IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светите Отци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светите Отци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 32>
Автор
Порака
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 03:03
Некој го праша Авва Антониј:

- Што да правам за да му угодам на Бога?

Старецот му одговорил:

- Почитувај го ова што ќе ти го речам: „каде било и да појдеш, секмогаш имај го Бога пред своите очи, што било да правиш, имај доказ за тоа во Светото Писмо, во кое било место да живееш, не заминувај брзо од таму.“

Почитувај ги овие три заповеди и ќе се спасиш.

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 11:59
Старец Паисиј Светогорец

Големите грешници, ако добро се познаваат самите себе, природно имаат многу причини за смирение. Секој пад сосема природно е пад, но дава повод за смирение и молитва. Гревовите, ако се искористат за смирение, се ѓубриво со кое ги потхрануваме билките. И зошто човекот да не го користи и тоа да ја направи плодна нивата на својата душа за таа да стане плодоносна? Значи, доколку оној кој сторил големи гревови се почувствува виновен и каже: „Не смеам ни главата да ја подигнам да погледнам во човек“, смирувајќи се, добива многу благодат Божја и така напредува сигурно и може високо да се воздигне. Од друга страна, оној кој не сторил големи гревови, ако не се постави на вистински начин и не си каже: „Бог ме сочува од многуте зла, а јас сум толку неблагодарен и грешен и погрешен сум од најголемиот грешник“, духовно заостанува позади првиот.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 23:43
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

Некој го праша Авва Антониј:

- Што да правам за да му угодам на Бога?

Старецот му одговорил:

- Почитувај го ова што ќе ти го речам: „каде било и да појдеш, секмогаш имај го Бога пред своите очи, што било да правиш, имај доказ за тоа во Светото Писмо, во кое било место да живееш, не заминувај брзо од таму.“

Почитувај ги овие три заповеди и ќе се спасиш.



Prekrasni zborovi, brate Opiten. Pozdrav do tebe
Кон врв
sunshine1 Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 11.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 41
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sunshine1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 03:40
12000 pati na den: Gospodi Isuse Hriste-(zemi vozduh),Pomiluj-(izdishi)
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 23:35
старец Георгиј Капсанис

Можно е, ние немоќните и грешни луѓе, да имаме од време на време кризи и тешкотии во Црквата. Можно е да има и соблазни внатре во крилото на Црквата. Сето тоа се случува затоа што ние во Црквата сме на пат кон обожението и е многу нормално да постојат човечки слабости. Ние стануваме, но не сме богови. Меѓутоа, колку и да се случуваат тие работи, ние никогаш нема да избегаме од Црквата бидејќи во Црквата ја имаме единствената можност да се соединиме со Бог. На пример, кога одиме во храмот на богослужение и можеби таму среќаваме некои што не внимаваат на богослужбата и си зборуваат меѓу себе, така што за момент го одвлекуваат нашето внимание од богослужбата, доаѓа една божем благословена помисла која ни вели: „Каква полза, на крајот од краиштата, имаш од тоа што доаѓаш во Црква? Не е подобро да седиш дома, каде што ќе имаш повеќе мир и спокој за да се молиш?“ Меѓутоа, ние треба мудро да ѝ противречиме на оваа лукава помисла: „Да, можеби ќе имам повеќе внатрешен мир во мојот дом, но нема да ја имам Божјата благодат да ме обожи и освети. Нема да Го имам Христос, Којшто е присутен во Неговата Црква. Нема да го имам Неговото Тело и Неговата чесна Крв, коишто се на светата Трпеза. Нема да учествувам на Тајната Вечера на Божествената Литургија. Ќе бидам отсечен од моите во Христос браќа, со коишто заедно го сочинуваме телото Христово“. Така значи, што и да се случи, ние нема да избегаме од Црквата бидејќи единствено во неа го наоѓаме патот кон обожението.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 09:49

Св. Августин

Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, НЕ ПРЕКУ СОБОРИТЕ НА НИВНИТЕ ЕПИСКОПИ, НИТУ ПРЕКУ ПИШУВАЊАТА НА НИВНИТЕ ХЕРОИ, НИТУ ПРЕКУ ИЗМАМНИЧКИ ЗНАЦИ И ЧУДА, бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората), преку предвидувањата на Пророците, преку песните на Псалмите, преку самите зборови на нашиот Пастир, преку зборовите на евангелистите, ОДНОСНО ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 10:54

Сите вистински христијани се осветени (свети) преку жртвата на Исус Христос.

"осветени сме преку приносот на телото на Исуса Христа еднаш засекогаш."
(Евреите 10:10)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 17:58

Старец Георгиј Капсанис

Колку голем благослов е да се причестуваме со светите Тајни! Христос станува наш, Христовиот живот станува наш, крвта Негова станува наша крв. Затоа свети Јован Златоуст вели дека Бог нема ништо поголемо да му даде на човекот од она што го дава во светата Причест. Ниту човекот, пак, може да бара од Бог нешто повеќе од она што го прима од Христос во светата Причест. На тој начин, крстени, миропомазани, исповедани, се причестуваме со Телото и Крвта Христови и стануваме и ние богови по благодат, се соединуваме со Бог и не сме веќе странци (туѓинци) туку стануваме Негови домашни.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 18:30
свети Силуан Атонски

Кога човекот се плаши да Го нажали Бога, со каков и да било грев, тоа е првата љубов. Оној чијшто ум е чист од помисли, тоа е втората љубов, поголема од првата. Третата, уште поголема е кога некој ја чувствува благодатта во душата. А оној кој ја има благодатта на Светиот Дух и во душата и во телото, тоа е совршената љубов. И од телото на оној што ќе ја сочува таа благодат, ќе останат мошти, како кај светите маченици, или кај пророците, или кај преподобните и другите големи светии.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 18:45
Јован Златоуст
 
Велат дека нештата околу рајот треба да ги разбереме НЕ КАКО ШТО ПИШУВА, туку на друг начин. Но кога Светото Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ и не дозволува читателот да погреши! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО И ИСКУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 20:11
Опитен , tvojot predlog za trganje na komentarite koi se off-topic stigna do moderatorskite ushi i tastatura.

Bidejki smetam oti trgnatite komentari sodrzhat validni argumenti i deka se interesni za poshirokiot krug na chlenovi, bi im predlozhil na diskutantite, dokolku smetaat oti diskusijata po temata katolicizam-pravoslavie se ushte ne ja iscrpele i deka bi sakale da ja prodolzhat, da otvorime posebna tema.

Ako ima interes za toa, gi zamoluvam makarios, EvAngelos i Opiten da me izvestat po LP ili tuka na temava, kako bi mozhel da gi transferiram trgnatite komentari.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 20:26
Но секако, Евангелос повторно лукавствува. Цитатот што е ставен е изваден од омилиите на Свети Јован Златоуст за книгата Битие. Свети Јован Златоуст пишува токму против самоволното толкување на Светото Писмо, односно, овие омилии ги напишал поради тоа што некои сметале дека книгата Битие е напишана во алегорија. Книгите ги пишувал за време на Великиот Пост, затоа што за време на овој пост, во Црквата се чита од книгата Битие.
Значи, Свети Јован Златоуст не` поучува да се држиме до правоверното учење, како што ни е оставено од апостолите. Ако ги читате неговите омилии, ќе видите дека тој секогаш се повикува на апостолите и другите светии пред него.

Еве цитати:

А за останатото, верувај дека и рајот настанал на тоа место, што е назначено од Писмото, затоа што, ако не се верува во тоа што стои во Божественото Писмо, туку се додава сопствено расудување, сметам дека носи голема опасност на оние кои се осудуваат да прават така.
Омилија на Битие 2:8-14

Може да се случи, оние кои говорат по сопствена мудрост, не допуштаат реките да се реки, ниту водите - води, туку ги уверуваат оние кои трпат да ги слушаат, велејќи дека тоа под тоа што е напишано се мисли на нешто друго. Ве молам, да не ги слушаме, туку да ги затвориме нашите уши за нивните приказни и да го слушаме Божественото Слово, па следејќи што таму се вели, да настојуваме во својата душа да го полагаме вистинското учење.
Омилија на Битие, 13:4

Поради ова се користи Писмото: оние кои се настроени кон препирки, да не би можеле кон правоверноста во учењето да го додадат она што е нивно лично недоумие
.
А за да би видел како Божественото Писмо ништо од тоа не го кажува засебно и одвоено, внимавај на следните зборои: „И зема, Господ Бог“. За кој сака еретикот ова да биде кажано? Само за Отецот? Слушнете тогаш, што вели Павле: Еден е Бог Отец од Кој е се`, и Еден е Господ Исус Христос, преку Кого е се`. Гледаш ли како името Господ е доделено на Синот? А што тогаш еретиците велат дека називот Господ е поголем отколку називот Бог? Гледате ли тоа колку е безумно, и колкава голема хула е тоа?
Кога некој одбива да прифати да го следи правилно Божественото Писмо, туку сака да владее со сопствено расудување, тој го смутува сопственото расудување, тој го смутува својот разум и во правоверноста на учењето придодава бесконечни будалштини.
Омилија на Битие, 2:15-20
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 20:31
Originally posted by makarios makarios напиша:

Но секако, Евангелос повторно лукавствува.
 
А бре чедо на Лукавиот. Јас само наведов цитат од ткн. "свет отец" Јован Златоуст. Што има лукаво во тоа? Па зарем вие тоа не го правите од почетокот на темава? збунетост
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 20:32
odlicno makarios me iznenaduvas brate prekrasni odgovori...бакнеж
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.