IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 23>
Автор
Порака
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 12:43
Трагите од предавството на Делчев уште постојат Убиството на апостолот на македонското револуционерно движење било смислено предавство за негова елиминација, смета Михајло Миновски, историчар, кој направил обемно истражување на овој настан

Убиството на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев не било сплет на околности, туку смислено предавство за негова физичка елиминација, смета Михајло Миновски, историчар, кој направил обемно истражувања на овој настан. Тој тврди дека постојат низа пишани документи што укажуваат дека ликвидацијата на Делчев на 4 мај 1903 година во село Баница, Серско, била инспирирана од Врховниот македонски комитет од Софија.

* Во историографијата не е се' уште расчистено дали убиството на Делчев е резултат на добрата акција на силите на Османлиската држава или на предавството?

- Индициите дека е извршено предавство долго не можеа да добијат соодветна потврда, главно, поради недостигот од докази. Но, во бугарскиот Централен државен историски архив, најдовме неколку извештаи на Бугарското трговско агентство во Сер, кои укажуваат на континуираното дејствување на бугарскиот фактор и на експонентскиот Врховен македонски комитет во Софија за елиминација на Делчев. Македонска револуционерна организација под раководството на Делчев за само неколку години стана масовно национално-ослободително движење. Тоа не им одговараше на владејачките кругови во бугарското кнежевство. Било примено како директно загрозување на големобугарските претензии кон нашата земја. Токму тогашниот претседател на бугарската влада Константин Стоилов им упатил инструкција на бугарските трговски агенти во Османлиското Царство „да го знаат дејствувањето на таа Организација и да постигнат такво влијание за таа да не може да прави ништо што е спротивно со гледиштето на бугарската влада“.

* Кој бил преломниот момент во планот за елиминацијата на Делчев?

- Како што е познато, Делчев категорично се спротивставувал на кревањето на востанието во 1903 година. Сметал дека не се поволни околностите - од расположението на европските сили до степенот на вооружувањето на борците. И бил во право. Наспроти ова, бугарските врховистички елементи, кои имаа стратегија за инфилтрација во Организацијата, му даваат задача на Иван Гарванов, Бугарин од Стара Загора, што побргу да ја наметне одлуката за кревањето на востанието. Се очекувало османлиската војска најжестоко да се пресмета со македонските востаници. Со тоа, истовремено, би се убил секаков стремеж кај македонскиот народ за создавање самостојна македонска држава, а ослободувањето би се очекувало од бугарското кнежевство. Таквата одлука за кревањето на востанието била донесена на јануарскиот конгрес во Солун. Врховистите стравувале дека Делчев, со својот авторитет, може да издејствува да се поништи решението за востание напролет. Затоа било потребно физички да се елиминира. Не сакаленепосредно да се ангажираат во ликвидацијата за да немало негативни последици по врховизмот. Бил воспоставен систем на перманентно следење на Делчев од врховистичките елементи, дојавување на неговото престојувалиште во Баница и конечната пресметка.

* Може ли да се каже конкретно кој е предавникот?

- Тајната за предавството на Делчев и за директната вмешаност на бугарската влада
и на кнежевскиот двор била разоткриена по само неколку месеци од задушувањето на Илинденското востание. Непосредни актери биле тогашниот министер Паприков и агентот Кулишев, кои непосредно влијаеле на Солунскиот конгрес да се донесе одлука за предвременото востание. Тоа било утврдено на Собранието на раководителите на МРО одржано во почетокот на 1904 година. Водечките личности на МРО се изјасниле дека Бугарија со својата политика била и останала главен виновник за трагедијата на македонскиот народ. Тогаш биле констатирани и основани индиции за непосредната вмешаност на инфилтрираните врховисти и за предавството на Делчев. Раководствата на Серскиот и на Драмскиот револуционерен округ биле задолжени да преземат мерки за утврдувањето на предавството на Делчев. На терен биле упатени неколку вооружени чети, меѓу кои и четата на Георги Радев. Таа чета жестоко ги казнила тие за кои се утврдило дека го предале Делчев. Селаните од Баница Марин Георгакиев и Коста Маџаров биле застрелани, првиот на местото на загинувањето на Гоце Делчев, а другиот на неговиот гроб.Има и други верзии за тоа кој го извршил предавството. Британскиот конзул од Серес, Теодоридес, во извештајот напишал дека на 4 мај во близина на Баница бил уапсен учител врз чиј исказ било блокирано селото. Францускиот конзулски агент, пак, тврди дека предавството го извршил неидентификуван селанец. Тоа го објавил и Пеју Јаворов, близок соработник на Делчев, кој ја дал и втората верзија според која предавството го направил „учител Андреј“. Даме Груев, пак, во своите спомени посочува дека предавникот бил некој благајник. Тврдењето на Ѓорче Петров за можно непосредно учество на Иван Гарванов во тоа останува недокажано. Бугарските историчари загинувањето на Делчев го претставуваат како сплет на несреќни околности
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 15:06
http://www.youtube.com/watch?v=pCpJ-d9KU60

А еве го и документот.

http://hostanimage.com/files/2ea97smo9hv1xx34dgrg.gif

Би сакал да видам што мислат другите околу ова. Искрено, јас се запрепастив на ова. Навистина има аргументи кои држат вода.

Благодарност до Зора на Слободата за клипот и документот!
Кон врв
Boho Кликни и види ги опциите
Група
Група

Регистриран: 30.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boho Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 15:46
Нешто не ми седи. Ако тоа е од весник од 1934 г. мораше да е напишано со стариот правопис а тој не е. Може ли некој да даде некое објаснение?

Изменето од macedon_alex - 07.Мај.2009 во 02:01
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 237
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да     бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2009 во 20:50
"доказ" - мислиш на ова што Гоце го кажал на Карчо кој го рекол на авторот?

Изменето од macedon_alex - 07.Мај.2009 во 02:02
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 237
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да     бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2009 во 21:02
Карчо загинува 3 кодини  подоцна со Даме Груев. Ако Карчо знаеше повеке мислам дека немаше за доказ да има само ова  што Гоце го кажал на карчо, па овој кажал на не знам си кој, одпечатено 30 години подоцна во македониски весник

30 години......

Изменето од macedon_alex - 07.Мај.2009 во 02:03
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2009 во 21:02
Кој е тој документ? Исечок од некој комунистички весник, кој цитира весник „Македонско знаме“ во кој пишува некојси неидентификуван СТАР ИЛИНДЕНЕЦ, кој раскажува по 30 години што му раскажал некој си Корчо, кој не е Корчо, зошто името е ставено во наводници ....
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 20:33
Originally posted by cercetator cercetator напиша:

Кој е тој документ? Исечок од некој комунистички весник, кој цитира весник „Македонско знаме“ во кој пишува некојси неидентификуван СТАР ИЛИНДЕНЕЦ, кој раскажува по 30 години што му раскажал некој си Корчо, кој не е Корчо, зошто името е ставено во наводници ....

Барем не е стар неколку векови како твоите документи за Македонците од првиот век.
А ако малку размислиш ќе сфатиш дека ова што го кажува има логика, па дури и навистина може да е точно, иако знам дека е полесно да се настапува со идејата дека го предале Патријаршистите или Грците. Направи споредба на двете страни и размисли. Сам ќе дојдеш до одговорот.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 13:16
Со панихида на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје денеска ќе бидат одбележани 106 години од загинувањето на идеологот на македонската револуционерна борба.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108016

Повеќе за животот и делото на Гоце Делчев

Гоце Делчев (18721903) е еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, лидер на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна преименувана во Внатрешнa Македонска Револуционерна Организација (ВМРО)

Георги Николов Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија (грчки: Килкис, денешна северна Грција), како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви која имала вкупно девет деца. Делчев произлегува од релативно добро ситуирано семејство. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци. Во 1879 - 1880, Гоце (Георги) Делчев започнува да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш. Гоце потоа го завршил средното образование во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Се запишал во Военото училиште во Софија во 1891. Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од училиштето. Делчев станал учител во Бугарското машко трикласно училиште во Штип (Ново село), заедно со Туше Делииванов во 1894[2] каде што се запознава со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во 1895 набрзо станувајќи нејзин водач.

Во летото 1896, во Солун се одржува конгрес на македонските и одрински револуционерни сили. На конгресот присуствува и Гоце Делчев. Гоце Делчев и Ѓорче Петров се ополномошни да изработат Устав и Правилник, а изработениот устав носи наслов: „Устав на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација". На почетокот на јануари 1898 год. се установува четничкиот институт, а Гоце Делчев е назначен за началник на сите чети во Македонија.

За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономиjа или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.

За да го отстрани, или барем да го неутрализира разбивачкото влијание на бугарскиот двор и неговата агентура тн. "Врховен македонски комитет", Гоце, и како задграничен претставник, активно дејствувал врз нивните претставници да се откажат од неповиканото мешање во внатрешните работи на Револуционерната организација, која претставува единствен легитимен претставник на македоно-одринското ослободително движење, и да дејствуваат само како помошна сила за материјално помагање на Организацијата. Во нивното отстранување, Гоце водел бескомпромисна борба против мешањето на бугарските влади и челниците на врховистичките македонски комитети. Најпечатливи одгласи од неговата борба за зачувување на единството од надворешните мешања имала неговата отворена реплика со претседателот на Врховниот комитет, генералот Николаев, кого го предупредил дека додека неговото рамо ја крепи пушката, нема да дозволи присуство на бугарски офицери во Македонија. Иста цел имала неговата Директива во 1902 година за забрана на влегување на врховистичките чети од Бугарија, како и предупредувањето до официјална Бугарија да не мисли за Македонија, туку да си ја чува Бугарија, зашто Македонците ќе си ја чуваат Македонија.

На редовното советување во декември 1902 година, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други водачи на ТМОРО решаваат да не се крева фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта како што изјавил Гоце требала да биде: „не ние да ја победиме Турција туку таа да не нè победи нас.“ Потоа Гоце оди на терен, а зад грб бугарскиот агент Иван Гарванов свикува јануарско советување, кое според В. Думев (кој работи со Иван Гарванов) "НЕ БЕШЕ СВИКАНО ДА РЕШАВА". (Зборник Илинден 1903-26, стр.114).

Во јануари 1903 година, Гоце Делчев се изјаснува отворено како прв против кревање на востание во Македонија таа година, познато потоа како „Илинденското востание“, како преран и неподготвен чекор. По негова иницијатива во Софија било организирано советување на група македонски револуционери меѓу кои биле: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Михаил Герџиков и други македонски револуционери од централистичкиот лагер на ВМОРО. Се разгледувал предлогот за подигање на востанието, кое пред се било заговарано од врховистичкиот лагер на ВМОРО, а најмногу од представниците на Организацијата во Костурско. На собирот свои излагања имале Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и др. Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на Македонија не е поволна за кревање востание; собирот се искажал против решението за подигање на востание.

...централна организација не била создадена, туку имало неколку мали организации. За неколку години, како и да е, една станала доминантна, таа која што го имала Делчев за лидрер (до убиство). Груев, сегашен шеф на битолскиот округ, Ѓорче Петров и Христо Татарчев како надворешни претставници, тие ги зеле зборовите на Гледстоун за нивно мото „Македонија на македонците“. Тие се изјасниле како различни од бугарите и македонците во Бугарија кои имале оформено постар комитет со центар во Софија.[3]

Според Пејо Јаворов, поет и чест сопатник на Гоце Делчев, Гоце заклучил дека: "...ВМРО всушност тргнува по патот на самите врховни комитетети против кои беше војувала најжестоко......кога Гоце ги читаше писмата, а тој ги беше препрочитал неколку пати од очите му се одронија солзи, кои паднаа врз шифрираните редови. Гоце чувствуваше дека останува сам: со своите планови, со своите мечти, со своите идеали - и со децетиците чети и со целиот македонски народ!" [1](Пејо Јаворов, "Гоце Делчев" стр. 231).

На 19 јануари 1903 година, Гоце Делчев со чета тргнува за Македонија; со него е и Јаворов. Истиот ден пристигаат во Самоков. На 19 март Гоце Делчев со својата чета го минира мостот на р. Ангиста; во воздух бил дигнат и тунелот на железничката пруга. На 19-20 април истата година Гоце Делчев пристигнува во Солун, а сместен е во просториите на Солунската бугарска машка гимназија. Тој има неколку среќавања со Даме Груев и со него го разгледува прашањето за подигање на востанието. Гоце го напушта Солун и излегува низ вардарската капија и со воз се префрла во правец на Серез. Вечерта на 2 мај Гоце Делчев пристига во с. Баница, на мала оддалеченост од Серез. За престојот на Гоце Делчев во Баница известена е турската управа од страна на непознат(и). Во зорите на 4 мај 1903 год. Гоце Делчев и неговата придружба се известени од јатаците дека се опсадени од турската војска (аскер). Гоце наредува да излезат од куќата каде биле сместени и да се повлечат за да го спасат селото од зулум. Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од село Баница, Гоце Делчев бил погоден во левата града, паднал врз пушката, се обидел да се крене и паднал мртов.

Гоцевата саможртва за делото на ослободувањето на народот во Македонија и Одринско и создавање на независна или автономна македонска држава му го донесе ореолот на признание и почит. Неговото име стана легенда, вткаена во свеста на македонските народни маси. Неговото име ги возбудуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.

Неговите посмртни останки прво се чуваат во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало „Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребени во главниот град на независна Македонија. Август 1923, Илинден“. Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.

ВЕЧНА СЛАВА НА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ СИН!!!

Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 15:48

Бугарска и грчка линија во предавството на Гоце Делчев

Nivniot sojuz protiv nas oddamna veke si raboti i seushte postoi. намигнување
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 16:28
Попи, не треси глупости.

Каква била врската на тие луѓе од цитатот со Софија?

„Окружното раководство на Серскиот револуционерен округ ја презело истрагата, по што на теренот биле упатени неколку чети, меѓу кои и таа на војводата Георги Радев. Тој со четниците влегол во Баница во 2 часот по полноќ на 12 декември 1904 година, по што од домовите биле извлечени Марин Георгакиев и Коста Маџаров, а подоцна, заедно со Георги М. Орешков и Коста Петров (фатени во селото при нивното враќање од дрва), биле ликвидирани. Георгакиев бил убиен на местото каде што Делчев загинал, а другите на гробот каде што војводата бил погребен. Неколку месеци пред тоа, на 22 август 1904 г., бил убиен и Георги Шимов Агов, кој облечен во турска облека учествувал во потерата по Делчев. Со тоа се сметало дека непосредните предавници се ликвидирани.

Во рамките на севкупната истрага, од страна на четата на Илија Тешовалијата биле убиени и таткото Апостолов од селото Баница, неговите двајца синови и едната снаа. Може само да се замисли каква е таа ситуација кога биле ликвидирани четири члена на едно семејство. Како учесници во други предавства биле ликвидирани и Георги Дурата, Михаил Каптовали и Атанас Костов. Со тоа е затворен списокот на ликвидации поврзани со предавството на Делчев и воопшто во Серскиот округ, иако не е јасно дали заклучувањето на списокот е сторено затоа што немало други осомничени или заради забрзаното губење на силата на Организацијата предизвикано од погромите по Илинденското востание.

Нема ден без да се пише некоја измислица против Бугарија и Бугарите воопшто.

Ако се прочита статијата е јасно дека нема никакви докази за врска на Софија со предавството на Делчев. Тоа добро.

АМА ИМА ЛУЃЕ КАКО (...) ЗА КОИ САМО ЗАГЛАВИЕТО Е ДОСТАТАЧНО ДА РЕЧАТ - ВИДЕТЕ БУГАРИТЕ ГО ПРЕДАДОА ГОЦЕ.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 16:44

Ако човек ја следи логиката, ќе се праша кој имал мотив да го предаде и зошто. Да се оди чекор по чекор.

1. Грција и Патријаршистите-
*мотив- нема, дури и им одговарал Делчев бидејќи Делчев ја мразел Бугарија и бил разочаран од неа, со тоа и знаеле дека Делчев нема да дозволи бугарско мешање во македонското прашање. Од друга страна независно дали станува збор за Егзархисти или Патријаршисти, сите го почитувале Гоце Делчев.
* добивка од убиството - мала добивка, односно тоа што нема да има можност да говори за слободна Македонија, Македонци и слично.
*докази- само хипотези

2. Турција
*мотив-  Гоце бил борец против отоманскиот режим, затоа од исклучителна важност било тој да биде елиминиран
*добивка од убиството- огромна, бидејќи еден од борците за откинување на дел од Турција ќе биде мртов
*докази- тие не знаеле каде се движи па морале да се потпираат на предавници.

3. Бугарија
*мотив- исклучителното противење на Гоце за мешање на Бугарија во македонските работи, а во еден разговор со Данаил Николаев и јасно му ставил на знаење дека додека тој е жив бугарски војник нема да стапне во Македонија.
* добивка од убиството- огромна, бидејќи се елиминира еден од оние кои најмногу се бореле против бугарската пропаганда
* докази- сведоштвото на стариот Илинденец, антагонизмот на Гоце со врховниот комитет пропратен со закани и сл.

Бидејќи нема дефинитивни докази, останува секој сам да си донесе заклучок.
Според мене,  Бугарија и Врховниот Комитет имаат улога во сето ова, но не можам стопроцентно да тврдам дека тие се нарачетели на убиството.

Еве го разговорот на Гоце со Николаев

http://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0_%D0%B8_%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80_%D0%BD%D0%B0_%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2_%D1%81%D0%BE_%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%82_%D0%94%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B8%D0%BB_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B5%D0%B2_%E2%80%93_%D1%84%D0%B5%D0%B2%D1%80%D1%83%D0%B0%D1%80%D0%B8_1896_%D0%B3.

Изменето од macedon_alex - 04.Мај.2009 во 16:46
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 17:18
Нема извор, од каде е разговорот. Дали не е од „Илинден“ на Талев?

„Бидејќи нема дефинитивни докази, останува секој сам да си донесе заклучок“ - сам може ако е запознаен со фактите. Ако му пишува през месец - 2 БУГАРИТЕ ГО ПРЕДАДОА ГОЦЕ човекот ќе поверува.

Пропаганди, пропаганди...

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Во оваа насока се и спомените на Ѓорче Петров, кој самиот си извел заклучок дека станува збор за предавство на Делчев, индиректно посочува и на причините за предавството, а предавниците ги лоцира во ‘шпиони блиски до нашите луѓе во Солуна’. Еве што тој всушност раскажал откако Делчев кој бил со него во Бугарија, тргнал за Серскиот округ, а оттаму за Солун:

‘Тој дефинитивно беше разочаран од Матов и Татарчев и пред тргнување ме молеше да го задржам Пере и заедно да ги убедиме да не отидат предалеку. Таму, кажа, дека за решенија ќе се сметаат само тие што се донесени заедно со мене и со Пере. Беше разочаран и од солунските дејци и од Гарванов. Делчев тргна со силна желба да го види Груев, да размени мисли со него; во него уште имаше надеж, но замина загрижен за организацијата. Тој стигнал во Солун. Таму веднаш го оставиле сам со Даме, кој 2-3 дена го држел во една соба при себе и се мачел да му го разбие уверувањето против востанието. Даме всушност само го зголемил неговото разочарување, како што Делчев се исповедал пред Перо Јаворов и други, со кои подоцна се сретнал во Серско. Тој дух на очајување се гледа и во едно писмо до мене во кое ми велеше дека ништо не може да се направи и дека ќе отиде во Сертско ‘за да си го среди мислите’. Во Солун всушност му кажале дека тој има мисија да ги убеди другарите од Серско за востание и дека треба да го организира востанието таму. Поради тоа Делчев решил да свика конгрес на војводите. Јане Сандански беше испратил чета да го пресретне во Серско поле и да го одведе во планините.
Клучно е дека Делчев бил откриен во Солун и бил следен до Сер. Бившиот бугарски офицер, помакот, Тефиков, негов другар од военото училиште во Софија, тогаш началник на жандармеријата во Драмско бил задолжен од Солун, бидејќи го познавал Делчев, да го најде и да го убие. Штом Делчев го напуштил Сер, веднаш го открил. Селото Баница е час и половина од Сер. Во Солун не успеал да го фати, исто така и во Сер. Во Солун имало некои шпиони, блиски до нашите луѓе. Тоа се заклучува од следното. Во Солун се донесува решение за востание. Гарванов и Думев доаѓаат тука, а еден министер, не се сеќавам кој, ми кажа дека од турски заробеник, од турскиот комесаријат знаеле дека Гарванов и Думев ќе дојдат тука. И тие навистина дојдоа. Затоа, дозволувам да се заклучи дека предавството на Делчев било извршено во Солун. Јас бев тука кога слушнав за смртта на Делчев. Ужасно бев поразен. Ја криевме смртта извесно време.

Пред да загине, кај Делчев се беше развило едно расположение кон атентати. Јас тоа го толкувам како резултат на разочарувањето за иднината на организацијата. Тој со своето влијание веднаш создаде силно расположение во таа насока. Толку силно што Матов, Татарчев и другите не можеа да се спротивстават на тоа, а согласно решението од Солун требаше да дејствуваат. И јас не му го одобрував атентаторството, оставајќи ги атентатите за подоцна, кога востанието ќе почне. Но, Делчев беше незадржливо вовлечен на тој пат, сметајќи ги атентатите за едно од средствата во нашата програма. Главно се воодушеваше од атентати извршени на мостови и железнички пруги. Под такво влијание, неколку чети заминаа. Освен Делчевата чета, друга замина за Одринско, трета за Скопско. Беа извршени неколку обиди, колку да докажеме дека се уште не сме способни за таа работа. Количеството од внесените бомби и динамит беше огромно, а резултатите ништожни. Просто, се покажавме неспособни’, раскажувал Ѓорче кој и подоцна не го сменил своето мислење за предавството извршено од ЦК .    

Изменето од cercetator - 04.Мај.2009 во 17:38
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 20:43
Originally posted by cercetator cercetator напиша:

Нема извор, од каде е разговорот. Дали не е од „Илинден“ на Талев?

Ќе се потрудам да најдам од каде е.

Originally posted by cercetator cercetator напиша:

„Бидејќи нема дефинитивни докази, останува секој сам да си донесе заклучок“ - сам може ако е запознаен со фактите. Ако му пишува през месец - 2 БУГАРИТЕ ГО ПРЕДАДОА ГОЦЕ човекот ќе поверува.

Пропаганди, пропаганди...

Ако мислиш на мене, јас сум запознаен со фактите и заклучокот кој сум го извел е базиран на факти, иако како што и самиот кажав, не мора да значи дека е точен. Се до пронаоѓање нови докази, за мене Бугарија и Врховистите и нивните агентури се дел од предавството на Делчев.

Originally posted by cercetator cercetator напиша:

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Во оваа насока се и спомените на Ѓорче Петров, кој самиот си извел заклучок дека станува збор за предавство на Делчев, индиректно посочува и на причините за предавството, а предавниците ги лоцира во ‘шпиони блиски до нашите луѓе во Солуна’. Еве што тој всушност раскажал откако Делчев кој бил со него во Бугарија, тргнал за Серскиот округ, а оттаму за Солун:

‘Тој дефинитивно беше разочаран од Матов и Татарчев и пред тргнување ме молеше да го задржам Пере и заедно да ги убедиме да не отидат предалеку. Таму, кажа, дека за решенија ќе се сметаат само тие што се донесени заедно со мене и со Пере. Беше разочаран и од солунските дејци и од Гарванов. Делчев тргна со силна желба да го види Груев, да размени мисли со него; во него уште имаше надеж, но замина загрижен за организацијата. Тој стигнал во Солун. Таму веднаш го оставиле сам со Даме, кој 2-3 дена го држел во една соба при себе и се мачел да му го разбие уверувањето против востанието. Даме всушност само го зголемил неговото разочарување, како што Делчев се исповедал пред Перо Јаворов и други, со кои подоцна се сретнал во Серско. Тој дух на очајување се гледа и во едно писмо до мене во кое ми велеше дека ништо не може да се направи и дека ќе отиде во Сертско ‘за да си го среди мислите’. Во Солун всушност му кажале дека тој има мисија да ги убеди другарите од Серско за востание и дека треба да го организира востанието таму. Поради тоа Делчев решил да свика конгрес на војводите. Јане Сандански беше испратил чета да го пресретне во Серско поле и да го одведе во планините.
Клучно е дека Делчев бил откриен во Солун и бил следен до Сер. Бившиот бугарски офицер, помакот, Тефиков, негов другар од военото училиште во Софија, тогаш началник на жандармеријата во Драмско бил задолжен од Солун, бидејќи го познавал Делчев, да го најде и да го убие. Штом Делчев го напуштил Сер, веднаш го открил. Селото Баница е час и половина од Сер. Во Солун не успеал да го фати, исто така и во Сер. Во Солун имало некои шпиони, блиски до нашите луѓе. Тоа се заклучува од следното. Во Солун се донесува решение за востание. Гарванов и Думев доаѓаат тука, а еден министер, не се сеќавам кој, ми кажа дека од турски заробеник, од турскиот комесаријат знаеле дека Гарванов и Думев ќе дојдат тука. И тие навистина дојдоа. Затоа, дозволувам да се заклучи дека предавството на Делчев било извршено во Солун. Јас бев тука кога слушнав за смртта на Делчев. Ужасно бев поразен. Ја криевме смртта извесно време.

Пред да загине, кај Делчев се беше развило едно расположение кон атентати. Јас тоа го толкувам како резултат на разочарувањето за иднината на организацијата. Тој со своето влијание веднаш создаде силно расположение во таа насока. Толку силно што Матов, Татарчев и другите не можеа да се спротивстават на тоа, а согласно решението од Солун требаше да дејствуваат. И јас не му го одобрував атентаторството, оставајќи ги атентатите за подоцна, кога востанието ќе почне. Но, Делчев беше незадржливо вовлечен на тој пат, сметајќи ги атентатите за едно од средствата во нашата програма. Главно се воодушеваше од атентати извршени на мостови и железнички пруги. Под такво влијание, неколку чети заминаа. Освен Делчевата чета, друга замина за Одринско, трета за Скопско. Беа извршени неколку обиди, колку да докажеме дека се уште не сме способни за таа работа. Количеството од внесените бомби и динамит беше огромно, а резултатите ништожни. Просто, се покажавме неспособни’, раскажувал Ѓорче кој и подоцна не го сменил своето мислење за предавството извршено од ЦК .    

Текстов само оди во прилог на моите заклучоци. И според мене Тефиков е еден од предавниците.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 20:53
„Ќе се потрудам да најдам од каде е.“ -

дано успееш, претпоставувам дека е од ИЛИНДЕН, имам ја книгата, само не знам каде ми е.

„Ако мислиш на мене, јас сум запознаен со фактите и заклучокот кој сум го извел е базиран на факти, иако како што и самиот кажав, не мора да значи дека е точен. Се до пронаоѓање нови докази, за мене Бугарија и Врховистите и нивните агентури се дел од предавството на Делчев.“ -

не мислам на тебе, на оние кои слепо веруваат на се што е напишано против Бугарија. Значи нема докази, ама Бугарија и врховистите се. Нема друг.
За се е крива Бугарија до докажување на противното.
Извини, ама логиката ти е железна.

„Текстов само оди во прилог на моите заклучоци. И според мене Тефиков е еден од предавниците.“

Не, Тефиков учел заедно со Гоце во военото училиште во Софија, биле први другари.
Тефиков заминал за Турција и таму се издигнал. Тој ја раководел потерата, која го убила Гоце.

Тој не е предавникот, на него му е предаден. Можеби не знаел кого преследува, не знам.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.