|
Локални избори 2009 |
Внеси реплика | страница <1 5678> |
Автор | |||
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
i za drugite gradovi dadoa takvi izjavi....denes dvorot mi bese poln so letoci....glasajte za VMRO!
e ke glasam.....stap so brada!
|
|||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вака ни турците не работеле. Ај да видиме до каде ќе стигнат. |
|||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
И локалните избори поминаа во најдобар ред. Во најголем број на општини доби ВМРО...!!! |
|||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|||
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
zalosno...
|
|||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако е жалосно...жали...!!! За мене е ...радосно...!!! |
|||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|||
Biolica
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 808 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Za prv pat i vo Prespa Resen pobedi VMRO i imat niv gradonacalnik Volkanovski , Buzlevski otide vo maglata , uste ne mi se vervit am aj
|
|||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Редно беше и Бузлевски да ја отстапи градоначалничката фотеља...!!! Корени пушти веќе.... !!!
|
|||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Инженери и економисти ќе ги водат општините
Инженер и економист се најчестите професии на идните градоначалници. Според биографиите на кандидатите избрани на овие локални избори, во најголем дел од општините во следните четири години ќе раководат машински, шумарски и рударски инженери. Потоа следуваат економисти, а зад нив се лекарите, професорите и правниците. Инженери застанаа на чело на Ресен, Кочани, Бутел, Сопиште, Илинден, Лозово, Липково и на уште десет општини. Дванаесетмина од идните градоначалници се со завршен Економски факултет. ВМРО-ДПМНЕ заедно со партиите од коалицијата победи во 58 општини. Меѓу идните градоначалници има осум економисти, четворица лекари, тројца правници, шест машински инженери, четворица професори, двајца шумарски инженери, по двајца технолози и ветеринари, тројца со завршен Педагошки факултет, еден агроном, еден сообраќаен техничар и еден графички инженер. Градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митровски е генерал во пензија, градоначалникот на Битола Владимир Талески е драмски актер. Идниот градоначалник на Крушево Василчо Дамчески е политиколог. Информатичари се избраните градоначалници на Скопје и на Штип, Коце Трајановски и Зоранчо Алексов. Четворица од идните први луѓе на општините кандидирани од ВМРО-ДПМНЕ се со средно образование. Кандидатите зад кои застанаа СДСМ и ЛДП ќе раководат во девет општини. Тројца од нив се економисти. Тоа се градоначалниците на Струмица, Карпош и на Вранештица - Зоран Заев, Стевчо Јакимовски и Ванчо Србаковски. Идниот градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски завршил Медицински факултет, а градоначалникот на Охрид Александар Петрески е сообраќаен инженер. Идниот градоначалник на Тетово Сади Беџети е универзитетски професор по анатомија, а Руфи Османи, кој победи во Гостивар, е универзитетски професор по економија. ДУИ победи во 13 општини. Најголем дел идни градоначалници од оваа партија се економисти, лекари и правници. Според старосната структура, мнозинството кандидати што победија на изборите се родени меѓу 1960 и 1970 година. Најмногу од идните први луѓе на општините беа избрани во вториот изборен круг. |
|||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Навистина штета пак за Велес, што така ,,лесно,, го ,,испуштија,, Аце......два мандата беше, бар уште овој да го ,,истераше,,
|
|||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вест открива една интересна вест...
---------------------------------------------------------- НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШУТКА ЕЛВИС БАЈРАМ ВЕТУВА: Ќе се запишам во средна школа Елвис Бајрам, син на пратеникот Амди Бајрам, вели дека завршил само основно училиште бидејќи се посветил на семејниот бизнис и немал време за учење, но сепак ветува дека ќе се распраша каде и како може да го продолжи образованието Новиот градоначалник смета дека фактот што има само основно образование нема да му пречи успешно да ја води Општината и да и даде сосема нов изглед Елвис Бајрам, син на пратеникот Амди Бајрам, стана градоначалник на Општина Шуто Оризари, со завршено само основно образование. Иако Елвис Бајрам нема ниту средно образование, тој смета тоа не е пречка за успешно да ја води Општината во наредните четири години. 32-годишниот Бајрам осмолетка завршил во основното училиште "Браќа Рамиз и Хамид" во скопската населбата Шуто Оризари. По завршувањето на основното училиште, не го продолжува образованието во средно училиште бидејќи се посветил на бизнисот. Во тоа време бизнисот на неговиот татко Амди Бајрам бил во развој и била потребна неговата помош за да се развива успешно семејниот бизнис."Јас немам високо образование, ама имам уличен факултет. Па мојот противкандидат к*рто Дудуш има завршено само четврто одделение. Тоа што имам само основно училиште, нема да ми пречи успешно да ја водам Општината, бидејќи на прсти ги знам сите проблеми и имам 3,5-годишно искуство како советник на Општина Шуто Оризари. Но, сепак, во план ми е да го продолжам образованието. Наскоро време ќе се распрашам како и каде можам да учам вонредно, бидејќи обврските како градоначалник нема да ми дозволат да посетувам редовна настава", вели Елвис Бајрам, новиот градоначалник на Општина Шуто Оризари. Тој вели дека и со завршено само основно училиште, од Шутка ќе направи многу поубаво место за живеење. Во наредните четири години овој дел од Скопје ќе добие сосема нов изглед. Ќе го исчистел ѓубрето и депониите кои ги има на секој чекор во населбата, ќе ги асфалтира сите улици кои сега се во очајна состојба, ќе изгради споменици на плоштадот и ќе се бори дивиот пазар да не биде затворен бидејќи тој е единствен начин за преживување на жителите на Шуто Оризари. "Јас сум многу добар човек, и тоа жителите на Шуто Оризари го препознаа. Во мојот мандат Шутка ќе ја преродам. Првите три месеци само ќе го чистам ѓубрето, мора да му најдам решение на тој голем проблем. Бидејќи сега секоја општина на плоштадите става споменици, и јас ќе одам кај министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска и ќе побарам дозвола на нашиот плоштад да ставиме споменик на браќата Рамиз и Хамид. Ние Ромите сме мирољубив народ, немаме револуционери. Браќата Рамиз и Хамид се бореле на дипломатски начин за правата на Ромите. Исто така, сакаме да ставиме и статуа на нашиот најголем пејач Тоше Проески. Тоа е желба на сите жителите на Шутка", вели Бајрам. Елвис Бајрам вели дека во моментов не се занимава со семејниот бизнис туку целосно е посветен на политиката, а слободното време го поминува со сопругата и со трите деца. "Во брак сум веќе 12 години. Можам да се пофалам дека имав несекојдневна свадба. Мојот татко донесе хеликоптер од Бугарија, со кој јас и мојата сопруга отидовме од матичната служба во Општината до ресторанот 'Опатија' во Градскиот парк. Хеликоптерот слета на Градскиот стадион и од таму пеш дојдовме до ресторанот", раскажува Елвис Бајрам. |
|||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не го испуштија. Бабуна го однесе. Не требаше во време на кампањата да оди во родното село Мартолци. Што му требаше тоа. А, знаеше дека токму тие поради долго годишни ветувања не го сакаат и сите станаа членови на ВМРО, а пред двајсетина години глава даваа а него. Затоа матна Бабуна го однесе. |
|||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|||
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Нема грешка си чул дека е од Мартолци и шириш дезинформација ...
Прашајте (кој може) шо правеше дечкото со фацијалис во село Бузалково (етничко населено со Албанци) во неделата на денот на изборите во тоа место .
Изменето од mamamd - 11.Април.2009 во 08:02 |
|||
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За неговите работи во Бузалково може да зборува само Сејдиу Абдулаи. Друг никој. Или можеби Арсим Небиху и Саид Говори Чичко ама овие двајца сега се во Косово. А тебе никој не ти дава за право да кажуваш за Коцевски од причина што и воопшто не го познаваш. Оноа кое не го го знаеш не го лиферувај во јавноста. |
|||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Има и по некој средношколец и по некој лекар. Сепак жално за Македонија. Црно и се пишува. |
|||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|||
Внеси реплика | страница <1 5678> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |