![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7980818283 138> |
Автор | |
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Палави детски очиња
ме гледаат тажно. Разбушавена коса, тело на маж, душа на дете... Изгледа толку слатко, како само да се вратило од детската игра од надвор. Како само посакувам да ги заплетам прстиве во таа коса... Опуштено мило лице, не крие задоволство и насмевка за мене. Ах само како би ги бакнала тие слатки детски усни... Иако тажни,сепак прекрасни, тие две детски очиња, кои само ми предизвикуваат силно срцебиење. Треперење на телото, желби безброј ми будат. Ах..... Знаеш нели.... Знам и јас. Не смееме! Ма кому му е гајле? Нели си мој? Нели сум твоја? Нели ова е наше? Да сонце мое најсветло. Смееме! Не се плашиш, не се плашам ни јас. Можеме! ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
АПСОЛУТНО РЕЛАТИВНО
Дојди. Оди си. Јави се. Губи се. Гушни ме. Пушти ме. Бакни ме. Плукни ме. Следи ме. Води ме. Чекај ме. Остави ме. Верувај ми ... Без обѕир на се`. |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Го чувствувам во себе
твоето срцебиење. Се соединува со тактот на биењето на моето. И заедно како едно во ист ритам танцуваат во моите гради. Исто како што танцувавме јас и ти прирпиени еден до друг во ист ритам. Во вените ми тече твојата крв. Го милува секој милиметар од се она што сум јас. Станувам емоционална секогаш кога ќе те допрам. Станувам кршлива,слаба, секогаш кога ќе ме допреш. Твојата близина ме претвара во мало,срамежливо девојче. Зрелата жена исчезнува под лупата на твоејот продорен поглед, од кој неможам да се сокријам. Црвенеат образи и ти откриваат колку само те љубам. Треперам како лист на ветрот кој само што се откинал од својата гранка исто како девојка на првата љубовна средба. Ти си мојот хаотичен свет во кој со задоволство пловам и уживам во секој негов миг. Изменето од butterflyM55 - 06.Април.2009 во 01:30 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Те чекав да се појавиш.
Онака занесена во мислите сонував со отворени очи за тебе,за нас... Не ни сетив дка веќе си тука, само почувствував нежен допир на вратот од твоите врели усни. Знаев дека си тоа ти. Друг ги нема тие меки усни. Никој не љуби како тебе, нежно и меко. Се препуштив на твоите врели раце и меки усни кои почнаа да шетаат по моето опуштено тело. Како скулптор кој го усовршува своето ремек дело шеташ по моите облини. Нежни допири од твоите врели дланки минуваат по долгиот врат, а жешките усни ги пратат допирите. Ги допираш со раце веќе набрекнатите гради и ги љубиш брадавиците кои те мамат со нивната твдост. Свесен за мојата возбуденост, лудо срцебиење и длабоки воздишки, продолжуваш понатаму. Преплетувам прсти во твојата густа коса и те водам низ пејсажите на моето голо тело. Љубиш на стомачето, твојата омилена ливада ја пребаруваш дел по дел и со врели бакнежи ја расцутуваш цела. Екстазата моја е храната твоја. Продолжуваш полека се движиш накај твоето омилено брегче кое тебе ти буди немир. Воздишките се мешаат. Не сме свесни за ништо. Само за нас. Само за моментот. Само за уживањето. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јас, ти и троседот
Вечерва нема да те пречекам со каде си до сега, со новите сметки за струја, со паднатите плочки во вецето, со круговите на таванот - влажен поздрав од горниот сосед. Вечерва не ми донесувај букет од изговори и приказни за заговори. Не бегај право на туширање, не заклучувај се во бањата додека сонот не ме замолкне. Вечерва нема да се поместам од троседот на кој те чекам. Ќе седнеш до мене, без поглед ќе се навалиш, ќе потонеш во моето крило. Твојата коса ќе ме боцка преку пижамата. Вечерва ќе си молчиме без немир, страв и вина, без гнев, совест и срам. Ќе се предадеме на плимата и осеката на дишењето во ист ритам... ... и ќе си гледаме филмови. ![]() Изменето од filmadzijka - 06.Април.2009 во 08:55 |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Посакувам да не постоев.
Да не дознаев никогаш за себе ни за овој свет. Ни за среќа. Ни за несреќа. Ниту за тага. Ниту за болка. Ниту за љубов. Ниту за ништо. Сакам да не постоев. Да не ме имаше воопшто некогаш. Оти јас сум несреќа. Ако ме немаше мене сите ќе беа посреќни. Изменето од butterflyM55 - 07.Април.2009 во 03:49 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
insane_angel ![]() Нов член ![]() Регистриран: 17.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 24 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
А копнееш да сфатат,
мафташ ко лудак со раце и нозе да објасниш, да доловиш, овците да ги научиш англиски да зборат за да можат Шекспир да го читаат во оригинал. LOOOLCHINA ! ! ! |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Немој да се лутиш
што пишувам за тебе. Не е намерно. Едноставно... тргнувам на друга страна и незнам како на крај пак завршувам кај тебе. Знам! Земјата е крива. Таа се врти во круг, а ти си неизбежна точка на тргнување и враќање. Ма не....... Не си центар на светот. Ти си само мој центар на се... Ти си клучар позади врата, кој изазива со клучевите од тајните одаи на убавото. А јас... Само обична жена која те сака. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Никогаш ноќта не била подолга
од онаа во која те нема. Кога времето поспано се провлекува низ ветерот. И кога минутите и часовите наместо твоите прсти, се провлекуваат низ мојата коса... Тогаш е најтешко. Толку многу ми недостигаш. Толку бавно минува денот кога тебе те нема. И единствено што знам е во тие досадни денови да пишувам за тебе. Затоа прости ми што тажни песни пишувам. Прости ми што тажни зборови во ноќите ти праќам по дождот кој паѓа под твојот прозорец. Прости ми... Но знаеш и сам... Кога твојот лик ќе го видам За миг сите стравови исчезнуваат. Се топат и се претвараат во желба. Се разведрува небото и бакнежи се ројат. Телото трепери под твоите допири. Како магла ги чувствувам на моето тело,насекаде. И времето застанува. И сега е кратко. Секогаш е малку. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ШТУРА СИНФОНИЈА
Расцутена синфонија на штурци во високите треви на мислата... Се што изгубивме други ќе пронајдат, се што спечаливме други ќе поарчат Светлината ја облековме во црнина на црнината облека од светлина и скроивме: за да ја премолчиме вистината и молчењето да го обвистниме Две клети суштества во надеж клета суштествуваме, заб по заб - раззабени во месото скапано си се пресликуваме: јас во себе – ти во мене, ти во себе – јас во тебе, а времето во себе не несака... Надвор сме а толку силно во него не има, сепак... Мисло моја, синфонија штура штуро штурците ти штурат. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Одамна посакувам
да те одведам на едно место со врзани очи. Место,каде воздухот е топол и мириса на моите сонови. Одамна сакам да сум во тебе, и со затворени очи да гледаш како од тебе се раѓам и се издигнувам високо над твоето битие. Одамна чезнеам да спуштам ливчиња од миризливи диви ружи на твоите меки образи. Да те прегрнам со виножитото... Да те заспијам крај мене... Одамна чезнеам... ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кога се губам во мракот
знам дека во твоите очи ќе најдам светлост, патот да ми го осветли. И кога ќе ме скрши стравот. И кога подот под нозе ќе почне да ми бега. Кога сиот свет околу мене почнува да се руши,да тоне... Тогаш ти доаѓаш пред мене и за миг сето тоа го променуваш. Секогаш си тука. Ми даваш се што имаш. И не ја завиткуваш стварноста во сонови. Само ја правиш за трошка поубава. И кога љубов ќе ми затреба ти пак си тука, на моја страна си. Ти верувам до крај и раце ти пружам да ме водиш низ мракот. Да ме браниш како штит. Во твоето срце секогаш можам да верувам. Ти си тој кому можам во секој момент да му дотрчам и утеха да најдам. ![]() Изменето од butterflyM55 - 09.Април.2009 во 12:14 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се вртиме во круг
вртоглаво,брзо, без престан. Како вртлог во вода е се околу нас. А јас и ти сме само две ливчиња, кои се нашле случајно во тие брзи движења. Се бркаме,се бараме во кружните движења. Се допираме,се галиме и пак сме далеку. Се гледаме, а никако да се видиме. И само вртоглаво пропаѓаме во центарот на водовртежот кој на крајот ќе не спои на самото дно. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не веруваш,знам
скептик си голем. А јас како луда трчкам околу тебе и упорно покажувам, докажувам,се правдам... И сето тоа без некоја причина. Но ти така ме тераш со своето однесување. И секогаш си помислувам. Ма зошто морам само јас да се докажувам? Зошто морам да ти се правдам, а не сум направила ништо? Е нема повеќе!-си викам. Од утре нов лист свртувам. А утре.... Утрото ме буди со твојот лик пред мене. Отварам телефони со надеж дека тука ќе најдам барем „добро утро„ посакано од тебе. Отварам мејлови... Пак празно. А срцето полно... со надеж. „Утре ќе се сети„... Сигурна сум. И пак само јас сум таа која тебе те разбира и која се сваќа. И пак само ти си тој кој со поглед ќе осудува, со зборови ќе ранува и со молк ќе убива. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7980818283 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |