![]() |
|
Идолопоклонички однос кон Библијата |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 111213 |
Автор | ||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Отецот овдека можеби и најотворено зборува за неправилниот однос на протестантите и сличните ним деноминации кон Светото Писмо. Самоувереноста, вели, до толку може да го ослепи човекот што може да си постане папа сам на себе. Да појасниме дека римокатолиците сметаат дека учењето на папата е непогрешливо. Тој е ВД претставник на Господ овде на земјата. Па, истото мислење за себеси го имаат и протестантите. Како пример ќе го посочам Велс, како што велеше архимандрит Данаил од Велс за историјата на Црквата во Велс: Велшаните од православие отпаднале во римокатолици, но набргу потоа ја увиделе суровоста на таа вера, па реформаторски преминале во некја од протестантските деноминации. Но, луѓето од својата преголема самоуверена ревност, мислеле дека она што тие го кажуваат е највистински, непогрешливо. Дека Христос ним лично им се јавил, и им го потврдил она што тие го толкуваат. Лични другарчиња се со Него, па не може, нема шанси да толкуваат погрешно (вакво размислување имал и Ариј). Од тоа нивно високоумие, тие почнале да се препираат, па почнале да се делат меѓусебе, и секоја една група почнала да си формира своја црква, обвинувајќи ги другите за еретици. Последица од сето тоа - денеска Велс е обезбожена нација, никој не оди на црква, и христијанството го сметаат за традиција, а не за Вистина. А зошто се обезбожиле? Едноставно - нема соборност, нема љубов... Ако се присетиме, истото се случуваше и со баптистите, кога Томас Хелвис се одделил од Џон Смит, и го обвинил за ерес. Тоа се случило во самиот зародиш на баптизмот. Каде ја гледаме соборната димензија овде? Каде овдека можеме да ја препознаеме љубовта во Христос? Овдека може да се види само следење на сопствената интуиција, како јас си го замислувам Христос, и Неговото учење. Изменето од makarios - 10.Април.2009 во 12:30 |
||
![]() |
||
ahmar1 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Тоа палање свеќи на светото писмо и слични дејанија постои само во твојот ум т.с во твојата престава за тоа какви се православните.
А види има уште еден работа,па има луѓе кои ја читаат библијата нон-стоп и знаат да цитираат на памет а пак не го исполнуваат тоа што пишува таму да се прави! Е сега кој мислиш дека ќе има посеризоен проблем во неговиот духовен живот,оној кој не ја чита библијата или оној кој нон-стоп ја чита, но СЕЛЕКТИВНО! А за тоа што евангелос го вели дека мелодијата ги замајувала верниците до толку што го заборааваат текстот, само ќе го потцетам да види како се изговараат молитвите во еврејската синагога па да видиме дали тоа пеење(или поточно рецитирање) го измислиле православните или си постоело уште во старозаветната црква. <(Небаре Исус од бродчињата и пеел на насобраната публика на бреговите на Галилејското езеро> А ја би додал небаре апостолите свиреле гитари у позадина како фон на проповедата.Уште и синтисајзер и хор може имало како што се прави во некои верски зедници кои се нарекуваат ткн."ептен Библиски" христијани. |
||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||
![]() |
||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во православните цркви, за време на нивните неделни богослужби (ткн. литургиии) постои и свечено влегување на евангелието, при што сите присутни ПОКЛОНУВАЈЌИ му се го БАКНУВААТ, а потоа свештеникот пее од него.
Пеењето исто така го сметам за идолопоклонство бидејќи не се става акцент на содржината на текстот, туку му се дава некое мелодично значење кое тоа ја немало во својата оригинална форма. (Небаре Исус од бродчињата и пеел на насобраната публика на бреговите на Галилејското езеро
![]() |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
![]() |
||
vaskapraska ![]() Сениор ![]() Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 127 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Има многу идолопоклоници кон Библијата.
Ја ставаат на највисокото место во домот. Ја целуваат. И прават метании. И палат дури и свеќи. Ама не дај Боже да ја отворат. Тоа било голема клетва. Страшна работа е тоа идолопоклонството кон Библијата. |
||
![]() |
||
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Добар осврт брате Макариос
![]() Ме натера да размислам малку за гордостта. Гордоста е сушта спротивност на Светиот Дух и со Него нема асплутно ништо. Гордоста е помрачување на умот или духовно слепило и сега се прашувам како е можно горд, односно слеп правилно да ја користи библијата ако некок кој е духовно просветлен не го упати. нели кога слеп ке води слеп и двајцата ке паднат во јама. Тие духовно просветлени луге за Православната Црква се светите Отци, кои го поминале тој пат на очистување на срцето од страстите, просветлението на умот и обожувањето на целата личност. Тие се нашите авторитети кои тој нивни авторите го покажале на дело преку нивниот живот и биле носители и сведоци на Светиот Дух во себе. А дека треба толкувачи сведочат и светите апостоли. Св ап. Петар сведочи дека списите на св.ап. Павле се тешки за разбирање и некои луге од незнаење ги испревртуваат и можат да и послужат за погибел па затоа треба и толклување ( намерно не користам буквални цитати туку парафрази за да не го сведочам и јас тој идилокпклонички пристап кон библијата) исто и св.ап. Павле кога се обратил најпрвин почол кај св.ап. Јаков, бидејки овој Бил Епископ на Јерусалим, за да му ја проверат верата)... Е сега пак и друго нешто се прашувам. Која голема гордост покажуваме ние кои сме сеуште на првиотр степен од духовниот живот, горди, слепи, помрачени... кога ке се дрзнеме да се издигаме како афторитети да мафтаме со библијата како целата да ја имаме и носиме во срцето, а го порекнуваме и отфрламе па и злозбориме против тие авторитети на Црквата кои биле докажани и посведочено во тоа време... И што е уште полошо, Светото Писмо си го прилагодуваме според нашите потреби, односно сфакања. Си вадеме цитати од контест и си креоме цитатчиња само она што ни е потребно... |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
![]() |
||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Значи, верниците од протестантските деноминации Светото Писмо го сметаат доволно само по себе за спасение. Тие сметаат дека не е потребна Црквата, и дека е возможно спасение и надвор од неа - доволно е само да го имаме прирачниот - Библијата! На овој начин, овие верници ја занемаруваат соборната димензија на Црквата. А што вели Писмото за тоа: „За да бидат сите едно, како што си Ти Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил“ (Јован 17, 21) Црквата е соборна заради својата врска со Бог Отецот, со Христа и со Светиот Дух. Зборот соборност (или католичност) означува полнота на која ништо не и` недостасува. Само Бог е полна и потполна реалност; и само во Бога ништо не недостасува. Нашиот личен молитвен подвиг, потврден во Светата Евхаристија, има соборно-космички димензии и ја засегнува целата Црква, се` создадено. Нашата правилна личносна заедница со Бога е неизбежен услов за градење на вистинска заедница со која било друга личност. Еве што вели Владимир Лоски за соборноста во Црквата:
И така, ние православните, веруваме дека соборноста претставува неодвоиво својство на Црквата затоа што таа во себе ја има вистината. Може, дури, да се каже декак соборноста е квалитет на христијанската вистина. А исто така, во овој дел, повторно се гледа застапеноста на високоумието, затоа што Светото писмо се субјективизира и индивидуализира, а високото мислење за себеси доаѓа оттаму што тие што така прават, сметаат дека тоа што го истолкувале е токму најпотребното, отфрлајќи притоа што кажале еден куп светители, кои Светото Писмо не само што го толкувале, туку и го посведочиле со своите дела, со својата смиреност, па дури и со својата крв, притоа секогаш повикувајќи се на други Отци (за да не паднат во прелест), или на апостолите или на Христос, запазувајќи го она што им било оставено во Предание. Во Православната Црква, инстант духовноста не е позната како поим. Православниот верник кој чекори кон патот на Богопознанието, пролева многу капки пот, трпи навреди, исмевања, пролева многу солзи... макар сето тоа и аскетски, се става во послушание кон духовен отец, и постојано го призива Бога. Ова православниот верник го прави не заради некаква награда, не заради тоа што Бог е суров, па мора така да се прави (небаре сме ние роботи), туку просто - заради љубовта кон Бога и ближните. А во вистинската љубов нема барање, туку само давање, себедавање и тоа до самозаборав. Алгоритамското исполнување на зборовите од Писмото, односно гледањето на Библијата како единствен критериум за спасение, не е ништо друго, туку типичен идолопоклонски однос, каде што идолопоклоникот е целосно заробен од својот идол и прави така како што му е мило на идолот. Во идолопоклонството нема љубов, има заробеност. И многу исправно вели отецот - „уради сам“ прирачник! Такво е поимањето на верниците од протестантските (и ним сличните) деноминации за Светото Писмо. Тоа е исто како некое дете во училиште самиот да си се поучи како да решава математика, притоа не барајќи помош од никого, затоа што, како што толкуваат протестантите - учебникот по математика е доволно разбирлив сам по себе. Но, како тоа дете би знаело да собере два едноцифрени броеви, кога истото тоа сеуште не го сфатил концептот на број, или пак операторот собирање? Та нели попрво тоа дете би се научило од преданието на своите родители: на земјата ќе се наредат две купчиња од ореви, секое купче го претставува бројот, за на крај кога двете купчиња ќе се стават на едно место - се добива збирот. На овој начин се постигнува и соборност, и љубов, и жртва... Изменето од makarios - 10.Април.2009 во 03:20 |
||
![]() |
||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Пронајдов еден текст од еден отец на православната Црква, кој порано бил припадник на некоја од протестантските деноминации. Во оваа тема, ќе ставам одломки од текстот, и ќе се обидам да ги коментирам.
Целта на темава е да разграничиме употреба од злоупотреба на нештата, па колку и да се свети, како што е Светото Писмо, и како кон ова може да се гради идолопоклонички однос. Па, да почнеме. Отецот во воведниот дел вели:
Значи, како размислувал отецот пред да стане православен. Тој сметал дека самиот тој е доволен за да биде црква. Се раководел самиот на патот до познанието, и мислел дека начинот на кој тој си го толкува писмото, е највистинскиот начин. Тоа доаѓа оттаму што протестантските (и сличните ним) деноминации сметаат дека со самото тоа што поверувале, станале свети, дека се веќе спасени, очите им се отвориле, умот им се просветлил, а помислите им станале свети. Па, по оваа логика, тие сметаат дека се најблиски до Христа, и дека тоа што го читаат од Писмото, и си го толкуваат како сакаат е она највистинското. Но, нивната светост многу лесно може да се провери, ако се види нивната реакција. Кога ќе им кажеш, ама јас не мислам баш така, јас поинаку мислам, тогаш ќе видиме дека таквиот кој до сега беше свет и просветлен, одеднаш избувнува и почнува да се расправа. Тоа пак ни кажува за лажното смирение, односно за потиснување на страстите, а не нивно преобразување, и на крај, се гледа дека тие имале високо мислење за себе си. Па, малце ги чепнеш, веднаш се гледаат реакциите, односно се гледа дека сакаат да си го одбранат тоа високо мислење. Да се разбереме, тоа не е нешто што е туѓо и кај православните. И кај нас го има тоа високо мислење за себеси, па еве, чепнете некој православен, ќе видите дали е свет или не, по неговата реакција. Меѓутоа, сепак има разлика. Православните знаат за своето високоумие, и тие сакаат да се избават од него, да се смират пред својот духовен отец (крајна цел е да се смируваат пред сите), и во рамките на послушанието, да го очистуваат срцето од страстите, а со тоа полека, високото мислење за себе си да го менуваат (тоа не е ништо друго, туку покајание), и да почнат за себе си да мислат дека се грешни (а таква е всушност и реалноста), и со прозби да го повикуваат Бога за помош (молење). Значи, тоа е едната поента од воведниот дел. Високоумието. Другата поента е идолопоклонството кон Светото Писмо, односно како што протестантските деноминации го нарекуваат Библија, т.е. Книга, а себе си се сметаат за библичари, односно книжници. Но, за идолопоклонството кон Библијата ќе зборуваме малку подоцна, кога ќе ги видиме и другите размислувања на посочениот отец. Најпрвин би сакал да размислиме за високоумието, односно себељубието, кое е заедничко за кој било човек, без разлика на која верска деноминација припаѓа. Изменето од makarios - 09.Април.2009 во 13:32 |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 111213 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |