прочитај. Очите мои ќе ти кажат се. Телото мое ќе ти даде одговор. Бакнежот мој ќе ти открие. Допирот мој ќе ти потврди. Со тебе сум цела. Своја. Единствена. Сакана. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПAПАД ВО ПРОВАЛИЈА
хаику Ааааа ааааааа ааааах... ![]() |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
леа ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 10 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Да можев да најдам збор
Денес го разбудив денот со твојот лик, а не сакав... Денес го сокрив сонцето со дожд под очи, а не сакав. Чекорев по асфалтот како да е подвижна лента за да не ме носи никаде, додека одам, а не сакав. Во мене живее нешто што не го разбирам. Ех да можев бар да најдам збор. Изменето од леа - 11.Април.2009 во 22:37 |
|
![]() |
|
Delicia ![]() Сениор ![]() *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Со невидливи синџири ме врза, Велиш,нема што да се брза, Велиш ,подобро е вака, Но јас незнаев дека боли кога се сака. Ги превиваш моите рани, Велиш,времето лек било, Ме бакнуваш и ми шепотиш мое мило, Знаеш дека мисли ми крадеш, Знам дека повеке не можеш да дадеш, А можеби е и подобро вака, И онака боли кога се сака. |
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Maco....
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сакам луѓе
не сакам лицемери. Сакам пријатели не сакам непријатели. Сакам љубов не сакам омраза. Сакам сонце Не сакам облаци. Сакам месечина не сакам мрак. Сакам пролет не сакам зима. Сакам деца не сакам возрасни. Сакам да чекорам по дождот. Оти тогаш никој не гледа дека солзи ми течат од моите очи заради се што не сакам. ![]() Изменето од butterflyM55 - 12.Април.2009 во 08:29 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Излегувам на сцена.
Темно е. Надзирам силуети во мракот. Публика. Грутка во грлото стега. Молчам. А треба да почнам. Монолог. Штама е сеуште. Тишина. Некој од публика свирка. Пораз. Рефлектор се пали. Ме гледаат. Аплауз за охрабрување. Сила. Почнува монологот. Се откривам. Текстот тече од усни. Гола сум. Свирежи и неодобрување. Понижување. Се храни непријателот. Завист. Скубе од секое крваво место. Се распаѓам. Мирис на трулеж се шири. Смрт. Рефлектори се гаснат. Темнина. Сцената е пак празна. Мир...тишина... ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Некој со насмевка се родил.
Во животот, не се тркај со другите, него со самиот себе. јап
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
|
Delicia ![]() Сениор ![]() *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пссст!!! Молчи! Излишни се сите зборови, Пушти ме како од книга да читам Во твоите очи. Молчи! Не зборувај! Пушти нека твоите допири Ми објаснат се што сакаш да ми кажеш Пушти,тогаш сум сигурна Дека нема да ме лажеш. Пссст!!! Молчи! Ке ги пуштиме нашите тела Нека без зборови зборуваат, Чувствата нека ги водат во темнината, Каде што е битен само моментот, Изменето од marija1000 - 13.Април.2009 во 01:21 |
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кога две срца
во љубов се споени. Кога две тела во прегратки стојат. На ситните капки дожд која ги милува во ноќта. Тогаш ништо не е важно. Дури и додека минувачите покажуваат со прст на нив, тие не приметуваат. Оти само нивните сенки се живи и треперливи во ноќта дождлива. И само нивните споени тела кај минувачите предизвикуваат бес,презир,смеа,завист... Кога двајца се сакаат не се тука за никого. Тогаш тие се подалеку од ноќта темна и уште подалеку од светлиот ден. Тие се едноставно во својата заслепувачка светлост на вистинската љубов. ![]() Изменето од butterflyM55 - 13.Април.2009 во 05:07 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се будиш од сон
изморен од животот. Се гледаш во огледало кое само гримаси ти враќа. Пробаш да ги составиш делчињата кои ги гледаш. Но залусно. Нејасно е. Не сваќаш ништо. Што ли ти се случува, ги прашуваш остатоците од скршеното огледало, кое само такво,искршено, можеш да го поднесеш и прифатиш пред тебе. И само замавнуваш со раката немарно. Ја ставаш маската со вештачка насмевка на своето прекрасно лице. Фрлаш последен поглед во остатоците од огледалото. Мммммм.......... Да!Тоа е тоа што сакаш да го видиш во него. Се свртуваш и заминуваш со цврст чекор,сигурен одиш кон новиот ден. Се додека не те проголта темнината на ноќта, и пак се враќа одразот од скршеното огледало. Ја фрлаш маската, и пак си само ти. Сам со себе и своите делчиња расфрлани низ собата на твојот живот. и никако да го составиш мозаикот кој те прогонува. Те тера да си карпа студена и не ти дава да блеснеш посилно од сонцето светло. И не ти дава да сјајеш со златестиот сјај на ѕвездите кои ги милува светлоста на месечината. Те измачува до бескрај. Те тера во бездната од која излез не гледаш, единствено право во неа. Застани!Сврти се! Не го давај последниот чекор! Немој! Слушни го крикот мој. Види го ликот мој. Сврти се само и дофати ја мојата рака, која за тебе е испружена. Допри ме само со врвот напрстите твои. Насмевни се со твојата прекрасна насмевка и само препушти се на мојата прегратка. Тука сум за тебе, да те спасам. Фрли ја маската пред мене и биди си само ти. Фрли ја маската и прифати ме во себе, крај тебе.... Едноставно... Фрли се од себе кое те уништува и биди само мој,единствен. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Го слушам гласот твој
како музика за уши мои. Прекрасна соната од зборови ми ги буди сетилата. Но само за кратко. Повторно акорди на лудило се мешаат со неа. И пак запаѓаш во агонијата на хард-рокот твој кој само те уништува. Се тргнувам настрана и тегледам без престан. Чекам да завршат тие луди акорди на твојата душа. Се прашувам немо, ќе сватиш ли веќе? Ќе се вратиш ли пак назад покорен,смирен, без сомнежи и стравови? Останувам тука каде што бев, каде што ме остави последниот пат. Нема да заминам од местово, ќе те чекам. Ќе чекам хард акордите да се смират и пак да ми се вратиш да ме прегрнеш во звукот насимфонијата складна за нас и нашата иднина. Останувам тука да те чекам. Го имаш сето време на овој свет,оти, нема никогаш да се изморам од чекање. Оти јас едноставно знам да чекам. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
Delicia ![]() Сениор ![]() *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
pepeeeeeeee
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 8081828384 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |