IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Сексуално преносливи болести!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Сексуално преносливи болести!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Сексуално преносливи болести!
    Испратена: 03.Април.2009 во 00:28
Ваква тема во подфорумов нема и ја отворам затоа што половите болести се доста чести а малку се знае за нив. Освен што ја знаеме СИДА-та како најопасна и неизлечлива болест постојат и други.

Половите органи се лесно подложни на бактериски, вирусни или габични инфекции. Голем број од инфекциите не се задржуваат само на половите органи, туку се шират и во другите делови на организмот. Особено женскиот репродуктивен систем е поподложен на инфективни заболувања. Истите можат да бидат причина за развиток на тумор на половите органи или може да доведат до предвремено породување или да го зголемат степенот на смртноста кај новороденчињата.

Една од најкарактеристичните инфекции ја предизвикува кламидијатакоја се лекува кај обата партнера. Новороденчињата од заразените мајки имат појава на инфекции на очите и белите дробови.

Најчесто половите болести се преносливи ( заразни ). Се шират преку полов контакт и се познати како сексуално преносливи болести. Од нив класични полово-венерични болести се сифилисот ( луес ) и гонорејата ( трипер ) кои се со најтешки последици.

Сифилисот го предизвикува микроорганизмот спирохета која по полов пат навлегува низ најмалите оштетувања на слузокожата. Може да се пренесе со контакт на заразени возразни лица како и од заразена мајка на плодот уште во матката. Предизвикувачот може да ги нападне сите ткива и органи. Првите видливи симптоми се јавуваат по 3-4 недели. Болеста може да трае со години или до крајот на животот.

Гонорејатаја предизвикува бактерија гонокок, ја зафаќа слузокожата на органите. Подоцна се проширува и на вантрешните органи од репродуктивниот систем. Кај жените предизвикува стерилитет. Гонорејата може да се пренесе и на новороденчето за врме на породувањето.

Трихомонијазата ја предизвикува паразит трихомонае. Мошне е честа во периодот на најголемата полова активност на човекот ( од 20 до 40 година од животот ) Инфекцијата се пренесува преку полови контакти како и преку користење на нечист прибор за интимна хигиена.

Една од половите болести е и половиот ( генитален ) херпес. Предизвикувачот е вирусот сличен на вирусот кој предизвикува херпес на усната празнина. По заразата вирусот останува во мозочните ганглии и нервите

Сето ова горенаведено говори за потребата од редовно одржување на хигиената и нега на половите органи кај обата пола. Стекнувањето на навиките за одржување на хигиената се стекнуваат уште во детската возраст. Кај женскиот пол особено треба да се обрне внимание на хигиената на половите органи во текот на менструацијата, бременоста и породувањето.

И ако има некој искуство или познаник со некоја полова болест може да сподели овде.



Изменето од Lithium - 07.Мај.2009 во 21:47
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 20:11

Сексуално преносливите болести се заразни болести кои се пренесуваат од заразена на здрава личност и тоа најчесто преку: сексуален однос (вагинален, орален или анален), заедничко користење на игли и шприцови кај лицата кои земаат дрога и од заразена трудница на детето во текот на трудноста и пораѓајот.

Ризикот за заболување од сексуално преносливите инфекции е најголем кај оние млади лица кои рано стапуваат во сексуални односи и кои се склони кон често менување на партнерите. Заправо таа популација не е склона на користење кондоми, кои се најсигурно заштитно средство и против сексуално преносливите инфекции и против несакана бременост. Освен тоа, препознвањето на ризикот во младата популација е изразито ниско, а верувањето “нив ништо лошо не може да им се случи” е изразито високо. Младите кои користат било какви психоактивни дроги (вклучувајки го и алкохолот) повеке се склони, под дејство на дрогата, кон непланирани сексуални односи со непознати партнери, при што воглавно не користат никаква заштита.
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2009 во 18:25
Честото менување на сексуалните партнери, незнаењето за заштитата и за последиците, како и други појави го условија постепениот и непрекинат пораст на сексуално преносливите болести во последните десет години.


Најчести знаци на болеста кои се појавуваат кај машки и кај женски се:
-     испуштање невообичаено количество на генитална течност која може да биде леплива, воденикава, со бела или жолта боја и непријатен мирис
-     болка или пецкање при мокрење
-     уринирање почесто од вообичаеното
-     јадеж, нафрлување со црвенило и мозолчиња околу половите органи или на нив
-     болка во гениталиите
-     болка при сексуален однос
-     кај женските крварења меѓу циклусите


По колку време се манифестираат симптомите?
Симптомите се јавуваат најчесто во рок од 2 до 14 дена, меѓутоа тој период може да трае и до 2 недели. Понекогаш може да трае и подоло. Кога е во прашање на пример ХИВ, постои можност симптомите воопшто да не се појават, или да се јават по многу години

Како доаѓа до заразување?

Најчест начин е по пат на сексуален однос, спермата, вагиналниот секрет и крвта се носители на зарази. Некои сескуално преносливи болести можат да бидат пренесливи со непосреден контакт на полните органи, но и со практикување на оралниот секс ( на пример херпес). Кога се во прашање гениталните вошки доволен е само и контакт со кожата.
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2009 во 18:46
Кламидија

Кламидијата е мошне вообичаена инфекција која ја предизвикуваат бактерии. Податоците говорат дека речиси половина сексуално активни жени прележале кламидија до својата 30 година.

Симптоми кај жената:

-     гној од вагината
-     крвавења од вагината помеѓу циклусите
-     пецкање или болка за време на уринирање
-     болка во стомакот
-     понекогаш повисока температура
-     мачнина


Симптоми кај мажите:

-     воденикав бел исцедок
-     болно пецкање при уринирањето

Дијагноза:

Се зема брис од грлото на матката а жената ( Папа Николау - Папа тест) и од мочниот канал кај машките. Потоа се носат во лабораторија на преглед.

Терапија:

Антибиотици кои се земаат орално

Ако не се лечи кламидијата може:

- да се пренесе на партнерот
- да води кон потешка инфекција, на пример воспаление на матката, па жената може да остане стерилна, мајката може да ја пренесе инфекција на бебето при породувањето.
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 21:03
Спречување на преносот и ширењето на сексуално преносливите инфекции

Потполна сигурност нуди единствено воздржувањето од сексуални односи со непознати личности и (или) взаемно верен однос помеќу две незаразени личности ( ако имате сексуални однсои со здрав партнер кој има сексуални односи само со вас). Ако постои сомнеж за можна зараза во претходната сексуална врска или врски, потребно е да се обратите кај лекар заради што порано откривање на заразата и нејзино лечење. Сигурна заштита против сексуално преносливи инфекции, а и против несакана бременост, нуди само редовна употреба на кондоми. Сигурноста на заштитата со кондоми зависи и од неговата правилна употреба. Најсигурна заштита нудат кондомите од латекс кои се премачкани со спермицидно контрацептивно средство..................................голдисреќа


Изменето од Goldi - 07.Април.2009 во 21:06
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 22:05
                                             Сифилис
Порано била многу распространета, тешка и смртоносна сексуално пренослива болест која зафаќала различни органски состави. До откривањето на антибиотиците била и неизлечива болест. Се пренесува преку крвта за време на сексуален однос преку едвај видливо оштетена кожа или слузница кај машкиот или женскиот полов орган. Освен што предизвикува телесна омалаксаност, сифилисот предизвикува и тешки душевни последици, со бавно но целосно распаѓање на личноста. ..........................
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 23:14
Posebno polovi bolesti zdobieni od gabicni , virusi, mikroorganizmi, bakteriski predizvikuvaci veke se poznati i sekade se pisuva megjutoa mnogu interesno e sto edna od najrasprostraneto polovo zaboluvanje "Sramni voski" nekako nigde ne e spomnato....

Pediculosis Pubis e medicinski naziv za prenositelnata bolest narodski narecena "PICAJZLI". Se dobiva so naseluvanje na sramnite voski "Phithirius pubis".
Simptom e silno cesanje imnogu lesno se prenesuva megju seksualnite partneri....

Sirenjeto na ova polovo zaboluvanje osven so direkten kontakt moze da se prenese preku carsav, peskir ..duri i preku obleka........

Picajzli se smestuvaat na sramnite vlakneca so tendencija
za sirenje kon anusot i dolniot abdomen...tie ja grizat kozata od kade izbivaat sramnite vlakneca hranejki se so krv osekjajki se silen svrab i toa posle edna nedela po zdobiena zaraza........samiot jadez prestavuva alergiska reakcija na organizmot na ujedot na picajzlite....

So pregled na sramnite vlakneca se zabelezuvaat temno crveni tocki sto prestavuva parcence od izmetot na sramnata voska.......samata voska so golo oko nema da se zabelezi osven jajcata koi se labavo zakaceni za sramnite vlaknenca......slicno na perut....

Picajzlite kako polova bolest se prenesuvaat najlesno od edniot partner kaj drugiot i vnimavajte KONDOMOT NE E NIKAKVA ZASTITA.......CESTO SRAMNITE VOSKI SE ZADRZUVAAT NA PESKIRI , CARSAVI CEKAJKI NEKOJ KOJ KE SE IZBRISE ILI ISTRIE.......i ete zarazata e prenesena .......i toa bez seksualen kontakt......

Zatoa dragi moi....... vnimavajte po hoteli i somnitelni mesta ...kako i po teretani , sauni i kupatila......... zemite si svoj licen peskir od doma...



Eve slikovito kako bi izgledalo crvenata tocka sto vsusnost prestavuva izmetot od voskata kaj korenot na sramnite vlaknenca .....jadezot e mnogu silen ..........pa zarem ne ste ja cule nastanata izreka ..... DOSADEN SI KO PICAJZLA???.....ete toa e toa


Изменето од bijonse1 - 09.Април.2009 во 23:24
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 00:32
Причинители: Полови вошки - широки, сплеснати, светло сиви, во дожина од 1мм

Пренесување: Половите вошки можат да се пренесат од личност на личност на многу начини: преку директен контакт преку кожата, преку сексуален контакт, преку постелнина, облека која се дели со заразената личност


Заштита:
  • што поголем број на сексуални партнери, поголема е и шансата да се заразите од полови вошки
  • мора да избегните делење на заедничка постелнина и облека
  • Pediculosis мора што побргу да се лекува, за да се избегне негово ширење
  • кондомите не се заштита за оваа инфекција

Набљудување:
  • главни знаци се чешање на гениталиите - постојат неколку креми кои се користат за лекување на пеликулосисот
  • постелнината и облеката мораат да бидат дезинфицирани при повторно употребување


Изменето од Goldi - 10.Април.2009 во 00:33
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 22:37
                                            ГОНОРЕА ( ТРИПЕР )
 
 
Тоа е честа полово пренослива болест, предизвикана од Neisseria gonorrhoeae, бактерија што лесно се размножува во слузницата на влажни, топли места во гениталните органи, како што е грлото на матката, матката и јајцеводите кај жени т.е мочниот канал кај мажи и жени. Исто така може да опстане во уста, грло или анус.
Манифестација кај жени: знаците може да се неспецифични и да се помисли на вагинална или инфекција на мочен меур. Првите знаци најчесто се печење или болка при мокрење и вагинален жолт, густ исцедок.

Манифестација кај мажи: често мокрење со печење, болка и јадеж со темножолто исцедок.................
 
                Како се лекува гонореа?
 
 Антибиотици ( од група на Пеницилини ) се основа во третманот на гонореа и треба да се пијат додека се препишани, а не само додека да се повлечат симптомите. Личност која еднаш имала гонореа, може повторно да заболи ако има сексуален контакт со инфицирано лице.
 
                           Како да се спречи гонореа?

-Користи кондом секогаш кога имаш секс!

-Ограничи го бројот на сексуални партнери!

-Ако се сомневаш дека си инфициран, избегнувај сексуален однос и веднаш јави се на лекар!

-Ако знаеш дека имаш гонореа, информирај го моменталниот сексуален партнер за да се провери и евентуално лекува!
 
            .........
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
monitor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 97
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај monitor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 17:33
немојте воопшто да се замарате со вакви работи, мене ова ми е смешно, решението е едноставно:имајте си само еден сексуален партнер и не му ја мислете многу
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 17:47
Originally posted by monitor monitor напиша:

немојте воопшто да се замарате со вакви работи, мене ова ми е смешно, решението е едноставно:имајте си само еден сексуален партнер и не му ја мислете многу


e da de, gotovo zavrsena rabota...samo eden seksualen partner
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 17:54
Originally posted by monitor monitor напиша:

немојте воопшто да се замарате со вакви работи, мене ова ми е смешно, решението е едноставно:имајте си само еден сексуален партнер и не му ја мислете многу



nesto poglupavo od ova nemam slusnato... dali si slusnal ti deka za nekoi polovi bolesti nema lek????
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 19:15
Ако навремено и рано не се препознаат и не се лечат, сексуално преносливите инфекции може да доведат до стерилитет кај мажите или жените, вонматерична бременост и спонтани абортуси. Против вирусните сексуално преносливи болести нема лекови, освен за хепатитис Б. Бактериските сексуално преносливи болести успешно се лечат со антибиотици.
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 19:16
Originally posted by monitor monitor напиша:

немојте воопшто да се замарате со вакви работи, мене ова ми е смешно, решението е едноставно:имајте си само еден сексуален партнер и не му ја мислете многу
 
           Потполна сигурност нуди единствено воздржувањето од сексуални односи со непознати личности и (или) взаемно верен однос помеќу две незаразени личности ( ако имате сексуални однсои со здрав партнер кој има сексуални односи само со вас). Ако постои сомнеж за можна зараза во претходната сексуална врска или врски, потребно е да се обратите кај лекар заради што порано откривање на заразата и нејзино лечење. Сигурна заштита против сексуално преносливи инфекции, а и против несакана бременост, нуди само редовна употреба на кондоми. Сигурноста на заштитата со кондоми зависи и од неговата правилна употреба. Најсигурна заштита нудат кондомите од латекс кои се премачкани со спермицидно контрацептивно средство.
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,168 секунди.