|
Поуки од Светите Отци |
Внеси реплика | страница <1 2122232425 32> |
Автор | |
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некој го праша Авва Антониј:
- Што да правам за да му угодам на Бога? Старецот му одговорил: - Почитувај го ова што ќе ти го речам: „каде било и да појдеш, секмогаш имај го Бога пред своите очи, што било да правиш, имај доказ за тоа во Светото Писмо, во кое било место да живееш, не заминувај брзо од таму.“ Почитувај ги овие три заповеди и ќе се спасиш. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Паисиј Светогорец
Големите грешници, ако добро се познаваат самите себе, природно имаат многу причини за смирение. Секој пад сосема природно е пад, но дава повод за смирение и молитва. Гревовите, ако се искористат за смирение, се ѓубриво со кое ги потхрануваме билките. И зошто човекот да не го користи и тоа да ја направи плодна нивата на својата душа за таа да стане плодоносна? Значи, доколку оној кој сторил големи гревови се почувствува виновен и каже: „Не смеам ни главата да ја подигнам да погледнам во човек“, смирувајќи се, добива многу благодат Божја и така напредува сигурно и може високо да се воздигне. Од друга страна, оној кој не сторил големи гревови, ако не се постави на вистински начин и не си каже: „Бог ме сочува од многуте зла, а јас сум толку неблагодарен и грешен и погрешен сум од најголемиот грешник“, духовно заостанува позади првиот. |
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Prekrasni zborovi, brate Opiten. Pozdrav do tebe |
|
sunshine1
Група Регистриран: 11.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 41 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
12000 pati na den: Gospodi Isuse Hriste-(zemi vozduh),Pomiluj-(izdishi)
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
старец Георгиј Капсанис
Можно е, ние немоќните и грешни луѓе, да имаме од време на време кризи и тешкотии во Црквата. Можно е да има и соблазни внатре во крилото на Црквата. Сето тоа се случува затоа што ние во Црквата сме на пат кон обожението и е многу нормално да постојат човечки слабости. Ние стануваме, но не сме богови. Меѓутоа, колку и да се случуваат тие работи, ние никогаш нема да избегаме од Црквата бидејќи во Црквата ја имаме единствената можност да се соединиме со Бог. На пример, кога одиме во храмот на богослужение и можеби таму среќаваме некои што не внимаваат на богослужбата и си зборуваат меѓу себе, така што за момент го одвлекуваат нашето внимание од богослужбата, доаѓа една божем благословена помисла која ни вели: „Каква полза, на крајот од краиштата, имаш од тоа што доаѓаш во Црква? Не е подобро да седиш дома, каде што ќе имаш повеќе мир и спокој за да се молиш?“ Меѓутоа, ние треба мудро да ѝ противречиме на оваа лукава помисла: „Да, можеби ќе имам повеќе внатрешен мир во мојот дом, но нема да ја имам Божјата благодат да ме обожи и освети. Нема да Го имам Христос, Којшто е присутен во Неговата Црква. Нема да го имам Неговото Тело и Неговата чесна Крв, коишто се на светата Трпеза. Нема да учествувам на Тајната Вечера на Божествената Литургија. Ќе бидам отсечен од моите во Христос браќа, со коишто заедно го сочинуваме телото Христово“. Така значи, што и да се случи, ние нема да избегаме од Црквата бидејќи единствено во неа го наоѓаме патот кон обожението. |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Св. Августин Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, НЕ ПРЕКУ СОБОРИТЕ НА НИВНИТЕ ЕПИСКОПИ, НИТУ ПРЕКУ ПИШУВАЊАТА НА НИВНИТЕ ХЕРОИ, НИТУ ПРЕКУ ИЗМАМНИЧКИ ЗНАЦИ И ЧУДА, бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората), преку предвидувањата на Пророците, преку песните на Псалмите, преку самите зборови на нашиот Пастир, преку зборовите на евангелистите, ОДНОСНО ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ!
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите вистински христијани се осветени (свети) преку жртвата на Исус Христос. "осветени сме преку приносот на телото на Исуса Христа еднаш засекогаш."
(Евреите 10:10) |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Георгиј Капсанис Колку голем благослов е да се причестуваме со светите Тајни! Христос станува наш, Христовиот живот станува наш, крвта Негова станува наша крв. Затоа свети Јован Златоуст вели дека Бог нема ништо поголемо да му даде на човекот од она што го дава во светата Причест. Ниту човекот, пак, може да бара од Бог нешто повеќе од она што го прима од Христос во светата Причест. На тој начин, крстени, миропомазани, исповедани, се причестуваме со Телото и Крвта Христови и стануваме и ние богови по благодат, се соединуваме со Бог и не сме веќе странци (туѓинци) туку стануваме Негови домашни. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
свети Силуан Атонски
Кога човекот се плаши да Го нажали Бога, со каков и да било грев, тоа е првата љубов. Оној чијшто ум е чист од помисли, тоа е втората љубов, поголема од првата. Третата, уште поголема е кога некој ја чувствува благодатта во душата. А оној кој ја има благодатта на Светиот Дух и во душата и во телото, тоа е совршената љубов. И од телото на оној што ќе ја сочува таа благодат, ќе останат мошти, како кај светите маченици, или кај пророците, или кај преподобните и другите големи светии. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јован Златоуст
Велат дека нештата околу рајот треба да ги разбереме НЕ КАКО ШТО ПИШУВА, туку на друг начин. Но кога Светото Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ и не дозволува читателот да погреши! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО И ИСКУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО!
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Опитен , tvojot predlog za trganje na komentarite koi se off-topic stigna do moderatorskite ushi i tastatura.
Bidejki smetam oti trgnatite komentari sodrzhat validni argumenti i deka se interesni za poshirokiot krug na chlenovi, bi im predlozhil na diskutantite, dokolku smetaat oti diskusijata po temata katolicizam-pravoslavie se ushte ne ja iscrpele i deka bi sakale da ja prodolzhat, da otvorime posebna tema. Ako ima interes za toa, gi zamoluvam makarios, EvAngelos i Opiten da me izvestat po LP ili tuka na temava, kako bi mozhel da gi transferiram trgnatite komentari. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Но секако, Евангелос повторно лукавствува. Цитатот што е ставен е изваден од омилиите на Свети Јован Златоуст за книгата Битие. Свети Јован Златоуст пишува токму против самоволното толкување на Светото Писмо, односно, овие омилии ги напишал поради тоа што некои сметале дека книгата Битие е напишана во алегорија. Книгите ги пишувал за време на Великиот Пост, затоа што за време на овој пост, во Црквата се чита од книгата Битие.
Значи, Свети Јован Златоуст не` поучува да се држиме до правоверното учење, како што ни е оставено од апостолите. Ако ги читате неговите омилии, ќе видите дека тој секогаш се повикува на апостолите и другите светии пред него. Еве цитати: А за останатото, верувај дека и рајот настанал на тоа место, што е назначено од Писмото, затоа што, ако не се верува во тоа што стои во Божественото Писмо, туку се додава сопствено расудување, сметам дека носи голема опасност на оние кои се осудуваат да прават така. Омилија на Битие 2:8-14 Може да се случи, оние кои говорат по сопствена мудрост, не допуштаат реките да се реки, ниту водите - води, туку ги уверуваат оние кои трпат да ги слушаат, велејќи дека тоа под тоа што е напишано се мисли на нешто друго. Ве молам, да не ги слушаме, туку да ги затвориме нашите уши за нивните приказни и да го слушаме Божественото Слово, па следејќи што таму се вели, да настојуваме во својата душа да го полагаме вистинското учење. Омилија на Битие, 13:4 Поради ова се користи Писмото: оние кои се настроени кон препирки, да не би можеле кон правоверноста во учењето да го додадат она што е нивно лично недоумие. А за да би видел како Божественото Писмо ништо од тоа не го кажува засебно и одвоено, внимавај на следните зборои: „И зема, Господ Бог“. За кој сака еретикот ова да биде кажано? Само за Отецот? Слушнете тогаш, што вели Павле: Еден е Бог Отец од Кој е се`, и Еден е Господ Исус Христос, преку Кого е се`. Гледаш ли како името Господ е доделено на Синот? А што тогаш еретиците велат дека називот Господ е поголем отколку називот Бог? Гледате ли тоа колку е безумно, и колкава голема хула е тоа? Кога некој одбива да прифати да го следи правилно Божественото Писмо, туку сака да владее со сопствено расудување, тој го смутува сопственото расудување, тој го смутува својот разум и во правоверноста на учењето придодава бесконечни будалштини. Омилија на Битие, 2:15-20 |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А бре чедо на Лукавиот. Јас само наведов цитат од ткн. "свет отец" Јован Златоуст. Што има лукаво во тоа? Па зарем вие тоа не го правите од почетокот на темава?
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
odlicno makarios me iznenaduvas brate prekrasni odgovori...
|
|
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|
Внеси реплика | страница <1 2122232425 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |