|
И ние сме тука |
Внеси реплика | страница <1 1415161718 19> |
Автор | ||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За пелените на товар на ФЗО:
Може да се подигнат со потврдата од матичниот без надокнада од веледрогериите: Славеј,Медикус-хелп и Бауер фенинг, кои имаат склучено договор со ФЗО. Само се носи потврдата,ништо не се плаќа,не треба фискална да се носи во ФЗО за повраток на средства,не треба барање да се поднесува. Има од Славеј претставништво и во Струмица, мора и по другите мали места да има претставништва.Секој месец на иста дата треба само потврда да се носи и си подигаш 90 пелени по 41 ден.Веледрогериите сами си бркаат понатаму за плаќање.Количината тие ти ја обезбедуваат за денот кога ги подигаш. Пелените се супер.Благодарност на Министерството. |
||
magdalenar
Нов член Регистриран: 22.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи во секој град на Македонија законот различно се толкува. Овде во Прилеп неможеме да ги набавиме пелените од ниту една аптека, туку мора да ги платиме, и да чекаме месец и пол да ни бидат вратени паричните средства.
|
||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Магдалена отвори на ЛП.Биди упорна.Поздрав.
|
||
jasminaiva
хумани Регистриран: 11.Јануари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 81 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ПРЕДЛОЗИТЕ. ГИ ДОПОЛНИВ МОИТЕ ТАКА ДА ОВА ГО ПРЕДАВАМ СЛЕДНАВА НЕДЕЛА.
ПОЗДРАВ ДО СИТЕ
|
||
"Оние што танцуваат можеби им изгледаат луди на оние што не ја разбираат музиката"
|
||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Поздрав до LEFTER.Има ли нешто ново во центарот каде што нашите деца одат? Слушнав дека за патните трошоци од 2009г. надлежна е Општината да ве исплаќа,така да повеќе нема да имате проблем со овој трошок.Јас имав премногу обврски и пак ја пропуштив родителската, а и малку сме разлошени, па и на школо не одевме.На прочка е детскиот карневал, па разговарајте мегу себе ако има интерес некој и идеја, за оние кои можат да се вклучат во карневалот, здружението ако може ќе помогне.Има малку пари,ама ако се има желба(вашите деца ќе се радуваат ако учествуваат)сите ќе помогнеме.Ако решите треба да се пријавиме во склоп на маската на оу Сандо Масев.Размислете.Распрашајте се и одлучете!Поздрав.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова е нашата вистинска вистина објавена во Вест
САМО МАКЕДОНИЈА НЕМА ЦЕНТАР ЗА АУТИЗАМ Шутнати 2.000 деца Место згрижени во еден центар за аутизам, околу 2.000 деца во земјата ги поминуваат деновите пред телевизор гледајќи цртани филмови и реклами, не препознавајќи никого во околината, не реагирајќи ниту на раката на својата мајка кога ќе ги погали, повторувајќи едни исти зборови до бескрај и воопшто не разбирајќи ги чувствата на другите Околу
2.000 деца со аутизам во Македонија се заборавени од
државата. За нив нема ниту школи, ниту градинки, ниту, пак,
државата планира да отвори центар за аутизам. Место
деновите да ги поминуваат безгрижно, во игра со своите
другарчиња, овие деца се осудени да живеат заробени во
своите домови, без никаков контакт со надворешниот свет. За
нив постојат само нивните мајки, татковци, баби, дедовци,
сестри и братчиња. Времето го поминуваат пред телевизор
гледајќи цртани филмови и реклами, а понекогаш, како што
откриваат нивните родители, стојат и празно гледаат преку
прозорец. Не реагираат ниту на раката на својата мајка
кога ќе ги погали, повторуваат едни исти зборови до
бескрај, погледот им е празен и тешко ги разбираат чувствата
на другите. Не се знае од што се појавува аутизмот Едно британско истражување покажало дека кај децата кои од најрана возраст гледаат телевизија може да се појави аутизам. Научниците советуваат родителите да го ограничат времето што децата го минуваат пред телевизор за да го зачуваат нивното здравје. Микеланџело бил аутист Според една анализа на британски лекари, многу славни личности во светот имаат аутизам. Британските научници тврдат дека и Микеланџело живеел и творел со аутизам, а, според низа истражувања, се претпоставува дека синот на Џон Траволта, Џет Траволта, кој почина на 2 јануари годинава, исто нтака бил аутистично дете. Децата со аутизам повеќе сакаат контакт со кучиња отколку со луѓе Резултатите од студија на германски научници од Универзитетот во Лајпциг покажале дека кучињата можат многу да им помогнат на децата кои страдаат од аутизам. Биле тестирани деца со аутизам на возраст од 6 до 14 години со цел да се утврди дали тие повеќе се наклонети на контакт со луѓе, кучиња или предмети. Научниците се изненадиле кога забележале дека децата најчесто и најдолго време воспоставувале контакт со кучињата.Милена Ѓорѓиевска |
||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во литературата се споменува дека Исак Њутан и Алберт Ајнштајн биле аутисти. Нивната генијалност се развила како резултат на различноста од просечното.Тие биле поинакви од останатите.
Секој просечен човек не прифаќа поразличен од себе.Затоа и аутистичните луге се отфрлани од општеството.Ама тие се нашето секојдневие и треба да се обидеме да ги разбереме.Да напишеме нешто за нив исто толку често како и за се останато, а не да се сретнуваме со натписи за аутизмот само на 3-ти Декември и 4-ти Април.Еден новинар еднаш ме праша: Ама нема доволно материјал, па што да пишувам? Не е вистина! Има и каде да се сними, а има и за што да се пишува. |
||
Кој бара ќе најде.
|
||
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Секој поздрав за новинарката од Вест која ја отвори и оваа тема, која и ја покажа и оваа вистина на Македонската јавност, вистина со која секојдневно живеат многу семејства. Искрено се надевам дека дека во многу брза иднина некој од одговорните лица навистина ќе се заинтересира и за оваа проблематика и ќе излезе во пресрет на дел од барањата на децата со аутизам.
|
||
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Секоја чест и почит за родителката која во весникот Вест во рубриката Пошта напиша текст "Државата да ги прифати децата со аутизам" која го пишува своето видување и опишува нејзиното секојдневие. Секоја почит за родителите кои не седат и чекаат на државата да и текне да реагира тука самите превземаат акции, преку писма да се информираат оние чичковци и тетки во костиме кои седат во канцеларија и одлучуваат за некои други потреби без да имаат увид во проблематиката.
Само напред и ја имате мојата поддршка |
||
kalinche
Нов член Регистриран: 20.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne bile autistichni tuku ADHD odnosno so simptomi na hoperaktivnost a toa e sosema druga tematika |
||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е па и во нашите наоди така пишува. Која тематика се аутистите? Тие се хиперактивни,чудни и ....поинакви. |
||
Кој бара ќе најде.
|
||
kalinche
Нов член Регистриран: 20.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ima golema razlika pomegju decata so ADHD ili ADH i autistichnite deca,decata so hiperaktivni simptomi iskazuvaat emocii,se socijaliziraat,nikogash ne se zatvoreni sami so sebe,naprotiv od nivnata igra i razdvizenost i nivnoto postojano brborenje najchesto roditelite se "mrtvi umorni",tie se tolku nemirni i razdvizeni shto do 4-ta godina vi treba 24 nabljuduvach,malku spijat,sekogash se svezi i spremni za igra,chesto pati se karakteriziraat kako nevospitani-shto e greshka,toa se deca koi najmalku od se mozete da gi opishete kako autistichni-naprotiv,mnogu se temperamentni,nekoi od niv imaat poradi bropletosta problemi so govorot koj se nadminuva so rastenjeto i so logopedska pomosh,na hiperaktivnite deca ne im e potreben defektolog tuku najchesto logoped i mnogu trpenie mnogu zboruvanje,raskazuvanje,ednostavno se shto ke pomogne deteto da ja nasochuva poleka svojata koncentracija,da vezba shto bi rekle da bide mirno...ova e i od lichno iskustvo napishano,nikoj nikogash moeto dete ne go nareche autistichno poradi ADHD toa e mnogu razlichen problem
|
||
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Точно е дека деца со ADHD и аутизам дека не е едно исто. ADHD значи Attention-deficit/hyperactivity disorder или Нарушување со недостиг на внимание и хиперактивност што не е исто со аутизам.Овие деца во училиште најчесто ги третираат како немирни, невоспитани.Сметам дека и дефектологот има свој удел во третирањето на овие деца особено во делот на насочување на вниманието, концентрацијата.
Она поради кое некаде може да се сретне поистоветување на овие два поима (аутизам и АDHD)е тоа што во симптоматологијата на децата со аутизам често може да се сретне и ADHD како симптом. |
||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Kalinche - Прочитај во материјалите на професор В. Трајковски и Д-р Копачев. Јас во нивните написи,брошури, истражувања и печатени учебници читав тоа што го знам и што го пишував на форумот. Не си измислив.
А и за мојата ќерка до ден денес никој не рекол дека е АУТИСТ. Во наодот има се друго,ама тоа не. Според старнската литература и резултати од досегашните испитувања во светот, кои сум ги прочитала, Исак Њутн, А. Ајнштајн, многу композитори на калсичната музика и др. ги опишуваат како аутистични личности. Чудаци. Не сретнав дака се хиперактивни. |
||
Кој бара ќе најде.
|
||
Внеси реплика | страница <1 1415161718 19> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |