IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8081828384 138>
Автор
Порака
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 13:06
Други раце те милуваат
а моиве копнеат
за само еден допир твој.
Сакам да те допрам
да ја почувствуваш
мојата топлина.
Други очи гледаш,
а моите светкаат
на самата помисла за тебе.
Еден поглед фрли само
во моите очи и тој
ќе ти каже се
и ќе ги истопи сантите мраз
кои околу себе ги чуваш.
Ти си ледена долина,
јас сум твојот вулкан.
Дојди да те стоплам.
Ти си студен дожд,
јас сум жежок ветер.
Да се споиме,
ќе те претворам
во жежок летен дождец.
Ти си ѕверот мој,
јас убавицата твоја.
Дојди да те скротам.
Срце да ти разнежнам.
Ти си морска тишина,
јас див бран насред море.
Дојди допри ме!
Смири ме со допир.
Скроти ме со бакнеж.
Стопли ме со љубов.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 03:02
Ме прашуваш постојано.
Се едно исто прашање.
Зошто јас?
И секогаш ти давам одговор
кој тебе не те крепи.
Не дека немам одговор.
Имам.
Не дека не знам зошто.
Знам.
Но твојот продорен поглед
ме растреперува.
Твојата прекрасна насмевка
ме разоружува.
Твоето заводливо тело
ме возбудува.
Твоето постојано одбивање
ме привлекува.
Твојата таинственост
ме буди интерес.
Твоето внимание кон мене
ме исполнува.
Твојата заинтересираност
ми импонира.
Со тебе сум принцеза
од бајките детски.
Додека разговараме
не постои ништо друго
освен ти и јас.
Кога ме гледаш
ти читам желба и жед.
Кога ми се обраќаш
ми мамиш насмевки.
Кога си тука пред мене
се чувствувам своја,цела.
Ти си делчето мало
кое мене ми недостига.
Ти го надополнуваш сето она
што друг не може.
Ме прашуваш...
Зошто јас?
Не ме прашувај.
Само прочитај.
Очите мои
ќе ти кажат се.
Телото мое
ќе ти даде одговор.
Бакнежот мој
ќе ти открие.
Допирот мој
ќе ти потврди.
Со тебе сум цела.
Своја.
Единствена.
Сакана.

Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2009 во 20:01
ПAПАД ВО ПРОВАЛИЈА
хаику

Ааааа
ааааааа
ааааах...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
леа Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај леа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2009 во 22:37
Да можев да најдам збор


Денес го разбудив денот
со твојот лик,
а не сакав...

Денес го сокрив сонцето
со дожд под очи,
а не сакав.

Чекорев по асфалтот
како да е подвижна лента
за да не ме носи никаде,
додека одам,
а не сакав.

Во мене живее нешто што не го разбирам.
Ех да можев бар да најдам збор.


Изменето од леа - 11.Април.2009 во 22:37
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2009 во 01:06

Со невидливи синџири ме врза,

Велиш,нема што да се брза,

Велиш ,подобро е вака,

Но  јас незнаев дека боли кога се сака.

Ги превиваш моите рани,

Велиш,времето лек било,

Ме бакнуваш и ми шепотиш мое мило,

Знаеш дека мисли ми крадеш,

Знам дека повеке не можеш да дадеш,

А можеби е и подобро вака,

И онака боли кога се сака.

...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2009 во 07:40
Maco....

Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2009 во 08:23
Сакам луѓе
не сакам лицемери.
Сакам пријатели
не сакам непријатели.
Сакам љубов
не сакам омраза.
Сакам сонце
Не сакам облаци.
Сакам месечина
не сакам мрак.
Сакам пролет
не сакам зима.
Сакам деца
не сакам возрасни.
Сакам да чекорам
по дождот.
Оти тогаш
никој не гледа
дека солзи ми течат
од моите очи
заради се што не сакам.


Изменето од butterflyM55 - 12.Април.2009 во 08:29
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2009 во 15:35
Излегувам на сцена.
Темно е.
Надзирам силуети во мракот.
Публика.
Грутка во грлото стега.
Молчам.
А треба да почнам.
Монолог.
Штама е сеуште.
Тишина.
Некој од публика свирка.
Пораз.
Рефлектор се пали.
Ме гледаат.
Аплауз за охрабрување.
Сила.
Почнува монологот.
Се откривам.
Текстот тече од усни.
Гола сум.
Свирежи и неодобрување.
Понижување.
Се храни непријателот.
Завист.
Скубе од секое крваво место.
Се распаѓам.
Мирис на трулеж се шири.
Смрт.
Рефлектори се гаснат.
Темнина.
Сцената е пак празна.
Мир...тишина...

Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 00:36

Некој со насмевка се родил.
А некој не
Некој знаел како да се роди.
Другиот морал да научи да живее. 

 

Во животот, не се тркај со другите, него со самиот себе.
Тогаш во целта ќе стигнеш прв, но диспилнината е непозната, но е твоја.

јап

 

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 01:20

Пссст!!! Молчи!

Излишни се сите зборови,

Пушти ме како од книга да читам

Во твоите очи.

Молчи! Не зборувај!

Пушти нека твоите допири

Ми објаснат се што сакаш да ми кажеш

Пушти,тогаш сум сигурна

Дека нема да ме лажеш.

Пссст!!! Молчи!

Ке ги пуштиме нашите тела

Нека без зборови зборуваат,

Чувствата нека ги водат во темнината,

Каде што е битен само моментот,

А не минатото ,сегашноста,иднината.....
 


Изменето од marija1000 - 13.Април.2009 во 01:21
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 05:06
Кога две срца
во љубов се споени.
Кога две тела
во прегратки стојат.
На ситните капки дожд
која ги милува во ноќта.
Тогаш ништо не е важно.
Дури и додека минувачите
покажуваат со прст на нив,
тие не приметуваат.
Оти само нивните сенки
се живи и треперливи
во ноќта дождлива.
И само нивните споени тела
кај минувачите предизвикуваат
бес,презир,смеа,завист...
Кога двајца се сакаат
не се тука за никого.
Тогаш тие се подалеку
од ноќта темна
и уште подалеку
од светлиот ден.
Тие се едноставно во својата
заслепувачка светлост
на вистинската љубов.


Изменето од butterflyM55 - 13.Април.2009 во 05:07
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2009 во 16:59
Се будиш од сон
изморен од животот.
Се гледаш во огледало
кое само гримаси ти враќа.
Пробаш да ги составиш
делчињата кои ги гледаш.
Но залусно.
Нејасно е.
Не сваќаш ништо.
Што ли ти се случува,
ги прашуваш остатоците
од скршеното огледало,
кое само такво,искршено,
можеш да го поднесеш
и прифатиш пред тебе.
И само замавнуваш
со раката немарно.
Ја ставаш маската
со вештачка насмевка
на своето прекрасно лице.
Фрлаш последен поглед
во остатоците од огледалото.
Мммммм..........
Да!Тоа е тоа што сакаш
да го видиш во него.
Се свртуваш и заминуваш
со цврст чекор,сигурен
одиш кон новиот ден.
Се додека не те проголта
темнината на ноќта,
и пак се враќа одразот
од скршеното огледало.
Ја фрлаш маската,
и пак си само ти.
Сам со себе
и своите делчиња
расфрлани низ собата
на твојот живот.
и никако да го составиш
мозаикот кој те прогонува.
Те тера да си карпа студена
и не ти дава да блеснеш
посилно од сонцето светло.
И не ти дава да сјајеш
со златестиот сјај
на ѕвездите кои ги милува
светлоста на месечината.
Те измачува до бескрај.
Те тера во бездната
од која излез не гледаш,
единствено право во неа.
Застани!Сврти се!
Не го давај последниот чекор!
Немој!
Слушни го крикот мој.
Види го ликот мој.
Сврти се само
и дофати ја мојата рака,
која за тебе е испружена.
Допри ме само
со врвот напрстите твои.
Насмевни се со твојата
прекрасна насмевка
и само препушти се
на мојата прегратка.
Тука сум за тебе,
да те спасам.
Фрли ја маската пред мене
и биди си само ти.
Фрли ја маската
и прифати ме во себе,
крај тебе....
Едноставно...
Фрли се од себе
кое те уништува
и биди само мој,единствен.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2009 во 17:12
Го слушам гласот твој
како музика за уши мои.
Прекрасна соната од зборови
ми ги буди сетилата.
Но само за кратко.
Повторно акорди на лудило
се мешаат со неа.
И пак запаѓаш во агонијата
на хард-рокот твој
кој само те уништува.
Се тргнувам настрана
и тегледам без престан.
Чекам да завршат тие луди
акорди на твојата душа.
Се прашувам немо,
ќе сватиш ли веќе?
Ќе се вратиш ли пак назад
покорен,смирен,
без сомнежи и стравови?
Останувам тука
каде што бев,
каде што ме остави
последниот пат.
Нема да заминам од местово,
ќе те чекам.
Ќе чекам хард акордите
да се смират
и пак да ми се вратиш
да ме прегрнеш во звукот
насимфонијата складна
за нас и нашата иднина.
Останувам тука
да те чекам.
Го имаш сето време
на овој свет,оти,
нема никогаш
да се изморам од чекање.
Оти јас едноставно
знам да чекам.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2009 во 18:18
pepeeeeeeeeбакнежголемо%20гушкањеаплаузбакнеж
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8081828384 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.