|
Изворни христијани, нивно основање и учење |
Внеси реплика | страница <1 34567 13> |
Автор | |
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Житие на св.апостол и евангелист Јован Богослов
ДЕЛ 6 Во тоа време римскиот цар Домицијан поддигна големо гонење на хридтијаните, и свети апостол Јован беше наклеветен пред него. Епархот Асиски го фати светиот апостол и го прати окован во Рим кај ќесарот, каде заради исповедување на Христа прво беше биен, па потоа испи чаша полна со смртоносен отров. А кога отровот, според Христовите зборови: "Ако и нешто смртносно испијат, нема да им наштети" (Мк. 16, 18), не му наштети, го фрлија во котел полн со зовриено масло, но светиот апостол и оттаму излезе неповреден. И народот викаше: Голем е христијанскиот Бог! - А ќесарот, не смеејќи веќе да го мачи Јована, затоа што го сметаше за бсмртен, го осуди на прогонство на островот Патмос, токму како што во сон му кажа Господ: Многу треба да пострадаш, и ќе бидеш прогонет на еден остров, на кој ти си му многу потребен. Војниците ги однесоа Јован и Прохором на лаѓата и отпливаа. Еден ден, за време на пловидбата, седнаа царските велможи да ручаат, и при изобилството храна и пиење се веселеа. А еден од нив, момче, играјќи се сврте и падна од лаѓата во морето и потона. Тогаш нивното веселење се претвори во плач, и радоста во тага, затоа што не можеа да му помогнат на оној кој падна во морската длабочина. Особено силно ридаше таткото на тоа момче, кој исто така беше на лаѓата, и сакаше да се фрли во морето, но другите го задржаа. Знаејќи ја чудотворната сила на Јована, сите усрдно го молеа да им помогне. А тој секој од нив ги праша кој каков бог почитува. Еден рече: Аполон, друг - Зевс, трет - Херкул, некои - Ескулап, други – Артемида Ефеска. И им рече светиот апостол: Толку богови имате, и тие не можат да спасат еден потонат човек! - И ги остави тако расплакани до утредента. А утредента се сожали светиот апостол на погибелта на момчето, и усрдно со солзи се помоли на Бога. И морето веднаш се разбранува, и еден талас ја заплусна лаѓата и го исфрли момчето живо пред нозете Јованови. Гледајќи го тоа, сите се восхитија и се зарадуваа на спасението на момчето. Јована почнаа многу да го почитуваат и му ги тргнаат железните окови. Една ноќ, пред самата полноќ, настана голема бура на морето, и сите во очајание почнаа да плачат, зашто и лаѓата почна да се руши. Тогаш повикаа кон Јована молејќи го да им помогне и да го смилостиви својот Бог да ги спаси од погибел. А тој им наредив да молчат, и почна да се моли, и веднаш престана бурата и настана голема тишина. - Еден војник на лаѓата се разболе од страшна срдоболка, и беше пред смрт; светиот апостол го оздраве. - На лаѓата снема воде, и многумина, изнемштија од жед, беа пред умирање. Свети Јован му рече на Прохора: Наполни ги садовите со морска вода. - И кога садовите беа наполнети, светиот апостол рече: Во името на Исуса Христа црпите и пијте. - И кога нацрпија видоа дека водата е слатка, и откако се напија тие оддивнаа. Гледајќи ги таквите чудеса, сопатниците на светиот Јована се крстија и сакаа да го пуштат Јован на слобода, да оди каде сака. Но тој ги посоветува да го одведат на одреденото место. Доаѓајќи на острвот Патмос, тие го предадоа писмото на игемонот. А тестот на игемонот – Мирон, ги зеде Јован и Прохор во својот дом. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Житие на св.апостол и евангелист Јован Богослов
ДЕЛ 7 Мироновиот најстар син Аполонид имаше во себи гледачки демон, кој ја претскажуваше иднината; и сите го сметаа за пророк. Но во времето кога свети Јован влегуваше во домот Миронов, Аполонид тој час исчезна без трага; тој побегна во друг град, плашејќи се Јован да не го истера од него погодувачкиот дух. А кога во домот Миронов настана тажење поради Аполонид, му стигна на Мирон писмо од Аполонид, во кое го известуваше дека неговиот врач Јован со своите маѓии го истера од куќата, и дека тој не може да се врати се додека Јован не биде погубен. Откако го прочита ова писмо, Мирон отиде кај својот зет игемон и го извести за оваа работа. Игемонот го фати Јован и сакаше да го фрли ѕверови да го изедат. Но Јован го замоли игемонот малку да причека и да му дозволи да го прати својот ученик кај Аполонид, ветувајќи дека ќе го врати дома. Игемонот му дозволи да го прати ученикот, а Јована го врза со две вериги и го стави во темница. Прохор тргна кај Аполонид со Јовановата посланица, во која беше напишано вака: "Јас, Јован, апостол на Исус Христос, Синот Божји, му наредувам на погаѓачкиот дух кој живее во Аполонид со името на Отецот и Синот и Светиот Дух: излези од творението Божјо и никогаш не влегувај во него, туку биди сам надвор од овој острв, на безводни места, а не меѓу луѓето". - Кога Прохор дојде кај Аполонид со ваква посланица, демонот веднаш излезе од него. Аполанид дојде на памет и, како да се разбудил од сон, појде со Прохор назад во својот град. Но не отиде право дома, туку најнапред поита во тамницата кај Јован, и припаѓајќи кон неговите нозе му принесе благодарност што го ослободи од нечистиот дух. Дознавајќи за повратокот на Аполонид, родитељи, браќата и роднините, сите слегоа и се радуваа, а Јован беше ослободен од тамницата. Аполонид за себе го велеше следново: Многу години проминаа од оној час кога јас, одмарајќи се на својата постела во длабок сон, од левата страна од постелата здогледав човек кој ме протресе и разбуди; тој човек беше црн како арап, очите му светеа како свеќи, а јас затреперив од страв. А тој ми рече: "отвори ја устата своја"; јас ја отворив, и тој влезе во устата моја и ја исполни мојата утроба; и од тој момент тојнаправи да ми стане јасно и доброто и злото, и се што се случува во куќата. А кога апостолот Христов влезе во нашата куќа, тогаш оној што обитаваше во мене, рече: "бегај од овде, Аполониде, да не би умрел со зла смрт, зашто овој човек е врач и сака да те умртви". И јас веднаш избегав во друг град. А кога јас обидував да се вратам, тој не ми даваше, зборувајќи: "ако Јован не умре, ти не можеш да живееш во својата куќа". Но кога Прохор стигна во градот во кој бев, и јас го здогледав, - нечистиот дух, во тој момент, излезе од мене на ист начин на кој и влезе во мојата утроба; и мене ми олесна, големиот терет го снема, умот мој дојде во здрава состојба, и јас се почувствував добро. Слушајќи го ова, сите припаднаа кон нозете Јованови. А тој ја отвори устате своја и ги поучи во верата во Господа нашиот Исус Христос. И поверува Мирон со жената и децата свои, и сите тие се крстија, и бише радост голема во домот на Мирон. А после и жената игемонова Хрисипа, ќерката Миронова, го прими светото крштение со синот свој и сите свои слуги; а после неа се крсти и нејзиниот маж Лаврентије, игемон на островот Патмос, слегувајќи од власта на која беше поставен, за да може послободно да му служи на Бога. Свети Јован со Прохор поминаа три године во домот Миронов, проповедајќи го словото Божјо. И со силата на Исуса Христа направи многу чудеса и знаци: болни исцели, и демоне прогони, храмот Аполонов со сите негови идоли го сруши само со еден свој збор, и многумина кои се обратија во верата во Христа ги крсти. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знае ли некој да ни каже за учениците на свети Јован Богослов, како што е Свети Игнатиј Богоносец?
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали се сомнева некој во тоа дека одсекогаш - во сите можни деноминации - имало следбеници на ВИСТИНАТА кои во тајност си ја обавувале својата Богослужба, не се бореле за власт и слава во светот, не се накитувале со надворешни украси, не се грабале за високи столици, не се бореле за своите телесни татковини на земјата, не ги навредувале своите браќа од другите деноминации, не се фалеле како единствени правите итн.? Изменето од spiros - 23.Јануари.2009 во 22:22 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу интересен лик од изворните христијани е Свети Игнатиј Богоносец (она дете кое се споменува од Светото Писмо, кое Христос го држеше во раце). Овој светител ни ја пренесува изворната христијанска вера, онака како што ја примил од своите учители, и нам ни ја оставил во предание. Тој вели дека ние, христијаните, треба да имаме почит кон својот Епископ, како кон Самиот Христос. Еве што вели друго:
Така, колку повеќе некој го гледа епископот тивок, толку повеќе почитувjате го. Колку повеќе некој го гледа епископот како премолчува, односно „покажува снисхождение“, толку повеќе треба да го почитувате. Зашто ние треба да го примаме секој што Господарот на куќата го поставува над Својот дом, како што би го примиле Тој кој што го пратил него. Така што, јасно е дека треба да гледаме на епископот дури како што би гледале и на Самиот Господ, стоејќи, како тој што прави, пред Господа. Зашто „подобно е човек кој внимателно гледа на него, и е дејствен во својата должност, да стои пред цареви, а не пред мрзелив човек“. И навистина самиот Онисим многу го фали вашиот добар ред во Господа, дека сите вие живеете според вистината, и дека никаква ерес не нашла место на пребивалиште меѓу вас. Навистина, вие не се вслушувате во некој друг освен во Исус Христос, вистинскиот Пастир и Учител. И вие сте, како што Павле ви напиша, „едно тело и еден дух“, затоа што вие исто така бевте повикани во една надеж на верата, бидејќи „има само еден Господ, една вера, едно крштение, еден Бог и Отец на сите, кој е над сите, и преку сите, и во сите“. Такви сте, значи, вие, кои бевте научени од такви раководители - Павле Христоносецот и Тимотеј најверниот. А кој бил Онисим? Кол 4:9 заедно со Онисим, верниот и омилен наш брат, кој е од вас; тие ќе ви раскажат сe што станува овде Филимона 1:10 те молам за моето чедо Онисим, што го родив во оковите свои |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве еден текст од еден изворен христијанин, Свети Игнатиј Богоносец:
Верата на лажните учители Не грешете, браќа мои. Тие кои ги поткопуваат домовите нема да го наследат Божјото царство. Ако тие кои го вршат ова со уважување кон телото претрпеа смрт, колку повеќе тие кои со лукави науки ја поткопуваат верата Божја, за која Исус Христос беше распнат! Тој што ќе се оскверни со такво нешто, ќе оди во вечен оган, и секој кој што се вслушува во него. Не грешете, браќа мои. Тие кои ги поткопуваат домовите нема да го наследат Божјото царство. И ако тие кои ги поткопуваат сaмо човечките домови се осудени на смрт, колку повеќе ќе претпрпат вечна казна оние кои се трудат да ја поткопаaт Црквата Христова, за која Господ Исус, единородниот Син на Отецот, го претрпе крстот, и поднесе смрт! Кој и да е „згоен“ и „одвратен“, кој не го смета за ништо Неговото учење, ќе оди во пеколот. Така, секој кој примил сила од Бога да прави разлика, е сепак го следи неспособниот пастир и стекне лажно мислење за вистината, ќе биде казнет. „Што општо има меѓу светлината и темнината? или меѓу Христа и Велијар? Или, што општо има меѓу верник и неверник?“ Така јас ви велам, што општо има меѓу вистината и лагата? Или праведноста со неправедноста? Или вистинското учење со она кое е лажно? |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште еден текст од изворниот христијанин, Свети Игнатиј Богоносец.
Призиви кон молитва, смирение итн. И постојано молете се во полза на другите бидејќи во нив има надеж за покајание и можат да достигнат до Бога. Гледајте, ако не подруго, тие да бидат поучувани од вашите дела. Бидете благи кон нивната јарост, смирени како спротивност на нивната самофалба, на нивните хулења враќајте со молитва, за разлика од нивните грешки, вие бидете непоколебливи во верата; и на нивната жестокост покажувајте ја вашата благост. Додека ние се грижиме да не го подражаваме нивното управување, ние да бидеме нивни браќа во секоја вистинска добродетелност; и да се стремиме да бидеме следбеници на Господ (кој друг некогаш бил пообесправен, повеќе лишен, повеќе осудуван), така што никакво ѓаволско растение да не се најде во вас, туку да останете во сета светост и трезвеност во Исус Христос, со почит кон телото и духот. И постојано молете се во полза на другите бидејќи во нив има надеж за покајание и можат да достигнат до Бога, зашто „зар паднатите не стануваат, и оние што скршнале од патот не се враќаат?“. Допуштете им тогаш тие да бидат поучени од вас, така што бидете пратеници Божји и уста Христова. Затоа, вака рече Господ: „ако извлечеш скапа работа од ништо, ќе бидеш како Мојата уста“. Бидете благи кон нивната јарост, спротивно на нивните хулења, вие настојувајте во молитвата; додека тие се отклонуваат, вие стојте непоколебливо во верата. Победете го нивниот нечувствителен нарав со благост, нивната страст со кротост, зашто „блажени се кротките“. И Мојсеј бил кроток со сите луѓе; и Давид беше извонредно кроток. Зашто Павле поттикнува на следново: „А слугата Господов не треба да влегува во расправии; туку да биде кроток кон сите, поучлив, трпелив, со кротост да ги поучува оние што се противат.“ Не барајте да им се одмаздувате на оние кои ве повредиле, бидејќи се вели (во Писмото): „Ако зло вратив на оние кои мене ми направија зло“. Да ги направиме наши браќа со нашата добродетелност. Велете им на оние кои ве мразат, вие сте наши браќа, така што името на Господа да се прославува. И да Го подражаваме Господ, “Тој, Кој беше навредуван, не возвраќаше со навреда“ кога беше распнат, Тој не возвраќаше; „кога страдаше - не се закануваше“ туку се молеше за Неговите непријатели, „Оче, прости им, оти не знаат што прават!“ Благословен е оној кој повеќе е оскрбен и покажува поголема трпеливост. Ако некој е измамен, ако некој е презрен за името Господово, тој навистина е Божји слуга. Бидете претпазливи никакво ѓаволско растение да не се најде меѓу вас, затоа што таквото растение е горчливо и солено. „Бдејте и бидете трезвени“ во Исус Христос. Изменето од makarios - 03.Април.2009 во 01:19 |
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се смета дека св.Игнатиј било детето кое било во крилото Исусово и на кое тој посочил дека ако не се смириме како „ова дете“ нема да го наследиме Царството Небесно.
И Самиот Исус Христос посочил на св. Игнатиј |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Po koja osnova se smeta deka toa dete bilo sv.Ignatij?
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
spored Svetoto Predanie
|
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Житие на св.апостол и евангелист Јован Богослов
ДЕЛ 8 На острвот Патмос имало некој маѓесник по име Кинопс; тој живееше на пусто место и многу години се познаваше со нечистите духови. Заради измамите кои тој ги изведувал, сите жители на острвот го сметаа за бог. А жреците Аполонови, бесни на апостол Јован затоа што им ги сруши идолопоклоничкиот храм на Аполон и затоа што сите луѓе ги обрати во својата христијанска вера, отидоа кај Кинопс и му се пожалиле поради апостолот Христов, молејќи го да се одмазди за посрамувањето на нивните богови. Но Кинопс не сакаше сам да оди в град, затоа што многу години живееше на тоа место не одејќи никаде. Меѓутоа граѓаните се повеќе доаѓаа кај него со истата молба. Тогаш тој им вети дека во Мироновиот дом ќе прати зол дух да ја земе Јовановата душа и да ја предаде на вечен суд. И утредента тој кај Јована прати еден од кнезовите на злите духови, заповедајќи му да му ја донесе душата на Јован. Доаѓајќи во домот Миронов, демонот застана на местото каде што беше Јован. Гледајќи го демонот, Јован му рече: „Ти наредувам во името на Исус Христос да не се поместиш од тоа место додека не ми кажеш зошто си дошол ваму кај мене. – Врзан со Јовановите зборови, демонот остана неподвижен и му рече на Јована: „Аплоновите жреци дојдоа кај Кинопс и го замолија да дојде во град и тебе да те наведам на смрт, но тој не сакаше, велејќи: „Многу години живеам на ова место без да одам никаде: зарем сега да се мачам себеси заради еден беден и безвреден човек? Вие одите по вашиот пат, а јас утре ќе го пратам својот дух и тој ќе ја земе неговата душа и ќе ми ја донесе, а јас ќе ја предадам на вечен суд“. – И Јован го прашал духот: „Дали тој некогаш те пратил да земеш некоја човечка душа и да му ја однесеш? – Демонот одговори: „Сета сатанска сила е во него, и тој има договор со нашите кнезови, и ние сме со него, така што Кинопс не слуша нас, а и ние него. – Тогаш св. Јован рече: „Јас, апостолот на Исуса Христа, ти наредувам тебе, зол духу, веќе да не влегуваш во човечки обиталишта, ниту да се враќаш кај Кинопс, туку да заминеш од овој остров и да се мачиш. – И демонот веднаш се оддалечи од островот. Но, Кинопс гледајќи дека духот не се врати, пратил друг, но и овој така пострада. И уште други два кнезови на темнината пратил тој, на едниот му наредил да влезе кај Јована, а другиот да стои надвор и да му донесе одговор. Влегувајќи кај Јован, демонот пострадал како и другите пред него, а другиот демон кој стоеше надвор, гледајќи ја неволјата на својот другар, избега кај Кинопс и му раскажал што се случило. Тоа го разјарило Кинопса, и тој земајќи големо мноштво на демони, отиде во градот. И сиот народ се израдува гледајќи го Кинопс и сите доаѓаа и му се клањаа. Наоѓајќи каде Јован ги поучува луѓето, Кинопс страшно се налутил и му рекол на народот: „Луѓе слепци, залутавте од правиот пат, чујте ме! Ако е Јован праведен, и се што тој го зборува, вистина, нека тој поразговара со мене и нека направи чуда какви што правам јас, па ќе видите кој е поголем, Јован или јас. Ако тој се покаже како поголем од мене, тогаш и јас ќе поверувам во неговите зборови и дела. И Кинопс се обратил на едно момче и му рекол: Момче, жив ли е твојот татко? – Момчето одговорило: - Умрен е. – Го праша Кинопс: Со каква смрт умре? – Овој одговори: -Беше морепловец, и кога се разби лаѓата, се удави во морето. – Му рече Кинопс на Јована: Сега, Јоване, покажи ја својата сила, за да поверуваме на твоите зборови – донеси го таткото жив пред својот син. – Јован одговори: Христос не ме прати да подигам мртви од морето, туку заблудените луѓе да ги поучувам. – И му рече Кинопс на присутниот народ: Барем сега поверувајте ми дека Јован е измамник и ве мами: земете го и држете го додека не го донесам таткото на момчето жив. – И тие го фатија Јован, а Кинопс ги рашири рацете и плесна со нив, и се чу плисок на морето и сите се уплашија, а Кинопс стана невидлив. Тогаш сите повикаа: Велик си, Кинопсе. И одеднаш тој излезе од морето, држејќи го, како што рече, таткото на момчето. И сите се восхитија. Кинопс го праша момчето: Овој ли е твојот татко? - Да, господине! – одговори момчето. Тогаш сите му се поклонија на Кинопс и сакаа да го убијат Јована. Но Кинопс им забрани, велејќи: Кога ќе видите поголеми чуда од ова, тогаш тој нека биде мачен. После тоа, Кинопс повика друг човек и го праша: - Си имал ли син? Овој одговори: - Да, господине, имав, но некој од завист го уби. Тогаш Кинопс гласно ги призвал и убиениот и убиецот, и тие веднаш се појавиле и Кинопс го прашал човекот: - Овој ли е твојот син? – Да, господине – одговори тој. Тогаш Кинопс го прашал Јована: - Се восхитуваш ли, Јоване? Свето Јован одговори: Не, јас не се восхитувам на тоа. Тогаш Кинопс рече: Поголеми чуда од ова ќе видиш, и тогаш ќе се восхитуваш и нема да умреш се додека не те заплашам со чудеса. Свети Јован му одговорил: - Твоите чудеса брзо ќе се срушат. Слушајќи вакви зборови, народот се фрли на Јована и го тепаа се дотогаш додека не заклучија дека е мртов. Му рече Кинопс на народот: Оставете го непогребан, да го разнесат птиците небесни. И тие си заминаа од тоа место радувајќи се со Кинопс и славејќи го. После тоа Кинопс слушајќи дека Јован е жив и го поучува народот на местото наречено Каменувалиште, го повика демонот со чија помош правеше маѓии, повикување мртви и кога отиде кај Јована, му рече: Сакајќи да ти приредам поголем срам и осуда, затоа те оставив до сега жив; ајде на морскиот брег и таму ќе ја видиш мојата сила и ќе се посрамиш. А него го следеа тројца демони, кои народот ги сметаше за луѓе воскреснати од мртвите од страна на Кинопс. Кинопс силно заплеска со рацете, нурна во морето и стана невидлив за сите присутни. И народот повика: Велик си, Кинопсе, нема друг како што си ти. А Јован им нареди на демоните кои беа во човечки облик да не се поместуваат од место. И се помоли на Господ Кинопс да не се појави веќе жив и така и стана, затоа што одеднаш морето се разбесни и разбранува и Кинопс не излезе веќе од морето, туку остана во неговите длабочини, како некогаш бедниот фараон. А на демоните кои народот ги сметаше за луѓе воскреснати од мртвите, Јован им рече: Во името на Исуса Христа распнатиот и во третиот ден воскреснатиот, напуштете го овој осстров. И тие во тој час исчезнаа. А народот седеше на брегот три дена и три ноќи чекајќи Кинопс да излезе од морето, така што од глад, жед и сончева топлина многумина од нив изнемогнаа и лежеа безгласни, а три деца умреа. Тогаш Јован сожалувајќи се на народот, се помоли за нивно спасение, многу им говореше за верата, ги воскресна трите умрени деца, ги исцели болните, и сите тие еднодушно се обратија кон Господа, се крстија, и се разотидоа по куќите свои славејќи го Христа Бога. А Јован се врати во Мироновиот дом и често одеше кај народот и ги учеше на верата во Господа Исуса Христа. |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве што има да каже изворниот христијанин Свети Игнатиј Богоносец во врска со црковната ерархија, поточно Епископите и свештениците:
Не правете ништо без Епископ или свештеник Како што Господ ништо не правел без Отецот, бивајќи во единство со Него, ниту Сам од Себе ниту од апостолите, така и вие не правете ништо без Eпископот и свештениците. Ниту пак, да се обидувате нешто да гледате како разумно и соодветно за вас самите; туку собрани заедно на исто место, да биде една молитва, една просба, еден ум, една надеж, во љубов и во радост неосквернета. Еден е Исус Христос и од Него нема ништо повозвишено. Бидете значи, едно, како кон еден храм Божји, како кон еден жртвеник, како кон еден Исус Христос, Кој дојде од Отецот, и Кој е со Него и е Едно со Него. Kако што Господ не прави ништо без Отецот, за што вели: „Јас ништо не можам да правам Сам од Себе.“ така и вие свештениците, ѓаконите и мирјаните, не правете ништо без Епископот. Не дозволувајте нешто да ви се пристори како достојно за пофалба, а е лишено од одобрение на Епископот. Секое такво дело е грешно и спротивно на Божјата волја. Соединете се сите вие на исто место за молитва. Да биде една молитва, една просба, со непорочна вера во Исуса Христа, од Кој ништо не е поголемо. Така сите вие, бидете едно, како кон еден храм Божји, како кон еден жртвеник, како кон еден Исус Христос Првосвештеникот на безначалниот Бог. |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Второ послание на Свети Игнатиј Богоносец до Светиот апостол Јован
Неговиот Игнатиј до Јован, светиот презвитер Ако благоволиш да ми дозволиш, сакам да појдам до Ерусалим и да ги видам верните светии кои се таму, особено Марија Мајката, за која велат дека e предмет на восхит и наклонетост на сите. А кој нема да се радува да ја гледа и да беседи со онаа која го роди вистинскиот Бог од нејзината утроба, при услов тој да е пријател на нашата вера и нашата набожност? Исто така, сакам да го видам блажениот Јаков, кој е наречен Праведен, за кој велат дека навидум многу наликува на лице на Исус Христос, по живот, и во начинот на поведение, како да е едноутробен брат близнак. Велат дека ако го видам него, како да сум Го видел Самиот Исус според сите карактереистики и надворешноста на Неговото тело. Освен тоа, сакам да ги видам другите светии - мажи и жени. Леле, зошто одолговлекувам? Зошто се задржувам? Учителе добар, заповедај ми побрзо да ја исполнам својата желба, и добро да патувам до тебе. Амин. |
|
vaskapraska
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 127 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Според рекла-казала. |
|
Внеси реплика | страница <1 34567 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |