IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Локални избори 2009
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Локални избори 2009

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5678>
Автор
Порака
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 11:21
i za drugite gradovi dadoa takvi izjavi....denes dvorot mi bese poln so letoci....glasajte za VMRO!
 
 
e ke glasam.....stap so brada!голема%20насмевка
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 20:59
Originally posted by nelson nelson напиша:

i za drugite gradovi dadoa takvi izjavi....denes dvorot mi bese poln so letoci....glasajte za VMRO!
 
 
e ke glasam.....stap so brada!голема%20насмевка




Вака ни турците не работеле.голема%20насмевка Ај да видиме до каде ќе стигнат.газење%20од%20смеење
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 08:14



И локалните избори поминаа во најдобар ред. Во најголем број на општини доби ВМРО...!!!    
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 09:14
zalosno...
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 09:17


Ако е жалосно...жали...!!!

За мене е ...радосно...!!!
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
Biolica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 808
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biolica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 13:55
Za prv pat i vo Prespa Resen pobedi VMRO i imat niv gradonacalnik Volkanovski , Buzlevski otide vo maglata , uste ne mi se vervit am aj
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 22:07
 
 
 
 
  Редно беше и Бузлевски да ја отстапи градоначалничката фотеља...!!!   Корени пушти веќе.... !!!
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 15:05
Инженери и економисти ќе ги водат општините

Инженер и економист се најчестите професии на идните градоначалници. Според биографиите на кандидатите избрани на овие локални избори, во најголем дел од општините во следните четири години ќе раководат машински, шумарски и рударски инженери. Потоа следуваат економисти, а зад нив се лекарите, професорите и правниците.

Инженери застанаа на чело на Ресен, Кочани, Бутел, Сопиште, Илинден, Лозово, Липково и на уште десет општини. Дванаесетмина од идните градоначалници се со завршен Економски факултет.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со партиите од коалицијата победи во 58 општини. Меѓу идните градоначалници има осум економисти, четворица лекари, тројца правници, шест машински инженери, четворица професори, двајца шумарски инженери, по двајца технолози и ветеринари, тројца со завршен Педагошки факултет, еден агроном, еден сообраќаен техничар и еден графички инженер. Градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митровски е генерал во пензија, градоначалникот на Битола Владимир Талески е драмски актер. Идниот градоначалник на Крушево Василчо Дамчески е политиколог.

Информатичари се избраните градоначалници на Скопје и на Штип, Коце Трајановски и Зоранчо Алексов. Четворица од идните први луѓе на општините кандидирани од ВМРО-ДПМНЕ се со средно образование.

Кандидатите зад кои застанаа СДСМ и ЛДП ќе раководат во девет општини. Тројца од нив се економисти. Тоа се градоначалниците на Струмица, Карпош и на Вранештица - Зоран Заев, Стевчо Јакимовски и Ванчо Србаковски. Идниот градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски завршил Медицински факултет, а градоначалникот на Охрид Александар Петрески е сообраќаен инженер.

Идниот градоначалник на Тетово Сади Беџети е универзитетски професор по анатомија, а Руфи Османи, кој победи во Гостивар, е универзитетски професор по економија.

ДУИ победи во 13 општини. Најголем дел идни градоначалници од оваа партија се економисти, лекари и правници.

Според старосната структура, мнозинството кандидати што победија на изборите се родени меѓу 1960 и 1970 година.

Најмногу од идните први луѓе на општините беа избрани во вториот изборен круг.

Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 23:13
 
 
   Навистина штета пак за Велес, што така ,,лесно,, го ,,испуштија,, Аце......два мандата беше, бар уште овој да го ,,истераше,,  плазење
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 14:46
Вест открива една интересна вест...
----------------------------------------------------------

НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШУТКА ЕЛВИС БАЈРАМ ВЕТУВА:

Ќе се запишам во средна школа

Елвис Бајрам, син на пратеникот Амди Бајрам, вели дека завршил само основно учи­лиш­те бидејќи се посветил на семејниот бизнис и немал време за учење, но сепак ве­ту­ва дека ќе се распраша каде и како може да го продолжи образованието

Новиот градоначалник смета дека фактот што има само основно образование не­ма да му пречи успешно да ја води Општината и да и даде сосема нов изглед

Ел­вис Бајрам, син на пратеникот Амди Бајрам, стана градоначалник на Општина Шу­то Оризари, со завршено само основно образование. Иако Елвис Бајрам нема ниту сред­но образование, тој смета тоа не е пречка за успешно да ја води Општината во на­ред­ни­те четири години. 32-годишниот Бајрам осмолетка завршил во основното учи­лиш­те "Браќа Рамиз и Хамид" во скопската населбата Шуто Оризари. По за­вр­шу­ва­ње­то на основното училиште, не го продолжува образованието во средно училиште би­деј­ќи се посветил на бизнисот. Во тоа време бизнисот на неговиот татко Амди Бај­рам бил во развој и била потребна неговата помош за да се развива успешно семејниот биз­нис.
"Јас немам високо образование, ама имам уличен факултет. Па мојот противкандидат к*р­то Дудуш има завршено само четврто одделение. Тоа што имам само основно учи­лиш­те, нема да ми пречи успешно да ја водам Општината, бидејќи на прсти ги знам си­те проблеми и имам 3,5-годишно искуство како советник на Општина Шуто Оризари. Но, сепак, во план ми е да го продолжам образованието. Наскоро време ќе се рас­пра­шам како и каде можам да учам вонредно, бидејќи обврските како градоначалник не­ма да ми дозволат да посетувам редовна настава", вели Елвис Бајрам, новиот гра­до­на­чал­ник на Општина Шуто Оризари.
Тој вели дека и со завршено само основно училиште, од Шутка ќе направи многу по­у­ба­во место за живеење. Во наредните четири години овој дел од Скопје ќе добие со­се­ма нов изглед. Ќе го исчистел ѓубрето и депониите кои ги има на секој чекор во на­сел­ба­та, ќе ги асфалтира сите улици кои сега се во очајна состојба, ќе изгради споменици на плоштадот и ќе се бори дивиот пазар да не биде затворен бидејќи тој е единствен на­чин за преживување на жителите на Шуто Оризари.
"Јас сум многу добар човек, и тоа жителите на Шуто Оризари го препознаа. Во мојот ман­дат Шутка ќе ја преродам. Првите три месеци само ќе го чистам ѓубрето, мора да му најдам решение на тој голем проблем. Бидејќи сега секоја општина на плоштадите ста­ва споменици, и јас ќе одам кај министерката за култура Елизабета Канческа - Ми­лев­ска и ќе побарам дозвола на нашиот плоштад да ставиме споменик на браќата Ра­миз и Хамид. Ние Ромите сме мирољубив народ, немаме револуционери. Браќата Ра­миз и Хамид се бореле на дипломатски начин за правата на Ромите. Исто така, са­ка­ме да ставиме и статуа на нашиот најголем пејач Тоше Проески. Тоа е желба на сите жи­те­ли­те на Шутка", вели Бајрам.
Ел­вис Бајрам вели дека во моментов не се занимава со семејниот бизнис туку целосно е посветен на политиката, а слободното време го поминува со сопругата и со трите деца.
"Во брак сум веќе 12 години. Можам да се пофалам дека имав несекојдневна свадба. Мо­јот татко донесе хеликоптер од Бугарија, со кој јас и мојата сопруга отидовме од ма­тич­на­та служба во Општината до ресторанот 'Опатија' во Градскиот парк. Хе­ли­коп­те­рот слета на Градскиот стадион и од таму пеш дојдовме до ресторанот", рас­ка­жу­ва Елвис Бајрам.
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 21:52
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

 
 
   Навистина штета пак за Велес, што така ,,лесно,, го ,,испуштија,, Аце......два мандата беше, бар уште овој да го ,,истераше,,  плазење



Не го испуштија. Бабуна го однесе. Не требаше во време на кампањата да оди во родното село Мартолци. Што му требаше тоа. А, знаеше дека токму тие поради долго годишни ветувања не го сакаат и сите станаа членови на ВМРО, а пред двајсетина години глава даваа а него.голема%20насмевка Затоа  матна Бабуна го однесе.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 22:07
Originally posted by orlov orlov напиша:

Originally posted by pcelka pcelka напиша:

 
 
   Навистина штета пак за Велес, што така ,,лесно,, го ,,испуштија,, Аце......два мандата беше, бар уште овој да го ,,истераше,,  плазење



Не го испуштија. Бабуна го однесе. Не требаше во време на кампањата да оди во родното село Мартолци. Што му требаше тоа. А, знаеше дека токму тие поради долго годишни ветувања не го сакаат и сите станаа членови на ВМРО, а пред двајсетина години глава даваа а него.голема%20насмевка Затоа  матна Бабуна го однесе.
 
 
 
Нема грешка си чул дека е од Мартолци и шириш дезинформација ...
Прашајте (кој може) шо правеше дечкото со фацијалис во село Бузалково (етничко населено со Албанци) во неделата на денот на изборите во тоа место .
 
   


Изменето од mamamd - 11.Април.2009 во 08:02
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2009 во 01:49
Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:

Originally posted by orlov orlov напиша:

Originally posted by pcelka pcelka напиша:

 
 
   Навистина штета пак за Велес, што така ,,лесно,, го ,,испуштија,, Аце......два мандата беше, бар уште овој да го ,,истераше,,  плазење



Не го испуштија. Бабуна го однесе. Не требаше во време на кампањата да оди во родното село Мартолци. Што му требаше тоа. А, знаеше дека токму тие поради долго годишни ветувања не го сакаат и сите станаа членови на ВМРО, а пред двајсетина години глава даваа а него.голема%20насмевка Затоа  матна Бабуна го однесе.
 
 
 
Нема грешка си чул дека е од Мартолци и шириш дезинформација ...
Прашајте (кој може) шо правеше дечкото со фацијалис во село Бузалково (етничко населено со Албанци) во неделата на денот на изборите во тоа место .
 
   



За неговите работи во Бузалково може да зборува само Сејдиу Абдулаи. Друг никој. Или можеби Арсим Небиху и Саид Говори Чичко ама овие двајца сега се во Косово. А тебе никој не ти дава за право да кажуваш за Коцевски од причина што и воопшто не го познаваш.
Оноа кое не го го знаеш не го лиферувај во јавноста.задоволство

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2009 во 01:53
Originally posted by anastea anastea напиша:

Инженери и економисти ќе ги водат општините

Инженер и економист се најчестите професии на идните градоначалници. Според биографиите на кандидатите избрани на овие локални избори, во најголем дел од општините во следните четири години ќе раководат машински, шумарски и рударски инженери. Потоа следуваат економисти, а зад нив се лекарите, професорите и правниците.

Инженери застанаа на чело на Ресен, Кочани, Бутел, Сопиште, Илинден, Лозово, Липково и на уште десет општини. Дванаесетмина од идните градоначалници се со завршен Економски факултет.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со партиите од коалицијата победи во 58 општини. Меѓу идните градоначалници има осум економисти, четворица лекари, тројца правници, шест машински инженери, четворица професори, двајца шумарски инженери, по двајца технолози и ветеринари, тројца со завршен Педагошки факултет, еден агроном, еден сообраќаен техничар и еден графички инженер. Градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митровски е генерал во пензија, градоначалникот на Битола Владимир Талески е драмски актер. Идниот градоначалник на Крушево Василчо Дамчески е политиколог.

Информатичари се избраните градоначалници на Скопје и на Штип, Коце Трајановски и Зоранчо Алексов. Четворица од идните први луѓе на општините кандидирани од ВМРО-ДПМНЕ се со средно образование.

Кандидатите зад кои застанаа СДСМ и ЛДП ќе раководат во девет општини. Тројца од нив се економисти. Тоа се градоначалниците на Струмица, Карпош и на Вранештица - Зоран Заев, Стевчо Јакимовски и Ванчо Србаковски. Идниот градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски завршил Медицински факултет, а градоначалникот на Охрид Александар Петрески е сообраќаен инженер.

Идниот градоначалник на Тетово Сади Беџети е универзитетски професор по анатомија, а Руфи Османи, кој победи во Гостивар, е универзитетски професор по економија.

ДУИ победи во 13 општини. Најголем дел идни градоначалници од оваа партија се економисти, лекари и правници.

Според старосната структура, мнозинството кандидати што победија на изборите се родени меѓу 1960 и 1970 година.

Најмногу од идните први луѓе на општините беа избрани во вториот изборен круг.




Има и по некој средношколец и по некој лекар. Сепак жално за Македонија. Црно и се пишува.лутина

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5678>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,922 секунди.