|
Македонската репрезентација |
Внеси реплика | страница <1 1112131415 35> |
Автор | |
karlo_mkd
Нов член Регистриран: 30.Март.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 33 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
катанец е добар тренер словенија ја однесе на европско или светско не се сеќавам само незнам како да сака од двај да си иде од овде наместо да ги мотивира он ги демотивира
|
|
FORZA JUVE !!!
BIANCONERO FOR LIFE !!! |
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mislam deka nie sem majstori za demotivacija
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шуќур имало спас од квази селектори,многу исправен потег на ФСМ
Катанец веќе не е селектор
Раководството на ФФМ и селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Сречко Катанец, се договорија спогодбено да го раскинат договорот со што заклучно од 1 април 2009 година престануваат сите обврски на комплетниот стручен штаб на националниот тим. До ваквиот епилог дојде по разговорите меѓу претседателот на ФФМ Хари Хаџи-Ристески и Катанец и заклучокот дека атмосферата во националниот тим од пред средбата со Холандија не е на потребното ниво што може негативно да влијае врз продолжението од квалификацискиот циклус и одигрувањето на важните средби со Норвешка и Исланд во јуни. - Поднесов оставка на функцијата не поради поразот од Холандија, бидејќи според моментниот квалитет и состојбата во нашиот тим на физички план „лалињата“ беа апсолутен фаворит, туку поради нарушената дисциплина и специфичниот однос на дел од фудбалерите со медиумите. Навистина е несфатливо како еден мал инцидент се рефлектираше негативно во базата во Сустендајн и придонесе до „поделба“ меѓу репрезентативците кои почнаа да „истражуваат“ кој експресно ја пласираше информацијата во јавноста наместо да се фокусираат на тренинзите, вели Катанец во изјавата објавена на веб сајтот на ФФМ. Тој истакнува дека ситуацијата се враќа на почетокот и во овој момент тешко ќе може да ја врати одличната атмосфера што ја имаше на стартот од квалификациите и затоа се повлекува. - Морам да истакнам дека сум презадоволен од прикажаните игри за време на мојот престој во Македонија со мали исклучоци. Можеби работите ескалираа по оној несреќен пораз на Исланд кој ги наруши драстично нашите планови, но не и амбиции. Македонија со две победи во Скопје може да ги задржи шансите за второто место во групата и од тие причини сметам дека мора да ме наследи некој кој ќе ја врати атмосферата во националниот тим што е основен услов за добри игри во продолжението од квалификациите, изјави Сречко Катанец. Тој им се заблагодарува на раководните луѓе на ФФМ на чело со претседателот Хаџи-Ристески кои од првиот момент, како што посочува, обезбедиле најоптимални услови за подготовки и настап на националниот тим, како и на неговите соработници во Стручниот штаб и воедно и посакува успех на македонската фудбалска репрезентација во понатамошните настапи. Во деновите што следуваат УО на ФФМ ќе ја разгледа новонастаната состојба во националниот тим и ќе донесе одлука за кој ќе го наследи Сречко Катанец. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јаневски: Во јуни сум слободен!!!
Секогаш кога немаме селектор, секогаш погледите кон Чеде Јаневски. Тренерот кој сега е на клупата на Црвена Звезда е можеби најдоброто што го имаме а има зад себе интернационална кариера. "Секогаш кога ќе се спомене Македонија или Вардар во мене се будат емоциите...", коментира Јаневски од Белград кој се подготвува за утрешното супер дерби со Партизан. "Изненаден сум од оставката на Катанец кој нели најави дека ќе остена се додека имаме шанси а според табелата ние сеуште сме во игра. Јас сум сега во Ц. Звезда и тоа ви е добро познато. Немам разговори за нов договор па така од јуни сум слободен. Како тренер со ваков статус имам право да разговарам или преговарам со клубови или репрезентации. Како професионалец во оваа работа мојот телефон е отворен за сите...Јас пред неколку години имав разговори но тоа во тоа време имав договор со Бриж", коментира Јаневски, човекот кој е еден од главните ако не и првиот фаворит за наследник на Катанец. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Eli
Сениор Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
FALA BOGU!!!!! |
|
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
|
karlo_mkd
Нов член Регистриран: 30.Март.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 33 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ја мислам дека не тереба следниот селектор да е странец дека само нашите тренери ги знаат играчите како играат и според мене чеде јаневски треба да е и плус е добар тренер беше тренер на бриж сеа на звезда која ја извади од криза
|
|
FORZA JUVE !!!
BIANCONERO FOR LIFE !!! |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па би требало Јаневски да биде идниот селектор на Македонија,или тој или пак Ѓоко Хаџиевски.
Кој било од нив би бил подобар избор од оваа последна катастрофа од селектор наречена Катанец.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
sega e katastrofa ...... da ......... a koga imavme dobri rezultati bese super ........... eeeee , nisto cudno
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јаневски или Ѓуровски наследници на Катанец?
Шефот на стручниот штаб на Црвена Ѕвезда, Чедомир Јаневски е најсериозен кандидат за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација. Тој на клупата на нашиот национален тим би требало да го замени Сречко Катанец, кој пред два дена ја раскина соработката со македонската фудбалска федерација. Покрај Јаневски, во игра за селекторското место е и Бошко Ѓуровски, помошникот на Драган Стојковиќ Пикси во јапонска Нагоја. Македонските стратези неспорно имаа квалитет и добри препораки за клупата на репрезентацијата, но неизвесно е дали ќе го прифатат ангажманот поради цврстите договори во Ѕвезда, односно Нагоја. Катанец го напушти местото селектор поради лошите резултати во квалификациите за Светското првенство во Јужна Африка. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија падна...
Пад од три места бележи репрезентацијата на Македонија на најновата ранг листа што денеска ја објави ФИФА, и сега е на 64 место. Тоа се должи на убедливиот пораз од Холандија од 4:0. Од нашата квалификациона група за Светското првенство 2010, Холандија го задржа третото место, Шкотска има напердок и сега е 24-та (+4 позиции), Норвешка е 46-та (-1 позиција), додека Исланд има пад за дури 18 места и сега е на 93 место. На врвот нема промени. Европскиот шампион Шпанија е прва пред Германија. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ајде сега погледнете што се случува после дадената клоца на Катанец од страна на ФФМ.
Македонија има квалитет за бум!!!
Во деновите кога Македонија нема селектор се случува инвазија од имиња кои се споменуваат како можни наследници на Среќко Катанец. Меѓу првите, меѓу најсериозните и меѓу најдобрите понуди е името на Бранко Иванковиќ. Човекот кого во својата земја го нарекуваат "професор", тренерот кој зад себе има успеси на клупско и на репрезентативно ниво е подготвен за предизвикот наречен Македонија. Веќе ви најавивме дека ФФМ ќе има разговори со него, а и самиот тренер потврди дека има луѓе со кои разговара за функцијата селектор. "За мене претставува голема чест и привилегија што сум меѓу кандидатите за позицијата селектор на вашата земја. Македонија е богата фудбалска нација. Луѓето добро знаат што е тоа фудбал и очекувано е секогаш да бидат гладни за резултати и успеси. Имате квалитет, имате фудбалери. Потребна е работа и само работа, а јас сум подготвен за тоа...", се зборовите на Иванковиќ, човекот кој мина три години на клупата на Иран со кој настапи на СП 2006 и ги има најдобрите резултати со оваа земја. Тој многу добро знае што се случува во Македонија, какви се нашите квалитети и капацитети. "Добро ги знам Пандев и Седлоски. Пандев е екстра играч, а неговиот брат Сашко со 18 години го пуштив да игра за Динамо. За Седлоски не треба да се трошат зборови затоа што тој и тука, во Динамо, беше капитен и е вистински лидер на националниот тим. Го познавам и другите и речиси сите играат во странски екипи. Има квалитет и мислам дека Македонија може и заслужува многу повеќе. Може да се направи 'бум' како што тоа сега го прави БиХ со Чиро Блажевиќ. Тоа што читам е дека во националниот тим атмосферата не е на потребното ниво, но станува збор за ситен проблем кој брзо се отстранува. Потребно е единство, а мислам дека сето тоа може да се направи само со професионален однос кон проблемите", нагласува Иванковиќ, човекот за кого може да се каже дека е најдобриот ученик на славниот Блажевиќ. Но нас не интересира Македонија, не интересира визијата на Иванковиќ и неговиот став околу пласманот во групата доколку тој ја добие довербата на луѓето од ФФМ. "Ништо не е загубено. Има надеж, има начин како да се стигне со второто место во групата. За мене најважно е тоа што има фудбалери со кои може да се вклопи вистинската тактика со која би се дошло до победи над Норвешка и Исланд во јуни во Скопје. Во групата Холандија е главен фаворит, а сите други имаат свои скриени надежи. Меѓу нив и Македонија. Три бода и еден меч помалку зад Шкотска. Тоа е достижно...", потенцира Иванковиќ. Стратегот од Вараждин кој има шампионска титула со Динамо постојано има контакти за ангажман на повеќе страни. Се споменуваше дека би можел да му биде асистент на Фергусон во Манчестер Јунајтед, да биде шеф на Шалке... Но се уште е слободен тренер и постои шанса да седне на клупата на Македонија. Сепак, дали ќе се случи тоа, ќе покаже времето. Ако одлучиме новиот селектор да биде странец тогаш мора сериозно да се обрне внимание на Иванковиќ. По Србин и Словенец сега можеби на ред е и тренер од Хрватска. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Иванковиќ прв на разговори
И покрај тоа што неподелено е мислењето на домашната фудбалска јавност дека по заминувањето на Среќко Катанец нашиот национален тим во иднина темелено и врз сериозни основи треба да се довери на македонско тренерско име, сепак, претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, преговорите околу наследникот на Словенецот веќе утре ги стартува со Хрватот Бранко Иванковиќ, кој е еден од најсериозните кандидати за нов селектор на "црвено-жолтите". Иванковиќ денеска во вечерните часови треба да допатува во Скопје, а веќе утре од 10 часот следат и првите официјални разговори со Хаџи-Ристески. Хрватскиот тренер го потврдува доаѓањето во Скопје, најавувајќи дека врз основа на меѓусебните разговори би требало да се одредат реалните можности за неговото преземање на македонската репрезентација. "За мене претставува навистина голема чест и привилегија што сум меѓу кандидатите за позицијата селектор на Македонија, која е нација со реално богата фудбалска традиција. Луѓето добро знаат што е тоа фудбал и очекувано е секогаш да бидат гладни за резултати и успеси. Имам соодветни сознанија за вашата селекција. Имате квалитет, имате фудбалери. Потребна е само работа, а јас сум подготвен за тоа...", истакна Иванковиќ пред десеттина денови во моментите кога неговото име се појави како едно од најсериозните за функцијата - селектор. Од раководството на ФФМ и претходно најавија дека по велгденските празници ќе стартуваат преговорите со кандидатите за нов селектор кои се очекува со уште неколку имиња да траат до крајот на месецов. Ако се погледне списокот на досега понудените странски имиња, 55-годишниот Бранко Иванковиќ согласно својата биографија сигурно се издвојува од останатите. Поранешниот тренер на Динамо З, Риека, Вартекс, германскиот бундеслигаш Хановер, помошник на Чиро Блажевиќ на клупата на хрватската репрезентација од 1995 до 1999 година, но и селектор на Иран од 2003 до 2006 година, без сомнение се наметнува како едно од решенијата, се разбира и во зависност од утврдената визија на челниците на ФФМ дали ќе се одлучат за сериозно поставување селектор кој ќе го води тимот и во следниот квалификациски циклус, или, сепак, ќе се бара договор до крајот на актуелниот квалификациски циклус за пласман на СП 2010 со можност за натамошно дополнително продолжување. Покрај Иванковиќ, некако прикриено меѓу најсериозните кандидати за нов македонски селектор се издвоија и Чеде Јаневски, но и селекторот на младата репрезентација, Мирсад Јонуз. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Олег Блохин ја дополнува селекторската "трка"
Во текот на оваа недела, конечно, се очекува стартот на првите чекори од страна на Фудбалската федерација на Македонија во "акцијата" за назначување нов предводник на најдобриот наш национален тим. Македонската јавност постојано е во очекување на првични официјални постапки од раководството на ФФМ преку обелоденувањето на имињата со кои ќе се водат конкретни разговори, меѓутоа се дотогаш познато е дека веќе и официјално има четири странски кандидатури до канцеларијата на ФФМ, но и уште неколку најави од страна на познати европски имиња. Прославениот украински ас Олег Блохин, поранешен селектор на репрезентацијата на Украина сега е едно од ударните имиња за нов предводник на нашиот национален тим откако негови менаџери веќе отворено до ФФМ испратиле понуда. Блохин, кој во моментов е без ангажман, низ својата кариера претходно бил тренер на грчките Олимпијакос и АЕК, како и рускиот прволигаш Москва. Меѓу најсериозните кандидати, доколку од ФФМ се одлучат повторно на странец да му ја доверат првата тренерска позиција во државава, е и Хрватот Бранко Иванковиќ. Вчера Иванковиќ и дефинитивно ја одбил, пак, понудата за преземање на селекторската позиција во Албанија вредна 300.000 долари. "Искрено, во моментов сум заинтересиран единствено за клупата на Македонија, со чие раководство сум низ првични преговори", бил одговорот на Иванковиќ до раководството на албанската фудбалска федерација. Меѓу кандидатурите, пак, испратени до ФФМ е и онаа на Турчинот Зија Доган, поранешен тренер на неколку турски прволигаши во моментов еден од спортските функционери во Трабзон, а нескриена желба да биде наследник на Словенецот Среќко Катанец има уште еден турски тренер, Унал Караман, кој беше помошник на Шенол Ѓунеш за време на Светското првенство 2002 во Јужна Кореја и Јапонија кога Турција го освои бронзениот медал. Сепак, и покрај тоа што немаат официјални кандидатури до ФФМ, и двајца македонски тренери се меѓу потенцијалните наследници на Катанец, во зависност и од идеите, долговите, амбициите на ФФМ... Актуелниот тренер на белградска Црвена Звезда, Чеде Јаневски и актуелниот селектор на младата репрезентација Мирсад Јонуз, секој од свој аспект, се меѓу можните нови шефови на стручниот штаб на "црвено-жолтите". Домашната фудбалска јавност, почнувајќи од навивачите и фудбалските вљубеници, па се до македонските фудбалски легенди Панчев, Канатларовски, Најдоски, Христов... се обединети околу идејата селекторската функција повторно да биде доверена на наше тренерско име. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Матеус во шеширот за селектор на Македонија
Официјално документи имаат доставено само Србинот Остоиќ и Турчинот Доган, а одлуката ќе биде донесена до 10 мај Првиот најавен термин, крајот на април, за ангажирање на нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија е пробиен. Меѓутоа од македонската куќа на фудбалот најавуваат дека наследникот на Сречко Катанец ќе биде избран најдоцна до 10 мај. Во јавноста како кандидати за селекторската функција се вртат многу имиња меѓу кои како најсериозни се споменуваат Бранко Иванковиќ и Чеде Јаневски. Според последните гласини во игра е и легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус, чии менаџери наводно оствариле контакт со ФФМ да седне на клупата на "црвено-жолтите". Матеус е многу попознат по тоа што се жени каде ќе отиде, отколку со постигнатите резултати. - Кога ќе дојде ред за тоа ќе одлучи Управниот одбор. Во оваа фаза најодговорен кој менаџира за селектор е претседателот Харалампие Хаџи-Ристески. Тој ќе даде свое видување и размислување пред членовите на УО кои ќе треба да се одлучат. До првата декада на мај ќе биде решено и тоа, вели генералниот секретар на ФФМ, Никола Костов. И покрај големиот список со имиња за нов селектор, во ФФМ засега фигурираат само две - Стеван Остоиќ, поранешен тренер на Црвена звезда и Зија Доган поранешен тренер на неколку турски прволигаши, кој моментно е функционер во Трабзон. - Официјално се пристигнати само документи на Остоиќ и Доган. Се друго е главно лобирања за себе или преку други разни менаџери, со телефонски јавувања или мејлови. Многумина се нудат за селектор, додава Костов. Во ФФМ треба да се определат и за една од две опции: дали да се избере в.д. селектор за последните четири средби од квалификациите за СП 2010 или на новиот селектор да му се понуди плус циклус од 4 години. "Црвено-жолтите" на почетокот во јуни во Скопје ги очекуваат два мошне важни натпревара во квалификациите за СП 2010, со Норвешка и Исланд, со кои заедно, покрај Шкотска се бориме за второто место во 9. група. |
|
|
|
Внеси реплика | страница <1 1112131415 35> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |