|
ВИЗЕН РЕЖИМ - либерализација и укинување |
Внеси реплика | страница <1 2425262728 66> |
Автор | |
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
е смешни сте...зар уште се лажете...позитивни лигнали...е не...само вие сонувајте...
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Според Чашуле, Македонија ќе добие визна либерализација идната година, бидејќи ЕУ мора да го подигне својот кредибилитет на Балканот.
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
toa vo sklop na nekoj kompromis ili po onaa narodnata " vetuvanje , za lud raduvanje " |
|
oon
Сениор Регистриран: 27.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 397 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО БЕРНАР КУШНЕР, ШЕФОТ НА ФРАНЦУСКАТА ДИПЛОМАТИЈА
Името не треба да е пречка за визната либерализација Нема причина да се зборува за изолација, вашата европска перспектива е јасно трасирана. Огромното мнозинство ваши сограѓани ја поддржуваат, ние ја поддржуваме веќе со години и работите одат напред. На вас е да одлучите во која насока и со која брзина. Ние ве чекаме во Европа, вели Кушнер Кушнер: Нема причина да се зборува за изолација, вашата европска перспектива е јасно трасирана Во ексклузивното интервју за „Дневник“ шефот на француската дипломатија тврди дека не мислел на блокада на визната либерализација за Македонија и вели дека само го повторил очигледното - оти решение на спорот за името ќе дозволи да се надминат многу пречки, пред се', таму каде што одлуките се донесуваат едногласно. * Кога станува збор за Македонија, кои се целите на Франција и какви се билатералните односи помеѓу двете земји? - Добро ви е позната нашата поддршка од самото создавање на вашата држава и особено улогата што Франција ја играше во текот на кризата во 2001 година, а и потоа. Мислам на процесот на преговори за Охридскиот договор. Целите на Франција не се променети - да се направи се' за да се донесе вашата земја во Европа. Сите наши билатерални односи се фокусирани на таа цел. Веќе со години нашата земја и' е пријател на вашата, и помага, ја поддржува во чекорењето кон ЕУ и ја советува. * Кавгата помеѓу Грција и Македонија, видена од Брисел или од Париз, се чини едноставна, но ненадминлива видена од Скопје или од Атина, пред се', поради тоа што е историска и го зафаќа идентитетот. Каква е анализата во Европа на овој проблем и како да се најде заеднички терен? - Несогласувањето помеѓу двете земји мора да биде брзо решено. Има проблем што значи дека треба да се најде решение. За такво нешто се потребни определеност, храброст и заедничка волја. Постојат разни алатки како капата на Обединетите нации под која се среќаваат посредникот и преговарачите од свете страни. Сите Европејци нестрпливо очекуваат решение, договор помеѓу двете земји. Тоа е во интерес на сите и што побрзо го најдете толку ќе биде подобро за сите. * Како ја анализирате политичката ситуација во Македонија и што очекувате од нашата земја? - Со големо парламентарно мнозинство, владата на премиерот и неговиот коалициски партнер од албанскиот блок имаат витална одговорност. Реформите, спроведувањето на Охридскиот договор, демократскиот квалитет на изборите во март 2009 година се градилишта за кои тие ја носат одговорноста.На овој терен треба да се фокусира политичката акција и на овој терен треба да се обединат сите политички сили и енергии. Влогот е голем, тоа е и европската судбина на земјата, но и секојдневието на нејзините граѓани. * За време на последниот министерски состанок во Брисел, одговарајќи на новинарско прашање за поддршката на Франција во однос на ослободувањето од визниот режим за Македонија, рековте дека земјата тропа на погрешна врата. Всушност, порачавте дека спорот за името треба да биде решен пред да се размислува за што било. Дали тоа значи дека дури и визната либерализација може да биде блокирана ако спорот не биде решен? - Се разбира дека не! Само повторив нешто што е очигледно: решение на спорот со името ќе дозволи да се надминат многу пречки и пред се' особено онаму каде што одлуките се донесуваат едногласно, како што е тоа случај во НАТО и околу некои прашања во ЕУ. Како што ви е познато, либерализацијата на визниот режим не е поврзана со спорот со името. Во ваш интерес и во интересот на регионот е ова прашање да биде решено. Сепак би сакал работите да бидат јасни - спорот со името не игра и не смее да игра никаква улога во ослободувањето од визниот режим. Вие остваривте напредок кој е значаен и е очигледен. Сакам да подвлечам дека тоа ве става на чело на балканските земји. Франција го поддржува визното ослободување. Тоа подразбира уште напори, а работата во таа област со Европската комисија напредува. Мојата желба е јасна - сакам вашата земја брзо да биде ослободена од визен режим. * Во Македонија јавноста е уверена оти земјата ги има исполнето сите услови за да почне преговори за зачленување со ЕУ, но дека ЕУ, свесна за грчката блокада ако спорот не се реши, секогаш ќе се правда со недостиг од реформа, односно дека ЕУ не и' ја кажува вистината на Македонија затоа што не може да влијае врз Атина? - Работите воопшто не се такви. Европската комисија го објави својот годишен извештај во ноември. Таа заклучи дека има напредок, но исто така дека е потребен уште напредок во многу области. Комисијата ги подвлече и демократските недостатоци на јунските парламентарни избори, како што впрочем тоа го направи и ОБСЕ во својот извештај. Евалуацијата на Европската комисија е резултат на долга и прецизна работа. Заклучокот до кој дојде Советот на министрите во Брисел е објективен и едногласен. Го поздравувам одговорниот начин на кој македонската влада ја прими оваа оценка на Комисијата, велејќи дека од неа ќе направи свој патоказ. Треба концентрирање врз реформите, треба обединување на сите политички сили околу оваа цел и треба да се одржат примерни избори во март 2009 година. Видов исто така дека владата извлекла конструктивни заклучоци од извештајот на Комисијата и направила акциски план за спроведување на препораките. Тоа е добро. * Вие добро го познавате регионот. По грчката блокада во Бук*решт и најавите за блокада во ЕУ, сметате ли дека Македонија влегува во изолација која, на среден или на подолг рок, би можела да биде опасна и за земјата, но и за регионот? - Нема причина да се зборува за изолација. Вашата европска перспектива е јасно трасирана. Огромното мнозинство ваши сограѓани ја поддржуваат, ние ја поддржуваме веќе со години и работите одат напред. На вас е да одлучите во која насока и со која брзина. Ние ве чекаме во Европа. Дозволете ми исто така збор-два за регионот. Вие не живеете на остров. И регионот напредува, се стабилизира, се развива. Од тој аспект иницијативите што ги преземате во однос на Косово се позитивни. Тоа е во интерес на сите и секој треба да придонесе за регионалната соработка и стабилност. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=571C5D03BDA49F47B7850D60FC42DD2B |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kod nas u vranje , nema laganje ... radja zena i bez jebanje
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Конечно подршка од Татарска:
Сосема е реално до крајот на идната 2009 година да биде воведен безвизен режим меѓу Европската унија и Македонија. Ова денеска во интервју за софиската агенција „Фокус го изјави бугарскиот европратеник Евгениј Кирилов“, кој присуствуваше на петтата рунда разговори меѓу парламентарната комисија на ЕУ и Македонија на тема безвизен режим, што во ноември се одржа во Скопје. Според Кирилов, за да се случи тоа потребно е исполнување на уште неколку услови од страна на Македонија. Најважен услов е поврзувањето на интегралниот систем на визниот центар со граничните пунктови и амбасадите, за да се има јасна информација за движењето на граѓаните, вели Кирилов. Но секако и закана, Татар никогаш ништо не би направил без да има задни намери.... Бугарскиот европратеник истовремено се закани дека доколку Македонија до 14 декември не одговори на демаршите за состојбата на бугарските воени спомениците на нејзина територија, тоа прашање ќе го постави пред Европскиот парламент. „Очекуваме посериозни напори од Република Македонија за воспоставување на подобро ниво на добрососедски односи со Бугарија. Јас не можам да разберам зошто толку бавно се движи прашањето за бугарските воени гробишта во Македонија и покрај упатените неопходни демарши од нашето МНР“, рече Кирилов. Европратеникот додаде дека Бугарија прашањето со воените споменици го има решено со сите останати соседни земји, па дури и со оние со кои што војувала. За Кирилов апсолутно е неприфатлив, „речникот на омраза“ кон Бугарија и Грција, кој се практикува во повеќето македонски медиум. Не се реални оправдувањата во Скопје дека медиумите се слободни во врска со нивниот речник, уште повеќе ако се имаат в предвид редицата забелешки од страна на Европската комисија за политичко влијание врз медиумите, смета Кирилов |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДОБРИ ВЕСТИ
Во интервју за А1 Телевизија, амбасадорот на Германија во Република Македонија, Улрике Кноц, говореше за визната либерализација и шансите на Македонија да добие олеснување на визниот режим во 2009-та. Вистински потреси предизвика изјавата на шефот на француската дипломатија, Бернард Кушнер, дека еден од проблемите за визна либерализација е името. Дали Германија го дели овој став? -Германија не го дели овој став. Либерализацијата на визниот режим нема никаква врска со прашањето за името. Дали тоа значи дека Германија ја поддржува Македонија за визната либерализација? -Се разбира. Германија многу ја поддржува Македонија.Либерализацијата на визниот режим е многу важен за напредокот на земјата кон ЕУ. -Луѓето треба да можат слободно да се движат. Но, сепак треба да имаме на ум што значи либерализацијата.Тоа не значи укинување на визите, туку воведување на поинаков систем на контрола. Тоа се условите. -Ние сега сме во процес на промена од визен кон друг систем на контрола. Сите потребни барања за тоа се ставени во документ кој е предаден на Македонија од страна на ЕУ. -Македонската влада работи да ги исполни тие барања и да ги реализира условите. Може ли да бидете прецизни за кои услови се работи, заради тоа што и Фуере рече дека Европската комисија ќе ја процени ситуацијата и колку Владата е способна да направи реформи. Тогаш ќе може да препорача укинување на визите? -Сите барања во документот кој го викаме и патна карта се например: биометричкиот пасош, или контролните системи на границите, контрола на миграциите.Тоа се серија на услови кои треба да се исполнат. -Затоа сега доаѓаат експертски мисии во Македонија кои ќе оценат што е постигнато. Првичната оцена направена од ЕК, од Фуере и неговиот тим, е позитивна. Сега експертите ќе дојдат да направат подетална процена за тоа што е направено и тогаш комисијата ќе испрати предлог до Советот на земјите членки на ЕУ. Постојат сомневања или претпоставки дека и изборите се важен тест за укинување на визите. Се согласувате ли со тоа? -Не. Морам да нагласам дека има два процеси. Едниот е членство во ЕУ, за што е потребно да се остварат повеќе норми и во тој контекст изборите се важни. Но визната либерализација е техничко прашање. -Како што веќе објаснив овде станува збор за укинување на визниот систем и имплементација на поинаква контрола на границите и имиграциона контрола, борба со трговијата со луѓе. Тоа е техничко прашање. Тоа е работа на полицијата и МВР. -Затоа ја уверувам македонската јавност да не се плаши. Либерализацијата на визниот режим е техничко прашање, кое ќе се разгледа и целиот процес е поинаков. 2009-та е годината кога можат да бидат укинати визите? -Како што објаснив комисијата ќе изготви извештај, и тие ќе му предложат на Советот либерализација на визниот режим. Потоа Советот треба да одлучи за ова. -Одлуката се донесува со дво-третинско мнозинство. Бидејќи за прием во ЕУ е потребна едногласност. Може да се постави и вето. Но за либерализацијата на визниот режим не е така. Потребно е само дво-третинско мнозинство. -И патем, контактирам со мојот колега од Грција и мислам дека и Грција е за визната либерализација. -Затоа, ве молам, не плашете се. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лобираат луѓето:
Да падне визната бариера за Македонија Министрите за надворешни работи на Италија, Полска, Словенија, Унгарија, Словачка, Естонија, Летонија и на Литванија, викендов испратија писмо до ЕК со кое го потврдуваат прогресот на Македонија и другите земји од Западен Балкан во исполнувањето на условите за визна либерализација и бараат одлуката за симнување на шенгенската визна бариера да биде донесена без одложување. „Според наша проценка прогрес е постигнат во сите четири области утврдени со патоказот за визна либерализација. Значајни реформи се спроведуваат во правосудството, човековите слободи и права и безбедноста. Веруваме дека неопходните одлуки за безвизен режим треба да бидат донесени без одложување штом земјите ги исполнат критериумите утврдени во регулативата на Советот. -Потребно е да се забрза процесот на носење на одлуката, имајќи ги предвид претстојните избори за Европскиот парламент и номинацијата за новиот состав на ЕК“, се наведува во заедничкото писмо на Франко Фратини, Радослав Сикорски, Самуел Жбогар, Кинга Генц, Мирослав Лајчак, Урмас Пает, Марис Риекстинс и Вигаудас Ушацкас, упатено до потпретседателот на ЕК Жак Баро, еврокомесарот за проширување Оли Рен и до чешкото претседателство со ЕУ. |
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da videme kolku sme optimisti ili pesimisti po ova prasanje...
|
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред 5 или 6 години, сакав со кола да прошетам Италија, Франција и Швајцарија, секаде по неколку дена. За жал, некои од господата Европјани (французите) сметаа дека не сум заслужен или достоен да бидам гостин (турист) во нивната држава, иако претходно сум бил службено два пати таму, по неколку дена. Иако можев да ја прескокнам Франција од патувањето, сепак цврсто решив визата да ја обезбедам со посретство на мојата работна организација. И замислете си, ми дадоа виза за само 5 дена, колку што ми беше наведено во апликацијата од претходно. Поради лични причини не заминав на патувањето, меѓутоа не можам да го опишам понижувањето, кога низ дупчето од непрозирното шалтерче ми ја вратија мојата одбиена апликација.
Затоа сметам дека треба да ги ставиме во позадина сите наши партиски инаетења и своеглавост, и да се стави крај на понижувањата кои ги трпиме по амбасадите, стоење во засебна лента на границите и дремењата по најзабутаните аеродромски гејтови, од каде за жал полетуваат авионите кон Македонија |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имајќи во предвид се ова што го кажа Нинџа и кое е апсолутна вистина-не ми се верува дека до крајот на годинава како што се најавува-дека Мк ќе ја симнат од Шенген листата а за други прекуокеански држави и да не правиме муабет. Само една позитивна работа, Европјаните почнуваат да попуштаат по малку но тоа не значи дека набргу ќе ги пуштат стегите. Би ме изненадило многу ако го симнат визниот режим. За нив Мк е уште една сиромашна земја од Источна Европа чии граѓани не се најдобредојдени, ниту како работници ниту како туристи. |
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема да добие..сега се на ред ...нивните натиго-дајмиго „објасненија„..секако и меѓупартиски и меѓудржавни..во име на мирот куќен..
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во црквата на плоштадот ќе се молиме и Господ чудо ќе направи! .... ..... !!!!
|
|
Кој бара ќе најде.
|
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
E pa nikogas ne se znae..................nadezta posledna umira. |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
Внеси реплика | страница <1 2425262728 66> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |